Author |
Topic Search Topic Options
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#1661 Posted: 05-May-2009 at 19:05 |
Originally posted by zabegan
... и конечно Фуере да каже нешто паметно  |
Извинете, кој е тој, некој наш човек, политичар или !!!??? Фуере рекол ова Фуере рекол она
|
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1662 Posted: 05-May-2009 at 17:13 |
аман од новинариве, нека се одлучат веќе за една големина, а не да ни даваат од ракав извадени бројки  инаку со се друго се согласувам, и конечно Фуере да каже нешто паметно
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1663 Posted: 05-May-2009 at 14:31 |
Александар велик осум ката
Тодоровиќ ја пофали Владата што успеала да работи домаќински и да
одвои пари, како за земјоделството, образованието и за здравството,
така и за разубавување на главниот град
 Мини-верзија на споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски, кој во конечната верзија ќе биде висок 22 метри
Споменикот на
војсководецот Александар Македонски висок колку осумкатна зграда (22
метри) најдоцна до октомври в година ќе биде поставен во центарот на
Скопје на плоштадот Македонија. Градоначалникот на Општина
Центар Владимир Тодоровиќ вчера на прес-конференција ги потврди
договорите со италијанската леарница „Фондерија артистика Фердинандо
Маринели“, кои ексклузивно ги објави „Дневник“. Потврдено е и дека
сумата што ќе биде платена за 16 скулптури и споменици е 10 милиони
евра.
Тодоровиќ деновиве се вратил од Фиренца, каде што лично се
уверил во „грандиозноста, убавината и од големината на Александар
Македонски“. Тој го правда трошењето пари за споменици и, иако тие ќе
бидат поставени во време на светската економска криза, ја пофали
Владата што успеала да работи домаќински и да одвои пари, како за
земјоделството, образованието и за здравството, така и за разубавување
на главниот град. Сепак, рецесијата нема да остане без последици за
проектот: пет од предвидените 16 скулптури и споменици ќе бидат
одложени за подобри времиња - Јустинијан Први, Христијан
Тодоровски-Карпош, Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум
Охридски. Тие било најлесно да се одложат оти за нив уште немало избран
изведувач. Досега на леарницата и се исплатени 20 отсто од вкупната
сума или околу 2 милиона евра. Како што „Дневник“ веќе објави, 40 отсто
ќе се исплатат по завршувањето на леењето на скулптурите и уште 40
отсто кога ќе заврши монтирањето.
- Од сите предвидени
скулптури, само една е од античката историја и тоа таа на Александар
Македонски, која чини 4,5 милиони евра и која ќе биде поставена во
средина на фонтана, со придружни содржини, како што може да се види од
фотографиите од Фиренца, тоа ќе бидат војници на фалангата. Сите
иницијативи се во согласност со Законот. Изборот на споменици е
направен според процедура и се распишани конкурси, кои поминаа без
приговор - тврди градоначалникот на Центар.На новинарско прашање дали
избраните решенија Општината требала да и' ги претстави на јавноста и
да направи изложба, Тодоровиќ одговори:
- Трудовите за
Александар Македонски и за другите скулптури ги оценувало меѓународно
жири и изборот на идејното решение беше објавено во „Нова Македонија“,
не се сеќавам на кој датум. Се распиша меѓународен конкурс за изработка
на скулптурите во бронза и тие беа објавени во „Службен весник“ и во
службеното гласило на Европската Унија.Леарницата од Фиренца е избрана
бидејќи леарниците од соседните држави биле со послаб квалитет.
-
Се' што е квалитетно чини многу. Споменикот на Александар Македонски ќе
биде поставен во средината на плоштадот, каде што сега има цвеќиња.
Деновиве ќе го оградиме просторот и ќе почнеме со изработка на
фонтаната. Иако земјиштето е на Градот, тие ни издадоа дозвола за
изградба на фонтана и на споменик. Од Министерството за транспорт и
врски на Градот ќе му ја одземат 99-годишната концесија за плоштадот
Македонија - вели Тодровиќ..

Иако во договорите за леење на спомениците што општината ги потпиша
со фирмата „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ се вели дека ниту
една од договорените страни без претходна писмена согласност, не смеат
да откриваат информации за договорот, градоначалникот својата
прес-конференција ја објасни како „реакција по неверојатниот медиумски
притисок“ за што усно се консултирале со леарницата. Коњаничките
скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев ќе бидат со постамент од 3 метри
и со висина од 5 метри и ќе ги изработува леарницата „Маринели“, а
скулптурата на цар Самуил и Методија Андонов-Ченто ќе ги изработува
сестринската компанија „Бацијанти“ и ќе бидат од мермер. Тодоровиќ вели
дека за изработка на еден е од спомениците што ќе се одложат во просек
требало да се платат 800.000 евра.
Познатата италијанска
леарница е основана во 1905 година од Фердинандо Маринели и е позната
по квалитетно лиење скулптури со користење на архаичниот метод со восок
и рачна изработка каква што користеле ренесансните мајстори. Во 1922
година почнала да изработува големи бронзени скулптури како што се
коњанички скулптури, орнаменти и фонтани. Клиенти им биле
Ватикан,Соединетите Американски Држави, Полска, Унгарија, земји во
Јужна Америка, Канада... Како едни од позначајните нивни изработки се
оградата на монументалните скалила во Музејот во Ватикан, портите во
Катедралата „Св. Павле“ исто така во Ватикан, скулптурата на Ајзенхауер
во Лондон, реставрација на скулптурите во палатата Кремљ во Москва.
Фуере: Воздржете се
Очекувам Владата да се воздржи од сите одлуки што му пречат на
процесот што го води Метју Нимиц, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере,
за изградбата на повеќе споменици во последно време во Македонија. Сите
владини ресурси во време на светска ресеција ќе бидат концентрирани на
економски развој на државата и намалување на невработеноста и
сиромаштијата - изјави тој. (Љ.Ш.)
Шмизли, бикови и криза
Бидејќи сакате да се споредувате со паметни влади, кажете ми барем
еден пример од Вашингтон до Тирана на влада што во ек на светска
економска криза дава 10 милиони евра за споменици и скулптури од типот
„шмизли“ и „бикови“, го праша пратеникот Игор Ивановски премиерот
Никола Груевски на вчерашната собраниска седница на која побара одговор
и каде се ветените осум милијарди евра од изборната кампања.
-
Немојте да карикирате, тие проекти се почнати во 2006 и 2007 година,
кога БДП имаше раст од 9,7 отсто, а извозот беше зголемен за 60 отсто.
Владата сметаше дека тоа се добри проекти за државата и граѓаните и
реши финансиски да и' помогне на општина Центар - рече
Груевски.Ивановски не беше задоволен од одговорот, но пред да ја
напушти собраниската сала му порача на премиерот: Свртете се само два
реда зад вас и министерката за култура ќе ви каже дека 8,5 милиони евра
од буџетот на Министерството лани во декември се префрлени на сметката
на општина Центар. Значи, во екот на кризата и токму кога ја
замајувавте јавноста со првите преземени антикризни мерки ги дадовте
парите за споменците.
Марија Тасев, Анета Тодевска |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F2AE4A78AF8844BA5E7C9F116558703
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1664 Posted: 27-Apr-2009 at 19:24 |
како е тоа можно, па дали се овие нормални, па тоа е квадратот од плочки околу кругот  се надевам дека е ова новинарски булшит
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1665 Posted: 22-Apr-2009 at 23:29 |
Александар Македонски ќе загради половина плоштад

Меѓу градилиштето и делот кон Ристиќева палата и „Дал мет фу“ ќе има одвај пет метри проодна зона
Деспина Трајковска
Се ближи денот кога речиси целиот градски плоштад ќе биде претворен
во градилиште заради изградбата на монументалниот споменик на
Александар Македонски, црквата и на хотелот, кој е дел од комплексот
Градска куќа. Иако никој од надлежните не сака да зборува за
градилиштата и нивната организација, според наши сознанија, дури
половина од плоштадот ќе се загради заради изведба на зданието во чест
на македонскиот војсководец. Само за изградба на фонтаната, која е само
дел од споменикот, ќе биде потребна една година.
Иако од
Општина Центар со месеци не одговараат кој ќе биде изведувачот, според
документацијата со која располага „Утрински весник“, градежните работи
му се доверени на ДГ „Бетон“. За реализација на целиот проект ќе се
користат десетина вида градежни машини кои изведувачот предлага до
градилиштето да пристапуваат од улицата „11 Октомври“. Меѓу заградениот
простор и делот кон Ристиќева палата и ресторанот „Дал мет фу“ ќе има
едвај пет метри за минување.
Според предлогот на „Бетон“, за
кој деновиве треба да се изјаснат градските власти, концепциски
градежните работи за потребите на фонтаната би требало да се извршуваат
со приклучување на улицата „11 Октомври“, каде што моментно има метални
столпчиња со знак за забрана на сообраќај за сите видови моторни
возила. Поточно, влезот во градилиштето би бил од улицата „11
Октомври“, на која има организиран паркинг за такси-возила и плус
резервиран паркинг за возилата на ЕВН. Бидејќи постојната вертикална
сигнализација не е во колизија со новопредложениот режим на сообраќај,
од „Бетон“ утврдиле дека нема да биде неопходно нејзино отстранување.
Дополнително на потегот ќе бидат поставени седум сообраќајни знаци и
информативни табли.
Дали градилиштето ќе изгледа токму вака, по
предлог на изведувачот, деновиве треба да одлучат од Градот, а дозвола
е потребна и од МВР. Откако ќе ги добијат потребните согласности,
општинарите од Центар, всушност, ќе го завршат последниот чекор до
конечната теренска реализација на споменикот. Кога ќе се случи тоа,
дефинитивно ќе зависи од желбите на владиниот врв, иако според
досегашните нивни тврдења и тврдењата од Општината, споменикот се
реализира со општински пари.
|
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AD4B9059FD075D48A8CD3D9700BC297F
Edited by Cloverstack - 22-Apr-2009 at 23:39
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1666 Posted: 22-Apr-2009 at 03:23 |
Тодоровиќ го најави доаѓањето на Александар
Постаментот за споменикот ќе лежи во фонтана во форма на круг, вели градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ

Темелот и постаментот за споменикот на Александар Македонски ќе почнат да се градат за еден или два месеца, изјави вчера новиот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.
Тој рече дека споменикот на Александар треба да се постави во
непосредна близина на цветниот аранжман на Плоштадот Македонија. Иако
изјави дека нема информации за споменикот и ги нема видено изведбите на
вајарите, дополни дека видел дел од фонтаната, која е во форма на круг,
добро е дизајнирана, а постаментот лежи во неа.
- Еден дел од
изградбата на споменици во центарот на Скопје ќе се реализира годинава,
а еден дел во 2010 година. Програмата е во координација со Владата на
Република Македонија - рече Тодоровиќ.
......
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E82869B51E16A04F8BAD06E89FDE7321 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1667 Posted: 02-Apr-2009 at 00:06 |
Градоначалничката
Виолета Аларова, вообичаено, не беше достапна да го прокоментира
случајот и да одговори што всушност се случувало на релација меѓу
Општината и Градот. |
Аларова толку долго се нема појавено во јавност што почнувам да мислам дека таква личност всушност не постои, дека се работи за некакво митско суштество  Браво г-ѓо Аларова, немаше да ти биде комплетно резимето без вакво однесување
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1668 Posted: 01-Apr-2009 at 23:53 |
Аларова побарала дозвола, па се пишманила за „Александар Македонски“

Костовски тврди дека Општина Центар побарала дозвола за организација на градилиштето, оттаму демантираат
Деспина Трајковска
Никој не кажува кога ќе почнат да се градат споменикот на Александар
Македонски и црквата на скопскиот плоштад. Молк и за двата проекта и од
Општина Центар и од Министерство за култура, а без коментар се и од
градежната компанија која, според наши сознанија, е избрана да го
изведе постаментот на споменикот и фонтаната.
Од Општина
Центар вчера категорично демантираа дека до Градот поднеле барање за
добивање согласност за организација на градилиштето за споменикот, па
потоа експресно без образложение го повлекле.
Наспроти нивните
тврдења, се' уште актуелниот градоначалник Трифун Костовски категорично
тврди дека такво барање деновиве стасало на адреса на Градот.
„Одговорно
тврдам дека барањето за согласноста за градилиштето го добивме
деновиве, мислам беше во петокот, а вчера пак без никакво образложение
Општината си го побара назад. На барањето имаше потпис од Аларова.
Документот, како што е редот, архивиран е кај нас. Инаку, барањето беше
малку невообичаено од досегашните што сме ги добивале, не беше точно
наведено што ќе се гради на посочената локација, средишниот дел кај
зеленилото. Врз основа на барањето заклучивме дека ќе биде неопходно да
се загради 40 отсто од плоштадот, само по 4,5 метри слободен простор би
имало помеѓу тарабите и ‘Дал мет фу‘ и од другата страна кај зеленилото
пред ‘Телеком‘. Без оглед на тоа што си го повлекоа без образложение,
немаше да им го потпишам барањето до крајот на мандатот оти сум
принципиелен и за мене ДУП ’Мал ринг‘, и покрај судската одлука, е
незаконски“, ни изјави вчера Костовски. Тој вели дека неодамна одбил
слично барање на Општината за организација на теренот кај реката Вардар
во која се планирани да се постават врби и фонтани.
Градоначалничката
Виолета Аларова, вообичаено, не беше достапна да го прокоментира
случајот и да одговори што всушност се случувало на релација меѓу
Општината и Градот. Единствено Лидија Неделковска, шефица на Кабинетот
на градоначалничката, демантираше дека Општината до градските власти
испратила какво било барање во врска со споменикот. „Не сме поднеле
никакво барање, проверив во сите сектори“, ни одговори Неделковска.
Со
оглед на очигледната затвореност на надлежните институции, не само сега
туку и во изминативе месеци, кога станува збор за двата проекта, на
јавноста и' останува да шпекулира околу деталите. Неодговорени
остануваат прашањата колку навистина ќе биде висок споменикот на
Александар Македонски, кога ќе биде изграден, колку пари ќе се потрошат
за проектот, како ќе се вика црквата, кога ќе биде готова... http://utrinski.com.mk/?ItemID=265DC878D085DD4F87806DD03B37FD3B |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#1669 Posted: 16-Feb-2009 at 11:52 |
@ dimme.von.macedonia vo pravo si
jas mislam deka alarova ili kostovski nemaat ideja, slusnale za tose ili aleksander
i toa e
treba da prajs nesto interesno kako ona gore ne e samo obicno tuku i interesantna..........
istotako i so zgradite .. da ojs vo regionov ce se cudis kakva arhitektura kaj nas ete normalni zgradi
|
 |
dimme.von.macedonia
Groupie
Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#1670 Posted: 16-Feb-2009 at 11:36 |

Namesto ovaka nesto, up to date, da se stavi na Plostad, neeeeeeeeeee, mora da se 30metarski konjanici.
|
The beauty comes from within.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1671 Posted: 17-Jan-2009 at 02:07 |
три метри има логика но триесет! абе како ќе ќе билдаат рејтинг веснициве ако не со приказни за мали деца, сразмерот на на споменикот и постаментот треба да биде 1:1 или максимум 2:1 па ако споменикот биде 3 или 3,5 метри тогаш вкупно би кренал од 6 до 9 м. мислам дека ова со фонтаната има логика споменикот да биде во самата фонтана па и тука 1м значи вкупно 10м да биде споменикот, изгледа ги додале оние 20м водоскок од вардар па вака им излегла математиката за споменикот на плоштад
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#1672 Posted: 17-Jan-2009 at 01:51 |
 И јас истото го мислев, дека утрински лупетара глупости, ама само на тоа да остане
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1673 Posted: 17-Jan-2009 at 01:45 |
се надевам дека ова е новинарска грешка, со 30 метрои височина спомеников ќе можам од аеродром да го видам, ваљда се надеваат дека грците од олимп ќе го гледаат и ќе плачат  но ова се само чаршиски муабети
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#1674 Posted: 17-Jan-2009 at 01:40 |
ќе биде висок повеќе
од 30 метри, односно повисок од познатата Ристиќева палата |
Уште мајмуни ке фалат да се висат од него  30 метри не е нормално.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1675 Posted: 17-Jan-2009 at 00:40 |
Како во лош сон...       
Каде ќе гледа Александар, кон Брисел или кон Пела

Дали споменикот во Скопје ќе биде висок 30 метри како што се зборува
Тина Иванова
Поставувањето на споменикот
на Александар Македонски на коњ на плоштадот „Македонија“ деновиве е
топ-тема во јавноста. Се зборува дека неговото откривање треба да се
очекува наскоро и дека ќе никне во самиот центар на скопскиот плоштад
(во средишното зеленило традиционално резервирано за поставување на
елката).
Се зборува и тоа дека споменикот ќе биде висок повеќе
од 30 метри, односно повисок од познатата Ристиќева палата, дека се
прави од бронза, дека покрај него ќе има и фонтана, а ќе биде и
специјално осветлен, па дури и постојано озвучен, односно од него ќе се
слуша пригодна музика, и тоа дека на него работи млада македонска
вајарка, а неговото лиење ќе се одвива во Фиренца...
Но, сите
овие информации се базираат само на чаршиските муабети. Од Општина
Центар, во чии раце е изградбата на споменикот на Александар
Македонски, и кои имаат обврска да не' информираат, се' уште се неми на
прашањата поврзани за овој проект. Не кажуваат ниту каде и кој го
изработува, ниту од каков материјал е, ниту колкава ќе биде неговата
големина, ниту колку чини. Исто е и за резултатите од меѓународниот
конкурс за идејно решение за овој споменик и фонтана кој Општина Центар
го распиша лани.
Најмногу за ова реагираат скулпторите. Се
прашуваат зошто целата оваа работа се' уште се држи во тајност. Зошто
се' уште не се објавени имињата на членовите на жири-комисијата и, што
е најважно, не се објавува името на победникот на конкурсот. Очигледно,
Општина Центар извршува партиски директиви, па главата ја чува во
чиновничка фиока.
Од Министерството за култура, исто така,
велат дека немаат никакви информации за овој проект и дека, сепак, тоа
е реализација на Општина Центар, која за тоа има задолжено посебна,
стручна комисија.
Скулпторот Љубиша Камењаров е еден од
многуте кој се прашува зошто се' уште нема официјални информации околу
поставувањето на споменикот. „Дали е тоа што се зборува низ чаршијата,
дека конкурсот за овој и за сите други споменици кои ќе се поставуваат
е некоректен, не знам“, вели Камењаров, кој додава дека можеби сега
поставувањето на споменикот на античкиот војсководец е погрешен момент
поради односите со Грција, што е уште една можна причина за криењето на
информациите поврзани со споменикот.
Она што ги загрижува
експертите доколку споменикот на Александар Македонски се крене со
големина од над 30 метри, е прашањето дали локацијата, односно
земјиштето каде што тој ќе биде поставен, ќе ја издржи неговата
габаритност. Ексградоначалникот на Скопје Ристо Пенов смета дека со
најавите за поставување огромен споменик на Александар Македонски висок
над 30 метри, тој дел од плоштадот ќе мора да се прекопа и статички да
се подготви за тежината на споменикот. Тој истакнува дека идеи за
поставување споменик на Александар Македонски во средишното зеленило на
плоштадот „Македонија“ имало и порано.
„Во времето кога го
спроведувавме конкурсот, комисијата имаше став дека на оваа локација не
смее да се дозволи поставување споменик, фонтана или каков било друг
објект со голема висина. Во средишниот дел од фонтаната беше предвидено
да има обелиск, висок 8 метри, кој едвај помина, според критериумите на
комисијата“, нагласува Пенов. Тој објаснува дека тогаш, по изборот на
идејното решение на скулпторот Петар Хаџи Бошков и доајенот на
македонското сликарство Димитар Кондовски, за изградба на фонтана, под
плоштадот, поточно под зеленилото, биле направени и посебни простории,
едната за базен со вода, а другата за електриката и пумпите за вода.
„Проектот за фонтаната започна и да се реализира, но, за жал, не
докрај“, вели Пенов. Во случај изградените елементи под зеленилото да
мора да се отстранат за тежината на споменикот евентуално да не
предизвика одредени нарушувања на почвата, дозвола ќе треба да издаде
Општината Центар. Актуелниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски,
пак, неодамна реагираше за поставувањето споменик на Александар
Македонски на плоштадот во Скопје и другите владини проекти, како што е
црквата во центарот на Скопје.
Фрапантен е навистина
податокот, доколку е точен, дека споменикот на Александар Македонски ќе
биде висок повеќе од 30 метри. Тоа, всушност, е темата за која деновиве
во чаршијата се полемизира. Уметниците особено зборуваат за чувствата,
за тоа дека граѓаните покрај споменикот ќе бидат минијатурни, дека нема
да можат одблизу да му се восхитуваат, особено не од аспект на
уметничко дело, дека погледите ќе им запираат на нозете на Александар
или на копитата на Букефал.
Ликовниот уметник Александар
Станковски истакнува дека доколку постои можност да се изведе таков
споменик, тоа би било навистина неверојатно и спектакуларно. Вели дека
такво нешто и во времето на Микеланџело било тешко изводливо, а камоли
сега, во време на плексиглас. „Ако е навистина тоа со 30 метри, треба
да се честита. Не знам од какви материјали ќе биде направен, но ако е
од бронза или мермер, тоа би било спектакуларно. Ретко се случуваат
такви проблесоци во историјата на уметноста, ако воопшто станува збор
за уметност“, вели Станковски.
Се разбира, а и можеби најмногу,
поставувањето споменик на античкиот војсководец го допира и политичкото
прашање, особено актуелното, врзано со спорот со Грција. Станковски
вели дека ако овој проект се разгледува од тој аспект, секако дека ги
допира односите со Грција. „Тоа посебно ме радува. Конечно, имаме свест
за односите со Грција, малку самопочит. Ако сме Македонци, тогаш сме
Македонци поради тоа што постоела Македонија во антиката и тоа не'
обврзува да се однесуваме со посебна почит спрема корените на нашиот
идентитет. А, тој веќе речиси култен однос кон исконското не може никој
да го надгледува или да врши некакви корективи за нашето однесување“.
Со
поставувањето на споменикот на Александар Македонски во таква големина,
уште повеќе се засилува трендот за една политичка конјунктура која се
потпира врз антиката. За тоа, можат да се слушнат и прашањата каде ќе
биде свртен Александар Македонски, дали со погледот накај Брисел или,
пак, накај плоштадот „Пела“.
За едни, ако Александар
Македонски гледа накај Брисел, споменикот тогаш ќе може и да има
некакво оправдување, но ако гледа накај Пела, неговото родно место,
тогаш и нека не го прават. Зашто, каде ќе се движи тогаш политичката
конјунктура? Каде ќе оди овој систем, ова општество? Дали ќе гледа
наназад, ретроградно, или напред? Александар Станковски, пак, на шега
вели дека е подобро да гледа накај Пела, зашто во време на економска
криза, залудно би му бил свртен погледот кон Брисел. „Можеме на Брисел
само да му го покажеме задникот на Александар“, низ смеа вели
Станковски. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=549F6EACBAB7764A9894C7C8ED662B4B
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1676 Posted: 08-Jan-2009 at 23:55 |
точно, но гитаро на празно само ја оспори мојата реплика на Кире, па во очекување дека оваа преписка ќе оди јабана тука ја свртивме на убедување дали лавот е национализам или реална македонска симболика за да ја дотераме до дешифрирањата за текстот за Птоломеј Птоломеадски  ...
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#1677 Posted: 08-Jan-2009 at 23:46 |
Забегавте со офтопик дечки...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1678 Posted: 08-Jan-2009 at 23:10 |
колку за инфо и јас не верувам многу во резултатите на академик Бошевски но на последниот симпозиум во русија за славистика излезе дека ги признаа нивните напори! па дури тогаш ману застана зад нив, абе незнаеш дал плачеш или да се смееш! знаеш штое трагедијата кај нас оние што лежат и спијат тие се најгласни околу судењето на оние кои се трудат нешто да истражат или да се обидат да го протолкуваат , оправдувајќи ги сопствените ставови пак ќе кажам врз основа на нечии читанки од 19 век! можеби треба малку да се замислат луѓево зошто толку аверзија кон сопствениот корен! мислам дека одговорот ќе го најдат кога ќе разберат дека историјата ја пишуваат победниците, сега рим е победник и на таа победа се темели современата историја, во која за Македонците немаместо!!! но, никој не ни е нам крив што со цело срце веднаш и без малку самокритика ги прифаќаме туѓите сервирања а на обидите од наша страна некој нешто да сервира макар било тоа и признато и потврдено веднаш ја затвораме вратата!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#1679 Posted: 08-Jan-2009 at 22:53 |
Истите тие будали кажуваат дека денешниот македонски е поврзан со т.н. антички македонски и дека го дешифрирале каменот на розета. Треба нешто повеќе да се каже за тие "научници"? Не е темата за тука, ама корисниците на википедија не се виновни за тоа туку некој што воопшто дозволува такви будали да говорат во јавност и да ни се смее цел свет. Како и да е, офтопик е ова, па нека го бришат админите.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#1680 Posted: 08-Jan-2009 at 22:38 |
Originally posted by гитардемон
Само да те предупредам дека македонската википедија е полна со националистички глупости кои нема да ги најдеш на ниту една друга википедија. Така што, не обрнувај многу внимание на тие "античкомакедонски" содржини. |
off topic - види може и обратно да се сврти муабетот односно прво предупреди се себе си, зошто немаш прочитано некоја историска книга повеќе, па сетне носи заклучоци дали е национализам она што е твое и дали истото не смееш да го напоменеш или да го истражуваш! национализам е кога на другиот му оспоруваш нешто наметнувајќи го својот филм над останатите! и колку што можам да видам јас, никаде НИЕ никому ништо не сме му оспориле а уште помалку да му наметнеме, освен нас постојано што нешто ни оспоруваат и наметнуваат, но да не ја влечеме во аут темата овој муабет не е за тука, а мојата реплика се однесува само на недоумицата на Кире! инаку во вики линкот ни од далеку не ги има овие другите цитати што ги наведов! зошто, тоа треба да се прашаат тие што ја едитираат таа википедија, но и тие неможат се да постигнат т.е. да прочитаат некоја историска книга повеќе, освен историските учебници од 19 век! еве за почеток ќе им ги препорачам истражувањата на проф. Христо Меловски реален историчар со педигре, кој ја има истражувано употребата и симболиката на лавот во македонија низ вековите, инаку доскорешен професор на катедрата по историја...
|
 |