build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 21-Jun-2021 at 16:32
ФИРМАТА „ВАШ ЕКО-ДОМ“ ЗНАЕЛА ЗА ДИВЕЕЊЕТО НА ЗГРАДАТА, НО НЕ МОЖЕЛЕ ДА ПОСТАПАТ ОТИ НЕМАЛО СОГЛАСНОСТ ОД ДРУГИТЕ СТАНАРИ



Управителот на зградата „Ваш Еко-Дом“ во која живее Дарко Стојановски во писмена изјава за ТВ24 тврдат дека го знаеле проблемот и дека постапувале.

Од фирмата „ Ваш Еко-Дом“ се децидни дека за цело време биле во постојана писмена и електронска комуникација како со Стојановски така и со неговиот адвокат, но и дека се запознати со проблемите од протекувањето на кровот врз станот на Дарко Стојановски и дека постапувале согласно Законот за домување.

„Ние како управител на станбениот објект, согласно член 27 од Законот за домување,к имаме обезбедено три понуди за решавање на проблемот со протекувањето, но се уште нема мнозинство согласност од сопствениците на посебни делови на наведениот станбен објект, за постапување по истото.“- велат од „Ваш Еко-Дом“ - управител Дооел Скопје.

Но, од управителот „Ваш Еко-Дом“ кој треба да води грижа за станарите односно зградата, во нивното образложение не појаснија како дозволиле да се случи било каков зафат на кровната тераса а за што биле информирани од страна на сега оштетениот Дарко Стојановски дека поради зафати на кровната тераса во неговиот стан почнало да протекува вода. Стојановски посочува дека за секое прокиснување бил информиран управителот на зградата но дека ниту еднаш лично управителот не с епојавил на терен да ја види состојбата.

„Јас до сега, освен во претставката на адвокатот на управителот „Ваш еко дом“ немам добиено ниту една понуда. Не дошол ниту еден од управителот да види во каква состојба е нашиот дом каде што живееме. Не знам дали биле на рамниот заеднички кров да видат каква катастрофална состојба е оставена зградата. И, за овие 6 месеци управителот не најде време да свика собир на сите станари за да ги запознае за нашиот случај и обилното протекување како последица од тоа што се случи на заедничкиот рамен кров. Ниту за овие 6 месеци ни доставил било каква понуда.“- вели Дарко Стојановски станар во зградата кој се соочил со проблемите во неговиот стан поради зафатот на кровната тераса.

Инаку, на кровната тераса Кирил Гајтановски започнал да гради без да добие дозвола од општина Центар кои пак постапиле по рушење после 2 години. Штетите се зголемуваат појаснува Дарко Стојановски од ден во ден - за случајот биле информирани и МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, како и многу други институции, а додека увид на лице место со судија и судски вештак е извршен на 11 мај годинава.

Инаку, Кирил Гајтановски кој е комшија на Дарко Стојановски одби да се споменува неговото име а со тоа и негов став во врска со причинетата штета која ја направил во обидот да направи доградба на поткровје и изградба на второ поткровје.

https://24.mk/details/firmata-vash-eko-dom-znaela-za-diveenjeto-na-zgradata-no-ne-mozhele-da-postapat-oti-nemalo-soglasnost-od-drugite-stanari
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 17-Jun-2021 at 11:27
https://m.dw.com/mk/центар-гуп-дуп-општина-планови-урбанизам-грчев/a-57931644?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Кој промаши, а кој погоди во Центар

Суспензијата мора да ја таргетира само конкретната причина за штетата, а не да зема цели четврти „во заложништво“, вели Мирослав Грчев, член на стручната комисија при Министерството за транспорт.
Дали и како е можно елаборатите на Општина Центар за суспензија на урбанистички планови до толку „да ја промашиле темата"? Прашањето се отвори откако стручната комисија при Министерството за транспорт и врски оцени дека со елаборатите за суспензија на спорните урбанистички планови, Општина Центар не докажала оти со нивна имплементација ќе се нанесе несомнена штета на јавниот интерес. Интересот на јавноста, меѓу другото, беше насочен и кон „судбината“ на трите кули од 16, 20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА, на кои сега им се отвора патот за изградба. Против нивна изградба граѓани на Скопје масовно потпишуваа петиција, укажувајќи на нехуманите аспекти на станбено-деловната изградба, која може да произведе бетонска џунгла во последниот слободен простор во срцето на градот, со многубројни импликации: сообраќајни, просторни, еколошки - сите разорни за квалитетот на живеење во метрополата.
Корективна алатка
Извори блиски до комисијата што ги изработила елаборатите, тврдат дека не е промашена темата и дека е јасна штетата за јавниот интерес. ДВ очекува во наредните денови да ги презентираат нивните аргументи, содржани во обемен стручен материјал.
Тие на располагање ја имаа можноста за суспензија на урбанистички план или негов дел, доколку се покаже дека ќе предизвика штета за јавниот интерес. Таа можност им ја нуди членот 23 од Законот за урбанистичко планирање, донесен во февруари 2020 година. Досега таа алатка не била спроведена во ниту еден случај. Како била искористена во овој случај - побаравме објаснување од професорот Мирослав Грчев, член на стручната комисија при Министерството за транспорт и врски.

„Алатката е силна и интервентна, зашто внесува прекин во применувањето на планот, со што се внесува еден вид дисконтинуитет во владеењето на правото и – технички – се внесува правна несигурност во владеењето и управувањето со просторот. Затоа, оваа алатка може да се употребува само во исклучителни ситуации во кои штетата по јавниот интерес што настанува или би настанала со применувањето на планот е очигледна и значителна, и може да се докаже и пондерира во стручниот елаборат за суспензија. Поради рестриктивноста на суспензијата, таа мора да биде селективна и прецизно насочена само на оној дел од планот – обично е тоа градежна парцела како просторна единица – чие применување ја врши штетата, и не смее заради една лоцирана просторна единица која генерира штета да се суспендира целиот плански опфат. Така оваа корективна алатка ќе прави повеќе штета во околниот простор, кого без причина ќе го остави без план за развој и употреба на просторот“, објаснува Грчев.

Ovoj grcev, treba da odgovara za toa sto go napravi so debar maalo. Ne mi e jasno tolku li nema nekoi mladi, ambiciozni strucni kadri, do koga ovie fosili i dokazani kriminalci ke odlucuvaat…
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 08-Jun-2021 at 16:40
(ВИДЕО) Општината бара стопирање, но дивоградбата на државно земјиште во Гази Баба продолжува да расте



https://360stepeni.mk/video-opshtinata-bara-stopirane-no-divogradbata-na-drzhavno-zemjishte-vo-gazi-baba-prodolzhuva-da-raste
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 01-Jun-2021 at 14:32
По написот на „Порталб.мк“, стопирана изградбата на терасата на пекарница во Тетово



Веднаш по објавувањето на информацијата на „Порталб.мк“ во врска со обидот за узурпирање на јавен имот за изградба на тераса од страна на пекарницата „Пекон“ во Тетово, градежната механизација е отстранета, а сопственикот на ресторанот истакна дека терасата нема да се гради. Од СВР Тетово потврдија дека добиле поплаки од граѓани во врска со ова и дека наредиле отстранување на работните алатки.

Сопственикот на пекарницата „Пекон“ за „Порталб“ потврди дека механизацијата за изградба на оваа тераса е отстранета и дека нема да се гради како што беше претходно планирано.

Од Секторот за внатрешни работи истакнаа дека добиле поплаки од граѓани за узурпација на јавен имот меѓутоа додаваат дека припадници на полицијата си ја завршиле работата и останатото е оставено на Пазарниот инспекторат.

„СВР прими поплаки од граѓаните за ова, припадниците на полицијата излегоа на терен и го фотографираа местото, веднаш потоа наредија отстранување на механизацијата. Сепак, ова е во надлежност на пазарниот инспекторат, тие ќе одлучат за понатамошните мерки“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР во Тетово.

Инаку, станува збор за пекарницата „Пекон“ кој се наоѓа на 50 метри од зградата на Општина Тетово, а работите за изградба на оваа тераса започнале во неделата и се стопирани еден ден подоцна.

Инаку, редакцијата на Portalb.mk континуирано информира за феноменот на узурпација на јавните простори во градот Тетово како: центарот на Тетово, тротоарите околу Зелениот пазар, нелегалниот пазар на добиток на влезот во градот, стари автомобили и последниот идентификуван, мостот кај Горната чаршија. Тротоарите наменети за пешаци, од страните на мостот се узурпирани од продавачи на овошје и зеленчук, но и на разни други производи.

https://meta.mk/po-napisot-na-portalb-mk-stopirana-izgradbata-na-terasata-na-pekarnica-vo-tetovo/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 31-May-2021 at 15:40
Можеби тука лежи една од причините зошто Адора решија веќе да не работат во Македонија? Изгледајте го видеото, како се краделе по 2-3 м2 од стан, нешто што одамна се знае во градежната фела, ама се премолчува. И не се само Адора во прашање, иако за нив главно се зборува во прилогов.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 29-May-2021 at 12:08
ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ, ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ НАПРАВАТ НОВ СО ПРИФАТЕНИ ЗАБЕЛЕШКИ НА ЈАВНОСТА

Владата утринава донесе одлука да го повлече Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓаше во собраниска процедура, откако претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише Указот за негово прогласување. Спорниот закон за дивоградби беше изгласан во Собранието по скратена постапка на 11 мај, и требаше да се врати на дневен ред до 11 јуни по непотпишувањето од страна на претседателот, кој ќе имаше обврска да го потпише ако беше изгласан по вторпат.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура“, велат денеска од Владата.

Оттаму додаваат дека одлуката е донесена откако на работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и на јавни дебати, биле дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.

Од Владата велат дека Министерството за транспорт и врски сега ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки.

Законот за дивоградби помина во Собранието со поддршка од мнозинството и од опозицијата. Дозволено ќе беше легализирање дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.

Исклучени од законот беа само дивоградбите во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-go-povleche-zakonot-za-divogradbi-velat-deka-ke-napravat-nov-so-prifateni-zabeleshki-na-javnosta/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 25-May-2021 at 16:19
Рамиз Мерко тврдеше дека нема ниедна дивоградба, ама во заштитениот појас ги има дури 65!

Вкупно 65 објекти има во заштитениот појас на 50 метри од брегот на Охридското езеро во Струга. Ова за Алсат го потврди секретарот на општината, Ристо Талески. Претходно, градоначалникот Рамиз Мерко, на неколку пати ја уверуваше јавноста дека во заштитениот појас кај Струга нема нелегални градби.

Вкупниот број на поднесени барања за легализација во општина Струга беше 10.639. Одбиени, некомплетни без елаборат се 4.470. Решени се 3.127 предмети. Во постапка се 3.038. Од тие 3.038, 65 објекти се на 50 метри од езерото. Од нив половината се одбиени, а останатиот дел не се дојдени на разгледување“, вели Ристо Талевски, Секретар во општина Струга.

Во овој заштитен појас, според Талевски, станува збор за најразновидни објекти и објекти на спортски клубови. За ваквата состојба реагираа од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Го повикаа министерот за транспорт Благој Бочварски да му стави крај на криминалот и урбаниот хаос во Струга.

„Го потсетуваме министерот дека министерството што тој го води и Владата каде што тој припаѓа во многу случаи дури и неправедно им ги одземаа надлежностите на градоначалниците предводени од албанската опозиција. Истото сега со право може да се направи со Струга“, велат од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Во исто време, во Охрид во овој периметар на 50 метри од езерото има над 400 објекти.

„Од предметите за кои тече постапката за легализација, 414 се евидентирани во заштитениот појас од 50 метри на Охридското езеро, а 2.321 во границите на Националниот парк Галичица“, наведоа од Општина Охрид.

Во Охрид до пред две години имаше доставени над 15 илјади барања за легализација на дивоградби. Од нив околу 11 илјади се за семејни куќи, 420 за згради, а 28 за хотели.

https://alsat.mk/mk/ramiz-merko-tvrdeshe-deka-nema-niedna-divogradba-ama-vo-zashtiteniot-pojas-gi-ima-duri-65/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 25-May-2021 at 12:49
(ВИДЕО) Дуќанџик: Една бандера „држи“ десетици приклучоци – законот ќе го легализира урбаниот хаос







Во маалото Дуќанџик, во срцето на Скопје, мајки со мали деца не можат да одат ниту на тротоар, ниту покрај тротоар, па дури ниту среде коловоз
Градоначалникот на Чаир поддржува донесување нов закон за легализација на дивоградби, но вели дека тој не треба да го легализира направеното „злосторство“
Кога се зборува за урбаниот хаос во Скопје, се користат примери кои, споредени со тоа што се случува во Дуќанџик, се како од скандинавските земји.

Ова е можеби единственото место во центарот на главниот град каде што може да се види како една бандера „држи“ десетици приклучоци. Или како мајки со мали деца не можат да одат ниту на тротоар, ниту покрај тротоар, па дури ниту среде коловоз.

На која страна и да се свртиш, јасно е дека некој не го почитува или не го почитувал законот и урбанистичките планови – од габаритот на некои од градбите, дуќаните распослани на тротоарите, до возилата паркирани буквално насекаде. А колку на државата ѝ е важно да го врати хуманото живеење покажува фактот што сето ова се случува во непосредна близина на полициската страница Бит-пазар.

Во Дуќанџик, очигледно, сѐ е дозволено за бизнисот, но што со луѓето кои живеат таму?

Скопската населба Ченто е на периферијата на Скопје, но тоа не значи дека не е атрактивна за градење. Проблемот, според жителите на едно од мирните маала претежно со куќи, е што и таму се гради на диво. А, ни овде не станува збор за трошна куќа на сиромашен граѓанин.



Според бетонските столбовите на необележаното градилиште, се гради поголем станбен или деловен објект.

„Станува збор за објект што се водеше како времен и беше направен од лесни материјали и се наоѓаше на државно земјиште. Набрзо никна една табла на која стоеше дека ова ќе биде реконструкција на тој времен објект за после неколку реакции од наша страна, да ја снема таблата на која стоеше дека е реконструкција“,

вели жител на Ченто.
Според Катастарот, бараките кои биле на локацијата имаат приватен сопственик. Но, земјиштето под и околу бараките сѐ уште е државно. Кога веќе е очигледно дека на терен се одвива нешто сосема друго од реконструкција на бараките, граѓаните побарале одговор од Општината Гази Баба, односно од градоначалникот Борче Георгиевски.

„Имаше неформална средба на која се кажа што се кажа. Ние потоа се организиравме, направивме еден убав допис и тоа е поднесено до Општината. Ставено е печат дека е примено во архива, ни рекоа да ќе се постапи за ова. Но, поминаа 10 дена, нема никаков повратен одговор назад што се постапува. Тоа сѐ уште се гради, нема прекин“,

вели жителка на Ченто.
И „360 степени“ се обрати до Општината Гази Баба уште во средата. Баравме да видиме што е предвидено на локацијата според Деталниот урбанистички план, но и дали е издадено одобрение за градба.

„И по пет дена и неколку ургенции, од локалната власт не одговорија на ниту едно од нашите прашања и барања. Колку ли непријатна може да е вистината, штом од општината одлучија дека е најдобро да се молчи“

Додека градоначалникот Георгиевски молчи, на терен си продолжува градбата на спорниот објект. Додека градоначалникот Ганиу, како што вели самиот, ја враќа контролата на терен, во Дуќанџик сѐ уште секој прави што сака. Во овие случаи, поширок закон за легализација ќе биде добредојден за бизнисот, но тешко дека ќе биде добар за старите жители на тие места.


https://360stepeni.mk/video-dukandhik-edna-bandera-drzhi-desetitsi-prikluchotsi-zakonot-ke-go-legalizira-urbaniot-haos/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 19-May-2021 at 20:46
еден мал кафански муабет... на местото кај што беше кафаната Езерце, имаат поставено некаква инсталација за презентации и вежби по балет... одобрено од Град Скопје да се користи платформата што ја направија со клупите и кога ќе завршат да се врати во првобитна состојба
инаку, откако го средија тоа просторче, за кратко време стана крш од неодржување, и имаат исчистено и префарбано некои делови
и така, го чепнале тоа ѕидчето што е останато од страиот објект, што е на Општина Центар за да спроведат дел од електричната инсталација и им улетале инспекции од Општина центар со зборови „овде се гради на велико без дозвола“ да се порасправаат малце... вукојебина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 18-May-2021 at 10:30
(ВИДЕО) Дивоградба во Бутел на државно земјиште – интересот на 360° ја смени сликата за само три дена



https://360stepeni.mk/video-divogradba-vo-butel-na-drzhavno-zemjishte-interesot-na-360-ja-smeni-slikata-za-samo-tri-dena/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 12-May-2021 at 15:58
Кога сме веќе на темата, еве еден добар текст:

https://prizma.mk/legalizatsija-na-divoto-gradene/?fbclid=IwAR2O-L5U42zJ3aoMgOFSOga3WtCpEvn2iaAD8F1j7Kfa2nNqCmomTa2sMEc
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 12-May-2021 at 14:31
Банана-држава е комплимент за творбата во која живееме, само тоа имам да кажам.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 12-May-2021 at 09:54
Во Македонија веќе нема да има дивоградби, сѐ ќе се легализира, како никогаш досега едногласни беа пратениците

Пратениците и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и на Алијансата за Албанците и на ГРОM... го изгласаа законот за легализација за сите дивоградби во Македонија. Со 72 гласа „за“, 3 воздржани и 5 „против“ во Собранието денеска беше донесен Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка. Пратеничката група на ДОМ беше против овој закон. Пратеничката од оваа партија, Маја Морачанин, рече дека со продолжување на овие рокови се праќа индиректна порака до граѓаните дека може да градат на диво без да имаат градежна дозвола и дека во некој момент ќе им бидат овозможени услови да ги легализираат своите дивоградби.

Реагираа и граѓанските здруженија. Можете слободно да ја погребате надежта за правна држава на овие простори, велат од О2 иницијативата.

„Од хациенди, базени, доградби, надградби, гаражи, остави, во заштитени подрачја и вон нив, насекаде, онаму каде првиот закон застана, на 3 март 2011, сега сè ќе се легализира со новиов закон каде рокот е кога ќе стапи на сила. Значи има уште време да си доизградите на диво пред да поднесете барање да ви се легализира. Ова на предлог на ВМРО-ДПМНЕ се додаде и се усвои, инаку ќе беше за дивоградби изградени до 1.10.2019 година.

Со овој закон се запираат сите постапки за уривање на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. Да, тоа значи и ако има кривични пријави, и тие се стопираат. Пратениците од Комисијата за транспорт, врски и екологија, со исклучок на претеничката на ДОМ, само пред неколку дена усвоија и измена со која законов нема рок на важење од 7 години, туку ќе важи додека сите постапки не се завршат, колку и тоа долго да трае. Истовремено и на стариот закон, чија важност истече на 3.3.2021, му го тргнаа рокот на важење, па и тој е на сила до недоглед. Инаку законов ниту беше ставен на ЕНЕР, ниту виде јавни расправи, ниту стручни мислења, ништо. Под превез на демократија си поминува некакво криминално-клиентелистичко-феудално општество. Закопајте ја секоја надеж дека има шанса за правна држава“, реагираа на оваа собраниска одлука О2 иницијативата.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vo-makedonija-vekje-nema-da-ima-divogradbi-sje-kje-legalizira-kako-nikogash
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 10-May-2021 at 09:07
Во Капиштец(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 29-Apr-2021 at 16:18
ГРАДЕЖНА АФЕРА: 16 СЕМЕЈСТВА МОЖЕ ДА ОСТАНАТ БЕЗ СТАНОВИТЕ КОИ ВЕЌЕ ГИ ИСПЛАТИЛЕ ВО ЦЕЛОСТ



Шеснаесеттина фамилии доведени во ситуација да останат без своите станови. Во таква ситуација навлегле откако претходно уплатиле за становите на фирмата „Урбан Инвест“ која изградила зграда во скопската населба Влае.

Станарите велат дека подигнале кредити и дел од сопствената заштета ја инвестирале за да имаат сопствено живеалиште. Откако ја уплатиле сумата за становите почнале да се вселуваат - но во моментот тврдат дека се соочуват од опасност да останат без живеалиште поради како што велат несовесното работење на фирмата „Урбан инвест“ која во моментот е влезена во стечајна постапка поради долгови кон трети страни.

Станарите се доведени во ситуација да си ја докажуваат својата сопственост на суд, дел од нив веќе има имаат и правосилна пресуда за сопственост, но врз имотниот лист имаат извршители. Стравуваат дека доколку фирмата „Урбан инвест“ не си ги подмири долговите кон доверителите нивните станови ќе се најдат на продажба.

„Мојата ситуација конкретно е, јас добив правосилна пресуда за стан за којшто имам потпишано договор уште во 2014-та година. Имам добиено сега правосилна пресуда за сопственост меѓутоа врз мојот имотен лист имам извршители. Така што во ризик сум ставена јас, моите деца - сите мои соседи со фамилиите и со децата за нешто што е исплатено навреме, коректно и бараме поддршка од институциите и државата за целата оваа ситуација да се најде за да не испадне уште еден „Фиком“. - вели Бојана Мирковска, станарка во зградата на „Урбан инвест“.

Зошто луѓето коишто купиле станови се оставени без имотни листови побаравме став од Јован Грков, сопственик и основач на фирма „Урбан Инвест“.



„Значи тие преку судска постапка исто може да си докажуваат. Јас на сите и имам кажано дека, луѓе правете судски постапки. Ниеден од нив не направи судска постапка. Таков е законот - сега јас не можам надвор од тоа. Не ги спровеле навреме договорите. Значи кога му го давам јас договорот тие треба во Град Скопје да си платат данок на промет. Јас сум им ги пратил навреме договорите.“ – тврди Јован Грков, сопственик на фирмата „Урбан инвест“ – Кавадарци.

Спротивно на Јован Грков, адвокатот на дел од станарите, Симон Попевски тврди дека по потпишување на купопродажните договори, фирмата „Урбан инвест“ 4 месеци ги држела договорите во нивната фиока со образложение дека вработените во „Урбан инвест“ ќе ги достават во Град Скопје.

„По упишување на налозите за извршување во 2019-та година, трети месец, од страна на Урбан инвест бевме контактирани договорите за купопродажба да одиме да си ги земеме и да ги спроведеме сами во даночно одделение. Од моја страна беше постапено договорите беа спроведени во Сектор за финанси и даночно одделение при Град Скопје. Беше уплатен данокот од страна на моите клиенти меѓутоа не можевме да направиме заверка на договорот на нотар затоа што на самиот имотен лист, на сите станови на оваа зграда веќе се упишани 5 налози за извршување од 5 различни извршители за долг којшто Урбан инвест го има спрема други доверители.“ – вели, Симон Попевски, адвокатот на дел од станарите во зградата на фирмата „Урбан инвест“.

Во отворената стечајна постапка, Зоран Денковски е назначен за овластен стечаен управник од Куманово кој има регистрирано Агенција за финансиско сметковоствени услуги. Стапивме во контакт и со стечајниот управник но тој не сакаше да коментира ништо поврзано со случајот на фирмата „Урбан инвест“.

Оваа фирма неколку пати влегува и излегува од стечај. Оваа година повторно е во стечајна постапка откако доверителите одлучиле да поднесат предлог до Основниот суд-Кавадарци за поведување на стечајна постапка. Судот го прифаќа и на 15-ти март годинава носи решение за стечај.

https://24.mk/details/gradezhna-afera-16-semejstva-mozhe-da-ostanat-bez-stanovite-koi-vekje-gi-isplatile-vo-celost
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 04-Apr-2021 at 16:30
Урбанистички дистопии од Ѓорче Петров: Пола куќа, пола зграда

Едната половина од објектот ќе остане куќа, на другата половина ќе се гради зграда од пет ката. Вака според деталниот урбанистички план на општината Ѓорче Петров е предвидена градба во скопската населба Хром. За општината се’ е согласно законот, ДУП-от бил изгласан од Советот на општината. За инвеститорите ова е само уште едно парче земја за профит. Архитектите алармираат дека уривањето на заеднички носечки ѕид е недозволив проект. Станарите на куќите се приклештени меѓу бизнисот и политиката.

Скопје во послeдната деценија е место каде градежната експанзија зема замав и ги полни буџетите и на инвеститорите и на општините. За да се овозможи ова, локалните власти носат промени во Деталните урбанистички планови. Но, наместо баланс меѓу урбанизацијата и хуманото живеење, во плановите најчесто натежнува профитот на поединци. Општина Ѓорче Петров е следна на мапата на урбанистичките агресори.

Во својата предизборна програма сегашниот градоначалник Александар Наумовски, ветуваше дека ќе стави крај на урбаната мафија и ќе го спречи урбанистичкиот хаос .

“Главна цел ќе биде да ставиме крај на урбаната мафија и забрана на изградба на објекти за колективно домување меѓу објекти за индивидуално домување со цел да се зачува квалитетот на живот” велеше Наумовски пред локалните избори во 2017 година.

Но, едно пишува во предизборната програма, друго се исцртува на теренот. Во последните месеци во Ѓорче Петров граѓаните организираат протести против бетонизацијата и градење стотици згради и висококатници предвидени со деталните урбанистички планови.

Куќа без темели





Дејан Лазиќ е староседелец во скопската населба Хром. Во неговата семејна куќа на улицата Воин Драшкоци повеќе од пет децении живееле три генерации. Мирното маало населено претежно со куќи денес се соочува со градежна офанзива и изградба на неколку станбени згради.

Со новиот ДУП за Хром директно е загрозена куќата на Дејан Лазиќ. Во куќата живеат две семејства, имаат различни влезови, но заеднички темели и потпорни ѕидови. Парцелата на која се наоѓа куќата е поделена на два еднакви дела. Тоа значи дека на двете парцели може да се добијат засебни маркици за градба. Соседот се согласил и на неговата половина ќе се издигне зграда од пет ката. Лазиќ сака на неговиот дел да остане куќата во која што сега живее. Ако се реализира планот, уривањето на половина куќа, семејството Лазиќ ќе остане да живее во небезбеден дом.

“Оваа куќа е дом на три генерации, мојот дедо, мојот татко и јас. Сите вложуваме во неа и нема да се предадам, ќе одам до крај. Време е системот да профункционира “- вели Дејан Лазиќ.

Тој пред девет месеци почнал институционална битка. До Советот на општината поднел барање за повторување на постапката за донесениот ДУП, но наместо со правен акт, од општината му одговориле со известување. Тоа во правниот речник се нарекува “административен молк”.

“На нашето барање не одговорија со управен акт со кој се уважува или не се уважува барањето “ – изјави адвокатката на Лазиќ, Марија Спирески.

Од општина Ѓорче Петров ни потврдија дека добиле две барања од Лазиќ. За првото барање за повторно донесување на ДУП-oт велат дека тоа не било предвидено со овогодинешниот буџет на општината. Додека за второто барање, за вонредно делумно укинување на ДУП-от, локалната власт одговори дека само Уставниот суд имал ингеренции да направи такво нешто.

Од Општината велат дека ДУП-от е донесен согласно сите закони. Претходно биле спроведени анализи, евидентирање на постојните градби и нивниот конструктивен систем. Но, немале пракса да излегуваат на терен за конкретни објекти.

“Посета на поединечни објекти не е вообичаена пракса, а воедно и не е (и не било) обврска согласно пропишаната содржина на урбанистичките планови со Законот за просторно и урбанистичко планирање” ни одговорија од општината.

Сите куќи во маалото во кои живее Лазиќ се изградени по ист принцип и со единствен конструкторен систем. Тие не се нови, туку се градени во 40-тите години од минатиот век и ова го знае секој староседелец во Ѓорче Петров, вели Лазиќ.

Тој не е единствениот кому ќе му се сечат потпорните ѕидови. И неговиот сосед Борче Џинковски се обидува да ја спаси својата половина од куќата. И неговата парцела е поделена на две маркици и во втората половина ќе се гради зграда на пет ката. Инвеститорот, во неговиот случај е при крај со процедурата, треба уште да плати комуналии и да почне да гради.

Кој ја подели куќата на пола

Општините не располагаат со стручен кадар кој би направил анализа пред донесувањe на ДУП и за таа цел ангажираат приватни фирми. Фирмата која во 2017 ја изработила анализата за конкретниот урбанистички план е „Иванов инжењеринг“ од Битола.

Оттаму тврдат дека при нивниот процес на работа ги запазиле сите законски регулативи. Но, сепак не утврделе дека објекот на Лазиќ дели заеднички темели и носечки ѕидови.

“Планерите немаат ингеренција да прават анализа на постоечките објекти со технички анализи и испитувања на темелите, меѓукатните конструкции, серклажите, носечките ѕидови и не се обврзани да прават увид во техничката документација според која се изградени градбите.” ни одговорија од „Иванов Инжењеринг“.

Тие посочија дека Лазиќ сам требал да ги пријави забелешките во јавната анкета за ДУП-от која ја направиле 2018 година.

“Кога ја пополнувавме анкетата ни на крај памет не ни’ дојде дека може да ни’ ја рушат куќата.”, вели Лазиќ.

Фирмата „Иванов Инжењеринг“ е позната на јавноста кога во 2017 година медиумите објавија дека е регистринана на адресата на семејната куќа на тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески на улица „Браќа Ламески“ бр.32 во Прилеп. Фирмата добивала тендери од општини, министерства, а учестувала и во проектот „Скопје 2014“ како изведувач на катната гаража „Разловечко востание“, која чини околу 10 милиони евра.

Во градежништвото не е дозволен авантуризам

Во обид да докаже дека куќата е неделива, Дејан Лазиќ побарал стручно мислење од професори од Градежен факултет. Во двете стручни мислења што ги изработиле професорите Дарко Наков, Горан Марковски, како и деканот Златко Србиноски во детали ја исцртале куќата и поставеноста на заедничките темели и потпорни ѕидови.

“Професорите уште кога го видоа објекот рекоа ова се гледа од авион дека е неделниво“- изјаи Лазиќ.

Во заклучокот на стручното мислење пишува дека уривање на дел од објектот со себе носи висок ризик по стабилноста и носивоста на преостанатиот дел од градбата.

“Градежното конструкторство е премногу сериозно подрачје во кое било каков авантуризам може да има несогледиви последици “ – пишува во стручното мислење на професорите.

Општината го одбила првото стручно мислење со кратко образложение дека не било базирано на технички испитувања направени врз објектот. Професорите по овој одговор праќаат второ стручно мислење, на што општината одговара дека не го оспорува и дека истото ќе биде земено во предвид.

Градоначалникот Александар Наумовски им одговорил дека не го оспорува мислењето на професорите, но сепак од општината во дописот до ИРЛ велат дека во барањето на Лазиќ за делумно укинување на донесениот ДУП, ризикот за објектот е неоснован.

“Тврдењето од барањето дека со детален урбанистички план – како општ акт може да се предизвика тешка и непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето е целосно неосновано” стои во одговорот од општината.

Според Законот за градба одговорноста за безбедноста на непосредните соседни објекти при градењето ја сноси инвеститорот. Тој со изјава заверена на нотар се обврзува дека ќе ги плати сите трошоци во случај на штети. Општината нема да сноси никаква одговорност доколку му се оштети куќата на Дејан Лазиќ.

Тој се надева дека ќе успее да го спречи урбаното силување, а надеж гледа во второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, каде минатата недела упати жалба и побара Советот на општината повторно да го разгледа ДУП-от.

Проектот пола куќа, пола зграда засега останува само на хартија.

https://irl.mk/urbanistichki-distopii-od-orche-petrov-pola-kua-pola-zgrada/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 23-Mar-2021 at 19:59
Точно така - фискална децентрализација и нула евра од државата. Па ако не им се собира данок, нека продолжат да не плаќаат локалците.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 23-Mar-2021 at 18:57
Овој тера трет мандат, не е крив он него тие што го гласаат...треба да се остават градови како Струга, Тетово, Гостивар...јабана, шта је ту је, нема спас за нив...нека прават што сакаат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 23-Mar-2021 at 13:53
СТРУГА НЕМА ДИВОГРАДБИ, АКО САКА ДРЖАВАТА НЕКА НИ ГИ ЗЕМЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ, АМА НЕ МОЖЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека Струга пред година и пол побарала од владините институции да им ги отстапи надлежностите на општината во областа на урбанизмот, во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии и спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, но Министерството за транспорт и врски одговорило дека не постои законска можност за тоа.

Ова е одговорот на Мерко по најавите на министерката за култура Ирена Стефоска за одземање на ингеренциите на Охрид и Струга бидејќи не се грижеле за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Мерко тврди дека во општина Струга нема дивоградби на брегот на езерото со што не се загрозувало вредното наследство.

„Ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство, значи во целост е запазена зоната покрај езеро да нема градби во тој прилог сме одговорни и во никој случај не го загрозуваме културното и природното наследство“, вели Мерко.

Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебарца, општина која исто така е дел од заштитата на УНЕСКО вели дека потребни се построги мерки во заштитеното подрачје додека на останатиот дел треба да се дозволи непречен урбан развој. Во заштитениот појас на Дебарца има само една нелегална градба.

„Проблемите и забелешките кои се однесуваат на регионот најмалку не засегаат нас , ние ги немаме проблемите кои ги имаат општина Охрид и општина Струга, кај нас се помали, меѓутоа неспорно е тоа дека треба да се имплементираат сите забелешки кои се доставени од УНЕСКО“, вели Ногачески.

Најавите за одземање на ингеренциите на градоначалниците на Охрид и Струга доаѓаат по уривањето на ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989, на чие место треба да се гради хотел спротивно на прописите содржани во Планот за управување со охридскиот регион.

„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини“, рече министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-nema-divogradbi-ako-saka-drzhavata-neka-ni-gi-zeme-ingerentsiite-ama-ne-mozhe-veli-gradonachalnikot-merko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 18-Mar-2021 at 16:07
Секторот за инспекциски работи продолжува со отстранувањето на незаконски поставени и изградени објекти на територија на Општина Центар.
Денес се отстранува градба на улица „Лазар Личеноски“ бб, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Во придружба на градежна механизација согласно Законот за градење и Законот за постапување со бесправно изградени објекти, општината пристапи кон присилно отстранување.
Повторно апелирам, инвеститорите да постапуваат по издадените решенија за отстранување на градбите, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги изврши, а трошокот ќе падне на товар на инвеститорите.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.377 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.