Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#81 Posted: 12-Jul-2009 at 03:01 |
И куќите со три стана со управители
Според
законот за домување со секој станбен објект во кој има повеќе од двајца
сопственици на станови со посебни имотни листови ќе раководи или управител или заедница на сопственици

Секој објект за домување во кој има повеќе од тројца сопственици на
станови ќе мора да има управител. Тоа значи дека ќе има управители и за
семејните куќи, каде што на пример во посебни станови живеат родители и
двајца браќа, кои имаат посебни имотни листови за својата сопственост.
Воведувањето управители во станбените објекти е новина што е предвидена
во законот за домување, кој е во собраниска процедура, на предлог од
Министерството за транспорт и врски. Со предлог-законот е предвидено
секој објект со над осум стана или со повеќе од двајца сопственици на
станови да има управител што ќе раководи со тековното и со
инвестициското одржување на зградата, но ќе има и други надлежности.
Доколку станарите во еден објект не сакаат да одберат управител, со
објектот ќе раководи заедница на станари.
КуЌи под водство
Министерот
за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тврди дека во земјава нема
семејни куќи со повеќе од двајца сопственици на станови.
-
Законот не третира индивидуални куќи со едно семејство. Зборуваме за
повеќе од двајца сопственици на станови во станбен објект. Во некоја
куќа може да има и три фамилии, ама во имотниот лист има еден
сопственик. Дали ќе има управител не зависи од бројот на семејства,
туку од бројот на сопственици на посебни станови, со посебни имотни
листови. Ретко има куќи со три различни имотни листа. Гледавме во
Катастар кога го правевме законот, нема. Сите се, на пример, на татково
име, на братово име или има до двајца браќа што живеат во една куќа.
Затоа решивме објектите со над двајца сопственици да имаат управител.
Доколку, сепак се најде куќа со три различни имоти листови, мора да има
управител. Тоа може да биде и еден од сопствениците - вели министерот
Јанакиески.
Во Катастар велат дека не водат статистика за тоа
колку посебни имотни листови има во објектите за домување и не можеа да
одговорат колку семејни куќи има во Македонија со над двајца
сопственици на станови.
Според пописот на населението и имотот
од 2002 година, во земјава има вкупно 446.235 објекти за домување. Од
нив околу 320.000 се приземни куќи, 106.000 се со приземје и кат,
18.204 објекти имаат од два до четири ката, 1.954 објекти се со
височина од пет до 10 ката, а 150 згради имаат од 10 до 20 ката.
Управител како дополнителна деЈност
Според
предложениот закон, секој што сака да биде управител мора да биде
заведен во Централен регистар и да има лиценца која ќе се плаќа по 150
евра. Еден управител мора да има и најмалку пет вработени, меѓу кои
дипломиран економист, дипломиран правник и три технички лица.
Министерот вели дека управител на зграда е исто што и секоја нормална фирма во Република Македонија.
-
Еден управител ќе си има регистрирана фирма во Централен регистар, може
да си отвори некаде и канцеларија за себе и за вработените, ако сака.
Со управувањето како дополнителна дејност може да се занимаваат и
постоечките фирми ако се дорегистрираат и ако извадат лиценца. Фирмата
не мора исклучиво да биде за управување со згради. Фирмата може да го
прави тоа два часа во денот, а другите часови да поправа машини,
електрика за куќи, на пример. Луѓето, само треба да се адаптираат.
Очекувам дека новиот закон ќе има најголем ефект во Скопје, каде што
има најмногу згради, па ќе се регистрираат и најмногу управители. За
еден управител ќе има доволно работа дури и ако води само една висока
кула од 20 ката, кога знаеме дека лифтовите секој втор ден се
расипуваат - вели Јанакиески.
Тој вели дека целта на законот е на некој начин да се легализира системот за одржување на зградите што веќе постои.
-
Што е најголем проблем сега? Што нема лица да се грижат за одржување на
зградата. Ќе се скрши прозорец, па станарите сами се организираат, сами
бараат мајстори, собираат пари да платат. На некој начин сега сето тоа
ќе се легализира - вели министерот.
Тој објаснува дека идејата
за овој закон е земена од Словенија и од Германија, каде што на
почетокот имало проблеми, тешко одела регистрацијата, а луѓето не
знаеле како сето тоа ќе функционира. Такви проблеми се очекуваат и кај
нас.
- Но, може да се случи и нешто друго. Еве, може да се
регистрираат околу 200 фирми, па потоа некој голем, кому добро ќе му
оди, ќе го окрупни бизнисот - вели Јанакиески.
Еден ќе управува, сите ќе плаќаат
Она што најмногу ги интересира граѓаните е кој ќе ги плаќа
управителот и неговите вработени. Ако се претпостави дека ќе се
регистрираат најмалку 10.000 управители, со уште по пет вработени за
секој од нив, се доаѓа до 60.000 нови работни места на грбот на
граѓаните. Дел од постојните фирми и да го земат управувањето како
дополнителна дејност, при што нема да има потреба од нови пет
вработени, сепак остануваат доволен број нови вработени за кои ќе треба
да се обезбеди плата.Во предлог-законот е наведено дека управителот
склучува договор со станарите, во кој, меѓудругото, е утврдена и
висината на неговиот паричен надоместок што ќе го добива од станарите
за управувањето.
- Управителот на законска основа ќе функционира
на профитабилен однос. Ако има пет вработени, ќе треба да си најде
повеќе згради за управување, да се бори и да си обезбеди поголеми
приходи, исто како и секое нормално друштво или фирма. На пример, ако
во зграда со 40 стана се плаќа за тековно одржување по 200 денари
месечно, тоа се 8.000 месечно. Ако управителот води пет згради, тоа се
40.000 денари месечно, ете ја платата за тие луѓе - вели министерот.
Со
ваквото објаснување на Јанакиески останува нејасно дали ќе останат
доволно пари за одржување на зградите ако голем дел од нив одат за
плати за управителите и за вработените. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=858A45F7C885594AB5CE787929864537
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#82 Posted: 03-Jul-2009 at 15:14 |
Станарите ќе даваат до 50 денари за резервниот фонд за зградите
Резервниот фонд за одржување на зградите, кој е предвиден во новиот
закон за домување, не претставува јавна давачка бидејќи средствата што
сопствениците на станови треба да ги одвојуваат всушност претставуваат
средства со кои тие самите ќе располагаат, се вели во соопштението од
Министерството за транспорт во врска со Предлог-законот што е во
собраниска процедура.
- Минималната висина на средствата што ќе
се одвојуваат во овој фонд ќе биде пропишана со правилник, во зависност
од бројот на становите и староста на материјалот од кој е изградена
зградата. Согласно со правилникот, висината на средствата нема да го
надмине износот од 0,5 до 1 денар на метар квадратен станбената
површина. Тоа значи дека за просечен стан од 50 квадрати сопствениците
месечно ќе треба да издвојуваат од 25 до 50 денари за резервниот фонд -
се вели во соопштението.Од Министерството велат дека граѓаните и досега
одвојувале пари за заеднички потреби за тековно и инвестициско
одржување на зградата.
- Овој фонд не е јавна давачка, туку
само една мерка за подобрување на одржувањето на колективните станови и
згради. Со парите од овој фонд заедницата на сопственици или
управителот на зградата ќе може итно да санираат штети настанати од
поплави, пожари и слично. За просечна зграда од 20 станови, со просечна
квадратура од 50 квадрати, месечно би се собирале од 500 до 1.000
денари, кои кумулативно за една година обезбедуваат доволно пари за
решавање на инцидентните штети - велат во Министерството. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3B8EECA29C024C4BBAFCBBE378E1EDD3
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#83 Posted: 01-Jul-2009 at 12:51 |
Нашиот народ изгледа има вроден отпор кон организација и воведување ред и одговорност  Кога го критикуваат предлог законов, повеќето очигледно не ни помислуваат на моменталната катастрофална ситуација. Претпочитаме безредие, импровизирање и пропаѓање, наспроти регулирање на работите. Не гледам ништо спорно во законов, но пресудно е како би се спровел.
ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ ОТВОРИ МНОГУ ДИЛЕМИ
Ред или комликации во зградите
Граѓаните
имаат поделено мислење околу тоа дали определувањето управители ќе им
го олесни животот во зградите и не се согласуваат да плаќаат повеќе давачки отколку досега

Граѓаните
што живеат и работат во колективни станбени објекти имаат поделено
мислење за тоа дали одредбите во новиот закон за домување ќе им го
олеснат или ќе им го отежнат живеењето во зградите. Многумина не се
согласуваат со новите давачки што ги наметнува законското решение за
полнење фондови за редовно и инвестициско одржување на зградите, а
најмногу реакции има на одредбата со објектите да управуваат
лиценцирани и регистрирани управители. Мене најмногу ме интересира
колку сето тоа ќе ме чини. Јас живеам сама и можам да поднесам да
одвојам мал дел од мојот буџет за да ги платам сите нови давачки. Но
имам соседи што се мошне сиромашни и кои одвај преживуваат, па не знам
како тие ќе се снаоѓаат. Месечно плаќаме по 300 денари за струја,
светилки и за чистачка. Ако и натаму остане на оваа сума, во ред е, но
ако треба да се плаќа повеќе, тогаш не знам како ќе биде - вели Надежда
Н. од Кисела Вода.Таа се прашува кој и како ќе ја контролира работата
на управителот.
- Тој ќе има доста пари и ќе може да управува со
повеќе згради. Кој ќе гарантира дека парите што сме ги собрале за
нашата зграда, нема да се потрошат на некоја друга. Како ќе знаеме дека
управителот нема да не' поткраднува - вели таа.Од друга страна, според
мислењето на нашата сограѓанка, добро е што конечно ќе може да се
воведе ред околу плаќањето на штетата што ќе настане во нејзиниот стан
по вина на некој од соседите. Ако кај мене повторно се направи поплава
од пукната цевка кај соседот одозгора, со помош на управителот ќе можам
да го натерам соседот да ми ја надомести штетата. Досега немаше начин
да се стори тоа - додава Надежда.
Отуѓени соседи Ќе носат важни одлуки
Некои
граѓани се задоволни од понудените решенија, оти сметаат дека тие
конечно ќе стават ред во заедничкото живеење во зградите. Други, пак,
се скептици и сметаат дека законот не може да се спроведе кај нас, оти
немаме соодветна свест за потребата од организирано управување со
зградите.
- Ние не можеме да избреме куќен совет, а камоли
управител. Овие мерки само ќе ни го отежнат животот. Зар јас за во
мојата зграда, за менување светики да ангажирам човек однадвор? Па ние
не сме запад, каде што има цели приватни населби за изнајмување
станови, па да имаме такви управители - вели Марјан Б., кој живее во
центарот. Тој смета дека и со сегашниот закон сосема добро се уредуваат
односите во една зграда.
- За сите инвестиции може да се најде
решение ако се согласат 50 отсто од станарите. Плаќаме по 200 денари
месечно за лифтот. Ако не плаќаме редовно за осветление, и тоа е
решено. ЕВН во јануарската сметка со дополнителни 600 денари го
наплатува светлото во влезот за целата година. Зошто сега да работиме
како фирма? Ако оствари зградата профит, и данок ли ќе плаќаме? Зошто
управител да води сметка кој издава станови без склучени договори, кога
за тоа е надлежна Управата за јавни приходи - се прашува нашиот
соговорник.Скопјанецот Мите Б., пак смета дека тешко ќе се донесуваат
одлуките во поголемите згради со над 40 стана.
- Ние сме
отуѓени соседи, не се познаваме и ни добар ден не си викаме. Сега треба
да решиме за трето лице што ќе ни ја води зградата? Кој ќе решава за
што ќе се потрошат собраните пари? Можеби едни ќе сакаат да се поправи
нешто на покривот, други во подрумот или на приземјето - вели Мите.
Опозицијата против новиот закон
Собранието
завчера и вчера расправаше за новите одредби, при што опозицијата
изнесе низа забелешки, но сепак мнозинството одлучи дека
предлог-законот за домување е прифатлив и може да се даде на второ
читање. Пратениците од опозицијата не го поддржаа законот со
образложение дека неговата практична примена ќе предизвика повеќе
проблеми отколку што нуди решенија.
- Апелирам Министерството за
транспорт и врски сериозно да ги согледа, анализира и да ги процени
досега изнесените забелешки по предложениот текст. Во спротивно,
законот ќе оди на штета на граѓаните - рече Марјанчо Николов од СДСМ.
Според
него, новата правна рамка треба да важи само за новоизградените згради,
а останатите доброволно треба да решат дали ќе постапуваат по одредбите
од овој закон или ќе функционираат како досега, на ниво на куќни
совети.Пратеникот Јован Лазаров од Социјалистичка партија нагласи дека
законот ќе ги подобри условите во домувањето.
- Предлогот нуди решенија кои функционираат во некои од земјите на Европската Унија - посочи Лазаров.
Дел
од пратениците од опозицијата рекоа дека одредбите им наметнуваат на
граѓаните нови и непотребни давачки, дека не е пресметано како овој
закон ќе се одрази на државниот буџет и дека законот се носи без да се
даде прецизен податок колку точно граѓани живеат во станови, односно
колкумина ќе бидат директно засегнати од новите правила. Тие подвлекоа
дека идејата е добра, но предложениот закон е конфузен.
Со
законот се предвидува секоја зграда со над осум стана да избере свој
управител што ќе се грижи за тековното одржување. Управителот треба да
поседува лиценца, да е регистриран во Централниот регистар, да има пет
вработени, да пишува годишни финансиски извештаи и планови за работа,
да ги застапува станарите пред институциите итн. Доколку станарите не
одберат управител, заедничките одлуки ќе ги носи заедница на
сопственици, која исто така мора да биде регистрирана. Со законот се
исфрлени од употреба домарите и куќните совети, а се воведени два фонда
во кои станарите ќе уплаќаат пари - еден за редовно одржување и
резервен фонд. Висината на сумата што ќе ја уплатуваат за резервниот
фонд ќе ја пропише ресорниот министер, а ќе зависи од староста на
објектот, бројот на станови и видот на материјалот од кој е изградена
зградата.
Соња Христовска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=31C61015300AD540A29AF5DBAE8D9115
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#84 Posted: 23-Jun-2009 at 03:15 |
Кој не плаќа чистачка - 300 евра казна
Домарот ќе се
грижи за одржување на заедничките простории на станбената зграда, и за
тоа станарите ќе му исплатат одреден надомест
Сопствениците
на станови во иднина ќе можат да бидат казнети со глоба од 300 евра ако
не се грижи за одржувањето на станбената зграда. Ваква казна е
предвидена во новиот закон за домување, за кој наскоро треба да
расправа Собранието на Македонија. Ако се донесе овој закон,
со казна од една просечна македонска плата ќе се казни секој станар
што нема да плати за тековно одржување на заедничките делови на
зградата, како што се скалите, влезните ветробрани, ходниците,
просториите за велосипеди, пералниците, сушилниците, заедничките
подруми и засолништа, тавани и друго. Истата казна ќе ја платат
сите станари што нема да одредат управител или домар кој, според овој
закон, ја презема обврската за одржувањето на зградата. За таа услуга
на домарот станарите ќе му исплатат надомест, во спротивно,
ризикуваат да бидат казнети. Домарот е должен да се грижи за
поправки од помал обем, како што се замена на светилки, приклучоци,
мали молерски работи, замена на резервни делови. Трошоците за
поправките ги поднесуваат станарите, а домарот го распределува
трошокот сразмерно на големината на станот. Исто така, казна од 300 евра ќе заработат граѓаните што издаваат или користат стан под закуп без склучен договор за закуп. Законот
предвидува казни и за домарот и за Регулаторната комисија за
домување, која е одговорна за издавање на лиценците на домарите и за
следење на нивната работа. Казните за домарот и РКД ако не работат
според законските надлежности се повисоки, и изнесуваат од 400 до 800
евра. (Н.С.)
|
Вест
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#85 Posted: 08-Jun-2009 at 03:23 |
НМеодамна ја разглабавме темава на пошироко и особено ми се допаќа идејата за резервниот фонд за инвестиционо оддржување. Исто така добар дел е со намерата да се регулираат односите за закупците каде досега немаше некој унифициран договор па се случуваше кај различни нотари да се најдат различин договори, па понекогаш граѓаните сами да доваат или одземаат клаузули што дополнително ги заплеткуваше облигационите односи и делумно учестувавше во зодавање долгорочни судски процеси.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#86 Posted: 07-Jun-2009 at 16:00 |
Ова е многу битна тема. Ако вакво нешто се имплементира сериозно ќе се подобри изгледот на градот бидејќи реално не е се до градските власти во ОГРОМНА мерка се криви и граѓаните.
Јанакиевски: Целосно уредување на односите на домувањето со новиот Законот

“Со
донесувањето на новиот Закон за домување ќе се овозможи целосно
уредување на односите во областа на домувањето, се со цел прецизно
регулирање на правата и обврските на сопствениците на становите во
станбените згради“, изјави на денешната прес конференција министерот за
транспорт и врски Миле Јанакиевски образложувајќи ги решенијата на
Законот за домување.
Една од новините која се предвидува Законот, е определувањето на
управител на станбени згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе
од осум посебни делови.
“Со ваквото решение ќе се обезбеди посоодветно одржување на
станбената зграда согласно современите стандарди. Законот дава можност
сопствениците, докололку не назначат управител, да основаат заедница на
сопственици којашто ќе ги врши работите на управување со станбената
зграда. Со Законот се пропишува обврска за сопствениците во станбената
зграда за основање на резервен фонд со кој ќе се покриваат трошоците за
инвестиционото одржување, а обврската за раководење со средствата ќе
биде дадена на управителот“, истакана Јанакиевски.
Значајна промена се прави во уредувањето на закупничките односи при
што се дефинираат видовите на закуп. Во законот, детално се разработени
односите помеѓу закуподавецот и закупецот, односно нивните права и
обврски, односно, децидно е пропишана содржината на договорот за закуп,
продолжувањето на договорот, како и неговото раскинување.
Со одредбите на предлогот на законот предвидено е за лицата во
социјален ризик и други ранливи групи, кои користат стан под закуп со
непрофитна закупнина, да имаат право на субвенционирање на закупнината.
Како суштински прашања министерот посочи дека издвојувањето на
средства во посебни фондови во општините за изградба на непрофитни
станбени згради со таканаречени социјални станови, можност што со
законот за прв пат им се дава на општините.
“Во рамките на надлежностите на државата а и за првпат и на
општините во домувањето (уште еден дополнителен чекор во процесот на
децентрализација), со предложените решенија им се дава можност да
основаат фондови за домување, со кои ќе се поттикнува развојот и
изградбата на објектите за домување, обезбедување на средства и заеми
за изградба и продажба на станови, односно реализирање на програмата за
домување, а исто така, се предвидуваат задолжителни регистри на
станбените згради, станови, договрите за закуп и управителите“, додаде
Јанакиевски. |
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=57106&kategorija=1
|
 |