![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4445464748 159> |
Author | ||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Работата е што се полоши од моторите, односно електричните тротинети се пикаат насекаде, при тоа не гледајќи на никого и на ништо.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Во последно време има многу вакви тротинети низ градов но треба некако да се дефинира која им е дозволена брзина,каде да се движат бидејќи во моментов возат и по тротоари и по улици и по вело патеки а веќе учествуваат и во неколку несреќи...
------------------------------------------------------------------------ Електричните тротинети без закон, а веќе учесници во несреќи Скопјанка на возраст од 41 година што управувала со електричен тротинет доби потешки повреди и заврши во болница по сообраќаен инцидент со автомобил. Ова е веројатно првата несреќа во која потешко настрада возач на тротинет или можеби првата за која знае јавноста, бидејќи од МВР не ни потврдија дали ова е и единствената досега, откако електричните тротинети навистина се намножија по скопските улици. Тие сѐ уште не се дефинирани во законска рамка, дали се сметаат за сообраќајни средства или се само реквизити за забава. Но сериозноста со која се среќаваат во сиот сообраќаен метеж по улиците и несреќите што почнаа да се случуваат налагаат еден посериозен пристап и можеби нивен третман на превозни средства. Ако тие сѐ уште не се во законска рамка, се поставува прашањето чија е одговорноста во случајов со сообраќајната несреќа, иако тоа не се знае во моментов. Потоа дали воопшто корисниците на електричните тротинети може да подлежат на некаква одговорност доколку се виновни и како ќе се третираат нивните возачи во ваквите несреќи сѐ додека не се формализира законската рамка за електричните тротинети? Од друга страна, пак, промовирањето од градските власти за користењето и субвенционирањето на електричните тротинети направи тие да станат позастапени и попопуларни. Нивната висока еколошка вредност, малата тежина и големина, подвижност и брзина ги прават добри превозни средства во урбаната средина. Но истите карактеристики ги прават овие уреди тешки за класификација и одредување во правна рамка. Последните информации од МВР беа дека се прават напори електричните тротинети да се вметнат во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Од МВР не ни одговорија конкретно што во вакви случаи кога ќе се случи сообраќајка, а учесник е и некој што управувал електричен тротинет, колку тој ќе има последици ако законски не е обврзан. – Во врска со вашето барање за информации поврзани со сообраќајна незгода што се случи на 4.9.2019 на крстосницата од бул. Крсте Мисирков и бул. Гоце Делчев, во која учествувале патничко возило „мерцедес 320“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет, управуван од скопјанка на 41 – годишна возраст, Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР-Скопје изврши увид на местото, а се обезбедуваат и други докази од настанот. По комплетирање на увидниот материјал, тој со соодветен поднесок ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка – велат од МВР. Оттаму не прецизираа по која законска рамка ќе се утврдува одговорноста и дали електричните тротинети се изземени од одговорноста при сообраќајот. Но фактот дека стануваат сѐ поприсутни во сообраќајот не може да се изземе. Тоа го потврдуваат и известувањата на градот Скопје, кои зборуваат за тоа дека се исцрпуваат финансиите наменети за субвенционирање на електричните тротинети. Нивното зголемено присуство по тротоарите, велосипедските патеки и коловозите само зборува за потребата од нивно итно нивно сместување во законска рамка, каде можат да се возат, со колкава брзина, од која, па и до која возраст некој може да користи електричен тротинет и слично. И другите земји имаат проблеми со електричните тротинети Пред еден месец 35-годинашната телевизиска презентерка и јутјуб-ѕвезда, Емили Хартриџ загина во несреќа со електричен тротинет во Лондон. Таа почина откако нејзиниот тротинет се судрил со камион на обиколницата во Батерси во југозападен Лондон. По оваа несреќа се случи уште една, во која настрада 14-годишно момче, кое доби сериозна повреда на главата откако се судри во автобуската постојка во Бекенхам. По несреќата е превезено во болница, каде што лекарите утврдија дека е во критична состојба. Овие примери само покажуваат колку е сериозно возењето на електричните тротинети на патишта. Во Англија законот не дозволува користење електрични тротинети, тие не се сметаат за возила и затоа не смеат да се возат по пат. Законските регулативи не дозволуваат возење електрични тротинети на патишта и тротоари, единственото место каде што можат да се возат е на приватно земјиште. Министерот за транспорт Мајкл Елис при средба со фирмите за продавање електрични тротинети во медиумите изјави дека тие мораат да ги предупредат и да им кажат на потрошувачите за законот пред да купат или изнајмат електричен тротинет. – Производите за микромобилност се појавуваат во земји низ целиот свет и се возбудлива иновација за која знаеме дека има побарувачка. Сепак, безбедноста секогаш мора да биде наш главен приоритет кога се размислува за нивната употреба на јавните автопатишта во оваа земја. Испитуваме дали тие може да се користат безбедно на патот и, ако е така, како треба да се регулираат за да се обезбеди безбедноста на јавноста. Сепак, компаниите мора да разберат дека разгледувањето на законите не мора да значи дека законите ќе се променат. Луѓето што користат електрични тротинети треба да бидат свесни дека во моментов е нелегално да ги возат по тротоар и на пат – вели министерот Елис за „Гардијан“. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/електричните-тротинети-без-закон-а-ве/ |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Битно после градските власти (како претходните, така и овие), ќе си ги бројат овие исцртани велосипедски ленти во бројот на велосипедски патеки и ленти низ Скопје и ќе го истакнуваат тоа.
Бројката не значи ништо, бидејќи како што јасно се гледа на фотографии, на булеварот ништо нема да значи исцртаната лента, особено на делот каде што се автобуските постојки, и исто така краевите на булеварот. Фушерај невиден. Дури и велосипедската патека на Партизанска е нефункционална, токму поради бројните автобуски постојки, на кои не е обезбедено заобиколување на патеката. |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Не ми треба студија за да ме убеди што чуствувам.
Цел живот возам во Скопје и од лани по секоја цена го избегнувам тој булевар, не се осеќам пријатно да сум на 10цм од друго возило. Не е ок. Се работи за главна сообраќајница полна со автобуси и камиони, не за споредни улици во мал град. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Bigger Isn’t Always Better: Narrow Traffic Lanes Make Cities Safer
https://www.wri.org/blog/2016/12/bigger-isnt-always-better-narrow-traffic-lanes-make-cities-safer 10-Foot Traffic Lanes Are Safer—and Still Move Plenty of Cars
https://www.citylab.com/solutions/2015/07/10-foot-traffic-lanes-are-saferand-still-move-plenty-of-cars/399761/ |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Градско возење е друга приказна. Има бројни сообраќајни студии кои тврдат така.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Значи затоа патот накај Соње бил толку тесен и напорен за возење 10км како 50 да сум извозил...за повеќе внимание. Квази решение прават. Како и се друго. Не ме ни допира веќе, порано се нервирав, сега се смеам само. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Еве уште неколку фотки од бул.Кочо Рацин(од фб)
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Отпочната е реконструкција на ул.Благоја Стефковски во Гази Баба(од фб)
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Стеснети ленти значат поголема сигурност поради тоа што ќе се обраќа повеќе внимание. Истото важи за крстосници без семафори и знации, верувале или не. Има многу студии, многу од нив редовно ги постира здружението наТочак. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Освен тоа, проблем се и автобуските постојки, како и тоа што „велосипедската“ завршува пред Веро центар во празно. Денес баш ја возев таа страна со точак и морав да претекнам 2 автобуси. Тоа што трчаат луѓе на стариот пешачки е посебна приказна.
Исто не ми е јасно зашто ни една велосипедска патека не видела боја последниве 2 години. |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Лелееее и тука ли ги стеснија лентите како на Климент Охридски... Се допираш со ретровизори со автобус на соседна лента... не е ок. Ок е да има велосипедска ама ова не е ок. Ризично е.
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Да, мислев на тие гумените. Точно e дека се покажаа како не баш ефикасни, но мислам дека е тоа подобро решение отколку никакво. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ако мислиш на оние металните тешко поред коловозна лента дека ќе наредат такви,можно е пак да одат на варијанта со оние ниски гумени како на бул.Климент Охридски кои се покажаа како недоволни да го спречат паркирањето на возила.
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Треба одма столпчиња да се постават покрај велосипедската патека.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Завршена е реконструкцијата на ул.Индира Ганди во Шуто Оризари и бул.Кочо Рацин во Центар(од фб)
![]() ![]() ---------------------------------------------------------- ![]() ![]() ![]() + неколку мои од булеварот,има оставено дополнителна трака поред тротоарот веројатно наменета за велосипеди но од денешната тура може да се види дека се користи за застанување и паркирање на возила Инаку го имаат поместено пешачкиот,но со стариот премин треба нешто да направат,да постават некаква ограда... ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Доцни реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“
Иако реконструкцијата на првата фаза од улицата „Индира Ганди“ започна на 18 јули, а беше најавено дека таа ќе биде завршена за 30 дена, сè уште не е готова. Како што истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов, имало проблем со населението. – Не се почитува сообраќајниот режим од страна на населението, па екипите не се во можност да работат. Привршува првата фаза од реконструкцијата. Од моментот кога ќе ја завршиме првата фаза ќе почне втората. Во завршна фаза е тендерот за втората фаза – одговори Шилегов. Тој потенцираше дека оваа улица не е реконструирана повеќе од 50 години. – Минатата година се работеше на канализацијата на улицата „Индира Ганди“. Ја изработивме во целост канализацијата во Шуто Оризари – информираше Шилегов. Оваа значајна сообраќајница треба да се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“. По повеќе децении се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата „Индира Ганди“, со цел да се обезбеди добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. За овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари. – Скопје заслужува многу подобра инфраструктура од онаа што ја затекнав кога дојдов за градоначалник и на тоа перманентно ќе работиме. Скопјани заслужуваат многу повисоки стандарди за живеење – изјави градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Индира Ганди“. Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Градоначалникот замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните. (А.П.) https://www.vecer.press/доцни-реконструкцијата-на-улицата-и/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Денес доста хаотично,беше затворена едната страна од бул.Кочо Рацин и околните улички беа преполни со возила.Веројатно се нанесуваше последен слој асфалт еве неколку денешни
![]() Во другата насока кон Верото се одвиваше сообраќајот ![]() Веројатно тука ќе има уште еден пешачки бидејќи искршија дел од средишната жардињера и денес асфалтираа ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Завршува реконструкцијата на бул.Крсте Мисирков(од фб)
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Улицата Васил Ѓоргов опасна за пешаците, сега и за учениците
На улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец граѓаните дури и на пешачки премин тешко можат да поминат од едната на другата страна, бидејќи се вози со преголема брзина. Малкумина се оние што оддалеку ја намалуваат брзината пред да застанат да ги пропуштат пешаците. Често се слуша чкрипење на сопирачките, непосредно до пешачките премини, а најфреквентно е секогаш кај катната гаража „Зебра“. Граѓаните на оваа скопска сообраќајница постојано се изложени на опасност, бидејќи тротоарите, наместо за пешаците, како да служат за автомобилите, кои постојано се паркирани лево или десно од улицата. Наместо по тротоар, принудени се да пешачат по коловозот, каде што повторно се изложуваат на опасност и мора да внимаваат на брзината на автомобилите. Брзото возење по оваа сообраќајница сега особено ги загрижува родителите чии деца ќе мора да поминуваат преку Васил Ѓорѓов за да стигнат до новото училиште во Капиштец, со капацитет за 500 ученици. На оваа улица нема сообраќајна сигнализација, која ќе овозможи поголема безбедност, а досега веќе требаше да биде поставена. Останаа само уште четири дена пред почетокот на новата учебна година, а градот допрва на совет ќе носи одлука за тоа колку финансиски средства да одвои за основен проект за сообраќајна сигнализација. Токму поради тоа ќе помине многу време додека се реализира идејата. А дотогаш учениците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат кога ќе преминуваат преку улица, иако влезот на новото училиште Киро Глигоров не е на оваа сообраќајница. Токму поради тоа што сега и децата ќе бидат изложени на опасност, граѓаните сметаат дека надлежните ќе мора да се погрижат што поскоро да направат сѐ за да ја зголемат безбедноста на учениците, и тоа пред сите училишта каде што се вози брзо. – Најмногу се плашам сега за децата што ќе одат во новото училиште. Иако влезот е од другата страна, сепак децата се деца и можеби ќе поминуваат од другата страна на улицата Васил Ѓоргов. Се вози лудо и брзо и затоа мора да се направи нешто за нашите најмали – вели загрижена баба, жителка на Капиштец. Пред неколку години жена го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Васил Ѓоргов, во близината на ТЦ „Зебра“. Автомобилот што ја прегази се движел со недозволена брзина и заврши во излозите на блиската фризерница, качувајќи се дури по скалилата што водат до неа. Лани во сообраќајна несреќа на оваа улица исто така беше повредена жена, која заврши со тешки повреди во Ургентниот центар, а годинава само пред неколку месеци исто така се случи несреќа на оваа улица, кога при судир меѓу мотоцикл и автомобил, мотоциклистот доби повреди и исто така заврши во болница. Ова се само дел од сообраќајните несреќи на улицата Васил Ѓорѓов, кои потврдуваат дека оваа улица претставува една од поопасните во Скопје. Градот веќе најави издвојување финансиски средства за основен проект за сообраќајна сигнализација на оваа сообраќајница, за што советниците треба да одлучуваат на наредната седница на советот. Но до финалната реализација на проектот ќе помине многу време, а и учебната година ќе почне. Главната грижа на родителите е како децата да бидат безбедни во сообраќајниот метеж кога ќе одат на училиште. Во врска со овој проблем не се чувствуваат опуштено ниту родителите на децата што одат во основните училиште Димитар Миладинов, спроти зеленото пазарче, ниту пак оние чии деца се ученици во ОУ „Блаже Коневски“ во Аеродром, како и во кое било друго каде што е во прашање безбедноста на децата. Дополнителна сообраќајна сигнализација веројатно многу повеќе ќе ја зголеми безбедноста на децата, која, како што велат родителите, треба да им биде приоритет на градските власти. Градот Скопје во соработка со општината Центар периодов предвидува поставување сообраќајна сигнализација на улиците, чија цел е да ја намалат брзината на сообраќајот. Дел од причината за поставување сигнализација е да се намали брзината на сообраќајот на овие улици за да се овозможи побезбеден пристап до училиштата што се наоѓаат на територијата на градот Скопје. Како дел од овој проект за забавување на сообраќајот се улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевиќ. Но, според последните информации, во процес е изработка на основен сообраќаен проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на овие улици и поставување сообраќајна сигнализација на улиците во согласност со основниот сообраќаен проект, кој треба да се најде на дневен ред пред градските советници. Градот Скопје не ни одговори на прашањето кога би можело да се види новата сообраќајна сигнализација. Од друга страна, пак, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека учесниците во сообраќајот секојдневно се сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот. Тие велат дека не се почитуваат сообраќајните правила и прописи, сообраќајната сигнализација, а има и ниско ниво на култура, етика, толеранција, како и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот. Ваквата состојба резултира со голем број сообраќајки и голем број загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи. Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50 отсто од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација. Но ова не смее да се случува на улиците по кои сега ќе се движат деца. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/улицата-васил-ѓоргов-опасна-за-пешаци/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4445464748 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |