Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#141 Posted: 19-Mar-2010 at 20:34 |
Концесионерот да го напушти пазарот – расправа во Советот
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:07
Опозицијата го запраша градоначалникот дали е запознат со барањата на сопствениците на дуќаните во новиот пазар за одземање на концесијата на фирмата „Полимер".
-Сопствениците тврдат дека „Полимер" не се придржува до концесионерскиот договор при што затворениот дел од пазарот кој изворно е предвиден за продавање сирење бесправно им го дал под наем да се отвори дисконт маркет. Додека пак просториите за ППЗ апарати ги испразнил и ги дал под наем, праша на последната седница на советот советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски.
Градоначалникот бил информиран за нивните барања.
-Има писмо кај мене во кое имаат забелешки, досега трипати ревизија имам направено, но досега не во ваков обем. Ако се потврди ќе имаме сериозен проблем, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Ќурчиевски праша и за инвестициите кои се планираа.
-Што стана со вашето ветување дека ќе се склучи анекс на договорот во кој ќе ги дефинираме инвестициите, ветување кое вие ми го дадовте пред една година, рече Ќурчиевски.
-Сите обврски кои доаѓаат со договорот ги пуштаме да ги ревидираат, како надзор е комисијата. Имаме забелешки за просторот, за осветлувањето и одржувањето на хигиената. Комисијата ќе разгледа и доколку достави докази, сериозно ќе разговараме, рече градоначалникот.
Сопственикот на „Полимер", Љупчо Стојчевски вели дека во средата бил на средба со градоначалникот, му објаснил како стојат работите и вели дека се е регулирано според обврските. Наскоро и подетално од „Полимер" ќе ја информираат јавноста. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19321&Itemid=106
Edited by гитардемон - 19-Mar-2010 at 20:34
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#142 Posted: 16-Mar-2010 at 21:00 |
Сопствениците на дуќаните во новиот градски пазар со барање до градоначалникот Талески
16 МАРТ 2010
Сопственицте на дуќаните во новиот градски пазар, загрижени за пропаѓањето на пазарот и неговото секојдневно руинирање, деновиве, одржаа состанок, на кој формираа иницијативен одбор, кој во иднина ќе ги брани нивните ставови и барања, а прво барање е да му се одземе концесијата на “Полимер“.
Сопствениците на дуќаните се крајно незадоволни од начинот на кој со новиот градски пазар стопанисува фирмата “Полимер“ и затоа бараат, доколку оваа фирма не ги отстрани недостатоците и барањата од заклучоците на сопствениците на дуќаните, Општината Битола да и ја одземе концесијата и да им го врати владеењето со дуќаните во нивна сопственост.
Градоначалникот Владимир Талески треба да и ја одземе концесијата на “Полимер“ бидејќи оваа фирма воопшто не ги исполнува условите од концесискиот договор и владеењето со дуќаните да ни се довери нам, бараат сопственците на дуќаните во новиот градски пазар. Тие воедно бараат сите оние кои нелегално и бесправно ги проширија дуќаните да ги вратат како што е предвидено со проектот. Тие бараат да се отстрани дисконт-маркетот кој беше наменет за сирењара и во него да бидат сместени продавачите на сирење кои моментно сирењето го продаваат на паркингот пред пазарот.
Воедно се бара од фирмата “Полимер“ да ги врати просториите за ПП апарати, кои се узурпирани и се издаваат под наем.
Доколку сите овие барања не бидат исполнети сопствениците на дуќаните во новиот пазар ќе бараат градоначалникот на Општината Битола да го раскине концесискиот договор со фирмата “Полимер“ и истиот да им го довери ним, кои се подготвени да плаќаат и двојно поголема цена за концесијата од онаа што моментно ја плаќа “Полимер“.
Текст и фото: Сашо Ристевски
|
http://informator.ws/novosti-od-bitola/11978-2010-03-16-00-28-35.html
Еве да се види дека не го велам само јас тоа, туку буквално се распаѓа пазарот, и павер елементите се партал и на скалите, и одоколу на жардињерите.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#143 Posted: 16-Mar-2010 at 20:49 |
Не не, стариот пазар си е уште на место, и си се наоѓа тука.
Ова е новиот пазар, кој иако требаше да биде зелен пазар, на крајот испадна место каде што ги сместија сите нелегални тезгаџии (средината, каде што ги гледате тезгите), а пак „бутиците“ одоколу на катот се ш-класа, а има и по некоја сендвичара и нормално обложувалница. Светла страна е што неколку банки имаат филијала таму, има 3-4 кафулиња, и по некое претставништво на т-моубл, vip и one, па просторот живна. Инаку се наоѓа веднаш до новата црква што ја следиме и на форумов, и спроти веро 4. Еве каде. (сè уште не постои на сликите, прастари се).
Еве ќе се потрудам да најдам по некое сличе од пазарот, но премногу е скудно со овие содржини на интернет.

Edited by гитардемон - 16-Mar-2010 at 20:56
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#144 Posted: 16-Mar-2010 at 20:05 |
Супер реновирано
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#145 Posted: 16-Mar-2010 at 19:14 |
Ми се допаѓа, изгледа културно. Тазе е реновирано ова? И ај ако може координати
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#146 Posted: 16-Mar-2010 at 19:01 |
„Новиот“ пазар во Битола.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#147 Posted: 28-Feb-2010 at 17:00 |
Во Кавадарци ќе се гради градски зелен пазар - Советот
донесе одлука за поволен кредит |
|
|
|
Понеделник, 22 Февруари 2010 18:46 |
 Кавадаречкиот совет на денешната 16 та седница
што се одржа попладнево со 10 гласа “За“ и 7 “воздржани“ даде зелено
светло за долгорочно задолжување на општина Кавадарци со 115 милиони
денари, со цел обезбедување на средства за изградба на градски зелен
пазар. Условите за задолжување се поволни и се дел од посебен
инвестициски заем помеѓу Владата на РМ и Светска Банка. На усвојувањето
на одлуката претходеа бројни дискусии.Градоначалникот Александар Панов
ја образложи одлуката и притоа потенцира дека се работи за ретка голема
инвестиција. “За ваков поволен кредит плаче секој стопанственик“ беше
дециден Панов.
Одлуката за задолжување советниците во своите настапи ја
окарактеризираа како историска. Советникот Бетиане Китев смета дека за
одлуката треба да се продискутира и трезвено да се размисли дали е
момент за реализација. Китев посочи дека не треба неговиот настап да се
свати како опструкција, туку забелешки за законита одлука. Забележа
дека на одлуката и недостасува транспарентност иако нејзината
нацрт-верзија беше помината на совет, а недостасува и јавна расправа по
истата.
“Пред странските фондации и институции треба да изразиме
едногласносст дека во име на граѓаните сакаме да го изградиме тој
објект“ рече меѓу другото во својата дискусија советникот Панчо Минов и
побара усвојување на заклучок дека одлуката за задолжување нема
дополнително да ги оптерети граѓаните и правните субјекти со зголемени
давачки. Градоначалникот Панов беше дециден дека граѓаните нема да
имаат зголемени давачки освен оние кај кои ќе се утврди поголем основ за
данок на имот со акцијата за ажурирање на базата на податоци на
даночните обврзници. Советникот Борис Давидов со став дека како совет
треба да покажат храброст и да дозволат градот да се гради.
“Нема што да се мислиме. Оваа шанса за поволен заем не смееме да ја
пропуштиме“ со став и советникот Ристо Сакалиев.
Претседателот на советот Илија Тренчев рече дека е воодушевен од
идеата и е за подршка на како што рече ова историска одлука. Советуваше,
да не им бидат на советниците во преден план суетите или политиката.
“Кој од вас во изборната програма не застапуваше изградба на нов
градски пазар“? Запраша советникот Развигор Кабранов и образложи дека од
предизборната кампања на која сите ветуваа изградба на градски пазар
поголема јавна расправа и нема. “Јас со двете раце ќе гласам за оваа
одлука“ беше дециден Кабранов.
По советничките дискусии орбразложение на условите за заем и што
тоа ќе значи за буџетот на општина Кавадарци даде раководителот на
секторот финансии Цанка Јованова.
“Износот на долгорочниот кредит кој се бара е во согласност со
членот 20 од Законот за финансирање а единиците на локалната самоуправа и
истиот изнесува не помалку од 30 % од остварените тековно оперативни
приходи во основниот буџет на општина Кавадарци за претходната фискална
година. Тековно оперативните приходи во Основниот буџет на општината
за 2009 се во износ од 106.501.175 денари. Согласно ова одредба 30%
изнесува 31.950.353 денари како максимален годишен ануитет согласно
Законот. Користејќи ја законската одредба и можностите кои ги нуди
Законот со предложената одлука се предлага задолжувањето да биде во
износ од 115 милиони денари со законски лимит на годишен ануитет во
износ од 17.700.000 денари. АНГЕЛ ДАНОВ
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#148 Posted: 31-Jan-2010 at 16:26 |
Може би непотребно се остава атриумот така. Ќе има ефект во однос на вентилација од мирис од пазар и од цела таа храна што ќе се продава тука и по пазари и по продавници и месраи и рибарници, ама па од друга страна пак дожд ќе врне. Она што јас би го направил е би го покрив пазаров со некој проѕирен покрив, да речеме плексиглас, со тоа што монтажниот дел нема директно да преоѓа во фиксниот, туку малку ќе биде издигнат за вентилација. 
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#149 Posted: 31-Jan-2010 at 11:58 |
Еве еден нов проект во Радовиш Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да
добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на
градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот
проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.
- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од
домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па
инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Сеуште не
сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство
или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата
постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата
да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш,
Роберт Велков.
Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со
посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен
паркинг за 80 возила.      http://radovis.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=79 Имам ногу роднина во Радовиш, па ако почне да се гради ке го пратеме проектот.
Edited by Makedonij - 31-Jan-2010 at 13:39
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#150 Posted: 16-Dec-2009 at 15:12 |
Абе ОК сепак не можеме да очекуваме светска уметност за некое пазарче маргинално во некое маало од некој мал град од државата. Сепак повеќе за поздрав е потегот што воопшто се иде на вакви затворени пазари што се реткост кај нас. Сепак ова е објект од функција, мање више и не е битно во колкава мера содржи "транзиционост". Да се работеше да речеме за општинска зграда или слично, ќе имав замерки доста за зградава. А за вака објект кој треба да си обаво основна функција, задоволен сум што не е грб. Тоа што не е убав не е воопшто битно.
Окружувањето се слагам, таман да е најзабален дел од земјава заслужува тротоар нормален.
Edited by lslcrew - 16-Dec-2009 at 15:35
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#151 Posted: 16-Dec-2009 at 14:23 |
 Нуклеарна катастрофа. Не значи дека ако е малечок објект, во малечок град дека треба да се направи вака фушерски и транзициски. Окружението пак (тротоарите, калта, чакалот, улицата...) се дупла нуклеарна катастрофа.
Edited by pbanks - 16-Dec-2009 at 14:24
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#152 Posted: 16-Dec-2009 at 03:54 |
Пред половина година ја регистриравме веста за отварањето на новиот, затворен градски пазар во Ресен, но немавме некаков визуелен материјал за да можеме да уживаме во оваа „убавина“ Се надевам барем дека добро се разработил. Локација: 41° 5'6.57"N 21° 0'49.30"E 1  2

Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 04:16
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#153 Posted: 05-Nov-2009 at 07:16 |
Радовиш ќе гради покриен пазар Има
реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да добие
покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на градот,
на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот проект
неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.
- Дозвола за градба имаме, а веќе има и
интерес за инвестирање од домашни и од странски фирми. Локацијата е
многу атрактивна, па инвестицијата може да се врати за не повеќе од три
години. Се' уште не сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на
јавно-приватно партнерство или некој друг. Ќе водиме сметка за
интересите на општината и целата постапка ќе биде транспарентна и
според законите. Очекувам изградбата да почне во текот на 2010 година -
вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.
Пазарот ќе
биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со посебен
простор за продавање земјоделски производи и со подземен паркинг за 80
возила.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=20BE60EDC302E940BA3C0DAD9D3506EB |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#154 Posted: 14-Sep-2009 at 14:26 |
Радовиш ќе добие европски покриен пазар
13.09.2009 19:26
Радовиш ќе гради покриен пазар според европските стандарди, најавува радовишкиот градоначалник Роберт Велков. Ќе го градат странски инвеститори во партнерство со општината, а станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра.
„Проектот на кој денеска сакам да ставам акцент, а за кој сметам дека особено ќе придонесе за развојот на општината е изградбата на покриениот пазар во градот Радовиш, кој ќе ги исполнува сите стандарди и европски норми за безбедност на храна, како при ракувањето, така и при продавањето на ваквиот тип производи“, соопшти Велков,
„Во завршна фаза сме со преговорите со странски инвеститори кои преку јавно-приватно партнерство во Радовиш ќе вложат 2,5 милиони евра“, додаде Велков
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#155 Posted: 02-Sep-2009 at 11:30 |
Тешко е да се направи организиран пазар за книги |
Градоначалникот
Трајановски вели дека ќе го реши проблемот со уличните продавачи
на стари книги, но проблем е да се најде локација
во центарот
за да се изгради пазар |
|
 |
Скопје
треба да има организиран пазар на книги, со што ќе добие посебен имиџ и
ново култно место, а ќе се зголеми и интересот за книгата, каков што е
случајот со европските градови, порача советникот Владо Поповски на
последната седница на градскиот совет, наменета за прашања до
градоначалникот и до неговата администрација.
- Дали градската управа има во план да го реши прашањето со уличните продавачи на старите книги - праша Поповски.
Градоначалникот
Коце Трајановски истакна дека досега не направиле ништо конкретно за
овој проблем, но формиран е тим со библиотеката „Браќа Миладиновци“ и
веќе се разгледуваат неколку опции.
- Во програмата е
предвидено да се изгради пазар на книгата, но секогаш се бара тој да
биде сместен во центарот или во околината, што е тешко изводливо
бидејќи локациите се ограничени. Во секој случај, тој проект ќе биде
реализиран - објасни Трајановски.
Веќе неколку години
продавачите на стари книги се стационирани пред платото на Македонската
опера и балет, место што по реновирањето на плоштадот „Македонија“ само
го избрале поради раздвиженоста и близината на неколку факултети.
Идејата тие да се преместат во дворот на библиотеката „Браќа
Миладиновци“ е стара околу три години, но никој не се заложува да го
реши нивниот проблем. Од градската управа пред неколку месеци изјавија
дека сé додека не се регулира дејноста за продавање на стари книги,
нема да може да се направи сериозен концепт за наменско организирање на
оваа дејност. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9291012225&id=14&prilog=0&setIzdanie=21778 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#156 Posted: 09-Aug-2009 at 02:01 |
До крајот на годинава ќе се отворат три нови пазари во Аеродром

На пазарите ќе биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук
До крајот на годинава се очекува да профункционираат три нови пазари
на подрачјето на Општина Аеродром со кои ќе стопанисува локалната
самоуправа. Идејата за отворање на пазарите, промовирана уште од
претходниот градоначалник, речиси е стасана на половина од
реализацијата. Едниот од трите урбанистички планови со кои ќе се
предвидат пазарите веќе е усвоен од општинскиот Совет, а наскоро се
очекува да бидат изгласани уште два плана. Најдоцна до октомври,
Општината ќе распише тендер за изведувач на трите пазари. Едниот од нив
е планиран да се изгради на просторот меѓу црквата „Свети Пророк Илија“
и амбулантата „Јане Сандански“, вториот зад ТЦ „Бисер“ и еден пазар ќе
се гради во населбата Горно Лисиче.
Градоначалникот на
Аеродром, Ивица Коневски, информира дека се' уште се работи на
изготвување на програмата за привремени објекти, со што делумно ќе се
регулира и функционирањето на пазарите и нивниот изглед.
„Овој
проект е дел од стратегијата за дислоцирање на дивите пазарџии. Со
оглед на тоа дека пазарите планираме да ги дадеме на користење за
симболични цени, сметаме дека оние што сега на диво продаваат овошје и
зеленчук ќе бидат заинтересирани за користење на тезгите. Не само што
ќе ги избегнат акциите за санкционирање на дивите пазарџии, туку ќе ги
исполнат и ХАСАП-условите кои наскоро ќе треба да почнат да се
применуваат, бидејќи нашите пазари ќе бидат изградени според
најсовремени стандарди“, вели Коневски и се надева дека сите диви
пазарџии кои продаваат на подрачјето на Аеродром ќе ги искористат
условите што ќе ги понуди Општината за работа на новите пазари.
Најверојатно,
тезгите за пазарџиите кои се жители на Аеродром ќе се издаваат по
пониски цени, а тоа ќе важи и за социјалните случаи. На пазарите ќе
биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3758C5F72638C64EAE607C6920932135
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#157 Posted: 23-Jun-2009 at 11:43 |
Три нови пазарчиња во Аеродром
Мини-пазарите ќе
бидат поставени на три локации, и тоа едно на просторот меѓу црквата
"Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сандански", еден пазар ќе
биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер" и еден во населбата Лисиче
Општина
Аеродром во септември ќе отвори три нови пазарчиња. Сто тезгиња за
продажба на овошје и зеленчук ќе се постават на просторот меѓу
црквата "Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сандански", вториот
пазар ќе биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер", а третиот во
населбата Лисиче. Отворањето на зелените мини-пазари Општина
Аеродром го најавуваше уште пред три години, но реализацијата на
проектот постојано се одлагаше, поради доцнење на тендерот за избор на
фирма која требаше да ги изработи тезгињата. "Конечно, во
септември ќе бидат готови проектите за мини-пазарите. Новите
пазарчиња ќе го решат проблемот на дивите препродавачи на овошје и
зеленчук. Веднаш штом ќе се создадат потребните услови, пазарчињата
ќе почнат со работа", рече градоначалникот на Општина Аеродром Ивица
Коневски. Според она што го најавуваа општинарите во изминатиот
период, тезгите ќе бидат во црвена и жолта боја со многу рафтови, а ќе
бидат и покриени за да можат да се користат и зиме. Од Аеродром велат дека цената по која ќе им ги издаваат тезгињата на пазарџиите ќе се утврдува допрва со одлука на Совет.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=FFBA0FDC32D7B04288221FFC879A29D4 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#158 Posted: 22-Jun-2009 at 14:10 |
Нов автопзар го блокира Маџари
Секоја недела,
од 6 до 16 часот, улицата Благоја Стефковски е блокирана од реки од
луѓе што доаѓаат на пазарот, а колите ги оставаат на улицата
Тротоарот
на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, Општина Гази Баба,
е претворен во паркинг. Од испаркирани автомобили, кој каде стигнал и
како сакал, нема една педа слободно место да се застане и помине
покрај улицата.Тамошните жители се принудени место по тротоар, да одат
на коловозот на улицата меѓу автомобилите, па сообраќајот во
населбата буквално е блокиран. Хаосот во сообраќајот, како што
велат жителите, е од пред еден месец, кога покрај улицата бил отворен
нов автопазар. Велат дека секоја недела, од 6 до 16 часот, улицата
Благоја Стефковски е преполна од луѓе што доаѓаат на пазарот да
продаваат автомобили. "Метежот на улицата го прават граѓаните што
тука доаѓаат на пазар. Пред да влезат да си купат нешто, ги паркираат
автомобилите на тротоар и со саати не излегуваат од пазарот. Нам не
ни пречи толку автопазарот колку што ни пречат испаркираните возила
пред влезот. Доколку некој сака да работи ваква дејност на улица,
мора да најде решение за паркирање на автомобилите, во спротивни,
секој ден ќе викаме полиција да ги казнува", реагираат тамошните
жители. Од фирмата "Севеада", која е сопственик на новиот автопазар,
велат дека пазарот работи на европски начин, спред сите правила и
прописи. "Не е вистина дека пазарот го блокира сообраќајот.
Напротив, откако го затворија пазарот на 'Фершпед', ние најдовме
начин дивите препродавачи на автоделови и на половни возила да ги
сместиме на едно место. Секој што сака да си купи или да продаде
автомобил, си плаќа 200 денари влезница, си добива фискална сметка и
раат си работи цел ден. Површината на пазарот е 10.000 квадратни
метри, собира околу 500 возила и воопшто нема потреба некој да се
паркира пред влезот. Имаме дозвола за работа, а наскоро ќе го
поплочиме пазарот и ќе отвориме ресторан", велат од "Севеада". Од Министерството за економија вчера не добивме одговор дали фирмата "Севеада" има дозвола за стопанисување со автопзарот
http://www.vest.com.mk?ItemID=F1F1E62A3696524E9208F2BF9B28DADD |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#159 Posted: 09-Jun-2009 at 18:14 |
Еве две слики да го уловите блискоисточниот амбиент на битолскиот пазар 

|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#160 Posted: 08-Jun-2009 at 18:12 |
ОПШТИНАТА ГИ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТИТЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
Три нови пазари ќе се градат во Аеродром
Жителите
на општина Аеродром наскоро ќе добијат три нови пазари. Едниот од нив
треба да се гради во населбата Горно Лисиче, каде што во моментот нема
ниту еден пазар, а граѓаните што живеат таму се принудени да одат до
тој во населбата Лисиче. Пазар ќе се изгради и на локацијата меѓу
црквата „Св. Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“, а третиот
ќе биде зад ТЦ „Бисер“. Граѓаните што живеат во непосредна близина на
местата каде што е предвидено да има нови пазари, велат дека е крајно
време општината да вложи во нивна изградба, затоа што, како што велат,
ќе можат без да патуваат со автобус да појдат до пазар за да си купат
основни намирници. - Најчесто одам да купувам дури до Зелен пазар или
од неколкуте тезги што се поставени во близина на ТЦ „ Бисер“. Сепак,
проблемот се јавува во тоа што за да стигнам до таму мора да користам
автобус, па губам време со часови. Во близината каде што живеам има
неколкуте тезги, но цените се превисоки оти има малку производи “ вели
Лидија од Горно Лисиче. Таа се надева дека што поскоро ќе се реализира
идејата за изградба на пазарите со што значително ќе им се олесни
купувањето на луѓето што живеат во оваа скопска населба, а со тоа ќе им
се обезбеди и пазарење по пониски цени заради поголемата конкуренција,
како и поголем квалитет на производите. Од Општината Аеродром, која ќе
инвестира во изградбата на трите пазари, велат дека се уште нема
одредено конкретен датум кога ќе се почне со нивната изградба. -
Проектот за пазарот што ќе се наоѓа на локацијата меѓу црквата „Св.
Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“ е изработен, додека за
двата пазари предвидени за локациите зад ТЦ „Бисер“ и во Горно Лисиче
во моментов се прават проекти “ објаснуваат од Одделението за односи со
јавност на Општина Аеродром. Проектот за првиот пазар го изработи
фирмата ЗУАС, а, според него, локацијата на пазарот ќе зафаќа максимум
површина од 1.300 квадратни метри. Трите пазари ќе бидат отворени и ќе
служат за продажба на кондиторски производи, овошје и зеленчук. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115293
Edited by Cloverstack - 08-Jun-2009 at 18:12
|
 |