![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 159> |
Author | |
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
На мелење празна слама ми личи ова...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Без одвоени насоки (не мора зеленило), столпчиња и места за привремено паркирање ефектот ќе биде 0.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
И сето тоа во неверојатни 20 метри! Алал.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пластичарска улица ќе добие канализација, а напролет проширување
Од Градот информираат дека со овој проект е предвидено целосна реконструкција на коловозот и негово проширување, промена на електричните инсталации, како и реконструкција на канализациониот систем на овој потег Скопскиот градоначалник го најави почетокот на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Никола Карев“, или позната како Пластичарска улица. Тој информираше дека тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи е завршен, но не обелодени која е таа и колку ќе чини реализирањето на овој проект, со образложение дека е меѓу период кога сè уште не е истечен рокот за жалби по тендерската постапка, по што и официјално ќе се склучи договорот со фирмата, кога и ќе биде обелоденето сè. Од Градот одговорија дека се во завршна фаза постапките за почеток на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Никола Карев“, на потегот од клучката „Детелина“ во близина на Бит-пазар, до касарната „Илинден“. Во моментов се работи на проектите за сообраќајни режими и очекуваме градежните работи на терен да започнат во текот на овој месец – истакнаа градските власти. Првата фаза од проектот опфаќа поголем број на сегменти. – Со истиот се опфатени целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Детелинка“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило -објаснија градските власти. Освен тоа, булеварот ќе довие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, а ќе се дислоцираат електричните и телекомуникациските инсталации. Предвидено е и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил, во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2552 метри. Како што информираше Шилегов прво ќе се работи на поставување на канализационата мрежа, па од мај наредната година ќе се работи на проширување на улицата. Проширување на улицата „Никола Карев“ за уште една сообраќајна лента најавуваше и претходниот градоначалник Коце Трајановски уште во 2013 година. (А.П.) https://www.vecer.press/пластичарска-улица-ќе-добие-канализа/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пластичарска ќе се проширува, ама тајна е кога
Улицата Никола Карев или позната како пластичарска улица ќе се проширува и тоа во неколку фази. Како што најавуваат од градот, првата фаза на реконструкцијата ќе започне наредниов период, но оттаму не дефинираат ниту датум, ниту месец од кога ќе почнат работите. Иако поставивме конкретни прашања што предвидува проектот за проширување на оваа сообраќајница, во колкава должина и ширина ќе се прошири, од кога ќе започнат активностите и до кога ќе траат, од градот – молк. Не ни кажаа ниту колку ќе чини проширувањето. Проектот за проширување на улицата Никола Карев ќе се одвива фазно, а во моментот кога ќе започнат активностите тие ќе бидат презентирани во јавноста. Во наредниов период ќе започне првата фаза на проектот, која ќе се одвива до клучката Детелина во близината на Бит-пазар, до касарната „Илинден“ – само кратко ни одговорија од градот. Во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, јавно кажа дека утредента по неговото гостување, односно во четвртокот, треба да почне електронската лицитација за изведувач на проширувањето на пластичарската улица. Тоа значи дека се веќе познати деталите за тоа какви промени ќе претрпи оваа сообраќајница. Но ако реконструкцијата на оваа улица беше проект на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и истиот тој има претрпено измени, од градот не ни одговорија ниту за тоа во што се состојат измените на проектот и дали тој сега чини помалку или повеќе од претходно. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/пластичарска-ќе-се-проширува-ама-тајн/ Edited by stef4o - 25-Nov-2019 at 15:45 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Добро бе, за месец и пол сме 2020 г., а се' уште се користи боја што за помалку од недела избледува. Се прашувам до кога ќе го тераат истото...
Зарем е толку тешко секоја улица во градот да е убаво (и трајно) обележана? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во дел од Бутел како во Среден век
![]() ![]() Ова е улица во срцето на урбаниот дел на општина Бутел. Улица Бутелска 35, ископана од Водовод и оставена така веќе подолг период. Живееме како во Среден век.“ - напишаа бутелчани на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од состојбата во која живеат овие жители. Граѓаните се жалат велејки дека улицата е едноставно непроодна дури и опасна за движење. https://skopjeinfo.mk/vo-del-od-butel-kako-vo-sreden-vek |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Хаос на „Рекорд“ во Скопје – Принцот го нема, остана само коњот!
![]() https://www.ubavinaizdravje.mk/ekstra/foto/haos-na-rekord-vo-skopje-printsot-go-nema-ostana-samo-konot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Незнам кои улици ги избраа за приоритетни летово кога реконструираа но изгледа не ги опфатија тие кои се поважни според мене бидејќи често се движам на релација кон Мавровка слободно може да се каже дека и при најмал дожд веднаш се полнат со вода добар дел околу пешачките острови кај МАНУ и кај семафорите кај Судска Палата а исто и кај Нова Железничка автобусите имаат направено огромни вдлабнатини кои се полнат со вода. За тротоарот поред МАНУ и судовите не вреди да се коментира откако е направен не е фрлен грам асфалт за санација.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една улица не знаеме да направиме ![]() Новиот асфалт на Бихаќка е дефектен – цело езеро среде улица Првиот ситен дожд ги покажа слабостите на новиот асфалт на крстосницата на Јордан Мијалков со улицата Бихаќка, која беше асфалтирана минатиот викенд после повеќе од 40 дена откако беше раскопана. Пред семафорите е формирано езерце со вода и на секое поминување на возилата, особено во средната коловозна лента, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите. ![]() ![]() https://plusinfo.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d1%81%d1%84%d0%b0%d0%bb%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d1%85%d0%b0%d1%9c%d0%ba%d0%b0-%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d1%84%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%86%d0%b5/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дупки место пат од Маркова Сушица кон Сопиште
![]() Сопствениците на викендички и жителите на Маркова Сушица, место Перковец, Општина Студеничани, веќе подолго време имаат проблем со патот од продавницата поставена на крстосницата за Марков манастир, Козјак кон Добри Дол во нагорнина од наредните 500 метри. Наведениот дел од патот е во катастрофално лоша состојба, со огромни дупки, скоро и невозможно за одвивање на сообраќајот. Скопјанецот Никола Р., кој најчесто вози по овој пат за време на викендите или за празници за да стигне до Марков манастир вели дека на тој дел од патот речиси и да нема асфалт, состојбата трае веќе подолг период, а никој не презема ништо. – Колите ги искршивме, цел пат е со дупки. Тоа не се дупки, туку кратери. Еве може да видите и сами. Треба да се стави нов асфалт. Дупките да се пополнат или нека ја асфалтираат улицата, ни изјави Никола. И луѓето кои деновиве помагаат за подготовка на манастирската слава по повод празникот Свети Димитриј (Митровден) се жалат дека практично е невозможно со натоварено возило да се достават потребните работи до манастирот и мора да се бараат алтернативни заобиколни патишта. Жителите нè информираа дека пред извесно време оствариле средба со претставници на Општина Студеничани, по што добиле препорака нивниот проблем да го стават во писмена форма и да го достават до градоначалникот Азем Садики. Жителите од градоначалникот Садики и од општината бараат да се излезе на терен со цел подобро да се запознае и утврди лошата фактичка состојба на патот. Бараат итно пополнување на дупките за да може да се одвива сообраќајот, дури не се пристапи со квалитетно решавање на проблемот. – Бараме сеопфатно решавање, квалитетно реконструрирање со проширување на улицата и асфалтирање за нормално разминување на две возила според сите стандарди. Условите на теренот лесно овозможуваат да се изврши проширување со мали активности и финансии. Ова наше барање сакаме да влезе во проектите за 2020 година, за да може навреме да се обезбеди буџет и негова реализација, велат жителите на Маркова Сушица. Граѓаните истакнуваат дека се подготвени да се вклучат на кој било начин да помогнат за решавање на проблемот. Од Општина Студеничани за МИА информираат дека имале средба со месното население, ги слушнале нивните проблеми и од нив добиле писмено барање кое ќе се разгледува на седница на Советот. Информираат дека нивните служби излегле на терен и оти за 2020 година ќе се потрудат да се изнајдат доволно средства за реконструкција на овој локален пат. Од Општина Студеничани додаваат дека тие се приградска, рурална општина надвор од Град Скопје и се обидуваат да го решат проблемот во најкраток можен рок. Од Општина Сопиште за МИА изјавија дека иако овој локален пат е на територија на Општина Студеничани, тие се подготвени за соработка и би се вклучиле во изработка на заеднички проект. Жителите, пак, изразуваат надеж дека нивниот проблем ќе се реши наскоро, а дотогаш останува да возат по дупки. https://denesen.mk/dupki-mesto-pat-od-markova-sushica-kon-sopishte/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од асфалтирањето на Бихаќка и дел од Огњан Прица
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/gamagradba.mk |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
е-точаци и е-тротинети чим развиваат брзина на 30 км/ч мислам треба и да се регистрирани т.е. имаат таблички, ем да подлежат на технички преглед, а корисниците да треба да се контролираат и со алко-дрога тест, како нема засебни патеки за вакви брзи направии и како утре на младите од мали нозе ќе им легнуваат на срце просто поарно со време да се збрчи ваква стандардизација него да се чека на немили случки за да се осигура безбедност по тротоари и улици ... друг битен момент е да се едуцираат деца уште низ образование дека и Веспа е супер опасна работа за под нозе во костец невнимание на автомобилисти а не пак е-бајкои и тротинети, можеби скоцкани со мит’бастерс’тајп серијали со краш’тест’дамис урнеци за да попластично им се доловува колку супер-склет е кога пола тон авто тенеќе со брзина и од 30 км/ч влета и само во макази на е-тротинет, конечно чаре е засебни ВЕЛО АВТОПАТИ да пуштат градоите по средини на булеварите, што во случај да се стегне градскиот авто сообраќај ќе биде и повеќе од неопходно ... |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
@skopskodete споредувам средства за превоз што се движат по иста патека со слична брзина. И двете треба да бидат подеднакво видливи. Над 50% точаци навечер се како фантоми без никакво осветлување.
@enrlich не тврдам дека треба да имаат и велосипедистите елеци, само не ми е јасно зашто едниве треба да имаат, а другиве што се движат со брзина 15-30 не треба. И да, сите тротинети имаат задно светло. Иначе возам и точак и тротинет и не е проблем до тоа што возило е, туку до тој што го вози. Сум видел еден куп примери и од едни и од други на несовесно возење. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Велосипедите си имаат одредби во законот, односно навечер треба да поседуваш светло позади и напред, како и катадиоптери („мачкини очи“), што е целосно различно од ова што го тврдиш дека треба и велосипедистите да имаат елеци.
Не викам дека треба возачите на тротинети да имаат елеци, но дефинитивно треба да бидат осветлени (напред и позади). Реално, предни светла имам видено кај нив, но позади немаат никаква ознака, што е небезбедно и поради тоа се сложувам за елеците. Патем, возам велосипед цело време до работа и назад, и прашање на време е кога ќе почнат несреќи со тротинетите. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Споредуваш електричен мотор со подвижен механизам кој работи со силата на нозете? |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Ако важи и за велосипеди елек тогаш ок, во спротивно е идиотски. Освен тоа ок е законот, само што очекувам со амандмани да уфрлат уште нешто непотребно колку да се каже „држава сме, контролираме“.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Во Нови Сад доколку возиш велосипед на пешачка патека должност ти е да возиш со брзина која соодветствува со брзината со која се движат пешаците, односно 4км/ч .
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Во Британија а мислам и цела Западна Европа не смееш на точак ноќе да се качиш или џогираш ако немаш флуросцентен елек...тоа за понижувачки е дојам присутен само во нашава затуцана вукојебина. |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
ОК е да се регулира,
25км/ч е во ред, но 6 на тротоари е многу малку, додека флуросцентен елек е малку понижувачки. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |