Author |
Topic Search Topic Options
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#1641 Posted: 09-May-2009 at 14:51 |
Originally posted by my Macedonia
 Скица на второнаграденото решение за споменикот на Александар
|
Овоаа стварно е убаво, поголема слика мош? 
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1642 Posted: 09-May-2009 at 09:28 |
ako izgleda vaka spomenikot so lavovite i fontanata toga e super
Центар ми ги украде лавовите за Александар
Скулпторот Сашо Поповски ќе ја тужи Општината дека му ја украла идејата и ќе бара астрономска отштета
 Скица на второнаграденото решение за споменикот на Александар
Скулпторот Сашо Поповски ја обвинува Општина Центар дека му ја украла идејата фонтаната и скулптурата на Александар Македонски да ја красат осум лава и ја вметнала во проектот што ќе се изведува на плоштадот Македонија. Тој е еден од добитниците на двете втори награди на меѓународниот конкурс за идејно решение за споменикот на Александар и вели дека само тој понудил решение со осум лава околу фонтаната. Ако Општината подигне споменик на Александар со осум лава, свртени нанадвор, Поповски ќе тужи и ќе бара надомест на штета. Кога го прочитав интервјуто на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, дека на фонтаната ќе бидат поставени осум лава, се вџашив. Многу сум лут и навреден, зашто ми се прекршени авторските права.
... Лавовите се само мои. Такво решение немаше во ниту еден друг труд од пристигнатите 26 идејни решенија. Вториот второнаграден труд е оној на Валентина Стефановска, кој е одбран да се изведува, но во него немаше лавови, туку само коњаник и војници од фалангата. Законски, не смее во едниот труд да се вметнуваат детали од другиот труд. Ќе барам општината да ми ја надомести штетата од 20 до 30 отсто од сумата што ќе се плати за изградбата на споменикот - вели Поповски.Скулпторот објаснува дека Општината Центар и комисијата што ги оценуваше трудовите го прекршиле Законот за авторските права. Тој предвидува ако на меѓународен конкурс има две втори награди, да се одбере една.
- Ако има прва награда, тој проект мора да се изведе. Во случај на две втори награди, стручната меѓународна комисија треба повторно да ги разгледа двата труда и јавно, транспарентно и писмено да образложи зошто е одбран едниот труд. Тоа не е направено. Целата постапка со изборот беше нетранспарентна и со многу пропусти - обвинува Поповски.

Поповски вели дека кога отишол да си ја подигне наградата од 6.000 евра, во општината неофицијално му кажале дека тој всушност не добил втора, туку прва награда и дека ќе се изведува неговиот проект. Откако официјално ја добил втората награда, неколкупати се обидел од општината да добие пристап до оригиналот и да си направи копија. Општинарите не му дозволиле, иако има законско право на тоа. Неговото дело уште пред да го предаде на конкурсот го заштитил во Македонската авторска агенција и го заверил на нотар.
- Јас сакам да се градат споменици. Учествувам на сите конкурси, уметник сум, од тоа живеам. Но, постапките треба да се водат транспарентно и законски, а не како што го направи тоа Општината Центар. Две години истражувам за овој случај, затоа што немаше никакви информации во јавноста. Дури бев и предупредуван од познаници да внимавам, оти општинарите ќе ми ја украдат идејата - вели Поповски.Од Општина Центар вчера не знаеја што да одговорат во врска со обвинувањата на Поповски и останаа без коментар.
Според идејата на авторот, споменикот на Александар би бил висок 15 метри, сосе постаментот. Тој предвидел од устите на лавовите да извираат врутоци, а фонтаната со помош на ласерски топови да фрла вода 20 метри во височина. предвидел дека целата изведба на споменикот Поповски ќе чини 750.000 евра, заедно со неговиот хонорар како автор на изведбен проект, во износ од 150.000 евра.
Поповски дипломирал на академијата за визуелни уметности во Холандија, каде што и магистрирал во областа керамика и вајарски техники. Изложувал скулптури во Холандија, Германија и работел пин-ап статуи за филмовите на светски познатите режисери Френсис Форд Копола и Џорџ Лукас. Сега работи како професор на „Академија Италијана“.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1643 Posted: 09-May-2009 at 02:30 |
Споменикот на Александар ќе тежи 30 тони

Заради изведбата на зданието, во вода ќе се фрлат 200.000 евра што ги вложи Пенов за планираната фонтана
Деспина Трајковска
Споменикот на Александар Македонски ќе тежи триесетина тони, а
дополнително земјиштето ќе биде оптоварено од постаментот и фонтаната
на грандиозното здание. Сепак, според експертите, споменикот на
македонскиот војсководец нема да биде опасен за околината во случај на
негативни надворешни и јаки сеизмички влијанија. Наводно, тој ќе биде
отпорен дури и на земјотрес идентичен на катастрофалниот од 1963 година.
Експертите
уверуваат дека нема простор за сомневање во однос на безбедноста за
околината во случај на јаки сеизмички или други надворешни сили, имајќи
ги предвид димензиите и тежината на грандиозниот објект. Тврдат дека
тој ќе се изведе според сите стандарди за да не се случат евентуални
несакани последици.
„Статиката и сеизмиката на објектот, во
случајов споменикот, ја правиме според сите стандарди и според сите
европски кодови. Токму сега таа постапка е во тек. Се користат
најсовремени механизми и динамични анализи. Можеби за нашето поднебје
не се честа појава вакви зданија, имаме и користиме најсовремени методи
за да се осигура безбедноста“, вели Голупка Нечевска-Цветановска,
заменик-директорка во Институтот за земјотресно инженерство и
сеизмологија.
Инаку, уште непоставен споменикот ќе фрли во
вода 200.000 евра народни пари. Заради неговата изведба, ќе треба да се
отстранат постојните подземни механизми кај централното зеленило на
плоштадот, кои во 2004 година, во време на градоначалникот Ристо Пенов,
беа изведени за потребите на планираната фонтана. Тогаш, при целосната
реконструкција на градскиот плоштад, од буџетот се потрошија околу 200
милиони денари, од кои околу 12 милиони денари за потребите на
подземните инсталации за фонтаната, проект кој Трифун Костовски не го
реализира.
Машинска работилница, резервоар за вода и две
простории наменети за електрика и други придружни елементи, се само дел
од инсталациите кои се наоѓаат под локацијата предвидена за споменикот
на македонскиот војсководец. Сите тие, според надлежните од Центар,
поради нивната неупотребливост во случајов, ќе бидат урнати.
„Ќе
се отстранат постојните и ќе се изградат нови инсталации“, накусо велат
од Центар. Со таа одлука автоматски се зголемува и вредноста на
споменикот, за чие леење во бронза ќе се потрошат дури 4,5 милиони
евра.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=AF473C8188531B448B45EA57105E98A0 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1644 Posted: 08-May-2009 at 19:31 |
никаде на светот нема вакво „брилијантно“ планирање на се, па ајде, да му покажеме на светот кои сме, и колку сме „озбилни“
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1645 Posted: 08-May-2009 at 15:21 |
Мислам дека се водат од тоа што во Солун има ваков гигантски споменик, ама тој колку и да ми е глуп сепак се наоѓа покрај море и најблискиот објект до него е 100 метри, а не на сред плоштад. Ако немало во Солун, сигурно немаше да го градат ни во Скопје. Ама тоа е, немаат сите исто мозок (политичарите сите исто имаат, ич)
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1646 Posted: 08-May-2009 at 14:54 |
Македонија со ова само показува колку има КОМПЛЕКСИ и ФРУСТРАЦИИ! ... Очигледно огромни, пошто и компензацијата е огромна... МЕГАЛОМАНСКА!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1647 Posted: 08-May-2009 at 14:09 |
Originally posted by GreatMakedon
Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.  |
lele te molam da ne ni pocnuvame so detski prikazni za hunzite i za aleksandar. svetot e budala grcite go lazat cel svet, taka? aj nema mesto tuka za vakvi raboti. vo solun nikoj ne idi za aleksandar i konjot so gigantski testisi (kako bikot vo skopje), ako mislis deka turistite se palat na golemi beskorisni statui, se lazis. jas ne znam nekoja statua da donela priliv na turisti (maksimum 2 ke dojdat za da ja vidat, i dvata ke bidat grci koi ke protestiraat)
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#1648 Posted: 08-May-2009 at 13:55 |
Za razlika od mediumite koj znaat samo da plukaat kon sve sto e makedonsko, jas samo ke kazam edno golemo -KONECNO- za site spomenici od makedonskite istoriski licnosti koj momentalno se gradat. Treba svetot da znae deka Aleksandar Makedonski ne bil grk, nego makedonec, treba svetot da znae deka makedonija ima istorija, a voedno treba Skopje konecno da ima nesto drugo da pokaze na turistite osven beton zgradi.
Edited by GreatMakedon - 08-May-2009 at 13:59
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1649 Posted: 08-May-2009 at 11:28 |
Трајановски го издал сообраќајното решение за Александровиот споменик |
|
Градоначалникот
Коце Трајановски го исполнил барањето на неговиот колега од Центар
Владимир Тодоровиќ и издал решение за привремен сообраќаен режим на
плоштадот „Македонија“, што ќе овозможи изградба на фонтаната и на
споменикот на Александар Македонски. Од градот истакнаа дека решението
го издале откако добиле позитивно мислење од Министерството за
внатрешни работи.
Барањето за привремен сообраќаен режим беше
првата активност на Тодоровиќ како градоначалник на Центар, кој по
својата инаугурација најави дека споменикот ќе почне да се гради овој
месец или наредниот. Но, и покрај тоа што го издале решението,
градските власти не соопштуваат кои улици и кои делови од плоштадот ќе
бидат блокирани околу 12 месеци, колку што, според најавите, ќе траат
овие градежни работи.
- Деталите за новиот сообраќаен режим ќе ги објавиме наскоро - рекоа вчера оттаму.
Но
малку се приодите кон средишниот круг на плоштадот, од каде што
градежната машинерија би можела да влегува за да ги гради фонтаната и
споменикот. Влезот откај кејот на Вардар е затворен со градилиштето на
фирмата „Дивелоп“, а на просторот меѓу стоковната куќа „Сити галери“ и
ресторанот „Дал мет фу“ се очекува наскоро да почне да се гради црква,
па и тој пристап, иако е најширок и најпрактичен, ќе се затвори.
Улицата Македонија е пешачка зона со повеќе кафулиња, па тешко дека
таму би можеле да поминуваат камиони, а улиците Максим Горки и Орце
Николов, од западната страна на плоштадот, се платени паркиралишта. Тоа
го остава пристапот од улицата Никола Јонков Вапцаров, кај кафулето
„Тренд“, како најверојатната патека, под претпоставка дека Камени мост
е несоодветен за по него да се движат тешки товарни возила.
Од
општината сè уште не сакаат да кажат кога ќе почне изградбата на
фонтаната во чие средиште ќе се наоѓа споменикот на Александар
Македонски. Оттаму рекоа дека авторката на скулптурата Валентина
Стефановска била второнаградена на конкурсот во 2007 година, на кој
немаше победник, и не била толку неискусна колку што се тврдело.
Споменикот ќе биде висок 12 метри, а постаментот под него десет метри. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=388&ArticleID=24119 |
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1650 Posted: 08-May-2009 at 10:10 |
Баш скоро читав една статистика за тоа која вели дека најголем број од коњаничките статуи не се придржуваат кон тие т.н правила... само во САД мислам дека се обидувале да се држат до тоа... Така да можеле и некоја друга поза, а не иста т.е слична поза, иста висина.... слабо... слабо... многу слабо...
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1651 Posted: 08-May-2009 at 10:02 |
Originally posted by lslcrew
Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.
|
абе ова само така се верува, има многу споменици кои не го следат ова правило на пример, ако е така, и на Гоце и Даме коњите не треба да стојат на четири
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1652 Posted: 08-May-2009 at 09:57 |
Позата на коњот обично е стандардизирана, додека во позата на коњаникот обично може да се маневрира. Незнам дали знаете но коњот доколку е со две нозе во висина тогаш коњаникот има погинато у рат. Ако е само едната нога дигната тогаш има умрено од повреди и последици од војна, а доколку коњот е со четири нозе на земја тогаш се работи за природна смрт. Така да околу позицијата на коњот не може баш многу да се остави на уметникот туку единствено изработката и изгледот на коњот.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#1653 Posted: 08-May-2009 at 09:53 |
ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Александар ќе го чуваат осум лава
Во фонтаната ќе има централен столб со кружна форма, на кој во
прстени од бронза и мермер ќе биде претставена историјата на Македонија

Споменикот на Александар Македонски ќе биде грандиозен, ќе стои на
кружен постамент, на кој во мермер и бронза ќе бидат гравирани сцени од
македонската историја, а околу него ќе стојат осум војници на фалангата
и осум лава, открива новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир
Тодоровиќ. По бурната дебата во јавноста за димензиите на споменикот на
македонскиот антички војсководец и изгледот на централниот плоштад, кој
ќе биде начичкан со десетина скулптури, Тодоровиќ децидно вели дека
кога проектот целосно ќе заврши, плоштадот Македонија ќе биде
фасцинантен.
- Во фонтаната ќе има централен столб широк околу
пет метри, а висок 10 метри. Тој ќе има кружна форма и на секои два
метра ќе има релјефни прстени од бронза и мермер на кои симболично, во
гравури ќе биде претставена историјата на Македонија. Пред столбот ќе
стојат осум бронзени војници од македонската фаланга. Столбот горе ќе
заврши во кружна платформа, како чинија, на која ќе биде поставен
коњаникот Александар.На
работ на фонтаната ќе бидат поставени осум лава, кои ќе гледаат кон
надвор, односно кон граѓаните, а ќе има и скалила. Целиот објект
е фасцинантен и сите ќе се гордееме со него. Изработката на споменикот
е во завршна фаза, па речиси е невозможно да се направат измени во
однос на димензиите. Тој ќе биде поставен кај сегашниот кружен цветен
аранжман, каде што има планирана површина за градење со пречник од
околу 20 метри. Колкав ќе биде реалниот пречник на фонтаната, ќе
дознаеме по завршувањето на проектот - вели Тодоровиќ.
* Во
јавноста се слушаат различни коментари за изгледот на плоштадот. Некои
дури велат дека ќе личи на елитни гробишта откако ќе бидат поставени
сите споменици.
- Искрено, се чувствувам неубаво кога
зборувам за ова, оти повеќе медиуми направија компјутерски симулации,
кои создадоа неверојатно грда слика за идниот изглед на плоштадот. Не
знам зошто медиумите така го претставуваат тоа, можеби поради скудните
информации. Вистината е сосема поинаква, а во тоа сите ќе се уверат за
една до две години. Сега се чувствувам должен и ние да направиме 3-Д
анимација, за да покажеме како тоа всушност ќе изгледа. Ги уверувам
граѓаните дека плоштадот ќе биде прекрасен, со споменици кај Камениот
мост, на другата страна на плоштадот и пред кафеаните „Тренд“ и „Дал
мет фу“. Моите впечатоците од посетите на европските градови се дека
старите градови имаат мали начичкани плоштади, кои се многу позгуснати
од нашиот. Такви се Келн и многу градови во Италија. Тие плоштади се
стари околу 300 години. Париз, пак, го има големиот Конкорд, но јас
никогаш не сум се чувствувал убаво во тој метеж од автомобили и бришан
простор, без ништо особено.
* Кога ќе почне да се гради црквата на плоштадот, оти веќе сте му издале дозвола на инвеститорот?
-
Инвеститор на црквата е Министерството за култура, по одлука на Владата
за изградба и обновување на православниот храм „Свети Констатин и
Елена“. Таа ќе се гради на просторот пред влезот во Градскиот
трговскиот центар, близу до оригиналната локација. Градежната дозвола
им ја издадовме на 18 февруари годинава.
* Не ли
стравува општината дека со издавањето на градежната дозвола го
прекршува Уставот, кој не дозволува со државни пари да се градат верски
објекти?
- Јас не знам кој е тој член од Уставот. Ако има прекршување, Уставниот суд ќе се изјасни за тоа.
ОПШТИНАТА ЌЕ РАБОТИ САМОСТОЈНО
* Впечаток
е дека досега Општина Центар работеше под притисок и по налог на
Владата. Дали и во вашата работа како градоначалник ќе доминираат
идеите на централната власт?
- Вистина е дека јас не
работам под притисок на Владата, напротив. Една од причините зошто се
нафатив на оваа функција е бидејќи ја почувствував искрената желба на
премиерот Никола Груевски да се прават само добри нешта, без позадина и
малверзации. Тоа мене ме ослободува да работам самостојно. Сакам да го
претставам амбиентот како работиме со премиерот. Кога имаме работна
средба со повеќемина градоначалници или стручни лица, за многу работи
тој ни вели: „Решете сами“. Имаме многу фин амбиент за работа, ние сме
тимски играчи. Јас предложив неколку капитални проекти, односно идеи за
заживување на многу атрактивни локации во градот и имам слобода да ги
направам, со или без поддршка на Владата.
* Се зборуваше дека вашата претходничка Виолета Аларова ќе ви биде советник. Вистина ли е тоа?
-
И јас слушнав за тоа. Но, мене никој не ме информирал за нешто такво,
ниту Аларова ниту некој од Владата. Реално гледано, не би било лошо
еден до два месеца по стапувањето на функцијата со мене да биде и
мојата претходничка, колку да ме воведе во тековните активности. Тоа би
било добра практика, таму каде што има амбиент. Јас искрено би сакал
Аларова да дојде на два-три месеци во општината како моја помош.

* Дали наследивте празен или полн буџет од Аларова?
-
Не беше празен. Не знам што значи полн буџет, кога станува збор за
општинска каса. Општината воопшто не е во долгови, во почетокот имавме
околу 50 милиони денари, што е доволно за редовните активности на
општината. Не сум доволно стручен за да направам финансиска ревизија на
буџетот сам, можеби ќе ангажирам финансиска ревизија или ќе ја почекам
државната. Одговорното лице од Секторот за финансии ми рече дека
работат педантно и дека ги почитуваат сите прописи и немам сомнеж.
* Додека сте на оваа функција планирате ли да градите уште нешто на територијата на Центар, но како ваша приватна инвестиција?
-
Кога премиерот ми ја предложи градоначалничката функција, ме замоли за
една работа, а тоа е додека сум градоначалник на Центар да не градам
ништо на територијата на општината, поради сомнежот за судир на
интереси. Јас сепак го прашав дали можам да учествувам на јавни
наддавања како приватник, но тој ми рече дека и покрај сите мои добри и
чесни намери, тоа тешко ќе може да се објасни во јавноста. Тоа значи
дека во следните четири години нема да градам ниту еден нов објект.
* Во
предизборието имаше забелешки дека зад цветниот пазар беа урнати сите
привремени објекти, освен дисконтот „Тинекс“ затоа што сте дел од
владејачката гарнитура.
- Се работи за многу практична
одлука. Во објектот што не е урнат работат 40 вработени. Јас ги замолив
надлежните да почекаат додека не го завршам другиот објект во Капиштец
за да ги префрлам таму работниците без да мора да им го прекинувам
работниот стаж. Ако општината беше упорна да го урне и мојот објект, ќе
бев принуден луѓето да ги оставам на улица. Сметам дека два-три месеци
не е долг период за толеранција, всушност, јас и имав и право да го
побарам тоа. Мојот договор за закуп на објектот е до 2012 година, а
другите што се урнати сигурно не ги извршиле обврските од договорот.
Инаку, на локацијата кај дисконтот според урбанистичкиот план треба да
се гради катна гаража. За два месеца ќе ги префрлам вработените во
новиот објект, по што објектот ќе се урне, а Министерството за
транспорт и врски ќе ја почне постапката.
* Вие сте успешен бизнисмен и член на Ротари клубот во Македонија. Зошто се вклучивте во политиката?
-
За мене општината е голем предизвик, оти има многу работа и многу
проблеми. Секој човек во одреден период од животот сака и може, со
своите квалитети, да исполни дел од очекувањата на своите блиски или на
пошироката јавност. Јас ризикувам многу и ќе видиме дали по четири
години од функцијата ќе заминам со помал или со поголем авторитет. Ако
не успеам да бидам добар градоначалник, ќе се разочарам многу во себе.
НЕМА ДА СУМ ПОПУСТЛИВ ЗА НИШТО
* Кои ќе бидат вашите приоритети?
-
Мои приоритети како градоначалник ќе бидат решавање на проблемите со
хигиената и паркинг-просторот. Ако ги решам во мојот мандат, ќе се
сметам за успешен. Центарот на градот е лице на државата, а сите, и
домашните и странците најмногу забележуваат на нехигиената и на
сообраќајниот метеж. Почнавме да работиме, но ќе треба да поминат
неколку месеци за да се забележат ефектите.
* Што е со
бесправно поставените летни тераси, со узурпацијата на тротоарите од
автомобили, со градилиштата што не ги почитуваат прописите?
-
Условите за летните тераси секоја година се менуваат, а промените се
обврзувачки за општините. По мое мислење е најдобро да се изработи
урбанистички план за поставување урбана опрема. Таков план веќе
нарачавме, но уште не е готов. Согледав дека проблемот со поставувањето
на урбаната опрема, фрижидерите и масите не може да се сработи за една
сезона, па решив на кафеанџиите да им дозволиме годинава да работат по
ланската програма. Пред една недела им дадовме известување строго да се
придржуваат кон пропишаните правила. Тие и лани не ги почитувале, оваа
година уште помалку ги почитуваат, но ќе забележите од понеделник како
ќе се се сменат работите.
Верувајте, нема да сум попустлив за
ништо и нема да оставам работите да течат туку-така. И градилиштата ќе
ги средам. Сега се гради на многу места, зад „Рамстор“, кај банките, на
плоштадот, кај црквата „Свети Димитрија“... Граѓаните не се должни да
ја голтаат правта од градилиштата и да газат во нивната кал. Затоа
писмено ги опоменавме сите инвеститори дека ќе им ги затвориме
градилиштата ако во рок од три дена не ја исчистат околината, па макар
да станува збор и за мој објект.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4AD8077F6CF53749B017F6FDCA9637FB
Edited by Cloverstack - 08-May-2009 at 17:19
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1654 Posted: 08-May-2009 at 06:55 |
Ова што го гледате е "The Equestrian" / "Коњаникот" (El Paso, Texas, SAD) дело на уметникот John Houser. Поставена е на 21. Април. 2007, тежи скоро десет тони бронза, плус 4.5 тони челична арматура. Била составена од повеќе од 400 парчиња. Нејзината висина од скоро 12 m се поклопува со проектираната висина на статуата на Александар Македонски (ако е нашата висока точно 12 m , ке ја надминеме за малку  ) Позата исто така скоро се поклопува. Моја претпоставка дека баш од тука им дошла инспирацијата и за големината и за позата.
Така да дечки, ова е тоа... ОВА НЕ ЧЕКА!
Edited by Cartman - 08-May-2009 at 06:59
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1655 Posted: 07-May-2009 at 21:11 |
Лесно е да се биде генерал после битка
Пронајдете ги насловите во весниците од порано врзани за урбанизмот нарочно во Скопје во времето на ....
|
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1656 Posted: 07-May-2009 at 20:29 |
Архитектот
Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се
смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано
знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат
најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на
објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на
објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да
бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а
тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги
протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение.
Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа
колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се
направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции
итн.“, вели Грчев. браво за ова
|
 |
Cartman
Groupie
Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#1657 Posted: 07-May-2009 at 03:31 |
Александар ќе дојава како светско чудо

Скопје ќе добие споменик чија големина ќе го претвори во карикатура
Тина Иванова
Откако беа соопштени податоците за изградбата на грандиозниот
споменик на Александар Македонски, во јавноста се поставија многу
прашања на кои засега никој не дава релевантен одговор. Главното од нив
е како 22-метарскиот Александар ќе се вклопи во скромниот амбиент на
скопскиот плоштад. Како, всушност, плоштадот ќе го истрпи овој
монументален објект од бронза кој, велат познавачите, бил тешко
изводлив и во времето на Микеланџело, а камоли во денешно време на
плексиглас.
Како споменикот, физички и особено естетски, па и
од уметнички аспект ќе кореспондира со фонтаната, со коњаниците
поставени околу него, со црквата која треба да се гради, со Градскиот
трговски центар? Или чија е идејата за толку голем споменик: дали е на
авторката или, пак, тој механички е зголемуван само за да се постигне
бараната големина?
За овие, како и за многу други слични прашања молчат сите. И одговорните, но и експертите.
Димензиите
и финансиската тежина на споменикот на античкиот војсководец можеби се
најголемиот шок за јавноста. Доколку го апстрахираме големиот износ кој
ќе се даде за негова изработка, иако тоа е многу тешко во време на
глобалната криза која, секако, ја зафати и Македонија, а за што
граѓаните тој чин го оценуваат како недомаќинско трошење на непотребна
пропаганда и симболи, фокусот се става на големината на скулптурата,
која ќе биде висока колку осумкатна зграда. За многумина тоа значи дека
Скопје ќе добие една карикатурална форма, во физичка, но и во естетска
и урбанистичка смисла.
Скулпторот Благој Чушков вели дека споменикот на Александар
Македонски ќе биде следното светско чудо. „Ова повеќе не е комедија,
ова е трагедија за македонскиот народ. Ваков споменик нема никаде во
светот. И Микеланџело да го правел во негово време, ќе било смешно. Се
трошат пари на глупости, а некој се дрзнува да ги изживува своите идеи.
Се прашувам, зошто толкав споменик, дали можеби да го видат Грците од
Атина, дека ние имаме Александар Македонски? Ние очигледно бараме да се
договараме со Грците за нашата историја. Покрај тоа, се избираат автори
кои немаат никаков минат труд, анонимуси, не само за Александар, туку
за сите споменици кои ги направија и што ќе ги прават“, вели
револтирано Чушков.
Она што создава револт и кај експертите,
архитектите, урбанистите, уметниците, историчарите на уметност е
начинот на кој државата ги спроведува конкурсите за избор на
скулптуралните решенија. Познато е дека постојат анонимни и јавни
конкурси, исто така, и конкурси каде се повикуваат еминентни скулптори,
кои ќе понудат свои решенија и кои со оглед на својот минат труд, би
требало да бидат гаранција дека ќе направат добро дело.
Експертите
се едногласни во мислењето дека за ваков вид скулптура, која ќе зафати
значителен дел од плоштадот како најрепрезентативно место во градот,
треба да се оди на нешто што значи гаранција дека ќе добиеме уметничко
дело од врвен дострел. Особено се гневни што за овие конкурси не постои
никаква јавна расправа на која би учествувале и еминентни личности.
Јасно е дека е направена само чиновничка процедура, наспроти јавна
дебата.
Од урбанистичка гледна точка, споменикот на Александар Македонски е неповолно решение.
Архитектот
Мирослав Грчев вели дека урбанизмот во Македонија повеќе воопшто не се
смета за струка ниту, пак, за некакво стандардизирано, кодифицирано
знаење кое луѓето од таа професија го употребуваат со цел да ги донесат
најдобрите одлуки во однос на лоцирањето, распоредот и намената на
објектите во градот. „Одлуките за лоцирање, намена, големина на
објектите, а гледаме и на спомениците, ги носат лаици кои можат да
бидат од било која професија. Одлуките ги носат со политичка волја, а
тие се апсолутни незнајковци. Оние кои ги донеле одлуките, насила ги
протерале низ сите неопходни процедури. Сите тие се без образложение.
Не постои елаборација, анализа, студија, претходна промисла за тоа
колкав треба да биде споменикот, каков треба да биде, што треба да се
направи за плоштадот и споменикот да бидат во вистинските пропорции
итн.“, вели Грчев.
Тој смета дека сега, по свршениот чин, пост
фактум, повеќе вреди да се зборува за некаква психосоцијална патологија
и криза на цивилизацијата на сите институции на државата, на
македонската култура, која може практично, без големи дебати или
отпори, значително мазно да изнедри всушност еден апсолутен апсурд.
„Нонсенс
е таков огромен споменик. Повеќе никој не се прашува која е воопшто
логиката, која е пораката, која е смислата на ставањето таков огромен
споменик и тоа токму на Александар и на неговиот коњ. На тој плоштад
толку голем споменик, или објект од било каков тип, нека е и сосема
неутрална фонтана, не стои, ниту естетски, ниту архитектонски, ниту
урбанистички, ниту цивилизациски“, смета Грчев.
Таков споменик,
вели тој, не е порака на оваа цивилизација. „Тоа е гигантски споменик
кој наоѓа некаков свој пандан само во авторитарни општества, деспотии,
диктатури, тирании од најразличен тип, фашистички, комунистички, или од
некоја друга идеолошка провиниенција. Последните градени гигантски
фигури, споменици кои, всушност, треба да ја величат власта, градеше
Садам Хусеин. Такви гигантизми ќе видите во Северна Кореја, во
Монголија итн. Во историјата на Балканот и на Македонија не постои
пример за таков гигантизам“, вели Грчев.
Трендот на наезда на
споменици кој се јавува во Македонија има и силни политички мотиви.
Можеме да осудуваме што порано во државава не постоела интенција за
поставување вакви споменици, но нивната наезда во ваков политички
амбиент, без проверка на квалитетот, раѓа големи уметнички злосторства.
Зашто, сепак, се согласуваат експертите, тоа е нарушување на
естетиката, тоа е нарушување на заедничкиот простор на граѓаните, тоа е
урбанистичко злосторство, поточно сквернавење на јавниот урбан простор.
(Т.И.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6B91D186E98F3A40B0EA187B297A3023
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1658 Posted: 05-May-2009 at 21:08 |
Originally posted by Cloverstack
Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов
|
Затоа што веќе премногу е кажано за целава акција, и мислам дека почнува фарса да станува, овие биле овакви и направиле ова другиве биле онакви и направиле она и на крај се јавува големиот дон Фуаре и како и секогаш ќе ни каже што ние треба да направиме бидејќи он има решение за СЕ Мислава не е насочена на форумов него на ситуацијава во која се најдовме, во случајов и за ова тематика.
|
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#1659 Posted: 05-May-2009 at 19:13 |
Вчера реновиравме нешто дома,па сакам да го викнам Фуере,да кажи свое мислење  Шалата на страна,почна многу да ме нервира кога странциве се мешаат во се и сешто.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1660 Posted: 05-May-2009 at 19:13 |
Мене не ми е јасно зошто од целата вест токму за Фуере се фативте, тоа е делот кој најмалку го тангира форумов
|
 |