![]() |
![]() |
![]() |
Резиденцијални објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5859606162> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Главно Мени |
Општина Гевгелија објавува електронско јавно наддавање на градежно неизградено земјиште, во Урбана единица “Караорман“ во Гевгелија со намена за изградба на индивидуални куќи.
На продажба се дадени 4 парцели, чија површина се движи од 687м² до 776м², со почетна цена од 61,00 денар од метар квадратен. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела изнесува 20 % од вкупната почетна цена за градежните парцели, а се уплатува вирмански или преку пошта на Општина Гевгелија – Депозитна сметка за јавно наддавање 715014017769619, Приходна шифра 733111 и програма 00 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”, за секоја градежна парцела посебно;
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежни парцели во м.в „Караорман“ КО Гевгелија можат да се достават до 24.04.2012 година на адреса на Општина Гевгелија, ул.”Димитар Влахов ” бр.4 во Гевгелија, или директно во Општинскиот центар за услуги на граѓаните, а јавното наддавање ќе започне на 30.04.2012 година, во 11,00 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.
Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk
Објавата на 4 април 2012 година ќе биде објавена во весниците „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, како и на WEB страната на Општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mkНа овој начин, петстотини семејства ќе можат да дојдат до сопствен дом. Во моментов се работи на подготвување на теренот, како и на потребната техничка документација.
Со продажбата на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, општината има намера да им се излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да можат да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.
По преземањето на овластувањето од Министерството за транспорт и врски за располагање со државното градежно неизградено земјиште, општината отуѓи 15 градежни парцели. Парцелите се наменети за изградба на нови стопански субјекти, изградба на соларна електрана, како и за индивидуално домување.
Големиот интерес што беше пројавен за овие градежни парцели само уште еднаш покажа дека општина Илинден останува атрактивна дестинација за многумина инвеститори, но и посакувано катче за домување.
Инвестицискиот циклус што беше карактеристичен за оваа општина во изминатите неколку години само уште еднаш се потврди и во текот на 2011 година. Отуѓени се 45 градежни парцели со вкупна површина од 232.310 метри квадратни, а дека така ќе биде и во иднина доволно зборува податокот дека веќе комплетно е подготвена документацијата за отуѓување на уште 53 градежни парцели со вкупна површина од 341.390 метри квадратни.
Во изминатиот период во општина Илинден регистрирани се седумдесеттина нови инвестиции, а само минатата година се отворени 1.000 нови работни места. Денес во општината стопанисуваат околу 750 фирми.
http://kurir.mk/republika/skopje/65020-Parceli-za-kuki-za-500-semejstva-so-pocetna-cena-od-edno-evro
Почитувани,
Ве информираме дека денес Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Крушево.
Станува збор за 10 градежни парцели кои се со различни површини помеѓу 327 и 757 м2, наменети за изградба на викенд куќи.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 12.03.2012 година.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски - www.mtc.gov.mk.
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за дел од село Марино, дел од блок 28 – Локалитет 13 измена и дополна, усвоено со Одлука бр.07-464/2 од 13.03.2009 година, со намена за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.
http://ilinden.gov.mk/izvestuvanja/objava-gradezno-zemjishte-za-otugjuvanje-vo-tek-januari-fevruari-2012
Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Дојран.
Станува збор за 15 градежни парцели кои се со различни површини помеѓу 357 и 494 м2, наменети за изградба на викенд куќи.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 10-ти февруари 2012 година.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.
http://kajgana.com/kje-se-prodava-drzhavno-zemjishte-vo-dojran-za-izgradba-na-vikendici
Земјиште во Козле за 1.800 евра квадрат
Три државни парцели во Козле, наменети за индивидуално домување, вчера беа продадени за близу 2.000 евра по квадратен метар на електронска аукција на која почетната цена беше 1 евро за квадрат. Највисока цена што беше постигната за една од парцелите достигна 1.800 евра за квадрат, друга се продаде за околу 1.600 евра, а за трета беа понудени 1.000 евра за квадратен метар.
Почитувани,
Ве информираме дека по распишаната јавна објава отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба нa објекти за семејно домување, односно станбени куки во Општина Илинден е забележан голем интерес кај граѓаните.
Имено, за вкупно 24 градежни парцели, согласно крајниот рок- 19.10.2011 година, до Министерството за транспорт и врски се доставени вкупно 302 пријави за учество во јавното наддавање. Станува бор за градежни парцели со површини од 331 m² до 507 m². Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 61,00 денар од метар квадратен.
Јавната објава за отуѓување на овие локации по пат на јавно наддавање беше распишатна на 24.09.2011 година во печатеите медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се оддржи по електронски пат 31.10.2011 година
Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, и тоа: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, како и правни лица, и тоа: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
Штип - Во три штипски населби ќе се продава градежно земјиште по пат на јавна
лицитација за изградба на индивидуални куќи. Министерството за транспорт и
врски го објави огласот за вкупно 15 плацови, во населбите Сењак 4, Баби и Блок
2000.
Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека оваа е одлична можност граѓаните да купат плац за цена од едно евро за метар квадратен.
- Доколку плацот за изградба на куќа е 500 метри квадратни, во тој случај заинтересираното лице го купува за 500 евра, или пак ако има надавање за цената која е најповолна. Но сметам дека оваа мерка на Владата е поволна, бидејќи на овој начин граѓаните добиваат плац по ниска и поволна цена, а комуналиите за изградба на куќата изнесуваат околу 35 евра по метар квадратен. Што значи еден плац на кој ќе се гради куќа од 100 метри квадратни пресметано заедно со комуналиите ќе чини околу 4 000 евра, појаснува Алексов.
Директорот на Јавното претпријатие „Штип -проект", Тони Јовев вели дека заинтересираните граѓани по купувањето на плацовите по пат на лицитација можат да склучат договор за исплата на комуналиите на рати, во рок од една година.
- По исплаќањето на комуналиите, сопственикот добива градежна дозвола за изградба на индивидуалната куќа, која што согласно законот треба да се изгради во рок од четири години, рече Јовев. (МИА)
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2934&Itemid=125СЕ ПРОДАВА ДРЖАВНА ПАРЦЕЛА ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ
Село Петровец ќе стане град
На јавно наддавање за почетна цена од 290 денари за квадрат се
продаваат околу пет илјади квадратни метри спроти училиштето "Кочо
Рацин", а се предвидува изградба на осум станбени куќи на два ката
Селото
Петровец ќе добие градски лик. Одговорните од Општината Петровец
информираат дека поголемиот дел од територијата е урбанизиран и празните
локации државно земјиште добија нова намена која ќе придонесе за да се
подигне квалитетот на живеење. Деновиве преку Министерството за
транспорт и врски на јавно наддавање ќе се продаваат околу пет илјади
квадратни метри спроти училиштето "Кочо Рацин", каде што се предвидува
изградба на осум станбени куќи на два ката.
- Станува збор за осум
парцели на коишто ќе се градат типски објекти со намена за индивидуално
домување, информираше Панче Ковачев од Секторот за урбанизам на Општина
Петровец.
Почетната цена за метар квадратен е 290 денари и право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица кои ќе поднесат пријава за учество и ќе уптатат депозит од 10 % од почетната цена. Пријавите можат за да се доставуваат најдоцна до 17 февруари на адресата на Министерството за транспорт и врски или непосредно во архивата на Министерството. Јавното наддавање ќе се одржи на 25 февруари во просториите на Министерството за транспорт и врски, а со почеток во 11.00 часот.
Јавната објава е објавена и на интернетската страница на Министерството за транспорт и врски: www.mtc.gov.mk.
Originally posted by moto Zdravo na site !!!Jas sum nov na ovoj forum a sum od onie koi ke pochnat da si zboruvaat sami koga odat po ulica- planiram da kupam plac od 450 kvadrati i da gradam neshto... Zatoa shto imam mal semeen biznis planiram dolniot sprat (prizemjeto )da bide deloven, a prviot da bide za ziveenje. Ve molam site da dadete vashe mislenje, predlozi, foto i linkovi, zatoa shto nemam nikakvo poznavanje i iskustvo. Nie sme 5 chleno semejstvo i sekakva pomosh i informacii ke ni bidat od korist pri donesuvanjeto na odluki i gradenjeto. Pozdrav do site... |
има некој абер дали ова станбениве објекти навистина се изградени во горно лисиче?
1
2
Originally posted by pbanks Па добро во право си но мојот коментар пред се се однесуваше на дизајнот на куќата. Генерално парцелите прилично се расцепкаа и во овој дел на Водно каде имаше каква таква ширина и се изградија големи куќи збиени помеѓу себе. Со толкава густина на население мислам дека Водно како населба дефинитивно го губи епитето 'елитна' и како главен адут му останува близината до центарот и секако погледот на градот кај оние што го имаат. |
Originally posted by ArchiTechTone Искрено, бараката повеќе ми се допаѓаше. Тажно е на Водно да немаш асален двор! Ептен ја имаат изградено локацијата. |
Post Reply ![]() |
Page <1 5859606162> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |