![]() |
![]() |
![]() |
Бит пазар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
А зошто да не биде пазарот во традиционален, Македонски стил, да се надоврзе на Старата чаршија.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Bas i jas taka mislam. Za da bide zatvoren pazar e mnogu golem. Sekako nekoj ,,lesen,, pokriv ama aj vo cair sekogas ima iznenaduvanja, negativno se razbira. |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Кров со многу зеленило а помалку бекатон е тоа што му треба на овој простор. Паркингот може и одоздола да дојде? Со улица за дотур на роба.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Zatvoren pazar ke mu ja unisti poentata na Bit Pazar. No aj da se nadevame deka nema da bide CHir kako Global vo Strumica tuku ke ima malku pootvoren karakter.
|
|
![]() |
|
Martin_E ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 27-Jul-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Бит пазар целосно ќе се реконструираСоветот на општина Чаир на денешната седница го усвои нацртот на деталниот урбанистички план за целосна реконструкција и надградба на Бит пазар. Наскоро ќе следат јавна анкета и
презентација на која сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат
да достават свои предлози и забелешки.
Подоцна нив ќе ги разгледува стручната комисија и ќе бидат земени предвид во следните фази за развој на овој проект.
http://24vesti.mk/bit-pazar-celosno-kje-se-rekonstruira Најпрво предлог планот за Бит пазар е се само не реконструкција. Се согласувам со некои од коментарите тука на форумот за нехигиената и дивите продавачи но навистина се сомневам дека нов затворен пазар ке ги реши сите проблеми. Тоа што се предлага е нормален трговски центар со пазар во приземјето нешто како пазарот Глобус што се изгради во Струмица, кои има можеби и повеќе проблеми од кога беше отворен. Не смее да се заборави историската важност на тоа место, која е отворен пазар, во кој се слева чаршијата. Врската на таа улица со улицата до Здравствениот центар која е пресечена со булеварот, и која сеуште ги чуди градските раководители зошто луѓето тука преминуваат и го решија проблемот со билборд мост и метална ограда. Во никој случај цврста градба не е правилното решение под кое ке се добиат комерцијални простори за кој се сомневам дека е главната цел на овој проект. Паркингот е предвиден кај празниот простор до Албанскиот театар. Потполно се согласувам за обнова и нов проект за покривање на пазарот но на ниво на приземје во кој би се подобрила состојбата но не и нов објект. Секако Пбанкс кажа убаво Арка и станбените згради и булеварите се виновни за тотално отцепување на врската чаршија град. Ова само ке придонесе за тоа изолирање. Еве го и ДУпот од 2000та година, го немам тој што е усвоен сега но тогаш беше предвидено 9 метри висина на венец ( + може поткровје) и огромна кула од 19,5 метри во средина на пазарот. И исто така два помали објекти со број 5.6 и 5.7 со висина од 7 метри. Самата суштина на пазарот е да е од отворен тип. ![]() Еден пример кај што примарната функција е задржана, која е пазар а не уште еден трговски центар во градот. ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
БИТ-ПАЗАР ЌЕ СТАНЕ МОДЕРЕН ЗАТВОРЕН ПАЗАР
Наскоро може да се очекува Бит-пазар да се преобрази во нов модерен затворен пазар, кој најверојатно ќе има две нивоа. На едното ќе бидат лоцирани новите пазарски тезгиња, а подземното ниво е планирано за паркирање. Тоа многу ќе им го олесни на скопјани доаѓањето на пазар, бидејќи сега навистина оставањето на автомобилите е сериозно тешко и губење време на околните паркиралишта. Покриен и модерен Бит-пазар ќе им даде поголеми можности не само на посетителите, туку и на сите оние кои ќе го снабдуваат пазарот. Новиот објект ќе ги спаси пазарџиите од мрзнење на зимските студови и ќе им овозможи многу посовремени услови за работа. Од друга страна, пак, ќе ги снема сите остатоци од зеленчук, овошје, картонски кутии и што ли уште не што сега се гледаат од надворешниот дел на пазарот. Просторот ќе се уреди и ќе добие нова димензија, а грдата слика ќе исчезне. Општина Чаир во изминатиот период започна постапка за донесување на Детални урбанистички планови за Градска четврт „Стара скопска чаршија“, којашто е поделена на пет блокови, а во кои е делот на Бит-пазар. Конзерваторските основи за тој блок се изработени од страна на национална установа, Конзерваторски центар-Скопје и тие се веќе одобрени од страна на Управата за културно наследство. Во тек е изработката на нацрт- планот за Бит-пазар, а за него е задолжено проектанското биро „Ин пума“. Од општината Чаир се надеваат дека до средината на март, Деталниот план ќе биде готов и веројатно и ќе и' биде предаден, а веднаш потоа усвоен и донесен Деталниот урбанистички план за оваа градска четврт на која треба да започне изградбата на новиот објект на пазарот. За изработката на основниот проект за реализација на објектот на „Скопски пазар“ на Бит-Пазар се вклучени и архитекти од градот Бурса, Република Турција. Од АД „Скопски пазар“ велат подетални информации врзани за реконструкцијата на пазарот Бит-пазар ќе можат да дадат во оној момент кога ќе биде официјално донесен ДУП-от за таа намена, според кој Скопски пазар ќе ги има дозволените параметри за градба. Се' дотогаш не можат да дадат никаков конкретен податок. „Веќе ги добивме заштитните конзераваторски дозволи некаде пред една година и сега работиме на планот за делот на Бит-пазар. Станува збор за план на земјиште од 3,11 хектари, односно за делот што се простира од Шарената џамија и Бит-пазар, со делот кој допира до Чаршијата. Се разбира, во тој план мора да планираме и развој на објектот кој треба да биде затворен пазар, а кој не би требало да оди многу во висина. Всушност, веројатно, ќе биде објект кој не би требало да поминува повеќе од седум метри во височина, рече Благоја Тагасовски од Проектанското биро „Ин пума“. Реализацијата на затворениот пазар се влечеше со години. Во една пригода пред околу две години Општината Чаир, „Скопски пазар“ и Здружението на пазарџии го презентираа новиот проект и истакнаа дека тој ќе тежи околу 10 милиони денари. http://www.utrinski.mk/?ItemID=7F8A719B702538499F30E45C9625ED8F |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
мислам дека не е проблем изгледот на самиот пазар, затоа што самиот пазар веќе постои традиционално на таа локација и би било незгодна и пипава работа да се менува неговата форма, изглед и општ карактер
проблемот во тој пазар се состои во тоа што неговата непосредна околина е невиден хаос, поради сите диви тезги, нехигиена, неуредност, пропаднатост и непочитување на било каков ред... на самиот пазар му се додавани милион крпеници и своеволно уредување на тезгите јас лично не би инвестирал во изградба на нов пазар, туку едноставно би вовел само ред, унифицираност и реновација (и нормално, некакво решение за паркинг)... само поради тоа што не би сакал да го менувам карактерот на просторот едно време размислував за тоа дали добра опција би било да се намали површината на пазарот, за да се отвори прегледно влезно плато во чаршијата од таа страна, со тоа што делумно би се дислоцирал пазарот, додека другиот дел би ја задржал локацијата |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Всушност Хуго баш јас би го оставил на тоа место затоа што тој пазар секогаш бил таму и поврзан со чаршијата и во таков хаос ,можеби неговиот нов и модерен изглед ќе наштети на изгледот на чаршијата според некој мислења но јас го имам сосема спротивното и мислам дека уште подобар изглед ќе доведе во тој реон само затоа што ние сме едни од ретките држави во светот каде што старото и новото се спојуваат во една целина.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Објектите на главната улица ми имаат некоја смисла бидејќи ја заштитуваат чаршијата од големите булевари и го задржуваат идиличниот амбиент.
Арка и големите станбени згради позади стоковната куќа се најголемите чирови во тој дел. |
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
+1. Објектот како објект е многу добар, ама локацијата му е ужасна. Барем да беше на главна улица. Барем. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Рендерот е многу неквалитетен за да се добие вистински впечаток што точно ќе се гради.
Она што ми се допаѓа е димензионираноста, не смее околу старата чаршија да има големи доминантни објекти кои ќе ја засенуваат. Да постоел build.mk на времето кога се градеше хотелот Арка сигурно ќе беше хистерично на форумов |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Да многу битен момент е тоа што го спомна со тезгаџиите на Црно. Но дали тоа ќе функционира во пракса ќе видиме. Негативен пример за тоа е Струмица каде што околу Глобал има еден куп нелегални продавачи, не само што не се среди туку е и многу полошо од порано зошто кириите за тезгите рипнаа. Туку МИТАТОС видов на нет една твоја фотографија од Бит Пазар па би те замолил да закачиш овдека неколку фотографии за да имаме во увид како е сега и како ќе биде. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Офф топик ама кога веќе ги спомна , дали знаеш зошто Алсат веќе подолго време на страната го нема македонскиот јазик како опција??кога го тргнаа кажаа привремено ама еве веќе подолго време го нема. Он топик, се согласувам дека му треба средување на бит пазар и се надевам дека купувањето таму со новото обновување ќе се зголеми хигиената и безбедноста а со тоа и бројот на потрошувачи домашни но и туристи. Освен тоа квалитетен Бит Пазар може позитивно да влијае и врз старата чаршија. Мене ваков каков што е сега ми изгледаше многу нечист, мрачен и небезбеден , вака со обновувањето секако дека ќе имам причина да прошетам помеѓу тезгите.
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Едино ме радува фактот дека ќе има паркинг простор, се надевам дека нема да се наплатува, иначе како проект не ми се допага нема никаков стил, и ме радува фактот дека ќе се надминат проблемите на тезгаџиите кои си плаќаа кирија а некој ке му се паркираше тука пред тезга со кутија и продава на црно.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Da 10 mil evra cini, i vo alsat m taka pisuvase.
Dobar cekor, samo napred. Konecno haosot kje go snema, pravi mnogu losa slika ![]() Edited by my Macedonia - 13-Mar-2013 at 16:34 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ќе си земам за право да го копирам постот на Мy Macedonia најмногу поради една вест која се разликува од воведниот пост а тоа е цената на чинење на овој проект.
Додека во постот погоре стои 10 милиони денари. Е сега според големината и обемот на работа мене „ЕВРАТА„ ми се пореални но не ми е јасно од каде на Скопски Пазар толкави средства. Сепак најверојатно е дека во целиот проект ќе зема финансиско учество и општината. Edited by kultuzin - 13-Mar-2013 at 16:32 |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Наскоро почнува да се гради нов Бит-пазар
Пазарот ќе се простира на површина од 15.000 квадратни метри, со можност за 1.400 тезги на приземниот дел Бојан Шашевски На површина од 15.000 квадратни метри за неколку месеци ќе почне изградбата на новиот модерен Бит-пазар со приземно и надземно ниво. Конечно ќе здивнат тезгаџиите што работеа во прилично лоши услови без основна пазарна инфраструктура и со диви пазарџии кои им го земаа лебот. Реализацијата на затворениот пазар се влечеше со години, но вчера Општина Чаир, „Скопски пазар“ и Здружението на пазарџии го презентираа новиот проект вреден околу 10 милиони денари. Идејното решение нуди далеку посовремен пазар со задржани традиционални белези. „Проектот е од голема важност за општина Чаир, но и за цело Скопје. Моментално се привршуваат измените на ДУП-от за тој дел, по што ќе се пристапи кон реализација на проектот со кој ќе се решат проблемите на пазарџиите, купувачите и сите што циркулираат околу овој познат простор“, рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Претседателот на здружението на пазарџии „Просперитери“, Екрем Долек, потенцираше дека со ова се реализира сонот на сите пазарџии. Вели дека со години бараат доградба на постојниот пазар кој им обезбедува основна егзистенција на нивните семејства. „Минавме низ повеќе протести и барања за условите за работа, проектот се одолжуваше, па сосема беше оправдан песимизмот кај пазарџиите. Од 2005 имавме различни варијанти, идеи и ветувања од Општината и ’Скопски пазар’. На наше инсистирање, конечно, ќе се направи нов пазар, кој ќе ги донесе потребните стандарди и за тезгаџиите и за купувачите. А, ќе ги зачува историјата на пазарот и духот на чаршијата“, рече Долек. Сашо Давитковски од „Скопски пазар“ смета дека проблемот со пазарот се наметнува со години. Смета дека е убаво што имаме богато минато, но треба и да се инвестира во нова инфраструктура. „Овој проблем е постар од мене. Пазарот раскажува приказна долга 900 години. Сега имаме сериозна намера да ја реализираме идејата која се одолжуваше пред се' поради технички проблеми со урбаните планови“, рече Давитковски. Проектант на новото идејно-решение за пазарот е архитектот Кокан Грчев, професор на Универзитетот „Американ колеџ“. Тој вели дека ова е дел од идејата да го приклучи Бит-пазар како интегриран дел од Скопје. „ДУП-от и техничката документација се при крај. Нема да се подобри ситуацијата со пазарот, туку драматично ќе се промени и сликата за Скопје за овој дел. Навиките за користење на просторот остануваат исти - пешачкото движење, местоположбата на женскиот пазар, поставеноста на влезовите. Ќе се движиме во Бит-пазар на идентичен начин, но со стандарди од новото време, со пазар од затворен и отворен концепт, кој ќе се припие кон концептот на Старата скопска чаршија. Со архитектонски јазик на традиционалното низ потребите на современото време. Со современи материјали со одржлив развој. Приземниот дел ќе има можност за 1.400 тезги“, вели проектантот Грчев, додавајќи дека пазарот ќе се гради во етапи за да нема целосно затворање на тезгите. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D974A064A35FCB49AA36E669095B4440 Не најдов тема за Бит Пазар , со оглед дека ќе почне да се реновира не е лошо да го следиме развојот на настани. За почеток би било супер ако има некој да стави слики од актуалната состојба на овој пазар. Edited by kultuzin - 13-Mar-2013 at 16:29 |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Одлично, иако изгледов што е прикажан на визуелизацијата не ме воодушевува нешто баш, но сепак идеата за тој цел дел едноставно мораше и редно време беше да се среди бидејќи наликуваше на вистински хаос. Тоа важи за сите пазари, но овој беше вон сите конкуренции со неговиот изглед и неред. Инаку јас дури и би го дислоцирал да не биде во таква дирекна корелација и близина со чаршијата бидејќи тој неред целосно ми ја уништува сликата за чаршијата. Посебно ми се допаѓа делот кој вика, дека ќе бидат опфатени сите тезги и дуќани и нема да се дозволи ниту една тезга надвор од пазарот, а валда тој закон ќе важи и за оние диви трговци кои се распостелени на картонски кутии од Мавровка па до пазарот.
Edited by HugoGoulding - 13-Mar-2013 at 14:09 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |