build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пазари (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-May-2013 at 08:19
Originally posted by Makedonij


Еве еден нов проект во Радовиш

Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да
добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на
градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот
проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.


- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од
домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па
инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Сеуште не
сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство
или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата
постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата
да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш,
Роберт Велков.


Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со
посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен
паркинг за 80 возила.

[


Nekoi nov proekt e predstaven tuka.... šo e i po verovatno da se sluči






Segašnata sostojba


Od skypers...

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 28-Nov-2012 at 01:02
Новиот градски пазар во Гевгелија ќе биде готов до крајот на 2014

Новиот%20градски%20пазар%20во%20Гевгелија%20-%20визуелизација


Градежната компанија „Бауер БГ“ од Скопје ќе го гради новиот градски пазар во Гевгелија. Локалната самоуправа од градот потпиша договор со скопското претпријатие во вредност од 68.241.598 денари или над 1,1 милиони евра за реализација на првата етапа од проектот. Објектот поделен во три блока е предвидено да се гради на површина од 5.888 метри квадратни заедно со отворен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Идниот пазар ќе биде лоциран во северозападниот дел од Гевгелија во седмата урбана единица, за разлика од досегашниот кој се наоѓаше во строгиот центар на градот.  „Бауер БГ“ доби рок од 24 месеци за да го изгради градскиот пазар, а од Општината истакнуваат дека локацијата е веќе расчистена и подготвена за почеток на градежните работи.

По комплетирањето на објектот, во втората фаза, на просторот ќе се изгради голем супермаркет од страна на приватен инвеститор. Зданието е дел од проектот „Гевгелија 2013“ со кој се планира изведба на нова меѓуградска автобуска станица и на модерен градски плоштад. На локацијата на некогашниот пазар во централното градско подрачје ќе се подигнат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.


#
Објавено на 27.11.2012 во категорија Вести.

Тагови: Автобуски станици, Бауер БГ, Гевгелија, Градска инфраструктура, Деловни, Инфраструктура, Комерцијални, Пазари, Паркинг, Плоштади, Подземни гаражи, Станбени, Супермаркети и хипермаркети


http://www.build.mk/?p=20674
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 13-Sep-2012 at 23:02
Општина Гевгелија ќе гради нов пазар, локацијата за автобуска станица повторно ќе оди на продажба

Локалната самоуправа на Гевгелија објави оглас за избор на компанија која ќе ја реализира првата фаза од изградбата на новото градско пазариште, на локација надвор од строгиот центар на градот. Според публикуваната документација, покриениот пазар ќе се простира на површина од 5.888 метри квадратни, а изведувачот на работите е задолжен да го комплетира заедно со пропратен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Во втората етапа е предвидено да се подигне голем супермаркет како составен сегмент на пазарот. Општинарите сметаат дека зафатот би можел да се оствари во временски период од две години, а како официјален почеток на активностите на терен се споменува ноември 2012 година. Новиот градски пазар е дел од проектот „Гевгелија 2013“, кој предвидува на местото на досегашниот пазар и старата автобуска станица да се изградат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.

Во меѓувреме, Општина Гевгелија е приморана да подготви втор оглас за продажба на градежната парцела на која е замислено да се никне новата меѓуградската автобуска станица. На првото електронско јавно наддавање одржано на 3 септември не се јави заинтересиран инвеститор што би вложил во овој објект, кој е зацртано да се состои од приземје, два ката и поткровје, со максимална бруто развиена површина од 7.686 метри квадратни. Во согласност со ветувањата на локалните власти, Гевгелија во наредните две години треба да добие современа автобуска станица, градско пазариште, како и репрезентативен градски плоштад.

#
Објавено на 13.09.2012 во категорија Вести.

Тагови: Автобуски станици, Гевгелија, Градски плоштад Гевгелија, Деловни, Комерцијални, Пазари, Паркинг, Подземни гаражи, Станбени, Супермаркети и хипермаркети, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=18522
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 02-May-2012 at 20:29
камен темелник на градски пазар во Пробиштип


На денешен ден (25.04.2012) се поставува камен темелник на градски пазар во Пробиштип. Вака започнува текстот што е запишан во Повелбата, која беше ставена во стаклено шише и беше положена во темелите на новиот градски пазар во Пробиштип. Во присуство на неговото високо правосвештенство, Митрополитот брегалнички, господин Иларион, кој го изврши чинот на осветување на поставувањето на камен темелник во Пробиштип, Градоначалници од соседни општини, Советниците во Советот на општина Пробиштип, претставници од бизнис секторот во Пробиштип и голем број на посетители беше изведен чинот на осветување и поставување на камен темелник. По долго време во Пробиштип се поставува камен темелник на еден капитален објект.

Пробиштипјани не го криеја задоволството од отпочнувањето со изградба на новиот градски пазар, како од причина што конечно Пробиштип ќе добие пазар по сите стандарди, така и што конечно просторот каде ќе се гради конечно ќе биде оплеменет. Овој простор е во непосредна близина на центарот на градот, а заради својот несреден изглед оставаше една грда слика за градот, на овој начин целиот овој простор ќе биде оплеменет и ќе даде еден урбан лик, а воедно со ова ќе се прошири центарот на градот со што нема да се сведува само на една улица. Своето задоволство не го криеше ни првиот човек, градоначалникот Тони Тоневски, од причина што токму овој капитален објект беше еден од приоритетните проекти во неговата програма и истиот започнува да се реализира. „Сакам да го искажам моето длабоко верување дека  на крајот на оваа 2012 година повторно ќе се собереме овде и ќе имаме можност свечено да го пуштиме во употреба новиот градски пазар во Пробиштип!“ , рече меѓудругото Тоневски. Изградбата на пазарот е инвестиција вредна 53 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип, истиот ќе се простира на површина од околу 8000 метри квадратни од кои бруто покриена површина изнесува 2300 квадрати, нето површината изнесува 2100 квадрати. Од оваа површина 1600 квадрати се наменети за земјоделски производи, 260 квадрати за продажба на текстил, 124 квадрати за продавници за сирење, јајца и млечни производи согласно ХАСАП системот, простор за млечен ресторант, јавни тоалети, 2700 квадрата простор за партерно уредување во кое се вклучени пристапни патишта, сообраќајници, паркинг простор, како и 3500 квадрата за хортикултурно уредување со поставување на урбана опрема за одмор на граѓаните.

http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=610%3A2012-04-25-13-46-27&catid=41%3Anastani&Itemid=269&lang=mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 02-Feb-2012 at 03:39
Ќе се реновира пазарот во Битола



Битолскиот пазар во Старата Чаршија, ќе се реконструира и просторот ќе се осовременува. Потребата од реконструкцијата на јавното прептијатије му се наметнало со Законот за безбедност на храна кој бара исполнување на минимални технички услови. Претпријатието во овој момент ги исполнувало уловите за таков зафат.


„ Две години работиме со позитивен финансиски резултат има добри резултати прептијатието е ликвидно и сме кредитоспособни и прептијатието може да се јави како инвеститор."- вели Благој Дивитаров директор на ЈП Пазари Битола

7 милиони денари се предвидени за реконструкцијата годинава, прво ќе се работи на исполнувањето на техничките услови од законот, а наредно ќе се работело на максимално искористување на просторот во пазарот.

„ Во сегашната ситуација имаме дел од тезгите кои не функционираат заради одредени причини заради немањето партерно уредување."- вели директорот.


Партерното уредување го почнале во фази за да не им се случи ефектот брзи решенија скапа инвестиција, инфраструктура, водовод, канализација собирање на атмосверските води се во план, веќе со соспствени средства од два милиони денари, асвалтирале улици, поплочиле дел од пазарот, набавиле нови тезги во халата за сирење по ХАССАП стандарди од инокс материјали, останатите пари за реконструкцијата, ќе ги обезбеделе преку кредити. Планираат и од темел да изградат нов пазар, за да ги решат сезонските продавачи.

„ Лубеници, бостан, сите тие сезонски производи нема, не само битолскиот туку ниеден пазар во светот, толкав капацитет кога им е сезоната да ги згрижи, да не прават проблеми кај населението."- вели Дивитаров.



Одобрение добиле и била во процедура измената на Деталниот урбанистички план, која предвидува поголем пазар, кој ќе биде сервис на градскиот пазар, односно на продавачите на мало, на рестораните, хотелите и маркетите, а ќе се разликува од пазарот планиран со ГУП кај француските гробишта, кој требало да биде собирен откупен ценатр, каде робата, би се собирала доработувала, сортирала и пакувала за извоз надвор од државава. Сточниот пазар во Битола, во иднина ќе се дислоцирал, заради безбедност на стоката и луѓето. Приоритет во реконструкцијата на пазарот ќе бидат јајцата и маслинките, кои мора да ги решат до на лето, бидејќи законот за продажба на јајца и маслинки, предвидува продажбата да се врши во затворени и климатизирани простории.





http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44999:kje-se-renovira-pazarot-vo-bitola&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=156
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 29-Oct-2011 at 12:15
Реконструиран “Кванташкиот пазар“ во Струмица

Струмичкиот Кванташки пазар заедно со Сточниот пазар е целосно реконструиран и  повторно е ставен во функција на земјоделците и трговците. Кванташкиот пазар сега се простира на површина од 14.000 м², со асфалтирани 2.500 м², нова фекална и атмосферска канализација во должина од 870 метри, нова водоводна мрежа од 450 метри и дополнително осветлување. Вкупната инвестиција чинеше 5.830.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Струмица, а оваа активност ја организираше ЈПКД “Комуналец“ Струмица, и истиот дава можност за проширување и адаптирање на дополнителен простор.
Со новата комплетна инфраструктура, Струмичкиот Кванташки пазар, за разлика од останатите во Македонија е направен многу помодерен, поорганизиран, каде што самите препродавачи и земјоделци од регионот и пошироко во многу подобри услови би ги нудиле своите производи.

http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant1.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant2.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant3.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant4.jpg

http://www.strumica.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 21-Oct-2011 at 18:03
требаше да заличи овој простор,живеев 5 години во близина и можам да кажам само дека е ова добар чекор,барем за почеток
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 21-Oct-2011 at 14:56
Сликиве со од денеска. Ова е веќе поранешната зграда на пазарот во Тафталиџе. Пазарџиите се преместени во тезги надвор, за што негодуваа и негодуваат уште, ама никој не ги врти (дури им го покачиле и наемот на тезгите за 2000 ден.) - ама тоа е друга тема. Подоле се слики од објект со помали трговски единици, кој е во некоја завршна фаза на реновирање. Имав прилика да го видам проектот за новиот маркет. Тој ќе го задржи габаритот на стариот пазар, истата носива конструкција, а фасадно ќе биде обложен со панели, претпоставувам како на објективе кои се веќе завршени.



MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 04-Sep-2011 at 15:11

Ноќно пазарување во Штип – отворен првиот пазар под рефлектори

Зошто по ден, кога може ноќе. Штипјани пазаруваат под рефлектори. Деновиве профункционира првиот ноќен пазар во Македонија. Граѓаните повеќе од задоволни. Пазаруваат на раат, растоварени од бремето на жештината.

„Ова им требаше на штипјани од почетокот на летото, но за тоа никогаш не е доцна за почеток. Убава замисла за сите како мене кои жештините им се непријател“, коментира Коле Манев - штипјанец, кој пазарењето од дење го преместил за навечер.

„ Практично за сите кои знаат што значат штипските летни пеколни денови. Идејата е повеќе од добра“, дополни Веска Радева -штипјанка редовен посетител на градскиот пазар.

И трговците се задоволни. Ноќното пазарување било благодат. Без нервозни муштерии, без непотребни нервозни ситуации што ги предизвикува пеколното време.

„Убаво, добро, ладничко, муштериите повидно се расположени за купување, ама и за краток муабет, вели Душан Димов –трговец.

„Подобро е. Најбитно времето е посвежо, поладно и повеќе муштерии има по нашите“ тезги дополни неговата колешка, трговецот Лефтерка Конева.

Газдите на градското пазариште, штипското комунално претпријатие Исар, пријатно ги изненади реакцијата на граѓаните. Ноќните тезги биле по посетени отколку преку ден.

„Ноќниот пазар ќе работи се додека временските услови го дозволуваат тоа. На пролет наредната година повторно ќе ги вклучиме рефлекторите за ноќните тезги, најави директорот на ЈКП Исар, Никола Мицевски.

Пазраџиите побрзаа да се пофалат. Профитот двојно им се зголемил откако работи ноќниот пазар. Полните кеси го надополнуваат скусениот сон кај муштериите, а кај пазарџиите пополнетиот паричник.

Дејан Ефремов

http://www.time.mk/read/NONE/5229fefe8b/index.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 17-Aug-2011 at 23:38

Еве и рендерче:

СЕ РЕНОВИРА ПАЗАРОТ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Во Тафталиџе ќе се купува зеленчук на отворено

Предвидено е покриениот пазар каде што сега се наоѓа пазарчето да се урне, новите тезгиња да се постават на отворено, да се покријат со натстрешник и секоја тезга да има приклучоци за вода, струја и за осветление

Пазарчето во Тафталиџе ќе се реновира. Ќе се поставуваат нови тезгиња, кои за разлика од сегашните, ќе бидат на отворено, а ќе се гради и деловен објект веднаш до пазарчето. Предвидено е покриениот пазар каде што сега се наоѓа пазарчето да се урне и на негово место да се изгради новиот деловен објект.
Старите тезгиња ќе се заменат со нови, со модерен изглед. Целиот простор каде што ќе биде пазарчето ќе биде покриен со натстрешник и секоја тезга ќе има приклучоци за вода, струја и за осветление.
"Пазарџиите ќе имаат услови да работат и попладне. Ќе има мало покачување на цените за издавање на тезгињата, но тоа нема многу да отстапуваат од постојните цени", велат од "Скопски пазар".
Деловниот објект пак ќе се гради на површина од 2.500 квадратни метри. Тој ќе биде на еден кат и во него ќе има супермаркет со површина од 1. 500 квадратни метри. Останата површина од 1.000 квадрати ќе биде адаптирана во дуќани.Предвидена е и изградба и на паркинг-простор за 85 возила. Новото пазарче ќе биде готово до крајот на годинава.
(А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=56A5CDD49915004C9117F142F29CFDD5

Edited by Cloverstack - 17-Aug-2011 at 23:41
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 12-Aug-2011 at 19:43
Скопски пазар го модернизира пазарот во Тафталиџе
Александар Поповски -  12 август 2011   14:40 GMT

Компанијата Скопски Пазар  соопшти дека започнала со осовременување на зелениот пазар во скопската населба Тафталиџе.

„Во рамките на проектот ќе биде изграден голем продажен објект и ќе биде модернизиран просторот наменет за поставување на тезгите за овошје и зеленчук“, се наведува во соопштението.

Предвидено е во новиот продажниот објект со површина од над 2.000 метри квадратни да бидат вклучени голем супермаркет, како и повеќе продажни места за услуги од различни дејности.

На отворениот дел од пазарот ќе бидат поставени 90 тезги за овошје и зеленчук, опремени со современа кровна конструкција и соодветно осветлување.

Од Скопски пазар најавуваат дека тезгите ќе бидат изработени според современи стандарди и ќе бидат новитет во Македонија, а за полесен пристап до пазарот ќе биде изграден паркинг простор за 85 возила.

Целокупната реализација на проектот треба да заврши до крајот на годината.

http://daily.mk/cluster3/e03ae44a9d0b5cc00753adf1c2df9573/861508
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 04-Feb-2011 at 17:23

Кавадарци ќе гради современ пазар

Кавадарчани ја оправдуваат потребата од современ пазар, бидејќи во новиот објект ќе има и подземен паркинг

Ангел Данов



КАВАДАРЦИ - Со заем од близу два милиона евра локалната самоуправа ќе гради пазар. Кавадарчани ја оправдуваат потребата од современ пазар, бидејќи во новиот објект ќе има и подземен паркинг. На тој начин ќе се реши проблемот со паркирањето.

Според одлуката на Советот, висината на задолжувањето изнесува 105 милиони денари, а ќе се реализира преку потпишување договор за подзаем со Министерството за финансии. Тоа се средства од проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка.

