build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни правила, етика и казни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 03-Jan-2010 at 11:52
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118198

Возачите ќе смеат да имаат најмногу 0,1 промил алкохол


Коментари (9)   
02.01.2010 14:13
 

 

Горната граница за дозволена количина на алкохол во крв од 0,5 промили ќе се намали деновиве на 0,1 промил.

Ова е дел од измените на Законот за безбедност на сообраќајот што на 6 јануари треба да стапи на сила.

За прекршителите се предвидени ригорозни казни. Со 200 евра и времено одземање на возачката дозвола ќе бидат казнети возачите, кај кои полицијата ќе измери од 0,1 до 0,5 промили.

Над 0,5 казните ќе се одредуваат пропорционално во зависност од новиот на алкохол во крв.

Согласно законските измени, секој возач кој ќе одбие да направи алкотест ќе биде казнет со 500 евра, колку што ќе бидат казнувани и оние лица што ќе возат без возачка дозвола.

Не дека пијам кога возам ...ама ова ги поминува сите граници ...незнам дали има вакви случаи во другите држави ама стварно ова е претерано...да се симне границата на 0,1 стварно е некоректно и репресивно. Се согласувам да се стават повисоки казни за тие што имаат над 0,5 промили алкохол ...но ова!?!

ОЧЕКУВАМ СЛЕДНОТО ДА БИДЕ ... КАЗНА ЗА ВКЛУЧЕНО РАДИО ВО АВТОМОБИЛ 400 ЕВРА ...ццц

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 24-Nov-2009 at 20:37
Абе и ние сме можи апаши балкански, ама во Грција зошто возат со 180 и не се лупаат на секој чекор? Возат убави коли и имаат нормален асфалт. Епа тоа ти е сиромаштија, и на автопат дупки и крпеници. Кој бил во Грција или Бугарија, за потаму да не збораме, знае како се вози на автопат или поширок пат. Секако без последици. Ама затоа треба да знаеме колку ни е чергата, да не се силиме.

Edited by гитардемон - 24-Nov-2009 at 20:39
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 24-Nov-2009 at 20:25

Секој ден по 12 сообраќајки на македонските патишта





 

Статистиката покажува дека дури 93 отсто од сообраќајките во земјава ги предизвикале возачите, а тие се и категоријата што најчесто гине на жешкиот асфалт

 
 
%20  
Жител на охридското село Мешеишта го загубил животот во сообраќајна незгода што се случила вчера утро на патот Охрид - Кичево, кога со автомобилот излетал од патот и удрил во ограда на бензинска пумпа.

Станува збор за Горан Алексиески (23), кој од сериозноста на повредите починал на самото место.

Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила вчера триесетина минути по полноќ во близина на охридското село Подмоље.

Алексиески со својот автомобил „ауди А4“ движејќи од Охрид кон Кичево во еден момент, од засега непознати причини, изгубил контрола над возилото. Тој првин удрил во сообраќаен знак, а потоа завршил во металната ограда на бензинската пумпа.

Годинава полициските билтени, во просек, дневно информирале за 12 сообраќајни незгоди во кои имало настрадани лица. Така, според официјалните анализи на МВР, во деветте месеци од годинава биле регистрирани вкупно 3.247 сообраќајки со повредени и со загинати лица, што е за 10,6 отсто повеќе во споредба со лани, кога на патиштата низ земјава се случиле точно 2.935 тешки сообраќајни незгоди.

Во овој период на жешкиот асфалт настрадале над 5.000 лица, што е за околу десетина отсто повеќе од лани. За разлика од мината година кога животите ги загубиле 96 граѓани, годинава оваа бројка е поголема за 24 лица, а 4.942 учесници во сообраќајот се лекувале од последиците од страотните несреќи.

И годинава најголем број од незгодите се случиле на улиците на главниот град, вкупно 1.448, во кои загинале 43 лица, а 2.126 биле тешко повредени. Кобни за учесниците во сообраќајот биле и улиците на Тетово, каде што се регистрирани вкупно 236 сообраќајки, потоа Куманово, Струмица и Прилеп.

Улиците во градовите по правило се и местата каде што се случува најголемиот дел од несреќите или во бројки, вкупно 2.333, додека на отворените патишта биле регистрирани околу деветстотини сообраќајки. Сепак, статистиката покажува извесна противречност во однос на бројот на загинати. Така, во незгодите што се случиле во урбаните средини загинале 51 лице, а на магистралите низ земјата животите прерано ги загубиле околу 70 учесници во сообраќајот. Според анализите на МВР, најмногу сообраќајки имало во летните месеци, кога покрај домашните возачи, сé поголем е бројот на странци што транзитираат низ земјава. Најцрн во поглед на тешките незгоди бил јули, кога се случиле 471 сообраќајка, потоа август и јуни со по 430 незгоди.

Загрижува податокот што од година во година бројот на ваквите незгоди постојано расте, а кампањите на надлежните институции за поголема безбедност во сообраќајот и за високите казни за несовесните возачи никако да дадат плод.

Дека возачите се главни виновници за крвавите траги на жешкиот асфалт покажуваат и официјалните статистички податоци. Според нив, дури 93 отсто или точно 3.019 од вкупниот број регистрирани незгоди биле предизвикани од возачи што постојано, брзајќи некаде, не внимаваат на сообраќајот, условите на патот, знаците, на пешаците. Токму возачите се и категорија што најмногу страдала на коловозите. Шеесет и еден од нив ги загубиле животите, а 2.324 со тешки повреди завршиле во болница. По нив на црната листа на настрадани се патниците, од кои 28 завршиле трагично, а околу 2.000 покрај лузните од повредите, цел живот ќе ги носат траумите од сообраќајните незгоди.

Дивеењето по македонските патишта е причината поради која надлежните институции годинава презеле поголем број сообраќајни контроли за разлика од лани. Во акциите на сообраќајната полиција низ земјата околу 12.000 возачи биле исклучени од сообраќајот, на исто толку им биле одземени возилата, а против 116.664 биле поднесени прекршочни пријави.
 
   
Автор: Бранислав Закев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112491047514&id=12&setIzdanie=21845
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 16-Nov-2009 at 10:59
СЕ ПОДОБРУВА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА ВО ГРАДОТ
Скопјани не се глуви за звукот на сирените

Елена Мачевска

Несовесните возачи, кои не ги пропуштат возилата на прва помош, на полиција и на противпожарната единица, и покрај тоа што имаат вклучено ротациски светла и сирени, многу често се причина за нивното доцнење и покрај тоа што од брзината зависат човечки животи. Од овие служби, сепак, велат дека не се сите возачи недисциплинирани и дека забележуваат извесно подобрување во сообраќајната култура во градот. Голем број скопјани веднаш реагираат на звукот на сирената и прават простор за возилата на итните служби да поминат.
За да не заглават во сообраќајниот хаос во Скопје, најчесто откако ќе добијат повик од граѓанин, тие ја известуваат сообраќајната полиција за правецот на движење низ улиците, која, како што велат, кога е во можност им го растоваруваат сообраќајот и им овозможува за кратко време да стигнат на критичното место.
- Состојбата со пропуштањето на возилата на противпожарната единица од година во година се подобрува, но, сепак, се уште има несовесни возачи, кои во никој случај не сакаат да ја ослободат лентата за да поминат нашите екипи - вели Благоја Менковски, командир на единицата за противпожарна заштита.Тој објаснува дека тоа е една од најчестите причини за доцнење на противпожарните единици до опожарениот објект.
Од Итната медицинска помош велат дека до пред три години, кога итните случаи ги превезувале со автомобили, возачите многу ретко, и покрај вклучените сирени, им правеле простор за да поминат.
- Откако купивме комбиња, кои се повисоки од автомобилите, со посилен звук на сирените и со поголеми ротациски светла, возачите можат да ги забележат на поголемо растојание и можат да им направат простор за да поминат - вели Маја Поповска од Итната медицинска помош.
И Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје, вели дека голем број граѓани не им даваат предност на нивните возила.
- Поголем дел од граѓаните се совесни возачи и кога ќе забележат дека сирената на некое наше возило е вклучена, даваат предност. Сепак, има и такви што не пропуштаат да помине возилото - тврди Бендевска.
Сепак, надлежните на овие институции, сметаат дека многу често се случува и возачите што сакаат да го пропуштат возилото на некоја од итните служби да не се во можност да го направат тоа поради сообраќајниот метеж во градот, особено во периодот од 8 до 10 часот наутро и од 15 до 18 часот попладне. Дополнителна проблем за овие единици се и паркираните возила на тротоарите, кои не им оставаат можност на другите учесници во сообраќајот да се тргнат од патот и да го пропуштат возилото со вклучени ротациски светла.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1867&ArticleID=126622
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 24-Oct-2009 at 13:49

Скопјани, не возете во вторник попладне





 

Улиците на главниот град се најсигурни за возење наутро, а тоа го потврдува и официјалната бројка на многу малку сообраќајки од „лесен карактер“ сторени во тој период

 
 
%20  
Најризичен ден за македонските возачи да направат сообраќајка на скопските улици е вторник, и тоа во попладневните часови, покажува најновата полициска анализа на состојбата во македонскиот сообраќај.

За разлика од лани, кога за најризичен ден се сметаше петок, годинава тој замина на второто место на црната листа и м у го препушти водството на вторникот.

Според најновите анализи, внимавајте кога возите по скопските улици во вторник во периодот по престанокот на работно време, меѓу 16 и 18 часот. Оти тогаш во најголемиот метеж низ градските улици во првото деветтомесечие се случиле 780 сообраќајки. Веднаш по него следува истиот временски термин во петок, со 291 сообраќаен инцидент. Најцрн сообраќаен месец, пак, годинава е март, кога се случиле 259 сообраќајки.

Кажано со јазикот на статистиката, постои мала веројатност да направите сообраќајка во утринските и вечерните часови на денот, бидејќи најверојатно одговорноста и вниманието на возачите во тој период е на завидно ниво.

Податоците во МВР кажуваат дека во Скопје, град со најголем сообраќаен метеж во Македонија, годинава со потешки или полесни телесни повреди биле примени 1.345 жртви на сообраќајни несреќи, а 24 лица не го дочекале новиот ден.

Зголемениот број на несреќи само го потврдува растењето на возачката незрелост на македонските граѓани, која за период од шест месеци се зголемила за 11 отсто на територијата на Македонија, споредено со истиот период во минатата година.

Лекарите алармираат за преземање на сите законски мерки за наоѓање начин како би се ублажиле ваквиот тип незгоди.

- МВР последните неколку години создаде редица кампањи во кои поблиску ги запознаваше граѓаните како треба да се однесуваат во сообраќајот. Покрај превентивни, македонската полиција дејствува и со репресивни мерки, односно казнени мерки за несовесните возачи. Една од нив е запленувањето на возилата на прекршителите на сообраќајот. Во првото полугодие од 2009 година на 6.549 граѓани им било одземено возилото. На 2.548 граѓани, пак, привремено им биле одземени возачките дозволи - изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102491017511&id=12&setIzdanie=21819
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 06-Oct-2009 at 16:39
ПОБЕЛУВААТ ПОЛИЦИСКИТЕ СООБРАЌАЈНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДРЖАВАВА
Казните страв и трепет за возачите и за пешаците

Македонските возачи, пешаци и другите учесници во сообраќајот по воведувањето на строгите парични, но и прекршочни казни, станаа посовесни учесници во сообраќајот. За тоа најдобар сведок е бројот на сообраќајните несреќи и повредените и жртвите, кој во првите шест месеци од оваа година, во споредба со истиот период лани, во некои градови е од 40 до 70 проценти во намалување, а на државно ниво се намали речиси 15 проценти. Паричните казни од 150, 200 и од 300 евра, па и казните од судот, велат учесниците во сообраќајот, им помогнале да внимаваат на себеси и на сообраќајната околината повеќе од порано. - По себеси знам дека сега како возач ми е многу чудно дека штом ќе влезам во автомобилот го ставам сигурносниот појас од страв да не ме казнат, нешто што порано не го практикував. Сега внимавам на одбројувачот на семафорот, запирам на пешачки и на сообраќајни знаци. Гледам и помалку незгоди низ Скопје, казните си го направија своето. Една казна една плата, кој има нека ризикува и“вели Илија Петровски, таксист од Скопје.
Скопјани и понатаму се први на црната листа на сообраќајната полиција. Од вкупно 1.690 несреќи низ Македонија, половина се случиле во главниот град. Токму низ улиците на главниот град загинале 22 учесници во сообраќајот. По Скопје, шампион во сообраќајни трагедии е Охрид, кој по вторпат успеа да го задржи црното второ место. Најмалку несреќи, повредени и загинати МВР евидентирало во Македонски Брод, Крушево и во Кратово. - Сообраќајни незгоди во кои има и настрадани учесници во сообраќајот, возачи, совозачи или пешаци во првото полугодие од 2008 година се 1.600, што претставува намалување за 300 сообраќајни незгоди со настрадани. И понатаму најмногу незгоди се со меѓусебни судири на возила, на второ место повторно се удар на возило во пешак. По месеци најмногу незгоди се случиле во март, потоа во мај, а најмалку во август и“велат од републичката сообраќајна полиција. По денови, најмалер ден за учесниците во сообраќајот е вторник, кога во првото шестмесечје се регистрирани најмногу повредени или загинати, а најсреќен ден е токму последниот работен ден, петок. Најмногу несреќи се случуваат во периодот од 14 до 15 часот, а најмалку кога градовите се мирни од сообраќај, од 23 до 24 часот.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1831&ArticleID=123265
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 28-Sep-2009 at 01:08

ВНИМАВАЈТЕ-ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА (2)

Во целата приказна за почитување и непочитување на сообраќајните правила и прописи, која беше почната во прилогот Нома Интер Авто во минатиот двоброј, можеби и не е сицирц; така црно. Сé уште можат да се видат и такви возачи (или пак пешаци) кои ревносно ги следат сообраќајните знаци и редовно се однесуваат како што со овие знаци е сигнализирано


Впечатокот кој, кај авторот на овој текст се оформил во текот на многуте години учество во сообраќајот, всушност е дека и покрај неоспорниот факт за свесно прекршување на правилата, зададени со сообраќајната и патната сигнализација, во голем дел ова се случува и несвесно, поточно како резултат на незнаење.

Би рекле, ова е логична последица, односно нешто што не можеше да се избегне по огромната „либерализација“ на полето на возачките испити, за што бевме сведоци во текот на повеќето изминати години. Не е дека немаше исклучоци, но секако дека беше многу потешко да се стигне до возачка дозвола без да се стекнат потребните знаења и вештини во „оние времиња“ кога возачките испити се полагаа само и единствено пред „страшните“ комисии, кои доаѓаа исклучиво од Министерството за внатрешни работи.

„Либерализацијата“ во постапките на добивање возачки дозволи и во полагањето на потребните испити (секоја авто школа - свои комисии), неминовно го направи своето. Знаејќи го начинот на неофицијалното функционирање на работите кај нас воопшто, и во оваа сфера, која не можеше да биде исклучена од општите, се разбира, непишани правила, работите се одвиваат слично. До посакуваното парче хартија (или во последно време парче пластика), наречено возачка дозвола, дојдоа не мал број млади луѓе, далеку пред тоа да го заслужат и далеку пред да ги стекнат макар и основните познавања на сообраќајните правила и прописи, сообраќајната сигнализација и возачките вештини.

Значи, сакајќи некој да им направи добро (да им помогне да се стекнат со возачка дозвола, без оглед дали тие тоа го „заслужиле“ или не), им направил лошо. И не само ним, туку и на сите нас, кои секојдневно учествуваме во сообраќајот. И кога после се со оглед на ситуацијата и невработеноста, голем дел од овие „возачи“ се одлучиле да заработуваат возејќи такси, неподносливата ситуација на нашите улици и патишта не смее да нé зачудува, а уште помалку изненадува.

Од друга страна, според нашето однесување, неодминлив е впечатокот дека сите ние мислиме, поточно сме убедени, дека знаеме се а како резултат на тоа, логично, правиме грешки од секаков вид. Колку пати самоуверено сте си го поставиле прашањето: „од каде сега овој знак овде“или дури „кој беше тој толку паметен што на автопат ставил знак за ограничување на брзината на 80км/ч“ и слично.

Колку тоа за нас во моментот да изгледа нелогично, сигурно е дека сепак зад тие одлуки стојат сообраќајни инженери, односно стручни лица - авторитети во својата област, кои според својата стручност биле избрани да го направат тоа. Без оглед дали нивните решенија на дадените позиции нам ни се допаѓаат или не, сепак мора да бидеме свесни дека тие се направени врз основа на показатели и фактори за кои ние, како возачи не сме свесни и воопшто не размислуваме. Во тоа име сообраќајните знаци би требало да ги почитуваме такви какви што сé, пред сé затоа што тоа од нас го очекуваат не само органите задолжени за контрола, туку пред се другите учесници во сообраќајот.

Ако на една делница од автопатот има знак за ограничување на брзината од 80км/ч, верувајте им на стручните лица кои процениле дека тоа треба така да биде - возете со брзина 80км/ч. Ако не им верувате, тогаш повторно возете со 80км/ч. Ако не заради друго, барем поради фактот дека можеби зад следниот свиок ве очекуваат момците со „Крајслер“ со плаво-бели ознаки и со вперен радар. А ќе се сложите, казните не се баш за потценување (се разбира, ако морате да ја платите).

www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91892051477&id=24&setIzdanie=21792

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 28-Sep-2009 at 01:02

ВНИМАВАЈТЕ - ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА (1)

Сакале ние тоа да го признаеме или не, на сите ни е јасно дека сите сообраќајните незгоди што се случуваат по нашите улици и патишта (од кои, за жал, некои завршуваат и со катастрофални последици) настануваат како резултат на непочитување на сообраќајните правила и прописи 

Во непочитувањето на сообраќајните правила и прописи практично може да се вгради сé, почнувајќи од непочитувањето на сообраќајната и патната сигнализација, па сé до екстремните случаи на возење, како што, на пример, е возење под дејство на алкохол.

Гледајќи ја секојдневно состојбата на нашите улици во градските средини, па и на отворените патишта и автопати, некако сам по себе се наметнува впечатокот дека оваа појава е толку масовна што, по мислењето на авторот на овој текст, добива загрижувачки размери. Самото излегување од станбената зграда, погледот на раскрсницата помеѓу ул. Орце Николов и ул. Никола Тесла (на која безмалку секој втор ден има сообраќајни незгоди и тоа сите, без исклучок, поради непочитување на улицата со првенство на минување), па понатамошното управувањето со возилото по градските улици (дури и како пешак), секој ден претставува една нова сообраќајна авантура.

Ќе речеме - такво е времето и начинот на живеење. Сите и секогаш некаде брзаме мислејќи притоа дека со непочитување на сообраќајните знаци за ограничување на брзината, со „кратење“ преку еднонасочни улици по кои воопшто е забрането движењето, со свртување таму каде што ни е забрането, ќе стигнеме побрзо до нашата крајна цел. Безброј пати сме констатирале дека тоа не е така, за што кристално јасна асоцијација ни дава и онаа убава кампања што се води со посредство на билбордите во нашиот главен град: „Вози пребрзо - стигни прерано“.

Можеби најмногу од сé загрижува податокот дека во ова непочитување на сообраќајните правила и прописи предничат оние што најмалку би требало да го прават тоа, а тоа се професионалните возачи и, пред сé, таксистите. Во овој наплив на голем број такси-возачи, што можеби е разбирливо со оглед на нашата тешка економска ситуација и огромниот број невработени работоспособни лица, впечатокот е дека токму тие во својата трка за патници и во борбата за профит пречесто го избегнуваат почитувањето на сообраќајната и на патната сигнализација. Секоја чест на исклучоците.

Каде е во целата приказна нашата сообраќајна полиција? Сигурно е дека сообраќајната полиција (барем во најголем дел) ефикасно и совесно си ја врши својата работа, но исто така, сигурно е и тоа дека полицајците задолжени за контрола на безбедноста во сообраќајот, сепак, ги нема во толкав број за да може да бидат присутни секогаш и секаде. Ние како возачи, знаејќи го тоа, често го злоупотребуваме тој факт и, свесно или несвесно, со секоја таква злоупотреба го загрозуваме безбедното одвивање во сообраќајот.

Значи, по сé, сепак најголемиот дел од ова останува кај нас, на нашата свест и совест или, ако сакате, на нашата сообраќајна, но и општа култура.

www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91191439213&id=24&setIzdanie=21790

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 16-Sep-2009 at 22:09

...

Најголемиот број кривични дела од странските државјани во минатата година се однесуваат на фалсификувањето сообраќајни документи. Обично се преправа носивоста на товарното возило од помала во поголема или се продолжува важноста на зелените картони. Од вкупно 270 кривични дела, 47 извршиле странци, а дури во 33 се работи за фалсификат. Најчесто фалсификуваат државјаните од Турција, СЦГ и од Бугарија. Иако предвидените казни за фалсификат се од шест месеци до пет години затвор, зависно од стореното дело, обично се изрекуваат условни и парични казни. Во пресудата се изрекува најчесто и протерување на странец од државава за време од една до две години...

Дневник - 18.08.2009

И навистина имаме строг закон но кога за негова ефективност требаат години а не месеци, тогаш и повеќе од очигледно е дека со него неможе и ефективно да се истренира јавното мнение!  со ова промените во кривичниот закон за судски казни од типот на општествена работа во замена за паричната казна, белки и пресудите ќе тераат како алва, па и ефектот ќе биде поголем, ако ништо друго ќе ни светне градот!

Две години затвор оти сам си ја продолжил "сообраќајната"

Скопјанецот минатата недела бил осуден на две години затвор бидејќи самиот го продолжил важењето на сообраќајна дозвола за автомобил. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прогласил виновен за кривично дело фалсификување исправа. Осудениот во моментов е недостапен за органите на прогонот. 

Судската истрага утврдила дека на 3 ноември 1997 година осудениот употребил лажна сообраќајна исправа, која самиот ја фалсификувал. Тој во сообраќајна дозвола за автомобил "ситроен дијана" ги сменил цифрите на датумот на истекувањето од 5 јануари 1997 година, во 5 септември 1998 година. Фалсификатот го открил полицаец во рутинска сообраќајна контрола.

Дневник - 15.11.2001

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Sep-2009 at 21:35

Да за тоа се однесува, непромена на адресата во возачката дозвола, како што кажа далеку поголема е за во лична карта... туку за ова треба дебела кампања, пример на секому со сметката за комуналии и една ваква честитка! а по селата на секоја продавница бар по еден плакат ако не и флаери, колку да бидат да се сите на чисто, со оглед дека народов и баш неможе да стекне свест или стравопочит кон законите а тоа да се извергла само како вест во некој печатен или електронски медиум!

Медо да правеа ваква кампања и за контињерите, белки и ќе куртулеше од казна http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PID=17528#17528

инаку погоре го цитирав намерно текстот за т.н. менталитет за висока сообраќајна култура на западот, чисто колку за да го искоментирам. ова што е изнесено како констатација или попрво истресено како лаф муабет, нема врска со нивниот менталитет, човек не ги стекнува навиките сам од себе за тоа треба предуслови т.е. тренинг, кој во случајов треба да го тераат односно наметнуваат институциите, затоа и не треба по народот да се фрла со дрва и камења туку по репресивниот апарат кој е во функција на народот, фактички тие треба ажурно и турбо да го спроведуваат законот! колку што можам да видам на сајтот на МВР http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=72 звучи дека навистина притискаат, но за ефектот да биде потполн мораат и да креваат џева, кампањски или не, како во случајов со сителовава репортажа!  во прилог оди и можноста од следење на сообраќајот преку камери и rfid чипови за регистарските таблици кои веќе се во процедура за имплементација, начин на кој и енормно ќе се намали можноста за каубојски навики, особено за она поминување на жолто па и црвено, застанување на пешачки или надминување на дозволената брзина


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 16-Sep-2009 at 21:01
Она што пишува горе 300е без возачка дозвола, се мисли за они што воопшто немаат положено. Инаку за возачи што не поседуваат документи при себе околу 40е беше казна мислам.

А за непријавено промена на живеалиште е 400 евра. Е сега ова не ми е јасно горе 45 евра. Ова е вероватно и ако не е сменета адресата само на возачката. Малку е штуро што така немаме унифицирана база па автоматски да треба сите документи од еднаш да се заменат.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2009 at 21:05
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 16-Sep-2009 at 20:55

на нет нема ни законски ни  подзаконски акти околу новите казни и поените...

ПОЛЕСНИ ПРЕКРШОЦИ

- Користење мобилен телефон за време на возење: 45 евра или 25 негативни поени
- Неврзување сигурносни појаси: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно запирање или паркирање: 45 евра или 25 негативни поени
- Возење без запалени светла: 35 евра или 20 негативни поени
- Непоседување или непокажување возачка дозвола: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно движење по обележана сообраќајна лента: 20 евра или 10 негативни бода (рикверц, две ленти и полу-тротоар)
- Пречекорување дозволена брзина на движење од 10 до 30 км на час во населено место: 45 евра или 25 негативни поени
- Непријавување на промена на живеалиште од возач: 45 евра или 25 негативни бода

ТЕШКИ ПРЕКРШОЦИ

- Возење под дејство на алкохол: 400 евра

- Минување семафор на црвено светло: 300 евра 

- Возење без возачка дозвола: 300 евра

- Непропуштање на пешак: 300 евра

- Погрешно паркирање во близина на пешачки премин: 250 евра (истоварање сопатници, подзастанување за весник или цигари од трафика...)

Утрински - Горан Адамовски - 04.11.2008

Една од работите што нас не разликува од земјите од развиениот западен свет е ниското ниво на сообраќајна култура што ја поседуваат учесниците во сообраќајот во земјава.
Додека на запад, ваквите слики на луѓе кои улицата ја поминуваат на место каде што нема одбележан пешачки премин е вистинска реткост, кај нас би рекле дека е секојдневие.

...

Од полицијата велат дека посветено работат на подигнување на свеста за почитување на пешаците во сообраќајот бидејќи токму тие се и најранливите учесници во него.
Полицијата апелира и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила бидејќи само така ќе придонесат за поголема безбедност на улиците.

Сител - Александар Спасовски - 15.09.2009



Edited by Max - 16-Sep-2009 at 20:55
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 24-Aug-2009 at 00:59
Дали знае некој за споредба со погорните казни кои се паралелните во населено место? Претпоставувам се поголеми, а сигурно и за секој прекршок неможе да се компензира казната со поени?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 23-Aug-2009 at 17:40

http://www.rts.rs/media/multimediaBoxPopup.jsp?mediaId=26314

Ова е интересна репортажа на српската емисија SAT за К10 низ Србија, Македонија и Грција, со доста афирмативни и корисни информации. Афирмативно говорат за одмориштата Романтик го зеле ко пример за комерцијалните постојки за одмор иако на сите ни е познато дека такви има многу малку по автопатот. Добра им е поентата за колотразите т.е. свлечените бразди по автопатот на потегот Граница-Скопје, но најинтересна е споредбата на казните:


Казни во Македонија
  • неврзување појас 20 е
  • непропуштање пешак 35 е
  • користење мобилен во вожња 45 е
  • возење без светла 35 е
  • непрописно паркирање 45-250 е
  • пречекорување на брзина вон населено место - 10 до 30 km/h 35 е - 30 до 50 km/h 45 е - преку 50 km/h 300 е
  • возење под дејство на алкохол 400 е и од 3 до 12 месеци забрана за возење

Казни во Грција

  • користење на мобилен телефон 100 е
  • неврзување појас и возење мотор без кацига 350 е
  • претекнување преку полна линија 700 е
  • преминување на дупла полна линија 420 е
  • преминување на црвено светло 700 е
  • возење во алкохолизирана состојба 200-1200 е - преку 0,8 промили приведување и судење
  • пречекорување на брзина 40-350 е - преку 60 km/h приведување и судење
  • обврзувачко поседување на противпожарен апарат
_________________________________________________________________________

Оваа на нет што е качена е скратена верзија од репортажата, додека онаа што ја даваа на ртс имаше и неколку други корисни и дополнителни информации како тоа дека на цел потег на К10 во Македонија има вкупно 11 бензински пумпи од кои 5 имаат и автоплин.



Edited by Max - 07-Oct-2009 at 08:22
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-Aug-2009 at 15:50
Половни возила без хомологација

Според измените во Правилникот, што во согласност со Одлуката на Владата го подготви Министерството за економија, се укинува обврската при увоз на користени возила во странство, стари до 11 години и со европски сертификат, да се врши хомологација. 

Наместо досегашната процедура на хомологација, се воведува само идентификација на возилото, се разбира доколку во меѓувреме не се вршени модификации, преправки или надградби. Доколку пак, по првата регистрација на возилото се направени измени, е тогаш при увозот ќе мора да се помине постапката на хомологација.

И натаму останува забраната за увоз на возила од онаа страна на големата бара, од американска продукција, доколку се нема европски сертификат. Причината е едноставна-таквиот увоз е спротивен на одредбите на договорот со Светската трговска организација...

Датум на објава: 23.01.2009

http://www.avtopoint.com.mk/?str=281
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-Aug-2009 at 15:30
Со скриени камери до поголема безбедност

Од поодамна во светот на богатите, камерите во улога на откривањето на сообраќајната деликвенција и зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата масовно се користат. По неколку нереализирани најави, еве и кај нас започна користењето на камери. За да не биде пукање во празно, се вршат темелни подготовки за се да биде во рамките на заштитата на приватноста и во согласност со правилата на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со оглед на тоа дека веќе е покрената постапка за промени во Законот за безбедноста на сообраќајот и законско регулирање на користењето камери, во Дирекцијата велат дека нема обврска за видливо најавување на зоната на поставените камери. Снимениот материјал ќе се чува шест месеци, а потоа ќе се уништува. Доказите пак, за потешки прекршоци, или незгоди ќе им бидат доставени на судиите. Е тогаш веќе нема беше или не беше...

Како што тргнале работите, многу брзо, на крстосниците и на патиштата ќе се појават камерите и тоа не само во Скопје, туку и во повеќето градови и на поопасните патишта во Македонија. Засега не е прецизирано колку камери ќе бидат поставени. Тоа зависи од реалните можности, но сигурно ќе има доволно и на вистинските места за да ги зауздаат недисциплинираните возачи...


Неприметно камерите го забележуваат однесувањето
на сите учесници во сообраќајот

Предвесник на масовното поставување камери, сега е едно возило, посебно опремено и наречено пресретнувач, што го користи сообраќајната полиција во Скопје, но тоа е без полициски ознаки. Се игра на факторот изненадување што сигурно е корисно во оваа фаза. Битно е дека веќе нема убедување и непотребно докажување кој е во право - полицаецот или возачот. Пред фактите и фотографиите и најтврдокорните замолчуваат. Возилото пресретнувач е опремено со статични камери на предниот и на задниот дел со што се документираат сите прекршоци, а потоа следуваат казни или прекршочни пријави. За да биде документацијата комплетна како доказен материјал, пресретнувачот е со вграден GPS со кој се прикажува моментната локација, брзината на движењето, времето и датумот на снимениот настан... Едноставно, се што е потребно.       

За лесните прекршоци казната може да ја изрече екипажот на пресретнувачот, доколку работи индивидуално. Меѓутоа, најчесто се работи во содејство со другите патроли во близина на прекршокот. Пресретнувачите снимаат, со помош на радио врска ја известуваат патролата, а таа натаму постапува според словото на Законот. Казнува или поднесува прекршочни пријави.   

Можам да кажам само едно – внимавајте, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи зашто и камерите демнат. Кога и каде, тоа го знаат само пресретнувачите. Казните воопшто не се за шегување. Сепак, најбитно е да се биде внимателен и дисциплиниран за поголема безбедност во сообраќајот, сопствената и на другите околу нас.

Датум на објава: 22.03.2009

http://www.avtopoint.com.mk/?str=305
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 27-Jul-2009 at 15:42
Може ли некој да ја протолкува оваа вест во контекст на претходната?  Crazy

Двете за извор го имаат МВР, а излезени се во истиот дневен весник во размак помал од два месеци! Дали е возможно вакво нагло менување на трендовите???

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ
Во Македонија најмногу се гине во автомобил

Во битолското село Горно Оризари вчера загина пешак откако во него удрил автомобил, кој го управувал средовечен жител на село Крлино. Несреќата се случила на влезот на селото, а Димче Ш. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото местото. Во 1.895 сообраќајни несреќи што се случиле во првата половина од оваа година животот го загубиле 61 граѓанин, а 2.873 биле повредени. Од полицијата информираат дека расте бројот на сообраќајните несреќи и дека од почетокот на годината се случиле за 11,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Од овој аспект најнебезбеден е скопскиот регион, каде што се регистрирани 912 несреќи во кои загинале 24 лица а 1.345 се повредени, а потоа се Тетово со 138 незгоди во кои двајца загинале и 247 биле повредени, додека, пак, во Куманово се случиле 132 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле двајца, а 194 граѓани биле повредени. Управување на возилата со поголема брзина од дозволената и со неприспособена брзина на условите на патот, според МВР било причина за најголем број несреќи на патиштата, дури 555 незгоди биле предизвикани на ваков начин. Граѓаните недоволно внимавале и на правилата за првенство на минување и на престигнување, а дел од несреќите се случиле и поради возење под дејство на алкохол. По седум незгоди се случиле поради техничка неисправност на возилата и неисправна состојба на патиштата и на патната сигнализација. Најмногу жртви имало при судир на возила.
Сообраќајната полиција во првите шест месеци поднела речиси 70.000 барања за поднесување прекршочна постапка, одзела околу 2.500 возачки дозволи, а алкотестот го употребила дури 37.000 пати

Вторник најцрн ден

Како најцрн ден во кој се случиле најмногу од несреќите на патиштата во полицијата е евидентиран вторник, а потоа се петоците. Речиси половината од сообраќајните несреќи се случиле во попладневните часови од денот и тоа во периодот од 16 до 18 часот, а најмалку во текот на ноќта. .



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1768&ArticleID=118589


Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 15:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 08-Jun-2009 at 18:14
ПОЛИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА СЕ ПОДОБРУВА
Возачите и пешаците стануваат се посовесни

Бројот на сообраќајни несреќи во првото тримесечје годинава е за 25 проценти намален во однос истиот период лани. Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова зборува дека сообраќајната култура се зголемува бидејќи возачите и пешаците стануваат се посвесни за последиците од незгодите.
Според полициските податоци, во првите три месеци годинава, на патиштата во земјава се случиле вкупно 2.903 сообраќајни несреќи, од кои 646 биле со тешки последици, додека лани заклучно со март биле предизвикани 3.847 незгоди, од кои 638 потешки. За разлика од истиот период минатата година кога во сообраќајните несреќи загинале 23 луѓе, а 969 поминале со повреди, годинава загинале деветнаесетмина, а се повредени 1.031.
- Се надеваме дека ова намалување на бројот на сообраќајните незгоди се должи на тоа што јавноста почнува се повеќе да го почитува новиот Закон за полиција и одредбите за безбедност во сообраќајот. Казните се поригорозни, а можно е и тој пад да се должи на новите стандарди за обука на новите возачи “ вели Иво Котевски, портпаролот на МВР Според него, периодот е прекраток за да се направи прецизна анализа и да се види на што се должи намалувањето на сообраќајните несреќи. Котевски се надева дека и во иднина бројот на несреќите ќе се намалува, а сообраќајната култура ќе се зголемува.
Најчеста причина поради која се случуваат незгоди на патиштата е пребрзото возење, но и непочитување на правилата за првенство и непрописно држење правец и растојание меѓу возилата. Само 27 случаи оваа година биле поради возење во пијана состојба.
Новиот Закон за безбедноста во сообраќајот, што е во сила веќе половина година, пропишува казна од 400 евра за возење под дејство на алкохол, а со глоба од 300 евра се казнуваат возачите што ќе поминат на црвено, возат без возачка дозвола или нема да пропуштат пешак. За погрешно паркирање во близина на пешачки премин следува казна од 250 евра. Покрај глобите предодредени за потешките прекршоци, постојат парични казни или негативни поени и за поситните прекршоци. Кај овие прекршоци, возачот има можност да избере или да си ја плати глобата што се движи до 45 евра, или, пак, да добие негативни поени во возачката книшка. Во поситните прекршоци спаѓаат зборување на мобилен телефон додека се управува возилото, непрописно запирање или паркирање, пречекорување на дозволената брзина и слично.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115295
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 01-Jun-2009 at 21:41
Originally posted by beTon

ова на стотројка ја вртеле рекламава LOL или можеби на равел!


Или беше Antenna5 или е City-Radio. Само овие дверадија ги вртам у кола, трето не слушам!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 01-Jun-2009 at 21:30

ова на стотројка ја вртеле рекламава LOL или можеби на равел!

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.246 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.