build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бизнис со недвижности

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 17-Apr-2010 at 14:41

уф ако се наоѓа нешто за 25 евра тоа е топ, но како што кажа зависи каде! претпоставувам фактор плус е и урбанизацијата, дали има асфалтиран пристапен пат, кој по логика на нештата е обврска на општината, но бидејќи општината каска на овој план воедно и цената паѓа, исто сега е поволен момент заради секнатата светска економија, та и затоа се интересирам колку навистина се исплати сега да се инвестира таму во плац кој подоцна би се распродал поповолно! 

исто ме интересира доколку некој има абер колку одат сега плацевите накај горно нерези, претпоставувам тука урбанизација сеуште не допрела!? 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 17-Apr-2010 at 12:10
Мојот плац е праисториски и цените по кои земен одавна не кореспондираат со реалноста.

Колку точно беа во 2005 година цените незнам но знам дека Сончев град ги набилда до околу 100ЕУР/квадрат.

Денеска колку што следам може да се најде пристоен плац од 25-50ЕУР/квадрат, во зависност од позиција, дали е поврзан на водовод, дали има струја и сл.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 17-Apr-2010 at 01:05

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=63055#63055

 а кога веќе ја свртевте на сопиште, колку беа цените на квадрат земја во 2005 а колку се сега!? знам припор заминаа апла угоре од 7 евра сега на над 100 евра, додека сопиште мислам сеуште ситуацијата е во нормала бар додека не го кренат сончев град!?

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 09-Apr-2010 at 15:17

Бројките велат - низок старт, теренот – градежна експанзија

Несовпаѓање меѓу статистиката и реалноста

gradba
Бројот на издадени одобренија за градба во февруари годинава изнесува 212. И, во однос на февруари лани, тоа претставува намалување од девет проценти, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика. Од вкупно издадените одобренија, дури 159, или 75 отсто, се наменети за објекти од високоградба, 16 или 7,5 отсто се за нискоградба, а 37 или 17,5 отсто за реконструкција.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење изнесува над 32 милиони евра, што е за 12,5 проценти повеќе во однос на февруари минатата година. Од вкупно 212 објекти, кај 175 од нив, или 82,5 отсто, инвеститори се физички лица, а кај 37 или 17,5 отсто - деловни субјекти.

Предвидена е изградба на 300 станови, со вкупна корисна површина од 26.531 квадратен метар.

Ваквите податоци укажуваат на бавен почеток на градежната сезона. За разлика од лани, кога во време на криза имаше поголема градежна активност, првите два месеци од годинава се издадени значително помал број дозволи за градба. Така, во првиот месец од годинава издадени се за 34 отсто помалку дозволи во споредба со истиот месец лани, а во февруари за девет проценти помалку од лани.

Наспроти ова, на терен постојано се гради. И тоа, најмногу станбени објекти кои се најбарани. Ваквите состојби за познавачите претставуваат почеток на градежна експанзија, бидејќи на терен веќе чекаат голем број проекти за реализација. Само во февруари почнале да се градат 300 нови станови, а вкупната вредност на објектите за кои се издадени дозволи во овој месец е проценета на 32 милиони евра. Во тек е и изградба на социјалните станови кои ги гради државата, односно станува збор за вкупно 37 згради, а се градат и станови за припадниците на Армијата.

Министерството за транспорт речиси секој ден на јавно наддавање распродава државно земјиште. Целта на ваквата брза продажба на државното земјиште е да се влијае врз намалување на цената на станбениот квадрат. Но, експертите велат дека оваа акција ќе влијае само на раздвижување на градежниот бизнис и на ангажирање поголем број градежни работници, но не и на намалување на цената на квадратот.
Сепак, според градежниците процедурата за добивање градежна дозвола се уште е комплицирана, а проблем претставуваат бавната општинска администрација и големиот број детални урбанистички планови, кои се уште не се донесени во некои општини. 

Иако на пазарот за недвижности расте побарувачката за станови, градежните компании ги мачат истите проблеми кои минатата година ја кочеа градежната експанзија. Покрај спорото издавање на документацијата од општините и недостигот од земјиште за градба, еден од постојаните проблеми во секторот се задоцнетите плаќања од страна на клиентите и зголемените финансиски трошоци на компаниите.

Градежниот бизнис веќе долго време е во стагнација. Државниот завод за статистика речиси секој месец минатата година регистрираше пад на градежните работи дома и во странство. Останува да видиме дали годинава ќе заврши негативниот тренд во градежништвото.                                                                                                                                                                                                                                                                            http://www.biznis24.com.mk/node/7172  
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 09-Apr-2010 at 11:03

омпаниите што би почнале изградба сега не би успеале да ги завршат градежните работи и да ги продадат станбените единици до крајот на 2011 година, до кога трае рокот за повластената стапка на ДДВ од пет отсто

 
 
%20  

Ограничениот рок на повластената стапка на ДДВ за станови, како и несмалените цени на материјалите и административните трошоци се меѓу главните причини што веќе два месеца се издаваат помалку градежни дозволи отколку порано, сметаат управителите на некои градежни фирми. Според податоците за февруари, кои Државниот завод за статистика ги објави пред три дена, падот во однос на истиот месец лани изнесува девет отсто. Иако овој резултат е многу подобар во однос на јануарското 35-процентно намалување, сепак, покажува дека оваа стопанска гранка и натаму стагнира.

Становите се продаваат со повластена стапка на ДДВ од 4 септември минатата година, кога Владата одлучи да ја намали од 18 на пет отсто, а одлуката ќе има важност до 31 декември 2011 година. Премиерот Никола Груевски тогаш рече дека тоа е вистинска мерка што треба да се донесе во време на криза, не само за да овозможи повеќе граѓани да си го решат станбеното прашање туку и да го заживее градежништвото, а со тоа и дваесетина други дејности. Но овој потег, според градежните компании, само делумно ја постигнува својата цел, односно овозможува полесно да се продадат веќе изградените станови, а не поттикнува градење нови. Ако сега се обезбеди градежна парцела, објаснуваат управителите на градежните компании, би било многу тешко да се направи вселива станбена зграда пред крајниот рок и да се обезбедат сите документи за неа, а згора на сé да преостане доволно време за да се продадат новите станбени единици по пониски цени поради понискиот ДДВ.

- Ние, како градежни фирми, бараме тој рок да се продолжи, бидејќи само на тој начин би се постигнала една од главните цели, а тоа е да има нови вработувања на градилиштата - рече Љупчо Бораниев, управител на „Бортас“.

Чедо Додевски од „Ми-Ва градба“, пак, смета дека не само што треба и во иднина данокот на додадена вредност за становите да остане пет отсто, туку тој треба да се намали и за градежните материјали, а да поевтинат и административните услуги.

- Тоа е само мало олеснување за градежниците. Тешко дека ќе дојде до значително поевтинување на становите ако нашите трошоци и понатаму растат. Еден тон челична арматура чинеше 450 евра пред само месец и половина, а сега е 650 евра. Можно е и во иднина да се зголемат цените на материјалите, па ако се врати старата стапка на ДДВ условите ќе бидат многу полоши - додаде тој.

Во Министерството за финансии, пак, сметаат дека иако одлуката за намален ДДВ има привремен карактер и ограничен рок, сепак им дава добра можност на градежните компании да ја зголемат понудата на пазарот.

- На тој начин треба да се намали цената на квадратниот метар, што, секако, е во интерес на граѓаните - велат од кабинетот на министерот Зоран Ставрески.

Статистичките податоци од државниот завод покажуваат дека минатата година просечната цена за квадратен метар станбена површина се спуштила, но не за очекуваните 13 отсто, колку што изнесуваше намалувањето на ДДВ, туку за седум отсто. Пад на цената од три отсто бил забележан во првата половина на 2009 година, кога сé уште не беше ниту најавена владината мерка, а од јули до декември имало намалување за уште четири отсто.Во декември еден станбен квадрат чинел речиси 52.000 денари, а дванаесет месеци претходно цената изнесувала околу 57.000.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=49101012354&id=10&prilog=0&setIzdanie=21954

 Намалување на цените на становите
     
   просечна цена  намалување во однос
   во декември 2009  на декември 2008
     
 Македонија  51.644 денари  7 отсто
 Скопје
 56.795 денари  1 отсто
 Другите населени места 
 41.480 денари  14,2 отсто          
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 07-Apr-2010 at 20:02

Бавен старт на градежната сезона?

Бавен старт на градежната сезона. За разлика од лани кога во време на криза имаше поголема градежна активност, првите два месеци од годинава се издадени значително помал број дозволи за градба. Според статистичките податоци- во јануари за 34 отсто помалку- февруари за 9 отсто помалку од лани.

Наспроти ова на терен постојано се гради, најмногу станбени објекти а Министерството за транспорт речиси секој ден на јавно наддавање распродава државното земјиште. Ваквите состојби за познавачите претставуваат почеток на градежна експанзија оти тврдат дека на терен веќе чекаат голем број проекти за реализација. Само во февруари почнале да се градат 300 нови станови, а вкупната вредност на објектите за кои се издадени дозволи во овој месец е проценета на 32 милиони евра. Во тек е и изградба на социјалните станови кои ги гради државата- вкупно 37 згради а се градат и станови за припадниците на АРМ.

Сепак, според градежниците процедурата за добивање градежна дозвола е комплицирана. Проблем претставува бавната општинска администрација и големиот број детални урбанистички планови кои се уште не се донесени во некои општини...
07.04.2010, 16:42                                                                                                                   http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=59127 



Edited by pbanks - 07-Apr-2010 at 20:11
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 06-Apr-2010 at 12:32

Намален број на издадени дозволи за градба

Автор:
06 април 2010, 12:55
Извор: Макфакс
Скопје

Во февруари годинава се издадени 212 одобренија за градба што е за 9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Ова денеска го соопшти државниот завод за статистика, додавајќи дека од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (75 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.5 отсто) за објекти од нискоградба и 37 (17.5 отсто) објекти за реконструкција.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 976 193 илјади денари, што е за 12.5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 212 објекти, на 175 (82.5 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 37 објекти (17.5 отсто) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 300 станови, со вкупна корисна површина од 26 531 метри квадратни./крај/со/мп                                                                                                                                                   http://www.time.mk/read/10b7461351/9cfeaaa8d1/index.html  

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 17-Dec-2009 at 11:21
ГРАДЕЖНИЦИТЕ СО ПРЕГОЛЕМИ АПЕТИТИ
Скопје со поскапи станови од Виена

Наталија Скалова

Цените на недвижниот имот во Македонија се повисоки и од тие во најпознатите европски метрополи како Берлин, Виена и Париз, тврдат трговците со недвижен имот. Но, градежниците не се задоволни и со ова, па најавуваат дека со добивањето на датум за преговори во ЕУ цените на становите ќе се зголемат до 40 проценти. Со тоа, Скопје ќе биде најскапа европска метропола уште пред да влезе во Европската унија. На веб-локациите за недвижен имот стои оглас според кој за да се купи огромен плац од 3.000 квадратни метри на кој може да се направите ранч, во близина на Виена, се потребни само 33.000 евра. Ваков плац во скопско Сопиште чини 210.000 евра. Пристојни станови во Виена се продаваат по цена од 80.000 евра. Покрај море, како во Валенсија, во Шпанија, може да си купи апартман со две спални соби и со две бањи, во зграда со сопствен базен и со поглед на море, за 99.000 евра. Но, и покрај ова, нашите градежници очекуваат дека со добивањето датум за преговори, странците што ќе инвестираат тука ќе сакаат да купат стан по цена што ќе биде за 50 проценти повисока од таа кај нив. Томе Костадиновски од фирмата „Конструктор инженеринг“ вели дека со добивањето датум за преговори цената на становите ќе се зголеми за 40 проценти, а слични прогнози најавуваат и другите градежни компании. - Сега градиме кај „Алумина“ во населбата Тафталиџе, а становите очекуваме да се продаваат по цена од 1.500 евра за еден квадратен метар. Со добивање датум за преговори цените, сигурно, ќе се зголемат. Тогаш повеќе ќе се гради, повеќе ќе се купува. Очекуваме повеќе инвеститори и поголеми плати, тогаш би имале европски плати - вели Чедомир Додевски, од градежната компанија „Мива градби“.
Додевски признава дека и сега цените се високи, но, според него, тој што мора да купи ќе купи стан.
Според Ѓорги Николов, од фирмата „МЃ инженеринг“ побарувачка на станови нема, но и покрај тоа цените на становите треба да растат, а не да се намалуваат. - Со добивањето датум за преговори луѓето ќе имаат поголема сигурност и цените, сигурно, ќе пораснат. Цените сега се ниски. Во Центарот на градот реална цена од еден метар квадратен е 1.200 евра. Но, нема економска оправданост да се намалат цените и покрај тоа што нема побарувачка. По Букурешт продажбата застана. Место да се продаваат 100 стана годишно се продаваат по пет до шест стана. Но, подобро да не го продадам станот и да земам кредит отколку да го продадам станот и да остварам загуба - објаснува Николов. Тој вели дека само во поранешните југословенски републики се уште се плаќаат комуналии, за разлика од европските држави, кои не плаќаат вакви даноци на државата.
Агенциите за недвижен имот, пак, се револтирани од ваквите најави на градежниците најавувајќи дека ќе формираат здружение за да се заштитат купувачите. - Нереално е да се зголемат цените на становите бидејќи и сега се многу скапи. Европската унија ги намали цените, а ние ќе ги зголемуваме. Цената на еден квадратен метар стан во центарот на Берлин е 1.000 евра, а кај нас е 1,200 евра. Кој ќе купува стан? Некој од ЕУ ќе дојде да купи? Кај нас нема стандард за да се купи стан по овие цени, а не па по повисоки цени. Треба да бидеш буџетар со плата од 30.000 денари за да купиш стан - вели Сашо Поп Илиески, сопственик на агенцијата за недвижен имот „Хепинес“.
Според него нема никаква логика за да се зголемат цените.
- Ниту материјалот за градба е поскап, ниту работната рака. Работници земаат од внатрешноста и ги плаќаат само по осум илјади денари, без притоа да им обезбедат престој и храна. Сакаат да соберат 200 проценти приход. Сега сосе комуналии изградбата на еден квадратен метар стан чини 500 евра, а тие ќе се продаваат по 1.500 евра - револтиран е Илиоски.


Цените не паднаа со пониското ДДВ


По намалувањето на данокот од 18 на пет проценти речиси ниту една фирма не ги поевтини становите, тврдат градежниците.
- За да се намалат посериозно цените треба да се намалат и цените на материјалите за градба – објаснува Томе Костадиновски, од фирмата „Контруктор инженеринг“.
Само од фирмата „Бортас“ ни изјавија дека ги поевтиниле становите за 12 проценти.
- Становите што ги продававме по 970 евра за еден квадратен метар сега ги продаваме за 880 евра. Продажбата веднаш ни се зголеми од два стана на 20 стана месечно – информира Љупчо Бораниев, директорот на фирмата.

                                                    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1894&ArticleID=129214                                                                                                       < = < =
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 19-Nov-2009 at 12:29

Нов стан нема ни за лек

Бројот на новоизградените станови е многу мал, во споредба со старите што се продаваат и за кои не важи повластената намалена стапка на ДДВ, предупредуваат градежниците

%20
Во Македонија нема готов стан за пазар. Бројот на новоизградените станови е многу мал, во споредба со старите градби што се продаваат и за кои не важи повластената намалена стапка на ДДВ. Затоа и нема пад на цената на становите и владината мерка за намалувањето на ДДВ од 18 на 5 % не допира до граѓаните, предупредуваат упатените во градежниот сектор. Инвеститорите се жалат дека и покрај падот на ДДВ за становите, цените на градежните материјали не се намалени.

- Градежните фирми плаќаат 18 % ДДВ на УЈП, додека влезот за стан е 5 % и тука треба да се направи пребивање. Компаниите данокот го плаќаат однапред и понекогаш се потребни повеќе од 60 дена за поврат на ДДВ. Тоа значи дека нема протек на капитал, односно врзани ни се парите - тврдат градежните фирми. Тие додаваат дека непотребно во јавноста се создала фама дека становите нагло ќе поевтинат.

- Намалувањето на ДДВ важи само за новоизградени станови. Доколку се купи стар стан или втора продажба, веќе нема повластена стапка на ДДВ.

Кога на ова ќе се додаде и отежнатиот пристап до банкарски кредити и високите каматни стапки тешко може да се очекува пад на цените на становите - предупредуваат од градежниот сектор. Очекувањата на Владата беа дека становите ќе поевтинат за 13 % колку што изнесуваше и намалувањето на ДДВ-то. Агенциите кои се занимаваат со промет на недвижности сметаат дека инвеститорите не сакаат да се откажат од профитот и се обидуваат владината мерка за намалувањето на ДДВ да ја искористат за себе.

- Нема никакви поместувања. Постојано доаѓаат луѓе и прашуваат, но ниту се намалиле цените, ниту е зголемен прометот. Дури ни пријавуваат и поскапи станови, иако и ние очекувавме да се намалат цените - велат од „Имиџ дом“. Од јавното станбено претпријатие, како најголем градител на станови во земјата, сметаат дека цената на становите треба да се намали од 11 до 13 отсто.

- Клучниот проблем е тоа што порано никој не уплаќаше ДДВ за купување станови, освен големите фирми и ние како јавно претпријатие. Затоа приватниците немаат интерес да ги намалат цените, бидејќи не го ни плаќале данокот - смета Зоран Мисовски, директор во ЈПССДП. Тој појаснува дека досега становите се градени на име на физички лица, кои не се ДДВ-обврзници.

Дел од македонските банки веќе ги намалија и каматните стапки за станбен кредит. Она што сепак се смета како отежнувачка околност се високите обезбедувања и гаранции што банката ги бара од граѓаните и фирмите пред одобрување на кредитот.

Кај различни банки ваквите обезбедувања, во вид на хипотека на недвижен имот, достигнуваат и до 250% од износот на кредитот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111991045349&id=10&prilog=0&setIzdanie=21841
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 04-Nov-2009 at 14:31
ПО ОДЛУКАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ
Расте продажбата на нови станови Градежните компании почнаа да ги намалуваат цените на становите пред да влезе во сила мерката за намалувањето на данокот на додадена вредност за промет на станови од 18 на пет проценти. Нога повлече фирмата „Бортас“, која ги намали цените на становите за 12 проценти. Другите фирми најавија дека ќе ја следат, но дека ја чекаат официјалната примена на законот. Измените во законот треба да влезат во сила за десетина дена. Според агенциите за недвижен имот, мерката нема значително да влијае на раздвижување на пазарот, зашто 70 проценти од прометот го формира купопродажбата на стари станови за кои не се плаќа ДДВ. Градежната компанија „Бортас“, пак, е презадоволна од ефектот на намалениот данок што го има врз продажбата на нови станови. - Ако порано продававме еден до два стана месечно, сега за две недели се продадоа 13 станови. Секој ден склучуваме по еден до три договори за продажба. Цената на еден квадратен метар во скопската населба Расадник сега се движи од 880 до 1.014 евра во споредба со порано, кога квадратот чинеше од 980 до 1.400 евра. Ефектот е економски, не политички. Тоа се пари на државата, а не на инвеститорот. Таа тие ги дава за стимулација на поголема изградба и за поттикнување на побарувачката - вели Љупчо Бораниев, директор во градежната компанија „Бортас“. Во градежната фирма „Тим - инженеринг“ велат дека ќе ги намалат цените на становите, но дека се уште прават калкулации за колкав процент ќе биде тоа. - Ќе има намалување на цените, но не знам да кажам за колку. Мерката е стумулативна, но нема многу да влијае на зголемување на продажбата поради скапите станбени кредити и лошиот кредитен потенцијал на населението - велат во „Тим - инженеринг“. Според агенциите за недвижен имот, за да се зголеми вкупниот промет со станови, вклучувајќи ги и старите, потребно е намалување на данокот на промет со недвижен имот, кој сега е три проценти. - Многу често каталошката вредност според која државата пресметува данокот е поголема од вистинската купопродажна вредност на имотот. Тоа дополнително и неоправдано ја оптоварува цената на становите - вели Сашо Поп Илоски, директор на агенцијата за недвижен имот „Хепинес“. На почетокот од септември Владата најави дека намалувањето на ДДВ за промет на станови за 13 проценти ќе придонесе во ист толкав процент да се намали цената на станбениот простор. Според премиерот Никола Груевски оваа двегодишна мерка ќе го реши станбеното прашање на многу граѓани.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1858&ArticleID=125800
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 29-Oct-2009 at 14:22

Ќе има ли кираџии за новите канцеларии?

Во моментов во Скопје се градат околу 20.000 м2 нов деловен простор, распореден во 5-6 објекти во поширокото централно градско подрачје. Познавачите на пазарот за недвижности се скептични дали оваа количина на нови квадрати ќе има кој да ја закупи. Иако една анализа од 2008 година вели дека во тој период побарувачката за деловен простор во Скопје изнесувала околу 48.000 м2, наспроти понудата од 37.000 м2, во моментов агенциите за недвижности што ги контактиравме велат дека заради економската криза масовно се откажуваат изнајмените простории и се одложуваат плановите за купување или изнајмување на нов деловен простор. 

Иако во Скопје има недостаток на модерен деловен простор од врвна класа и голем број на фирми се сместени во импровизирани канцеларии, по станови и куќи, во моментов пазарот покажува дека цените за купување или изнајмување на квалитетен деловен простор, сe уште се високи за повеќето од нив, особено во услови на рецесија. Банките, телекомуникациите и останатите платежно поспособни сектори веќе горе -долу го имаат решено прашањето на нивните деловни простории, што значи дека потенцијали закупци на новиот деловен простор остануваат малите и средни фирми. Сепак инвеститорите во деловен простор се оптимисти. Веруваат дека побарувачката за квалитетен деловен простор на среден рок ќе се зголеми, особено по стабилизрањето на економската состојба и напредувањето на Македонија кон евроинтеграциите, што ќе привлече нов бран на странски инвестиции. 

“За деловниот простор од т.н. А класа, или како што ние го нарекуваме бизнис центар со пет ѕвездички, најзаинтересирани се странските компании што се веќе присутни на македонскиот пазар, или пак планираат да влезат. Ние сме во фаза на едукација на пазарот, за тоа што значи А класа деловен простор, кој до сега практично не постоеше”, велат во Хипо Алпе Адриа Лизинг, инвеститори на новиот бизнис центар Хипериум. Во компанијата велат дека тие веќе имаат неколку големи закупци кои ќе почнат да се вселуваат од почетокот на 2010 година. Дали нивните стапки ќе ги следат помалите компании, останува да видиме.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=19534
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 09-Oct-2009 at 15:33
Можеби вака од дистанца апостериори примената кога ќе се погледне може да се види дека и друг начин имало да се влијае на цената на становите. Односно днаместо да се идеше со намалувањето на ддв-то може би владата требаше да се обиде преку јавното претпријатие да понуди пониска цена па јавното претпријатие како најголем градител пазарно да ги потегне другите компании да ја смалат цената.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 09-Oct-2009 at 13:37
Последниот пасус е за во урбана мафија. Очигледно некои дупки во законите намерно не се затнуваат долго време Roll%20eyes

ДДВ падна, становите не поевтинија!





 

И покрај намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, цената на станбениот квадрат во државата остана иста, велат од агенциите за недвижности

 
 
%20  

И покрај намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за изградба и промет на станови, цената на станбениот квадрат во земјава остана иста. Инвеститорите не сакаат да се откажат од профитот и се обидуваат владината мерка да ја искористат за себе, реагираат граѓаните и Агенциите за недвижности. Токму намалувањето на ДДВ требаше да предизвика бум во станбената изградба и драстичен пад на цената на становите. Премиерот Груевски рече дека со најновата владина мерка се очекува становите да поевтинат до 13 отсто и да се интензивира станбената изградба.

