build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Jan-2010 at 22:23

Прилепските бизнисмени целат кон Сонцето

Прилеп има околу 300 сончеви дена во годината, ресурс што ни минимално не е искористен. Прилепските стопанственици бараат државата да ја поттикне експлоатацијата на богатството од сончевата енергија во нивниот град

Општина Прилеп да стане центар за научноистражувачки институции и за капацитети за производство на опрема за обновливи извори на енергија. Ова го бараат прилепските стопанственици од надлежните државни органи, бидејќи според некои податоци, Прилеп има најмногу сончеви денови во Македонија. Според податоците, градот под Марковите кули го грее сонце околу 300 дена во годината. Тоа е ресурс што ни минимално не е искористен и е нужно да се поттикнува експлоатацијата на богатството од сончевата енергија.

- Сончевиот природен дар да се искористи и за стопански цели. Градот да стане центар за иницијативи и научни проекти за експлоатација на сонцето. Прилеп треба да предничи, а државата да го стави во приоритетните проекти за развој на оваа гранка, која допрва ќе ги дава ефектите. Нужно е да се поттикнат претприемачите на производство на опрема за обновлива енергија со посебни услови за инвестиции во изградба на сончеви фарми во село Лагово и на подрачјето на Мариово. Производството на опремата е хит во светот. Ползување на сончевата енергија е симболично, а светот постепено ги супституира класичните со обновливи и еколошки чисти енергенси. Само две фирми произведуваат колекторски системи во Прилеп. Тоа е недоволно. Државата треба да го даде својот придонес со одредени преференцијални мерки - вели Ристо Најдоски, извршен директор на регионалната стопанска комора.

Стопанствениците и граѓаните ги поддржуваат властите во субвенционирање на сончевите системи за греење вода во индивидуални објекти. Државата неколкупати надоместуваше дел од инвестициите за системите со 300 евра.

Прилепчанецот Кирил Ристески, кој неодамна постави систем за користење на сонцето во загревањето вода за домашни потреби, вели дека потрошувачката на струја му се намалила за две третини.

- Властите треба да им помагаат и да ги поттикнуваат граѓаните и стопанството во поставување сончеви системи. Достапноста на богатството на сонцето не е евтина инвестиција за македонскиот џеб. Со системите штедам струја за себе, штедам и за државата, која може да ја насочува за стопанските цели. Затоа субвенциите да не се под 70 отсто од поставен колекторски систем. Со слични мерки да се охрабрат и бизнисмените - предлага Ристески.

Неколку прилепски фирми веќе произведуваат системи за експлоатација на сончевата енергија, а уште една фабрика е во завршна фаза.

- Секоја година расте продукцијата на колектори. Инсталираме нови решенија за подобрување на ефикасноста - велат од прилепската фирма што произведува колектори.

Според согледувањата на Друштвото за наука и уметност од Прилеп, во градот се поставени околу илјада колекторски системи за користење на сончевата енергија. Сопствениците на хотелско-угостителски објекти се' помасовно инсталираат системи за користење на енергијата на сонцето.                                                                                                                                           http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5BBFB4897908524F95E8F3981C7A8B98

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 10-Jan-2010 at 18:28
Е нека нè споредат и со Гренланд и Фарските Острови, тие сигурно исто сончеви денови колку нас па сме понапред од нив. Достигнување! Абе ненормални.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 10-Jan-2010 at 13:39
 

   

Македонија пред Финска, но зад Албанија по искористеноста на соларната енергија



Нашата земја се наоѓа на 42-то место од вкупно анализираните 49 земји од целиот свет според капацитетот на инсталираните соларни и термални системи  
 
%20  
Искористеноста на соларната енергија во земјата е на релативно ниско ниво, покажува последниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според инсталираниот капацитет на соларни и термални системи, Македонија се наоѓа на 42-то место, од вкупно анализираните 49 земји од целиот свет. Зад нас се уште Луксембург, Финска, Норвешка, Намибија. Латвија. Литванија и Естонија. На речиси исто ниво со нашата земја е Луксембург (со капацитет од 13,2 мегават-часа), додека на последното место е Естонија (1,0 мегават-часа).

Од земјите во регионот подобри од нас се Албанија (35,2 мегават-часа) и Бугарија (19,3 мегават-часа). Водечката тројка каде што најмногу се користат овие системи ја сочинуваа Кина (79.898 мегават-часа), Турција (7.105 мегават-часа) и Германија (6.053 мегават-часа), а во самиот врв е и нашиот јужен сосед Грција, на седмото место, со (2.500 мегават-часа). Експертите сметаат дека една од причините за ваквата неповолна состојба лежи во тоа што Македонија досега немаше стручен кадар за монтирање соларни инсталации. Првите специјалисти земјата ќе ги добие дури во февруари, кога ќе заврши обуката на 16 лица, која ја организира Балканската канцеларија за мало стопанство. Според извештајот на (ИЕА), нешто подобра е состојбата од аспект на бројот на инсталирани сончеви и термални системи на 1.000 жители. Тука Македонија е „подобро рангирана“ дури и од САД, со капацитет од 6,6 киловат-часа на 1.000 жители, во споредба со најмоќната држава на светот, која има 5,7 киловат-часа на 1.000 жители. Но ваквата споредба секако не може да ни послужи како „утеха“, со оглед на фактот што во САД живеат 298 милиони луѓе, додека овој параметар (број на жители) кај нас е речиси 150 пати помал.

Целта на извештајот, како што велат неговите автори Вернер Веис, Ирене Бергман и Роман Штелзер од Институтот АЕЕ - ИНТЕК од Австрија, е да се документираат областите каде што се инсталирани вакви системи, што ќе придонесе за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, како резултат на работата на овие постројки. Податоците за Македонија, врз кои е направен извештајот, се добиени од Министерството за економија, Секторот за енергетика, како и од асоцијацијата за соларна енергија „Солар Македонија“. Во извештајот се опфатени 49 земји, кои вклучуваат над 4 милијарди жители, или околу 60 проценти од светската популација. Се проценува дека инсталираните капацитети во овие земји претставуваат 85-90 проценти од соларно-термалниот пазар низ светот, сметаат авторите. Според нивните анализи, од 1999 до 2007 година е забележан пораст од 20 проценти во сектор на соларната енергија во Европа. Со над 260 сончеви дена во текот на годината, Македонија има огромен потенцијал за користење на оваа енергија.
 
   

 
 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1910109299&id=10&setIzdanie=21880


Edited by La Linea - 10-Jan-2010 at 13:39
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 17-Nov-2009 at 14:37

Имаме сонце, немаме „соларен“ кадар





 

Првите 16 специјалисти земјата ќе ги добие во февруари идната година по нивна неколкумесечна обука кај нас и во Германија

 
 
%20  
Покрај толку факултети, дипломирани инженери, организации и здруженија за енергетика, Македонија нема стручен кадар за монтирање соларни инсталации. Првите специјалисти за оваа проблематика земјата ќе ги добие во февруари идната година кога ќе заврши обуката на 16 лица. Обуката ја организира Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство при Занаетчиската комора Кобленц во рамките на проектот за економска соработка помеѓу германската покраина Рајланд Фалц со југоисточна Европа.

- Професори и инженери има многу, но кога треба да се качи некој на покрив на зграда и да инсталира вакви елементи, тогаш нема никој. Има луѓе што досега го правеле тоа, но тие се самоуки - изјави Борис Парванов, проект-координатор.

Тој вели дека како професија сé уште нема струка специјалисти за соларни инсталации и целта на обуката е да се создаде почетен кадар, кој понатаму ќе обучува и други лица. Освен за монтажата овие луѓе ќе биде задолжени и за контрола и одржување на ваквите соларни системи.

Нивниот избор бил направен по предлог на Занаетчиската комора на Македонија, Занаетчиската комора на Скопје и регионалните комори на Куманово и Штип.

- Од контактите со нив разбравме дека нема обучен кадар за оваа работа и затоа беше потребно да се спроведе обука. Од друга страна, и самиот проект е насочен кон занаетчиството - ни изјави Оливија Штерјова, раководителка на проект биро. Обуката ја финансира германската Влада и доколку има интерес во иднина ќе се спроведуваат и други вакви курсеви за биомаса и геотермална енергија.

Курсистите се особено горди што ќе бидат првите квалификувани кадри во Македонија од овој тип. Според Жарко Кузмановски од Прилеп, би било добро во иднина државата повеќе да се вклучи преку субвенции за инсталирање на вакви системи.

Единствениот соларен парк во Македонија, каде што енергијата од сонцето се трансформира директно во струја, беше пуштен неодамна во Кадино и е дело на Звонко Марковски од фирмата „Сието“.

Со преку 260 сончеви дена во текот на годината Македонија има огромен потенцијал за користење на сончевата енергија, што всушност е и една од директивите на ЕУ.
 
   
Автор: А.С.Д .

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111791027436&id=10&prilog=0&setIzdanie=21839


Edited by Cloverstack - 17-Nov-2009 at 14:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 29-Oct-2009 at 15:19

Во Струмичко нова инвестиција од 15 милиони евра





 

Се продлабочува македонско словенечката економска соработка. Според статистичките податоци, Словенија за минатата година е втор најголем инвеститор во земјата. Ова беше потенцирано на вчерашниот отворен бизнис-ден, во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, каде што се претставија словенечки и македонски фирми, членови на македонско-словенечкиот бизнис клуб

 

 
%20  
- Има голем интерес за соработка, словенечките претпријатија се добро примени во Македонија - рече амбасадорот на Словенија, Алан Брајан Бергант.

Овој бизнис-клуб постои пет години и има 90 члена, од кои половината се од Македонија. Од годинава, има и веб-страница на која фирмите можат полесно да воспоставуваат контакти.

Градоначалникот Зоран Заев, пак, најави и нова инвестиција со словенечко потекло, тешка 15 милиони евра. Се работи за изградба на компанија за поставување сончеви колектори, за што инвеститорите ја посетиле индустриската зона кај Сачево. Поставувањето сончеви колектори на површина од 100 илјади квадратни метри се очекува за започне напролет, како енергетски извор кој ќе произведува струја со јачина од 4 мегавати.
 
   
Автор: С.Џ.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10299104287&id=10&prilog=0&setIzdanie=21823
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 05-Aug-2009 at 14:34

Земјата на сонцето не го користи сонцето

Анализите покажуваат дека со користење на сончевата енергија годишно може да се заштедат 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање на 6.874 нови работни места годишно

%20

Единствена стопанска гранка, во светски рамки, која се покажа отпорна на глобалната економска криза е индустријата за соларна енергија.

И не само што е имуна на кризата туку оваа гранка ја намалува невработеноста и генерира економски пораст. Најновите податоци на Европската федерација за соларна и термална енергија (ЕСТИФ) покажуваат рапиден пораст од над 60 отсто на пазарот на ЕУ во оваа област.

Сите други стопански гранки бележат драматични падови. Само лани обртот на финансиски средства во соларната индустрија изнесува повеќе од три милијарди евра, со над 40.000 вработени со полно работно време.

Во услови на криза и рецесија токму соларната индустрија станува најсилниот и најбрз економски стимулатор за земјите од Европа, велат од ЕСТИФ. Со доаѓањето на Барак Обама, и САД своите приоритети ги пренасочија кон зелената опција и обновливите извори на енергија.

Каде е тука Македонија? На опашката на Европа.

Земјата на сонцето не го користи сонцето

Иако се декларираме како земја на сонцето, сé уште не знаеме да ја користиме неговата сила, која ја има во изобилство и е бесплатна. Во Македонија искористеноста на сончевата енергија е помала од 1 отсто, или илјадници пати помалку од другите европски земји. Бројот на постојано вработени лица во соларниот сектор исто така е многу низок и тие безмалку може да се избројат на прсти. Единствена комерцијална соларна централа во Македонија со моќност од 10,2 киловати и годишно производство од околу 22 мегават-часа беше пуштена неодамна и се наоѓа во селото Кадино.

Нејзиниот сопственик Звонко Марковски очекува ваквиот проект за изградба на сончеви централи наскоро да добие поширока примена во целата држава и ја промовира идејата за 10.000 сончеви покриви во Македонија.

- На тој начин и парите и струјата ќе останат во државата. Доколку има странски инвеститор, струјата ќе остане тука, но парите ќе отидат надвор. На ваков начин Македонија ќе добие една огромна соларна централа од 40 мегавати, која ќе произведува чиста зелена струја во наредните 50 години, а ќе се отворат и нови работни места - вели Марковски.

За помасовно користење на сончевата енергија се залага и МАНУ во Стратегијата за енергетика. Навистина е жално Македонија со над 270 сончеви дена во годината да има толку ниско ниво на искористеност на соларната енергија, порачуваат екологистите. За надминување на ваквите состојби Министерството за економија втора година по ред промовира кампањи за инсталирање сончеви колекторски системи, нудејќи субвенции до 300 евра на првите 500 семејства што ќе се јават.

Панели и по ридови

Според заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, едно домаќинство може да заштеди околу 900 денари месечно на сметките за електрична енергија со примена на сончевите колектори.

Голите ридови и запуштени краеви во Македонија треба да се прекријат со сончеви панели. Тоа ќе биде и естетски поубаво и економски поисплатливо, сметаат експертите. Неодамна во пустината Сахара почна реализацијата на мегапроектот „Десертец“, со учество на 20 најголеми светски енергетски компании за поставување сончеви панели, кои треба да ја снабдуваат со струја цела Европа. Од здружението „Солар“ апелираат на јакнење на свеста и засилени институционални мерки за поголема искористеноста на соларната енергија.

- Потребно е да се обезбедат и директни грантови, кредити без или со ниска каматна стапка, како и намалување на даноците. Законите за градба треба да наметнат обврска од постоење на сончеви системи во секоја нова или темелно реновирана зграда - вели Сања Поповска Василевска од „Солар“. Светот веќе одамна сфати дека гасот, нафтата и струјата не се долгорочни опции, бидејќи се премногу скапи. Кај секоја од овие опции зависиш од волјата на снабдувачот, за што најдобар показател е и последната гасна криза во Европа. Најсигурниот снабдувач со енергија останува единствено сонцето. Тоа изгрева секој ден.




Како е во Европа

Барањата за соларно-термална технологија лани во Шпанија пораснале за 58 отсто, во Италија за 28 отсто,Франција за 18 отсто, но најголем чекор има во Германија, каде што пазарот е повеќе од дуплиран, со пораст од 120 отсто.

- Во 2008 година солуциите за соларно термално греење и ладење станаа примамливи во сé повеќе и повеќе земји - вели Оливер Друк, претседател на ЕСТИФ. Токму на ладењето и на греењето отпаѓаат над 50 отсто од вкупните потреби за енергија.




Секоја година се губат по 6.874 нови работни места

Сонцето, освен што грее, може и да вработува. Македонија секоја година за увоз на енергија троши стотици милиони евра. Анализите покажуваат дека со користење на сончевата енергија годишно може да заштедат 32 милиони евра. Претворено во број на работни места оваа заштеда значи 6.874 нови работни места годишно, со плаќање на сите давачки кон државата. Годишниот просек на издатоци што ги плаќа работодавецот по вработен изнесува 283.974 денари или 4.655 евра.





Повластени цени за енергијата добиена од обновливи извори

Искористеноста на обновливите извори на енергија, во кои спаѓа и сонцето, е спомената како една од клучните цели и во Националната стратегија за енергетика со важност до 2020 година. Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека МАНУ до крајот на годината треба да подготви посебна стратегија за обновливите извори на енергија. За стимулирање на искористеноста на овие извори, Регулаторната комисија за енергетика усвои четири правилници за купопродажба на енергија произведена од хидроцентрали, ветерни електроцентрали, биогас и фотоволтаични системи. Во согласност со членот 141 од Законот за енергетика операторот на пазарот на електрична енергија е должен да ја откупи произведената енергија од овие извори по повластени таканаречени фидинг-тарифи. За енергијата добиена од сонцето цената е 46 евроценти по киловат-час. Сончевите колекторски системи и компоненти се ослободени од царина, а даночната стапка за нив изнесува 5 отсто. Државните стимулации од 300 евра по семејство за инсталирање сончеви колектори се исто така една од мерките за поголемо искористување на соларната енергија. За жал, онаму каде што сонцето најсилно грее, во Струмица и во Гевгелија, има и најмала заинтересираност за примена на вакви системи. На последниот оглас за субвенционирање најмалку кандидати имаше токму од овие места. Владо Костески, експерт, смета дека за неколку години може да се постигне покриеност од 20 до 30 отсто со колекторски системи на ниво на цела држава.

- Има системи со природна циркулација, кога и колекторот и бојлерот се поставени на таванот, и системи со принудна циркулација, кога колекторот е горе, а бојлерот долу во просторијата. Комплетна инсталација на еден ваков систем со набавка и монтажа чини околу 1.200 евра и во целост ги покрива потребите од топла вода за едно семејно домаќинство во текот на целата година - ни изјави Костески. Вложената инвестиција се враќа брзо преку намалените сметки за струја, тврдат познавачите.

Неодамна и Светската банка сугерираше Македонија да ја зголеми својата енергетска ефикасност.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=85994847&id=9&prilog=0&setIzdanie=21755
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 08-Jun-2009 at 17:44
Започна реализацијата на субвенциите за сончеви колекторски системи
Скопје, 08.06.2009

Министерот за економија Фатмир Бесими, заменик министерот Методиј Хаџи-Васков и државниот секретар Катерина Костеска денеска имаа средба со новинарите за да го најават почетокот на реализацијата на субвенциите за сончеви колекторски системи.

Имено, со цел за стимулурање на користењето на сончевата енергија во домаќинствата во Република Македонија, Министерството за економија објави јавен оглас на 16.01.2009 година, кој беше прекинат на 31.01.2009 година поради изборниот процес и повторно објавен на 13.05.2009 година. Огласот е објавен во дневните весници „Дневник“, „Вечер“ и „Лајм“ и на веб страната на министерството.

Определени се буџетски средства во износ од 9.000.000 денари за субвенции за првите 500 купувачи на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги вградат во своите домови.

Сувбенциите се директни, односно на првите 500 домаќинства ќе им се обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност по домаќинство.

Купувачите на соларен колекторски систем беа должни да ги исполнат следните критериуми за добивање на субвенција:

-     да поднесат барање до Министерството за економија, во кое ќе приложат и доказ дека е извршено купувањето на соларен колекторски систем (фискална сметка или копија фактура со извод од банка);
-     системот да биде соодветно инсталиран и ставен во функција, за што се бараше изјава пополнета од барателот и изјава за вграден сончев колекторски систем од фирмата која го вградила и
-     еден купувач на соларен колекторски систем има право да поднесе само едно барање за остварување на правото на субвенција.

Во Министерството за економија формирани се три комисии со цел да извршат увид, по случаен избор кај околу 100 домаќинства  на лице место, за тоа дали сончевиот колекторски систем е соодветно вграден по што ќе следи исплата на субвенциите на приложените броеви на трансакциски сметки. Вршењето увид од страна на комисиите ќе трае околу 10 дена по што ќе следи исплатата на субвенциите.

Поради тоа што предвидените средства за субвенции се за првите 500 купувачи, сите оние барања кои се примени во архивата на Министерството за економија по исполнувањето на бројката од 500 брања, ќе бидат вратени на подносителите.

Со користење на сончеви колекторски системи за загревање на топла вода  кај домаќинатвата, осум месеци во годината, може да се постигнат заштеди на еклектрилчна енергија од околу 180 kWh месечно, што значи финансиска заштеда од скоро 900 денари месечно. На годишно ниво може да се постигнат околу 1500 kWh заштеда на електрична енергија или околу 7000 денари заштеда на финансиски средства.

Просечната цена на чинење на еден сончев термален колекторски систем во Република Македонуија за едно домаќинство изнесува од 40.000 – 65.000 денари, што значи дека, со неговото користење инвестицијата би се вратила за 6 – 8 години, а со субвенцијата, инвестицијата би се вратила за 4 – 5 години. Еден сончев колекторски систем би можел да се користи и 20 години, од што можат да се видат ефектите од неговото користење.

Со ова субвенција се поттикнува искористувањето на сончевата енргија што во наредниот период ќе придонесе за остварување на енергетски заштеди, посебно заштеда на електрична енергија, со што ќе се постигнат и позитивни ефекти за заштита на животната средина преку намалување на емисите на CO2 кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, главна причина за климатските промени. Оценето е дека во Република Македонија користењето на 1 m2 површина на сончев колектор е еквивалентно на намалување на 208 kg годишно CO2. Со што поголемо користење на сончевата енегија, како најголем извор на обновлива и неограничена енергија, се постигнува ефктот на спречување на климатските промени.

Извор: Министерство за економија http://www.economy.gov.mk/?ItemID=9822B4B7B6455D45850BBA4656DEF4BA



Edited by Vladimir P - 08-Jun-2009 at 18:01
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 04-Jun-2009 at 15:08
Да не се повторуваме со текстот еве ја само сликата од она во Кадино...


www.novamakedonija.com.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 03-Jun-2009 at 11:48
Хипиците на страна. Освен патетика и пиво за друго не ги бива. Една паметна реченица не кажале.

Види големите компании станале големи зашто се прошириле низ нови држави. Зашто се прошириле?! Погрешно е да се верува дека во потрага на нови пазари. Новите пазари се снабдуваат и преку застапнци, преку дистрибутери. Главната поента во ширењето е потрагата по нови ресурси, зашто воглавном големите компнании се базирани на готови ресусрси затоа и бележат таков рапиден напредок. Човештвото во последниов век се наоќа во некое многу чудно бунило. Еве ќе направам споредба, значи тоа е исто како ти од дедо од прадедо да имаш оставено цела визба сортни вина и сите твои предци го користеле виното разумно, односно отварале само по една-две флаши годишно, исто времено дотурале вино во визбата и слично. И сега  доаѓаш ти и во една вечер да ја локнеш целата визба. Човештвото денеска има една лоша пракса, а тоа е да долгогодишните производи да ги користи како моментално добро. Е сега големите компании се баш тие кои локаат готово вино и ич не им е гајле за понатака. Затоа и ќе ги гледаме сега како паѓаат една по една "како лисја у есен". Ако некогаш се војуваше за идеологии, после тоа за пари, сега битката е за енергија. Енергетскиот сектор веќе почнува да преовладува над другите. Јас искрено сметам дека додека не се исцицаат сите ресурси нема да имаме реално помрднување ниту во real-economy ниту во енергетските обновливи ресурси. Некои може би на тоа гледаат конспиративно како демек ете сега незнам кој сакал да се исцицаат сите ресурси на рабските држави, за да после тоа промовирал незнам како в си концепт. Не! Све се врти околу цената на енергијата. Сите економски анализатори и слајд-ераши почнаа од resource-based economy да зборуваат за real-economy и за обновливи ресурси зашто почнаа на време барем да ги сваќчаат овите концепти кои доста брзо ќе треба да ги примениме.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 03-Jun-2009 at 11:18
Затоа имаш најмногу производство на алтернативна енергија и најмала зависност од фосилни горива во скандинавските земји. Не знаат што да прават со парите владите, можат комотно да ги продаваат бакнотите и како тоалетна хартија за сиромашните. Затоа се тие толку напредни. Ние, а камоли Руанди и Замбија, немаме пари за обични централи, патишта и за пруги (па и за леб), а не за ваква работа. Плус, тие земји на север се толку мали што ем не е тешко да се снабдуваат од обновливи извори, ем не му боди очи никому ако престанат да откупуваат нафта и јаглен. Да речи САД не користиме повеќе нафта од утре, ќе видите Shell, Exxo, BP и уште 20000 фирми во светот како ќе се раздрмаат, и ќе почнат одма во конгресот милијарди долари за поткуп да се плаќаат. Затоа не оди, не сум хипик, ама хипиците во право се кога викаат the big corporations rule the world man!


Edited by гитардемон - 03-Jun-2009 at 11:19
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 03-Jun-2009 at 00:16
Плус тоа едно е соларна енергија во Египет, друго во Македонија, трето во Ирска на пример. Затоа пак Ирска која има малку сонце има многу ветар. Ние за жал изгледа сме во некоја средина - имаме и од едното и од другото, но сепак недоволно за да биде поисплатлив некаков позначаен удел во производството, барем засега.


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 00:19
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 02-Jun-2009 at 23:57
Алтернативните (природно обнивливи) извори на енергија и методите со кои се добива таа енергија прават да таа енергија е во просек четири пати поскапа од онаа енергија добиена од фосилни извори. Тука е главната поента. Све додека не ги исцицаме фосилните горива на земјинава топка, односно све додека тие фосилни горива не се сведат на минимални резерви и нивната цена додека не се дигне за четири пати и да се доведат на исто компетитивно ниво со обновливите извори, се дотогаш алтернавните енергетски извори ќе се сведуваат на некоја нго-фарса, на фризирани акции, субвенции и слично и тоа све поради економската логика која владее со човештвото. Пааа незнам и во кој крајно анти-капиталистички систем да преминиме пак економската логика е двигателот на економијата (во спротивно и не постои економија него вегетативно задоволување на основни човекови потреби) и повторно се враќаме на она погоре кажаното во мојот пост дека све додека фосилните горива се поефтини, до тогаш алтернативите ќе се на ова ниво коешто се.

Edited by lslcrew - 03-Jun-2009 at 00:04
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 02-Jun-2009 at 23:06
Gledav pred nekoj den na discoveri ili na nekoja druga tv program bese deka vo egiped se postaveni solarni elktran na prostor od 5h(hektari) vkupno solarni elk. imas okolu 400 deka tie 400 se dovolno da go osvetlat luksor i industrijata sto se naoga vo luksor  a mie ovde ne mozem da izgradime ne 10 od tie 400Dunno vo sto e rabotava dali naselenieto e naviknato na nafta i gas i rudni bogastva 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 02-Jun-2009 at 22:39
Previous За сончеви панели за топла вода
Државата лани за првите 500 колектори во Македонија даде субвенции од 30 проценти од нивната вредност

Втора стимулативна мерка се директните субвенции за домаќинства кои ќе постават сончеви колекторски системи за загревање на топла вода. На почетокот од 2009 година беше објавен јавен оглас за покривање на дел од трошоците на првите 500 баратели за субвенции за поставување на сончеви колекторски системи, но постапката е прекината по укажување на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката ќе продолжи по завршување на претседателските и локалните избори. Сончевите колекторски системи и компоненти се ослободени од царина, а даночната стапка е 5 отсто.


Edited by Vladimir P - 02-Jun-2009 at 22:40
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 02-Jun-2009 at 21:28
Бе зразлика какви се, колкушто се сеќавам мислам дека беше за соларни панели, без разлика дали се фотоволтаични или оние со флуид (најчесто нафтен дериват) кои се стриктно за затоплување вода.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 02-Jun-2009 at 18:43
Да дефинитивно не се истите, можеби ми се испомешало за што се субвенциите.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 02-Jun-2009 at 18:41
Тие да не беа за соларни колектори, онакви обични за бојлери, бидејќи мислам дека не се истите. Тие навистина се фотоволтаични ќелии, но мора да е поинаков системот. Ама како и да е, и тие субвенциите за бојлери, и тие завршија пред веќе година дена и повеќе.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 02-Jun-2009 at 18:19
Готово, влегуваме во развиениот свет... Стварно бе што е ова, иронично е напишано или во тек е некој натпревар за најглуп новинарски напис?

Туку нели има субвенции за ова? Ме буни тоа 70% сопствен капитал и 30% кредит.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 02-Jun-2009 at 12:56
Е го споредија човекот што си прави сам струја на покривот и му останува малку вишок, со централите во Германија и САД. Абе да се чуди чоек.

Инаку за поздравување е ова, барем некому му текнало дека не мора да плаќа за струја, туку може и да му плаќаат.


Edited by гитардемон - 02-Jun-2009 at 12:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 02-Jun-2009 at 12:10
Сонцето од Кадино ќе н? внесе во Европа
Економија
Македонија од утре ќе фати чекор со Европа. Со пуштањето во употреба на првата сончева централа во Кадино државата ќе се вброи во редот на високоразвиените земји како Австрија, Германија, Грција или Словенија кои одамна имаат вакви централи. Иницијатор и носител на проектот за изградба на сончевата централа е Звонко Марковски од фирмата „Сието“ каде што се произведени и голем дел од материјалите потребни за централата.

- Централата почна со пробна работа од пред 2-3 недели. Сета произведена струја е наменета за продажба, а се добива со помош на фотонапонски панели (таканаречени фотоволтаици). Нејзината моќност е 10,2 киловати, а годишното производство околу 22 мегават часови. Лиценцата за работа ја добивме минатиот четврток од Регулаторната комисија за енергетика, а во следните 2-3 дена треба да се потпише и Договорот со МЕПСО - ни изјави Марковски. Произведената струја ќе се предава на нисконапонската мрежа на ЕВН- Македонија, а плаќањето на предадената струја ќе оди преку МЕПСО, бидејќи според законската регулатива државата преку привилегирани тарифи ја откупува струјата произведена од сонце, ветер и биомаса.

Инвестицијата е околу 100.000 евра, од кои 70 отсто се сопствен капитал, а 30 отсто од кредитна линија на ГЕФ, програма на Светска банка.

Но, Марковски не застанува тука. Тој очекува ваквиот проект за изградба на сончеви централи да добие поширока примена во целата држава и веќе ја промовира идејата за 10.000 сончеви покриви во Македонија. Целта е преку една ваква инвестиција, која ќе ја поддржи државата, со поволни кредити граѓаните сами да произведуваат струја.

-На тој начин и парите и струјата ќе останат во Македонија. Доколку има странски инвеститор струјата ќе остане тука, но парите ќе отидат надвор. Освен тоа Македонија ќе добие една огромна соларна централа од 40 мегавати, која ќе произведува чиста зелена струја во наредните 50 години, а ќе се отворат и нови работни места - вели Марковски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=408&ArticleID=25818
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.