build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни правила, етика и казни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 14-Jun-2011 at 05:11
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 14-Jun-2011 at 04:48
Treba da postavat poveke staticni kameri na raskrsnici a isto kameri za detektirajne na brza voznja.No i mobilni vozila so kameri sto ne se razlikuvaat od drugite soucesnici.Najnovo vo monetov kaj sto ziveam novo e na avtopat megu dve tocki edna kamera te slika  na vlez i druga te slika na izlez gi prebaruva po registracija go presmetuva vremeto i distancata i ako si vozel poveke od propisanto  kazna so ova nema mrdajne dosega luge sto vozat sekoj dnevno gi znaat staticnite kameri i mestat kade sto mobilna kamera mozi da se postavi namluvaa na ovie mesta sega toa e minato. A isto pisejne elektorska kazna se vnesuva vo centralen system i nema brisejne da ja izbrisi treba da odi preku cetralen system na sto komadiri nacalnici i drugi nemaat pristap.
Samo regirozni kazni i poveke kameri ke gi namalat sobrkajnite nezgodi.
A isto system so sobrkajni  poeni ako zagubis poveke od 12 poenti vo edna godina da ti se odzeme dozvolata prvo na 3 do 6 meseci vtor 12 meseci tret pat 3 god sekoj odzemen poen se vraka nazad po 12 meseci.(A da izgubis 12 ne zema mnogu od eden do najmnogu 6 polesni prekrsoci) plus za nenormalno vozejne so 30KM i poveke od dozvoleno ti ja kofiskuvaat kolata i presuvaat
Vaka e reseno vo Avstralija.


Edited by Goran - 14-Jun-2011 at 04:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 02-Jun-2011 at 17:27

По изборите денски фарови само во зима

Законот за денско возење со вклучени светла ќе претрпи корекции по изборите и ќе важи само во зимските месеци, дознаваме од доброинформирани извори

Ваквиот предлог, кој не е дел од ниту една предизборна програма, беше инициран од група експерти. Процените се дека користењето на денското светло кај автомобилите ја зголемува потрошувачката на гориво просечно за 6 проценти и дека се зголемува и емисијата на јаглероддиоксид. Македонија оваа мерка ја презеде како европска обврска, иако во земјите од ЕУ таа или делумно се применува или воопшто не се применува.

- Ќе се разгледа секоја иницијатива што ќе биде предложена и, доколку биде прифатена, ќе биде проследена во вид на предлог на закон - велат од МВР. Нашите извори велат дека додека не се формира новото собрание нема да бидат можни корекции, иако имало многу позитивни реакции на предлогот за промена на законот.

За поднебје како што е Македонија примената на овој закон е крајно бесмислена и значи само пресликување на некакви туѓи стандарди, бидејќи ние не сме ниту Скандинавија ниту временските услови се такви, тврдат граѓаните.

Со законските измени обврската за возење со вклучени денски светла би важела само во периодот на зимското сметање на времето.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6211856157&id=10&prilog=0&setIzdanie=22295
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 27-Jan-2011 at 17:25

Обичниот Синчир - http://issuu.com/autofocusmagazine/docs/autofocus_52_issuu/23?mode=window&printButtonEnabled=false&backgroundColor=%23222222

ПРОБЛЕМИ СО СТАРТУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИНе тргнувајте без чисти стакла и ретровизори

Многу е опасно да се тргне со замаглени стакла и потребно е да одвоите некоја минута и да ги осигурате добрите услови за безбедна видливостСо првиот утрински мраз и студеното време почнуваат и проблемите во возењето. Моторот потешко се стартува, што е особено изразено кај постарите и неисправни возила. Во северните делови од земјата и на повисоките места наутро н` дочекува роса или лед на предното ветробранското стакло. Општ тренд е поради намалување на потрошувачката на гориво и загадувањето на човековата околина да не се препорачува загревање на возилото во место. Пред да го стартувате моторот, темелно исчистете ги сите стакла и трепкачите. Многу е опасно да се тргне со замаглени стакла и потребно е да одвоите некоја минута и да ги осигурате добрите услови за безбедна видливост.Во системот за миење на шофершајбната треба да има пропишана течност која одговара на овој период од годината, но ледот и росата треба да се отстрануваат со стругалка, а не со бришачите. Ако на тоа не се внимава лесно може да ги оштетите (изгребете) гумените метлици на бришачите. Немојте да заборавите да ги исчистите и надворешните ретровизори бидејќи од нивната чистота зависи и видливоста од страничните делови на автомобилот. За неколку минути моторот веќе ќе биде загреан и воздухот низ системот за вентилација почнува да ја суши влагата во внатрешноста и од стаклата. Важно е при рака секогаш да имате мека крпа, со која по потреба може да се избрише внатрешната страна на стаклата. На почеток возете претпазливо и без брзање, бидејќи треба да се причека за да може моторот потполно да се загрее, а вентилацијата да почне да работи со целосен интензитет.

Внимателност е потребна поради ладните гуми, кои на студениот асфалт може лошо да се држат и го зголемуваат ризикот од пролизгување, при сопирање и брзо возење во свиоците. Проблемот е особено изразен ако на така лизгава подлога возите со летни гуми. Според законските одредби од 15 ноември сте обврзани да имате зимска опрема во возилото, а шарата на гумата да не биде помала од 4 мм.Првите мразеви се најопасни, бидејќи може да се случи зимската служба со сол и песок да посипе само одредени делници, а возачите се уште не се подготвени. Поледица се јавува најчесто на надвозници, во осојничави места, на влез во тунел и предели што ретко се изложени на сонце. Наидување на лед со брзина што не е прилагодена според условите значи и сигурно излетување од патот, што тешко може да го спречи и најискусен возач. Ако температурата се спушти под нула степени, треба да се биде внимателен, дури и ако коловозот е сув, бидејќи тогаш гумата има лош контакт со подлогата. Управувањето станува отежнато, а секое свртување или сопирање е опасно. Добри зимски гуми вредат повеќе од било што, и на нив не треба да се штеди. Не се добри стари зимски гуми, особено ако длабината на шарата е помала од 4 мм. Купување на квалитетни гуми е најисплатлива инвестиција.ЛЕДОТ ЧИСТЕТЕ ГО ВНИМАТЕЛНОСтругањето на ледот станува секојдневна рутина и притоа треба да се биде внимателен. Користете квалитетни стругалки, кои можат да се купат во продавниците за авто опрема, а избегнувајте ги рекламните, изработени од тврда пластика, кои се нудат како подарок. Ледот стругајте го со одмерен притисок, за да не се избразди стаклото. Внимавајте со стругалката кога минувате преку стаклото да не ги оштетите страничните кедери, односно гумените делови. Ледот треба да се отстрани темелно, бидејќи заостанатите делови, топчиња и други делови се прилепуваат за стаклото, можат да ја оштетат гумената метлица на бришачот. Никако не треба да се користи топла вода за отстранување на ледот, бидејќи може многу лесно стаклото да пукне.

ВО ПОЧЕТОК БЕЗ ТУРИРАЊЕБез проблеми може да тргнете и со ладен мотор, но додека не се загрее не претерувајте со вртежите. Тоа е особено важно за моторите со турбополначи. Во почетокот во повисок степен на пренос префрлете веќе при 2.000 вртежи, а кога моторот ќе се загрее вртежите постепено зголемувајте ги. Ако веќе во првите метри од тргнувањето треба да совладате некоја нагорнина, поминете го додека возите во прв степен при ниски вртежи, а дури на врвот префрлете во втора брзина. Но, дури и кога моторот целосно ќе се загрее, заради штедење на гориво, кај дизелските агрегати не треба да се минува преку 3.000 вртежи во минута, а кај бензинците преку 4.000 вртежи. Маслото во менувачот се загрева потешко, од она во моторот, па пред да почнете со менување во прва или рикверц, препорачливо е прво менувачот да го ставите во трета па во четврта, па дури тогаш да тргнете.ВНИМАТЕЛНО ВО РИКВЕРЦПри стартување на автомобилот, грејачот на задното стакло не стигнува во целост да ја оттргне влагата, па затоа е потребно попретпазливо маневрирање при возење во рикверц. Проблемот го влошуваат и страничните ретровизори, кои и после чистењето лесно се замаглуваат. Особено незгодно е вклучување во сообраќај при излегување од паркинг во рикверц, бидејќи отежнува лошата видливост низ страничните прозорци и го зголемува ризикот при излегување на улица. Тогаш лесно може да дојде до налетување на друго возило и сообраќајна несреќа. Голема корист ќе има ако на кратко се отвори задното стакло во автомобилот. Уште подобра видливост ќе се добие ако на паркинг местото се влезе во рикверц па наутро полесно ќе излезете.

Горан Антевски - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0DA663B3CE0C0A429C49AC65708B9B05





Edited by Max - 03-Mar-2012 at 00:00
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 13-Jan-2011 at 12:53



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 17-Jul-2010 at 05:46

„Партизанска“ - булевар на стравот


Само во изминатите шест месеци се случиле 41 незгода, а биле повредени 56 лица

Снежана Калабакова

Многумина кои дошле во Скопје рекле дека никаде не се вози полошо. Но, скопјани си знаат дека најлошо се вози на булеварот „Партизански одреди“. На оваа сообраќајница како да важат спротивни правила од пропишаните, па наместо на пешачките премини да чекаат автомобилите, стојат пешаците. Тие им даваат предност на оние што седат зад воланот, кои постојано брзаат некаде. Нивното невнимание е причина за честите сообраќајни несреќи во кои страдаат пешаци и тоа токму на обележаните пешачки премини. Само годинава во изминативе шест месеци се случиле 41 незгода, а биле повредени 56 лица.

Во сообраќајните билтени на полицијата на оваа сообраќајница стои забележано дека брзото возење е главна причина за несреќите. Ваквите немили настани се случуваат речиси и пред очите на Сообраќајната полиција, која многу често е присутна на булеварот. Оваа сообраќајница можеби треба да биде постојан предмет на анализа на сообраќајните инженери, кои треба да бараат можни решенија за заштита на пешаците.

Најголем дел од опасните преминувања од едната на другата страна на сообраќајницата се случуваат на потегот од зелениот пазар „Буњаковец“ до постојката кај „Симпо“. Токму на овој потег најчесто на пешачките премини страдаат прво пешаците, најчесто повозрасни лица, но и млади луѓе. Не ретко на налетот на брзината жртви се и велосипедистите кои се обидуваат да поминат од едната на другата страна на улицата. Брзото невнимателно возење се практикува и од споредните улички во Дебар Маало од каде што возилата се вклучуваат на „Партизански одреди“. И тука на тие делови пешаците треба да поминуваат внимателно.

Поради брзото возење по „Партизанска“, незгоди се случуваат речиси секој втор ден. Токму затоа овој булевар е улица на стравот, а секое невнимателно поминување на пешачките премини може да биде кобно. За возачите не важи правилото дека треба да застанат штом забележат дека стапнал пешак на пешачкиот премин.

Од МВР потврдуваат дека брзото возење на „Партизанска“ е причина за сообраќајните несреќи во повеќето случаи. Поради невнимание и брзо возење, во текот на 2009 година на булеварот „Партизански одреди“ се случиле 85 сообраќајни незгоди, а во нив пет лица го загубиле животот и 130 биле повредени. Заклучно со јуни годинава, се случиле 41 незгода во кои 56 лица биле повредени. А само во јуни биле евидентирани 10 сообраќајки, а 12 лица биле повредени.

Од СВР - Скопје објаснуваат дека освен по „Партизанска“, брзо се вози и по булевар „Едвард Кардељ“. Статистиката за минатата година покажува дека на оваа сообраќајница се случиле 44 сообраќајки во кои две лица загинале, а 66 биле повредени.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A63AF9FD619EE843A70CF698FEAE1AAA
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 22-Jun-2010 at 21:45
Ќе се „уништуваат“ 169 црни сообраќајни точки
 
Последните десет години на македонските патишта во 1.317 сообраќајни несреќи загинале 1.496 лица, меѓу кои 87 се деца на возраст до 13 години  
 
%20  
 1.317
сообраќајни несреќи
 
 1.496
загинати лица
 
 169
црни точки на патиштата низ земјава

Само во последните две години бројот на жртвите во сообраќајот е поголем за 4,5 пати во однос на жртвите од најтешките облици на криминал како што се убиствата. Поразителните бројки вчера ги посочи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето обраќање на форумот насловен како „Црни точки на патиштата во Република Македонија“.

Министерката најави построги и зачестени мерки за контрола на сообраќајот во период што следува.

- Основната цел на МВР во 2010 година е да се намали бројот на загинати лица во сообраќајните несреќи за десет отсто. Во таа насока спореведени се голем број на реформи. За 15 отсто ги зголемивме проверките за возење под дејство на алкохол, за 43 отсто зголемен е бројот на казни, а досега успешно инсталиравме 38 отсто од планираниот број на камери за контрола на сообраќајот, изјави Јанкулоска

Претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот,Никола Ангеловски, рече дека до септември 2008 година имаат забележано 169 црни точки на патиштата низ земјава, кои треба под итно да се искоренат.

На стручниот собир беа промовирани три спота, кои укажуваат на последиците од возење со голема брзина, возење под дејство на алкохол и некористење на сигурносен појас.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62210103729&id=12&prilog=0&setIzdanie=22014

Edited by Cloverstack - 22-Jun-2010 at 21:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 12-May-2010 at 14:14
ДВА И ПОЛПАТИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
На патиштата се гине како во војна

Јулијана Ивановска
Благојче Петрески

Повеќе од двапати се зголемил бројот на загинати во сообраќајни несреќи и покрај строгите закони и медиумски кампањи, кои ги презентира полицијата последниве две години. Според полициските анализи, за првите три месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, бројот на жртвите се зголемил од 19 на 43. Само за четири дена на патиштата низ земјава во сообраќајки загинаа петмина, а повеќе од 30 граѓани се тешко повредени. По патиштата се повеќе се појавуваат „црни точки“, пропаднат асфалт, длабоки дупки, широки дури и по половина метар, необезбедени мостови, незаштитени провалии и бездни, а надлежните според експертите, не направиле ништо за да ја подобрат застарената инфраструктура. Најопасни се „црните точки“ на патот Кичево - Гостивар, кај превалецот Стража, како и кај превалецот Плетвар пред Прилеп, а и дел од патот кон Битола. Опасен и со безброј свиоци е и патот Македонска Каменица - Кочани, кај браната „Калиманци“ на кој годинава имаше пет жртви. Но, и автопатиштата не се подобри. Автопатот Скопје - Гевгелија, посебно кај клучката која ја поврзува Демир Капија со делницата Штип - Радовиш, кај местото Пилав Тепе, за стручњаците по сообраќај се најнебезбедни и речиси секој втор ден има по една сообраќајна несреќа. Катастрофалната инфраструктура на патиштата во Македонија, според стручњаците е најголемиот проблем поради кој секоја година се повеќе се зголемува бројот на загубени човечки животи. Според нив, криви се и возачите, кои не ја прилагодуваат брзината со условите на патот. Но, без разлика на се, велат стручњаците, државата мора да им обезбеди квалитетна патна инфраструктура. Големиот број сообраќајни несреќи, според професорот за безбедност во сообраќајот Стоимко Златковски, се должи на несоодветната опрема која е поставена на нашите патишта. Тој потенцира на безбедносните огради, кои, пред се, треба да бидат функционални. Веќе постоечките огради, како што објаснува тој, не се од никаква функција за спречување на сообраќајна несреќа, па според него, таа дејствува само психолошки на учесниците во сообраќајот. - Наместо сегашните мрежи, кои се поставен на ризичните места на патиштата, треба да се постават бетонски огради, кои по американскиот модел се познати како „њу џерси“. Тие се поставуваат покрај мостовите или ризичните делови на патиштата, кои освен што психолошки дејствуваат на возачите, се функционални и се доволно цврсти да ја намалат штетата од можната сообраќајна несреќа и да заштитат да нема повредени или, пак, загинати. Вакви блокови постојат во Македонија, но само по автопатот Тетово - Гостивар - вели професорот Златковски. Тој тврди дека металните огради, поставени на кривините и пред провалиите, познати како рабници, треба да се отстранат затоа што тие не би можеле да го спречат ударот. Напротив, вели професорот, доколку автомобил удри во нив ја губи рамнотежата, а со тоа се зголемува можноста за поголема несреќа. Наместо ваквата заштита, советува професорот Златковски, покрај патиштата пред бетонската ограда да се постави песок со покрупни камења. Ова би помогнало во случај возачот да заспал, песокот да го стресе возилото и навреме да го разбуди. За поставената сигнализација, посебно за флуоресцентни столбови, кои во ноќта и при најмал зрак светат, професорот Златковски објасни дека кај нас се поставени на секои 50 метри, но за поголема безбедност требало да бидат поставени на секои 10 метри. Златковски им препорачува на надлежните да поставуваат повеќе знаци по патиштата, посебно пред најопасните 127 „црни точки“, кои ќе се одржуваат и би се придонело за навремено предупредување на возачот за можната опасност. - Ова се загрижувачки податоци, особено ако се земе предвид дека најчесто во 10 од сообраќајните несреќи учествувало само едно возило - изјави министерката за внатрешни работи. Директорката на фондот за патишта и за сообраќај Наташа Волкановска изјави дека во однос на безбедноста на патиштата формирано е координативно тело и дека во подготовка бил акциски план за зголемување на безбедноста на патиштата. Во истиот тој план Волкановска посочи дека би требало да бидат опфатени веќе познатите 137 „црни точки“, кои се наоѓаат на патиштата ширум земјава. Патната инфраструктура, според неа, 30 години била во лоша состојба поради неодржување во согласност со стандардите. И додека во Фондот со години се кројат планови за побезбедна патна инфраструктура, граѓаните чии пари од патарини и од регистрација на возила се трошат за тамошните вработени, и понатаму гинат по небезбедните патишта низ земјава.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2019&ArticleID=140583
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 27-Mar-2010 at 15:45
Со дигитални тахографи ќе се контролира работното време на возачите - 27.03.2010

Возачите на автобуси и камиони од средината на идната година ќе може да возат само по осум часа на ден или онолку колку што со закон е предидено. Во возилото задолжително ќе мора да вградат дигитални тахографи.

Ова е новината која се предвидува со Предлог-законот за работно време, задолжителни одмори на мобилни работници и уреди за запис во патниот превоз (тахографи), кој е во Собраниска процедура од минатата недела.

Од јуни 2010 година возило во кое ќе нема вградено дигитален тахограф ќе неможе да се движи во земјите членки на Европската унија.

Новите тахографи ќе се разликуваат од старите по тоа што попрецизно ќе го евидентира бројот на часови на возење и одмор на возачот како и брзината со која се движело возилото.

Системот вклучува печатач, кој може да биде употребен при патна инспекција, додека возачот поседува картичка во која е инкорпориран микрочип, која тој мора да ја инсертира во тахографот кога презема контрола врз возилото.

„Ова е добар начин за да се стави крај на злоупотребата на работниците шофери. Тие скоро секогаш позади воланот се подолго од осум часа на ден. Со ова законско решение ќе се зголеми брјот на шофери", вели првиот синдикалец во Велес, Димират Андонов.

Андонов, напоменува дека овој Предлог - Закон е еден од ретките кои е во корист на работникот нагласувајки дека истиот е усогласен со европските диективи а во неговата изработка покрај синдикатот активно учествувало и Здружението на автопревозници.

http://www.lisica.mk/statija/7224

Тахографите задолжителни во автобусите и во камионите - 15.12.2009

Шест компании се пријавија на конкурсот за мемориски картички за дигитални тахографи, без кои македонските патни превозници по 16 јуни не ќе може да сообраќаат во земјите на ЕУ
Шест компании и институции се пријавија на меѓународниот јавен оглас, што кон крајот на февруари го објави Министерството за транспорт и врски за издавање мемориски картички за дигитални тахографи. Македонските патни превозници по 16 јуни годинава без тахографи не ќе може да сообраќаат со своите камиони и автобуси во земјите на Европската Унија.

Како што дознаваме, понуди доставиле македонската транспортна асоцијација СИЗ „Македонија сообраќај“ - АМЕРИТ, која конкурира со хрватската државна Агенција за комерцијално работење и полската државна Агенција за издавање тахографски картички, „Асеко-Се“ со српски и чешки партнер, словенечки „Цетис“ со своја подружница во нашата земја, „Сивус“ со романскиот партнер „Центсигн“, „Аутомакедонија“ со францускиот партнер „Хроносервис“ и „Виста“ со романски партнер.

Според нашите информации, понудата на „Македонија сообраќај“ е единствена комплетна според строгите тендерски критериуми и услови. Според нив, при изборот на фирма што ќе го добие ова овластување ќе се земат предвид пониските трошоци за издавање мемориска картичка, но важна улога ќе има и рокот на почнување на работите, како и условите и начинот на кој картичките ќе им се издаваат на корисниците. Некои од подносителите не доставиле доказ за бројот на вработените со комплетно платени придонеси или немаат податоци за расположив простор за вршење на дејноста за која конкурираат или нивните понуди содржат скриени трошоци, што подоцна може да ја обременуваат крајната цена на мемориските картички. Евалуацијата на понудите ќе трае до крајот на март, односно почетокот на април.

Инаку, мемориските картички, кои возачите ќе мора да ги внесат во тахографот, ќе го снимаат и меморираат времето на возење на возачите, кое не смее да биде подолго од осум часа на ден. Станува збор за задолжителна обврска, предвидена со европските директиви, а која е поместена и во нашиот нов Закон за работното време. Тахографот има и печатач, со што инспекциите лесно ќе може да дојдат до снимените информации дали превозникот отстапил од законот, а тој претставува и пречка за манипулациите на возачите пред газдите на возилото.

Како што посочуваат од Министерството за транспорт и врски, со спроведувањето на овој јавен оглас, ќе се овозможи создавање подобри услови за превозниците, а особено во делот на нивната заштита во патниот сообраќај, подобрување на безбедноста во сообраќајот, спречување на нелојалната конкуренција, спречување на пречекорувањето на максималното неделно работно време со цел правилата за работно време и одморите на возачите да бидат целосно и правилно применети.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7B34B2238AF1AC4B9A8FAC20EDB6088D

~

па и досега имаше тахографи само што беа хартиени ленти и аналогно се регистрираше на нив времето на работа на моторот... всушност ова е сега прилагодување на европските стандарди, но и можност за контиунирана контрола на тахографите преку картичките итн.  

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 12-Mar-2010 at 17:14

има во огнопревент http://www.clubeconomy.com.mk/Detali_cv.asp?ID=1621 се наоѓа спроти злате одма пред веро во тоа бараките на м.з.Пролет

а сигурно има и по другите фирми за противпожарна опрема  http://www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2691

Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 12-Mar-2010 at 09:30
Originally posted by La Linea

Поддршка за ваквата мерка. Знае ли некој каде може да се купи ваквата опрема?


Би требало да има во било која бензинска пумпа. Знам дека има и во Bujoto Home Center, 5 различни ПП апарати имам видено таму. Како и да е, друг проблем се јави... јас никаде немам видено 2L ПП апарат, секаде се продаваат 1L.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 11-Mar-2010 at 23:00
Поддршка за ваквата мерка. Знае ли некој каде може да се купи ваквата опрема?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 11-Mar-2010 at 11:28
Од денеска задолжително и противпожарен апарат во возилата

Противпожарниот апарат од денеска е задолжителна опрема во сите автомобили, автобуси и камиони, според правилникот за задолжителна опрема.

Според правилникот, објавен во Службен весник минатата недела, сите возила кои превезуваат патници треба да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар поставен на видно место или на место лесно да дофат.

Патничките возила треба да имаат еден противпожарен апарат од два килограми наполнет со прашок АБЦ.

Возачите од денеска, задолжително во возилата мораат да имаат и сигурносен-рефлектирачки елек што треба да се облече кога во темнина се напушта возилото, кога на пат надвор од населено место или автопат врши некој работа покрај возилото.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=69336&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 07-Jan-2010 at 14:32
Џабе паниката

Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили

Одредбата за 0,1 промил важи само за професионалните возачи и за почетниците

Стравот кај возачите околу измените во Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, според кои, им се дозволува само 0,1 промил алкохол во крвта, се испостави дека е лажна паника. Од МВР укажуваат дека станува збор за погрешно толкување на Законот и дека спорната одредба важи единствено за професионалните возачи, додека кај обичните возачи и натаму ќе се толерираат до 0,5 промили. Со измените што минатата недела беа изгласани во Собранието, а кои почнуваат да важат од денес, се воведуваат и степени на казнувања во однос на нивото на алкохолизираност кај возачите.

Измените во Законот важат само за професионалните возачи, односно вработени како возачи во фирми и организации, таксистите, возачите во јавниот превоз, шоферите на камиони и автобуси, лицата што обучуваат возачи, возачите почетници и слично. Кај нив нема да се толерира нивото на алкохол во крвта да биде повисоко од 0,1 промил“, ни изјави Кузман Дамчевски, виш полициски советник во Секторот за сообраќајни работи во МВР. Доколку кај ова категорија возачи бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили - тогаш им следува парична казна од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола.

Дамчевски појаснува дека за возачите - аматери што имаат положено возачки испит од категорија Б, и натаму важат досегашните закони, со кои полицајците толерираат до 0,5 промили. Новина е и тоа што од денес ќе важат различни казни според степенот на алкохолизираност кај возачите.

„Возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,51 до 0,99 промили, ќе бидат казнети со 250 евра и прекршочна пријава за одземање на возачката дозвола во период од три до шест месеци. За оние кај кои алкотестот покажува од 1 до 1,5 промили е предвидена казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола од шест до девет месеци. Кај лицата со 1,51 - 1,99 промили следува казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола од 9 до 12 месеци. Возачите што во себе имаат повеќе од 2 промила алкохол во крвта ќе бидат казнети со 400 евра и одземање на возачката дозвола на 12 месеци“, појаснува вишиот полициски советник.

Доколку се плати во рок од 8 дена, паричната казна ќе биде преполовена, но тоа воопшто не влијае врз одлуката на судијата за прекршоци на колку време ќе ви ја одземат возачката дозвола. Доколку возите, а возачката ви е одземена, следува уште една казна од 500 евра. Толкава казна е предвидена и за лицата што ќе одбијат да бидат алкотестирани, а згора и една година ќе бидат оставени без возачка дозвола. (Г.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35C1C9DBA648C04B8B5984F2319BC13F


Edited by Cloverstack - 07-Jan-2010 at 14:34
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 05-Jan-2010 at 01:51

Нов аршин за фатените возачи

Возачите-аматери сепак нема да бидат казнувани за едно испиено пиво или чаша вино, а глобите се рангираат од 250 до 400 евра, според количеството алкохол во крвта

Возачите што не се професионалци сепак нема да бидат казнувани за едно испиено пиво или чаша вино. Измените во Законот за сообраќајот, што пратениците го изгласаа во минатиот вторник, а ќе почне да се применува од утре, прецизно утврдуваат дека дозволената граница останува 0,5 промили алкохол во крвта. Лимитот од 0,1 промили се однесува само за професионалните возачи и возачи-почетници. Забуната што ја направија некои медиуми со погрешно толкување на законот.

- Границата од 0,1 промили алкохол се однесува само на возачите на кои управувањето со возило им е основно занимање, односно професионалните возачи на автобуси или камиони, возачите-инструктори, кандидатите за возач, како и членовите на испитните комисии за полагање возачки испит - вели Кузман Дамчевски, виш полициски советник во Секторот за сообраќајни работи во МВР.

Меѓу измените во Законот е и предвидената глоба од 500 евра и забрана за управување на моторно возило за возачот што ќе одбие да биде алкотестиран и возачот кој управува возило без возачка дозвола. Професионалните возачи ќе бидат казнети со 200 евра глоба и три месеци забрана за управување на моторно возило.

Дозволена концентрација на алкохол во крвта за возачите-аматери останува под 0,5 промили. Процентот на алкохол во крвта не зависи само од количината на испиениот алкохол, туку и од други фактори: тежината на човекот, полот, возраста, временскиот интервал од внесувањето на алкохолот до тестирањето и друго. Маж со просечна тежина од околу 70 килограми, по две испиени пива при тестирање може да ја надмине дозволената граница од 0,5 промили алкохол во крвта. За намалување на вредноста на алкохол во крвта од над 0,5 на нула потребно е да поминат од еден и пол до три часа.

ПОВЕЌЕ МАЛИГАНИ, ПОВЕЌЕ ЕВРА

Возачите што биле запрени од сообраќајна полиција по испиени две пива и оние што биле затекнати „мортус“ пијани нема еднакво да бидат казнувани. Казните се рангираат во четири категории, според тоа колку испиле фатените возачи. Казните се движат од 250 до 400 евра. Висината на паричната казна се одредува според концентрацијата на алкохолот во крвта. Првата категорија ги опфаќа возачите кај кои се измерени од 0,1 до 0,5 промили алкохол во крвта. За нив е предвидена казна од 200 евра. Во втората категорија спаѓаат тие кај кои ќе бидат измерени меѓу 0,51 и 0,99 промили алкохол. За нив глобата е 250 евра, а 300 евра ќе платат несовесните зад воланот кај кои ќе бидат измерени од 1 до 1,46 промил алкохол. По 350 евра казна ќе платат возачите кај кои алкотестот ќе покаже присуство на алкохол во крвта од 1,5 до 1,99 промил. Највисока е казната од 400 евра за оние што имаат над 2 промила алкохол во крвта.

Досега, сите пијани возачи, без разлика дали биле фатени со 0,5 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста казна - 400 евра.

Граѓаните го поздравуваат одредувањето казна според степенот на алкохолизираност.

- Не може некој што испил едно пиво да плаќа иста казна како некој што се направил „дрво“ пијан. Полицијата досега само еднаш ме запрела и по испиени две чаши пиво, апаратот покажа дека имам околу 0,6 промили алкохол во крвта. Ми напишаа казна од 400 евра, но платив само половина бидејќи ја уплатив во законскиот рок од осум дена. Сметам дека на тој начин ќе се воведе ред во контролата на пијаните возачи - вели 43-годишен скопјанец.

Други, пак, сметаат дека не треба да се прави категоризација на пијаните возачи.

- Без разлика дали некој вози автомобил по три испиени чаши вино или, пак, управува возило во тешко пијанство, во двата случаја се прекршува законот. Алкохолот и управувањето на возило не одат заедно и треба да има уште поригорозни казни - тврди пензионер.

Досега сите пијани возачи, без разлика дали биле фатени со 0,50 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста казна од 400 евра. Надлежните сметаат дека со рангирање ќе има поадекватно санкционирање на пијаните возачи.

- Како резултат на компаративните искуства во Европа, се предвидува конкретно дефинирање на недозволените промили на алкохол во крвта, како и адекватно санкционирање на учесниците во сообраќајот што постапуваат спротивно на законот - вели Дамчевски.

МАКЕДОНИЈА ТОЛЕРАНТНА

Возењето под дејство на алкохол не е најчестата причина за сообраќајни несреќи во Македонија. Во првите девет месеци од минатата година имало 3.244 сообраќајки со потешки последици. Од сите несреќи во минатата година, само мал дел, односно 117, биле предизвикани поради возење под дејство на алкохол, а најголем број, односно 3.019 несреќа се случиле поради возење со преголема брзина. Во истиот период лани на македонските патишта загинале 120 учесници во сообраќајот, а повредени се 4.942 лица.

- Очекуваме новата казнена политика да го намали бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од алкохолизирани возачи. Ефектите од измените во законот ќе ги видиме кога ќе ги сумираме резултатите од нашата кампања за поголема безбедност во сообраќајот - велат креаторите на измените во законот.

Македонија е земја што влегува во категоријата на земји што толерираат возење со извесно присуство на алкохол во крвта. Дозволената граница до 0,5 промили како референтна ја имаат и Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Словенија, Турција, Италија, Германија, Швајцарија и други. Најригорозни земји, во кои воопшто не е дозволено присуство на алкохол во крвта, се Чешка, Унгарија, Романија, Словачка, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Полиберални земји, со дозволени до 0,8 промили алкохол во крвта се Ирска, Велика Британија, Канада, Мексико, Малта, САД и други.

Македонската полиција често врши поголеми акции за алкотестирање на возачите по македонските патишта и најчесто добиените податоци се дека околу 20 отсто од нив возеле под дејство на алкохол.

Даниела Вељановска

Нема доза алкохол што не е штетна

- Релативно е колкаво количество алкохол е потребно за пијанство. Некој може да се испијани и со половина чаша вино, особено ако пие гладен. Се случувало по неколку чаши „кока-кола“ тестот да покаже алкохол во крвта. Ние настојуваваме законот да се смени, зашто и кај тие со 0,5 промили алкохол во крвта може да има промени во однесувањето и да бидат причина за сообраќајни незгоди. И со толку малку алкохол возачот е во физичка или психичка состојба во која не може да реагира соодветно на ситуацијата. Тоа е стар проблем што го имаа и судовите и вештаците со сторители на несреќи, кои го имале овој процент на алкохол, случаи што се' уште не можеме да ги решиме. Најдобро е воопшто да не се пие алкохол додека се вози - вели д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката.

Тој предупредува дека алкохолот ги забавување функциите, најсилно дејство има на централниот нервен систем и на мускулатурата, ги затапува сетилата, а најопасно е што може да предизвика влијание на центарот за дишење, поради што може да предизвика дури и смрт.

- Алкохолот може да го наруши ритамот на срцето и алкохолизираниот може да добие малигна аритмија од која исто така може да почине. Најмалите тројца пациенти што ни беа донесени вечерта на 31 декември се 13-годишници и сите беа во коматозна состојба. Често се заборава дека колку лицето е помладо, толку се потешки последиците од пиењето алкохол. Почетната еуфорија и веселост од пиењето поминува во фаза во која се забавени сите животни фунции, како и центрите за контрола на работата на виталните органи - објаснува Чибишев.

Значи сепак границата од 0,1 промили алкохол се однесува само на возачите на кои управувањето со возило им е основно занимање, односно професионалните возачи, но и возачите почетници. Додека за останатите останува границата од 0,5 промили.

Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 03-Jan-2010 at 20:57
Значи се е ова ок, но сепак 0,1 промили се некако многу радикална и репресивна мерка.Факт е дека до 0,5 промили алкохол во крвта не создаваат посериозни пореметувања на психомоторниот систем и проблеми при управување со возило. Значи да не бидам погрешно сватен и јас сум ЗА, да не се вози под дејство на алкохол. Казните нека одат и на 1000 евра за над 0,5 промили ,но 200евра за над 0,1 е премногу од причина што прави многу притисок во стилот и да си се напил минатата вечер тебе може да ти покаже над 0,1 . Или па изеди кило грозје па да видиме за неколку часа дали нема да ти покаже над 0,1 Big%20smile
Се надевам ме разбирате што сакам да кажам Cheers(кока кола пијам)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 03-Jan-2010 at 20:18
Верувам дека скоро сите сме возеле пијани, кој малку поднапиен, кој клешта пијан, но факт е дека сите знаеме дека кога сме пијани си мислиме дека сме Шумахер, и дека нè бери меѓу 2 шлепери на растојание од 50 cm Јас сум за.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 03-Jan-2010 at 19:32
Јас сум за 0.
Треба да се знае,кој пие да не вози.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 03-Jan-2010 at 19:11
Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Естонија, Хрватска и Албанија, во сите овие земји дозволеното количество алкохол е 0 промили.
Норвешка, Шведска и Полска - 0.2.
Босна и Херцеговина - 0.3.
Литванија - 0.4.
Данска, Германија, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Словенија, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија, Финска и Латвија - 0.5.
И за крај, Ирска, Британија и Луксембург се со највисоко ниво, односно 0.8 промили.  Smile


Edited by Мартин - 03-Jan-2010 at 19:12
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 03-Jan-2010 at 17:26
Originally posted by Zoc



Не дека пијам кога возам ...ама ова ги поминува сите граници ...незнам дали има вакви случаи во другите држави ама стварно ова е претерано...да се симне границата на 0,1 стварно е некоректно и репресивно. Се согласувам да се стават повисоки казни за тие што имаат над 0,5 промили алкохол ...но ова!?!

ОЧЕКУВАМ СЛЕДНОТО ДА БИДЕ ... КАЗНА ЗА ВКЛУЧЕНО РАДИО ВО АВТОМОБИЛ 400 ЕВРА ...ццц



Вакви коментари се излишни. Само вчера вечерта по скопските улици видов 2 ужасни  сообраќајки, а бидејќи сум покрај прометна улица, неретко сум видел зачукувања по бандери од пијани возачи. Го поздравувам потегот и како шофер и како граѓанин. Знам како е да се вози под дејство на алкохол , 0,1 не е ништо но ретко се останува на една чашка алкохол. Така да кој сака да биде позади волан нека не пие.

Што се однесува за други држави знам дека во Чешка дозволено количество алкохол во крвта е 0 промили. Си постои безалкохолно пиво за оние што сепак сакаат да пијат.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.238 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.