Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1101 Posted: 27-Feb-2009 at 01:47 |
аха а јас мислев станува збор за нов дуп спроти влада, ок ова е оној за кој зборувавме претходно, инаку овој дуп нели беше веќе предложен, значи сега треба само да го изгласаат...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1102 Posted: 27-Feb-2009 at 01:45 |
ЛСЛ Одлично ти текнало да го пресликаш планот
Originally posted by beTon
туку сега дали ова дупов му е на пат на тунелот од гупот, јасно дека може и да се корегира трасата, но колку останува чист простор за евентуален иден булевар кон владата односно кон бул.Свети Климент Охридски !?
|
Ех бетон, бетон... Еднаш кога зборевме за примарната сообраќајна мрежа, во потрага по дисусија тунелот го измести на спротивната страна од која го изместуваш сега  Без гајле, како што прикажа ЛСЛ, ДУП-ов не ја засега трасата на таа сообраќајница. Но со болдираниот дел секако не можам да се сложам. Не се изместуваат траси на клучни сообраќајници ради ДУП-ови и хотели. ДУП-овите, хотелите и се друго се тие кои мора да се прилагодат на примарната сообраќајна мрежа!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1103 Posted: 27-Feb-2009 at 01:30 |
Бетон изволте скица, ДУП-ов не влијае на тунелот под кале....Ама никој неможе да гарантира деој некој иден ДУП нема да влијае! 
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1104 Posted: 27-Feb-2009 at 01:17 |
их за само еден ден почнаа да фрчат дупови после кајганата на уставен, сега градот е само советник и нема што да се испречи на патот на урбанистичката преродба на СК шала на страна незнам зошто мораше вака да биде со надлежностите, но ова одзатнувањето во костец со насоките од гупот е малку повеќе од добредојдено бидејќи реално работите ќе одат по подмачкано, многу енергија и време се изгуби во надмудрување околу конечно трасирање на имиџот на "метрополава" (тоа е и поентата за хилтоните и облакодерите во СК) е сега уште да небеше посреди ова економскава брлавка и може и ќе видевме некој хилтон, сега реално е да видиме само некој милтон, но не е на одмет да се проба... туку сега дали ова дупов му е на пат на тунелот од гупот, јасно дека може и да се корегира трасата, но колку останува чист простор за евентуален иден булевар кон владата односно кон бул.Свети Климент Охридски !?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1105 Posted: 27-Feb-2009 at 00:31 |
5 хотели? Супер, сигурно ќе бидат три хилтони и два шератони (кој ги прати стандардните хотелски најавиво Македонија знае што зборам)  Ама сериозно бе, што ги наредиле онака 5 хотели покрај Вардар еден до друг? Каков е тој хотеелски комплекс??? Па Вардар не е Копакабана. Ова ми делува многу нерационално. Што се однесува до гаражата, испаѓа дека таа треба да е делумно вкопана во ридот, така да можеби од таму онаа чудна информација за бројот на подземни нивоа, мада пак не прави логика тоа така да се толкува
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1106 Posted: 27-Feb-2009 at 00:12 |
Осум ката под земја гаража?!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1107 Posted: 27-Feb-2009 at 00:10 |
Пет хотели и катна гаража ќе се градат под Кале

Советот на Центар денеска ќе гласа за ДУП-от кој е дел од владината приоритетна програма
Деспина Трајковска
Пет хотели, катна гаража и спортски комплекс со апартмани и спортски
терени сместени под Кале крај Вардар. За ваков изглед на овој реон
денеска ќе гласа Советот на Општина Центар.
Деталниот
урбанистички план „Централно зеленило покрај река Вардар - Парк 2“, кој
ќе се најде на разгледување пред советниците, е дел од владината
програма за приоритетна изработка на урбанистички планови. Тој опфаќа
површина од 19,79 хектари земја која во најголем дел е во државна
сопственост. Државата ја финансираше изработката на планот кој се
донесува по скратена постапка со цел, како што напомнуваа досега од
Министерството за транспорт и врски, економски развој и привлекување
странски инвестиции, а наедно и за урбанизација на досега неразвиените
подрачја во Скопје.

Речиси целиот план за реонот предвидува изградба на нови објекти,
единствено се потврдува и се планира надградба на резиденцијата на
поглаварот на МПЦ, а планот овозможува и изградба на нови содржини во
функција на постојните верски објекти. Петте хотели, пак, е предвидено
да бидат распоредени еден до друг крај брегот на Вардар, три од нив ќе
можат да достигнат максимална висина од 14,5 метри, а два од 11 метри,
односно ќе бидат на три, односно два ката. Катната гаража е предвидено
да има осум подземни нивоа и капацитет од 1.960 возила, додека
објектите во спортскиот комплекс ќе можат да достигнат висина до осум
метри. Во овој комплекс, планот дозволува изградба на
спортско-рекреативна сала, придружни објекти во функција на спортот,
отворени спортски терени и привремено сместување. Државата планира
градежните парцели да ги отуѓи преку јавна лицитација.
Инаку,
дел од земјиштето наменето за изградба на три од петте хотели беше
понудено на продажба уште во 2006 година. Некои од учесниците на
лицитацијата поднесоа жалби, по што отуѓувањето „заглави“ и се' уште
нема официјални информации што се случи со него. Како што неодамна
информираа од Министерството за транспорт, сите предмети се во судска
постапка, се испитува дали продажбата е извршена во согласност со сите
закони и прописи. Иако се очекуваше, тогаш на лицитацијата не
учествуваше ниту едно познато име од хотелиерскиот бизнис. Две парцели
купи фирмата „Гемак трејд“ од Скопје, сопственост на Енвер Малиќи, а
една Ејуп Алими, кој понуди 10.050 денари за квадрат. Претставникот на
„Гемак трејд“ тогаш изјави дека немаат решено што ќе прават со
земјиштето, но навести дека најверојатно ќе градат луксузни хотели.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=512C69F5A2673C4FBC3FFD1A3A79425A |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1108 Posted: 26-Feb-2009 at 22:27 |
Цифра добредошол.
Ми разјасни уште една дилема. Имено има еден објект до градски парк што одстапува од градежната линија целосно, ама ете гледам и во новиот план си останува така. Зборам за онаа една постара куќа кај ресторан Канет каде што уличето закривува. Очигледно поради староста и уникатноста на објектот е оставен. Обележан е со љиљакова точка на него. Не се чита бројката на маркицата да прецизирам конкретно.
Што се однесува до плавтите површини може да е тоа што викаш катовите да отстапуваат во линијата од приземјето. Такво вешто е случај на повеќе места и не е чудо да биде и овдека, ама не сум сигурен дека треба да е тоа. А може би и да е велосипедска патека.
Edited by lslcrew - 26-Feb-2009 at 22:28
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#1109 Posted: 26-Feb-2009 at 21:42 |
Najprvin dobredojde
Gledajki ja slikata vo pogolema rezolucija zabelezav deka na bul. Kliment Ohridski so noviot plan se brise benzinskata pumpa a na nejzino mesto se predviduva najverojatno stanbena zgrada kako i na sosednata lokacija. Pa da prasam dali sum videl ubavo ili da ne sum vo zabluda nekoja. Da ne ja znaes slucajno visinata na tie dva objekta?
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#1110 Posted: 26-Feb-2009 at 21:31 |
Еве го планот и во малку поголема резолуција
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1111 Posted: 26-Feb-2009 at 21:13 |
golemo dobrodojde od mene 
fala za informacijata  , dolgo vreme go baravme 
|
 |
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#1112 Posted: 26-Feb-2009 at 21:01 |
Здраво на сите Еве го нацрт планот за Дебар Маало 2 1 - целиот план  2 - делот кај градежен факултет  3- многу дивоградби на мал простор  Добро го разгледав планот и лично не најдов поголеми слабости (иако морам да признаам дека не живеам таму, така да од една страна не сум до толку запознаен со ситуацијата на терен, но од друга страна можам пообјективно да коментирам). Се разбира то не значи дека покрупни слабости не постојат. Ако има некои се надевам дека заедно ќе ги најдеме. Најголема замерка имам за делот кај слаткарницата „Апче“. Тоа го имам заокружено лево на втората слика. Веројатно поради преголемата близина на факултетската зграда, не е предвидено ништо на оваа локација, то ест градбите се прецртани како што е моменталната ситуација на терен, а знаеме на што личи тој дел  Другата работа што ја имам заокружено е новопроектираната пристапна уличка за која се дигнало голема врева и за која гледам искоментирале и медиумите. Се работи уличка до неколку објекти која е потребна за решавање на паркирањето но и за недај боже. Но токму жителите на самите објекти се бунеле бидејќи им се земало дворно место. За жал поинакво решение не е можно. Да не заборавам да го пофалам планов дека сериозно е пристапено кон решавање на паркирањето. Но тоа нема да значи ништо доколу на терен се спроведе нешто сосема различно од зацртаното. Мислам дека тоа не смее да се дозволи  На третата слика имам зумирано три од шесте дивоградби кои се обележани со лиљаково, чисто колку да доловам како тие отстапуваат по габаритот од опкружувањето во кое треба да се вклопат. На мислење сум дека ваквите случаи доколку не се рушат, тогаш треба да плаќаат неколкукратно поголеми комуналии за да се легализираат. Во спротивно рушењето си останува како решение. А за оние дивоградби кои навистина попречуваат нешто од суштинско значење тоа да биде и единствена опција од сам почеток. Во контекст на дивоградбите, приметив на форумов се збори и за најавеното проширување на Илинденска и реакциите се крајно негативни. Гледате и самите дека тоа исто така не е предвидено ниту со планов, а како што ми кажа човекот кој даваше информации во урбаната единица, не било предвидено ни со претходниот. Можеби некој мисли дека ако дивоградбата ја градат градските власти тогаш се работи за помала дивоградба, но во мои очи таква дивоградба е токму најголема и најстрашна дивоградба  Исто така забележав интересна работа со ширината на коридорите за булеварите. Коридорот за Партизанска е вцртан со ширина од 50 метри, а Климент Охридски 40 метри. Не сум сигурен дека ова може да се постигне. Земете го за пример објектот што се гради кај Аркадија. Што е посреди, дали плановите се изигруваат и со финти се прави нешто сосема друго на терен, тоа навистина не би знаел. Еве и едно прашање до вас - Одредени тротоарски површини на планов се иштрафирани со сини линии, што не знам колку може да се види на олкава резолуција. Оваа ознака ја нема во легендата. Преку нив јасно се гледаат линиите на вцртани маркици. Дали ова значи дека маркиците го надвиснуваат тротоарот и погорните катови може да се градат во охридски стил или на столбови? Или сините иштрафирани линии значат нешто сосема друго?
Edited by Cifra - 26-Feb-2009 at 21:03
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1113 Posted: 23-Feb-2009 at 22:14 |
Еве текстов носи нови интересни и подетални информации за актуелниот ДУП од Буњаковец / Дебар Маало. Дали некој знае каде точно е таа урбана заедница Дане Крапчев? Општина Центар си продолжува со старата пракса да не ги објавува ДУП-овите што ги предлага и носи, па мора да се искористи моментов да отидеме и да го регистрираме со фото апарати. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1631&ArticleID=108294
СТАРИТЕ АМБИЦИИ ВО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕБАР МААЛО
„Буњаковец“ во обрач од високи згради
Роза Петкова
Пазарот
„Буњаковец“ ќе стане затворен пазар со сопствен паркинг, кога на
Партизанска, во делот пред пазарот, ќе се изградат објекти високи до 26
метри, а ќе се пробијат и неколку слепи улички. Со новиот детален
урбанистички нацрт-план за Дебар маало 2, кој во моментот е на јавна
анкета пред граѓаните, покрај овие, се предвидени и измени во
парцелите, со кои на сопствениците им е овозможено самостојно да градат
до височина од дваесетина метри. Планот предизвика огромен интерес кај
жителите од населбата, кои во голем број доаѓаат во урбаната заедница
„Дане Крапчев“ од каде што потврдуваат дека за првите неколку дена
примиле педесетина забелешки. Една од нив се однесува на новата уличка,
која ќе се пробие зад пазарот за да се овозможи пристап до него.
Жителите што имаат имоти во овој дел беа гневни поради ваквото решение
за кое во урбаната заедница им објаснија дека ќе се реализира со
одземање на површина од нивните дворови. - Властите на Општина Центар
се, навистина, арогантни, кога по којзнае кој пат ја цртаат оваа уличка
врз нашите имоти - револтирано се бунеше семејство од населбата Дебар
маало. Пазарот се предвидува да биде сместен во објект со висина до пет
метри, кој ќе овозможи и подземно паркирање. Надлежните од секторот за
урбанизам во Центар велат дека по вторпат се предвидува затворен пазар
на локацијата, но дека неговата реализација зависи само од сопственикот
„Скопски пазар“. Според општинарите, објектот морале да го вцртаат
затоа што немало друг начин како да се означи дека на местото има
пазар. На аголот на булеварите Свети Климент Охридски и Партизански
одреди, спроти Соборниот храм се планира станбен објект со сличен
габарит на тој што сега се гради до „Порта Буњаковец“ и со висина до 26
метри. Високите градби се дозволени и на Ленинова и на Орце Николов, а
во внатрешноста на маалото тие се снижуваат и се дозволува изградба на
приземје, три ката и станбен дел под покривот бидејќи објектите
излегуваат на улици со помал профил. Планот предвидува да се пробие
улицата Дебарца, која се прекинува зад пазарот „Буњаковец“ и да
излегува на Партизански одреди, а уличките Коле Неделковски и 8 Март да
се пробијат на Илинденска. Според надлежните од секторот за урбанизам
во Центар, деталниот план се донесува поради нискиот процент на
реализација на претходниот. Сличните планови на општинските власти за
високи згради издигнати на големи парцели веќе се остварија во другиот
дел од Дебар маало, како на улицата Владимир Мајаковски каде што
новоградбите целосно ја задушија уличната мрежа.
Седум објекти-дивоградби
Во
планот дури седум објекти од населбата се означени како дивоградби.
Меѓу бесправно подигнатите градби се обележани и зградата во која е
сместено кафулето „Бастион“ и таа отспротива. Во секторот за урбанизам
не појаснија дали целиот објект се смета за дивоградба или само некој
негов дел. Тие велат дека кај овие градби има одредени отстапки, па
поради тоа се обележани како нелегални, но ниту општината ниту планот
предвидува дали треба да се урнат. Само додаваат дека ќе го чекаат
Законот за легализација на дивоградби. |
Edited by Cloverstack - 23-Feb-2009 at 22:18
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1114 Posted: 23-Feb-2009 at 20:55 |
Originally posted by my Macedonia
mi dojde edna idea i sakav da vi ja pokazam iako ne moze nikogas da se realizira , sakav da vidam sto mislite za mojata idea
1.Mal ring = mal ring
2.segasniot golem ring da bide = sredniot ring
3.novoto e = golem ring
dali me razbirate??? |
МyMacedonia јас сега прв пат го гледам ова. 1. Која е целта на повторното планирање? Централното градско подрачје, поделено на голем и на мал ринг е сосема добар начин на поделба чии граници се градскиот ѕид и булеварите кои го опкружуваат големиот ринг (Бул. Гоце Делчев, Климент Охридски, Кочо Рацин, Мито Хаџи-Василев Јасмин итн) според мене одличен начин на планирање. Планот кој ти го даваш ми е конфзен и не можам да се снајдам со боите. Претпоставувам дека целта ти е подобро функционирање. Ако е така, тогаш лекот не треба да се бара во прекројување на плановите на мал и голем ринг, бидејќи тие си се добри сами по себе. Проблемот лежи во килавата градска администрација, некомпетентност, малите финансиски средства, препукувања град-општина и слични проблеми кои го мачат Скопје. Ако сакаш образложи ја твојата идеја поопширно...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1115 Posted: 23-Feb-2009 at 20:36 |
Оваа година стекува важноста на Генералниот урбанистички план за град Битола
Понеделник, 23 Февруари 2009 17:01 |
Важноста на Генералниот урбанистички план за град Битола истекува оваа година.
-Оваа
година е уште важечки, но често се случува плановите важноста да се
продолжи со одлука на Совет. Бидејќи со новите законски нормативи што
се направени нашиот ГУП и да не му беше поминат рокот, беше зрел за
менување. Ние доставивме до Министерството барање во приоритетна
програма да влезе измена на ГУП бидејќи многу средства требаат и многу
време.
Од
минатата година ни се одобрени средства и ставено ево програмата на
Владата за инвестирање за ГУП на Битола. Секако, ќе треба нешто повеќе
од година за тој да се изработи целосно, се надеваме дека во средината
на 2010 Битола ќе има нов ГУП, изјави Љупчо Стојчев, раководител на
одделението за урбанизам.
Изработката на Генералниот урбанистички план ќе му се додели на Агенцијата за планирање на просторот.
-Бидејќи
се нивни средства па таа си има свои комитенти односно подружници по
градовите на кои ќе му го довери. Ние како општина бараме дел од нашата
екипа да биде присутна во изработувањето на планот за свои потреби,
логично би било зашто не може фирма од Скопје да проектира за Битола
без наше присуство, без наши конкретни сознанија за градот, вели
Стојчев.
Врз основана новиот Генерален урбанистички план, ќе треба да се изработат и нови Детални урбанистички планови.
-Тие
што ќе се вклопат во тој дел, односно и сега се вклопиле во
Генералниот, но новиот мора да се надогради над стариот. Не може некои
битни измени да има во намената на зоните, така што постоечките важечки
ДУП ќе бидат и вклопени во новиот ГУП. Ние викаме, ГУП за нас е устав,
а ДУП се закони, вели Стојчев.
Она
што се смета за најбитно за новиот Генерален урбанистички план е да се
вметне касарната која досега беше воен објект. За 3 касарни се чека
постапка од Уставниот суд дали може да се обележи само со текстуален
дел.
-Дали
може само со текстуален дел да се измени односно да се доделат
касарните и директно да се оди со ДУП, зборуваме за делот кај
касарната. Независно од ова потоа кога ќе го правиме ГУП ќе го вметнеме
и тој дел, бидејќи ако правиме измена и дополнување на ГУП ќе требаат
6-7 месеци, па ДУП уште толку , догодина касарната да не може ништо да
се интервенира во неа. Затоа, ако помине ова на Уставен суд за Илинден
како пример, тогаш ние имаме ветување од Министерството дека и
битолската и прилепската касарна ќе бидат доделени на ист начин каде
што ќе може веднаш да се интервенира само со изработка на ДУП, вели
Стојчев.
Важноста на Генералните урбанистички планови е 10 години. | http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=4415&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1116 Posted: 23-Feb-2009 at 20:08 |
mi dojde edna idea i sakav da vi ja pokazam iako ne moze nikogas da se realizira , sakav da vidam sto mislite za mojata idea
1.Mal ring = mal ring
2.segasniot golem ring da bide = sredniot ring
3.novoto e = golem ring
dali me razbirate???
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1117 Posted: 15-Feb-2009 at 07:46 |
 Кога го прочитав текстов толку бев револтиран што и не искоментирав и го баталив. Се чудам на леснотијата со којашто г-ѓата Тодорвоска, од предходниот текст, го кажува тоа како сега ќе можела да си се вдомат со целото семесјтво во строгиот центар и како она наводно комуналиите што ги плаќала биле за тоа да општината нејзе и обезбеди да може она цело семесјтво да го вдоми во центар. Ако не па и државно земјиште безпари да и дадат па да може уште роднини да си насади!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1118 Posted: 14-Feb-2009 at 15:28 |
Originally posted by zabegan
значи кога треба некој друг да гради граѓаниве се бунат, а ако им дадеш на нив да си прават што сакаат тогаш е ок а?
|
За жал така испаѓа, добро ја опиша ситуацијата
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1119 Posted: 14-Feb-2009 at 15:22 |
чекај, ќе им се дозволи на граѓанните да си прават доградби? тоа не е план значи кога треба некој друг да гради граѓаниве се бунат, а ако им дадеш на нив да си прават што сакаат тогаш е ок а?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1120 Posted: 14-Feb-2009 at 03:44 |
„Партизанска“ ќе личи на кањон од згради
Ако Општина Центар го усвои Детаљниот урбанистички план „Дебар Маало 2“, долж булеварот ќе се градат објекти од по осум ката
 Жителите на „Партизански одреди“ добија дозвола да градат згради наместо куќи
Булеварот Партизански одреди ќе стане кањон ако Општина Центар го усвои Детаљниот урбанистички план „Дебар Маало 2“ со кој се предвидува
долж улицата да се градат објекти со висина дури од 26 метри или повеќе
од осум ката.На вчерашната јавна презентација во Општината,
проектантите од ИМПУМА пред педесетина граѓани се бранеа дека планот е
правен само за потребите на граѓаните. Според планерите, новата верзија
е идеална можност за граѓаните од тој дел, оти добиле се' што сакале.
-
Едно од барањата на граѓаните е да им се овозможи да градат
индивидуално, а не како досега - да треба да се договараат и со
соседите. Новиот план им отвора нови можности. Имаше проблем со
околните објекти покрај тие што се под протекторат на Управата за
заштита на културното наследство, како Пионерскиот дом „Карпош“,
објектот МЦМ, и други што гравитираат кон Градскиот парк. Сега тоа е
сменето и тие ќе може да градат, објасни Благоја Тагасовски, планер во
ИМПУМА.Дебармаалци во последниве неколку години се многу заинтересирани
за зголемување на катноста, и покрај тоа што постојната инфраструктура
не може да истрпи доградби бидејќи комуналната мрежа е застарена.
-
Бевме револтирани од дивоградбите што се изградија во изминативе години
и кои ќе се легализираат, а ние со години чекаме подобри услови за
градба. Многу сум задоволна од презентираниот план. Ми се овозможува да
градам пет ката, плус еден. Со тоа ќе решиме многу семејни проблеми.
Одвај чекам планот да се усвои. Општината нека се погрижи за
инфраструктурата, не за џабе плаќаме комуналии, вели Мира Тодоровска,
жителка од маалото.
Граѓаните и Општината се на чекор од
намерата ова старо градско јадро да се претвори во населено место со
висококатници. Покрај инфраструктурата (електричната, водоводната,
атмосферската и фекалната канализација, каналите за парно греење), и
постојните сообраќајници не можат да го прифатат зголемениот број
возила. Според планот за паркирање, секој објект ќе има гаража во
сопствена парцела, со што ќе се зголеми површината за градба.
Според
новиот ДУП, куќите крај булеварот Партизански одреди, улиците Ленинова,
Орце Николов и 29 Ноември може да поднесат градби до 26 метри, а на
споредните улички објектите може да бидат со висина од 19,20 или од 10
метри...
Дебармаалци сакаат на своите куќи да доградат што
повеќе катови. Нивните желби повеќе личат дека бараат да градат згради,
а не куќи. Урбанистичкиот план претрпе безброј измени, а и од
Министерството за транспорт и врски беше одбиван повеќепати поради
забелешките за катноста.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=681B7634E2F4D04FB875BD212055CC10 |
|
 |