![]() |
![]() |
![]() |
Кучиња скитници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 15> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се додека им се вака сложени и нелогични начините за да се пријави и да се интервенира...во прилог што се треба да се направи за да излезат на терен и да ги заловат(под знак прашалник е дали и воопшто ќе има некаква интервенција). ------------ во ЈП ,,Лајка,, -Скопје, која е задолжена за заловување на кучиња - скитници. Во пораката потребно е да се стави слики од кучињата, за да се види која раса на кучиња станува збор, локација и ваше име и контакт телефон. Овие информации се потребни за да ве исконтактираат доколку не ги најдат кучињата. -------------------------- Ова претпријатие треба да има сектор за заловување на кучињата и сместување во стационар,дневно барем по 5 кучиња да заловуваат многу ќе се подобри сликата и состојбата во градот особено во централното подрачје каде ги има многу. Но за жал се чини дека никој не сака посериозно да се зафати со решавање на овој проблем. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИМ ИСПЛАТИЛА 35.000 ЕВРА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ БИЛЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ
За половина година, од буџетот на Општина Велес се исплатени 2,13 милиони денари (35.000 евра) како обесштетување за каснување од куче. Стигнале 34 пријави од оштетени граѓани. „Дел од средствата се исплатени по пат на спогодба, дел по основ на судска пресуда. Како обесштетување од општинскиот буџет се исплатени вкупно 2.132.954 денари“, велат од локалната власт. Лани биле исплатени 2,7 милиони денари за 69 случаи, во 2019 година 2,3 милиони, а во 2018 година 1,7 милиони денари за 58 претставки. Во првите шест месеци од годината, на Инфективното одделение на велешка болница биле пријавени 26 граѓани кои побарале помош откако биле каснати од куче. Оваа бројка се однесува и на кучињата бездомници и на кучињате кои имаат сопственици, а такви случаи имаше неколку, според билтенот на СВР Велес. „Исплатени се огромни суми од општинскиот буџет по тужби на граѓани, кои наместо за инфраструктурни работи, ги даваме за обесштетување“, вели градоначалникот Аце Коцевски. Локалната власт го решава проблемот со бездомните кучиња во соработка со „Пансион Гиовски Тим“, со кого има склучено договор за заловување, стручен третман и грижа на кучињата скитници, кои потоа се враќаат назад на улица. „Оваа пракса ‘залови, кастрирај, вакцинирај, пушти го‘ не дава резултати, тоа е евидентно. Потребно е залови и смести, да се изгради стационар, прифатилиште“, вели Димче Никушев, претседателот на здружението „Вила Зора канис“. Здружението „Гласот на животните“ располага со стационар кој згрижува повеќе од 150 бездомни кучиња. Овој стационар, во сопственост на невладина организација, функционира на основа на донации од поединци и фирми и таму волонтираат членовите на здружението. „Проблемот не се кучињата скитници, туку неодговорните сопственици, кои ги оставиле на улица“, вели Меги Ѓорѓиева-Ѓаков од „Гласот на животните“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-za-shest-mesetsi-im-isplatila-35-000-evra-na-graganite-koi-bile-kasnati-od-kuche/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Глутници кучиња напаѓаат медицински персонал и пациенти во Клиничкиот центар - лекарите бараат решение
Како да не е доволен проблем пандемијата и грижата за болните вработените во Клиничкиот центар и граѓаните кои одат таму на доктор, треба да се пазат и од кучиња скитници. Проблемот особено е изразен во подоцнежните часови кога има помала развиженост, со што кучињата добиваат поголема смелост и сила. Нашата камера лоцираше една од глутниците во близина на одделот за Каридологија. Но граѓаните преку социјалните мрежи реагираат дека има повеќе табора, кои преку ноќ меѓусебно жестоко се борат. За проблемот преку фејсбук, алармираше и докторот Нико Беќаровски. Првиот човек на Министерството за здравство вели дека не е запознаен дека во моментов во Клинички повторно царуваат кучињата. Директорката на јавното претпријатие Лајка, Тина Петрушевска која не сакаше да ја снимаме, во порака само ни напиша дека веќе интервенирале на локацијата, но дека не можат ништо повеќе да сторат. Во координирана акција, во неколку наврати се заловени и третирани кучиња од Клинички. Дел од нив ги вдомивме, а дел ги вративме на матичната локација согласно законот за благосостојба на животните. Во континуирана комуникација сме со вработени од Клиничкиот центар кој се грижат кучињата секогаш да имаат храна и вода и во моментов немаме активна пријава за таму. Во моментов нема законска можност за трајно стационирање. Но можам да посочам дека работиме во насока за изнаоѓање на долгорочно решение со цел минимизирање на можни напади и гаранција за безбедноста на нашите граѓани. За проблемот, реагираат и адвокатите, кои месечно имале и по 60 отворени предмети против ЈП Лајка, од граѓани кои тужеле, поради напад од куче. Дека темпото со кое работи Лајка ни одблизу не ја гарантира безбедноста на грааѓните, говорат и податоците на МВР. Од почетокот на годината па до сега само во Скопје имало 321 пријави. Потоа следи Охрид со 117 и Тетово со 70 пријави. Бројот на граѓани кои пријавиле дека биле каснати од куче скитник во периодот од 01.01.2021 до 10.06.2021 година е: - СВР Куманово 10 - СВР Скопје 321 - СВР Охрид 117 - СВР Битола 48 - СВР Штип 21 - СВР Струмица 6 - СВР Велес 53 - СВР Тетово 70 Од град Скопје, пак, велат дека речиси сите тужби завршуваат во полза на граѓаните, а годишно од буџетот се издвојуваат околу 100 000 евра за обесштетување на оние кои биле каснати од куче. https://sitel.com.mk/glutnici-kuchinja-napagjaat-medicinski-personal-i-pacienti-vo-klinichkiot-centar-lekarite-baraat |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ако „Лајка“ ви го залови кучето, ќе мора „дебело“ да платите
Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство, па тие ги казнуваат Доколку на некој граѓанин му избега кучето, па го заловат шинтерите на ЈП „Лајка“, тогаш, за да си го земе назад од нивниот стационар, сопственикот ќе мора длабоко да си брцне во џебот, бидејќи тоа скапо ќе го чини. Колкава е точната или приближната сума од „Лајка“ не одговараат, но граѓаните тврдат дека може да биде и до 300 евра. -Зошто наплаќате ненормално многу кога ќе заловите домашен миленик што случајно избегал од дома? Човек треба кредит да подигне за да си го земе кучето од кај вас. Срамота! – револтирано коментира скопјанка под објава на Фејсбук. Од „Лајка“ тврдат дека наплаќаат по ценовникот изгласан од Советот на Град Скопје, а дека неодговорните сопственици ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство па тие ги казнуваат. Одговарајќи им на граѓаните, со коментари на нивните реакции, од ЈП „Лајка“ велат: „Зошто мислите дека од буџетот (пари на сите граѓани) треба да решаваме нечии домашни проблеми и за домашни кучиња со неодговорни сопственици да ги покриеме направените трошоци од пари на сите граѓани?“, и уште додаваат: „Кога возилото ќе ви го земе пајак-служба за непрописно паркирање, сигурно плаќате. Така и со домашните миленици, кои од која било причина се најдени на јавна површина без сопственик“. Во ценовникот што го спомнуваат од претпријатието што треба да заловува и да се грижи за бездомните кучиња, кои ги има многу по скопските улици, пишува дека заловување домашни миленици од јавни површини чини 2.000 денари, читање на микрочип кој не е вграден во ветеринарната служба на „Лајка“ 100 денари, клинички преглед е 200 денари, испитување крв од 200 до 600 денари, додека за престој, храна и нега на кучето во стационарот треба да се плати од 100 до 200 денари на ден. Како се стигнува до големите суми што ги спомнуваат граѓаните, не се знае, затоа што од јавното претпријатие и покрај нашето настојување, не одговорија на овие прашања. Низ Скопје сѐ уште има многу улични кучиња, а граѓаните постојано укажуваат на делови од градот каде што ги има во голем број, па некои од нив стравуваат за својата безбедност. Град Скопје тврдеше дека со формирањето на „Лајка“ ќе се средат проблемите со бездомните кучиња, кои според евиденцијата на АХВ се околу 2.000 по улиците. https://www.slobodenpecat.mk/ako-lajka-vi-go-zalovi-kucheto-ke-mora-debelo-da-platite/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Уличните кучиња се последица, а не причина сами по себе. И тоа се последица на целата таа испорастурена храна по улици која уствари ги создава условите да има кучиња. И затоа кога ќе видам "хуманитарци" што шетаат по улици и дополнително растураат храна и мислат дека прават добро, а уствари го прават најлошото можно по прашањево, односно директно создаваат дополнителни услови за да има уште повеќе кучиња по улиците. Уствари се е тоа некое себично понашање "мене да ми биде мирна совеста, еве ја колку сум добар приказна", а после тоа кога ќе се накотат Шилегов/Коце ќе им бидат криви. ** Само хигиена и ништо друго! И кога сме кај хигиена, ќе го повторам пак еден предлог што го напишав во некоја тема за комунална хигиена. Во ЈП Дрисла мора конечно да се воведе стварно-мотивирачки премии за секој тон/кубик донесен отпад. Секако може да има груби категории, кабаст отпад, отпадно дрво, бела техника, градежен шут, комунален отпад, пластика, органски отпад. Наеднаш народот сам ќе испорасчисти и подруми и диви депонии и све. Комунална хигиена ќе треба само да празни полу-празни контејнери и да мете улици, ништо повеќе. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се додека не се подигне нивото на хигиена низ градот а во голема мера од нас зависи невозможно е да очекуваме да мрднеме на ова поле напротив ќе биде се полошо и ќе има се повеќе кучиња,мачки,гаврани,стаорци...
Џабе и нови контејнери и се кога пак повќе отпад има надвор отколку во нив и тоа во средини и маала кои важеа за повисоко ниво на хигиена а сега буквално се преполни со отпад. Треба службите интензивно да работат на нивно заловување и да се зголемат капацитите на Лајка за вдомување. Не гледам баш некој излез од кругот ѓубре,диви живеалишта и кучиња скитници. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А зошто не се направи проект кој ќе биде за крајно решение на овој проблем? Би бил етапен, и би имало служби распределни по различни населби. Па не е ова квантна физика да не може да се реши, па да мора да чекаме со децении да се реши.
Edited by skopskodete - 04-Jun-2021 at 20:48 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Овој проблем чинам нема ни во идни 20-30 години да се реши,има доста фактори кои одат контра на негово решавање
1.Премногу отпад низ градот па воопшто не им е проблем да се прехранат и да преживеат 2.Бројни напуштени објекти,диви живеалишта каде повторно ги има во голем број(населбата спроти ПИОМ,кај Транспортен,во Мичурин до црквата,кај Ранка Милановиќ во Маџари и многу други локации) 3.Непостапување на службите за заловување и сложена постапка ако граѓанин сака да пријави кучиња сктиници да се заловат(треба да се наведе прецизна локација,да го сликаш кучето,да оставиш лични податоци и контакт телефон) |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје ја доби „Лајка“, ама кучињата не се исплашија и натаму ги касаат скопјани
Скопје ја доби „Лајка“, јавно претпријатие, стационар за кучиња, кое со голема гордост го промовираше градоначалникот Петре Шилегов. Убаво. Но, што добија скопјани од „Лајка“? Се спасија ли од агресивните и бесни кучиња кои ги има насекаде низ градот. Некаде се во опасни глутници. Како на пример во Аеродром. Само вчерашниот полициски билтен регистрирал три каснувања од кучиња. Ги има сигурно повеќе, затоа што многу нападнати луѓе од кучиња не знаат каде да пријават и ако пријават какво фајде ќе имаат од тоа. Билтенот на МВР вчера регистририал: „На 03.06.2021 во 17.45 часот во СВР Скопје, К.Д.(27) пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник. На 03.06.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје, Х.И.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. На 03.06.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„Словенија“ била касната од куче скитник. Граѓаните се револтирани и прашуваат – зошто постои„Лајка“? Пред неколку дена граѓани од населбата Влае за „Скопско Ехо“ револтирано информираа дека еден навидум мирен маалски пес веќе искасал десетина луѓе. Сите завршиле во болница, некои и со потешки повреди, оти освен каснувања од кучето, се здобиле и со скршеници на раце, нозе или на ребра. Морале да плаќаат и за примање на тетанус. – Пријавивме и во полиција и во Градот, и на крај во „Лајка“. По неколку дена добивме одговор дека дошле на местото кое им го опишавме, но не можеле да најдат такво куче. Тоа остана незаловено и уште е опаснот. Се чудиме по кој принцип работат тие во „Лајка“, ни рече Павлина, жителка на Влае, инаку искасана по двете нозе од тоа куче. Револтираните граѓани веќе подолго време реагираат за „Лајка“ и дури побараа да објавува извештаи за заловени кучиња на дневна основа. За жал ефектот од ова јавно претпријатие кое се финансира од џебот на граѓаните не можеме да го видиме. https://skopskoeho.mk/skopje-ja-dobi-lajka-ama-kuchinata-ne-se-isplashija-i-natamu-gi-kasaat-skopjani/ |
|
![]() |
|
Dzeksi ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Apr-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 413 |
![]() ![]() |
Nikogas
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Кога ќе се реши овој проблем?!?!?!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Искасани граѓани се жалат дека глутници кучиња напаѓаат во скопско Драчево
https://kanal5.com.mk/iskasani-gragjani-se-zhalat-deka-glutnici-kuchinja-napagjaat-vo-skopsko-drachevo/a465437 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
400 кучиња скитници низ улиците на Тетово – 12 граѓани нападнати во јануари, имаат право да ја тужат општината
https://mk.tv21.tv/400-kuchina-skitnitsi-niz-ulitsite-na-tetovo-12-gragani-napadnati-vo-januari-imaat-pravo-da-ja-tuzhat-opshtinata/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Лани 646 граѓани пријавиле каснување од бездомно куче, „Лајка“ заловила околу 150 кучиња
![]() Минатата година пораснал бројот на пријави до полицијата за каснување од бездомни кучиња на територијата на Град Скопје, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Лани, пријавени се 646 случаи по горенаведениот основ и имајќи ја предвид ситуацијата со полицискиот час и карантинот на почетокот на пандемијата со корона вирусот, сепак нема намалување на бројот на каснување од бездомни кучиња. Напротив, бројот пораснал за околу 30-тина пријави во споредба со 2019 година, кога имало 618 вакви случаи. Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.790 граѓани биле каснати од бездомно куче. Лани, по година и пол најави се отвори Јавното претпријатие „Лајка“, за згрижување бездомни кучиња. Оттаму во изјава за „Мета.мк“ велат дека досега се заловени околу 150, а граѓаните вдомиле 27 кучиња. „Навистина ни е многу драго што за кратко време имаме вдомено значителна бројка на кучиња. Граѓаните ја препознаа нашата хумана мисија и знаат дека добиваат здрав миленик. Во моментов ги заокружуваме процедурите за вдомување надвор од град Скопје и надвор од државата“ додаваат од претпријатието. Инаку, сите кучиња коишто се заловуваат или се донесени од хумани граѓани во „Лајка“ подлежат на испитувања, крвна слика, 4д тест, тест за лишманија по акредитирана метода, се чипираат, се обележуваат со ушна маркица, се кастрираат/стерилизираат и доколку не се вдомат се враќаат на локацијата од која што се земени. Од „Лајка“ потврдуваат дека 40 кучиња се вратени на локациите. Во врска со идните планови на претпријатието, оттаму потенцираат дека со поддршка на Град Скопје ќе работат по нова програма во која што се предвидени и бездомните коњи. „Освен „залови и стерилизирај/кастрирај“, ќе ја продолжиме и досегашната кампања за вдомување на бездомни кучиња и едукација на граѓаните. Исто така, во план се и отворени денови и едукативни работилници, кои се надеваме дека ќе може да се реализираат во согласност со мерките пропишани за ковид-19“ додаваат од „Лајка“, од каде што велат дека имаат континуирана соработка со Факултетот за ветеринарна медицина и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нивната анализа направена по англиска метода, во Скопје има околу 2.000 бездомни кучиња. Инаку, секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има можност да иницира приватна тужба против Град Скопје, каде може да добие надомест на штета настаната како резултат на каснувањето. Од општината, минатата година за „Мета.мк“ изјавија дека висината на надоместокот на штетата ја утврдува судот, а таа е различна од случај до случај, во зависност од степенот на настаната штета. „Според некои просечни вредности, годишно околу сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повредени од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра“, велат од Град Скопје. „Мета.мк“ го следи проблемот со бездомните кучиња и претходно известуваше за оваа тема. https://meta.mk/lani-646-gragjani-prijavile-kasnuvanje-od-bezdomno-kuche-lajka-zalovila-okolu-150-kuchinja/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Маџари
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА 10 МЕСЕЦИ 562 ГРАЃАНИ КАСНАТИ ОД КУЧЕ ВО СКОПЈЕ, „ЛАЈКА“ ОБУЧУВА ТРИ ТИМОВИ ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ
Јавното претпријатие „Лајка“ почна со обуки на лицата кои ќе вршат заловување на кучињата скитници од скопските улици. Во Центарот за благосостојба на животни при Факултетот за ветеринарна медицина, првиот тим составен од тројца заловувачи ја заврши едукацијата, а во наредните денови ќе бидат обучени уште два тима. „Заловувањето на кучињата на хуман начин ќе го вршат три тимови, кои ќе бидат обучени за тоа и ќе добијат сертификати. Кадарот е нов и сите се љубители на животни со долгогодишно искуство со кучиња. Не би сакала многу да го коментирам работењето во минатото, но повеќе од јасно е дека немало ред и е неспоредливо со она што сега го нуди ‘Лајка‘, прво инфраструктурно, а потоа и концепциски. Со новиот концепт јасно се дефинирани обврските на секој од вработените, така што се знае точно кој и за што може да биде повикан на одговорност. Се работи со живи суштества и посветеноста мора да биде на највисоко ниво за хуман третман на кучињата, а граѓаните да имаат сервис каков што заслужуваат“, вели директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска. Од почетокот на годинава до сега според податоците на Министерството за внатрешни работи, 562 граѓани пријавиле дека се каснати од куче. Со оглед на тоа дека година и половина стационарот не работеше поради реновирањето, уличните кучиња низ Скопје не се заловуваа, ниту се третираа. Директорката Петрушевска вели дека до нив пристигаат многубројни претставки од граѓани за улични кучиња и тие веќе почнале да постапуваат, но на сосема поинаков начин од порано. „Предност секако им дадовме на оние повици кои што се однесуваат на каснати граѓани, каде што во моментов работиме на комплетирање на пријавите со точна локација, фотографии и извештај од доктор-специјалист за да нема злоупотреби како во минатото. За жал, многу претставки не се во доменот на нашето работење, но секако ние ги проследуваме до соодветните институции. Морам да напоменам дека сме во постојана комуникација со Агенцијата за храна и ветеринарство од која за кратко очекуваме да ни дозволи пристап во нивната електронска база на податоци за да можеме да постапиме по нашиот акциски план“, вели Петрушевска. Анализите кои ги правела „Лајка“ со Агенцијата за храна и ветеринарство покажале дека на скопските улици има 1.970 кучиња. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-10-mesetsi-562-gragani-kasnati-od-kuche-vo-skopje-lajka-obuchuva-tri-timovi-za-zalovuvane/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес во употреба се пушта Јавното претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни - ЛАЈКА.
