Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#61 Posted: 14-Apr-2008 at 22:12 |
 овие битанги (кафеанџиите) заслужуваат своја нишка... а богами и по која година затвор... во Вест има подеднакво спектакуларен примитивен излив на кафеанџиите... ќе го постирам утре ко ќе искочи електронската верзија
Клупа настрадала од моторна пила
Завчера еден час пред полноќ, една клупа на улицата Македонија
точно пред новоотвореното кафуле Рома, спроти Домот на АРМ била
пресечена на пола. Пред очите на минувачите, пред гостите, некој"
извадил моторна пила ја пресекол, а потоа ја откорнал од лежиштето. На
нејзино место ги поставил масите и столовите.
Во трката за профит кафеанџиите не се воздржуваат да преземат се,
само за да ги распостелат летните тераси до каде што им е волја. Не им
треба ни дозвола за користење, ниту пак некој им ја побарал. А и
ваквите вандализми не се некоја новина!?.
Инаку, ЕУ ја прогласи улицата Македонија за најевропска улица. Комисијата веројатно не ги зела предвид навиките на скопјани.

Фото:Н.Батев |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0D8403ECB91D004AB4ACC2E9CD66045C
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#62 Posted: 25-Mar-2008 at 14:12 |
Дежурна тема  А надлежните во Општина Центар секогаш со интересни ставови http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AC1F86FBB7EDCF48931B52F4D6342301
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОВТОРНО Им ПРОГЛЕДУВА НИЗ ПРСТИ на кафеанЏиите
Наместо уривање, си добија одобренија
Сега
е бесполезно да се интервенира бидејќи доаѓа 1 април, кога почнува
новата летна сезона за поставување на масите,вели Милан Пижула , градежен инспектор во Центар

Наместо присилно да ги отстранат летните тераси
поради предвременото поставување, надлежните од Општина Центар на
кафеанџиите почнаа да им делат одобренија бидејќи летната сезона била
на прагот. Пред три недели општинските инспектори на кафеанџиите на
Кејот 13 Ноември и на улицата Македонија им врачија решенија за
отстранување на масите и столовите, но тие не го сторија тоа, а
инспекторите, како и многупати досега, не се ангажираа за присилно да
ги отстранат. Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, вети дека
оваа година нема да дозволи да се повтори проблемот со незаконското
узурпирање на просторот за пешаците, кој се провлекува со години, но
очигледно е дека го прави спротивното. Сега е бесполезно да се
интервенира бидејќи доаѓа 1 април, кога почнува новата летна сезона за
поставување на масите и столовите. Инспекторите на сопствениците на
кафулињата веќе им врачуваат одобренија за поставување урбана опрема на
јавните површини за претстојната сезона, врз основа на нивните
поднесени барања. Веќе почнува сезоната и сега не е во ред да се тргаат
масите и столовите за една недела. Доколку сопствениците на локалите не
се придржуваат на условите и роковите наведени во новите одобренија,
тогаш ќе интервенираме - вели Милан Пижула, градежен инспектор во
Општина Центар. Додека Општина Центар замижува пред самоволието на
кафеанџиите, тие веќе цел месец го користат топлото време за да ќарат
што е можно повеќе пари од летните тераси, без да платат надомест за
користење на јавната површина. Советот на Градот Скопје на вчерашната
седница требаше да го усвои новиот правилник за поставување урбана
опрема на јавните пешачки површини, според кој се раководат општините
при издавањето на дозволите. Кафеанџиите пред неколку месеци побараа од
Општината да им дозволи летните тераси да ги поставуваат во текот на
целата година, а не само од април до октомври, но за тоа треба да
одлучи Градот. Оттаму, пак, велат дека кај нив не пристигнало такво
барање. Општината Центар се' уште работи според стариот правилник и се'
уште не сме го добиле новиот од Градот - вели Соња Шумковска,
раководител на Секторот за урбанизам во Општина Центар и додава дека
ако е потребно ќе се направат соодветни измени за да се усогласат со
новите правила на градските власти. И таа потврди дека веќе почнало
врачувањето на новите одобренија за поставување летни тераси. Секој од
угостителите со барањето за одобрение поднесува и изработен проект на
кој претходно согласност даваат и градските власти. Дури потоа,
Општината Центар го издава одобрението за поставување маси и столови -
објаснува Шумковска.
Анела Петрова |
Edited by Cloverstack - 25-Mar-2008 at 14:57
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#63 Posted: 20-Dec-2007 at 02:00 |
Фала богу... Арно им текна http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2707561C219095489B695BA0AE94CE17
|
| Механизацијата се „загреа“ на кеј
Градежната инспекција на Општина Центар вчера интервенираше на
дивите настрешници на кафулињата на кејот. И покрај студеното време,
градежната механизација работеше со полна пареа. Рушењето на тендите
почна од кафулето „Опиум“, додека сопствениците од соседните кафулиња
сами почнаа да ги отстрануваат дивопоставените делови. Според
општинарите, на кеј има десетина нелегални настрешници. (В.Д.)
|
|
Edited by Cloverstack - 20-Dec-2007 at 02:01
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#64 Posted: 29-Nov-2007 at 20:50 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#65 Posted: 29-Nov-2007 at 09:33 |
 незнам дали на оваа сапунска серија и треба посебна нишка бидејќи очигледно не и се гледа крајот
НЕМА КРАЈ НА НЕДИСЦИПЛИНАТА НА КАФЕАНЏИИТЕ
Најлон-маалото се втемели на кејот
Од општина Центар велат дека на сопствениците им испратиле известување да ги тргнат терасите во рок од седум дена

Одделението за инспекциски работи при општина Центар завчера на 10 кафулиња на кејот 13 Ноември им издало известување со кое сопствениците се предупредуваат да ја отстранат оставената урбана опрема на шеталиштето, односно масите и столовите од летните тераси. Ако сопствениците на локалите не го направат тоа во рок од седум дена, урбаната полиција на општина Центар, присилно ќе ги тргне.
На кејот повторно се повторува истата приказна што трае неколку години. По завршувањето на летната сезона, која трае до 31 октомври, кафеанџиите наместо да ги тргнат масите, ги заградуваат со најлони, што создава екстремно грда слика на атрактивното шеталиште.
Од општината Центар велат дека и претходно, на 16 октомври, односно 15 дена пред истекот на сезоната, сите угостители со известување од комуналните инспектори биле предупредени дека се должни уште пред престанокот на дозволата за летна тераса да ја отстранат урбаната опрема и најлонските церади од пред своите објекти и да ја преуредат површината за непречено минување на пешаците.
- Општината и писмено ги извести сопствениците на локалите дека на сите на кои им е доставено второ известување присилно ќе им бидат отстранети терасите ако самите не го направат тоа - вели Лидија Неделковска од Општина Центар.
На прашањето дали добиле известување од општината Центар да ги отстранат урбаната опрема и најлоните, сопственичката на локалот „Пица торес“, која сакаше да остане анонимна, беше изненадена.
- Не знам дали сме добиле известување за тоа бидејќи неколку дена не бев тука. Ако сме добиле, ќе постапиме според предупредувањето - вели таа.
На прашањето зошто досега сами не ја отстраниле опремата кога им истекла дозволата, таа прокоментира дека нивната летна тераса никому не му пречи и дека таа го разубавува просторот, а не го нагрдува.
Слично одговори и шефот во кафе-пицеријата „Ања“, кој во отсуство на сопственикот, не знаеше дали добиле известување за отстранување на терасата. Тој не сакаше да коментира тоа зошто досега не ја испочитувале договорената обврска, но истакна дека ако има известување од Центар, ќе постапат според него.
Кејот со години е место каде што владее вистински неред. Општината Центар и Градот Скопје не успеаја да воведат ред на шеталиштето и да ги дисциплинираат несовесните кафеанџии, кои бркајќи профит, воопшто не водат сметка за изгледот и за намената на кејот. Летните тераси ги вадат надвор со недели пред почетокот на сезоната, а не ги тргаат цела зима. Некои ги заградуваат масите со најлони и така бесправно ја користат јавната површина за вадење профит, а други ги собираат масите и столовите на купови и ги покриваат со грди церади.
Анела Петрова |
|
 |