Опозицијата во Советот на Кавадарци побара максимална транспарентност пред и за време на реализацијата на проектот „Зелен пазар“. „Ние сме против задолжувањето на општината, оти граѓаните ќе треба да го враќаат долгот“, објасни советникот Тошо Радњански.

Одлуката ја бранеше градоначалникот Александар Панов, кој нагласи дека ќе биде привилегија Кавадарци да добие средства за кои владее вистински натпревар меѓу општините. На провокацијата од советникот Радњански дали скапиот проект има економска оправданост, Панов одговори дека и пазарџиите и купувачите ќе добијат многу подобри и посовремени услови.

Одлуката за задолжување ја поддржа советничката група на Панчо Минов. „Секогаш сум за реализација на капитални развојни проекти“, нагласи Минов. Според советникот и актуелен раководител на зелениот пазар, Љупчо Делов, изградбата на објектот е неминовна. „Притиснати сме од законските одредби за ХАЦЦП и од други обврски што мора да ги имплементираме“, објасни Делов.

Програмата за изградба на зелен пазар ќе се реализира во неколку фази, а вкупната вредност, според добиените податоци од пред физибилити- студијата, е 184.500.000 денари. Планирано е средствата да се обезбедат со кредит од Светска банка во износ од 105 милиони денари според направен скен на кредитоспособноста со податоци од буџетот на Општина Кавадарци, а останатите средства ќе се обезбедат преку јавно приватно партнерство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B07DF190126644B851BBB6A019A6E5A
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 21-Jan-2011 at 19:38
Продолжува уредувањето на градскиот пазар
20 ЈАНУАРИ 2011



Финансискиот план и планот за јавни набавки минатата година биле успешно реализирани соопшти денеска на пресконференција директорот на ЈП “Пазари” Пецо Димоски. Одредени активности започнати минатата година како што е допокривање на градскиот пазар за зелени производи на површина од 2 700 м2 се во тек, а планирана е интервенција во делот на текстилниот пазар за допокривање на тој дел од пазарот. Покрај тоа во тек е средувањето на санитарните јазли. Минатата година заврши поплочувањето на пазарот и избушен е еден бунар за подмирување на потребите околу одружување на хигиената. За подобрување на условите на градскиот пазар во изминатиот период покрај поплочувањето на пазарот извршено и поставивање на хидранти, корпи за отпадоци, воспоставен е пазарен ред и се градат санитарни јазли.

- Приоритетно е уредувањето на млечниот пазар и сточниот пазар и реконструкција на управната зграда на јавното претпријатие која што е во навистина лоша состојба, рече Димоски.
Вкупните инвестиции околу допокривање на пазарот,реконструкцијата на административната зграда и уредување на млечниот и сточниот пазар се планира да изнесува околу 450 илјади евра.


http://informator.ws/prilep/prodolzhuva-ureduva-eto-na-gradskiot-pazar
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 28-Oct-2010 at 12:34

Ќе се реконструира млечниот пазар во Прилеп

Млечниот пазар во Прилеп комплетно ќе се реконструира, иако претходно е воведен ХАСАП-стандардот. Во план е да се подигне уште еден кат на објектот, додека другиот дел од околу 1.500 квадратни метри комплетно ќе се реновира. Инвестицијата ќе чини 250 илјади евра


- Ја комплетираме документацијата и веднаш штом ќе дозволат условите, ќе почнеме со реконструкцијата со која ќе ги подобриме условите за продажба на млечни производи и јајца во пазарот - вели Пецо Димоски, директор на ЈКП „Пазари“.

Во централниот пазар, пак, привршува поставувањето на покривната конструкција, што се врши со пари од фирмата и со кредит, а претходно заврши поплочувањето.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1028101039175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22118
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 04-Aug-2010 at 17:49
НО­ВИ­ОТ ПЛАН НА МЕС­ТО­ТО НА ТЕЗ­ГИ­ЊА­ТА ПРЕД­ВИ­ДУ­ВА ЗЕ­ЛЕ­НИ­ЛО

Тез­га­џи­и­те не са­ка­ат да се се­лат од Зе­лен па­зар

Па­зар­џи­и­те од­би­ва­ат да се пре­мес­тат на дру­га ло­ка­ци­ја, се­ле­ње не при­фа­ќа­ат ни­ту, пак, од "Скоп­ски па­зар", од ка­де што ве­лат де­ка пре­мес­ту­ва­ње­то на па­за­рот ја ста­ва на коц­ка суд­би­на­та на над 600 ко­рис­ни­ци на тез­ги и 60 ки­ра­џии на ду­ќа­ни

Па­зар­џи­и­те од Зе­лен па­зар не са­ка­ат да се се­лат. Ко­рис­ни­ци­те на тез­ги­ња и на ду­ќа­ни на вто­ри­от по го­ле­ми­на па­зар во Скоп­је од­би­ва­ат да се пре­мес­тат на дру­га ло­ка­ци­ја. Проб­ле­мот нас­та­на по про­ме­на­та на Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план "Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", спо­ред кој на се­гаш­но­то мес­то на Зе­ле­но па­зар­че е пред­ви­де­но зе­ле­ни­ло. До­де­ка па­за­рот би се пре­се­лил на со­се­ма дру­га ло­ка­ци­ја. Ка­де точ­но би се дис­ло­ци­рал па­за­рот, сe ­уш­те не е де­фи­ни­ра­но, но од Оп­шти­на Цен­тар твр­дат де­ла но­ви­от ДУП мо­ра да се ре­а­ли­зи­ра.
Но и пок­рај вак­ви­те фак­ти, ни­ту па­зар­џи­и­те ни­ту, пак, од "Скоп­ски па­зар" има­ат на­ме­ра да се се­лат. Спо­ред нив, пре­мес­ту­ва­ње­то на па­за­рот ја ста­ва на коц­ка суд­би­на­та на над 600 ко­рис­ни­ци на тез­ги­ња и 60 ки­ра­џии на ду­ќа­ни.
"Ние во­оп­што не пла­ни­ра­ме да се от­ка­же­ме од оваа деј­ност на оваа ло­ка­ци­ја, од при­чи­на што по­ве­ќе од 50% од зем­јиш­те­то е во сопс­тве­ност на 'Скоп­ски п'азар, а цврс­та­та град­ба е ком­плет­но на­ша. Ако по­ра­ди ло­ши­те ДУП-ови 700 се­меј­ства тре­ба да ос­та­нат без нив­на­та ег­зис­тен­ци­ја, то­гаш ние сме­та­ме де­ка сe уш­те има лу­ѓе во др­жа­ва­та што има­ат вол­ја и ин­те­рес да из­нај­дат ре­ше­ние за ова пра­ша­ње" об­јас­ну­ва Са­шо Да­вит­ков­ски, прет­се­да­тел на Уп­ра­вен од­бор на "Скоп­ски па­зар" АД Скоп­је.
Спо­ред пла­нот " Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", пред­ви­де­но е се­ле­ње на Зе­лен па­зар, а на не­го­во­то мес­то е про­ек­ти­ра­но пар­ков­ско зе­ле­ни­ло.
Од Цен­тар ве­лат де­ка во Ге­не­рал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план и во Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план, на мес­то­то од па­за­рот е пред­ви­де­но пар­ков­ско зе­ле­ни­ло.
"Оп­шти­на­та има над­леж­ност да до­не­се де­та­лен ур­ба­нис­тич­ки план, но ре­а­ли­за­ци­ја­та на ис­ти­от за­ви­си од си­те суб­јек­ти оп­фа­те­ни во пла­нот кои се но­си­те­ли на сопс­тве­ност на имот во не­го­ви рам­ки", об­јас­ну­ва­ат од Оп­шти­на Цен­тар.
Во по­че­то­кот на 2009 го­ди­на, до Ус­тав­ни­от суд на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е под­не­се­на ини­ци­ја­ти­ва за оце­ну­ва­ње на ус­тав­нос­та и за­ко­ни­тос­та на од­лу­ка­та за до­не­су­ва­ње на Де­та­лен ур­ба­нис­тич­ки план "Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", до­не­се­на од Со­ве­тот на Оп­шти­на Цен­тар. Ус­тав­ни­от суд кон кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на до­не­се ре­ше­ние, спо­ред кое не се по­ве­ду­ва пос­тап­ка за оце­ну­ва­ње на ус­тав­нос­та и за­ко­ни­тос­та на ДУП-от.
(Љ.С)
http://vest.com.mk/?ItemID=EB60A3652A37E645BB53A30E492AD5B1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 30-Jul-2010 at 16:40

Прилеп ќе гради пазар на големо

Околу еден милион денари ќе вложи ЈП „Пазари“ од Прилеп за адаптација на неискористениот дел од сточниот пазар за простор за големопродажба на земјоделски и на други производи. Тоа е содржината на дел од кредитното задолжување од 3 милиони денари, за кое виза даде Советот на Општината, како основач на „Пазари“. Останатиот дел од кредитот ќе се инвестира во адаптација на руинираната управна зграда и ќе се доврши покривањето на градскиот пазар.

Просторот за големопродажба се резервира за продавачите на зелени производи на ангро, за превозниците со огревни дрва, песок, вар, за стари автоделови, за автопазар и други продавачи. Со овој потег ќе се растовари централното градско подрачје од продавачи со приколки.

- Еден милион денари се насочуваат за покривање на незавршениот дел од пазарот во центарот на површина од 2.200 квадратни метри. Со вториот дел од кредитот ќе се реновира управната зграда, а со еден милион денари ќе се уредуваат околу 4.000 квадратни метри од Сточното пазариште во пазар на големо. Таму ќе се инсталира водоводна и канализациска мрежа и ќе се тампонира до асфалтирање - вели Пецо Димоски, директор на ЈП „Пазари“.

Градскиот совет дозволи „Пазари“ да утврди месечен паушал од 3.300 денари за превозниците на дрва и на песок, а не по 600 до 700 денари за едно влегување и излегување. Советот му го пренесе на ЈП „Пазари“ да го стопанисува и просторот зад меморијалниот музеј „11 Октомври“ за адаптирање на платото за понуда на ракотворби и на сувенири. (Љ.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D4C7552FF2F4564BA679F29B32FABEED
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 19-Jul-2010 at 19:05
Реконструкција на Градскиот Пазар Ресен

ЈКП Пролетер во соработка со Локалната Самоуправа врши реконструкција на Градскиот Пазар.Старата лимена кровна конструкција се прошитува и се заменува со плексиглас со дебелина од 8 мм.Вкупната покриена површина на Градскиот Пазар е околу 600 метра.


1

2

3http://www.resen.gov.mk

Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 19:06
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 06-May-2010 at 22:45

Ќе се осовременува битолскиот пазар

ЈП „Пазари“ најави неколку инвестиции за осовременување на централниот градски пазар и на сточниот пазар во Битола.

- Во оваа календарска година ќе се изврши поплочување на градскиот пазар, промена на покривот и пребојадисување на управната зграда, адаптирање на халата за сирење според ХАЦЦП-стандардите, ќе создадеме подобри услови за продажба на јајца, маслинки и на зрнеста храна и ќе изградиме нов санитарен јазол - информираат од ЈП „Пазари“.

Според програмата за работа во 2010 година, „Пазари“ планира приходите од продажба на услугите на домашен пазар да изнесуваат 65 отсто, а приходите од наемнини да достигнат 32,49 процента, со што ќе се обезбеди стабилна финансиска состојба во претпријатието.
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 25-Apr-2010 at 20:14

Битолскиот пазар нема пари за ХАЦЦП

Вести - Битола

Истекоа роковите за спроведување на стандардите, па можно е затворање на сирењарата и забрана за продажба на јајца на отворено. Затворање на халата за продажба на сирење и можна забрана за продажба на јајца на отворено му се заканува на битолското градско пазариште. До мај годинава истекува рокот што Министерството за земјоделство му го остави на јавното претпријатие „Пазари“ од Битола, да ја почне постапката за воведување на ХАЦЦП стандардите. Но, досега пропишаните правила за безбедна храна не почнеле да се имплементираат. Фирмата се соочува со финансиски проблеми - загуба од 700 илјади денари, па од таму признаваат дека немаат пари за комплетно да го спроведат системот. Ваквите состојби предизвикаа паника кај стотина продавачи на сирење и јајца во битолскиот пазар дека ќе останат без продажбен простор.

 

- Зошто кај нас да се затвори? Ние плаќаме паушал, па нека воведат услови. Во Битола барем сме во хала, а во другите градови луѓето продаваат сирење од автомобил. Каков ХАЦЦП, од канти на земја продаваат. Вака го вадам лебот откако ме отпуштија од фабрика како технолошки вишок. Со вакви закони ќе остане само индустриското производство, а традиционалното што се негувало сто и повеќе години ќе замре - вели Драги Стојчевски, произведувач на домашно сирење.
Новите стандарди од нив бараат да регистрираат фирма, да постават декларации на производите и да ги продаваат пакувани.
- И да се регистрираме дали ќе може да се издржи. За тезгата плаќаме 4.200 денари месечно, а толку не вадиме. Најверојатно ќе си одиме сите и ќе станеме социјалци. Порано беше друго, се трошеше, народот имаше повеќе пари, сега е се' катастрофа. Земаа цели канти, а сега по половина килограм. Цената на сирењето е иста со години, а потрошувачката е намалена за педесет отсто - се пожали Зоран Јовановски. 
Уредувањето на халата за сирење според ХАЦЦП системот предвидува замена на корозираните тезги со нови, инсталирање топла вода, вентилација, клима. Да се изгради халата за јајца, градски тоалет во пазарот и ред други работи. Дел од купувачите велат дека со ХАЦЦП стандардите барем ќе знаеме што јадеме. 
- Да поминете низ пазар, што се' не се продава по земја, зеленчук, јајца, живина исполегната до храната. Дел не плаќаат паушал, па влегуваат на диво и производите ги изложуваат на земја. Сите велат дека е здраво, природно, домашно, а дел од она што ќе го купите не го задоволува квалитетот. Нека се изложи каде е произведено, увозно е или наше - реагираат купувачите. 
Случајно или не, пред еден месец оставка од директорката функција во ЈП „Пазари“ даде Лазар Ивановски, а за в.д беше поставена Весела Петровска. Таа признава дека доцнат со ХАЦЦП и не ја исклучува можноста да им ги затворат местата каде што се продаваат сирењето и јајцата. 
- Само за промена на тезгите во халата за сирење ќе ни бидат потребни 400 илјади денари, а комплетно за целиот процес околу еден милион денари. Од каде да ги најдеме одеднаш овие пари? Ние ќе се обидеме со сите сили деновиве да почнеме со делумно воведување на стандардите, но не и за целосно - вели Петровска.

 http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1035:2010-04-25-06-25-40&catid=1:novosti&Itemid=41

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 30-Mar-2010 at 00:54

Се уредува прилепскиот зелен пазар

Прилепскиот пазар ќе се уредува, ќе се поплочува со бекатон-плочки, а ќе се копа и бунар за техничка вода, со која ќе се чисти пазарот. За дупчење на бунарот, ЈП „Пазари“ инвестира околу 5.000 евра. Директорот на „Пазари“, Пецо Димоски, вели дека со инвестицијата површината на градскиот пазар ќе се мие секој втор ден, а не само двапати неделно како досега, кога се користеше вода за пиење. Со вложените средства хигиената ќе се покрене на повисоко ниво, се штеди, а пазарџиите добиваат чистота и подобри услови за работа - вели Димоски.

Тој вели дека пазарот ќе се уреди со бекатон-плочки на површината од околу 5.000 квадратни метри, инсталација на десетина чешми со пивка вода, канализација, осветление и канти за отпадоци. - Ќе се репарираат и тезгите што се селат од пазарот за дреболии на централниот пазар. Околу 180 трговци на конфекција и други стоки ќе бидат поблиску до потрошувачите. Просторот се чисти за почеток на градба на нова катна гаража - вели Димоски.

Наскоро се предвидени и покривање на пазарот и инсталирање на тезги по ХАЦЦП-стандардите.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=356C2DD3CC76664195A65182B70BD17A&arc=1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.121 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.