build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 06-Apr-2011 at 20:32

Нова компанија „Ин такси“ со фантом-газда!

Инвеститор во компанијата е Будимир Новаковиќ, печалбар од Канада, а негов содружник и управител кичевецот од Холандија Пецо Ристоски

Снежана Калабакова


Пет дена по скопските улици крстосуваат нови „рено флуенс“ автомобили на новата такси-компанија „Ин такси“. Скопјани веќе ги опслужуваат 50 нејзини возила, а исто толку се опремуваат. Од компанијата ветуваат дека од 1 мај низ градот ќе вртат вкупно 200 возила, додека во план е конечната бројка да биде 500 автомобили.

Компанијата засега има фантом-газда, бидејќи официјално никој не кажува кој е нејзиниот вистински сопственик. А, меѓу граѓаните, но и помеѓу самите таксисти веќе извесно време гласно се шпекулира дека станува збор за висок владин функционер. Во опција се вртат две-три имиња на луѓе од власта и на бизнисмени блиски до владејачката гарнитура

Во „Ин такси“ чуле за многубројните шпекулации, но објаснуваат дека во компанијата има странска инвестиција. Инвеститор е Будимир Новаковиќ, средовечен човек, кој дваесетина години работел и живее во Торонто, Канада, а негов содружник и сега управител на фирмата е помладиот кичевец Пецо Ристоски, кој работел во Холандија. Нивното запознавање во Белград било пресудно за инвестирање во „Ин такси“. Возилата „рено флуенс“ ги набавиле преку овдешни дистрибутери.

Во Сојузот на стопански комори велат дека новата такси-компанија не е нивна членка. „Утрински весник“ го праша Градот Скопје дали е регистрирана нова такси-компанија, со колку и со какви возила располага, дали има лиценца и кој е нејзиниот газда. Го добивме следниот одговор.

„Градот издава лиценци за вршење на дејноста такси-превоз на патници. Лиценците се издаваат на возила кои треба да исполнат соодветни услови за вршење на дејноста, а тие се предвидени во одлуката за такси-превоз. Оваа одлука е донесена во октомври минатата година и со неа се предвидени 3.000 лиценци. Околу регистрацијата на фирмите и сопственоста е надлежен Централниот регистар“, е објаснувањето од Одделението за односи со јавноста во Градот.

„Утрински“ се информираше и кај овластениот увозник „Аутомотив груп“. Оттаму ни беше кажано дека овие возила чинат помеѓу 13.500 и 16.800 евра. „Рено флуенс“ се нов тип комфорни и еколошки дизел-возила со еко 5 мотори, возила од највисока класа.

„Такси-возилата се климатизирани, фискализирани и лиценцирани. Ќе се издвојуваме од останатите такси-компании, ќе ги опслужуваме сите возрасни групи, а во специјални кошници ќе превезуваме и домашни миленичиња. Ќе воспоставиме соработка и со многу фирми за колективен превоз, потоа бизнис-соработка за превоз на клиенти до други градови, а ќе имаме и организиран превоз до градинки и училишта“, вели Оливер Никушев, меркетинг-консултант во „Ин такси“.

Компанијата ќе располага и со клуб-картички за редовните патници, а вози по актуалната нова цена. „Нашите возачи се осигурени на полно работно време и на цел износ од плата, а работат во две смени. Имаат редовни систематски прегледи во ’Медика плус‘. Возат униформирани, задолжително со црни панталони, бели кошули со логото на ’Ин-такси‘ и црна вратоврска. Компанијата има и сопствен сервис за миење, така што возилата најнапред одат на миење, а потоа се вклучуваат во сообраќај“, објаснува управителот Пецо Ристовски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F8DFAD8F83914944B65A7B8117EBA211
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 31-Mar-2011 at 18:33
Да не се разбереме погрешно и јас сум за поскапување на таксито, но дури откако ќе се регулираат сите детали во врска со истото. Неможе некој со Пежо 106 од 90 и некоја да вози такси, без клима, без униформа, без никаква сигурност за патниците. Кога би имале перфектно средено такси со возила не постари од 5-7 години, со клима, во кои не се пуши и возачите да се културани и избањати, е тогаш и би дал 2пати повеќе пари

Сепак мислам на крај дека таксито нема да поскапи, а први против тоа ќе бидат професионалниве такси компании, кои се отворија последниве 2-3 години. Едноставно неможе некој да вложи во 100тина нови возила, а некоја компанија со скапани возила да вози по стара цена и да има 3-4 пати поголем обем на патници. Едноставно не е пазарно исправно
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 31-Mar-2011 at 11:31
Вчера баш се возев со Наше такси. Во разговор со возачот, ми кажа дека опаднат е бројот на превезени патници. Иако посочи дека тоа може да е поради тоа што времето е веќе подобро за одење пешки, сепак не криеше дека е поради повисоките цени на такси превозот. Сепак, Наше такси вози по стара цена.

Пред една недела, мојата сопруга се возеше со Лотус по нова цена. Се приметува разлика во цената на превозот. Излегува значително поскапо.

Сеуште има компании кои се противат на воведувањето на новите цени, од страв дека ќе изгубат патници.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 31-Mar-2011 at 00:25
На некои од такси-превозниците, лотус или ројал, некои од поновиве, има залепено дека возат по стара цена. Додека другите преќутно си ја прифатија новата цена, иако наводно беа против неа.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 30-Mar-2011 at 19:17
Не е ова анти-реклама, само предупредување. Денес возило на такси „Вардар“ ми наплати 90ден за релација за која пред 2 дена платив 50ден. Односно поскапувањето е веќе присвоено, само незнам дали од сите компании или само од неколку. Прашајте си пред да се качите во такси, да не бидете затекнати како мене денес
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 29-Mar-2011 at 11:46
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ТАКСИ-СТАНИЦИ

По налог на Град Скопје, екипите на ЈП ”Улици и патишта” Скопје,  ја почнаа реализацијата на проектот за обележување на такси-станиците на улиците во градските општини.

Обележувањето се изведува со жолта боја и досега се обележани вкупно 21 такси-станици во општина Центар, општина Гази Баба и во општина Аеродром.

Според Одлуката за такси-превоз и проектот  за работа, предвидено е да бидат обележани вкупно 132 такси-станици  во градот.

По завршувањето на хоризонталното обележување, ќе се поставува и вертикалната сигнализација на секоја од овие локации, односно за секоја такси-станица ќе постои и сообраќаен знак на којшто ќе стои името на такси- станицата, бројот на паркинг места и амблем на Град Скопје.

ЈП „Улици и патишта“ Скопје наредниве денови ќе го  продолжат обележувањето на улиците во населбата Аеродром.


http://daily.mk/cluster3/626cde0a1507ab5729df64c9f455ffc3/661328
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Mar-2011 at 23:51
Не се проблем само скопските диви таксисти, проблем се низ целата држава. Еве јас конкретно секојдневно налетувам на нив, и тоа на оние кои возат меѓуградски, конкретно Охрид-Струга/Струга-Охрид. Не само што им пркосат на редовните лиценцирани линии туку и се однесуваат крајно безобразно и напагаат како лешинари. Гледам еднаш месечно надлежните спроведуваат "акции" за нивно чистење и демек на ден два вродуваат со плод, третиот ден ни страв ни оган си возат по старо игнорирајќи ги "високите" казни. Јас ги разбирам нивните маки како што еден таксит еднаш при една расправа со полицаец му вика "оставете не да се радуваме на маката" Но мора да се споведе ред и тоа безмилосно. Стварно прават страшен хаос и во така хаотичниот сообраќај пркосат на се и сешто и ова крај нема.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Mar-2011 at 23:19
Кај автобуска станица врие од диви таксисти,никој не ги казнува,дури нашата полиција ги брка легалните,а некој сака да продава приказни за некој ред,за избричени таксисти(да не е забрането да се има брада како Коце градоначалникот?),приказни за иста боја на таксистите...
Толку ли е тешко да ги избркаат дивјаците од автобуска???Или имаат дил со нив?Имаат,тоа го знае секоја будала.Криминал и корупција.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 13-Mar-2011 at 16:50
Под мостовите ќе ги собере сигурно. А за длабочната мислам дека проблем ќе биде што коритото на Вардар во Скопје има повеќе каскади, односно има "мини брани" кои формираат повеќе спратови.
И јас сум размислувал за оваа идеја и баш би сакал доколку има некој постручен и позапознаен со ова прашање да даде мислење околу ова.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 13-Mar-2011 at 13:05
Не сум целосно запознат со коритото на Вардар и неговата длабочина, но гледајќи го јавниот превоз во Берлин, Њујорк и други градови од светот, се прашувам не е ли возможно да се воведе речно такси во Скопје? Не може да пловат малечки бродчиња? Најпрво дали би ги берело под мостовите, и второ дали може да се обезбеди доволна длабочина?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 12-Mar-2011 at 03:16
Previous
многу точно, се зависи од тоа каков јавен превоз имаме, не за џабе се нервираме кога се убедуваме дека јавниот превоз треба да се разработува до совршенство

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 11-Mar-2011 at 14:02
Такси превозот нема да се среди додека не се среди јавниот превоз. Кога ќе има опција да чекаш 5-10мин автобус и да стигнеш кај сакаш во градов за 30-60ден (ако менуваш 2 автобуси), а истото со такси би те чинело 200-300ден тогаш луѓето ќе го користат повеќе јавниот превоз. Таксито треба да е луксуз, да неможе сите да се возат. Но исто треба и да се регулира какви коли смеат да се возат и со какви карактеристики.

Само за ова да се оствари, ќе почекаме додека стигнат сите нарачани автобуси + 2-3 години период на привикнување на истите.

И уште една забелешка. Во последно време се почесто се возам со такси, зошто релацијата ми е таква. И 99% од таксистите се против поскапувањето(освен новите компании ). Тогаш се поставува прашањето, дали некој ги прашува возачите или 2-3 луѓе одлучуваат за сите?
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 11-Mar-2011 at 00:14
Тие шо се у врв малце памет да имаат ќе сфатат дека колку повисока цена, толку повеќе лакомост кај дивите таксисти. Ем сеа со фора ќе возат поефтино од другите, ем осеќам поише диви ќе има сеа. Каде тоа ние живееме...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 10-Mar-2011 at 23:17
И навистина... што фајде од било какви мерки и организација, што фајде ако сите детали бидат совршено средени, доколку остане нерешен главниот проблем - дивите таксисти.

Новата цена нема да ги скроти дивите таксисти

Таксистите не се за зголемување на цената на такси-превозот, туку да се воспостави ред во дејноста со тоа што дивите таксисти ќе се отстранат од улиците

Ако се расчисти со дивите таксисти, ќе се воспостави ред во оваа дејност, а тогаш дури и без покачени цени ќе може да се работи рентабилно. Вакви се коментарите на повеќето таксисти по одлуката на Град Скопје од 1 април да се воведе нов ценовник на такси-услугите - 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар.

- Ние не сме за зголемување на цената, туку сме да ги нема дивите таксисти. Плаќам 250 евра за таксиметар, плаќам даноци, придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Не сум на товар на државата, а има такви што не плаќаат. Ако ги нема дивите таксисти, такси-превозот ќе биде поевтин и би имале поубави возила. Сега тие ќе се договорат да возат по старите цени и на тој начин ќе ни бидат нелојална конкуренција. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски треба конечно да го среди такси-превозот во Скопје, реагира Јован Ефремовски, од такси „Рива“.

Поскапувањето ќе се одрази на заработувачката

Такси-превозниците сметаат дека и новото зголемување на такси-превозот не е реалната цена за услугите, со оглед на тоа дека нафтата достигнала до 67 денари, а бензинот 77 денари за литар. Тие стравуваат дека ќе им се намали обемот на работа, со оглед на тоа што семејниот буџет на граѓаните е с` поплиток. Токму поради ова, некои од нив и не се зголемување на цената, туку да се воспостави ред во такси-превозот со тоа што дивите таксисти ќе се отстранат од улиците.

Од такси-компанијата „Лотус“ очекуваат дека со новите цени во почеток ќе имаат помал обем на работа, но сметаат дека со текот на времето луѓето ќе се навикнат и на тоа.

- Потребно е извесен период луѓето да се адаптираат на новите цени, иако за сегашниве услови тие се реални. Во поголемите градови надвор од државава, таксито е луксуз и го користат бизнисмени и луѓе што повеќе заработуваат. Кај нас досега во такси се возеа и деца. Ќе се собереа по неколку лица и ќе се возеа само за 50 денари. Им излегуваше поевтино и од автобус. Сега на средношколците им дадоа бесплатни слободни карти, нека се возат во автобус - вели Ѓокица Божиновски од такси-компанијата „Лотус транспорт“.

Од такси-компанијата „Плава лагуна“ се скептични за можноста да се реализира последната одлука на Советот на град Скопје.

- Со оглед на стандардот на нашите граѓани, тешко е остварливо дека тие ќе се возат во такси. Факт е дека тоа ќе се одрази и на нашата заработувачка. Тешко беше и досега, а сега ќе биде уште потешко. Со такси-дејност на диво се занимаваат и полицајци и пожарникари и чувари на државни институции, кои на тој начин си го дополнуваат семејниот буџет, а нас н` оставаа без работа - се жали таксист од „Плава лагуна“.

Претседателот на Групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, Сашо Рајчановски, вели дека ќе ја почитуваат одлуката на Советот, иако толкавото зголемување на цената не било нивно барање, туку на поголемите такси-компании, како „Наше такси“, „Лотус“, кои имаат нови возила.

- Освен членовите на нашата Групација, сите други бараа поголемо зголемување на цената. Дури некои од нив бараа цената да биде 40 денари старт и 30 денари за секој изминат километар. Нашето барање беше цената да биде 50 денари старт со изминат километар и 22 денара за секој изминат километар. Нема да ја бојкотираме одлуката, но прво ќе чекаме сите други да ги штелуваат таксиметрите. Не сакаме да бидеме кочничари - објаснува Рајчановски.

Тој не е против поскапувањето, но смета дека треба да биде прифатливо.

- Факт е дека требаше да има поскапување, бидејќи 5,5 години возиме со иста цена од 50 денари старт за два километра и 20 денари за секој изминат километар. Згора на тоа, расте цената на горивото и на резервните делови. Но, не требаше одеднаш толку да поскапи - дециден е Рајчановски.

Лиценци за легален такси-превоз

И претседателот на Синдикалната организација на автотакси-превозниците при Регионалната комора на Град Скопје, Марјан Спасовски, вели дека станува збор за неправилна одлука.

- Денеска ќе имаме состанок со нашите членови и ќе дефинираме став. Со новата цена нема кого да возиме, бидејќи знаеме каква е платежната моќ на граѓаните во моментов - заклучи Спасовски.

По покачувањето на цената на такси-услугите, граѓаните велат дека ќе го редуцираат возењето со такси.

- Отсега поретко ќе се возам со такси, зашто тоа не можам да го дозволам со моите приходи. Ќе мора да се преориентирам на јавниот градски превоз, кога веќе имаме нови автобуси - изјави скопјанката Ивана Димовска.

Ова е втора одлука за зголемување на цената, откако претходно со Одлуката за такси-превоз, усвоена пред неколку месеци, беше утврдена цена 20 денари за старт и 25 за километар, но и други правила за воспоставување ред во дејноста.

Од Градот велат дека веќе се подготвуваат за примена на тие правила и во практиката.

