build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - отворен или затворен град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 14-Dec-2010 at 01:56

кловер ми го зема зборот од уста
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 14-Dec-2010 at 01:55
па и мене тоа ми беше чудно и сомнително, обично има наведено извор на пр. циа фацтбоок или некој друг. Али бројката од 865.934 според мене не е далеку од реалната.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 14-Dec-2010 at 01:53
@ UrbanFreak

Пописот за жал повторно ќе обезбеди само бројка на оние со жителство во одреден град, а не каде навистина живеат. Извесно е дека во Скопје живеат и функционираат значително повеќе луѓе отколку што тоа го успева да го евидентира официјалната статистика.


Edited by Cloverstack - 14-Dec-2010 at 01:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 14-Dec-2010 at 01:50
@ toasumjas

Големината на градовите е една од најголемите локалпатриотски опсесии, така да и таа категорија може да се стави во кош заедно со сите теми кои пристрасно се едитираат. Така да ако ниту на википедија нема наведено извор од каде се земени оние бројки, јас не би се ослонувал на нив.

Edited by Cloverstack - 14-Dec-2010 at 01:51
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 14-Dec-2010 at 01:48

Сепак да се стрпиме уште 4-5 месеца до пописот па да излеземе со официјални бројки. Википедија не е извор кај што не се штимаат податоци особено за нашиов регион, а познавајќи колку ревносно се водат податоците кај нас за разликата помеѓу (новородените+доселените)-(умрените-исселените) се сомневам во точноста на податоците. Особено не дека метрополитан има 1.257.000 жители (може ако ги сметаат Куманово, Тетово и Велес со селата)



Edited by UrbanFreak - 14-Dec-2010 at 01:51
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 14-Dec-2010 at 01:43
Oва е најново на страната за Скопје на wikipedia. Знам дека не е некоја меродавна страна али тоа повеќе се однесува на други информации како на пр. историја итн. Бројките на населенија обично не им се далеку од реалноста.

Edited by toasumjas - 14-Dec-2010 at 01:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 14-Dec-2010 at 01:35
Кој е изворот?
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 14-Dec-2010 at 01:28
Ова се најновите проценки за бројот на население во Скопје.
Градов ни расте ко луд

Historical populations
Year     Pop.      %±
1948     102,600     —
1953     139,200     35.7%
1961     197,300     41.7%
1971     312,300     58.3%
1981     408,100     30.7%
1994     448,200     9.8%
2002     506,926     13.1%
2006     668,518     31.9%
2010     865.934     −99.9%
metropolitian     1.257.836     −99.9%


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 10-Jun-2010 at 01:14
Остро сум против вакви залагања и вакви решенија на забрани, ограничувања, безмалку ми личат на фашистички процеси. Социолошко-демографските процеси треба да бидат што послободни и полиберални процеси, кои секако од властите треба да бидат насочувани со методи на субвенции и олеснувања кон некои делови, одколку забрани кон други делови. Гледаме на телевизија ѕидови на граници и во поделени градови или слично, а тука уште малку истото да го направиме само не со цигли и малтер туку со хартија и пенкало. Да ограничите некому право во кој град ќе живее и тоа пред се во рамки на унитарна држава е глупост од невидени размери. Полувековната и повеќе тенденција на индустријализација во среде градови ги пресели луѓето во градовите. Да беше дисперзирана индустријата по некоја фабрика меѓќу три четири села во некое поле ќе имавме сосема друга слика. Како алтернативна второстепена дејност ќе опстоеше земјоделието, немаше да има толку безделничење по градовите. Затоа пред се ја претпочитам атракцијата на другите населени места, одколку забрана за живеење во Скопје. Зашто такви асимилаторски решенија на забрани кога може елегантни решенија на атракција на другите населени места. Поевтини комуналии, вода, струја, пат до секое село и град , може да натера многу луѓе да ги претпочитаат овие населени места наспроти Скопје.

И веќе конечно да го тргнеме тоа да ни виси над глава дека Танге го испроектирал за некоја одредена бројка. Па малку ли инеженери, архитекти и урбанисти имаме, ете нека го допроектираат за повеќе жители. Мора ли центар да е центар и само тој да е. Е сега наместо нови булевари се соочуваме со можно бришење на клучни артерии на градов, што мора да се превенира. Па во ниеден постар и поголем град не му се знае точен центар, секаде има неколку локации на гравитирање. Идејата за нов град некои ја сваќаат на смеа, ама истите тие знаат да констатираат дека Скопје е пренаселено и слично.

И конечно веќе крајно непријатно се чувствувам кога некој мојот град го претставува безмалку Митровица. Доста веќе со таа заблуда на поделен град. Скопје не е поделен град, ни од далеку.

За обиколницата е школски лош пример. Обиколницата не е никаква градска магистрала па сега владата дала пари за Скопје. Ова е кажано вероватно од некаков политички мотив што треба да создаде аверзија и омраза према владата во другите градови. Обиколницата е автопат дел од домашната М патна мрежа и европска Е патна мрежа и нема врска со Град Скопје. Зарем автопатот покрај Тетово треба да го гради Општина Тетово, или покрај Велес општина Велес?!


Edited by lslcrew - 10-Jun-2010 at 01:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Jun-2010 at 00:53

Пренаселеноста го задуши Скопје

Постои дилема дали главниот град подобро би функционирал во услови на затворен или на отворен град

Деспина Трајковска

Скопје да продолжи да функционира како отворен град, но со точно отворена и почитувана концепција на развивање, или во него да се имплементира извесна форма на затворен град, бидејќи актуелните случувања од секој аспект веќе даваат погубни резултати на квалитетот на живеење во градот. Вакви поделени мислења беа изнесени вчера од учесниците на дебатата „Скопје - град од отворен или од затворен тип“ што ја организираше Институтот „Политеја“ во соработка со Општина Карпош.

Модераторот Емил Лазаревски, претседател на Институтот, смета дека сегашното несоодветно функционирање на градот во одредени сегменти се должи на неговата пренаселеност. Според неофицијални сознанија на „Политеја“, бројот на жители во Скопје надминува над еден милион, што е речиси трипати повеќе од замислата за функционирање на градот со 350.000 жители, систем каков што го одредил Кензо Танге.

„Сосема нормално дека Скопје во оваа ситуација е задушен град. Ако се знае дека според неофицијални статистики, само во Општина Центар има густина на населеност слична на Токио, чија ситуација е светски проблем, тогаш алармот за решавање на проблемот одамна требаше да биде вклучен“, смета архитектот Мартин Пановски, кој, и покрај се', не се согласува со неопходноста да се затвори градот во себе како по примерот на Љубљана, бидејќи тоа за нас би било погубно.

„Напротив, да си остане отворен, а истовремено да се стави акцент на развојот на останатите општини низ државава, за тамошните жители да не би имале потреба да мигрираат, па макар и привремено во главниот град. Зашто, дефинитивно, Скопје со години е центар на случувањата од сите аспекти“, дополни Пановски и посочи дека доколку, на пример, Владата не би инвестирала во изградба на споменици, туку во проекти што реално би ги решиле клучните проблеми за функционирање на еден град, автоматски би го подобрила и квалитетот на живеење во него. Како пример, тој посочи дека централната власт би постигнала полн погодок доколку би ја финансирала изградбата на Јужниот булевар, што ќе го растовари сообраќајниот метеж во Скопје.

Вложувањата на државата во локални проекти ги оправдува и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, но тоа да се активности што би го подобриле нивото на живеење од аспект на сообраќај или на јавна хигиена.

„И државата, но пред се' општините би требало да се раководат по осмислен концепт за развој на главниот град, како би се задоволиле неопходните потреби на граѓаните за нормално секојдневие. По земјотресот развојот на Скопје тргна по добра насока, но во периодот на транзиција застрани од трасата по која требаше да оди. Се гради без концепт, со што се создаваат услови за нови населувања, а тоа автоматски повлекува сообраќаен метеж, намалување на работните места, недоволен капацитет во училиштата“, смета Јакимовски.

Тој и покрај се', не е за Скопје да се затвори. Смета дека освен што надлежните и од централната и од локалната власт имаат директно влијание за враќање на градот во нормала, голема помош за тоа е потребна и од неговите жители. „Не е доволно да се сака само сопствениот двор, туку и туѓиот. А дека жителите на Скопје и воопшто сите во државава не функционираат така, доказ е односот на секој кога ќе замине накратко во друга средина“, дополни Јакимовски.

Сосема спротивно од него размислува Марјан Додовски, член на Совет на Град Скопје. Според него, неопходно е што побрзо Градот Скопје да почне да заговара имплементација на форма на затворен град. „Лично сметам дека е неопходна рестриктивна политика од речиси секој аспект. Во ваква ситуација градот живее далеку од соодветно, дури каубојски“ вели Додовски.

Социологот Илија Ацески е поблаг во размислувањето дали Скопје да функционира според примерот на Љубљана. „Не смееме да забраниме населувања во градот или привремени миграции, н, сепак, треба да се почитуваат одредени правила на игра. Симболично кажано, градот треба да биде затворен за оној што не може да го издржи товарот на главниот град, а за тоа треба секој сам да биде свесен“, смета Ацески.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=135C469D39D66C43AFCA1D18D158DCA7
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Jun-2010 at 00:53

Скопје густо како Токио

Според планот на Кензо Танге, Скопје требаше да има 350.000 жители, сега во него живеат двојно повеќе луѓе, а според некои истражувања, таа бројка во определени периоди во годината достигнува и до еден милион жители

Центарот на македонската метропола е со густина како Токио, со 5.500 жители на еден квадратен метар, па секоја влада во иднина треба да поведе сметка Скопје да стане затворен град, со тоа што ќе вложува пари за развој на помалите средини, беше главната поента на учениците на вчерашната трибина „Скопје - град од отворен или затворен тип?!“, во организација на Институтот „Политеја“. Трибината се одржа во Општина Карпош, па освен професори, архитекти, социолози, збор зеде и градоначалникот Стевчо Јакимовски. Според него, бидејќи градската власт и општините немаат шанси да најдат средства за развој на градот, секоја влада треба да инвестира пари од државната каса во крупни проекти, а истовремено и да се грижи за тоа каде новонаселените жители ќе се вработуваат. Како пример го посочи оној кога Владата издвои 93 милиони евра за изградба на обиколницата.

- Се залагам Скопје да остане отворен град, административен и бизнис-центар, но властите да обезбедат поквалитетен живот, а и самите граѓани да се стремат кон такво нешто - рече градоначалникот Јакимовски.

Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска, рече дека им се лутиме на Грците што така не' нарекуваат, но факт е дека Скопје е Македонија, а Македонија е Скопје. Отвореноста подразбира градот да биде отворен за разни комуникации со други градови, регионот или со светот. Но, се случил парадокс. Откако кон метрополата биле припоени и други општини, со цел да се урбанизираат, се случило спротивното - Скопје се рурализирало.

- Скопје е слика на политичка моќ. Граѓаните никогаш немале влијание, туку на ноќни сеанси, со политички критериуми, на градот беа припоени три, седум, десет општини. Отсуството на регионална политика за рамномерен развој нужно води кон егзодус и девастација на Македонија. Сите патишта водат кон Скопје - рече професорката Силјановска.

Акцент беше ставен на тоа дека градот не го уништи земјотресот во 1963 година, туку социјалниот земјотрес во 1990 година. Луѓето не можеле да бидат запрени да доаѓаат во потрага по работа. Силјановска ги прозва министрите, кои работат во Скопје, да се вратат во своите градови и од нив да направат Македонија, затоа што етичка обврска им е да ги развиваат градовите од кои доаѓаат, а не да остануваат во метрополата.

Архитектот Мартин Пановски кажа дека на градот му се случиле урбанистички пазарења, а како сликовит пример го посочи Дебар Маало, каде што малите куќарки беа урнати за изградба на големи згради и што поголем профит.

- Нема развој, нема урбанизам, само чист пазар - рече Пановски. Постземјотресниот урбанистички план за изградба на Скопје на архитектот Кензо Танге, како што потсети архитектот и претседател на „Политеја“, Емил Лазаревски, всушност предвидуваше град за 350.000 жители, а сега во него живеат двојно повеќе луѓе.

- Според некои истражувања, таа бројка, во определени периоди во годината, достигнува и до еден милион жители - рече тој.

Опасната поделеност на градот ја акцентираше социологот Илија Ацески.

За сегашната пренаселеност и нерамномерна урбанизација, според него, виновни се социјалистичките бирократи кои четири децении во Скопје концентрирале се', култура, образование, спорт, јавни служби, администрација.

- Нема друг град како Скопје така етничко-религиски поделен, а кој опстојува -рече професорот Ацески.

На трибината како модел за затворен град беше земена Љубљана, град кој извесен период бил затворен - оној што немал жителство не можел да се вработи и обратно, оној што нема работа, не можел да се стекне со жителство. Потоа владата направила проекти за развој на помалите средини.

- Се определуваат посебни средства за развој на малите градови. Тоа значи шанса сликата да не биде црно-бела, туку обоена. Скопје сега живее во црно-бел свет - рече Силјановска.

Институтот „Политеја“ е невладина организација чија цел е зајакнување на цивилниот сектор, а формирана е пред шест месеци.

Јорданка Ивановска


Балкански Лас Вегас

Скопје бил град во кој имало забава 24 часа. Дека немало подобра забава во регионални рамки, дури го споредуваат со Лас Вегас?! - рече на трибината професорката Гордана Силјановска. Констатирајќи дека забавата е само во центарот на Скопје, таа запраша дали и кога идните градоначалници мислат на граѓаните да им обезбедат мир, а не забава 24 часа.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5276FA50202B0E42B288A618139BABE9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 10-Jun-2010 at 00:52
Неколку пати имаме дискутирано на оваа тема. Еве денеска имало некоја трибина, па може да ни биде отскочна даска за ваква нишка.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.