![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 159> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ФИРМАТА КОЈА ГИ АСФАЛТИРАШЕ ШАХТИТЕ НА УЛИЦА КОЗАРА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ ЈА ИЗБРА ДА ЈА РЕКОНСТРУИРА ЛЕНИНОВА ЗА 670.000 ЕВРА
![]() Фирмата „Гама градба“, која ги асфалтираше шахтите на улица Козара во скопски Капиштец и во повеќе наврати ја раскопуваше целата улица оти не беше добро изведена, ќе ја реконструира улицата Ленинова. Истата фирма и по второто асфалтирање несоодветно ја изведе улицата Козара и таа сега пак е полна со дупки. И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во неколку наврати, по реакциите на граѓаните и објавите во медиумите, велеше дека изведувачот не ја асфалтирал улицата квалитетно и најавуваше казни за него. Но, и покрај toa, не само што нема казни за изведувачот туку доби уште еден тендер од Општина Центар за 670.000 евра. Реконструкцијата чини 35 милиони денари без ДДВ. Изведувач на работите е компанијата „Гама градба“. Рокот за завршување на работите е 180 денови, односно 6 месеци од почетокот на реконструкцијата“, ни одговорија од Општина Центар на нашите прашања кој ја реконструира улица Ленинова. Градоначалникот Горан Герасимовски денеска не одговараше на нашите повици ниту на прашањата испратени преку вибер, зошто „Гама градба“ е избрана за изведувач и покрај катастрофалното работење и големиот број поплаки од граѓани, но и зошто не добиле негативна референца за да не можат да конкурираат на тендери? Градежните работи на Ленинова почнаа минатата недела на потегот од булеварот Партизански одреди со крстосницата со Теодосиј Гологанов. Тогаш градоначалникот Горан Герасимовски не кажа колку ќе чини изведувањето и која фирма ќе ја реконструира. „Гама градба“ за реконструкцијата на Козара доби 220.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmata-koja-gi-asfaltirashe-shahtite-na-ulitsa-kozara-gradonachalnikot-gerasimovski-ja-izbra-da-ja-rekonstruira-leninova-za-670-000-evra/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Со Данела Арсовска има уште 3 да трае...
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Хаосот по бул.Киро Глигоров кон Бриколаж кој трае 2-3 години
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Каблите на „Ленинова“ ќе бидат подземни, за да не се испреплетуваат во крошните на дрвјата
![]() ![]() Градежните зафати на улицата „Ленинова“ течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше. -Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе биде поставена и нова водоводна мрежа во должина од 411 м2. Водиме сметка и за резидентните паркинг места на станарите кои ќе бидат со агол од 45 степени за да се ослободат тротоарите, на кои сега има коли. Планираме и нова велосипедска патека од едната страна на улицата, нови рабници, осветлување, нови канделабри. Каблите кои сега се испреплетени во дивите костени ќе бидат спуштени подземно и во договор со ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на дрвјата ќе бидат искроени со цел да не ја попречуваат светлината од канделабрите и не удираат во фасадите на зградите. Исто така по насока на претпријатието старите и исушени дрвја ќе бидат отстранети, рече Герасимовски при увидот. Улицата „Ленинова“ е долга 510м поради што ќе биде поставен нов асфалт од 4000м2. Ќе има нови пешачки патеки од 4100м2 каде ќе биде поставена нова урбана опрема од клупи и канти за отпадоци, паркинзи за велосипеди на обележана вело-патека на ниво на коловоз од едната страна. За побезбеден сообраќај на две места на коловозот ќе има подигнувања т.н бариери за намалување на брзината. Општина Центар, како што истакнуваат оттаму, по улицата „Орце Николов“ прави уште една модерна сообраќајница која е и една од главните артерии кон булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. По реконструкцијата граѓаните ќе добијат значително намалување на сообраќајниот хаос особено во попладневните часови. https://nezavisen.mk/kablite-na-leninova-kje-bidat-podzemni-za-da-ne-se-isprepletuvaat-vo-kroshnite-na-drvjata/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Конечно нешто позитивно да изненади.
Ако е до последна 57, тогаш ова би требало да е делницата: ![]() Edited by <Fresno> - 17-Feb-2023 at 17:47 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Утре (15.2.2023) Општина Центар започнува со реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Зафатот ќе опфати поставување на нов горен и долен слој на асфалт, водоводна и атмосферска канализациона мрежа, нови тротоари и рабници, а ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата. „Ленинова“ ќе добие и нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување по цела должина на потегот. Со оваа реконструкција Општина Центар им излегува во пресрет на жителите, кои на крајот ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
|
Не знам дали е за тука или има посебна нишка за Ленинова, не успеав да најдам: Герасимовски: Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“Утре, среда, 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата, со нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Во првата фаза на рекоснтрукцијата ќе се изведуваат градежни активности на потегот од раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“, до раскрсницата со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. |
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Забележав значаен напредок на булеварот Киро Глигоров. Не можев да сликам но од она што видов речиси цела траса е доведена пред асвалтирање со втор слој, освен раскрсницата кај Фон универзитет. Исто така извршено е целосно преасвалтирање на едната страна од мост близнак во насока од Аеродром према Гази Баба. Ако послужи времето не би требало повеќе од 2-3 недели за целосно комплетирање. Ако се сака може и за една ама тоа друга тема е...
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
1. Требаше прво Шилегов да се одлепи од партијата и од дневнополитички пресметки на секоја можна тема, за да го гледаат како градоначалник на изборите. Дури и Коце знаеше кај му е место и дека неградски теми само лошо му влијаат на рејтинг.
2. Во Скопје градоначалник функционира добро кога е на позиција во исто време со централна власт, неколку пати веќе докажано. Данела се испокара со сите, што и не е оправдување, бидејќи веројатно е и неспособна. И Шилегов го немаше никаде првите 2, 2 ипол години, освен со довршување некој наследен проект. 3. Тоа што послабо се коментира повеќе се должи на невидена апатија кај луѓето. Истите глупости ги гледаме со ДУП-ови, со загадување, со башибозук по институции. Ако гледаш по активност, во време на СК2014 најактивен беше, така да таа метрика не ти е валидна. |
||
![]() |
||
Semir ![]() Newbie ![]() Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
|
Додека Шилегов беше градоначалник, форумов беше жив и секогаш имаше нови теми и риплаи со updates на подтоечки или идни проекти. Сега кога и да влезам нема што да читам.. досадно..мртво.. Мислам дека тоа е најобјективен показател колку Арсовска ништо не работи. Секоја чест на моите сограѓани кои немаат вештини за критичко размислување и не знаат да одвојат партија од политичар/човек и го изгласаа најнеспособниот графоначалник во историјата на Скопје.
|
||
![]() |
||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Ништо
|
||
![]() |
||
makedamnsure ![]() Groupie ![]() Joined: 30-Aug-2022 Online Status: Offline Posts: 43 |
![]() ![]() |
|
Арсовска чепка нешто?
|
||
![]() |
||
Bridgeburner ![]() Groupie ![]() Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
|
User8642
Луѓево имаат платено 95евра м2 комуналии за градба. Плацовите се движеа од 10-40 евра за м2 со лицитација од општината. |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Три и пол години поточно. Од 2019-та негде се копа и прекопува тука. Може да се види во архивските снимки на google earth од 08/2019 дека е раскопана раскрсницата и сообраќајот заобиколува. |
||
![]() |
||
пеперутка16 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Feb-2023 Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
|
само еден збор: катастрофа
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Дали ова маало е изградено како дивограби на земјоделско земјиште под изговорот "моја е нивата што сакам ќе правам" без платени комуналии, или е регуларно урбанзирано по план, па да се солидиаризираме и да речеме дека ете општината не си ги завршила обврските?
Мора да се постават овие прашања, зашто кај нас јавноста чудно се солидаризира со прекршителите. Edited by user8642 - 16-Jan-2023 at 16:16 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Набавете гумени чизми ако одите во Хиподром 2!
Жителите од населбата Хиподром 2 се жалат дека живеат како во 16 век, газат во кал, бидејќи улиците сè уште не им се асфалтиран, иако за тоа плаќаат комуналии. На социјалните мрежи споделуваат и фотографии на кои може да се забележи незавидната состојба и супстандардните услови во кои тие живеат. ![]() ![]() https://www.vecer.press/набавете-гумени-чизми-ако-одите-во-хип/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Улица долга километар и пол се реконструира, поправа, раскопува, па санира веќе две години
![]() ![]() Веќе втора година како се одвиваат градежните активности и проширување на булеварот „Киро Глигоров“. Се реконструира и санира горниот строј на булеварот од мостот на Вардар (вклучувајќи го и самиот мост), или поточно на потегот од Мак Аутостар, раскрсницата со улицата „Индустриска“ (која најмалку две години е целосно ископана и руинирана), па сè до раскрсницата со улица „Перо Наков“ кај „Бриколаж“. Оваа реконструкција и санација на 1.450 метри од булеварот две години прави огромен застој во редовното одвивање на сообраќајот, бидејќи се работи за еден од пофреквентните патни правци како за жителите од Аеродром и Ново Лисиче. Овој патен правец е главен за влез и излез од главниот град на државата за жителите кои гравитираат на овој дел од Скопје. Застојот, кој претходно беше поизразен во утринските и попладневните часови, кога граѓаните одат и се враќаат од работа, во последно време се случува преку цел ден. За оние кои мораат да се движат по овој пат веќе е нормално потегот од мостот „Близнак“ до раскрсницата кај „Бриколаж’ да го поминуваат повеќе од половина час, иако претходно во најголемиот сообраќај во периодот од 7:30 до 8:30 часот беа потребни помеѓу 5 и 10 минути. Наутро, понекогаш, застојот е толку голем што колоната возила што чекаат се протега и од булевар „Србија“, па често се случува редот да почнува уште од раскрсницата со булевар „Јане Сандански“. АСФАЛТИРАЊЕ СРЕДЕ ЗИМА Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, неодамна изјави дека градот си ја завршил обврската што ја имале на булеварот „Киро Глигоров“, кај „Бриколаж“ и дека оставено е сега Министерството за транспорт и врски да ја заврши финалната фаза од реконструкцијата, односно асфалтерските работи. Граѓаните пак, никако не можат да најдат оправдување зошто асфалтирањето се одвива во декември и јануари, односно во неповолен период за одвивање вакви градежни работи. А и според сите стандарди и правилници асфалтерските работи треба и мора да се изведуваат во поволен период од годината кога има повисоки температури. Асфалтерски работи во моментов, среде зима, се одвиваат и на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од ОХИС кон Драчево, како и на улицата „Теодосија Гологанов“. Во текот на минатиот месец интензивно се работеше и на асфалтирање на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ на потегот од Железничка станица до раскрсницата кај Народна банка. Освен застој во сообраќајот, поради гребење на асфалтот се дигаше огромна прашина и имаше енормно загадување на воздухот. За жал, кај нас ова е редовна појава. Наместо во поволните годишни сезони за одвивање на градежните работи (доцна пролет, лето и есен), во градот (па и во државата) наместо да се интензивираат работите и да се работи во две смени (понекогаш и без прекин што е случај во развиените земји), кај нас во лето и есен кога се повисоки температурите се гушиме во прашина и сме соочени со блокирање на сообраќајот на одредени улици и по неколку месеци без да има било какви градежни активности, а улиците и булеварите стојат раскопани и непроодни. Од стручната фела велат дека не е препорачливо да се асфалтира при ниски температури и дождливо време. Затоа и често ги слушаме коментарите од граѓаните дека одредени улици и булевари треба повторно да бидат санирани или рехабилитирани иако не поминале ни две години од последната таква интервенција. – Имено, секој кој се бави со градежништво, а да не зборуваме за луѓето на кои ова им е главна професија, знаат дека одредени работи при изградба или рехабилитација на патната инфраструктура бараат одредени предуслови за работ, а пред сè суво и топло време. Односно, за изведба и поставување на асфалтните слоеви мора да се исполнат одредени прецизно дефинирани технички услови и барања во однос на температурата, подлогата, транспортот и вградувањето на асфалтот во зависност од типот на асфалтните слоеви. Подлогата преку која се поставува асфалтниот слој (независно дали се работи за тампонски слој, стар или нов слој на асфалт), треба да биде чиста и сува, по потреба испрскана со соодветна емулзија. За долните слоеви на асфалт (наречени носиви асфалтни слоеви), минималната температура на воздухот и подлогата не треба да бидат пониски од 5 степени Целзиусови, а за завршните (односно т.н. носивите слоеви на асфалти) покрај условите за подлогата, температура на воздухот не треба да бидат пониски од 10 степени Целзиусови. Дури за одредени типови на асфалт литературата препорачува и уште повисоки надворешни температури – за весникот ВЕЧЕР објаснува градежен инженер со над 30-годишно искуство во градењето патишта во земјава и странство. ![]() За изведбата на асфалтните слоеви на булеварот „Киро Глигоров“, тој вели дека ниту еден од потребните технички услови за асфалтирање не е исполнет. – Работите да бидат уште полоши, покрај ниските температури, кои во утринските часови се нешто над нулата – помеѓу 2-3 степени Целзиусови, се асфалтира и кога врне или кога претходниот ден имало врнежи од дожд. Во тој случај, подлогата -тампонскиот слој и асфалтот се заситени со вода или се толку влажни да ниту еден стручен кадар не би одобрил или започнал со асфалтирање – вели тој. На булеварот „Киро Глигоров“ цело лето и есен практично и да немаше никакви градежни активности. Дури во декември 2022 година почнаа некакви поинтензивни работи. Асфалтирањето на булеварот започна во втората половина на декември и сè уште трае иако температурите се ниски и има врнежи од дожд. – Секој кој одреден дел од животот поминал во некоја од развиените европски земји кон кои се стремиме и сакаме да се приближиме, бил на пропатување или одреден период престојувал во некоја од тие држави, забележал (барем во градовите) дека реконструкција или рехабилитација на градски улици се работи во лето (во туристичките места најчесто во пролет) и тоа со таков интензитет и без пауза во текот на 24 часа. Па, така буквално преку ноќ, или за многу кус временски период од неколку дена се изведуваат овие работи и тоа на потези кои не се помали од споменатата делница која се прави веќе втора година на булеварот „Киро Глигоров“ – констатира нашиот соговорник. НАЈНИСКАТА ПОНУДА НЕ Е НАЈПОВОЛНА И како клучно се поставува прашањето зошто е тоа така во нашата држава, кога најголемиот дел од луѓето дури и кои не се дел од градежниот сектор знаат дека ваквиот начин на работа не е во ред и дека нешто мора да се промени. – Може да се дадат два одговора. Првиот е дека работата ја изведуваат, ја водат и управуваат луѓе кои се недоволно или целосно нестручни и непрофесионални, па не ја познаваат работата што ја работат, што е малку чудно ако се знае дека условите на тендерите за работа бараат и се избираат стручни компании со искуство. И вториот одговор, што е исто така издржан, е дека компаниите кои ги договориле работите за изведба немаат капацитет да ги завршат сите преземени обврски во текот на годината. Парите предвидени да одредени проекти во случај да не се потрошат во планираната година треба да се вратат во градскиот буџет за наредната година. Во тој случај, компаниите се присилени во последните денови од годината да завршат што е можно повеќе работа (понекогаш и во наредната година) за да можат да ги испостават фактурите за наплата пред завршување на фискалната година – вели нашиот соговорник. Според него, проблемот колку е во македонските компании што се вклучени во градбата и реконструкцијата на улиците во градот Скопје (а не е ништо поразлично и во другите градови), повеќе е во стручните служби на град Скопје и на луѓето кои се одговорни за начинот на финансирање на таквите проекти, но и на стручните луѓе од градежната фела чија работа е следење и надзор на квалитетот на работата на компаниите што ја изведуваат градбата. – И сè додека не се постават стручни и професионални луѓе на соодветни позиции во градот и државата, кои ќе направат промени на таквата пракса, граѓаните ќе мора да чекаат со часови за да стигнат до своите работни места или предвидената дестинација и тоа со денови и месеци, а тоа и те како влијае на нивниот личен буџет, губење на време и сигурно и на зголемување на загадувањето во градот кога наместо 15-20 минути се патува за двапати или трипати подолго време. А градот поради неквалитет на изведените работи за многу кус период ќе мора повторно да обезбедува средства на нови реконструкции на улици и булевари кои веќе биле санирани – дециден е нашиот соговорник. Тој објаснува дека не секогаш најниската понуда на тендерите за реконструкција на улиците е најповолна. – Еднаш мора да разбереме дека најважен услов е квалитетот на извршените работи и временскиот рок за кој таа работа ќе се заврши. И тоа траба да биде услов што секој треба да го почитува и запази и според кој ќе се оценува подобноста на некоја компанија да ја добие работата. Секое доцнење и неквалитет само генерира додатни трошоци на градот кој на крај го плаќаат граѓаните. Нервозите на граѓаните поради непроодните и раскопани улици, оштетувањата на возилата, чекањето во колони по повеќе од 30-40 минути, доцнењето да се стигне на работа и дополнителното загадување, на и така многу загаденото Скопје, ќе биде изгледа уште долги години редовна појава во градот ако не се преземат мерки за решавање на таквите проблеми – констатира нашиот соговорник. https://www.vecer.press/улица-долга-километар-и-пол-се-реконст/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со столпчиња на средина на улицата ќе се штити безбедноста на учениците пред ОУ „Киро Глигоров“
![]() За да се зголеми безбедноста на пешаците и учениците кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, по средината долж улицата Адам Мицкијевиќ , деновиве се поставени столпчиња. На тротоарите веќе има поставено столпчиња за да се оневозможи да се паркираат автомобили, а сега со новите по средината на улицата се очекува да се забави сообрачајот и да се избегне метежот, за што жителите постојано реагираа. Пред една година, 47 вакви стопчиња, поради зголемување на безбедноста и регулирање на сообраќајот, Општината постави кај фурната „Силбо“, поточно на средина на улицата Костурски херои, на потегот од раскрсницата со улицата Радњанска до вклучувањето на булеварот Партизански одреди. Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите до Општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница. Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата Костурски херои и ќе се намали метежот на овој потег – соопшти тогаш градоначалникот Горан Герасимовски. Колку и да изгледаше невообичаено ова сообраќајно решение, после една година од поставувањето на столпчињата, веќе се заборави метежот што се создаваше редовно на овој потег, нема паркирани автомобили пред фурната и слаткарницата „Апче“, а сообраќајот се одвива нормално и без застој. https://www.slobodenpecat.mk/so-stolpchinja-na-sredina-na-ulicata-kje-se-shtiti-bezbednosta-na-uchenicite-pred-ou-kiro-gligorov/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Во Скопје реално не е и дека не прават. Немам досега видено автобуси да се претекнуваат на автобуска постојка, или автобус да застанува 40 метра пред и после постојката само затоа што има друг автобус на постојката од кого слегуваат патници. Во нормална држава крајната лента е за јавен транспорт, и автобусите се редат еден позади друг на постојка, и си го чекаат редот, а не да застануваат дури и пред пешачкиот на рекорд, да истовараат и товарат патници и после да претекнуваат и да ги зафаќаат и двете ленти. Само во Бангладеш, Нигерија и Македонија нешто такво. Edited by гитардемон - 14-Jan-2023 at 13:25 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |