![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6465666768 86> |
Author | |
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
![]() И не мислев на систем кој распознава лица, туку на систем кој распознава регистрации. Пешаците ќе бидат психички ограничени од присуството на камерите, како и од самите повисоки жолти разграничителни ленти (ако се одлучиме да поставиме такви). Малку офтопик, би ти препорачал да изгледаш едно видео од Софија, каде има имплементирано систем за видео надзор, во надлежност на МВР. Некои од поволностите: -можност за казнување на прекршителите во сообраќајот (во смисла на возила) -можност за казнување на неовластените корисници на жолтите (и таму трамвајните) ленти -се сигнализира улична полициска патрола или националниот систем за помош 112 при разни видови на инциденти (тепачки,вандализам, луѓе на кои наеднаш припаднуваат на сред улица, епилептични напади...) -се сигнализира улична полициска патрола или националниот систем за помош 112 кога се забележуваат лица под дејство на алкохол или дроги, од кои немал број подоцна излегува дека се барани од потерница и соодветно уапсени -при проверката на регистрации, системот сам ги пронаоѓа и препознава табличките на возила кои се бараат поради различни причини (кривични дела или кражби на самите возила), дури и даденото возило да не направило ниакков прекршок, со кое би го алармирало центарот да му посвети поголемо внимание. Акция - камери в центъра на София (1) (има 4 дела)... http://www.youtube.com/watch?v=45dMpYNQyE4&feature=related |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Ова со велосипедиве дефинитивно носи значајни поволности, но може да биде и прилично незгодно поради малиот капацитет. Колку што изгуглав, конкретно ваков концепт оди со максимум два велосипеди, поради очигледни ограничувања. Проблем би било доколку ти наиде автобус со зафатени слотови, што би значело дека мора да го чекаш наредниот, па наместо ќар да испаднеш зијан. Во суштина проблемот е непредвидливоста, која никако не ми оди заедно со систем во кој граѓаните се потпираат на прецизен возен ред. Имам дилеми и колку глатко функционира сето тоа при симнување, односно начинот на комуницирање со возачот.
Туку што мислеше со ова?
Face recognition system??? ![]() Ако не друго, тоа е премногу big brother работа ![]() |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Набавуваме голем број на нови автобуси, се даваат многу пари во таа намена, се дискутира многу околу начинот и изведбата на целата процедура. Но, никој од надлежните (типично по нашенски), не се замисли пред фактот дека овие возила само (делумно) ќе влијаат на комфортот на патувањето со градскиот превоз, а не помисли на сите показатели кои влијаат на таа комфортност. Се разбира ќе ги замениме нечистите, стари автобуси, нивните дрвени седишта кои бодат, вратите кои не се затвараат и не дихтуваат, продупчените плафони низ кои редовно капе вода...Никој не се замисли дека уште поголем дел во оформувањето на комфортен и предпочитан од населението јавен транспорт се фактори како следниве:
-брзина на придвижување низ градот -фрекфренција на возилата низ дадена линија -точноста на возилата, односно спазување на амбициозен возен ред и што помали отстапувања од истиот во време на шпицови или вондредни настани (ала штрајкови, концерти и дргуи збуднувања). Тоа се фактори кои според мене играат позначајна улога во промовирањето и користењето на јавниот транспорт во даден град. Мене како млад граѓанин ми е поважно да стигнам од точка А до точка Б брзо и удобно (во смисла на помалку чекање, односно временскиот фактор), отколку комфортно во смисла на тоа како изгледаат автобусите или дали тие се беспрекорно чисти или нови. Е, сега не разбирајте дека тоа е случајот и со нашите сегашни возила, кои се под секаква критика, зборуваме за нормални, 10 години стари автобуси кои се добро одржувани-возила какви би сретнале во секој развиен град на светов. Затоа тврдам дека и покрај новите возила, за кои за наши услови се дадоа навистина значителни финанскиски средства, сепак нема да имаме голем ефект (или ајде да речеме посакуван, или соразмерен на вложените средства ефект), во смисла на искористеност, привлечност и ефикасност на ГТ. Според мене треба да се издвојат уште средства (кои е само неколку проценти од оние кои се даваат за новите возила), со кои Скопје би добил и брз, редовен автобуски сервис. Тоа би се постигнало со воведување на ригорозни нови и стари БУС-ленти, како и воведување на еден многу интересен, ефтин и модерен концепт - Bike on bus/Bike rake on a public bus! Започнуваме со еден мој поглед во врска со БУС-лентите. Во моментов во Скопје постоечките се тотално узурпирани, неглижирани и крајно недоволни. Затоа предлагам два типа на БУС-ленти: целодневни или 24 часовни (обележани со црвено) и интервални, односно временски (обележани со лилаво). Главните и најпогодни станици за трансфер помеѓу велосипед и автобус се обележани со знакчето. Тоа се станици во периферијата, на почетоците на линиите, станици кои се наоѓаат непосредно пред/по центарот или други густо-населени зони на градот, станици покрај главните велосипедски коридори (на пример Кејот на Вардар во Скопје) и др. ![]() 24 часовните се простираат долж големите булевари, каде и без тоа сообраќајот на автомобили е проточен, односно воведувањето на БУС-лентата нема драматично да го наруши протокот на автомобили (иако тука треба да се нагласи дека при сите ситуации градскиот транспорт има неприкосновена предност пред приватниот). Такви би биле булеварите кои имаат по 3 ленти за насока, при што крајната десна би се користела од возилата на ЈСП (исто како Кловер и многу други сум за што поскорешно обединување на сите превозници под една капа). Такви булевари во Скопје би биле следните: Партизанска, Св. Климент Охридски, М. Х. Јасмин и соодветно ул. Железничка, Димитрија Чуповски, 11ти Октомври, Кочо Рацин, К.П. Мисирков, К.Ј. Питу, Јане Сандански, Србија, Александар Македонски, ВМРО и Гоце Делчев. Временските бус ленти би важеле само во одредени периоди од денот. Опсежна анализа може да покаже дали тоа би бил еден целосен интервал (од 6.30 до 17.30 часот) или само во утринскиот и попладневен шпиц (6.30 ч- 9.30 ч и 13.30 ч-17.30 ч). Термините исто така подлежат на темелна и сеопфатна анализа од некое специализирано за таа намена претпријатие. Вакви БУС-ленти би биле поставени долж улиците: Илинденска, Теодосиј Гологанов, Даме Груев, Стив Наумов, Цветан Димов, Џ.Ф. Кенеди, Христо Татарчев и Првомајска. Особено интересен и потенцијален сегмент е улицата Теодосиј Гологанов, каде се најавува реконструкција следната година. Во моментов имаме 3 ленти, а се најавува додавање и на четврта. Се прашувам, кога веќе градот оди против ГУП и Јужниот, не се додаде ПЕТТА лента, со што би се створила шанса за следното нешто, кое сме го дискутирале како решение за Илинденска. Ако имаме 5 ленти, во периодот на денот во кој важи БУС-лентата, автомобилите ви останле со 3 ленти на располагање. Ако се монтира ефтиниот, но ужасно ефикасен метод за распределување на лентите според времето од денот, би се створиле шанса за следното нешто: А) 8.00 часот: КАРПОШ || BUS | X | X | ^ | BUS || ЦЕНТАР Б) 20.00 часот: КАРПОШ || X | X | X | ^ | ^ || ЦЕНТАР В) 16.00 часот КАРПОШ || BUS | X | ^ | ^ | BUS || ЦЕНТАР На овој начин се дава целосна предност на градскиот транспорт во најоптоварените делови на денот, но и поттик кон граѓаните за негово максимално искористување. Но, истовремено не се нарушува драстично протокот на автомобили, особено ако се има в предвид дека наутро би имало по две слободни автомобилски летни во насока од населбите кон центарот, а попладне обратното, односно две слободни ленти за автомобили во насока од Центарот кон населбите. Што се однесува до бул. Илинден, мислам дека ова треба да се примени барем на делот од трасата помеѓу Фонтаната и салата Борис Трајковски. Истото се однесува на сите други булевари, вклучително и Цветан Димов, Кенеди, Јасмин и Првомајска. На Даме Груев би било идеално ако се додаде трета лента, што би било проблем при вкрстувањето на улицата со улица Македонија. Но, таа улица при нормални услови (кога не е затворен Рекорд) нема премногу сообраќај и би можело да се протнат неколку автобуски линии кои би ја заобиколувале ужасната гужва на Рекорд. Дали 24 часовните БУС-ленти би требало да бидат оградени со некаква бариера е предмет на дискусија, но јас сум целосно ЗА тој концепт, но се доста голема измена од претходниот и неуспешен обид на градот. Освен самата изица, убаво би било на лентата да има и некаков вид на повисока бариера со мачкини окца-дали столбчиња, дали светло-одразителни таблички. Тие поради својата висина, покрај физичката, креираат кај возачите и поголема психичка бариера и гарантираат подобро спроведување. Исто така би се залагал силно за поставување на камери (на пример на најкритичните делници, како онаа кај Буњаковец, на секои 500 метри). Тие камери покрај тоа што би следеле, би имале и можност за правење на фотографии на прекршителите и потоа МВР или уште поубаво градската полиција или редарство да ги испраќаат "честитките" до прекршителите, во форма на строга глоба! На овој начин ќе се гарантира проточноста на јавниот транспорт, но и ќе се подобри редот и безбедноста на сите видови сообраќај-автомобилите нема да имаат можност да се паркираат на тротоарите, а на пешаците ќе им биде ускратено лесното задоволство од преминување на улицата каде што им текне! ![]() ![]() КОНЦЕПТОТ СО ВЕЛОСИПЕД НА АВТОБУС: ![]() Ова е еден навистина едноставен, ефтин и практичен концепт, многу популарен во Америките, но својата заслужена популарност ја добива и низ Европата. На предниците на автобуските возила се монтира систем од метални шипки на кои едноставно и брзо може да се закачат од страната на патникот, до 2 велосипеда. Механизмот на закачување/откачување е лесен за употреба од страна на сите групи на патници и многу брз (не повеќе од 10 секунди). Не зафаќа скоро никаков простор, особено кога на него нема прикачено велосипед! Во време кога градот на големо го промовира користењето на велосипеди (на тотално ограничен, нецелосен и погрешен начин!), мислам дека воведување на овој систем ќе биде прав погодок. Има 3 клучни фактори за успех на истиот: -Монтирање на направите на самите возила. Брз, едноставен и ефтин зафат за изведувачот (во оваа смисла ЈСП). Самите направи би биле монтирани само на дел од возниот парк, кои би сообраќале на линиите кои се погодни за ваквиот концепт, ако се оцени дека не е потребно сите возила да го имаат. -Монтирање на едноставни, но големи паркиралишта за точаци на автобуските станици. Повторно сите станици не треба да се опфатени, туку оние кои имаат поголема оптовареност или оние кои се погодни за ваков систем (оние пред влез во густа урбана зона, каде возењето на точак е отежнато заради густиот сообраќај на пешаци и возила). -Пренесувањето на велосипед е бесплатно, односно вклучено во цената на редовниот билет. Причини и побуди за користење на овој вид комбиниран превоз: -доколку се патува на подолга релација која е непогодна (целосно) за велосипед. -доколку касните и автобусот е побрза алтернатива. -доколку сте решиле да тргнете со велосипед, но времето неочекувано се расипало. -доколку сакате да живеете поздраво. -заради проаѓање низ зони на градот за кои е значаен густ сообраќај (како централните зони на градот), каде возењето на велосипед е отежнато и непрактично. -доколку самата автобуска линија ве носи релативно блиску до дестинацијата, но не сосема и би сакале времето на пешачење до станицата да го скратите со велосипед. Пример би биле линиите кои сообраќаат на Партизанска, а вие живеете на Илинденска или Гологанов. Еве како овој систем едноставно функционира во пракса: ![]() Затворена рампа за велосипеди: ![]() Отворена рампа за велосипеди: ![]() |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
о очекување на модернизиран и поудобен јавен превоз за скопјани
Тие велат дека истовремено се привршуваат и административно-техничките процедури за набавка и на двокатните автобуси со кинеската компанија Јутонг". Договорот е потпишан а во меѓувреме, кинески инженери на двапати доаѓаа на консултативни договори со надлежните од ресорното министерство. Тоа го потврдија и од македонските преставници на кинески Јутонг". Тие велат дека по консултациите со македонските претставници дизајнот на автобусите е финализиран и веќе одобрен од Министерството за транспорт и врски и ЈСП. Во тек е изработка на прототипот кој наскоро треба да биде готов, а за да се осигура квалитетот, тој ќе биде дополнително тестиран според регулацијата ЕЦЕ, процедура што се очекува да заврши до крајот на годината во Кина. Автобусот се планира да се достави во Македонија во март. Во моментов Транспорт ја спроведува и постапката за јавна набавка на
16 новопроизведени минибуси кои се наменети за јавниот градски превоз
во Скопје, со што е (Е.А.) http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E185297E0574174C893BAD56C9ECD73F |
|
![]() |
|
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ И НА ПАТНИЦИТЕ
Смејте се во автобус! За најстроги прекршоци се http://www.vest.com.mk/?ItemID=95FC9FE1539FB6459C83FB7E2F3D4FC3 Edited by Swimmer - 21-Sep-2010 at 12:51 |
|
![]() |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Четврти обид за набавка на 16 минибуси Претходните повици пропаднаа поради незаинтересираност на компаниите Државата не се откажува од намерата да го поднови ЈСП со 16 минибуси,
иако во изминатава една година не и' успеа тоа и по три јавни повика.
Министерството за транспорт и врски неодамна го поништи и третиот
конкурс, бидејќи немало доставено ниту една понуда, а наскоро се очекува
да биде повторен. Тоа практично ќе значи четврти обид за купување на
нови минибуси. Набавката е планирана пред речиси две години и тоа
првично како дел од тендерот за набавка на едноподните 100 автобуси. Од
Министерството не се откажуваат од намерата, оти, како што тврдат,
заинтересирани има, но досега не била одбрана ниту една понуда поради
нецелосно доставена документација. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0FD62FAC8D804F46808899201F41D675 |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо ![]() Во возниот парк ќе останат само 84 автобуси на МАН, за кои редовно се набавуваат резервни делови
Снежана Калабакова |
|
![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ОДЛУКА НА ЈСП
Старите автобуси одат наотпад Амортизирани автобуси, кои повеќе не можат на никаков начин да се искористат, ќе и бидат продадени на железарницата „Макстил“, изјави вчера Мишо Николов, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Парите од продажбата, кои ќе изнесуваат од три до четири милиони денари, ЈСП планира да ги искористи за плати за вработените. - Имаме 30 автобуси спремни за расклопување, кои потоа ќе можат да се продаваат како старо железо. Сите тие се веќе амортизирани и немаат никаква употреба. Затоа одлучивме да ги расклопиме и да ги продадеме. Имаме среќа што цената на старото железо оди во нагорна линија, односно таа сега достигна до 12,6 денари за железо од три милиметри, но, сепак, тоа не се многу пари - вели Николов. Николов рече и дека бројот на продадени автобуси како старо железо ќе се зголеми кога ќе пристигнат новите украински автобуси. Тогаш ќе се работи со поголемо темпо и тие ќе бидат побрзо расклопени. Во периодот од 15 до 20 септември ќе се изврши последната инспекција на украинските автобуси, кои ги произведува „ЛАЗ“. Првите 11 единечни автобуси треба да пристигнат околу 20 септември, а за првпат да возат по скопските улици се очекува на почетокот на ноември кога ќе заврши процесот на хомологација. До крајот на годината е предвидено да стигнат уште четири зглобни автобуси, а во текот на 2011 година треба да пристигнат и последните 69 едноподни. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2110&ArticleID=147645 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ПРОЗБОРИ МЕНАЏМЕНТОТ НА ФАБРИКАТА ЗА АВТОБУСИ
Кога не успеа дома, Санос ќе произведува надвор
Edited by La Linea - 27-Aug-2010 at 17:21 |
|
![]() |
|
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
СТОПАНСКА БАНКА - БИТОЛА ЈА АКТИВИРА ХИПОТЕКАТА
Пропадна фабриката за автобуси „Санос“ Рада И. Маневска |
|
![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Новите украински автобуси со стар систем за наплата Пластичните картички се' уште го чекаат крајот на тендерот за смарт-тикетинг Сања Наумовска Првите 11 украински автобуси на ЈСП, кои на скопските улици ќе
излезат во септември, нема да ги дочека нов систем за наплата со
пластични картички. Во новите автобуси ќе важат старите хартиени
картички, бидејќи тендерот за смарт-тикентинг се' уште не е завршен.
Комисијата на Градот Скопје уште ги разгледува понудите на петте фирми
што се јавија на тендерот што беше распишан пролетта. Конечна одлука не е
донесена, а се очекува евалуацијата да трае до крајот на август.
Доколку се' тече без проблеми и во законски зацртаните рокови, новиот
систем на наплата во автобусите на ЈСП може да се очекува најрано за
една година, а можеби и повеќе. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F35170956F9704C8BA01DE54083F23D |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нови автобуси во градскиот превозСе работи за еколошки, ниско-подни возила, кои имаат и лифт за инвалидки колички. Овие автобуси ќе придонесат да се подобри квалитетот на превозот и сообраќајот, но и животната средина. ![]() Градскиот превоз во Куманово од минатиот месец е збогатен со 10 современи автобуси. Нови возила на претпријатието „Оли травел„, секојдневно се обраќаат на постоечките линии во населбите „Карпош„, „Зелен Рид„, „Гоце Делчев„, „Железничка станица„, Горно и Долно Којнаре.
На почетокот на учебната година ова превозно претпријатие ќе ангажира лица од агенција за обезбедување, кои ќе се грижат за безбедноста на патниците.
И останатите автопревозни претпријатиа: „Јоцо-турс„ и „Штуз„, работат на модернизирање на возниот парк и од есен ќе пуштат во сообраќај двесетина нови автобуси.Но сопстевниците се жалат дека нелојалната конкуренција и дивите превозници во градот заработуваат на нивeн грб.
Превозниците бараат од надлежните институции и полицијата да превземе построги санкции за прекршителите на законот и да воведе ред во градскиот превоз. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/novi-avtobusi-vo-gradskiot-prevoz.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
vo kumanovo vekje se pristignati i vekje se pusteni vo gradskiot prevoz novi avtobusi ne znam tocna brojka kolku se ama na razlicni delovi vo kumanovo gi imam videno kje sliknam koga ke mi se ukaze prilika i kje gi postiram slikite..
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Каква конфузија во текстов... 40 информативни табли, па 40 автобуски линии, а всушност се работи за 10 информативни дисплеи и 40 автобуси во кои е вграден ГПС уред. |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Светнаа 40 информативни табли на ЈСП
Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов, заедно со претставници од фирмата „Геонет ГПС“ вчера и официјално ги пушти во употреба информативните табли, поставени на 40 автобуски линии На дисплејот на таблите се вртат бројот на автобусот и точното време на пристигнување на автобуската станица. Од фирмата што го изработи софтверот за таблите велат дека проектот е исплатлив на долг рок, со можност за понатамошни надградување. Како пример ја посочија можноста патниците преку СМС да се известуваат за точниот возен ред на автобусот што го чекаат. Николов објасни дека ЈСП „Скопје“ има обезбедено пари за одржување на таблите од проектот „Ренесанса“, во наредните две години, по што ќе се бараат други начини за финансирање. - Се надевам дека наскоро ќе ги поставиме ЏПС-системите и во другите автобуси. Што се однесува до новите автобуси, кои за нас се произведуваат во Украина, на 14-ти овој месец во фабриката ќе замине и втората комисија, која ќе утврди како и дали е во тек производството на нарачаните автобуси. Оптимист сум и мислам дека новите 11 автобуси до октомври сигурно ќе возат по скопските улици, како што е утврдено и со договорот - истакна Николов. http://www.time.mk/read/2b3416e087/60d062cfe3/index.html |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Ах медиумиве значи кога нема што да пишуваат си трескаат од ракав. Беше кажано дека овие 10 пробни дисплеи ќе бидат функционални само за линиите со број 2 и 5, така да нема никаков проблем, си функционираат како што беше најавено. А дали и кога ќе се направат да функционираат за сите линии и кога сите постојки ќе се опремат е прашање без одговор
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Информативни табли без информации На електронските дисплеи се' уште го нема возниот ред на автобусите Скопјани се' уште не можат да се информираат за возниот ред на
автобусите од електронските дисплеи што ги постави ЈСП „Скопје“ уште во
март годинава. Десетината информативни табли останаа без важните
информации за оние што чекаат автобус на постојките. Освен датумот и
надворешната температура, тие не покажуваат кој автобус за колку време
ќе пристигне. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2DC3312F303F7549AC02A439E60FCED4 |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
aleksovski ![]() Newbiе ![]() Joined: 29-May-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Како и да е новите автобуси ќе стигнат за една година како што ми изгледа.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6465666768 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |