build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7576777879 88>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
37 [37.37%]
10 [10.10%]
9 [9.09%]
9 [9.09%]
3 [3.03%]
14 [14.14%]
2 [2.02%]
4 [4.04%]
5 [5.05%]
6 [6.06%]
You can not vote in this poll
Total votes: 99   Average: 7.26

Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zokidac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote zokidac Quote  Post ReplyReply #1521 Posted: 16-Apr-2010 at 22:33
ne velete deka ne ste znaele za telekabel    
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #1522 Posted: 16-Apr-2010 at 22:29
@ sportsfan
 
Браво друже,сега ќе имаме и др можност освен онаа што ни ја нуди идивиди.
 
Одлично Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1523 Posted: 16-Apr-2010 at 22:03
wow

колкав кратер  Eeek3
Back to Top
sportsfan View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sportsfan Quote  Post ReplyReply #1524 Posted: 16-Apr-2010 at 18:06
Еве имаме можност постојано,24часа на ден да глеаме што тоа се праи на плоштадот преку линкот на Телекабел ..
http://telekabel.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=81&Itemid=59&lang=en
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #1525 Posted: 13-Apr-2010 at 23:38
СКОПЈЕ И АТИНА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КОЈ ПРВ ЌЕ ПОСТАВИ СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР
И Грците го јавнаа Букефал

Игор Чавески

Поради страв дека Македонија би можела да го присвои ликот и делото на Александар Македонски, кој Грците го сметаат за свој херој, кај јужниот сосед во последниве дваесетина години се чувствува нагласена потреба за поставување негови обележја.
Оценките на историчарите се дека Грција сосема го промени односот што го имаше кон Александар веднаш штом Македонија стана независна држава, за разлика од минатото кога тој дури и не беше нарекуван „Македонски“ туку повеќе се користеше терминот „Велики“. Тие го објаснуваат тоа со фактот дека во поранешна Југославија, Грција воопшто не ја гледаше Македонија како закана за нејзиниот идентитет, туку за тоа станаа свесни во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Тоа резултираше со комплетно ребрендирање аеродроми, улици, државни институции со името „Македонија“. Најновата иницијатива да се постави споменик на Александар во главниот град на Грција пред неколку дена дојде од Јоргос Караџаферис, лидер на националистичката ЛАОС. Тој сакајќи да ги престигне властите во Скопје во поставување споменик на античкиот војсководец, од сопствени средства нарачал грандиозен споменик на Александар, висок шест метри, качен на коњ со крената рака како симбол на победа. Караџаферис веќе добил дозвола од градските власти и споменикот ќе биде поставен во атинската населба Палео Фалиро.
Милан Бошковски од Националниот институт по историја смета дека историските личности, како Александар и Филип, не им припаѓаат само на Грција или на Македонија, туку се дел од светска историја, па поради тоа никој нема право некому да му забранува да поставува нивни споменици.
- Во услови на непостоење македонска држава во 19 век и во почетокот на 20 век, Грците постојано го присвојуваа македонското наследство, а југословенските власти, не сакајќи да се замерат го Грција, не реагираа на тоа. Токму затоа сега ни се случува јужниот сосед да реагира и да гради споменици на личности од античкиот период – смета Бошковски.
Историчарите, исто така, истакнуваат дека Грција многу вешто го користи членството во Европската унија за да ги наметне своите гледишта, па поради тоа, ни се случува во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија со големи букви да биде нагласена таканаречената антиквизација.
Александар Литовски смета дека антиквизацијата во Македонија е реалност и дека двете земји треба да престанат со тоа кој има, а кој нема право да поставува споменици од античкиот период.
- Војната со споменици треба да престане зашто е смешна. Македонија не може да ја спречи Грција да поставува обележја, туку Грција како членка на ЕУ може да врши притисок врз нас – вели Литовски.
Минатиот месец во грчкиот град Пела, каде што била престолнината на античкото кралство Македонија, беше отворен грандиозен музеј посветен на Александар Македонски. Неговата изградба чинеше 14 милиони евра, а поголем дел од парите се од фондовите на ЕУ за изградба на културни обележја.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1526 Posted: 09-Apr-2010 at 22:53

Дупка го најавува Александар

Од вчера на плоштадот Македонија се копа голема дупка на местото каде што ќе се гради фонтаната со споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски. Изградбата ќе биде голем и скап градежен зафат и ќе трае до крајот на годинава. Поставувањето на коњаникот се очекува за следната година. Прво ќе се извади машинската соба, што беше изградена за потребите на претходно планираната фонтана, за која поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов потроши 200.000 евра градски пари. Дислокацијата на халата ќе чини 10.000 евра, а изградбата на фонтаната 3 милиони евра. Пред два дена беа извадени тарабите и од местото на плоштадот каде што е предвидена изградба на црквата „Свети Константин и Елена“. Претходно на тоа место беше извршено поместување на примарниот вод од фекалната канализација.                                                                                                                                       http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8A261435AA19194A9CAA2C342CE3883C 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1527 Posted: 09-Apr-2010 at 11:07
Се тргаат тарабите од Плоштад

Од наредната недела ќе се тргаат тарабите со кои е заграден плоштадот Македонија. Градежните работи кои изминатите два месеца се изведуваа за дислокација на подземна инфраструктура за изградба на фонтаната се завршени. Во моментов екипи од ЈП "Улици и патишта" ги поставуваат плочките кои беа извадени и ги крпат оштетените делови. Сепак, скопјани и понатаму нема да можат слободно да шетаат низ Плоштадот. Заграден ќе остане тревникот на кој ќе се наоѓаат фонтаната и споменикот на Александар Македонски. (А.А.)                                                                                                                                                                                                                                                                                http://www.vest.com.mk/?ItemID=CFBE135679E02D42B8147FE6B4F237D2     
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #1528 Posted: 09-Apr-2010 at 01:19

Се подготвува теренот за фонтаната на Александар

Почнаа подготовките изградба на фонтаната во која ќе биде поставена коњаничката скулптура на Александар Македонски. Станува збор за дислокацијата на постојната машинска соба и активности за новата инсталација. За дислокацијата на машинската соба ќе бидат потрошени 10 илјади евра, додека фонтаната ќе чини три милиони евра.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1529 Posted: 23-Mar-2010 at 04:04

Осум милиони евра за споменикот на Александар

Само изградбата на фонтаната ќе чини околу 3 милиони евра, а Александар, фалангата, 12-метарските резби во бронза и осумте лава ќе чинат околу 4,5 милиони евра

Повеќе од осум милиони евра Владата потрошила за изградба на споменикот со фонтана посветен на Александар Македонски кој, според најавите од Општина Центар, треба да се постави во централниот дел на градскиот плоштад.

Според градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, само изградбата на фонтаната ќе чини околу 3 милиони евра, а за Александар, фалангата, 12-метарските резби во бронза и осумте лавови околу 4,5 милиони евра. Според Тодоровиќ, во четирите милиони евра е пресметан и хонорарот на авторката на споменикот.

- Можеби изгледа многу 650 илјади евра за хонорар за авторот на споменикот, но изработката на спомениците не е ниту лесен ниту едноставен процес. Во него не учествува исклучиво авторот, туку уште една мала армија помошници и соработници. Парите одат и за потрошен материјал, околу 25 илјади евра - рече градоначалникот.

Градежните зафати на градскиот плоштад за потребите и изградбата на фонтана треба да завршат за 9 месеци, а во општината се надеваат дека фонтаната и споменикот ќе бидат поставени до крајот на 2011. Станува збор за грандиозна градба, која никого нема да остави рамнодушен, изјави Тодоровиќ. Според нивните сознанија, овој споменик би бил најголем на Балканот.

- Дијаметарот на фонтаната е 30 метри. Ќе биде поставена на неколку нивоа. За да дојдат до шеталиштето околу фонтаната граѓаните прво треба да се искачат на неколку скалила. Потоа на работ од фонтаната ќе бидат поставени лавовите, од кои четири ќе гледаат нанадвор, а четири кон фонтаната. Во центарот за водоскокот ќе биде поставен постамент на кој ќе стои коњаникот, кој ќе биде „обложен“ со мермерни и бронзени релјефи - објавија од Општината Центар.

Се работи на поместување на подземната инсталација. Машинската просторија, направена за потребите на фонтаната, деновиве ќе биде урната.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F143E08CD56E814E87EC6C5A8067EEC6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1530 Posted: 23-Mar-2010 at 04:02
Александар ќе јава и ќе пее за 10 милиони евра

Допрва ќе се одлучува каква музика ќе излегува од фонтаната, која ќе има современ систем на светлосни и хидроефекти

Деспина Трајковска

Од споменикот на Александар Македонски, вреден10 милиони евра и од фонтаната ќе се слуша музика. Каква, допрва ќе се одлучува. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ вчера посочи дека засега единствено е познато оти фонтаната со радиус од 30 метри ќе има современ систем на светлосни, звучни и хидроефекти.

Тодоровиќ, конечно, ја обелодени и крајната сума што ќе се потроши за споменикот на македонскиот војсководец и фонтаната во која тој ќе биде сместен. Само за скулптурата на војсководецот придружувана со фалангата и осум лава ќе се потрошат 4,5 милиони евра, а за фонтаната 3 милиони евра. Ако на овие суми се додадат и високите хонорари за комисиите што учествуваа во изборот на идејните решенија, како и хонорарот на авторката, 10 милиони евра се апсолутно достижни. Со тоа, автоматски, градоначалникот, но и другите вклучени во проектот „Скопје 2014“ ги демантираа досегашните информации дека за 10 милиони евра ќе се изграделе не само Александар Македонски, туку и четирите лава, коњаничките скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев и уште три споменици.

„Дали споменикот е прескап, е релативна работа. Само можам да ве уверам дека тој ќе биде преубав, во што ќе се уверите кон крајот на идната година кога го очекуваме да биде готов. Според досегашните информации, тој е излеан повеќе од половина. За девет месеци, пак, треба да биде изградена фонтаната. На терен веќе се врши подготовка за тие градежни активности. Фонтаната ќе има преубави мермерни масивни скалила и мини шеталиште околу столбот на споменикот“, рече вчера Тодоровиќ.

Тој деновиве треба да пресече дали дополнително ќе му плати на „Бетон“ за непланирани градежни активности или Општината ќе најде друга фирма што ќе ги отстрани инсталациите изведени на плоштадот во времето на градоначалникот Ристо Пенов за тогаш планираната фонтана. Имено, подземната машинска соба е лоцирана и стручните екипи утврдиле дека таа нема да ги задоволи капацитетите за фонтаната на македонскиот војсководец. Таа не може да се надгради, единствено треба да се отстрани. Според процените на Тодоровиќ, за новата фонтана е потребна подземна соба со инсталации поголема сигурно двапати од таа што ја инсталираше Пенов, за што од градскиот буџет тогаш се потрошија околу 200.000 евра. За нејзина дислокација, пак, е проценето дека ќе се потрошат непланирани 10 илјади евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8419442C3467744CA4D180ABC864294C

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #1531 Posted: 22-Mar-2010 at 23:55
ОПШТИНА ЦЕНТАР
 
Фонтанта и Аце вкупно 8 милиони евра
 


3 милиони евра за фонтаната и постаментот, 4,5 милиони за споменикот на Александар Македонски со војниците и лавовите кои ќе го чуваат и 650 илјади евра за хонорарот на авторот на Валентина Стефановска се сумите што вчера Општина Центар и ги обелодени на јавноста и треба да ги плати на учесниците за украсувањето на Плоштадот. Ова го кажа градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на брифингот за новинарите, на којшто беше и спомнат финалниот рок од девет месеци од сега за изградбата на фонтаната на Александар Македонски. Од Општината Центар кажаа дека убрзано се работи на подземната инсталација и кога ќе биде изградена подземната нова соба за фонтаната, ќе се започне со градење на надворешниот базен на фонтаната кој треба да биде готов до почетокот на следната година. Градоначалникот, исто така, додаде дека информациите што кружат дека се започнати градежните активности во врска со цркавата на Плоштадот, се невистинити. Тој напомена дека се уште МПЦ нема доставено барање до Општината за градба на црквата. Кога ќе имало таков документ, ќе се започнело со активности. Од Центар информираа дека градежните работи деновиве убрзано се насочуваат кон постаментите на спомениците на Методија Андонов-Ченто, свети Климент и Наум Охридски, св. Кирил и Методиј и на Карпош.



Edited by SkyBoy - 22-Mar-2010 at 23:57
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #1532 Posted: 15-Mar-2010 at 13:35

ВЕСТ ОТКРИВА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ

650 илјади евра хонорари за Александар
 

Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и на­до­мес­то­ци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за ли­ца­та ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите

Според договорот на Општина Центар со леарницата "Фернандо Ма­ри­не­ли" од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради на­ра­ча­те­лот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од це­на­та на чинење

Скул­птор­ка­та Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Оп­шти­на Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во из­ра­бот­ка­та на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за из­ра­бот­ка на скулптурите и релјефите.
"Вест" дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека че­ти­ри и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и рел­је­фи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Алек­сан­дар. Според договорот на Општина Центар со леарницата "Фер­нан­до Маринели" од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи де­ка комплексот - фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во пред­ви­де­но­то време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 про­мил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во до­го­во­рот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се од­ло­жи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите.
Сте­ва­нов­ска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да из­ра­бо­ти идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со ко­ња­нич­ка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, ви­со­ки речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни еле­мен­ти се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мер­мер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за ле­е­ње во бронза со површина од 120 квадратни метри.
Во интервјуто за "Вест", дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното мес­то со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени ла­ва на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на пал­то­то под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од ка­де што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. "Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку ко­ња­ни­кот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде по­ши­рок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со да­бо­ви листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори", ни изјави на почетокот на работата Сте­ва­нов­ска. (Г. Т.)

Во огласот споменикот на Плоштад нема име

Оп­шти­на Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Алек­сан­дар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се пра­ви споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го рас­пи­ша­ла на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој спо­ме­ник станува збор. Во описот во огласот стои само "леење на скулптури и рел­је­фи во бронза", но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар рас­пи­ша­ла уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии спо­ме­ни­ци ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скул­пту­ри на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скул­пту­ра на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара ле­ар­ни­ца за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов - Ченто. По две не­де­ли, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата па­ра лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)

Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци

Спо­ме­ни­кот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според до­го­во­рот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца "Фердинандо Ма­ри­не­ли", споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок не­ма да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова про­це­на, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен.
Пр­ви­те споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Ма­ке­до­ни­ја се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред ка­фу­ле­то "Тренд" и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спо­ме­ни­ци­те на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)

 


Edited by SkyBoy - 15-Mar-2010 at 13:44
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1533 Posted: 03-Mar-2010 at 00:28

Почна копањето за фонтаната на Александар Македонски

Се подготвува и теренот за мермерниот споменик на Ченто што ќе се постави на аголот кај „Тренд“

Плоштадот од вчера дополнително почна да се раскопува. За потребите на фонтаната со коњаничката скулптура на Александар Македонски се заградуваше централниот дел каде што во наредниот период ќе се работи на изведба на инфраструктурата. Општинарите од Центар се' уште не знаат дали ќе се искористи подземната соба со инсталации изградена во времето на градоначалникот Ристо Пенов за потребите на планираната фонтана за што беа потрошени околу 200.000 евра. Неизвесно е и колку време ќе се работи на инфраструктурата додека истовремено привршува изработката на постаментот за фонтаната иза скулптурата.

„Од вчера почна да се работи на ископување на теренот. Со оглед на тоа дека инфраструктурата за тогашната фонтана е под земја, се' уште не може да се утврди дали таа ќе биде корисна, дали евентуално ќе се надградува нејзиниот капацитет или, пак, целосно ќе треба да се извади и да се изгради нова“, изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар.

Тој информираше дека генерално е завршена дислокацијата на канализационата мрежа поради што од пред еден месец плоштадот се претвори во градилиште. „Кога ќе завршиме со последната започната активност, не може да се прецизира. Зависи од временските услови и од она што, всушност, ќе најдеме под земја“, дополни Ацковски.

Инаку, од завчера се работи и на подготвување на теренот за поставување на споменикот на Методија Андонов - Ченто на аголот пред кафулето „Тренд“. Се отстрани чешмата за вода, а се дислоцираат и подземните инсталации. Од Центар очекуваат споменикот да биде поставен најдоцна до крајот на идниот месец. Тој е првиот што ќе се постави на плоштадот, а е изработен од мермер. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8C6E1AA5C4B81443BB65727FDABB940D
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #1534 Posted: 02-Mar-2010 at 23:04

ФОТОВЕСТ:


Бидна и оградата за фонтаната на Аце наш!


По лимената ограда и средувањето на локацијата предвидена за сега петтиот постамент на споменикот на првиот македонски претседател, Методија Андонов-Ченто, вчера екипите на градежното претпријатие Бетон" го обиколија зелениот тревник во центарот на плоштадот со нова ограда. Најпрво беа извадени преостанатите мермерни плочки околу кругот каде што стои новогодишната елка и почна со чистење на теренот од водоводната и електричната инсталација. Со оваа активност отпочнаа и деталните работи на фонтаната на плоштадот Македонија, во која ќе стои споменикот на Александар Македонски. Од Општина Центар информираат дека засега се оди во зацртаните рокови за кои секој од спомениците и постаментите под нив биле предходно зацртани. Засега општината вели дека немаат најави за некакви доцнења од градежните фирми што работат на теренот. Со ова само уште еднаш се докажува професионалноста на одговорните за проектот Скопје 2014, информираат од Општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=57663CC446F89545A17C659D7B138687


Edited by Cloverstack - 02-Mar-2010 at 23:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1535 Posted: 24-Feb-2010 at 17:00

За поместувањето на цевките на плоштадот 200.000 евра

Околу 200.000 евра ќе потроши локалната власт за претстојната дислокација на цевките од канализациската, атмосферската и водоводната мрежа на плоштадот Македонија, информира градоначалникот Коце Трајановски. Оградувањето и раскопувањето на половина плоштад, според него, се прави само поради изградбата на фонтаната, во чие средиште ќе се постави споменикот на Александар Македонски, а нема врска со идна изградба на црквата, која е планирана на неколку чекори од неа.

Тој на последната седница на Советот, на советничко прашање на Софија Куновска од СДСМ за тоа кој и што копа на плоштадот, кажа дека дислокацијата на инфраструктурата ја работат со Општина Центар и дека трошоците ќе ги поделат во сооднос 50 наспрема 50.

- Плоштадот можеби ќе биде раскопан една-две години - рече Трајановски, подготвувајќи ја јавноста дека се' уште не се знае кој ќе биде конечниот изглед на плоштадот по завршувањето на градежните работи. Алудираше на својата изјава за враќање на коцката, за која рече дека била извулгаризирана, бидејќи не е познато дали навистина ќе се случи тоа. (Ј.И.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E785C7842D6727479DF5153072D1A629
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1536 Posted: 16-Feb-2010 at 01:33

Плоштадот се копа на големо

Раскопувањето на плоштадот „Македонија“ стартуваше. Општина Центар го започна дислоцирањето на старите инсталации и поставувањето нови кои ќе бидат во функција на новиот споменик на Александар Македонски и фонтаната. Тарабите на оваа локација ќе останат најмалку неколку месеци, пред да се преселат во средишното зеленило на плоштадот, кога ќе почне да се работи на фонтаната. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E4C9C4E1DCDB0947899562ADD875AB7A

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1537 Posted: 10-Feb-2010 at 23:42
Абе ајде доста, генетика е тоа нормално е! Нормално кога ќе згрешиш нешто милиметарско во гипсот што 10 луѓе го ревидирале и 20 го проектирале и 30 го планирале да излези од Александар еден цел Филип! Мислам дај ајде со лајна да фрлаа по нас немаше да ме навредат толку колку ова купче bullcrap што го изнесоа пред јавноста.

Сите безусловни поддржувачи на проектот разбудете се, видете малку околу вас. За да ви ги кажува некој овие работи и вие уште да верувате дека се прави нешто добро и дека ве почитува некој како народ, треба да се едноставно слепи.

П.С. Нема политичка конотација постот, гајле ми е која партија била на власт, ама кој и да го каже ова како оправдување треба да заврши на бесилка! Не за непочитувањето, туку за неизмерната глупост!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1538 Posted: 10-Feb-2010 at 23:17
Оуууу...omfg, ова да се дрогирав вакви халуцинации немаше да доживеам

Филип 2 со семејството во центарот на Скопје?
Гоце Михајлоски     Коментари (0)    


10.02.2010 19:14

Наместо Александар ќе стои татко му Филип

Наместо Александар на Букефал, на скопскиот плоштад ќе јава неговиот татко Филип 2. Со вакво тврдење денеска излегоа од невладината Плоштад Слобода.

Причината за ротацијата, според нив, не е од политички побуди, туку оти споменикот на Александар бил згрешен во изработката.

„Беа повикани скулпторот Серафимовски и Цветан Грозданов, кој што е историчар на уметност, академик во МАНУ, да реагираат, да видат што може да се поправи во Фиренца на лице место. меѓутоа отидоа и видоа дека тоа веќе излеано и во гипс, и нема што да се поправи“, вели Нита Муча, историчар на уметност.

„Владата не не ни информирала дека го сменила планот, дека на централното место во Скопје нема да има споменик на Александар Македонски, туку ќе има споменик на Филип 2, и дека тој ќе биде претставен заедно со своето семејство и дека ќе биде претставен заедно со четири горди Македонки, кои што ги спремаат своите синови да бидат воини“, рече Никола Наумовски, Плоштад Слобода.

Александар ќе го има на плоштадот, тврдат од општина Центар. Ќе биде поставен за нешто повеќе од една година. Грешките биле дел од процедурата на изработка.

„Од 2010 нема да биде, некаде ќе биде втората половина на 2011 година. Сепак таму се работи за зголемување на споменикот и сите грешки што можат да настанат, треба да се отстранат и внимателно да се дојде до моментот на лиење. Кога ќе дојде до моментот на лиење, поточно ќе знаеме кога ќе пристигне“, изјави вчера градоначалникот на општина Центар, Тодоровиќ.

Споменик на Филип втори ќе има во Битола. Тој е готов и е веќе донесен во градот. Веќе неколку месеци се чува зад општинската зграда. Градоначалникот тврди дека се уште не го поставува оти имало некакви проблеми со фонтаната која во која ќе биде сместен.

Споменици на Александар Велики, пак веќе неколку години има во Прилеп и Штип.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119742
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #1539 Posted: 10-Feb-2010 at 21:03
Originally posted by igorius

ke mora da go pomestime zbornoto mesto za sredbi
На кои ти редовно доаѓаш LOLLOLLOL
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #1540 Posted: 10-Feb-2010 at 02:33
ke mora da go pomestime zbornoto mesto za sredbi
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7576777879 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.547 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.