- Има две работи што се важни. Повеќето од фирмите не сакаат да ја прифатат иницијативата на Владата и да ги спуштат цените. Ние ги намаливме цените и реакцијата на граѓаните е огромна. Наместо еден стан за еден месец, сега продаваме 8 стана за 20 дена. Со тоа и очекуваниот ефект на Владата е направен преку собирање повеќе ДДВ - ни изјави Љупчо Бораниев од фирмата „Бортас“. Од агенциите за промет со недвижности истакнуваат дека, и покрај зголемениот интерес на граѓаните, не е намалена цената на становите што се нудат на пазарот.

- Нема никакви поместувања. Постојано доаѓаат луѓе и прашуваат, но ниту се намалиле цените, ниту е зголемен прометот. Дури ни пријавуваат и поскапи станови, иако и ние очекувавме да се намалат цените - велат од „Имиџ дом“. Упатените во оваа проблематика сметаат дека е потребно да се намали ДДВ и за градежните материјали, за да има вистински ефекти од мерките на Владата. Но и тука ставовите се поделени.

Ако данокот за градежен материјал се намали на 5 отсто за станбена изградба, кој ќе контролира каде ќе се користи тој материјал со повластена даночна стапка. Затоа подобро е за градежните материјали да остане 18 отсто данок, велат нашите соговорници.

И во агенцијата „Партенон“ велат дека становите сé уште држат цена. Она што во моментов оди како алва се собите за изнајмување, со почетокот на студиската година, додаваат оттаму.

Од „Штеф пром“ нагласуваат дека, и покрај зголемениот интерес кај граѓаните, цените не се намалени. Од контактите со инвеститорите разбрале дека тешко може да има коригирање, односно намалување на цената на станбениот квадрат. Цената на становите во државата се движи помеѓу 600 и 1.500 евра во зависност од локацијата. Ова е релативно висока цена во споредба со земјите од регионот. Во Несебар, Бугарија, на 50 метри од плажа се продава стан по цена од 800 евра за квадрат. Во Албанија цените се уште попривлечни. На море во туристичките центри се нудат апартмани и по 580 евра за квадрат.

Приватниците и досега не плаќале ДДВ


Од јавното станбено претпријатие, како најголем градител на станови во земјата, велат дека цената на становите сигурно ќе се намали од 11 до 13 отсто. За дел станови што ги нудат, наместо досегашните 845 евра, веќе формирале и нова намалена цена од 730 евра по квадрат.

- Клучниот проблем е тоа што досега никој не уплаќаше ДДВ за купување станови, освен големите фирми и ние како јавно претпријатие. Затоа приватниците немаат интерес да ги намалат цените, бидејќи не го ни плаќале данокот - ни изјави Зоран Мисовски, директор во ЈПССДП.

Тој појаснува дека досега становите се градени на име на физички лица, кои не се ДДВ-обврзници.

Шемата е следна: инвеститорот зема одобрение за градба и локација на име на физичко лице и на тој начин избегнува да плати ДДВ. Откако ќе ја изгради зградата, сите имотни листови се водат на едно име. Потоа никој не го спречува сите 10 стана, на пример, да ги продаде. Во другите земји не може да се отуѓи повеќе од еден стан, со што се спречени ваквите злоупотреби. Од ЈПССДП најавуваат почнување масовна станбена изградба токму заради зголемената побарувачка на станови.

 
   
Автор: Александар С. Димковски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099913239&id=10&prilog=0&setIzdanie=21808
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 30-Sep-2009 at 15:33

ДДВ за становите помина во Собрание

Пратениците ги прифатија законските измени со кои се намалува стапката на ДДВ од 18 на пет отсто за продажба на новоизградени станови

Опозициските пратеници бараат да се намали и стапката на данокот на додадена вредност за градежните материјали, покрај таа за становите, за да се подобри состојбата во градежништвото и граѓаните полесно да дојдат до стан.

На вчерашната собраниска седница помина првото читање од измените на Законот за ДДВ со кој ставката за становите се намалува од 18 на пет отсто. Заменик-министерот за финансии Недим Рамизи образложи дека предложеното намалување на даночната стапка се однесува на првиот промет со станбени згради и станови, кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата. Тој додаде дека се очекува цената на станбениот простор да се намали за 11 отсто и со тоа станбениот простор да стане подостапен за граѓаните.

Позитивни ефекти од предложените измени, како што рече Рамизи, се стимулирање на изградбата на станови од страна на градежните претпријатија, заживување на градежништвото, но и на другите стопански гранки поврзани со изградбата на станбениот простор.

Повластената даночна стапка од пет отсто ќе се применува до 31 декември 2011 година.

За Миле Андонов од СДСМ прифатливо е намалувањето на даночната стапка кај новоизградените станови, но смета дека не е доволно за во целост да се оствари она што сака и Владата - подобрување на состојбите во градежништвото и другите дваесетина занаетчиски гранки и полесно да дојдат граѓаните до стан.

Според него, овој ефект би можел да се оствари само со намалување на стапката и за градежните материјали.

Со ваков став беа и неговиот сопартиец Томе Чинговски и Роза Топузова-Каревска од ЛДП.

- Ако не се намали ДДВ кај градежните материјали, ефектот од измените ќе биде многу мал - рече Чинговски.

Според Топузова-Каревска, ако не поевтинат градежните материјали, станбениот простор нема да поевтини. Според неа, позитивни ефекти ќе има само кај становите што ги гради државата.

За Марјанчо Николов од СДСМ измените во делот на намалување на стапката на ДДВ за становите нема да придонесе за подобрување на состојбата во градежништвото и на намалување на цената. Според него, на тоа може државата да влијае со зголемување на понудата преку изградба на становите.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=03C65BBCF9CE184B9153D7127873A495
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 28-Sep-2009 at 16:11

Лизингот за станови недостапен за граѓаните





 

Во Македонија функционираат десетина лизинг-друштва, но ниедно од нив не успеа да го воведе кредитирањето становиВо делот на лизингот за недвижности има двојно плаќање на даноците, што го прави неатрактивен за граѓаните, во однос на хипотекарните кредити што ги одобруваат банките. Втората причина е што лизингот се издава на пократки рокови во однос на банкарските кредити - Огнен Малески, управител во „Еуролизинг“

 
 
%20  
„С-лизинг“ е нова компанија на македонскиот финансиски пазар што ќе им дава лизинг-услуги за граѓаните. Почетната инвестиција на компанијата, која е во сопственост на Штаермаркише шпаркасе банката, која влезе со капитал во Инвестбанка, ќе изнесува 10 милиони евра, кои ќе бидат искористени за одобрување лизинг за патнички и комерцијални возила. Третина од овие средства би биле наменети за набавка на опрема и машини за малите и за средните претпријатија. Целта на компанијата е да стане водечка на македонскиот пазар, каде што веќе работат 8 лизинг-друштва.

Лизингот во нашата држава е релативно млад производ во македонскиот финансиски систем, кој профункционира пред четири-пет години. Во овој период тој беше најприфатлив за граѓаните за купување нови автомобили. Тој остана недоволно развиен во другите сегменти, како што е одобрувањето финансиска поддршка за набавка на опрема и машини, додека во прометот со недвижности, а особено на купување станови, воопшто не почна.

Ни новата „С-лизинг“ нема да го рашири пазарот во делот на недвижностите.

- Ние се занимаваме само со лизинг на возила и опрема и машини. Во нашата групација имаме и фирма за лизинг за недвижности, но кога ќе дојдат до тоа зависи од нивната политика. Сепак, за купувањето станови и стои на располагање и нашиот партнер Инвестбанка. Ние веруваме дека малите економии имаат огромен потенцијал и со својата флексибилност можат полесно да закрепнат. Сакаме со нашето искуство и потенцијал да помогнеме во развојот на македонската економија - изјави Саша Боко, директор на С-Лизинг.

Огнен Малески, управител во „Еуролизинг“, вели дека една од причините за недоволното присуство на лизинг-услугите е различната економска структура со другите земји во регионот и во Европа.

- Лизингот постигна добар успех кај автомобилите, кога во некои периоди учествуваше со 40 проценти од вкупно продадените возила. Лизингот потфрли кај опремата и машините, зашто остана проблемот со гаранцијата за одобрените заеми за малите и за средните фирми. Најчесто побаруваа средства луѓе-почетници во бизнисот, кои немаа други средства да гарантираат за одобрениот лизинг. Самата машина или опрема не можеше да биде земена за гаранција, бидејќи тоа е специфична и за одредена намена, која тешко може да му се продаде на друго лице во случај на одземање поради нередовно исполнување на обврските кон лизинг-компанијата - вели Малески.

Во делот на лизингот за недвижности, односно становите, тој вели дека има двојно плаќање на даноците, што го прави неатрактивен за граѓаните, во однос на хипотекарните кредити што ги одобруваат банките. Втората причина е што лизингот се издава на пократки рокови во однос на роковите што се одобруваат во банкарските кредити.
 
   
Автор: М.Р.Ј.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92891017225&id=10&setIzdanie=21798
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 04-Sep-2009 at 16:01
Мислам дека пресудно за ваков потег било и непријавувањето никој на тендерите за земјиште наменето за станови и онаа рачуницата на нова македонија околу исплатливоста па затоа и мислам дека се пристапило кон вакво решение. Далеку од тоа дека цените ќе паднат за сите цели тринаесет проценти колку што е намалувањето на данокот. Во еден дел овој процедн ќе иде за стимулација на градежните компании, а помал дел ќе заврши како поевтинување на купувачите.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 04-Sep-2009 at 14:58
Данокот за купопродажба на станови паѓа од 18 на пет отсто

Владата донесе одлука да го намали данокот што се плаќа за купување и продажба на станови од сегашните 18 на пет отсто. Премиерот Никола Груевски вели дека оваа одлука е донесена по многуте барања од стопанските комори за намалување на данокот за станови.

“Се очекува поголема понуда на пазарот на недвижности како и директниот ефект од намалување на даночната стапка се очекува намалување на вкупната цена на станбениот простор, а со тоа и да биде по достапен за граѓаните на Република Македонија. Со оваа мерка ќе заживее пазарот на недвижности во Македонија, кој е еден од двигателите на економијата во секоја земја“, изјави денеска на прес конференција премиерот Груевски.


Владата веќе го има изработено законот за намалување на даночната стапка и се очекува следната недела да се најде пред пратениците. Законот ќе стапи на сила веднаш по неговото изгласување и ќе важи и за становите кои се уште се во изградба.

Министерот за финансии вели дека очекуваат позитивни ефекти од намалувањето на данокот.

“Досега од оваа ставка во буџетот се слеваа од 10 до 11 милиони евра. Од оваа одлука очекуваме позитивен ефект со тоа што ќе се зголеми продажбата на поевтини станови“, вели министерот Зоран Ставревски.

Од Владата очекуваат намалувањето на данокот да допринесе и за намалување на обидите за избегнување на плаќање на данокот.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=61302&kategorija=2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 04-Aug-2009 at 15:38
Од Altitlan се бесплатно достапни две базични анализи
(PDF формат)


Shopping Mall Development in Macedonia, Autumn 2008

Skopje Office Market Report, Autumn 2008
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 27-Jun-2009 at 13:11
 
 
Во текот на 2008 изградени 1.044 стана

Градежните фирми лани извршиле градежни работи во вредност од 11,3 милијарди денари, што е за 66,3 отсто повеќе во споредба со 2007 година. Според Државниот завод за статистика, лани се изградени објекти во индивидуална сопственост во вредност од 3,9 милијарди денари.

Во текот на 2008 година се граделе вкупно 1.082 објекти, а се завршени 1.044 станови со вкупна површина од 62.352 квадратни метри, од кои 820 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 59,7 квадратни метри. По региони, најмногу се градело во скопскиот регион, пелагонискиот и во вардарскиот.
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 25-Jun-2009 at 17:42
Цените на становите паѓаат, во Битола интензивно се гради
Четврток, 25 Јуни 2009 17:52
CVETANKA%20zgradi%203Светската економска криза предизвика психолошка реакција кај граѓаните која се манифестираше со застој во продажбата на недвижностите, по што следуваше извесен период на нормализирање на продажбата, но во последните три месеци забележан е значителен пад на цените на становите:

,, Мислам дека тоа се должи најмногу на цената која ланската година по мое беше и вештачки подигната со размислувањето кое постоеше за влез во НАТО и цената се покачи над онаа што требаше да се очекува и сега се движи околу 600 евра по метар квадратен просечно за половен стан, вели Снежана Настевска, агенција за недвижности Стрелец

Големата побарувачка на станбени кредити и отвореноста на банките за хипотекарно кредитирање минатата година им го реши станбеното прашање на многу млади луѓе. Но, тоа не е случај годинава:CVETANKA%20zgradi%20snezana

,, Оваа година некако и банките намалија со одобрување на кредити ја заострија банкарската политика и стравот за отплатување на кредите од страна на граѓаните ја намали побарувачката на станови со тој начин на купување, вели Снежана Настевска, агенција за недвижности Стрелец

Наспроти таквата состојба, во моментов Битола станува градилиште какво што не било во последните десет години:

,, Новоградбата оваа година како да процвета во Битола. Можеби се должи на добрата политика на Општина Битола во однос на одобрување на документацијата за изградба и во однос на тоа што инвеститорите сакаат да ги вложат цените во изградба на станови. Со тоа се зголемува понудата на нови станови по не многу висока цена, вели Снежана Настевска, агенција за недвижности Стрелец

Со тоа граѓаните ќе имаат можност за поголем избор, но дали ќе купат стан ќе зависи од нивната куповна моќ и економската состојба во државата и светот:CVETANKA%20zgradi%201

,, Просечната цена за метар квадратен за половен стан е 600 евра, а за новите кои се градат околу нас од поголемите фирми каде сигурно ќе се сместат 200 семејства од 700 до 750 евра, вели Снежана Настевска, агенција за недвижности Стрелец


Ваквата цена на новите станови е приближно иста со онаа на половните. Но, има и некои инвеститори кои градат згради со помалку станови, а цената кај нив по метар квадратен се движи од 800 па над 1000 евра. Овогодинашните цени на становите во споредба со ланските бележат намалување во просек по 100 евра од метар квадратен.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9444&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.195 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.