![]() |
![]() |
![]() |
Привремени и напуштени објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 14> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зошто по овој основ нарушена безбедност на минувачи не се постапува и по скопските општини како што е случај со големата распадната зграда спроти ВИП хотел во Крњево,напуштената куќа во Мичурин(до црквата каде спорот е надминат и има веќе сопственик официјално) и уште многу други вакви објекти кои се и опасност за минувачи а се преполнуваат со отпад и бездомници.
Секој од тие објекти си има сопственик,а поготово овие два од кои еден е спроти најголемиот мол во државата а другиот до верски храм.Едноставно се чека или да паднат сами од себе објектите или да им дојде време и желба на инвеститорите да направат некоја зграда. ![]() ... ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поради безбедносни причини, а со согласност од сопствениците на објектот, Општина Кочани отстрани уште стара градба на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/opstinakocani/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО ТЕТОВО САМО ШЕСТ СТАРИ КУЌИ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОД ДРЖАВАТА, ДРУГИ СЕ РАСПАЃААТ И МОЖАТ ДА СЕ УРНАТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ
![]() ![]() Ѕидовите на стара и дотраена куќа во тетовското маало Два Бреста се надвиснати над патот по кој секојдневно минуваат голем број луѓе и автомобили. Од дождовите неодамна се сруши речиси целиот покрив, а ѕидовите напрснаа и можат секој момент да се срушат. Но, оваа куќа не е единствена која се наоѓа во ваква сотојба во стариот дел од градот. Ги има и во маалата Колтук, Певчина, Горна Чаршија. „Пред еден месец падна покривот на оваа куќа. Слушнавме силен тресок. Делови од покривот паднаа врз еден автомобил кој тука беше паркиран. Среќа што во тој момент немаше минувачи. Еве, и ѕидовите само што не паднале. Но, не е само оваа куќа. Неколку метри понатаму уште една ваква куќа се распаѓа, а никој не интервенира“, зборува жителка на Два Бреста. Членовите на семејството Мисајловски, кои исто така живеат во Два Бреста, за да излезат од нивниот двор треба да поминат под дел од соседната куќа која е во фаза на распаѓање. Неколку пати е пријавено во изминативе години, но нема никаква реакција од службите во Општина Тетово, ниту, пак, од сопствениците. Со снегот и обилните дождови од минатиот месец состојбата на куќата е уште повеќе влошена. Може во секој момент да падне и доколку некој поминува оттаму, да го изгуби и животот“, вели Фросина Шљупковска-Мисајловска. Најчеста причина зошто овие куќи се доведени во состојба на распаѓање се нерасчистените семејно-правни односи на сопствениците. Куќите не можат да се продадат или поправат додека не се утврди сопственоста, а дотогаш, тие пропаѓаат. Од Општина Тетово велат не можат да интервенираат додека некој не пријави кај нивните служби. „Доколку имаме дојава од граѓаните, веднаш излегува на терен екипа од градежни инспектори. Ако тие потврдат дека навистина станува збор за куќа која претставува опасност по животот на минувачите, тогаш упатуваме известување до сопственикот на објектот дека истата треба да се сруши или санира. Доколку во определен временски рок сопственикот не го направи тоа, тогаш Општината ја руши куќата, го расчистува теренот и сметката за тоа му се доставува на сопственикот на куќата“, вели Снежана Новаковска, портпарол во Општина Тетово. Тетовските маала Два Бреста, Колтук и Горна Чаршија се старото јадро на градот кое го обележуваа мали трошни куќи кои најчесто биле градени при крајот на 19. и во првата половина на 20. век. Но, ниту општината, ниту граѓаните кои живеат тука немаат разбирање за значењето на овие градски маала и за традицијата. Од Музејот на тетовскиот крај велат дека во вакви ситуации се немоќни, бидејќи нивната надлежност е само врз оние објекти кои се ставени под заштита на државата. „Во Тетово има само шест стари куќи кои се ставени под заштита на државата, впишани уште во 1952 година. Оттогаш, друг објект не е ставен под заштита на државата. Ние немаме надлежност да се грижиме за другите стари автентични куќи, туку тоа би требало да биде надлежност на општината, па и на сопствениците, ако сакаат да се зачува старата градска архитектура. Иако многу стари куќи се срушени или целосно реновирани, добивајќи сосема нов изглед, во стариот дел од градот има уште стари карактеристични објекти кои би можеле да бидат интересни во една добро осмислена туристичка понуда на Тетово“, вели Нусрета Шмрковиќ, кустос во Музејот на тетовскиот крај. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-samo-shest-stari-kuki-se-zashtiteni-od-drzhavata-drugi-se-raspagaat-i-mozhat-da-se-urnat-vo-sekoj-moment/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напуштени можности“ низ старите државни објекти
![]() Македонија има голем број напуштени објекти од фабрики и корпорации, кои заминале во стечај, особено по приватизацијата за време на транзицијата. Оваа појава не е непозната во светот, а дел од државите ги обновуваат овие објекти. Напуштените индустриски објекти се опасност за децата, за здравјето, ја уништуваат естетиката на градот, во нивните дворови се создаваат мини депонии... Овие причини ги поттикнаа млади архитекти да се активираат за редефинирање на напуштените индустриски објекти. Здружени во невладината организација „Културно Ехо“, тие ја започнаа оваа иницијатива која вклучува и запознавање со концептот за индустриско наследство. „Културно Ехо“ го сочинуваат група млади ентузијасти, дел се архитекти, дел актери, дел програмери, правници, дел филмаџии. „Сакаме да најдеме начин како правилно да се искористи просторниот капацитет што го нудат овие напуштени објекти. Тие имаат потенцијал за нивна ревитализација и реадаптација со што во нивниот просторен капацитет би се вметнала некоја соодветна програма која би овозможила функционалност и градежно-економска самоодржливост на објектот, изјави Симона Димковска, претседателка на организацијата „Културно Ехо“, додавајќи: „Бидејќи најголем дел од објектите се фабрики односно индустриски капацитети кои се во државна сопственост, самите по себе поседуваат културно историски идентитет, на тој начин со овој проект би сакале да го поттикнеме воведувањето на индустриското наследство како гранка на културното наследство во државата , кое сеуште не е воведено како дисциплина кај нас ,а веќе е докажана европска пракса“. Проектот го започнаа со истражување за фабриката „Купром“ во скопската населба Хром за која сакаа преку културен настан да го информираат локалното население за состојбата. Инаку, според нивното истражување, земјиштето на објектот е државно, додека неколку објекти се приватно сопствеништво. Димковска додаде дека имаат доставено граѓанска иницијатива до Советот на Град Скопје за поддршка на проектот, кој се уште им нема одговорено. Единствено, оттаму велат дека добиле поддршка од пратеничката Ивана Туфегџиќ, која им ветила законски измени. „Град Скопје ја поддржува секоја иницијатива што претставува формирање на нови културни простори. И се стреми кон создавањето на нови простори за културата, меѓутоа, за жал, колку што ми е познато повеќето од објектите на „Купром“ се во приватна сопственост, па оттаму Град Скопје не може да интервенира“, изјави Ваљон Салихиу, портпарол на Град Скопје. Идејата на активистите е да не се уриваат овие објекти, туку да се искористи просторноста во полза на граѓаните. „Просторот дозволува, без да се направи некоја посебна надворешна промена на објектот од архитектонска гледна точка, без да се наруши екстериерот на објектот, внатре да се вметнат нови функционални единици, како посебни кубуси кои што се монтажни и каде може да се случат повеќе функции. На пример, ако било фабрика за производство на чевли, може да стане еден дел од фабриката галерија, друг дел може да стане производство на платна, трет дел може да стане работилници. Тие индустриски објекти доста често се пренаменуваат во мултифункционални сали и стануваат културни објекти, тоа е нешто кое нас во државава ни недостига, во секој град нема културен центар кој функционира и кој ги задоволува потребите на целото локално население на ниво на еден град, така што овие објекти поради нивната големина, просторност и висина можат многу ефикасно, многу лесно да примат една ваква функција која еве едноставно недостига по градовите а и во главниот град, се разбира“, вели Димковска. Покрај ова, она што загрижува е и штетата врз животната средина со секое рушење и одново градење. Тогаш градежната прашина се додава на аерозагадувањето, а со шутот неодговорно се однесуваат. „Праксата треба да биде друга, односно треба да се размислува тоа веќе што постои како да се искористи. Еве конкретно површината на фабриката е 22 илјади квадратни метри, тоа е 2,2 хектара, тоа е огромна површина која ќе стане градежно земјиште, што ќе се случи со тој градежен контаминиран шут? Никој не ги поставува тие прашања, сите одат кон тоа да се сруши тоа што не е корисно, не е употребливо и да се направи нешто ново, а реалноста е дека може да биде корисно, корист може да видат граѓаните, а доколку се бутнат и се направат згради корист можат да видат само поединците односно инвеститорите кои би го граделе тој објект, така што тоа е доста селективно“, додаде Димковска. https://www.slobodnaevropa.mk/a/напуштени-можности-низ-државните-стари-објекти/29673758.html |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Нема,колку што знам пред неколку години се крена голема галама околу тоа бидејќи требаше уличката да минува среде парк и игралиште па тогаш се откажаа но мислам само привремено кога тогаш ќе треба да ја изградат. Мислам дека треба тука да излегува ако не сум грешка ![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Има некое официјално инфо за пробивањето на уличката? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Секако дека не е тоа главната причина можеби и воопшто не е причина таму да не се изгради објект но ете сеуште локацијата стои запустена. Моментално нас.Острово има простор за уште 2 згради зад Тинексот и една поголема на овој дел кој го спомнавме. Само чинам ќе треба да се пробива сервисна уличка за пристап на станарите до зградите кои би се изградиле зад Тинексот.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Во контекст на муабетот зошто се' уште нема индиции за градење станбена зграда на преостанатиот (исечен) дел од Маџир Маало, во Острово, еве вечерна слика од новата станбена зграда во Острово, до Тинексот. Се гледа дека сите станови светат, значи се продале и тие што гледаат кон другата страна на Вардар т.е. кон дивата ромска населба. Затоа ова не би го земал во предвид во однос на тоа зошто се нема изградено зграда на дискутираната локација.
![]() (Се извинувам за не толку добриот квалитет.) Edited by skopskodete - 24-Jun-2020 at 16:19 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Што побрзо никне тој објект, толку подобро. Многу грда слика создаваат овие објекти.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
на ул.Симеон Кавракиров-Мичурин
Ресторан Рулет,автоперална и неколку гаражи,според планот треба да никне чинам објект со деловна намена со висина од 7м. ![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Овој би бил покрупен и сериозен проект на локација до сам центар на градот, и во близина на 5 минути пеш до најголемиот иден трговски, деловен и станбен комплекс во Скопје (Skopje East Gate). Општината секако би била во добивка, од секаков аспект, доколку се среди ова мало место, кое е меѓу ретките во населба Острово кое не е урбанизирано. Во однос на чергарите, ќе надополнам на претходниот мој пост, дека тие не би биле проблем и да се дислоцираат. По автоматизам општината ќе пројави интерес да го среди проблемот со чергарите преку соодветните институции доколку ова релативно мало делче во Острово се урбанизира. Edited by skopskodete - 12-Jun-2020 at 17:32 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Оваа дива населба еднаш ја тргнаа, колку што се сеќавам, па после тоа пак дојдоа овие. На местото каде што се гради моментално кулата, во близина на оваа локација, исто така мириса на изгорено, и од тие преку Вардар и од тие неколку чергари од страната на Острово. Ова не е проблем за да се најде инвеститор за зградата, зградата би била на многу атрактивно место, едноставно никој не пројавил интерес, но сигурен сум дека не е заради баш овие неколку чергари под мостов.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ретко кој инвеститор се нафаќа да ја уредува околината на објектот и го решава пристапот, дури и да се изградат објекти, освен ако не е некој покрупен и сериозен проект, ќе имаме само зграда во нива
Edited by zabegan - 12-Jun-2020 at 16:42 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Можеби јас тргнав премногу од личен аспект за локацијата бидејќи моментално е прилично језиво минувањето во тој дел токму заради дивите ромски живеалишта и бројните кучиња сктници.Можеби некој од познативе по некое време ќе ја откупи локацијата а тоа дали ќе никне нешто модерно е под знак пршалник.Зградата десно незнам кој ја има градено чинам се градеше негде 2006-2007 да бил некој помоќен можеби ќе си склопел фин комплекс со уште една таква зграда.Но тешко дека во догледно време ќе се решат импровизираните живеалишта во близина на локацијата и не би било пријатно за живеење со мирисот на изгорени гуми и кабли што се почесто се случува во тој дел(имаше некои интервенции на КХС и инспекторатот но без ефект).
Ова е на 10м од локацијата за зграда ![]() ![]() https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија-313588822516630/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Па мислам дека моментално ова место е меѓу едно од најатрактивните слободни места за градење во Скопје. И јас се надевам дека ќе се изгради убава и модерна зграда. |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Meстово е доста атрактивно, тие населби нема да се таму уште многу долго.
Се надевам дека ќе добиеме пристоен објект кој ќе му парира на МТВ и на Скопје Ист Гејт. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Па не знам баш дали е тоа причина, искрено, бидејќи има на доста други места со слични такви недостатоци да никнуваат згради (пр. во близина на ова место што се гради кулата или веќе изградената помала зграда кај Тинексот, исто така во близина на ова место), исто така би ја вброил и зградата на ЗСФ што е до Железничка. Таа зграда се наоѓа до раскрсница, а тоа значи целодневна континуирана бучава (тука не би имало бучава), а од друга страна нема некој баш поглед, а ниту пак некој двор, па ете гледам продадени се становите. Ако пак се разгледува во однос на местоположбата, тогаш е феноменална местоположбата со оглед на тоа што во близина има основно училиште и средно училиште (не е толку далеку Корчагин), на само 5-10 минути пешки се доаѓа до идниот Skopje East Gate, а исто така не е далеку ни Веро Центар (можеби 10-12 минути пешки), во близина е Транспортниот центар, има и пошта, а на само 15 минути (пеш) е и строг центар (плоштад). Што е уште поинтересно е што и не би имало проблем со паркинг, со оглед на тоа што како дополнување на паркинг местата кои би биле во склоп на зградата е и големиот паркинг преку улица, што е веќе во употреба со години. Во однос на сите овие придобивки, зградурињата во Дебар Маало, или на други места, не се споредуваат. Баш би рекол дека местово е многу атрактивно. Edited by skopskodete - 12-Jun-2020 at 15:59 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Местото не е можеби премногу атрактивно поради лошиот поглед кон дивата населба спроти ПИОМ како и дивите импровизирани бараки што се наоѓаат непосредно до локацијата.Можеби по некое време некоја помалку позната фирма би се впуштила во инвестиција за овој дел.Во секој случај доста масивна зграда би требало да никне.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Да, а баш има веќе зграда во сегашниот ДУП (П+8+Пк). Нема многу куќи, па инвеститорот би бил во голем профит, претпоставувам. Ни јас не разбирам како до сега се' уште се нема изградено зграда. Плус, баш тука никому не би му пречела зграда, а ни од инфраструктурен аспект не е проблем, дури и природно би се вклопила зградата во просторот. Еве баш како е вцртана зградата во ДУП-от: ![]() Edited by skopskodete - 12-Jun-2020 at 14:00 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |