build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 16-Jan-2013 at 19:03
Моментално најдобрите фотокелии немаат искористеност над 12 %. така да до 100%...
во моментов инвестициите во обновливи извори е во надолна линија. Јагленот се врака на голема врата. Во оваа криза која ја зафати Европа се бара ефтина струја. Во САД на пр. струјата е дупло поефтина одколку во Европа. И индустријата таму за дупло е покомпетитивна, нивните прозиводи се поефтини. Во Германија станува се повеке присутно мислењето дека прерано се откажуваат од нуклеарните централи, кои се заменуваат со ТЦ на јаглен! Со тоа емисиите на ЦО2 растат, така да нисто од поставените (преоптимситицки) цели за намалување на нивотот на ЦО2
МИслам дека ерата на скапи субвенции полека поминува. На компаниите што произведиваат ветерници и фотокелии им останува уште малку време да станат компетитивни на пазарот, бидејќи никој нема да ги купува нивните производи кога државата нема да ја плака разликата во струјата.

уште еднаш, за МАкедонија енергијата од обновливи извори не е опција. Барем воовој момент.
мора се уште да се потпираме на јагленот, делумно гасот и заштедата на енергија
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 16-Jan-2013 at 15:24

ако германија како најбогата во еу волку споро напредува тогаш процентуално по број на население утре комотно може да ги надминеме доколку власта кај нас реши наместо во нуклеарка да вложува во сончарка само нека ги усовршат и направат час поскоро 100%-ефикасните келии што подостапни
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gec Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 15-Jan-2013 at 22:51
mozebi interesen podatok, posebno okolu prethodnite diskusii dali Germanija stvarno gi zatvara ili KE gi zatvori atomskite centrali :
> vo 2012 postignat nov rekord, samo vo ovaa godina vo Germanija se ugradeni fotovoltaicni postrojki so instalirana moknost od 7.600 MW ! Samo vo 2012 god. Ako eden blok na atomskite centrali ima moknost od 1.000MW , znaci vo 2012 instalirani se "otpisani"  7,6 atomski bloka...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 12-Jan-2013 at 13:06

Во Порече ќе се градат четири соларни електрани

Во наредните две години кај селото Инче бродско е најавена изградба на четири соларни електрани, кои ќе имаат вкупно инсталирана сила од четири мегавати или поединечно секоја електрана ќе има капацитет од еден мегават

-На површина од 100 000 метри квадратни во реонот на село Инче, наскоро ќе почне изградбата на четири соларни електрани со вкупен капацитет од четири мегавати. Идниот концесионер  со земјиштето ќе управува во наредните 99 години по цена од 25 денари за еден квадрат. Планирано е изградбата на овие електрани да заврши за две години, а за што ќе бидат ангажирани околу 80 работници од нашиот регион, додека 40 лица ќе добијат постојана работа по завршувањето на изградбата - вели Милосим Војнески, првиот човек на бродската администрација.

Електраните ќе бидат повеќенаменски.

- Освен за производство на електрична енергија, соларните електрани ќе можат дополнително да се користат за затоплување на вода за оранжерии за цвеќиња или за производство на зеленчук, што ќе биде од дополнителна корист од изградбата на овие електрани - додава Војнески.

Засега две странски компании пријавија за добивање на овој тендер. Една е полската „Екоенерџи“, додека другата компанија е од Израел со доминантен американски капитал.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=12443

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 21-Nov-2012 at 12:07
Проработе втората соларна електрана во битолскиот регион

Во битолското село Егри денеска беше ставена во функција втората соларна електрана со инсталирана моќност од 993,6 kW. Реализираната инвестиција на компанијата „Торпедо Солар ГТ“ од Битола претставува еден од поголемите енергетски објекти за производство на електрична енергија преку искористување на сончевите зраци во Македонија и воедно е втората соларна електрана со моќност од околу 1 MW во битолскиот регион. Изведбените работи на проектот ги изврши „Соларпро холдинг“ од Бугарија, додека финансиските средства за негова реализација се обезбедени од страна на Капитал банка од Скопје. Произведената електрична енергија преку инверторски систем и трансформаторски постројки ќе биде предавана на дистрибутивниот систем во земјава.

 

Во Македонија во изминатиов период се реализираа неколку поголеми фотоволтаични електрани за искористување на сончевата енергија како обновлив извор. Соларната електрана на „Мега Солар“ од Скопје повеќе од една година успешно функционира во битолското село Гермијан, при што за овој енергетски објект со моќност од 1 MW беа вложени 3 милиони евра. Покрупен енергетски капацитет од овој тип е планирано да се гради и во скопското село Ајватовци. Единствена пречка за позначаен исчекор во изградбата на вакви објекти е Одлуката за вкупна инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија кои ги ползуваат обновливите извори на енергија, бидејќи пропишаните моќности се веќе надминати.  Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, исцрпени се понудените капацитети за купопродажба на електричната енергија по повластени тарифи од соларните електрани со моќност до 1 MW, чија вкупна инсталирана моќност е ограничена на 10 MW.


http://www.build.mk/?p=20517

Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 20-Nov-2012 at 14:35
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 16-Oct-2012 at 14:39
Во контекст на темава, денес се одржа конференција во Александар Палас, во организација на Германската стопанска комора.
Иако темата на конференцијата беше со наслов МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ, осврт беше направен и за сончевите централи, односно сите ОИЕ (Обновливи извори на енергија-ветер, биомаси итн.). Конференцијата накратко ја опфати регулативата во Германија, нејзините искуства, можноста за финансирање како и презентации на неколку нивни фирми.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 14-Oct-2012 at 23:14
ТЕМА: Инвеститорите во соларни електрани гневни, Регулаторната комисија ја префрла топката кај Владата

Инвестирањето во капацитети за производство на електрична енергија преку искористување на обновливите енергетски извори во Македонија може да биде привремено прекинато, доколку владата во брзо време не донесе нова одлука за зголемување на инсталираната моќност на повластените производители на електрична енергија кои ги ползуваат благодетите на сонцето, водата, ветерот и био – масата. Последното решение на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за привремено прекинување на постапките за издавање на привремени решенија за стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија од фотонапонски електрани ги разочара инвеститорите. Тие велат дека ваквата одлука може да донесе правна несигурност кај домашните и странските инвеститори во сигурноста на било какви идни вложувања во земјава. Иако на европско ниво се наоѓаме на самото дно според искористеноста на сонцето за добивање на електрична енергија, наместо да се зголемат постоечките капацитети, компаниите од овој сектор ќе претрпат финансиски штети поради тоа што веќе се одлучиле да вложат во соларните електрани.

 

 

 

 

Според информациите од компанијата „Сието“ од Скопје, проблемите започнале кон крајот на јули годинава, кога сите фирми кои поднеле барање за доделување на статус за повластен производител добиле заклучоци од страна на РКЕ дека нивните постапки се прекинуваат. Од регуларното тело добиле образложение дека прекинот на постапката ќе трае до добивањето на мислење од Владата на Р.М., Министерството за економија и Државниот управен инспекторат за тоа дали спроведувањето на целокупната постапка е во согласност со Законот за енергетика и Правилникот за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Иако со истиот правилник се опфатени сите обновливи извори на енергија, сепак постапката е прекината само за производителите на еден вид енергија. „Во пракса, РКЕ ја запре постапката за добивање статус на привремен повластен производител од фотонапонски панели, а продолжи да издава решенија за повластени производители на енергија од водата“, истакнува за „Билд“ Звонко Марковски од компанијата „Сието“.

 

 

 

 

Од РКЕ објаснуваат дека заклучно со донесувањето на решението за привремен прекин на постапката на 24 септември, до нив се поднесени 90 барања за издавање на привремено решение за статус на повластен производител, од кои 10 барања се одбиени уште во текот на април 2012 година поради немање услови за поведување на постапката. „Од овие 80 барања, 62 барања се однесуваат за фотонапонски електрани со моќност помала или еднаква од 50 kW, а 18 барања се однесуваат за фотонапонски електрани со моќност поголема од 50 kW, а помала или еднаква на 1MW“, напоменуваат од РКЕ. Од таму додаваат дека изградените соларни електрани, оние коишто веќе поседуваат привремено решение и оние коишто поднеле барање за издавање на привремено решение имаат предвидена моќност која ја надминува вкупната инсталирана моќност за која се применуваат повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија определена со „Одлуката за вкупна инсталирана моќност за повластени производители од обновливи извори“, донесена од македонската влада.

Според информациите од регулаторното тело, вкупната моќност кај капацитетите со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 kW, утврдена да изнесува максимум 2 MW, е надмината за околу 1 MW, додека истата кај фотонапонските електрани со инсталирана моќност поголема од 50 kW, а помала или еднаква на 1 MW, е надмината за околу 5 MW, наспроти определениот максимум од 8 MW. Компаниите од овој сектор констатираат дека вкупната инсталирана моќност од 10 MW е многу мала во однос на поттикнувањето на искористеноста на обновливите извори на енергија во Македонија. „Потребно е да се зголеми оваа квота и, според мене, новата квота за инсталирана моќност би требала да изнесува најмалку дополнителни 10 MW“, објаснува Звонко Марковски од компанијата „Сието“. Тој напоменува дека како инвеститори на новите соларни електрани треба да се јават правни лица од Македонија, бидејќи на тој начин произведената струја и парите од продажбата на истата ќе останат во нашата земја. Дополнително, со новите инвестиции во овие енергетски објекти би се поттикнал развитокот на домашните компании за инсталација на ваков тип на опрема. Од „Сието“ предлагаат инсталираната моќност на секоја електрана да биде ограничена до максимум 200 kW и на секој инвеститор да можат да му се доделат најмногу две лиценци за изградба во иста општина.

 

 

Обновливите извори на енергија ја зголемуваат цената на струјата во Македонија?

Особено важно прашање во целокупната состојба е и определувањето на крајната цена на електричната енергија во Македонија. Од РКЕ велат дека повластените тарифи за електрична енергија имаат директно влијание врз тарифата за пренос на електрична енергија, но и врз цената на електричната енергија која ја плаќаат македонските потрошувачи. Компаниите кои се заинтересирани за вложување во изградба на новите фотоволтаични електрани велат дека инсталирањето на новите енергетски објекти ќе доведе до минорно поскапување на електричната енергија во земјава, наспроти поволностите за развој, како што се приливот на финансиски средства преку инвестиции, поттикнувањето на домашната економија и зголемувањето на исклучително ниската искористеност на обновливите извори на енергија.

 

Бојан Блажевски


#
Објавено на 14.10.2012 во категорија Вести.

Тагови: Енергетика, Инфраструктура, Легислатива, МЕПСО, Обновлива енергија, Сието, Соларни електрани

http://www.build.mk/?p=19267

Edited by Cloverstack - 14-Oct-2012 at 23:20
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 17-Jul-2012 at 22:27
ЛЕМ ИНВЕСТИРА ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА


Струја ќе потече од соларна електрана во Пелагонија


Овој енергетски објект практично ќе биде поврзан со РЕК Битола и ќе располага со моќност речиси колку еден блок од термоцентралата

Во рамките на постојната термоелектрана на РЕК Битола", Електрани на Македонија ќе градат концентрирана соларна електрана, со што ќе се искористи сончевата енергија во битолскиот регион за производство на електрична енергија. Овој енергетски објект практично ќе биде поврзан со РЕК Битола и ќе располага со моќност речиси колку еден блок од термоцентралата. Со тоа ќе се добие нова комбинирана електрана која ќе работи и на јаглен и на сончева енергија.

Како што велат од енергетската компанија истовремено ќе се зголеми производството на електрична енергија во услови кога количините на јаглен се лимитирани. Засега не се знае колкава ќе биде финансиската конструкција за овој енергетски проект и за колку време реално би можел да се изгради, но енергетските експерти посочуваат дека согласно светските стандарди изградбата на една 50 мегаватна соларна централа би чинела околу 230 милиони евра.

Од ЕЛЕМ потврдуваат дека есенва треба да биде готова физибилити студијата за соларната централа на францускиот конзорциум составен од консултантски компании СОГРЕАХ и КАРБОНИУММ, кои што изминатиов период ги проверуваа потенцијалите и можностите за искористување на Сонцето за производство на електрична енергија во овој регион.

Како што потсетуваат од ЕЛЕМ, тие се ангажирани да ја испитаат економската исплатливост и техничката физибилност на проектот, како и да го предвидат развивањето на проектот со помош на Механизмот за чист развој. За таа цел, пред речиси 18 месеци беше одобрен грант во износ од 495.000 евра од страна на француската влада за изработка на оваа студија која се очекува да ги предвиди најдобрите варијанти за изградба на соларна електрана - автономна и хибридна варијанта, како и одредување на најдобра местоположба за електраната.

Со пилот-проектот покрај физибилити студија за соларна термодинамичка централа од 50 мегавати, треба да се подготви и тендерската документација за изведба на проектот по принципот клуч на ракаа. Исто така, ќе се определат можностите за финансирање преку јавно приватно партнерство, заеднички вложувања со ЕЛЕМ, и различните можности за експлоатација. Од стартот на поставување на темелите до клуч на рака и целосна изградба на објектот се потребни околу 20 месеци.

Првиот човек на ЕЛЕМ, генералниот директор Влатко Чингоски веќе укажа дека 25% од сегашната потрошувачка на јаглен на РЕК Битола" би се заменил со соларна енергија.
-Истовремено покрај намалување на емисијата на јаглероден диоксид најголемата придобивка од новата соларна електрана е продолжување на животниот век на термоелектраната Битола - смета Чингоски.

Со овој проект, АД ЕЛЕМ очекува производство на 104 милиони киловат-часови годишно на чиста соларна енергија. Во ера кога светската наука е согласна дека соларната енергија претставува основа за чиста и здрава животна средина, Електраната ќе придонесе за заштита на околината, со анулирање на емисија од 94 милиони килограми јаглероден диоксид годишно.

Од енергетската компанија укажуваат дека обновливите извори на енергија се многу важен дел од развојно-инвестициската стратегија на Електрани на Македонија, бидејќи географската позиција на нашата земја е со висок процент на сончеви денови во годината при што се овозможува ефикасно искористување на сончевата енергија.

Невада Солар најголема соларна електрана во светот
Најголемата соларна електрана во светот Невада Солар е лоцирана во американската држава Невада, поточно по должината на Елдорадо во пустината Мојаве. Таа е пуштена во употреба пред 5 години и нејзината моќност е 64 мегавати и годишно производство на електрична енергија од 134 милиони киловат часови. Инвестицијата достигнала 266 милиони денари, а заради нејзината исплатливост во план е да се градат уште вакви централи, при што САД е светски лидер во искористување на сончевата енергија. Поради големиот број на сончеви денови и Африка се очекува да стане голем светски производител на електрична енергија од сонце. Во Мароко, Либија и Тунис се подготвува изградба на вакви соларни централи. Во Европа пак, најголемата соларна централа се гради во Шпанија.


(В.Ма.)


јас лично не верувам дека државна фирма ова некогаш ќе го изгради
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 19-May-2012 at 10:09
Соларно дрво ќе никне до Јустинијан Први

Дрвото ќе работи со помош на фотонапонски панели и од него граѓаните бесплатно ќе може да ги полнат батериите на сите видови мобилни телефони



Најдоцна до крајот на месецов ќе се постави енергетското стебло
Нов проект во центарот на градот
Граѓаните веќе не треба да се грижат додека шетаат да останат без сигнал на мобилниот телефон поради празна батерија. Најдоцна до крајот на месецов, или почетокот на јуни, до споменикот на Јустинијан Први на кејот ќе се постави таканаречено енергетско стебло на кое граѓаните бесплатно ќе може да ги дополнат батериите на своите мобилни телефони. Носител на проектот е Агенцијата за енергетика во соработка со мобилниот оператор ВИП. Дрвото ќе работи со помош на фотонапонски панели и од него ќе може да се полнат батериите на сите видови мобилни телефони.

- Објектот ќе биде во форма на печурка и во долниот дел ќе има клупи за 5-6 луѓе да може да седнат и да ги полнат мобилните телефони. Енергетското стебло ќе работи како фотоволтаик, односно ќе се напојува од сонцето, но ќе има и батерии како дополнителен извор на енергија - ни изјави Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика.

Тој вели дека со овој проект ќе избиеме меѓу првите во овој простор на регионот и Европа што имаат вакви инсталации во функција на граѓаните.

Од агенцијата додаваат дека иницијатива ќе придонесе и за едукација и зголемување на јавната свест за начините на користење на обновливите извори во секојдневниот живот, а градот Скопје ќе покаже дека се грижи за своите еколошки свесни корисници во урбаните средини. Освен стеблото за мобилни телефони, дознаваме дека општината Центар и ЈП “Паркинзи&рдљуо; се во преговори со Агенцијата за енергетика и за поставување полнач за електрични возила и велосипеди на пет локации во центарот на градот. Меѓу првите локации на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец. Во моментов на територијата на градот Скопје има многу малку таканаречени еко или хибридни возила (околу 15 автомобили) што не ја загадуваат животната средина и се движат на електричен погон.

Сепак, како што истакнуваат од Агенцијата за енергетика, мора да се размислува развојно и за странците што доаѓаат и го посетуваат градот. Оттаму додаваат дека почнале постапка за набавка на трицикл на електричен погон што ќе се користи за правење мали тури низ градот и за промоција на користење на новите технологии за намалување на емисијата на штетни издувни гасови.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51812918267&id=14&prilog=0&setIzdanie=22583
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1549
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 14-May-2012 at 16:25

Bulgarian Holding Starts Regional Expansion with Solar Park in Macedonia



Bulgarian company Solarpro Holding has signed its first contract for setting up a photovoltaic park in Macedonia, the company announced.

The 1 MW solar park will be built near the southern Macedonian city of Bitola. Solarpro's Macedonian branch will be in charge of the complete EPC (Engineering, procurement and construction) servicing of the project.

"The signing of this contract sets the start of the regional expansion of Solarpro Holding. The company's strategy is, after assuming a leadership position in Bulgaria's solar power sector, to taget the regional markets, with neighboring countries being the utmost priority," Solarpro said in a statement.

Solapro Holding notes that it has become the largest system integrator of photovoltaic parks in Bulgaria with a total of 32 solar power facilities at different stages of competition, and a total capacity of almost 100 MWp
novinite.com/view_news.php?id=139340
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 07-Mar-2012 at 21:38
Среда, 07 Март 2012 12:58


m-lan%20solar%20logoОдличните предуслови со кои располага нашата држава, географската положба, економските услови и вечниот извор Сонцето, ја донесоа словенечката компанија за изградба на фотонапонски електроцентрали „М-ЛАН“ од Словенија во Македонија.
 

„Имате огромен потенцијал, но и потреба, како земја да изградите фотонапонски електроцентрали и да произведувате струја од природен ресурс. За разлика од Словенија, вашата земја има многу поголем број сончеви часови во текот на годината. Затоа, основавме ќерка-фирма во Македонија вели Андреј Мласко,

сопственик на компанијата М-ЛАН.

Огромниот потенцијал за кој зборуваат Мласко и институциите веќе е утврден како процент за учество на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на струја во 2020 година. Македонската влада одлучи тој процент на учество да е 21 отсто, објаснува Наташа Вељановска, стручен советник во техничко-енергетскиот сектор за електрична енергија во Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Со ова како земја членка на Енергетската заедница и идна земја членка на Европската унија ќе ги исполниме обврските кои произлегуваат од ЕУ директивата. Вкупното годишно сончево зрачење во Македонија варира од минимум 1250 kWh/m2 во северниот дел до максимум 1530 kWh/m2 во југозападниот дел, што доведува до просечно годишно сончево зрачење од 1385 kWh/m2, објаснуваат од Регулаторна комисија за енергетика. Ова го потврдуваат и од Агенцијата за енергетика, додавајќи дека Македонија има квалитетно сонце за производство и на топлинска и на електрична енергија.

Инвеститорот е задоволен од тимот со кој веќе работи на неколку актуелни проекти во Македонија, како и од огромната заинтересираност на луѓето да инвестираат или да разберат за придобивките од соларната енергија.

solar-1

„М-ЛАН Солар во своите развојни концепти за Македонија подеднакво се концентрира на проектирање на фотонапонски системи кои генерираат и ја предаваат електричната енергија во дистрибутивниот систем на операторот ЕВН и на фотонапонски системи кои генерираат електрична енергија која корисникот ја користи за сопствена потрошувачка (автономен систем)“, објаснува Цветанка Велкоска, дипломиран машински инжењер, технички консултант во компанијата.

Од неколку месечното присуство и работа со заинтересирани потенцијални инвеститори од компанијата велат дека има интерес за поставување на фотонапонски системи на веќе постоечки објекти (кровови), како и за поставување на фотонапонски системи на земја со соодветна носечка конструкција. Станува збор за инвеститори кои сакаат да добијат статус на повластени производители на електрична енергија, со гарантиран откуп од Операторот на пазарот на електричната енергија.

„Особено, изненадува фактот, што покрај интересот, општата јавност има доволно познавање за овој вид обновлив извор на енергија и придобивките од неговата употреба, што оди во прилог на зголемување на меѓусебната посветеност за користење на овој вид енергија, императив за земја со далеку повеќе сончево зрачење за разлика од Словенија“, објаснува Велкоска.

При изведба на фотонапонски електроцентрали, ќе се користат модули со голема ефикасност особено за подрачја со повисоки температури како што е нашето поднебје, а постигнувајќи го тоа со ќелии од кристален силициум. Инверторите и останатата електро опрема е со познат и проверен eвропски квалитет, поткрепена со сертификати и гаранции за квалитет.

http://www.time.mk/read/NONE/a870f35d44/index.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 20-Jan-2012 at 14:00

Струјата ја менуваме со сонце

 
%20  

Постојаниот пораст на цената на струјата и на другите енергенти го зголеми интересот на граѓаните за системите за искористување на сончевата енергија. Фирмите што се занимаваат со оваа дејност велат дека почнале да монтираат соларни системи и во текот на зимата, а не како досега, само во пролет и во лето. Сепак, иако постои тренд на зголемен интерес за искористување на сончевата енергија, граѓаните сé уште не го користат доволно потенцијалот што го нуди географската положба на земјава.

Соларните системи кај нас граѓаните најмногу ги користат за загревање на водата за домашна употреба и велат дека инвестицијата се исплати. Сопствениците на хотелот „Вила Силија“ веќе искусиле дека заштедата во летниот период е голема, за разлика од зимските месеци.
- Минатово лето забележавме намалување на потрошувачката на струја за 50 отсто, што е навистина голем процент. Зимава, пак, водата мора да се догрева со електрична енергија, бидејќи сончевите системи не можат да постигнат - вели Силвана Коцева-Даскалова, сопственичка на хотелот.
Поради намалените сметки за струја, задоволни се и другите корисници на сончеви колектори.
- Презадоволен сум од ефектот. Откако го наместивме колекторот, бојлер за струја не е вклучен, а постојано имаме топла вода. Сметката за струја се движи меѓу 800 и 1.000 денари - вели Драгољуб Марковиќ, кој поставил колектори на својот дом во Кисела Вода.


Познавачите велат дека интересот меѓу граѓаните за монтирање сончеви колектори во домот се интензивирал во последниве две години.
- Интерес има дури и во текот на зимата. И сега имаме термини за монтирање, а во последниве две години инсталиравме рекорден број системи - вели Илија Чулев, сопственик на фирмата „Етерна солар“, кој смета дека интересот на граѓаните се должи на нивната поголема едуцираност.
Ако системот е успешно димензиониран и според реалните потреби, вели тој, инвестицијата има економска и енергетска логика.
- Намалувањето на потрошувачка на струја на годишно ниво може да биде и повеќе од 60 отсто - вели Чулев, кој нагласува дека во последниве месеци се јавува тренд соларен систем да се поставува уште при изградбата на нова куќа.

Според сознанијата на наши соговорници што ја следат состојбата во оваа сфера, досега најголем дел или 90 проценти од монтираните системи се за затоплување вода за домашните потреби. За разлика од тоа, интересот за затоплување на домовите преку сончеви колектори е многу мал. Тие велат дека една од причините за ваквата состојба е потребата од идеална изолација на домот, како и малиот процент на намалување на трошоците, кои достигнуваат до 30 отсто од енергентот за греење. Математиката покажува дека инвестицијата во соларен систем за топла вода се враќа за четири-пет години.
Географската позиција и климата во Македонија нудат многу добра перспектива за користење на сончевата енергија. Вкупното годишно сончево зрачење се движи од 1.250 киловат-часа на квадратен метар во северниот дел до 1.530 киловат-часа во југозападниот дел од земјава.

 

 


Има интерес, нема реализација

Законот за енергетика предвидува повластен статус за производителите на електрична енергија преку соларни системи или електроцентрали од обновливи извори. Досега во земјава осум компании произведуваат струја од обновливи извори на енергија, а нивното производство од јануари до октомври 2011 година изнесуваше 0,019 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава. Во Регулаторната комисија за енергетика велат дека уште 12 компании побарале лиценца за производство на електрична енергија од соларни системи, но засега само една компанија има одобрение за употреба, другите сé уште се градат.
Потврда дека интересот на светот се врти кон искористување на сонцето како производител на електрична енергија е и веста дека луксембуршка компанија ќе гради соларна централа во соседна Србија. Таа ќе зафати простор од 3.000 хектари и ќе има инсталирана моќност од 1.000 мегавати. Ова ќе биде најголема централа во светот и ќе биде дупло поголема од најголемата досега, во Калифорнија.

 


Најмногу кредити за соларни централи

Банкарскиот сектор има посебни кредитни линии за искористување на обновливите извори на енергија. Комерцијална банка има една кредитна линија за финансирање проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во соработка со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и Светска банка, но и програма за кредитирање на развојот од Италијанската кредитна линија реализирана преку МБПР. Според претставниците на банката, проектите сé уште се новина, но стануваат сé поприфатливи за компаниите.
- Најголем интерес има кај проектите за изградба на соларни централи, каде што еден проект е комплетно финансиран и завршен, а неколку се финансирани и во отплата - велат во Комерцијална банка.
За проекти од оваа област одобрените средства се движат од 500 илјади, до максимални 4 милиони американски долари. Од програмата за кредитирање на развојот од Италијанската кредитна линија средствата што се одобруваат се од 50 до 400 илјади евра. Рокот на отплата е од шест до десет години со грејс-период од една до три години.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=120121035584&id=10&prilog=0&setIzdanie=22484
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 17-Jan-2012 at 13:31

Во Илинден ќе се гради соларна електрана

Во селото Ајватовци, во општина Илинден на парцела со површина од 20.000 метри квадратни ќе се гради соларна електрана со сила од еден мегават.
„Илинден и натаму продолжува со реализација на еден од своите приоритети, а тоа е создавање на услови за примена на алтернативни и обновливи извори на енергија“, пишува во соопштението од Општината.
Во тој контекст, во делот на образованието и културата се применуваат модели на енергетско ефикасни системи за греење и ладење со користење обновливи извори на енергија, кои придонесуваат за заштеда на енергијата, а со тоа и на парите.

http://www.plusinfo.mk/vest/30010/Vo-Ilinden-kje-se-gradi-solarna-elektrana-

Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 05-Jan-2012 at 12:35
Штета само што не ја поедноставија процедурата за станување на повластен производител на ел.енергија од фотонапонски панели .. Да можеше и обично приватно лице да инсталира неколку киловати панели  на својата куќа или во дворот и да продава струја на ЕВН , без притоа да вади еден куп документација , да потроши еден куп пари и месеци/години време.Пак заостануваме зад другите земји и тоа светлосни години. Па се чудиме оти тие имаат , а ние се давиме во сиромаштија..
Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 05-Jan-2012 at 12:32
На 13-12-2011 Министерството за економија на својот сајт ја објави старо-новата вест за повластената цена за откуп на ел.струја произведеа од соалрни фотонапоснки панели ..
За централи до 50 Квати  е останата 0.3 евра/KWh  , а за централа над 50 Квати , цената е 0,26евра/KWh .
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 14-Dec-2011 at 00:21
ТЕМА: Соларните електрани се градат споро и со мноштво проблеми


Иако сме последни по искористеноста на сончевата енергија во регионот, изградбата на фотоволтаични постројки во Македонија претставува тешко остварлив зафат поради бројните пречки на кои наидуваат потенцијалните инвеститори. Официјалните податоци од Регистерот на постројки на Агенцијата за енергетика се непроменливи, па така во делот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) фигурираат 8 фотоволтаични електрани изградени на територијата на земјава со вкупно инсталирана моќност од 1.468 kW и планирано годишно производство од 2.016 MWh. Во последните неколку месеци до Регулаторната комисија за енергетика единствено 3 компании имаат поднесено барање за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани, и тоа „Енсол“ од Битола, „Солартек“ од Скопје и „Христов Електро“ од Скопје.

 

Причината за малиот број завршени енергетски објекти од овој тип лежи во проблемите и недореченостите кои ја успоруваат или оневозможуваат изградбата од страна на  заинтересираните компании. Звонко Димески, сопственик на првата македонска компанија за производство на соларни панели „МФЦ – 93“, за интернет – порталот „Билд“ ги појаснува бројните пречки со кои се соочува при изградбата на планираната фотонапонска постројка. Главната причина за неотпочнување со градба на неговата електрана е проблемот со пронаоѓање на приватна фабрика или хала на која би се поставиле фотонапонските електрани. Сепак, по добивањето на идеална локација во кругот на компанијата „Еурокомпозит“, господинот Димески бил непријатно изненаден од страна на локалната самоуправа во Крушево. „При барањето да извадам градежна дозвола, ми беше кажано дека фабриката мора да побара ново урбанистичко решение за да може воопшто да гради нешто на своја земја. Такво решение се издава ако јас си ги сносам трошоците за неговото издавање, кои се во големина од 2.000 евра и минимум чекање од 6 месеци“, истакнува сопственикот на прилепската компанија.

 

* Соларни панели на МФЦ-93

 

Недореченостите во урбанистичките планови претставуваат огромна пречка при изградбата на соларна електрана. „Како јас да добијам градежна дозвола, кога во самите детални урбанистички планови никаде, ама баш никаде, не е предвидена градба на таков објект. Дури постои во нивните планови дека енергетски објект не може да се гради во индустриска зона“, вели Звонко Димески. Причината за малиот број изградени фотонапонски електрани ја гледа и во бавноста на издавањето на лиценци и дозволи, но и во монополската поставеност на ЕВН – Македонија во однос на приклучувањето на веќе изграден објект.

 

Потенцијалните инвеститори се дополнително загрижени по информациите кои најавуваат намалување на повластената тарифа за откуп на електричната енергија од фотонапонски електрани. „Цената од 30 евроценти за киловат – час предадена електрична енергија е на прагот на рентабилност на ваков вид инвестирање. Јас, со 50 киловати сончева електрана можам да се надевам со оваа цена на враќање на инвестицијата за 7 – 8 години. Тоа и не е така долг период. Но ако, според најавите, таа цена се спушти на 25 или уште полошо на 20 евроценти за киловат – час, тогаш нема да се изгради ниту еден таков капацитет“, истакнува сопственикот на компанијата „МФЦ – 93“.

 

* Соларни панели на МФЦ-93

 

За бројните проблеми при изградбата на фотонапонска електрана порталот „Билд“ веќе пишуваше во текот на август годинава. „Технички овие проекти се многу едноставни и се градат во рок од еден месец, ако претходно сте ја нарачале сета потребна опрема, но административно барем досега беше ноќна мора“, напомена тогаш Ацо Петров, сопственик на радовишката компанија „Алфа инженеринг“. За жал, пречките со кои се соочуваат потенцијалните инвеститори при изведбата на фотонапонски постројки остануваат актуелни до денешен ден.

 

 

Локалните власти знаат и да помогнат

 

Општина Новаци е една од ретките македонски општини која сериозно се вклучува во партнерство со потенцијалните приватни инвеститори за изградба на енергетски објекти кои произведуваат електрична енергија од соларни електрани. Во завршените проекти на локалната самоуправа е наведена и успешната соработка во поддршката за прибирање на потребната документација за изградба на фотонапонска електрана од скопската компанија „Мега Солар“. Инвестицијата вредна 3 милиони евра беше промовирана во текот на изминатово лето, а енергетските параметри на изградената соларна електрана го прикажуваат инсталираниот капацитет од 0,95 MW и инсталираната моќност од 996, 7 kW.

 

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 14.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Алфа Инженеринг, ЕВН, Енергетика, Инфраструктура, Крушево, МФЦ - 93,Новаци, Прилеп, Соларни електрани

http://www.build.mk/?p=10910
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 17-Nov-2011 at 01:11
Димески добредошол, Cheers почестени сме од твоето присуствона форумов! Деновиве се врти и реклама во ударни термини на ЕЛЕМ за овие обновливи еколошки извори на енергија, но праксата преку директен пример знае да покаже и вакво искуство. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 16-Nov-2011 at 22:12
Дај боже да имаме вакви фалби повеќе, а не празни приказни.

Секоја чест dimeski и се надевам дека ќе не информираш како напредува а воедно би било уваво и некоја практична едукација.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 16-Nov-2011 at 21:40
Поздрав од мене , како нов член
Малку фалба , ако е дозволено ( се надевам дека ми е дозволено , а ќе видите и зошто)
Во Македонија СЕ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО на сончеви фотонапонски панели !!! Мојата фирма , односно јас почнав со нивно производство. Првичната идеја беше да се направи соларна фотонапонска централа во Прилеп со сопствено произведени панели .Но по неколку месечно талкање во потрага по локација за централата , пропратено со непремостливи бирократски пречки , јас сум на прагот да се откажам !!! А сега кога и повластената тарифа се симнува ( или е веќе симната ) , изгледа дека ќе се откажам потполно. Но сепак се надевам дека производството ќе продолжи , зошто ќе бидам  поефтин од увезените панели .Повеќе инфо на мојата страна ( која се' уште е во доработка ) www.mfc-solar.webs.com

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.