![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4142434445 159> |
Author | ||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
![]() Цела Љубљанска е раскопана, а беше обновена годинава или претходната година. Плус да не зборувам дека при прекопи воопшто не се замара никој да стави премин и сигнализација за точаците на велосипедските патеки, бидејќи ние не сме сообраќај во нивните очи. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Може ли улиците да се раскопуваат само еднаш
![]() Еден од забележливите проблеми со кои се соочуваат скопјани е раскопувањето на улиците и тоа неколкупати за поставување различни инсталации. Ако една улица еднаш е раскопана за поставување водоводни цевки, другпат се копа за да се постават некакви кабли, третпат за нешто трето. Раскопани улици и тротоари, нечистотија, прашина или кал се чeста скопска слика. Раскопано е сега во центарот на градот пред Тутунска банка, а многумина се прашуваат зошто не се направи тоа во некои подобри временски услови и во период кога има помала фреквенција на луѓе. Други, пак, ја посочуваат улицата Илинденска, а до скоро беше раскопан пешачкиот дел со павер-елементи близу локалните маркети на булеварот Босна и Херцеговина. Граѓаните сѐ уште газат по кал за да дојдат до автобуската станица на линијата со бројот 57. На истиот простор останаа и купишта од павер-коцките. Многупати фирмите што копаат делови од улици, иако имаат обврска да го вратат во првобитна состојба она што го раскопале, не го прават тоа. И бидејќи постојано е така, кога се преземаат вакви градежни активности на улиците и тротоарите, граѓаните се прашуваат дали има начин да се спасат од овој инфраструктурен хаос. Поставуваат прашање дали е можно кога се гради или проширува некој булевар истовремено да се постават сите подземни инсталации, за потоа да не се копа повторно. Ако веќе се поставуваат фекална или атмосферска канализација, зошто во исто време да не се постават и гасоводните цевки, па кога ќе дојде до дистрибуирањето на гасот до домаќинствата работите многу ќе се олеснат. Постојаното прекопување е проблематично и поради тоа што не постои подземен катастар, па поради тоа се случуваат инциденти во кои има прекин на постојни инсталации што предизвикува прекини или во снабдувањето со струја или со вода. На вакви примери честопати се жалат и жители на Аеродром. – Многупати сме останале без вода, без струја или интернет само поради тоа што постојано нешто се копа во Аеродром. Дали од невнимание или затоа што немаат подземен катастар ќе удрат на некоја цевка или кабел и цел ден ќе останеме отсечени. Еднаш кога копаат нека постават сѐ што треба од цевки и кабли и повеќе нека не нѐ заморуваат со вакви работи – вели жителка од населбата Ново Лисиче. Таа и многу други додаваат дека еднократното копање и поставување на сите можни кабли и цевки под земја ќе ги поштеди граѓаните од ваквите проблеми. Од градот, пак, тврдат дека во согласност со новиот план за работа, промовиран минатата година, веќе се координираат со сите приватни субјекти на тој начин што им го доставуваат планот за реконструкција на улиците и булеварите во текот на претстојната година. Целта е да се искористат градежните работи за вршење на сите потребни интервенции, па и за реконструкција и поставување инсталации. Од градот ни изјавија дека по завршување на градежните работи нема да смее да се врши прекоп на соодветната улица во период од две години, освен за итни работи, како на пример дефект на водовод и слично. – Сите инвеститори се должи да внимаваат и состојбите да ги враќаат во првобитната положба. Поради изградбата на булеварот Босна и Херцеговина, по целата должина се копа и се поставуваат сите потребни инсталации, додека во близината на локалниот маркет се вршат активности за изградба на гасоводна мрежа, а инсталации поставуваат и од ЕВН. На булеварот Илинден, во близината на крстосницата со улицата Љубљанска се извршени прекопи за изградба на водоводна и фекална канализација и тоа од вкрстувањето со Љубљанска до новите згради кон општината Центар. На улицата Кирил и Методиј, пак, прекопи вршат вработените од ЕВН – информираат од градот Скопје. Ако градските власти тврдат дека две години една сообраќајница никој не ќе смее да ја раскопува, освен ако не станува збор за дефект на мрежа, тогаш ништо друго не им преостанува на граѓаните, освен да се надеваат дека ќе му се стави крај на неколкукратното раскопување на една иста улица и нема повеќе да газат по кал и прашина. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/може-ли-улиците-да-се-раскопуваат-само/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Проширувањето на ул. Босна и Херцеговина. Темпото на работа тука е многу бавно, направен е ископ за другите две ленти.
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Инаку, изразот „непланска урбанизација“ претставува еден вид оксиморон.
Оксиморон (буквално значење - остроумна глупост) е стилска фигура којашто се создава со спојување на два противречни поими. Нова улица во Тафталиџе1 Општина Карпош проби нова улица, „Новопланирана“ 3, во Тафталиџе 1, помеѓу улицата „Прашка“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“. За нејзина целосна реализација беше извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Долж улицата се поставија и два тротоари, со што е овозможено безбедно движење на пешаците. Оваа нова улица, во голема мера ќе го рестовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж. ![]() https://plusinfo.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%84%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%9f%d0%b51/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Podobro e da gi iskoordiniraat semaforite kako sto treba bidejki na nekoi mesta zelenoto za pesaci trae nepolni 15 sekundi a crveno e 2-3 minuti i toa na dosta frekventni mesta(kaj Gradska bolnica,kaj avtobuska),kaj avtobuska pesackite se mnogu opasni bidejki ima goelmi vdlabnatini od teski kamioni,avtobusi koi nikoj ne gi poprava so godini.
Ova so tasterite ne e nekoe svetsko cudo go ima niz mnogu gradovi no ke vidime kaj nas kolku ke trae... |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Хахахаха, донација за тастер. Е стварно се отидени.
Каков срам за државава е самото менаџирање на градов. Како да водат некој селски град, а имаат милионски буџет. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Донација чоече, за тастер на пешачки премин во 2019 година.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ПОСТАВЕН ПРВИОТ ТАСТЕР ЗА ПЕШАЦИ НА СЕМАФОРОТ НА БУЛЕВАР СРБИЈА
На барање на граѓаните, на семафорите на булеварот Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин. Целта на оваа активност на Градот Скопје и на компанијата ОКТА е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар. - На барање на граѓаните, по немилиот настан минатата година кога на овој пешачки премин загина пешак, Градот Скопје на оваа локација постави семафор за да овозможи побезбедно поминување на пешаците преку булеварот. Наидовме на разбирање кај компанијата ОКТА за да воведеме и еден поинаков систем – во моменти кога нема толку многу сообраќај на улицата да може со притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал за да се зголеми безбедноста на пешаците при преминувањето на улицата, особено на децата од оваа околина коишто одат на училиште - рече денеска градоначалникот Шилегов, на ставањето во употреба на новиот механизам за регулирање на сообраќајот. Тој потсети дека Градот Скопје на булеварот Србија годинава изгради и велосипедска патека која ги поврзува главните велосипедски рути во Аеродром со Кисела Вода и Гази Баба. - Сакаме да воведеме безбедно движење со одржлива урбана мобилност. За мене е императив сите решенија коишто ги нудиме како градска администрација да се во насока на одржливата урбана мобилност, а пред се, да се безбедни за граѓаните, особено за најранливите категории во сообраќајот. Мислам дека тие промени, чекор по чекор, стануваат видливи благодарение и на вакви општествено одговорни компании како што е компанијата ОКТА, а ние ја зголемуваме безбедноста на граѓаните – нагласи Шилегов. Тастерот на семафорот на булеварот Србија е донација од компанијата ОКТА со која се предвидува поставување вакви тастери на повеќе пешачки премини на градските булевари. ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Започна да се спроведува новото сообраќајно решение за урбаната заедница „Владо Тасевски“ (потегот околу „Млечен“) .
Сообраќајното решение во голема мера се карактеризира со еднонасочен режим на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, но и да се намали метежот. Кога возилото од бул. „М.Т.Гологанов“ ќе се приклучи кон ул. „Анкарска“ ќе се соочи со мал дел на двонасочна сообраќајница, а потоа се надоврзува на еднонасочниот сообраќај. Еднанасочниот режим на сообраќај се протега долж улиците: „Анкарска“, „Багдадска“ (во најголем дел), „Бахар Моис“ и дел од „Борка Талески“. Долж посочениот потег поставени се 300 нови сообраќајни знаци (вертикална сигнализација), а обележана е и нова хоризонтална сигнализација. Ги повикуваме сите граѓани да го почитуваат новиот сообраќаен режим, кој има за цел да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, имајќи предвид дека во оваа урбана заедница има и воспитно – образовни установи. ![]() https://karpos.gov.mk |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Прашање е колку ефективен би бил кружен тек само на оваа раскрсница без дополнителни модификации долж булеварот „Гоце Делчев“. Студијата од 2018 покажа дека оваа раскрсница во правец исток-запад е најфреквентна и сигурно треба да биде приоритет, на метежот лесно може само да се пренесе пред МОБ. Ова е едно од понудените решенија за четирите крстосници од „Гоце Делчев“ од истата студија („Мавровка“ е бр. 2). Зелените ленти се надвозници, сините подземни премини. ![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Кружен тек со подземна улица долу е решение, само кружен тек е жива глупост.
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ќе има кружен тек, но не се знае кога
![]() Кружен тек со надвозник кај Судска палата е решението што може да го растовари сообраќајниот метеж на оваа семафорска раскрсница, низ која се спојуваат Бит-пазар и градот и која е главниот излез на Скопје кон север и југ од Македонија. Градските власти сега прават анализи каков би бил пристапот со кој ќе се интервенира на семафорската раскрсница меѓу Судската палата, ТЦ „Мавровка“, Националната библиотека и универзитетот „Кирил и Методиј“. За потребите на проектот се вршеа мерења колкава фреквенција на возила има сега, а бројките достигнаа до рекордни 180 илјади за едно деноноќие. Сообраќајните експерти се едногласни дека оваа крстосница е една од најоптоварените, ако не и најоптоварена во градот. Експертите сметаат дека не на сите семафорски раскрсници кружните текови би биле најсоодветното решение и затоа претходно треба да се направат анализи. Освен кружните текови, потребно е проширување на дел од скопските булевари. Преку тие зафати треба да се растовари сообраќајот и да го олесни секојдневието на возачите што постојано се заглавени во колоните од возила на многу сообраќајници низ градов. – Градот Скопје презема големи активности за растоварување на сообраќајниот метеж. Раскрсницата кај Судска палата е најфреквентната, каде што дневно поминуваат помеѓу 70 и 80 илјади возила. Пред неколку седмици од страна на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се евидентирани рекордни 180.000 возила во текот на 24 часа. Во моментов се прават анализи за конкретната сообраќајница и пристапот кон кој би се интервенирало на неа. Паралелно со ова, градот Скопје работи на повеќе проекти што директно треба да го намалат сообраќајниот метеж во оваа конкретна точка, преку зголемување на капацитетите на постојните сообраќајници, како и изградба на нови сообраќајни алтернативи. Како најважен во овој сегмент можеме да го наведеме проектот за мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек што ќе го поврзува булеварот Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-косовска бригада. Еден од главните бенефиции со реализацијата на овој проект е токму намалување на метежот на раскрсницата кај „ТЦ Мавровка“ преку давање сообраќајна алтернатива за возилата што доаѓаат од центарот од Бутел и Чаир. Тука, секако, е и проектот за проширување на булеварот Никола Карев, таканаречената Пластичарска улица, кој започна со реализација изминатиов период и значително ќе го зголеми протокот на возила и директно ќе влијае на намалување на бројот на возила што сообраќаат на крстосницата – објаснуваат од градот Скопје. Сообраќајни експерти велат дека кружниот тек со надвозник кај Судска палата е веќе вцртан во Генералниот урбанистички план на Скопје и тој, секако, ќе се реализира, а целта е сообраќајно да се олесни овој дел од градот. – Мерењата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот покажаа дека оваа семафорска раскрсница е преоптоварена. Кружен тек со надвозник ќе биде идеално решение. Но не може секојпат кружниот тек да биде решение. Мора да се направат сериозни анализи за да се проектира конечно решение – објаснува Николче Спасовски, дипломиран сообраќаен инженер и проектант. Во насока на растоварување на сообраќајниот метеж е изградбата на булеварот Босна и Херцеговина, како и втората фаза од проектот за изградба на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, на потегот од улицата Натанаил Кучевишки до скопската обиколница. Но и сега, наместо по обиколницата, многу товарни возила поминуваат по градските сообраќајници и создаваат дополнителен метеж. Кружен тек беше планиран и на крстосницата кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а, според планираното, тој требаше да е најголем од сите што се изградени досега. Тој би ги поврзал булеварите Kлимент Охридски, Мајка Тереза, Јордан Мијалков, Свети Kирил и Методиј, Митрополит Теодосиј Гологанов, сѐ уште незавршениот подземен булевар на фирмата „Лимак“ и улицата Васил Ѓоргов. Кога ќе биде готово тоа, никој не може да каже со сигурност. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ќе-има-кружен-тек-но-не-се-знае-кога/?fbclid=IwAR183tIbv0XxCv4GKkadZYakiZDbeI33-nUpZqPpVuDJmJt1lrHPFgPbuvQ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
извор: фејсбук страницата на Борис Георгиевски (градоначалник на Општина Гази Баба) ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Нема поголеми провинцијалци од старите скопјани. Они би го замрзнале Скопје во време и не би примале никого. Големината на еден град е меѓу другото и разноликоста на луѓето.
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Инаку ако провинцијалците оставеа се во рацете на вистинските, исконски, антички Скопјани, Скопје ќе беше Лондон на Балканот. Ах тие проклети провинцијалци! А толку малку фалеше...
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
За жал таквите ко тебе од провинција и го уништија Скопје... Како за почеток разгледај го проектот за тунели под Кале и што тоа ќе значи за зелените површини во делот кај Градски Парк. |
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Mn biten proekt se i tunelite na kale. Tie bi oformile kruzen tok nad semaforite koi sega postojat, pa taka ako ne se lazam od kasarnata do avtokomanda ke imame bulevar na nivo na urban avtopat, bez semafori i pesacki. Se razbira se ova paga vo voda ako divjaci parkiraat po vtorata lenta. Toj haos neznam kako kje go resat samo inace super e ova i treba da se razmisluva za prosiruvanje se do obikolnicata i avtopatot prema Kosovo.
|
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Конечно!!! Особено нема веќе кабли да висат а истотака ќе добие булеварот нов лик. Да #чекор по чекор!
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица
![]() Град Скопје започна со првата фаза од реконструкцијата и проширување на булеварот „Никола Карев“ или попозната како Пластичарска улица. Ова може да се види од фотографиите што на фејсбук ги објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Како што информираат од Градот, предвидена е целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Детелинка“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило. Булеварот ќе добие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, како и дислокација на електрични и телекомуникациски инсталации. Со овој проект е предвидена и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил, во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2.552 метри. (А.П.) https://www.vecer.press/почна-реконструкцијата-и-проширувањ/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Зошто новиот булевар Чаир – обиколница со години чека бел ден?
![]() На скопјани никако не им е јасно кој е виновен што новиот булевар – кој треба да значи директен излез од Чаир на обиколницата, без да се влегува во Бутел, со години не се завршува и стои онаму каде што застана кога се промени власта. – Уште само малку остана, а никако да го завршат. Кога прашуваме во општината Бутел ни велат оти градоначалникот на Скопје е одговорен и тука завршува приказната, вели за „Скопско ехо“ Соња М. жител на Чаир. – А што да се каже, кога кај нас има се уште населби кои немаат канализација, немаат вода за пиење, немаат асфалт… кога вака набројуваме, булеварот му доаѓа како луксуз, ни вели нејзиниот сограѓанин Исмаил Р. кој живее на улицата Џон Кенеди. Медиумите бараат одговори од Петре Шилегов, односно тоа го бара и од неговиот претходник. Имено Коце Трајановски го обвинува Шилегов дека требал да заврши нешто што било речиси 90 проценти готово. Барем така најави Трајановски своевремено кога почна со градењето 2015 година, па вети дека за 13 месеци ќе биде готово. Сега сме 2019 година, а булеварот не е мрднат понатаму. Актуелниот градоначалник доцнењето го образложи со тоа дека ако проектот се реализира како што е предвиден, пола Скопје ќе остане без вода и електрична енергија. Алтернатива, не даде. Булеварот требаше да го реши хаосот што се создава во сообраќајот во овој дел од Скопје. Дали ќе види бел ден или ќе остане желба до некаде остварена, па заборавена во политичките пресметки? https://skopskoeho.mk/zoshto-noviot-bulevar-chair-obikolnitsa-so-godini-cheka-bel-den/?fbclid=IwAR0tQw38EFrbThSssNCHzoMNLrG8oxFjUZSOU9PeCfKyr-fP6R10ebsAF0g |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4142434445 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |