Author |
Topic Search Topic Options
|
Vahr
Newbiе
Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#861 Posted: 18-Feb-2010 at 11:36 |
господа ... сигурно слушнавте за измените на дупот во делот околу света богородица. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9E07930868B6B14F8657180C8B93F91E
Ги има ли некој од вас видено промените ? имаме ли некој подетални информации ?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#862 Posted: 08-Feb-2010 at 14:12 |
ПОКРАЈ МНОГУБРОЈНИТЕ НАЈАВИ
Бездомниците се уште под Железничка
Елена Мачевска
Запуштен,
обраснат со грмушки и со огромни купишта ѓубре расфрлано на сите
страни, вака изгледа просторот до мостот до Транспортниот центар, кај
новата железничка станица, кој се наоѓа во центарот на Скопје.
Градските и општинските власти и покрај многубројните најави дека еднаш
засекогаш ќе го урбанизираат овој простор од каде што секојдневно
поминуваат илјадници граѓани од земјава, но и од странство, до сега не
направија ништо. Многу често на ова место можат да се забележат и
дивоизградени привремени живеалишта на граѓаните, чијашто што
единствена егзистенција е собирањето пластични шишиња и картонски
кутии. Засолниште од дожд, сонце или од ветер под мостот наоѓаат
големиот број бездомници, кои таму најчесто престојуваат во овој период
од годината. Ваквата очајна состојба во која се наоѓа просторот под
новата железничка станица создава незадоволство кај граѓаните што
живеат во близина или кои секојдневно поминуваат од тука. - Страв ми
е да поминувам од таму преку ден, а не, пак, навечер кога нема никакво
осветлување. Многу е морничав овој дел од железничката станица, а
дополнителен проблем е ѓубрето што постојано се фрла, а неретко луѓето
што престојуваат тука го палат за да се стоплат. Тогаш се шири
неподнослива смрдеа - вели Каролина од Аеродром. Од ЈП „Комунална
хигиена“ признаваат дека последен пат голема акција за расчистување на
тој простор имало минатата година, кога биле исчистени дивите депонии. -
Освен ваквата поголема акција, таму редовно, еднаш или двапати месечно
се мете и мие улицата, а сега, во зимскиот период, само се мете. Наша
надлежност е да го собереме комуналниот смет само од садовите поставени
за таа намена, како што се контејнери или канти за отпадоци, додека
дивите депонии ги расчистуваме само по барање од страна на Град Скопје
- објаснува Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“.
Лаова вели дека ваквиот проблем со дивите депонии, кој бил
карактеристичен и за другите делови под железничката станица, е
надминат на просторот што е урбанизиран, односно откако таму е
изградена автобуската на ЈСП „Скопје“. Од Град Скопје тврдат дека
нивните комунални инспектори периодично, заедно со надлежните инспекции
од Општина Аеродром, во рамки на своите надлежности спроведуваат
активности за расчистување на дивите депонии под железничката станица,
како и на целиот тој потег околу транспортниот центар. - За заштита на
дел од просторот, од наша страна е уреден делот од околните површини во
привремени паркиралишта, со што се намали можноста за нивно натамошно
деградирање во диви депонии - велат од Одделението за односи со јавност
на Град Скопје. Во врска со тоа, кога и на кој начин Град Скопје и
Општина Аеродром ќе најдат конкретно решение за овој проблем што се
провлекува со години наназад, никој не сакаше да прецизира. Од Општина
Аеродром, на чијашто територија се наоѓа овој простор, само кратко ни
одговорија дека од нивна страна се уште не е донесен ДУП за
Транспортниот центар, без притоа да прецизираат кога ќе се најде пред
општинските советници. Пред неколку години Град Скопје најави дека
токму тој дел ќе биде претворен во „адреналински“ парк каде што на
љубителите на екстремните спортови требаше да им бидат обезбедени
услови и да бидат поставени соодветни реквизити за да можат да уживаат
во своето хоби. Откако ваквата идеја не беше реализирана, беше најавена
изградба на паркинг на две нивоа. Прво требаше да се изгради првото
ниво, а потоа на столбовите од Железничката станица да се направи уште
едно, монтажно ниво на паркиралиште. Сепак, од ваквите идеи до сега
ниту една не е реализирана. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1938&ArticleID=133433 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#863 Posted: 30-Jan-2010 at 01:00 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#864 Posted: 30-Jan-2010 at 00:53 |
А еве и како тоа отприлика би требало да изгледа:
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#865 Posted: 30-Jan-2010 at 00:40 |
Надземна и подземна гаража во Битола
ПЕТОК, 29 ЈАНУАРИ 2010 17:19
Повеќе од 800 паркинг места ќе се овозможат со двете катни гаражи кои се планираат во централното градско подрачје. Под тревникот пред Центарот за култура ќе се гради подземна гаража на два ката, а додека во просторот зад хотелот Македонија, поранешната летна бавча на киното Македонија и зад зградата на ЈАТ ќе се гради надземна гаража со 6 до 7 полуетажи. Во подземната гаража ќе се влегува со подземна сообраќајница.
-Од зградата на ЈАТ, после пресекот со улицата „Никола Тесла" во должина од 50-тина метри почнува да слегува со рампа, се спушта под нивото на улица „Маршал Тито", поминува едно стотина метри од каде се влегува во подземните гаражирања и некаде пред зграда „Пелагонска" излегува и продолжува по улицата „Климент Охридски", рече Јорго Шундовски, изработувач на планот.
Одлуката за утврдување на нацрт-планот на ДУП за „Централното градско подрачје" кој се однесува на блок 10 и 16 вчера беше пред советниците. Планот беше пуштен до ресорното министерство за мислење.
Според советникот Чоревски со ова ќе се земе мирот на граѓаните наместо да се направела пешачка зона во центарот на градот. Во просторот над подземната гаража е предвидено соодветно партерно уредување, на што реагираше Чоревски.
-Значи архитектурата на Битола е препознатлива како стар град. Со ова ќе се смени тотално центарот на Битола, со новите споменични обележја на Битола. Сега доаѓам на сознание дека всушност онде ќе си остане само фонтаната, а Филип ќе го преместат пред театарот, рече Борис Чоревски, советник од СДСМ.
Опозицијата ја интересираше и дали тука ќе има деловни објекти.
-Што во тој случај би се проширила и намената на тие објекти, би станале паркиралишно-деловни објекти, изјави Златко Ќурчиевски, советник од СДСМ.
Шундовски објасни дека на првото подземно ниво има дел направен како деловен простор со големина од 2500 метри квадратни во кој се предвидени ситни дуќанчиња.
-Тие дуќани се направени за оваа замисла да има финансиска реалност. Ќе има зашто овие локали имаат реални инвеститори кои можат да дојдат и да се јават да можат истоте да ги градат. Со тие пари ќе може да се изгради карабината на катната гаража, вели Шундовски.
Од Комисијата за урбанизам велат:
-Сите овие дискусии изработувачот ќе ги земе предвид и кога ќе дојде друга фаза, ќе бидат вградени. Со решавање на сообраќајниот хаос да не се земе мирот на граѓаните како што рече советникот Чоревски и да нема во центарот на градот милион возила едно над друго, изјави Златко Милошевски, претседател на Комисијата за урбанизам.
Споменикот на Милтон Манаки и споменикот на паднатите борци пред Центарот на култура привремено би се дислоцирале за време на изградбата, а откако ќе биде се готово повторно ќе се вратат, рече изработувачот на планот. Одлуката беше изгласана со 17 гласа за и 9 воздржани. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17269&Itemid=106
Абе јас од ко бев многу мал си замислував колку е паметно тука да има подземна гаража. Е сега дали јас бев многу умен или политичарите секогаш имаа попаметна работа од вакви баналности не знам. Ај баш да видиме дали некогаш ќе се реализира ова. Не знам за кој мир на граѓаните воопшто зборуваат, демек ако има плоштад наместо паркинг ќе се земе мирот?
И класика, на сајтот на општината ништо за ова.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#866 Posted: 29-Jan-2010 at 01:50 |
Битола ќе има винарска визба
БИТОЛА - Советот на Општина Битола вчера донесе одлука со која
почнува постапка за изработка и донесување урбанистички план за
изградба на винарска визба. Индустрискиот капацитет ќе биде лоциран во
катастарското подрачје на селото Лисолај, познато по големите лозови
насади и квалитетните сорти грозје. Постапката за изработка и
донесување на урбанистичкиот план ќе ја финансира Владата. Битолските
советници вчера донесоа одлуки и за неколку други урбанистички планови
што ќе создадат можности за изградба на сервиси и мало стопанство во
месноста Буковски Мост, стопански комплекс во местото Дрми...
http://utrinski.com.mk/?ItemID=7D9C460E1DDF9642991A20B62F43DECF |
|
 |
cukiigor
Newbiе
Joined: 09-May-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#867 Posted: 25-Jan-2010 at 09:09 |
Документот е Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и може да го симнете овде http://rapidshare.com/files/340719494/Pravilnici.rarзаедно со Правилник за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови. Рарот е 203 КВ.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#868 Posted: 25-Jan-2010 at 04:05 |
Originally posted by cukiigor
Ми пречи:
- Што е намалена парцелата за Црквата - Што е извадена од планот Амбулантата. - Што е изваден Хотелот - Што се дозволени големи висини на изградба 22,5м и 60м - Што имаме 3 трговски центри во Карпош 3 во ист потег, а сега и 4ти.
|
За 1 и 2 се слагам (да не знаш зошто две маркички за верски објекти една до друга?) За 4 лично не би рекол дека се работи за големи висини, особено кога ќе се земе во предвид големината на површината. Напротив, ми пречат онакви смешни висини како во претходниот план (приземје плус 2 ката и максимум 10m висина). Сметам дека би било колосално промашување ваква голема и атрактивна површина да ја пополнуваме со објекти од типот на „Три Бисери“. За 3 и 5 мислам дека е работа што ја диктира пазарот и дека дали има потреба од хотел и дали има потреба од трговски центар, во ваков случај (голем повеќенаменски комплекс на еден инвеститор) веројатно најдобро да се остави да цени инвеститорот. Исто така, веројатно овде се планира голем трговски центар во стил на класичен „мол“, а Алуминка, Лептокарија и сличните се друга приказна. ПС Благодарам за постираниот документ (не сум сигурен дали е некој закон или некаков правилник)  Ама сега сум уште повеќе збунет околу зацртаната намена А3 на овој простор...
Edited by Cloverstack - 25-Jan-2010 at 04:06
|
 |
cukiigor
Newbiе
Joined: 09-May-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#869 Posted: 25-Jan-2010 at 03:34 |
Ми пречи: - Што е намалена парцелата за Црквата - Што е извадена од планот Амбулантата. - Што е изваден Хотелот - Што се дозволени големи висини на изградба 22,5м и 60м - Што имаме 3 трговски центри во Карпош 3 во ист потег, а сега и 4ти. 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#870 Posted: 25-Jan-2010 at 02:57 |
cukiigor што поконкретно ти пречи во измените?
Лично мене најголема резерва ми е концептот на мегапарцели, то ест недефинираноста на маркички. Но бидејќи во табелата се јасно дефинирани клучните параметри, не гледам некоја опасност за непријатни изненадувања. Сепак се работи за голем неурбанизиран простор и голема инвестиција, па во одредена мерка и корисно е да се има слух за инвеститорот (слично како за G Mall). Важно е само да не се излегува од здрава урбанистичка логика. На пример она што е спомнато во текстот со издувните гасови за мене не е легитимен аргумент. Она за терените на „Партизан“ држи, но со ДУП-от е предвидено тоа да се компензира со уште поголем простор за спорт и рекреација во североисточниот агол на опфатот, каде што досега имаше „дивина“. Се на се, не можам да лоцирам некоја заврзлама (а верувај, по карактер сум склон кон критикување дури и за ситници), ама можеби нешто ми промакнува... Кои се твоите замерки на ДУП-ов?
Туку ме збуни шифрата А3. Побарав по нет, тоа било „групно домување“. А во сите досегашни ДУП-ови што сум ги видел за колективно домување се користи шифра А2 која е опишана како „семејно домување во згради“. Епа што е финтава со тоа „групно домување“, сигурно не се работи за Кибуц... Има ли некој објаснување за разликата помеѓу А2 и А3?
|
 |
cukiigor
Newbiе
Joined: 09-May-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#871 Posted: 24-Jan-2010 at 22:59 |
Реонски Центар Карпош 3 Стариот ДУП За Реонски Центар Карпош 3  Новиот ДУП За Реонски Центар Карпош 3  Реакции  Е ова е Урбана Мафија Дами и Господа.  Веќе е започната изградбата. Очекувам Коментари за ДУПовите.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#872 Posted: 22-Jan-2010 at 03:05 |
Бидејќи од Општина Аеродром почнаа да забушаваат со поставување на ДУП-овите на општинскиот сајт, еве го ДУП Горно Лисиче урбана единица А, кој е моментално изложен во ОУ Лазо Ангеловски. Инаку ДУП-ов го опфаќа просторот понатака од Ново Лисиче, тие нивите каде што сега се продадоа локации за згради: http://www.build.com.mk/?p=1436и дел од неурбанизираната населба Лисиче во продолжение. За подобра орјентација, границата долу е Бул. Февруарски Поход, границата горе е ул. Тодор Чангов, а од страните се планираните продолженија на булеварите АСНОМ (лево) и Видое Смилевски Бато (десно) Ако на некого му треба подетално некој дел од ДУП-ов, нека каже, ќе пуштам во поголема резолуција
Edited by Cloverstack - 22-Jan-2010 at 03:19
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#873 Posted: 21-Jan-2010 at 02:11 |
На Тумбе кафе ќе се привлекуваат инвеститори
ВТОРНИК, 19 ЈАНУАРИ 2010 17:35
Деталниот урбанистички план за Тумбе кафе е во финална фаза и Општина Битола планира идниот период да ги понуди инвеститорите да вложат во овој дел од градот кој нуди голем број потенцијали.
-Тумбе кафе ни е исклучително важно, дел од наша идеја, најдолгата пешачка
патека, изјави градоначалникот Владимир Талески.
Пешачката зона која започнува од старата чаршија, преку Широк Сокак, градското шеталиште, завршува до античкиот локалитет Хераклеја, според градоначалникот е своевидно патување низ времето.
-Патување низ неколку цивилизации, ретка можност да се помине низ времето со пешачење од околу 2 часа, рече Талески.
Одлуката за Деталниот урбанистички план за Тумбе кафе беше изгласан од Советот на Општина Битола минатата година во ноември. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=16906:2010-01-19-16-37-19&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#874 Posted: 09-Jan-2010 at 14:58 |
Планот моментално им е баш таков - на тој сегмент булеварот да биде во тунел, а над него да има комерцијални објекти, но за изградба на тунелот да биде задолжен тој што ќе го добие земјиштето над него: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=51976#51976Доколку сето тоа помине на транспарентен тендер/лицитација, лично ми фаќа око концептот.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#875 Posted: 09-Jan-2010 at 12:27 |
Па добро се надевам дека обијективе не го загрозуваат јужниот булевар. Со оглед на тоа дека парите и моќта ни ги проектираат дуп-овите не би сакал да слушнам во иднина дека нема место за јужен булевар дека е многу тесно и во тој дел ке се оди на подземно тунелско решение се разбира и просторот над булеварот ке биде атрактивен и ке оди на продажба, а изведба на тунел и не е мала работа ако би требало да оди под обијектите што се во изградба се мисли на трговскиот.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#876 Posted: 09-Jan-2010 at 00:13 |
Baze, лично се сомневам дека имаат нешто премногу сигурно прецизирано. Но од тоа што досега имаме „ископано“, ситуацијата е ваква: ДУП „Стара Железничка“: http://opstinacentar.gov.mk/images/DUP/predlog-plan_zeleznicka-sintezen.jpgПрилог од министерството за транспорт и врски, од документацијата за лицитација на земјиштето каде што сега се гради хотелот зад Рамстор (Radisson Blu): http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=2377#2377ПС Го избришав постот во нишката за Equest Mall за да не се направи паралелна дискусија.
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#877 Posted: 09-Jan-2010 at 00:00 |
Ме интересира во врска со Јужниот булевар која е неговата широчина т.с. знам дека треба да биде брза сообраќајница, вкопана во земја 6 метри но не тунел, со ленти во двете насоки. Колку ленти ке има во секоја насока (кој е неговиот профил), значи која е неговата вкупна широчина посебно во делот позади старата железничка станица во делот помеѓ Ramstore Mall i новиот трговски Equest или што и да е.Зарем не е претесно ? моментално јужен има 3 ленти од тротоарот на паркингот позади рамстор до тротоарот со дупката на историскиот Equest ?
Edited by Cloverstack - 09-Jan-2010 at 00:07
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#878 Posted: 30-Dec-2009 at 12:26 |
Згради до 27 метри на Партизанска, до 21 метар на Климент ОхридскиНови
колективни станбени згради за домување се предвидени со новиот детален
урбанистички план за Дебар маало 2 што го подготви општината Центар Ова
е втор обид да се усвои овој план. Неговата досегашна реализација одела
тешко бидејќи имало градежни маркички што зафаќале повеќе парцели, па
сопствениците не можеле да се договорат, а некои објекти биле и
заштитени. Во планот се предвидува да се изедначат висините на зградите
што излегуваат на булеварите Партизански одреди и Климент Охридски. Тие
на Партизанска ќе може да имаат приземје, седум ката и поткровје, со
максимална висина до 27 метри, а на Климент Охридски објектите нема да
смеат да надминуваат 21 метар.
Освен овие објекти, се
предвидува и да се постават две нови трафостаници и тоа во познатиот
кружен тек во Дебар маало и во триаголникот што е уреден како минипарк
со скулптурата „Јас и ти“ во близина на општинските бараки.
Благоја
Тагасовски од проектантската куќа „Ин-пума“, која го изработи планот,
објасни дека имале многу мала можност да прават измени и дополни поради
големиот број објекти што биле заштитени на таа локација.
Границите
на планот се движат по булеварите Свети Климент Охридски на исток и
Партизански одреди на југ, улицата 29 Ноември на запад и на север е
Градскиот парк.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123091038186&id=14&prilog=0&setIzdanie=21875 |
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#879 Posted: 28-Dec-2009 at 21:15 |
Originally posted by pbanks
Јас гледам некакви линии за пристапите и излезите за јужен булевар (онакви какви што ги знаеме од порано) и се прашувам да не случајно планираат и таму под земја да оди движењето (пошто тоа им е решение за се во последно време).
|
Јас се извинувам што толку каснам со репликава ама бев отсутен периодов. Го видов планот во живо кога беше презентацијата и баш обратив внимание ама не видов линии кои прават смисла за излези. Можда нешто е у план али бар у дупот не фигурира. Го прашав и човекот што беше таму од општина центар ама тој не знаеше или не сакаше да одговори ни на најелементарни прашања малтене е поставен за обичен чувар на просторијата Иначе кога има некоја јавна анкета за некој дуп општина центар го наведува 3 203 605 како контакт телефон. Епа пробајте свртете го поготово за време на презентациите и јавните анкети, па пишете која е шансата некој уопште да крене слушалка или па да се деси такво чудо да добиете некаква корисна информација  Општина центар цело време си тера мајтап со нас граѓаните и за тоа никогаш не била санкционирана Сакав да искоментирам уште и за паркот што алекс го обележал со 7. Таму има свашта има и куќи кај што живеат луѓе. Можда и да се времени објекти ама пак сумњам дека некој ќе запне да прави парк таму. Се плашам дека кај да е и таму ќе се вцрта објект. За парк мислам никој градоначалник не би се замарал. Дај боже да грешам.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#880 Posted: 25-Dec-2009 at 00:00 |
Здравствен комплекс ќе никне кај Воена болница

На барање на Владата зад бензинската пумпа кај Воената болница е предвидена изградба на два објекта за здравствена дејност, високи по 21 метар
Изградба на два нови објекта во близина на Воена болница, зад
бензинската пумпа на „Макпетрол“, се предвидени со новиот детален
урбанистички план за локалитетот Карпош 2, кој завчера беше усвоен на
седница на Советот на Општина Карпош. Урбанистичкиот план се однесува
на просторот меѓу улицата Бледски договор и булеварите Илинден, 8
Септември и Партизански одреди. Според презентерот и изработувач на
планот, станува збор за комплекс згради кои ќе имаат намена за
здравствена дејност, а инвеститорот понатаму ќе биде должен да изработи
архитектонско-урбанистичкото решение. Двете згради ќе имаат максимална
височина од 21 метар, односно приземје и четири ката.
Според
градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, овој комплекс за
здравствени дејности е вцртан во урбанистичката документација на барање
на Владата.
- Ние вакви објекти предвидовме на барање на
Владата. Тоа ќе бидат приватни згради и за продажбата на земјиштето за
градба ќе биде распишан јавен конкурс - вели Јакимовски.
Освен
новиот комплекс, со планот се предвидени и доградби на објектите на
Воена болница и на поликлиниката „Букурешт“. Овие здравствени објекти
нема да добијат нови катови, односно ќе ја задржат постојната височина,
а ќе се доградуваат во широчина.
Со планот за дел од населбата
Карпош 2 е предвидена и изградба на две станбени згради, високи по 17
метри и три нови сообраќајници. Првата ќе ја поврзува улицата Бледски
договор со булеварот 8 Септември, втората улица ќе се протега од влезот
од „8 Септември“ и ќе оди кон комплексот згради зад бензинската пумпа,
а третата улица ќе води од Воена болница до поликлиниката „Букурешт“.
На
завчерашната седница советниците го усвоија и детаљниот урбанистички
план за дел од населбата Козле, поточно за Месната заедница „Пецо
Божиновски Кочо“. Со овој план во линија на „Реплек“, односно во паркот
пред фармацевтската компанија, се предвидени два објекта за колективно
домување со приземје, шест ката и потпокрив.
Според
градоначалникот Јакимовски, Министерството за транспорт и врски
побарало овие згради да бидат со поголема катност, односно да бидат
десеткатници, но Општината дозволила само шест ката.
Со планот
се предвидува и постојните згради покрај трасата на Јужен булевар, кои
имаат два ката, да добијат уште еден кат и потпокрив. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BFBA7D3FB2713B4AB80A4BC0083604C5 |
|
 |