ЛАЈКА е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење. Во рамките на ЛАЈКА се спроведува тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата. ЛАЈКА располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација. Дополнително, во рамки на стационарот овозможивме и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата во ЛАЈКА. Со овој проект, наша цел е ЛАЈКА да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче, и истовремено да се потрудиме сите здрави и способни кучиња да најдат дом кој го посакуваат, затоа што секое куче заслужува втора шанса. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov Edited by stef4o - 14-Oct-2020 at 11:01 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кучињата касаат, „Лајка“ се подготвува да се справи со 2.500 улични животни
Двајца скопјани вчера биле каснати од куче скитник. Двата настани се случиле во саботата приквечер. Едниот бил каснат од куче движејќи се по булеварот „Трета Македонска бригада“, а вториот на улица „Васко Карангелевски“ и истите ги пријавиле во полициската станица Аеродром. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, мапирани се и пребројани кучињата скитници низ градот и станува збор за неофицијална бројка не поголема од 2.500. Тој очекува оваа бројка во наредниот период да се намалува со профункционирањето на стационарот „Лајка“ што треба да се случи набрзо. – Стационарот уште во старт ќе почне да работи со полн капацитет. Двете оперативни сали за животните се веќе опремени – вели Шилегов. Секторот „Канализација“ при јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје изработи нова канализациска мрежа за потребите на „Лајка”. Се работеше на одводнување и приклучување на отпадните води на објектот. – За оваа цел се направени 16 приклучоци на санитарни јазли за тоалети и одводи за боксови за кучиња. Во текот на работните активности беа изведени три шахти, беа сменети и вградени осум капаци за шахти (тежок тип) и еден бетонски капак. Истовремено беше изведена и мрежа со големина на цевка ф200мм и ф160мм, во должина од околу 100 метри – се наведува во соопштението. Од Градот ги повикуваат здруженијата за заштита на животните да се вклучат во процесот за да се реши повеќедеценискиот проблем со кучињата скитници кои секојдневно ги полнат полициските билтени со информации за пријави на граѓани кои биле каснати од улично животно. (С.Бл.) https://www.vecer.press/кучињата-касаат-лајка-се-подготву/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Скопје преброени околу 2500 кучиња скитници, Шилегов очекува Лајка да проработи во септември
Стационарот Лајка очекувам да биде отворен кон првата половина на септември. Двете оперативни сали за животни веќе се целосно опремени и тоа ќе биде предмет на анализа на Агенцијата за заштита на храна и ветерина. Кога ќе почне да работи, ќе почне во полн капацитет, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. После подолго време, посочи Шилегов, мапирани се и пребројани кучињата скитници и станува збор за неофицијална бројка не поголема од 2.500. Прашан за тоа колку е запознаен и задоволен со работата на директорката на јавното претпријатие Лајка, Шилегов рече дека капацитетот е при самиот крај и треба да се пушти, така што не може да зборуваме за реален квалитет или неквалитет во извршувањето на функцијата. – Секако работата на секој еден раководител, во било која градска институција е под опсервација и се санкционира. Веројатно сум и еден од ретките којшто разрешува луѓе или повикува на нивна одговорност, изјави Шилегов. За тоа дали има субјективни слабости во односи во релација со здруженијата за заштита на животните, Шилегов рече дека ги следи реакциите и дека ќе поразговара на таа тема. – Она што го знам, ако тоа е предмет, е дека дел од намештајот којшто е во директорската канцеларија на Лајка е приватен намештај на директорката, кој што го има донесено таму. Не е намештај за којшто се потрошени јавни пари, изјави Шилегов. Во однос на реакциите од здруженијата за заштита на животни дека тие ги прават операциите, а стационарот иако не работи зема пари, Шилегов рече дека пред почетокот на пандемијата се издвоиле средства со цел да им се дадат на здруженија да ги вршат тие операции за коишто зборуваат. – Мора да бидеме сите вклучени инклузивни во тој процес за да го решиме проблемот со кучињата скитници, изјави Шилегов. https://alsat-m.tv/mk/во-скопје-преброени-околу-2500-кучиња-ски/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |