Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#801 Posted: 03-Mar-2008 at 02:01 |
 Е зошто? Кој добива со тоа?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#802 Posted: 03-Mar-2008 at 01:43 |
Еј што сакам некој инат магарешки да се погоди па да не им ја плати казната, по судови да се влечкаат.
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#803 Posted: 03-Mar-2008 at 01:39 |
Originally posted by La Linea
Сега и комунална инспекција слави јубилеј - прва казна за фрлање шут
|
hahahahahhahaahahahahahahhaa....zakazana e zabava u sabota vo palas
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#804 Posted: 02-Mar-2008 at 23:06 |
Сега и комунална инспекција слави јубилеј - прва казна за фрлање шут
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#805 Posted: 02-Mar-2008 at 22:55 |
КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
Изречена првата казна за фрлање шут
Комуналната
инспекција на Општина Аеродром вчера ја изрече првата мандатна казна за
фрлање шут на јавно место врз основа на Законот за управување со отпад
и измените на овој Закон. Станува збор за лице што комуналните
инспектори го затекнале како фрла градежен отпад на недозволено место,
односно на јавната површина кај идниот терминал на последната автобуска
линија број 5, на крстосницата меѓу булеварите АСНОМ и Февруарски
поход. Казната од 50 евра, ако се плати во рок од 8 дена, може да се
намали за 50 проценти. Во спротивно, казната преку службите на
Министерството за животна средина ќе се наплати во целост, заедно со
сите дополнителни трошоци.
А.В. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1332&ArticleID=85968
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#806 Posted: 18-Feb-2008 at 19:16 |
Твој проблем друже  А ако не ти се свиѓа, уште подобро решение ти е да ги баталиш цигарите
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#807 Posted: 18-Feb-2008 at 18:50 |
e aj sea ke mknam so mene pepeljara da ne frlam pikavci na ulica.barem da ima na sekoi 50m kanta za gubre i za pikavci ko u gtc pa aj da umaraat so kaznive,a vaka bezveze e
Edited by se_manda - 18-Feb-2008 at 18:54
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#808 Posted: 18-Feb-2008 at 17:56 |
Работите на ова поле барем на хартија почнуваат да се движат во вистинска насока. Да се надеваме дека така ќе биде и во пракса! http://vecer.com.mk/?ItemID=17BA204CA0E78043877E4C32D35F6E59
САМО КАЗНИТЕ МОЖАТ ДА ГО СМЕНАТ МЕНТАЛИТЕТОТ НА СКОПЈАНИ
За фрлен отпушок казна 30 евра!
Најновите
измени на Законот за комунален отпад за првпат им овозможува на
градските и општинските комунални инспектори на самото место да
изрекуваат казни
Внимавајте,
доколку фрлите отпушок од цигара на улица, а ве забележи комунален
инспектор ќе мора да платите казна во противвредност од 30 евра. Ако ви
падне на ум ѓубрето да го исфрлите на јавна површина, џебот ќе ви
остане покус за 50 евра. Толку ќе платите и ако инспекторот ве фати
кога го оставате стариот шпорет на улица или покрај контејнерот.
Доколку се буните или не сакате да платите за својата несовесност во
рок од 8 дена, надлежноста за казните ја презема прекршочна комисија
при Министерството за животна средина, а тогаш и глобите се повисоки за
вредноста на судските трошоци. Од изминатата недела од кога и
официјално почнаа да се спроведуваат најновите измени на Законот за
комунален отпад и во пракса, фатени се тројца несовесни граѓани како
фрлаат смет на јавна површина.
-Иако измените се од пред два месеци во овој период не казнувавме,
бидејќи сакавме добро да ги проучиме нашите надлежности и да ги
подготвиме платните налози. Најновите измени на Законот за комунален
отпад за првпат им овозможуваат на градските и општинските комунални
инспектори на самото место да изрекуваат казни. Висината на казните за
секој прекршок е точно одредена и тука нема простор за манипулации.
Погодност е што доколку виновникот ја плати казната во рок од 8 дена,
таа ќе му биде намалена за 50 отсто, објаснува Александар Бошковиќ,
раководител на Секторот за комунална инспекција на Град Скопје.
Казните
за физички лица се движат од 30 до 200 евра во зависност од прекршокот.
Се казнува и испуштање на масло или пак, исфрлање на пепелникот со
отпушоци од возило и тоа 120 евра. Градските комунални инспектори имаат
ингеренции да казнуваат и фирми, притоа казните се до 2.000 евра, а се
казнува и одговорно лице со 400 евра. Во некои случаи е можно и да се
изрече мерка за забрана за работа на фирма, но тие се краткотрајни и
обично завршуваат пред окончување на судската постапка.
Граѓани коментираат дека казните се високи за наши услови, но велат
само така може да се смени менталитетот и старите лоши навики.
Недостасуваат инспектори Иако
во Градот се вработени 11 комунални инспектори, според Бошковиќ нивниот
број е недоволен со оглед дека на 30.000 жители е потребен барем еден
комунален инспектор. Изрекувањето на казни е одлично прифатено и од
страна на општините, бидејќи со овие средства се полни општинската
каса, но и таму бројот на инспектори е недоволен. Тие се среќаваат и со
потешкотии при спроведување на Законот, бидејќи често лицата не сакаат
да се легитимираат. Иако инспекторите се опремени со фото апарати,
идентификацијата мора да се бара од органите на МВР, што ја
одолговлекува целата постапка. |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#809 Posted: 29-Jan-2008 at 17:03 |
Originally posted by dejan
Od Vreme
Комуналната
инспекција на општина Аеродром засилено ќе ја контролира хигиената
околу дуќаните, а несовесните трговци и граѓани парично ќе се
казнуваат.
|
Не се сомневам , прв пат слушам за ваква иницијатива  ....
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#810 Posted: 29-Jan-2008 at 12:55 |
Od Vreme АЕРОДРОМ
Парични казни за фрлање отпад
Комуналната
инспекција на општина Аеродром засилено ќе ја контролира хигиената
околу дуќаните, а несовесните трговци и граѓани парично ќе се
казнуваат. Надлежните од општината апелираат до продавачите на
прехранбени производи, зеленчук и овошје своите производи да ги чуваат
на чисти места, а не на отворено и без заштита. - Отпадоците од
овошјето и од зеленчукот да се фрлаат на соодветно место, во кошниците
за отпадоци, а не покрај контејнерите или по улиците и површините со
зеленило. Сите правни и физички лица на подрачјето на општината имаат
обврска да ја одржуваат својата непосредна околина преку отстранување
на отпадот - велат од Аеродром.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#811 Posted: 18-Dec-2007 at 04:39 |
Конечно нешто да се покрене против оваа наша раширена примитивна навика. Честитки за општина Кисела Вода  Само да не олабават! Да одат одлучно и упорно! http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=756DD7ED15E8EA4E96DE043C2284DFB3
За фрлена хартија на улица во Кисела Вода казна од 30 евра

Во зависност од прекршокот, казните се движат до 500 евра
ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА
Триесет евра за фрлена
хартија на улица на подрачјето на Кисела Вода ќе бидат казнети сите
несовесни граѓани доколку на самото место бидат фатени од страна на
општинските инспектори за животна средина. Досега се изречени десетина
вакви казни. Овие мерки во општината почнаа да се применуваат од 25
ноември е се во согласност со измените на Законот за управување со
отпад и Законот за животна средина.
Надлежните посочуваат дека
казнени мерки постојат за речиси сите видови уништување на животната
средина. Во зависност од прекршокот, казните за физичките лица се
движат од 30 до 500 евра. Најскапо ќе поминат тие кои ќе бидат фатени
да оставаат градежен шут на недозволено место - ќе треба да платат 500
евра. Оној што ќе запали ѓубре во контејнер ќе биде казнет со 150 евра,
а доколку фрли ѓубре во природа, или на патишта, казната изнесува 50
евра. Толкава е и паричната казна за тие кои фрлаат градежен шут,
отпадни масла и гуми во урбани средини и во контејнери. Ако овие
материи се фрлаат во природата или на патиштата, предвидената глоба
изнесува 70 евра. Казнениот тарифник предвидува и казна од 100 евра за
фрлање каков било вид ѓубре покрај реки, бари и езера, а оние кои ќе
горат или закопуваат ѓубре во урбани средини, ќе бидат казнети со 150
евра. Висината на глобата за оние што ќе горат или закопуваат отпадни
гуми и масла во природата изнесува 200 евра.
Снежана Пиперевска,
раководител на Одделението за животна средина во Кисела Вода, објаснува
дека на сторителот на самото место му се издава платен налог за наплата
на глобата за прекршокот, при што казнетото лице треба да плати веднаш,
или во рок од осум дена. Доколку казната ја плати во предвидениот рок,
таа ќе биде намалена за половина. Во спротивно, против сторителот ќе
биде поведена прекршочна постапка.
„Досега се изречени десетина
казни и тоа сите за фрлена хартија на улица. Се' уште не се изминати
роковите за наплата, па не можеме да кажеме дали казнетите навремено ја
платиле глобата“, вели Пиперевска и посочува дека досега највисоката
казна што ја изрекле изнесува 3.000 евра и тоа против правно лице кое
изведувало канализација во Аеродром, а шутот го исфрлало на подрачјето
на Кисела Вода.
Инаку, во споредба со глобите за физички лица,
оние за правните се многу повисоки - изнесуваат од 2.000 евра нагоре.
Највисоката парична казна може да достигне сума и до 20.000 евра. Од
Кисела Вода информираат дека во инспекциската служба има двајца
инспектори за животна средина и еден комунален инспектор, кои работат
по 24 часа на ден и за време на викенди и празници. Согласно со
програмата за работа, тие со дигитални апарати го „снимаат“ целото
подрачје на општината. |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#812 Posted: 10-Dec-2007 at 17:08 |
Анимализам во „најевропскиот“ град. Фрапантно! Колку сум шокиран..
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#813 Posted: 10-Dec-2007 at 16:50 |
За „лошиве“ теми стално има материјали на претек
Фото вест

Скопјани
вчера цел ден на плоштадот Македонија прескокнуваа паднат канделабар -
ефект што веројатно го предизвикале некои несовесни граѓани во
саботната ноќ . Годинава неколку светлосни столба од плоштадот се најдоа наземи.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#814 Posted: 29-Nov-2007 at 14:25 |
Дива депонија кај Грчка амбасада Жителите и околните дуќанџии кај Порта Буњаковец во дворот на напуштена куќарка фрлаат кесиња со ѓубре, стари и искинати алишта и чевли, па дури и градежен материјал, штици и песок
|
Дворот на напуштена и руинирана куќарка во непосредна близина на Грчката амбасада, жители на околните згради ја претвориле во дива депонија. Купишта ѓубре со години наназад се расфрла од преминот кај некогашната сендвичарница "Аркадија" што води кон зградите од комплексот Порта Буњаковец. Ова место на граѓаните им служи како простор за фрлање смет. Покрај ќесиња полни со ѓубре, тука се фрлаат стари и искинати алишта и чевли, па дури и градежен материјал, штици и песок. Надлежните од ЈП "Комунална хигиена" велат дека по дислокација на контејнерите, кои од ова место се пренесени 50 метри подолу на улицата, во близина на "Електро - Скопје", граѓаните не ја почитуваат новата локација, бидејќи поблиску им е ѓубрето да го оставаат на старото место. "Контејнерите ги дислоциравме во договор со Општина Центар и градските власти бидејќи нашите камиони за подигање смет не можеа да влегуваат во таа слепа уличка", вели Југослава Поленак, портпарол на Јавното претпријатие. Од "Комунална" апелираат до граѓаните да ја почитуваат новата локација. Додека жителите на скопскиот центар и околните дуќанџии си ја префрлаат вината за депонијата едни на други, оваа црна точка опстојува како активен ѓубрарник во кој душкаат кучиња скитници и ѓубрето го разнесуваат по околината. (Б.Б.) | | |
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#815 Posted: 17-Nov-2007 at 03:43 |
Eve i od utrinski
|
| 
Аеродром ќе ги казнува уништувачите на урбаната опрема Општина
Аеродром ги предупредува граѓаните дека ќе почне со казнување на сите
граѓани кои ќе бидат фатени на дело како ја уништуваат урбаната опрема.
Општинарите посочуваат дека лицата кои ќе бидат затекнати на самото
место како ја уништуваат опремата, како и лицата за кои има сомнение
дека веќе извршиле таков чин, ќе одговараат за сторено кривично дело -
уништување на туѓи предмети, што, според член 243 од Кривичниот
законик, се казнува со парична казна или казна затвор до 3 години.
Овој
чекор на Аеродром се должи на увидот на нивната комунална инспекција
која изминатиов период констатирала речиси целосни уништувања на повеќе
заштитни П- огради, кошници за отпадоци, клупи и реквизити во детските
игралишта. Инспекторите регистрирале и се' почести руинирања на
плочките на пешачките патеки. „Уништената урбана опрема Општина
Аеродром веднаш ја замени со нова. Честите апели да не се уништува
поставената урбана опрема не помогнаа да се подигне културната свест
кај одредени граѓани, кои продолжуваат да се однесуваат
нецивилизирано“, додаваат од општината. |
Edited by dejan - 17-Nov-2007 at 03:44
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#816 Posted: 14-Nov-2007 at 15:50 |
Ова највеќе припаѓа тука ради несовесното однесување на газдата. Тоа што сите бегаат од одговорност не е ништо ново (не се ова лежечки полицајци  ). Ама јас не знам што е толку комплицирано во случајов. Нека го казнат и нека го упатат да газдата да си води сметка... Ако и понатака се инаети, нека исчистат и нека му преатат сметка. Ако нејќе да плати си има затвори... А во некои земји за ваква работа може да се покрене и конфискација. Не знам какво е она објаснување дека газдата никогаш не го нашле на самото место  . Дали ова го додал новинарот или навистина надлежните вака резонираат. http://vest.com.mk/default.asp?id=143452&idg=7&idb=2221&rubrika=Skopje
СМРДАЛНИК ВО СТРОГ ЦЕНТАР
Никој не сака да ја чисти "Аркадија"
И
Општина Центар и Градот се огласуваат за ненадлежни за расчистување на
ѓубриштето, бидејќи се работело за приватен имот, а сопственикот не
можеле да го најдат
Местото на кое се наоѓаше поранешната сендвичарница "Аркадија" на
булеварот Свети Климент Охридски претворено е во дива депонија и јавно
веце од кое низ цел центар се шири смрдеа. Откако прозорците и вратите
на сендвичарницата беа извадени, тука ѓубре фрла кој ќе стигне. Ништо
подобар не е просторот кој се наоѓа зад сендвичарницата, каде
расфрланото ѓубре е скриено со импровизирана железна ограда.
Жителите на овој дел од центарот на градот се ужаснати од ваквата состојба.
"Срамота е ваква депонија да се гледа во строгиот центар на градот. По
ѓубриштата кај 'Аркадија' секој ден душкаат кучиња и ќесите со отпад ги
разнесуваат наваму натаму. Не сме свесни на какви се зарази сме
изложени при секое минување покрај депонијата", се жалат жителите.
Тие бараат надлежните општински и градски власти да го расчистат
просторот, иако се работи за приватен имот и прашуваат како можат
комуналните инспектори да поминуваат таму секој ден, а да не преземаат
мерки.
Од Општина Центар велат дека расчистувањето смет не е во нивна
надлежност, туку дека е работа на ЈП"Комунална хигиена". Од таму не
сакаа да одговорат зошто досега не исконтактирале со сопственикот и не
извршиле притисок да се расчисти просторот.
Од секторот за односи со јавност на Град Скопје, пак ни рекоа дека
нивната екопатрола неколкупати се обидела да ги најде и предупреди
сопствениците за да си го расчистат ѓубрето тие сами, но бидејќи се
работи за напуштен објект, десега сопственикот не е најден на самото
место. Оттаму додаваат дека бидејќи се работи за приватен имот,
службите на нивното јавно комунално претпријатие немаат овластување да
влезат и да чистат. (Б.Б.) |
Edited by Cloverstack - 14-Nov-2007 at 15:54
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#817 Posted: 13-Nov-2007 at 17:17 |
...Значи колку мразам кога гледам дека има нешто ново постирано во овој тред
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#818 Posted: 13-Nov-2007 at 16:17 |
http://vest.com.mk/default.asp?id=143387&idg=7&idb=2220&rubrika=Skopje
НА УЛИЦАТА КАВАЛСКА ВО ПРЖИНО
Депонија под прозорец на дипломати
Од
ЈП"Комунална хигиена" апелираат до скопјани ѓубрето да не го оставаат
на улица, туку да се јават кај нив за да им донесат специјален
контејнер за кабаст отпад
Дива депонија од градежен шут, стари кревети, расипани апарати за
домаќинство и најразлично ѓубре скоро цел месец стои на улицата
Кавалска во населбата Пржино. Во куќите околу депонијата сместени се
странски дипломати, а како што велат жителите од оваа улица, таа секој
ден станува се поголема.
"Ѓубрето најверојатно го остава некој од нашите соседи. Прво почнаа да
оставаат градежен шут, а сега се трупа се и сешто. На странците што се
сместени овде им покажуваме дека сме навикнати да живееме со ѓубре",
велат жители од Кавалска.
Југослава Поленак од секторот за односи со јавност на ЈП"Комунална
хигиена" вели дека на оваа улица нивните екипи постојано ја чистат
дивата депонија, но дека несовесните граѓани повторно ѓубрето го
оставаат на неуредениот простор покрај улицата. Таа објаснува дека
ЈП"Комунална хигиена" прави акции за отстранување кабаст отпад од
домаќинствата, но дека тоа не е нивна редовна задача. Според неа, секој
што има стари работи за фрлање треба да ја повика ЈП"Комунална хигиена"
за да го отстранат отпадот.
"Ние и овој пат ќе ја расчистиме депонијата, но тоа не е решение. Секој
што има стари работи за фрлање може да се јави на нашиот дежурен
телефон: 3216-664 и да побара контејнер за кабаст отпад. Оваа услуга се
наплатува и едно подигање чини 1.500 денари. Ако оваа сума им е многу
голема, можат да се договорат со соседите од улицата да не повикаат и
да направиме акција, но ѓубрето никако не смеат да го оставаат на
улица", вели Поленак. (Е.А.)
|
Без казни ништо не правиме...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#819 Posted: 01-Nov-2007 at 01:17 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DBB444822889E2438F3FB6AF6C5BDA2C
Сезоната на петарди секоја година почнува се' порано
Експлозии одекнуваат и дење и ноќе, а граѓаните немаат одмор и сон
 Слободниот
влез на петарди во земјава, овозможува солидна снабденост на пазарот, а
веројатно и заработувачка. Доказ се полните тезгиња на кои можат да се
најдат петарди од најразличен вид
СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА
Петардите и годинава им
го нарушуваат мирот на скопјани. Силни експлозии постојано ги
вознемируваат граѓаните, во секое време од денот или ноќта. Луѓето
коментираат дека сезоната на петардите одамна е започната, за разлика
од некогаш кога се пукаше само околу Нова година. А, таа да биде
поуспешна се погрижиле бројните шверцерски канали на кои очигледно
никој ништо не им може. Со години приказната се повторува, а надлежните
ништо не преземаат. Граѓаните се револтирани, бидејќи токму можноста за
слободен влез на петардите во земјава им овозможува и добра снабденост
на оние кои се занимаваат со нивна продажба. Доказ за тоа се полните
тезгиња на зелените пазари на кои можат да се најдат петарди од
најразличен вид. За нивната продажба скопјани велат дека се одвива како
да е најлегална. Родителите нагласуваат дека од петардите често
страдаат децата, а други пак тврдат дека има и возрасни кои уживаат во
нивните пукотници. Во една од скопските населби петардите се продаваат
покрај сите други пиритехнички средства, ракети и огномети. Таму
купувачите имаат можност и на самото место да го проверат интензитетот
на одреден вид петарда.
Од Пазарната инспекција велат дека
петардите ги третираат во акциите за запленување на пиротехника, а кога
тие ќе се одземат, се носат во депо и потоа се уништуваат. Тврдат дека
постојано се на терен и соработуваат со полицијата. „Немаме бројки
колку петарди сме одзеле, бидејќи никој не не' тера да правиме
спецификации за нивното одземање. Но, постојано сме на терен и
соработуваме со полицијата. Кога одземаме петарди од познат сторител,
тогаш против него се поведува судска постапка“, вели Владимир Кочовски,
првиот човек на Државниот пазарен инспекторат.
Борче Пешевски,
портпарол на МВР, вели дека од почетокот на годинава до вчера биле
запленети 322.359 парчиња најразличен вид петарди. Против повеќето
сторители биле поднесени кривични и прекршочни пријави. „Овие
пиротехнички средства кај нас не се произведуваат и најчесто влегуваат
од соседна Бугарија. Затоа, МВР ги презема сите потребни мерки и на
границата и во внатрешноста. Порано беше практика шверцерите да се
снабдуваат со петарди пред новогодишните празници, а сега тоа го прават
во текот на цела година“, објасни Пешевски.
|

|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#820 Posted: 27-Oct-2007 at 18:39 |
ова е ваљда примитивизам.... Колку ќе трае само решението овој пат
АКЦИЈА НА ИНСПЕКТОРИТЕ Отстранет дивиот кванташки пазар зад „Рамстор“
Градските комунални инспектори во соработка со државните пазарни инспектори и со припадници на полицијата деновиве ги отстранувале дивите продавачи на плоштадот „Македонија“, на Камени мост, а ги дислоцирале и камионите од кванташкиот пазар зад трговскиот центар „Рамстор“, соопштуваат од градската управа. Акцијата била спроведена по иницијатива на градската инспекција. Од плоштадот и од Камени мост биле отстранети вкупно 14 импровизирани тезгиња, при што градската инспекција подготвила записници за да поднесе прекршочни пријави против продавачите, а пазарните инспектори им ја заплениле стоката и ја складирале во нивните магацински простори. Во текот на вчерашниот ден, пак, инспекторите од овие институции почнале да ги отстрануваат камионите на Јужен булевар, каде што со месеци функционира див кванташки пазар за земјоделски производи. Припадниците на МВР им ги одземале документите за идентификација на возачите на камионите, кои биле недозволено паркирани на јавни површини. Градските инспектори ги подготвувале записниците, а пазарната инспекција ја одземала стоката. Вкупно се подготвиле дваесетина записници.
|
|
 |