build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 159>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 18-Apr-2023 at 11:46
ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ Е РАСКОПАН И ЗАТВОРЕН, ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА



Улицата Даме Груев во Скопје, на потегот кај ТЦ „Палома Бјанка“ кон Градски ѕид, од денеска е раскопана и во дел затворена за сообраќај поради реконструкција. Но, иако станува збор за прометна улица во строгиот центар на градот, Град Скопје не информираше за овој зафат.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не испратија соопштение ниту свикаа прес-конференција.

Градежните работи на терен ги изведува ЈП „Улици и патишта“, но ни оттаму нема информација за режимот на сообраќај додека трае реконструкцијата и за колку време ќе биде завршена.

Улицата Даме Груев е полна со дупки, долж цела улица се паркирани коли, а дополнителнo секојдневно се раскопува поради градилиштето на хотелот ТЦЦ „Плаза“, за кој нема дозвола за градба, но сепак повремено се изведуваат градежни работи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/raskopana-i-zatvorena-del-od-ulitsata-dame-gruev-grad-skopje-bez-najava-za-rekonstruktsijata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 09-Apr-2023 at 13:19
ШТО „УВИДЕ“ АРСОВСКА НА ДИМО ХАЏИ ДИМОВ? Мал дожд, улицата и подрумите повторно поплавени!

По седуммесечна реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов од вчера се раскопуваат и тротоарите, а граѓаните револтирано коментираат дека и по не толку интензивниот дожд улицата повторно беше полна со вода. Поради тоа прашуваат што увиде градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која пред два дена вршеше увид на градежните работи, токму на оваа улица.

Новата атмосферска канализација што беше причина за раскопување на улицата Димо Хаџи Димов во скопска Кисела Вода и „скапиот“ асфалт за којшто се чекаше потопло време, не го издржаа првиот дожд, а дел од сопствениците на куќи повторно се бореа со поплавените подруми.

– Тамам се израдувавме дека повеќе нема да слушаме багери, барем на овој дел од улицата, кога заврна и пак поплава! И еве, од вчера повторно багери. Сега ни ги раскопуваат тротоарите кои веќе беа готови. Што ли се прави овој пат – прашува чичко Благоја.

Скопјанката Билјана, која живее на оваа улица, револтирано вели дека малку им била прашината што ја дишеле 7 месеци од копањето на улицата, местењето и преместувањето на шахтите.

– Еве втор ден како ги раскопуваат тротоарите. Не ни е јасно што се случува? Ние како граѓани бараме одговори од градот, зошто улицата беше пола со вода и зошто сега се копаат тротоарите – вели Билјана.



Градоначалничката на Град Скопје пред два дена изврши увид во завршните работи на улицата Димо Хаџи Димов каде се реконструира коловозот со што се овозможува зголемена безбедност за жителите на овој потег, но и за прв пат по целата должина и поврзаните краци се изгради атмосферска канализација. Во моментот на вториот дел од трасата се реконструира и водоводната мрежа.

„По секое невреме на оваа траса детектирани се поплави, а со сериозна инвестиција и изградбата на атмосферската канализација се отстрануваат овие недостатоци во интерес на граѓаните, со цел да се превенираат во иднина несакани последици предизвикани од невреме“ – информираа од Град Скопје по посетата на Арсовска на оваа улица, која важи за сообраќајна артерија за населбата Кисела Вода.

Претходно Плусинфо пишуваше токму за оваа улица бидејќи загрижените граѓани прашуваа што се случува со реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов, иако скопската градоначалничка Арсовска им вети дека ќе го реши деценискиот проблем. Жители од оваа улица ни рекоа дека интервенциите започнале во септември лани, а работите требало да бидат завршени во октомври, како и што пишува на информативната табла на која како инвеститор е наведен Град Скопје.



– Ја раскопаа улицата еднаш од едната страна, па таа страна ја покрија со песок за да се копа другата страна. Откако двете страни ги ископаа и ги покрија со песок, на големо изненадување на граѓаните, улицата повторно беше раскопана. На прашање до работниците кога планираат да завршат, одговорот што го добивавме беше „ехеее има време до декември“. По второто копање, улицата беше повторно затрупана со песок за повторно да ја раскопаат на одредени делови – ни кажаа тогаш жителите на оваа улица.

Како одговор на нашите прашања, градските власти нѐ информираа дека на посочената улица се извршувале неколку зафати, па поради тоа се одложил рокот за завршување на проектот, а и временските услови не биле на нивна страна за нанесување на завршниот слој асфалт.

– На улицата Димо Хаџи Димов не се работеше само на реконструкција на коловозот туку и на комплетна изведба на атмосферска канализација и нов водовод, при што се завршени и сите водоводни приклучоци кон околните објекти кои беа многу на број. Следи асфалтирање на улицата и тоа предвиден е завршен слој асфалт СМА за чие вградување, согласно техничките стандарди, потребно е суво, неврнежливо време, и температурата на воздухот и на тлото над 15 степени Целзиусови во текот на денот – рекоа од Град Скопје за Плусинфо.

За целосната реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов, како што изјави градоначалничката Арсовска во септември лани, Градот ќе издвои 41 милион денари.

Жителите на оваа улица повторно се прашуваат за што точно биле потрошени овие пари, бидејќи Арсовска вети ќе им го реши деценискиот проблем, но при најмал дожд улицата Димо Хаџи Димов повторно беше поплавена. Тие стравуваат што ќе се случи со улицата и нивните домови при интензивен дожд, дали повторно ќе мораат со кофи да ја вадат водата од своите домови и подруми?

https://plusinfo.mk/shto-uvide-arsovska-na-dimo-ha-i-dimov-mal-dozhd-ulicata-i-podrumite-povtorno-poplaveni/
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 02-Apr-2023 at 09:30
Радишанска:



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 29-Mar-2023 at 17:05
бул.Киро Глигоров раскрсница кај Бриколаж(од твитер)

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Mar-2023 at 17:37
„Рузвелтова“ ќе се реконструира два месеца



Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“.

Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7.350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.

Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување, соопшти прес-службата на Град Скопје.

https://nezavisen.mk/ruzveltova-kje-se-rekonstruira-dva-meseca/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 26-Mar-2023 at 14:20
Завршени 60% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“!
На улицата се поставува нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување, а ќе се воведе и резидентно паркирање.



https://www.facebook.com/OpstinaCentar
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 19-Mar-2023 at 14:30
Ќе се изгради ли источната порта од пограмата „За модерно Скопје“ на Арсовска?!

Во програмата „За модерно Скопје“, Арсовска има решение со стратешки проект „Изградба на источната порта на Скопје“, кое се состои во изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила.

Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат и дека во моментот се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти

Ниту еден скопски градоначалник досега, иако предизборно ветуваа, не го реши проблемот со приклучувањето од автопатот на булеварот „Александар Македонски“, кој води кон Автокоманда. На приклучокот кај „Агросервис“, секое утро има невиден сообраќаен метеж. Колони возила, нервозни возачи, лазејќи, едвај се пробиваат низ тоа тесно грло за да стигнат до Автокоманда, бидејќи рој возила од автопатот, кои доаѓаат и од другите делови на градот, но и од други градови, се слеваат кон булеварот„Александар Македонски“.

Ниту од скопската градоначалничка Данела Арсовска, барем засега, нема навестување за скоро решавање, иако во нејзината програма „За модерно Скопје“, како стратешки проект, се наведува „изградба на источната порта на Скопје“, во рамките на кој, при влез во градот, се предлага генерално сообраќајно решение што ќе го намали сообраќајниот метеж. При тоа, како што се наведува, решението е со изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила.

Освен тоа, во програмата, Арсовска предвидува дека и на влезoвите од градот ќе се обезбедат големи паркинг- простори за паркирање возила што доаѓаат од околните градови. При тоа, ќе се обезбеди редовна автобуска линија до секој паркинг.

Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат.

– Што се однесува за конкретните проекти, во овој момент се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти. Проектната фаза, бидејќи се проекти од капитален карактер, трае 230 дена, при што со изработка на проектна документација за дел од наведените проекти е започнато во 2022 година, согласно со можностите на буџетот, а за останатите – во оваа година. По завршувањето на проектната документација, ќе се започне со реализација на проектите – велат од кабинетот на Арсовска.

https://www.vecer.press/ќе-се-изгради-ли-источната-порта-од-пог/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 15-Mar-2023 at 13:48
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА МЕНУВА АСФАЛТ НА РУЗВЕЛТОВА БЕЗ ДА НАЈАВИ ДЕКА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА Е ЗАТВОРЕН



Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на улицата Рузвелтова. Градежна механизација од неколку камиони од утрово работи на корнење на стариот асфалт на потегот од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Орце Николов. Заради градежните работи на овој потег затворена е една коловозна лента.

Од Град Скопје вчера не најавија ниту денеска информираа дека се почнува со реновирање на оваа улица и дека ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Информации нема на веб страната на Град Скопје, ниту на фејсбук профилите на Градот и на градоначалничката Данела Арсовска.

Град Скопје во моментов во центарот на градот ја реновира и улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. Градежните работи на оваа делница почнаа во 22 септември и тогаш градоначалничката Арсовска кажа дека ќе биде готова за пет месеци. Рокот е поминат, а улицата уште не е пуштена и дел од неа е затворен за сообраќај. На овој потег истовремено и Општина Центар работи на реновирање на улицата Ленинова, со што секојдневно се создава метеж.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pochna-da-menuva-asfalt-na-ruzveltova-bez-da-najavi-deka-del-od-ulitsata-e-zatvoren/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 11-Mar-2023 at 18:09
БУЛЕВАРОТ БОЦА ИВАНОВА ВО БУТЕЛ Е КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ И ЌЕ СЕ ГРАДИ, А СЕДУМТЕ ЗГРАДИ ГИ НАЦРТА ВМРО-ДМПНЕ, РЕЧЕ АРСОВСКА

Булеварот Боца Иванова во Општина Бутел е капитален проект за Скопје и затоа мора да гради, рече денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска откако изминатите два дена жители од овој дел на градот заедно со градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски протестираа против проектот. Тие велат дека булеварот ќе им минува пред куќите односно за изградба на сообраќајницата ќе им биде одземено дворното место. Заедно со Костовски обвинија дека Арсовска го прави булеварот за да може да никнат седум нови згради.

Арсовска денеска на граѓаните им одговори дека земјиштето каде ќе минува булеварот е државно и дека овој проект е стар со години односно предвиден со Генералниот урбанистички план 2012-2022 кој го правеше ексградоначалникот Коце Трајановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради овој булевар постојат десетина семејства кои ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште врз кое е предвидена изградбата на овој булевар, а со тоа и го узурпирале земјиштето, што според член 225 став 1 од Кривичниот законик е казниво дело. Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето“, рече Арсовска.

Арсовска кажа дека градоначалникот Дарко Костовски во изборната кампања додека шетале заедно им ветувал на граѓаните исполнување на сите проекти од програмата „Модерно Скопје“ во која е и овој проект.

„Деталниот урбанистички план на Општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот Боца Иванова го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, а го изгласале во 2015 токму советниците во советот на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој ДУП за изградба на 7 згради кој го изгласале токму од ВМРО-ДПМНЕ е сè уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Дарко Костовски не реагирал да ги поништи овие 7 објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел. Ова значи дека, ВМРО-ДПМНЕ не само што дозволиле да се впишат за изградба седум згради на овој булевар, туку тие и го донеле планот за изградба на овие згради“, додаде Арсовска.

Арсовска кажа дека булеварот ќе почне да се гради во текот на овој месец. Според проектот на трасата ќе биде изведена нова водоводна и атмосферска мрежа како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bulevarot-botsa-ivanova-vo-butel-e-kapitalen-proekt-i-ke-se-gradi-a-sedumte-zgradi-gi-natsrta-vmro-dmpne-reche-arsovska/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 10-Mar-2023 at 15:57
Се гради кружен тек на влезот во општината Илинден



Започна изградбата на кружен тек на влезот во општината Илинден. Како што информираат општинските власти, станува збор за нов кружен тек на важна крстосница, кој ги опфаќа главните улици ,,2“, ,,8“, „9“ и новопроектирана улица ,,10“ на влезот во Илинден.
– Со изградбата на овој кружен тек ќе се растовари сообраќајниот метеж во овој фреквентен дел од општината, а наедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на проектот е планирана изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување, како и јавно осветлување на просторот – истакна градоначалникот Александар Георгиевски.
Како што нагласи тој, улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани во согласност со сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/se-gradi-kruzhen-tek-na-vlezot-vo-opshtinata-ilinden/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 09-Mar-2023 at 20:15
Ова е одлична вест. Ама овие паметниве што се вадат дека го оплемениле земјиштето, и јавно промовираат дека тоа е треба да има некаква правна важност, некакво стекнато право, па уште се фалат колку години го имаат запоседнато. Сега треба да им се прати фактура, 1 евро/квадрат/месец узурпација.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 09-Mar-2023 at 20:13
Град Скопје ќе пробива улица преку дворовите на 16 куќи во Бутел, жителите утре на протест ќе бараат да се помести улицата
Анета Стојковска



Жителите од 16 куќи лоцирани на улицата Хо Ши Мин, од број 425 до 439 во населбата Бутел 1, во рок од три дена треба да се откажат од дел од своите дворови кои се државна сопственост, но кои тие ги користат речиси 60 години, затоа што Градот планира да ја пробива улицата Боца Иванова, која треба да минува точно пред нивните куќи. Целта е улицата од кружниот тек во Бутел да се протега до булеварот Христијан Тодоровски Карпош, како што е зацртано во Генералниот урбанистички план 2012-2022 година.

Соопштението до жителите стигнало наместо одговор на нивната петиција доставена до градоначалничката Данела Арсовска, во која тие бараат трасата за предвидената улица да се помести само за неколку метри за да не им ги одземе дворовите, кои тие ги користат цел живот.

     Согласно програмата за уредување на градежното земјиште за 2023 година, Град Скопје започна со активности за реализација на улицата Боца Иванова, КО Бутел. Со цел непречено изведување на градежните работи и реализација на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, ве известуваме дека е потребно во рок од три дена од приемот на известувањето да го ослободите узурпираното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија – стои во известувањето од Град Скопје испратено до секој од потписниците на петицијата.



Жителите се особено револтирани поради тоа што Градот ги нарекува узурпатори на земјиште.

     Узурпатори? Узурпираме? Ние со години се грижиме за тоа земјиште. Просторот пред нас беше полн со ѓубре, беше отпад, ние со наша инвестиција го исчистивме и направивме парк. Дел од дворовите кои се државно земјиште ги користиме од 1964 година, речиси 60 години. Побаравме да се помести трасата, а наместо тоа стигна ова известување. Но ние нема да отстапиме. Единствени сме, ќе протестираме и ќе се обидеме да издејствуваме да се помести трасата за улицата – вели Ваљон Ибраими, еден од засегнатите граѓани.

Жителите, кои за денеска во 10 часот најавија протест на локацијата каде треба да се пробива улицата, се сомневаат дека не се дозволува поместување на улицата затоа што на просторот веднаш од другата страна на замислената улица, кој е државно земјиште, според ДУП се предвидени маркички за изградба на седум згради, па доколку им се удоволи и се премести улицата, тоа би значело одземање од предвидениот простор за изградба на згради.

Затоа тие денеска доставија петиција и до градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој во предизборната кампања за локалните избори им ветил дека нема да дозволи на овој простор да се изградат згради. Тие сега бараат Костовски да го исполни своето ветување и на првата наредна седница да поднесе иницијатива за промена на актуелниот ДУП за овој дел, со која би се избришале маркичките за седумте згради. Покрај тоа, жителите бараат од Костовски да инсистира градските власти да ја сменат трасата и да ја поместат улицата за да не се загрозат нивните дворови.

Особено се револтирани од градоначалничката Арсовска, која и покрај тоа што барале, не ги прима на средба на која би поразговарале за проблемот со кој се соочуваат, иако постојано тврди дека работи во интерес на граѓаните.

     Данела вели дека не му припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, не му припаѓа на СДСМ, дека не припаѓа на ниедна партија. Од ова излегува дека не му припаѓа ни на народот, не се грижи за проблемите на граѓаните, не сака ниту да разговара со нас. Тогаш кому припаѓа и за што се интересира, за седумте згради? – вели Ибраими.

Од Општина Бутел до овој момент нема одговор на прашањето како ќе постапи градоначалникот Костовски и дали ќе го исполни ветувањето дадено на неговите сограѓани. Промената на ДУП-от, донесен на крајот на мандатот на поранешниот градоначалник Петре Латиновски, може да го направи општинскиот Совет, каде мнозинството го има ВМРО – ДПМНЕ, партијата чиј член е и актуелниот градоначалник. Доколку постои желба, можно е да се избришат маркички за згради од државно земјиште особено што не станува збор за изградба на објекти од јавен интерес туку за станбени згради.

Градоначалничката Арсовска го кажа своето и речиси е неверојатно дека ќе отстапи од намерата. Граѓаните пак со протест ќе се борат за остварување на своите барања и како што велат, нема да дозволат поради изградба на згради, улица да им минува пред нивните прозорци. На потег е градоначалникот Костовски, од кој жителите очекуват помош.


https://www.slobodenpecat.mk/grad-skopje-kje-probiva-ulica-preku-dvorovite-na-16-kukji-vo-butel-zhitelite-utre-na-protest-kje-baraat-da-se-pomesti-ulicata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 09-Mar-2023 at 13:56
НА ЖИТЕЛИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА ИМ ЗБОКТИСАА БАГЕРИТЕ Улицата Димо Хаџи Димов веќе 6 месеци е раскопана, Град Скопје не дава одговори



Што се случува со реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов во скопската населба Кисела Вода, прашуваат збунето граѓаните, иако скопската градоначалничка Данела Арсовска им вети дека ќе го реши деценискиот проблем.

Сепак, тие со месеци цапаат во кал и дишат прашина.

Во разговор за Плусинфо жителите од оваа улица велат дека интервенциите започнале во септември минатата година, а како што ни кажаа работните задачи требало да бидат готови во октомври, како што и впрочем пишува на информациската табла на која како инвеститор е наведен Град Скопје.

Ја раскопаа улицата еднаш од едната страна, па таа страна ја покрија со песок за да се копа другата страна. Откако двете страни ги ископаа и ги покрија со песок, на големо изненадување на граѓаните, улицата повторно беше раскопана. На прашање до работниците кога планираат да завршат, одговорот што го добивавме беше „ехеее има време до декември“. По второто копање, улицата беше повторно затрупана со песок за повторно да ја раскопаат на одредени делови – вели револтирано Марија.

Жителите ни откриваат дека кога завршила и третата интервенција, некаде околу Новата година, на улицата бил поставен „времен асфалт“, на што работниците им одговориле дека тоа е „колку да помине зимата“.

Сега, новиот асфалт се копа еднаш неделно. Работниците прават дупка и чекаат со денови, раскажуваат нашите соговорници. Бекатон блочките од тротоарот се извадени, дупките се затрупани со песок и бекатон плочките никој досега не ги поставил повторно.

– Буквално секој ден се отвора нова дупка во „времениот асфалт“ и наводно рокот до декември бил продолжен за март, без никој да ги извести граѓаните коишто не можат да пристапат до своите живеалишта, а за калта и прашината што ја дишат, тоа е друга работа – ни вели Драги.

Според моменталната состојба на терен која ја забележавме, и покрај тоа што веќе сме во втората недела на март, работите како да тапкаат во место, па поради тоа тешко дека и овој рок ќе биде исполнет, бидејќи треба повторно да се промени целиот асфалт и тротоарите.

Инаку, улицата Димо Хаџи Димов е една од главните артерии во населбата Кисела Вода по која минува и автобусот со број 24, а исто така ја користат и жителите од Пржино.



За потсетување, на 28 септември минатата година градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов.

– Градот Скопје ја реконструира улицата Димо Хаџи Димов, на потегот од крстосницата со улицата Антон Попов до улицата Народни Херои, која е една од најфреквентните улици во општината Кисела Вода. Барањето за реконструкција е истакнато како децениски проблем од страна на жителите кои редовно транзитираат по овој дел на градот, при што со проектот дополнително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Улицата Димо Хаџи Димов целосно се реконструира во вкупна површина од 6.520 метри квадратни на должина од 800 метри, се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено, Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа – изјави тогаш градоначалничката Арсовска.

https://plusinfo.mk/arsovska-veti-reshava-e-deceniski-problem-a-im-ostavi-kal-i-prashina-zhitelite-na-kisela-voda-so-meseci-chekaat-ulicata-dimo-ha-i-dimov-da-bide-rekonstruirana/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 04-Mar-2023 at 13:45


Одлична вест за сите што живеат во селата Бразда, Глуво, Бањани и Чучер Сандево, а мораат да одат преку Бутел. Е сега, уште да го исчистат и ѓубрето покрај патот и под обиколницата... ама, па, да не барам премногу
За сè има вторпат
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 148
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 03-Mar-2023 at 23:24
Фала богу, оваа калдрма сигурно е од времето на Римјаните поставена.

Сум кружел и преку обиколница само да не ја возам оваа улица. Подобро 1 литро гориво плус отколку испокршено цело подвозје на колата.

Edited by FiLo - 03-Mar-2023 at 23:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 03-Mar-2023 at 18:41
Започнуваме со целосна реконструкција на улицата Александар Урдаревски која е под надлежност на Град Скопје
Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници,





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 03-Mar-2023 at 16:07
Козара ќе се асфалтира и по третпат, „Гама градба“ ќе ги добие договорените 130 000 евра ако „зафатот“ помине успешно



Улицата Козара во Капиштец ќе остане запаметена како улица која за половина година трипати се асфалтира. Двапати поставувањето на асфалтот беше неуспешно, па така по принципот „стави-извади“ реконструкцијата која започна минатото лето можеби ќе финишира до крајот на месецов, доколку фирмата „Гама градба“ конечно успее да ја асфалтира како што треба.

Жителите на Козара во изминативе месеци видоа сѐ – од затрупани сливници и шахти со асфалт, до нерамен асфалт под нивото на шахтите, за после второто асфалтирање да посведочат и на оштетувања на коловозот кои се појавија по првиот пообилен дожд. Нивните реакции и револт разбирливо се насочени кон Општина Центар, во чија надлежност е оваа улица, од каде пак очекуваат дека третото асфалтирање ќе биде успешно, за на фирмата да и бидат исплатени договорените пари за реконструкцијата.

Денеска градоначалникот Горан Герасимовски, посочи дека фирмата е избрана на јавен повик уште пред неговото доаѓање на чело на Општината и дека досега „Гама градба“ веќе има завршено две улици во Дебар Маало и ја изведува реконструкцијата на Козара.

Надзорот си ја врши својата работа, има направено грешка во изведбата во поставувањето на асфалтот. Технички прием не е направен на улицата, во моментов не е исплатена фирмата. Чекаме до крајот на месецот улицата да биде завршена. За тоа како ја добиле јавната набавка гледам одредени написи дека градоначалникот ја дал јавната набавка. Градоначалникот не дава јавна набавка, тоа си оди на тендер, си има одредени услови, има наддавање и слично. Во моментов е почната улицата Ленинова, која што ја прави истата фирма, има одличен надзор кој секојдневно е на терен, за во иднина да не се повтори каква било грешка. Доколку грешките на Козара не се коригираат, при правење на технички прием на улицата ќе и се даде негативна референца – рече Герасимовски.

Тој нагласи дека парите на граѓаните се заштитетни со тоа што фирмата не е исплатена, а исплатата ќе се изврши кога ќе биде улицата целосно реконструирана и доколку надзорот покаже дека сѐ е во ред.

Пред еден месец, во одговор на коментар на жител на оваа улица, Герасимовски рече дека се бара начин да се изврши нова набавка, за нов изведувач, а дека постапката со „Гама градба“ ќе продолжи на суд.

Излеговме на терен, констатирано беше дека асфалтот не е квалитетен и, согласно договорот, укажано беше да се повтори постапката односно да се асфалтира од почеток, меѓутоа и вториот асфалт не беше во ред. Затоа Општината нема да исплати средства по тој основ, па сега бараме начин да направиме нова набавка и да се јави друг изведувач, а постапката ние со него на суд да ја продолжиме. Ништо не исполни согласно договорот и друг начин освен неплаќање и продолжување на судска постапка немаме – објасни тогаш Герасимовски.

Сепак, работата нема да се „тера“ на суд и на „Гама градба“ ќе и се даде и трета шанса на Козара, за чија реконструкција, според договорот, ќе треба на крајот и се исплатат 130 000 евра. Во меѓувреме, на почетокот на февруари, Општина Центар со фирмата склучила и анекс на договорот во вредност од 22 000 евра, според кој фирмата треба да ги направи и краците на улицата.

Неодамна „Гама градба“ започна да ја реконструира и улицата Ленинова. Останува да се види дали асфалтирањето на оваа улица ќе „помине од прва“.

https://www.slobodenpecat.mk/kozara-kje-se-asfaltira-i-po-tretpat-gama-gradba-kje-gi-dobie-dogovorenite-130-000-evra-ako-zafatot-pomine-uspeshno/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 01-Mar-2023 at 17:54
УЛИЦАТА КОЗАРА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ОДНОВО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ОТИ АСФАЛТОТ ПАК ИСПУКА

Улицата Козара во скопски Капиштец повторно ќе се асфалтира, бидејќи е несоодветно изведена. Ова е трето асфалтирање на улицата која изминативе неколку години е постојано раскопана поради големиот број нови згради кои се градат.

Изведувачот, фирмата „Гама градба“, најпрво летоска при поставување на првиот слој асфалт ги асфалтираше и шахтите. По реакцијата на жителите, го корнеше асфалтот. Потоа, во ноември беше поставен втор слој долж целата улица. Но, само две недели по асфалтирањето фирмата по налог на Општината почна да го корне асфалтот оти улицата беше несоодветно изведена.

Сега Козара пак е со дупки и распукан асфалт и изведувачот одново ќе треба да ја прави.

„Општина Центар неколку пати досега информираше дека поради асфалтирање во лоши временски услови и ниски температури дојде до оштетување на асфалтот, кој ќе биде заменет. За грешките настанати при изведбата, изведувачот сам си ги сноси трошоците и нема да му биде исплатено сѐ додека улицата не биде изведена согласно сите постоечки стандарди. Со граѓаните одржани се неколку средби, на кои побаравме разбирање за состојбата, информирани се за пречките во изведбата, дискутирано е за проблемот и истиот ќе се реши во најкус можен рок“, велат од Општина Центар.

Казни за фирмата изведувач нема. Тендерот за реконструкција на Козара чини 150.000 евра.

И покрај неквалитетната изведба, Општина Центар склучи договор со истата фирма „Гама градба“ и за реконструкција на улицата Ленинова во вредност од 670.000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ulitsata-kozara-vo-skopski-kapishtets-odnovo-ke-se-asfaltira-oti-asfaltot-pak-ispuka/
Carpe diem
Back to Top
Citizen View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 49
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 28-Feb-2023 at 11:00
Originally posted by The Wild Boy

Незнам каде точно да прашам, па еве ќе прашам овде.Пробувам да пристапам кон ГУП - от на Град Скопје, поточно GIS системот / порталот, но веќе извесен период нешто не ми дава.Одам овде:https://skopje.gov.mk/mk/gup-na-gradot/па после кликам на тоа последното каде што пишува ГУП, но кога ќе отворам ми се појавува ова:la multi ani gifТоа е на страната:https://gisportal.skopje.gov.mk/gup/Пробано на доста различни пребарувачи, и секаде ист проблем. На почетокот ми даваше да одберам некакви си 3 сертификати на сајтот, но со ниеден од нив не успеав да ја вчитам страната, т.е. GIS порталот. Знае некој некое чаре? Дали и кај вас е ист проблемот?Извинете за off-topic, неможев да најдам друга по - соодветна тема за ова. Сакав да погледнам како се планирани некои од улиците, но веќе подолг период неможам да го направам тоа Ohno


До тебе е. Кај мене работи.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 28-Feb-2023 at 01:03
Незнам каде точно да прашам, па еве ќе прашам овде.

Пробувам да пристапам кон ГУП - от на Град Скопје, поточно GIS системот / порталот, но веќе извесен период нешто не ми дава.

Одам овде:
https://skopje.gov.mk/mk/gup-na-gradot/
па после кликам на тоа последното каде што пишува ГУП, но кога ќе отворам ми се појавува ова:

la multi ani gif

Тоа е на страната:
https://gisportal.skopje.gov.mk/gup/

Пробано на доста различни пребарувачи, и секаде ист проблем. На почетокот ми даваше да одберам некакви си 3 сертификати на сајтот, но со ниеден од нив не успеав да ја вчитам страната, т.е. GIS порталот. Знае некој некое чаре? Дали и кај вас е ист проблемот?

Извинете за off-topic, неможев да најдам друга по - соодветна тема за ова. Сакав да погледнам како се планирани некои од улиците, но веќе подолг период неможам да го направам тоа Ohno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 159>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.974 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.