- Веќе од април ќе почнат да се им се даваат на лиценцираните таксисти таблите на кои пишува * таџи. Договорот за нивната набавка е пред склучување. При крај е тендерската постапка за црно-белите ленти, кои треба да се стават од страните на возилото. Ќе ги повикаме таксистите да дојдат и да си извадат лиценца и со неа ќе им се дадат и таблата и лентите. Така ќе може да се одвојат легалните од дивите таксисти. Исто така, шест сообраќајни инспектори ќе бидат постојано на терен и ќе контролираат во соработка со полицијата. Кон крајот на април ќе почне и бележење на такси-станиците - најави Неделчо Крстевски, портпарол на Градот.

Анела Петрова #
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9CE3D2DB19A2F347BBD9F7AB872BAFE2
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 08-Mar-2011 at 12:40
Таксито поскапо за 20 денари

Таксито пак поскапува. Од април скопјани ќе плаќаат за 20 денари повисока цена за возење. И тоа, 40 денари само за старт, и плус 25 денари за секој изминат километар.
Советот на Град Скопје вчера ја донесе ова одлука, на барање на градските такси - здруженија. Ова е второ зголемување на цената на такси-превозот во рок од четири месеци. По првото покачување, цената на стартот беше 20 денари, а секој километар 25 денари.
Со новата цена, два изминати километра ќе чинат 90 денари, додека за пет изминати километри цената ќе биде 165 денари. Тоа е за 20 денари повисока цена, ако се знае дека со првичното поскапување два километра чинеа 70 денари, а пет километри 145 денари.
Оваа нова втора цена, всушност, е и првичниот предлог на Градот. Но тогаш тој беше променет оти дел од советниците сметаа дека поскпапувањето е многу големо и оти граѓаните нема да можат да си дозволат да користат такси-превоз.
Од Град Скопје велат дека новата одлука сите таксисти ќе мораат да ја применуваат од април, кога веќе треба да бидат поделени унифицираните табли, со што во сила ќе стапи и новиот правилник за такси-дејност. (А.А.)


http://vest.com.mk/?ItemID=65BF4FFF378A2B4DA22F2D82B10ECA3C
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 02-Mar-2011 at 23:08

НАЈАВА ЗА СРЕДУВАЊЕ НА ХАОСОТ


Унифицираните светлосни ознаки ќе ги набркаат дивите таксисти


Светлосните реклами и страничните ознаки бесплатно ќе ги добие секое лиценцирано такси-возило


Унифицирани такси ознаки, единствена цена и возила во добра кондиција се првите три услови за надминување на долгогодишните проблеми во такси-превозот.
- Само со квалитетна услуга може да се постигне целта. Се надевам дека градските власти набрзо ќе почнат да ги доделуваат унифицирани ознаки за такси-возилата, како и за големите табли на кои ќе стои ознаката "ТАКСИ". Очекувам дека на средбата што е закажана за вторник ќе се договориме и за единствена цена за возење, вели Митко Миленков, директор на новата такси-компанија Авто куќа", чиј знак на распознавање се возилата шевролет круз.

За воведување на единствен тарифен систем на наплата градските власти велат дека ќе бидат разгледани сите опции, но дека секој нов договор треба да биде изгласан на Советот на Град Скопје. Во моментов важи одлуката што ја донесоа советниците во октомври, а таа е 20 денари од старт и 25 денари за секој изминат километар. Но, новите цени ги практикуваат само брендираните такси-компании. Останатите возат по стари цени - 50 денари во вклучени 2 километри и 20 денари за секој изминат километар.

Од Градот информираат дека тендерот за избор на фирма која ќе ги изработува унифицираните ознаки е затворен, но не прецизираат детали, бидејќи постапката се уште трае и договорот се уште не е потпишан.

Како што дознаваме, најдобра понуда имала охридската фирма ПАП, која ќе ги прави и светлосните реклами и страничните ознаки. Ознаките бесплатно ќе ги добие секое лиценцирано такси-возило. На тој начин, велат градските власти, и граѓаните ќе знаат да ги препознаваат дивите таксисти од легалните и нема да се случува да бидат изманипулирани при наплатата, како што беше досега. 


АВТОКУЌА
15777 нуди поволности за лојални клиенти

Брендираните такси-компании кои веќе си го најдоа своето место на пазарот и воведуваат новини кои им помагаат полека да ја истиснуваат нелојалната конкуренција. Новина на пазарот деновиве лансираше такси-компанијата "Авто куќа", која формира клуб на пријатели со воведување на картичка за лојалните клиенти според поминатите километри. Исто така, новина се туристичките тури со ангажиран возач со познавање на англиски јазик, како што се посети на винарии, културни и природни знаменитости, ВИП транспорт до аеродромите во соседните земји, а за деловните субјекти и нивните вработени плаќање на фактура и со кредитна картичка.
Се повикуваат на бројот 15777 или со титка на 076 215 777. Сите новини се објавени на веб-страницата www.avtokuca.com.mk.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC8217392C1CF94DB5829C4AE09430F9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 02-Mar-2011 at 18:21

Ново градско такси - нов бизнис на Авто куќа

Новата такси компанија функционира од 16 февруари. Бројката од 40 нови возила ќе се дуплира до крајот на годината велат првите луѓе на оваа компанија.

Инвестиција во модерен диспечерски центар , опремен со сателитско следење на возилата , клуб картичка за клиентите се само дел од понудата на новата такси компанија во Скопје.

Бројот на кој може да се добие е 15777. Предноста на оваа компанија е што на лесен начин обезбедува финансирање на возилата , брза испорака и редовно сервисирање , брза поправка во случај на дефект или оштетување. Изборот на такси возилата потекнува од идејата постојано да се промовираат новите модели на Опел и Шевролет, а како за почеток е Шевролет Круз. / Љ.К
02.03.2011, 16:33
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=72060
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 03-Feb-2011 at 13:21

Дивите таксисти ги припитомија градските власти

Освен хаосот во сообраќајот, дивите таксисти создаваат проблеми оти ги узурпираат такси-стојалиштата кои се предвидени исклучиво за оние возила што работат според Правилникот на Градот

Возењето со такси секаде во светот се смета за луксуз, а и возилата што ги превезуваат патниците се речиси луксузни. Во Скопје, пак, такси може да биде секое возило што се тркала по улиците.

Иако Градот има правилник според кој такси-возилата треба да се унифицираат и да исполнуваат одредени услови, нема кој да ја спроведе таа одлука на терен.

Пет такси-компании од Скопје, кои велат дека ги исполнуваат сите услови што ги предвидува правилникот од Градот, деновиве, за да се заштитат од нелојалната конкуренција, го формирале здружението „Асоцијација“, здружение на легални такси-превозници. Во него членуваат Наше такси, Лотус транспорт, Сити -такси, Вардар бип и Гламур сити.

Преставници од овие компании велат дека дивите такси-превозници што не го почитуваат правилникот од Градот и немаат никакви давачки, освен за гориво во возилото, се нездрава конкуренција.

- Нашите возила се нови, сите возачи се вработени и осигурани, возилата се регистрирани, имаат фискални апарати и низа други работи кои им се во служба на градските власти и на патниците. А, цената за возење е иста со сите оние што се нарекуваат такси, а возат нерегистрирани возила, кои се стари и по триесетина години. За жал, никој не води сметка или, пак, не се гледа ефектот од контролите на сообраќајните инспектори и на полицијата за искоренување на такси-криминалот. Ние, кои многу вложуваме во овој бизнис и ги почитуваме сите законски обврски кон Градот и државата, имаме проблем да опстанеме - велат одговорните од „Лотус транспорт“.

Таксистите работат со загуби и бараат повисока цена.

Освен хаосот во сообраќајот, дивите таксисти ги узурпираат и такси-стојалиштата кои се предвидени исклучиво за оние возила што работат според Правилникот на Градот.

Неодамна Градот усвои и Одлука за такси-превоз која е надеж за средување на досегашниот хаос со легалните и со дивите таксисти. Сметаат дека ако успеат да исклучат од сообраќај околу 6.000 диви таксисти, наспроти 3.000 легални, ќе се намали метежот по скопските улици. Тоа, велат, ќе се постигне само со поголема соработка со сообраќајната полиција.

Од 2012 година ќе стапат во сила одредбите што таксистите кои конкурирале за лиценца се обврзуваат да се унифицираат по надворешниот изглед, како и да стават табла и лента издадена од Градот. На овој начин, сметаат надлежните, полицијата полесно ќе ги препознава дивите превозници и ќе може да ги казнува.

- Спроведувањето на мерките, како што се бојосувањето, лентите и таблите, ќе ги спречат нелегалните таксисти да се вклучуваат во сообраќај и со тоа да ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, интегритетот на патниците, како и егзистенцијата на оние што имаат соодветна документација за такси-превоз - изјавија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Градските инспектори ќе поднесуваат прекршочни пријави против оние што се вклучени без лиценца или не ги исполнуваат условите од одлуката. Дел од инспекцискиот надзор ќе го спроведат сами, а дел со сообраќајната полиција.

Од Градот додаваат дека одлуката за такси-превозот ќе стапи во сила постапно. Сите одредби, освен таа за бојосување на возилата, веќе се во важност. Делот за бојосување на возилата со жолта и бела боја ќе стане правосилен од јануари 2012 за да имаат доволно време такси-здруженијата да се приспособат на новите правила. Старата цена беше 50 денари за старт, во кои влегуваа два километра, а 22 денара чинеше секој изминат километар.

Од октомври 2010 година цената на такси-превозот е 20 денари при влегувањето во возилото и секој следен километар по 25 денари. Од Градот се оптимисти дека конечно ќе го средат хаосот што владее со години на скопските улици, односно ќе се знае кој треба, а кој не да вози такси.

Марија ТАСЕВ


Таксистите како за на модна писта

Градот одреди и дрес-код, па така такси-возачот мора да е чист, потстрижен, избричен, со чиста облека и културно да се однесува. Тој, не смее да пуши во возилото, а лете не може да вози со шорц или маичка без ракави. Од јануари 2012 година, најверојатно такси-возилата во Скопје конечно ќе добијат унифициран изглед: жолто-бели со ленти на страните од возилото.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0451E29E2A73E64B971A5550816AFAC0
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 21-Jan-2011 at 20:43


Битолчани ќе се возат во поскап такси-превоз



Со донесената одлука, тарифата за автотакси-превозот на патници на подрачјето на Општината Битола се зголеми од 10 на 20 денари при поаѓање кон целното место, додека пак цената за изминат километар останува иста, односно 20 денари, информираат од Општината Битола.

Автотакси-превозот во Битола е регулиран со повеќе одлуки од надлежност на локалната самоуправа и секое такси-возило е со унифицирана жолта боја, поседува фискална сметка, како и соодветно обележани паркинг-места во градот.


http://informator.ws/bitola/bitolchani-e-se-vozat-vo-poskap-taksi-prevoz

Унифицирани се, да, само ако се пуштени во сообраќај пред повеќе од една година кога и последно ги предупредија за бојата, оттогаш сите нови возила во сообраќај се кој каква боја сака, и секој резервен дел е во различна боја. Јас им се чудам на граѓаните што сакаат да се возат во тико и матиз/спарк кога има возила како октавија и меган од легитимни фирми со нормални возачи. Самото тоа што возилото било удрено треба да е доволно да не влезиш во него.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 14-Jan-2011 at 17:36
А демек тие што се водат од нивниот carbon footprint гледаат да поминат и поевтино?

Тоа природно и вештачко покачување не знам како го дефинираш. Има и таму комисии за цените на јавниот превоз, не растат цените туку така по желба на превозниците. Нормално прво треба да проработи автобускиот јавниот превоз кај нас па да се мисли на покачување на цената на таксито, ама не гледам што има тука вештачко?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.426 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.