Author |
Topic Search Topic Options
|
vendetta
Groupie
Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1581 Posted: 05-Aug-2009 at 17:01 |
Како што гледаш позитивно се изјаснив за овој проект.
Во предходниот мој коментар има наведено, дури и да не е тој проект финален (со лавовите) мислам дека финалното решение нема да биде сигурно некое дебилно колку да се
направи фонтана и споменик, туку ќе биде пристојно и ќе дава еден нов
белег на плоштадот.
Сигурно дека моментот што има лавови во фонтаната, па сега као ми сеа ми се допаѓа поради тоа...никаде не нагласив такво нешто. Само прашав погоре во предходниот коментар дали е тој проект е еден или сличен на финалниот(го имаше и тука на форумов од некој конкурс мислам е изваден... )
Ме потсеќаш во репликиве на нашите политичари, префрлањата позиција-опозиција. Ми наметнуваш ставови кој не се мои. Значи мислам дека ова е одлично за нашиот плоштад. Плоштадот е голем и тоа што споменикот ќе биде со тие димензии нема да смета. А сите што си црткаат некакви сликчиња и коментираат во стилот "еве глеј колкав ќе биде споменикот, леле преголем е еј нема да се глеа ова, ќе смета на она..." не треба ни да се перцепираат.
|
------------------------------
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1582 Posted: 05-Aug-2009 at 16:07 |
Што имало по весници? Ај посочи ми каде бил точно презентиран проектот. Цело време има само матни, нецелосни и контрадикторни, неофицијални и полуофицијални информации.
Фонтана со лавови? Тоа е доволно за да заклучиш дека проектот е добар?
А тоа дека ќе дава белег, тоа е многу нормално - огромен споменик во „епицентарот“ на главниот град секако дека ќе дава белег. Ама прашање е каков белег... дали нешто вкусно и прикладно, или некоја невклоплива мегаломанска гротеска со која некои ќе си задоволуваат ниски страсти?
Edited by Cloverstack - 05-Aug-2009 at 16:07
|
 |
vendetta
Groupie
Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1583 Posted: 05-Aug-2009 at 15:37 |
Нели имаше во весници? Фонтаната со лавовите? Како и да е,и да не е тоа, мислам дека решението нема да биде сигурно некое дебилно колку да се направи фонтана и споменик, туку ќе биде пристојно и ќе дава еден нов белег на плоштадот... Со СИГУРНОСТ!  Eве ќе направиме вака Кловер, ќе ти го цитирам овој пост денот кога ќе биде завршен споменикот
|
------------------------------
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1584 Posted: 05-Aug-2009 at 14:59 |
vendetta, од каде оваа сигурност?
си видел некакви материјали за тоа како ќе изгледа???
|
 |
vendetta
Groupie
Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1585 Posted: 05-Aug-2009 at 14:01 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by vendetta
Со нетрпение го очекувам спомеников! 
Повеќе поради фонтаната. Но секако и според споменикот. Ни требаше вакво нешто одамна...
| па не баш, грандиозна фонтана да, но не гледам никаква логика во споменик, без разлика чиј е
|
Сепак мислам дека ни фалеше вакво нешто. Зборувам и за фонтаната и за споменикот. Мислам дека имаме убав плоштад а со ова ќе се подобри атмосверата и целосната слика...
|
------------------------------
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#1586 Posted: 05-Aug-2009 at 12:50 |
renderot so lavcinjata e mnogu dobar ako bide takov go odobruvam
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1587 Posted: 05-Aug-2009 at 12:47 |
Originally posted by vendetta
Со нетрпение го очекувам спомеников! 
Повеќе поради фонтаната. Но секако и според споменикот. Ни требаше вакво нешто одамна...
|
па не баш, грандиозна фонтана да, но не гледам никаква логика во споменик, без разлика чиј е
|
 |
vendetta
Groupie
Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1588 Posted: 04-Aug-2009 at 23:59 |
Со нетрпение го очекувам спомеников!  Повеќе поради фонтаната. Но секако и според споменикот. Ни требаше вакво нешто одамна...
|
------------------------------
|
 |
vendetta
Groupie
Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1589 Posted: 21-Jul-2009 at 13:24 |
Ни одблиску нема да изгледа овака.
|
------------------------------
|
 |
madox
Newbiе
Joined: 16-Jul-2009
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1590 Posted: 21-Jul-2009 at 01:50 |
Еве една симулација како отприлика би изгледала статуата на Александар. http://www.flickr.com/photos/35507889@N02/3741216378/
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#1591 Posted: 16-Jul-2009 at 23:28 |
Плоштадот ќе се раскопа, споменици се ближат
Во октомври ќе почне да се гради фонтаната кај средишното зеленило на плоштадот Македонија, најави градоначалникот на Центар, Вчадимир Тодоровиќ

Плоштадот летово и есенва ќе биде раскопан за да се изврши поместување на цевките од водоводниот и канализацискиот систем, кои поминуваат точно под местото каде што ќе се градат фонтаната и споменикот на Александар Македонски и црквата „Свети Констатин и Елена“. Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ завчера најави дека очекува во октомври да почне да се гради фонтаната на местото на средишното зеленило. Пред да почне изградбата на водоскокот, Градот мора да ја изврши дислокацијата на канализацијата, за што уште во мај беше распишан конкурс за избор на фирма-изведувач.
- Очекуваме дека изградбата на фонтаната во центарот на плоштадот ќе почне во октомври. Сепак, неблагодарно е да се обврзуваме со датуми и рокови, бидејќи претходно Градот Скопје мора да ја помести инфраструктурата под плоштадот - рече градоначалникот Тодоровиќ.
Над фонтаната, која ќе има дијаметар од 25 метри, ќе биде поставен споменикот на Александар Македонски, висок 22 метри, кој се лее во Фиренца. Тој се очекува да биде готов до октомври следната година.
За изградба на фонтаната механизацијата на плоштадот ќе влегува од страната кај паркингот пред телекомот. Околу 30 отсто од површината на плоштадот ќе биде во функција на ова градилиште.
Од Градот Скопје информираат дека на конкурсот за избор на изведувач што ќе ја поместува инфраструктурата победила фирмата „Вардарградба“. Градските власти велат дека тие нема да плаќаат за поместувањето на водоводот и канализацијата, туку инвеститорот на објектите.
- За почетокот, динамиката на работите и за плаќањето е одговорен инвеститорот. Градот Скопје само технички ја спроведе постапката за избор на изведувач - велат во одделението за односи со јавноста.
Оттаму не откриваат колку би можело да чини поместувањето на подземната инфраструктура.Првобитен инвеститор на црквата „Свети Констатин и Елена“ беше Министерството за култура, кое требаше да ја спроведе Одлуката на Владата за изградба на овој верски објект со пари од државниот буџет. Пред еден месец Министерството сите документи за изградба на црквата и' ги префрли на МПЦ, која пак, с уште не се изјаснила што ќе прави понатаму. Во меѓувреме и Градот Скопје и Општина Центар го ослободија инвеститорот на верскиот објект од обврската за плаќање на комуналии за уредување на градежното земјиште.
Инвеститор на фонтаната, пак, е самата Општина Центар, која лани од државата во својот буџет доби 7,2 милиони евра за изградба на повеќе споменици. Од изјавата на градските власти произлегува дека токму Општина Центар треба да плати и за дислокацијата на канализацијата во делот под фонтаната.
Со изградбата на фонтаната и коњаникот Александар ќе пропадне и машинската сала што ја изгради претходниот градоначалник Ристо Пенов под плоштадот, вредна 200 илјади евра. Таа хала беше наменета за фонтаната што сакаше да ја гради Пенов, но проектот го стопира неговиот наследник Трифун Костовски.
Градоначалникот Тодоровиќ завчера рече дека од сите нарачани споменици годинава ќе бидат направени само тие за кои е даден аванс. Останатите ќе чекаат подобри времиња. Од досегашните настапи во јавноста на Тодоровиќ се знае дека девет милиони евра ќе бидат потрошени за изградба на споменикот на Александар, лавовите на Мостот Гоце Делчев, спомениците на Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и Методија Андонов Ченто, кои ќе се постават на плоштадот, и за споменикот на Никола Карев, кој ќе биде поставен пред Собранието. Изработката на спомениците на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум Охридски, цар Јустинијан, гемиџиите, Карпош, основачите на Македонската револуционерна организација, Првото заседание на АСНОМ, бранителите и паднатите херои за Македонија се ставени во мирување.
СТАВ Поле за верски натпревар
И верската заедница „Света столица на суфиски еленлери на светот во Македонија“ сака свој верски објект на плоштадот Македонија. Суфистите сакаат да си изградат „Вирдали баба теќе“ во зеленилото кај кафулето „Тренд“, оти тоа место им се видело како најпогодно. Бараат Општина Центар и ним да им нацрта маркичка за верски објект среде плоштадот, веројатно за да има баланс на застапеноста на верите откако таму ќе никнат црквата „Свети Констатин и Елена“ и Бурмали џамијата.
Ова барање е повеќе од очекувано. Зачудува што се' уште нема иницијативи на плоштадот да се изградат објекти и на Методистичко-евангелистичката црква, Христијанко-баптистичката црква, на Бектешката заедница, Јеховините сведоци и на Харе Кришна, оти сите би биле легитимни.
Владата со одлуката да гради црква на плоштадот не само што ја подели јавноста на верници и неверници, туку ја отвори и Пандорината кутија од која сега излегуваат желбите на помалите верски заедници. Денеска суфистите, утре некои други, сите сакаат парче од плоштадот Македонија. Лопата таму, лопата ваму - плоштадот се претвори во поле за верски натпревар меѓу заедниците.А нели требаше да стане модерен и европски?
(С.Х.-Ј.И.)
|
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1592 Posted: 29-Jun-2009 at 18:43 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1593 Posted: 27-Jun-2009 at 15:53 |
Еве некој рендер изваден од колумната на Димитар Димитров во денешен дневник. Од каде ли излегува целово разногласие со рендери и димензии, кој ги продуцира сите нив и со која цел. Толку ли е тешко да се промовира ако не друго официјален изглед на оваа глупост што ја заговараат?
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1594 Posted: 02-Jun-2009 at 10:37 |
Ќе доцни изградбата на Александровиот споменик
|
Фонтаната во средишниот круг на плоштадот „Македонија“, во која треба да се постави споменикот на Александар Македонски, нема да почне да се гради наскоро бидејќи прво треба да се замени старата подземна инсталација за водата.
Иако Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, на почетокот од својот мандат најави дека изградбата ќе почне најдоцна за еден месец, сепак тој рок помина, а од градење сè уште нема абер. Општинарите објаснуваат дека не може да се гради бидејќи градските власти, под чија надлежност е плоштадот, треба прво да спроведат тендер за избор на фирма, која ќе треба да ги замени подземните цевки и механизми поставени во 2004 година, па веднаш потоа ќе може да се изведуваат работи.
- Сегашната инсталација за фонтаната е несоодветна. Затоа таа треба да се замени со нова. Тоа треба да го направи градот, а изградбата на фонтаната за споменикот би можела да почне најдоцна 15 дена откако ќе завршат овие градежни работи - вели Горан Матевски, портпаролот на општината.
Инсталациите за фонтаната, односно пумпите, цевките, електричните уреди за водоскоците и другата опрема, беа поставени во 2004 година кога поранешниот градоначалник Ристо Пенов го реконструираше целиот плоштад „Македонија“. Тогаш биле потрошени 200 илјади евра за машинска работилница, резервоар за вода, две простории наменети за електрика и за други придружни елементи. Сето тоа сега се наоѓа под кругот во средината на плоштадот. Таму Пенов планираше да направи фонтана со базен широк 27 метри со 12 македонски сонца, а во средината да има обелиск висок девет метри. Но неговиот наследник, Трифун Костовски, не ги продолжи активностите за овој проект, оценувајќи дека има поважни работи за што треба да се трошат градските пари. Поради тоа сега, кога на местото треба да се прави објект со многу поголеми димензии, старите инсталации се неупотребливи. Споменикот на Александар Македонски ќе тежи триесетина тони, ќе биде висок 12 метри, и ќе се постави на постамент со висина од 10 метри, што значи дека ќе достигне до врвот на Ристиќевата палата.
Градските власти веќе ги почнале активностите за замена на опремата за фонтаната. Оттаму велат дека тендерот за оваа работа веќе стасал до завршната фаза, односно се разгледувале пристигнатите понуди од фирмите. Од градот додаваат дека сè уште не се знае колку ќе чини замената на инсталациите, ниту кога ќе почне работата.
Градоначалникот Тодоровиќ не се чувствува одговорен што, поради споменикот на Александар, ќе се отстранат инсталации вредни 200 илјади евра.
- Тие пари отишле во неповрат бидејќи се прекинала постапката за изградба на фонтаната за која била наменета опремата. Значи, пропаднале во вода многу време пред јас да станам градоначалник - рече Тодоровиќ пред еден месец.
|
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1595 Posted: 24-May-2009 at 15:25 |
Ова чисто онака... за пример  Nam June Paik - Pre-Bell-Man (Pred Muzejot za Komunikacija, Frankfurt na Majna, 1990)
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#1596 Posted: 13-May-2009 at 19:58 |
Originally posted by Supervisor
Имам чуство дека во Скопје само на плоштад се гради. Околниот поширок центар на градот е запустен, и само во Скопје од цела европа секоја година главниот плоштад се изменува. До кога вака?
|
Pa mozebi zatoa sto samo vo skopje glavniot plostad ne e dovrsen spored planot?
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#1597 Posted: 13-May-2009 at 13:58 |
Имам чуство дека во Скопје само на плоштад се гради. Околниот поширок центар на градот е запустен, и само во Скопје од цела европа секоја година главниот плоштад се изменува. До кога вака?
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1598 Posted: 13-May-2009 at 00:48 |
Александар веќе бил на плоштадот

Уредувањето
на плоштадот Македонија, поточно најавеното поставување споменици на
историски личности, остава впечаток дека дури сега некој се
одважил да влезе во овој значаен зафат. Но, тоа не е точно. Речиси
секој градоначалник на Скопје прво што правел објавувал конкурс за
уредување на централното градско подрачје, поточно на плоштадот.
На
таков конкурс во 2003 година, значи за време на вториот мандат на Ристо
Пенов, втора награда за избор на фонтана му е доделена на архитектот
Кристијан Јорданов и на неговите соработници Ана Дамевска и Горана
Митровиќ (прва награда, како по правило, не беше доделена ни на тој
конкурс).
Јорданов, сега афирмиран и реномиран автор со
многубројни вредни дела во архитектурата во и надвор од Македонија,
освен решение за фонтана тогаш понуди и проект за коњаник, споменик на
Александар Македонски. Но, јавноста, вклучувајќи ја и стручната, не
беше подготвена на таков чекор и овој дел од проектот не беше сериозно
анализиран.
Трудот „Барселона“ на Јорданов, сопственик на
архитектонското студио „Тетрактис“, беше избран во конкуренција на 32
труда. Проектот бил и фаворит на тогашниот помошник-претседател во
Градскиот комитет, Мичо Поповски, авторот е награден со 60.000 денари,
но проектот „Барселона“ остана нереализиран.
Плоштадот бил и
ќе биде инспирација за архитектите. Но, секоја власт, по правило, се
однесува како да почнува од нула, како никој никогаш пред неа да не
размислувал на иста тема. Тоа оди на штета - се разбира, не се во
прашање (само) парите - и на авторите и на граѓаните воопшто.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BA25789A9311AF40830A0B1F082970A9 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1599 Posted: 12-May-2009 at 16:04 |
Ајде не забегувајте во историски дебати, знаете дека на форумов не им е место.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1600 Posted: 12-May-2009 at 15:56 |
Скопје незнам дали има врска со античка Македонија, но и да нема, (а има пошто бил дел од една од териториите на античка Македонија во нејзината проширена варијанта), Скопје сепак има врска со Македонија и денеска е престолнина и како престолнина има обврска да ги почитува сите ликови од македонската историја. А тоа што не го ставале у Атина незнам каква корелација има со Скопје и безвезе ти е логикава....
Штом не го ставаат во Атина, која е логиката да го стават во Скопје? |
Александар не е дел од нашата историја, како прво (тоа дека е, е
наметнат став кој со години некој го пика во главите на Македонците, да
речиме мене не ми го пикнале и сум предавник, сеедно), |
Александар е неспорен дел од нашата историја. А поделбата предавници/незнам-какви е една од поларизациите на ова општество кое не заслужува внимание, и те молам не ги извртувај дополнително работите.
|
 |