![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија и дивоградби (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 27> |
Author | |
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Многу се безобразни луѓево! Не може човек да помине пеш оттука пеш. Мора да се стават столбчиња од сите страни и по еден полицаец да казнува. Штом не им се дава пари за паркинг место нека ја продадат колата!
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зградата на Глобал Импакт што ја залепија до тротоар на Партизанска во Карпош 4 резултира со паркирани коли до самата зграда на тротоар што значи повторно или нефункционални подземни паркинзи или непродадени паркинзи...
![]() ![]() https://www.facebook.com/InicijativaEden |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ВЕВЧАНИ
https://24.mk/details/urivanje-na-divogradbite-vo-vevchani |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ингеренциите од општините треба да преминат на Град Скопје за да се урнат 140 дивоградби
https://telma.com.mk/2020/09/05/ингеренциите-од-општините-треба-да-пр/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дивоградбата пред „Мавровка“ срамнета со земја!
![]() https://alsat-m.tv/mk/дивоградбата-пред-мавровка-срамн/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов бара Град Скопје да може да руши дивоградби – градоначалниците поделни во ставовите
https://telma.com.mk/2020/09/04/шилегов-бара-град-скпје-да-може-да-руш/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Струга(од твитер)
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се јави инвеститорот на објектот кај Мавровка: Се е легално, ќе тужам
Со закана за тужба пред домашните судови и пред Судот за човекови права во Стразбур, денеска, откако почна уривањето на спорниот објект пред ТЦ Мавровка во Скопје, се јави и инвеститорот на градбата, Мевљудин Алити од Скопје. Тој на денешната прес-конференција рече дека се било легално со градбата бидејќи имал законско право да си го обнови објектот и дека имал елаборати за парцелата. Пред да почне изградбата на спорниот објект, на локацијата имаше кафуле кое изгоре на 1 мај годинава. Алити додаде дека „ му платил на Градот 4,7 милиони денари за легализација на објектот и дека на Општина Чаир ѝ доставил елаборат и проект и не знае зошто градоначалникот Висар Ганиу велел дека не знае кој гради“. Уривањето на објектот пред ТЦ Мавровка почна денеска претпладне, по налог на Владата, а го изведува „Македонија пат“. Два месеца наназад овој објект е предмет на дебати и на полициска истрага, која вчера поднесе кривична пријава за инвеститорот. Претходно, откако беше утврдено дека се работи за дивоградба, како што прецизираа општинските власти, беа распишувани тендери кој да го урива објектот, но никој не се јави на нив. Инвеститорот на градбата, Мевљудин Алити, денеска рече дека досега не излегол во јавност оти станувало збор за приватна инвестиција и праша зошто уште не е откриено кој му го запалил објектот на 1 мај. Еден од неговите адвокати праша „зошто Владата не ѝ помага на Општина Охрид во уривање, туку ѝ помага на Општина Чаир“. Веднаш по прес-конференцијата на Алити, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги отфрли тврдењата на инвеститорот на спорниот објект кај ТЦ Мавровка дека се платени комуналии и дека објектот е легален. https://www.slobodnaevropa.mk/a/30816752.html |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Правено е да држи 5 до 6 ката, многу арматури и бетон е ставено, едвај се руши. Е сега тука би било одлично еден парк со фонтана
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“
![]() По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што ја обезбедуваат локацијата, на која се руши дивоградбата. Инаку, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја ангажира потребната механизација, средства за работа и вработени не само за уривање, туку и за демонтирање на бесправно изградениот објект, и тоа без надоместок кон Оштина Чаир, односно уривањето го врши од сопствени средства. Владата вчера им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски, така што ќе склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. „По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, се вели во одлуката донесена на вчерашната владина седница. Истовремено, МВР вчера поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка. Рушењето на дивоградбата кај Мавровка следува откако Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе го урне бесправно изградениот објект, но ова не се случи поради тоа што не пронајдоа компанија заинтересирана да го спроведе рушењето. Општина Чаир беше задолжена за рушење, откако претходно општинските власти побараа од инвеститорот самиот да ја сруши дивоградбата, но сопственикот не го направи тоа. https://meta.mk/pochna-rushenjeto-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“
![]() Со полициско обезбедување, утрово почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје, еден ден откако Владата го задолжи ЈП Македонија пат да ја отстрани градбата. Се урива само со еден булдожер и во моментов се уриваат носечките столбови на објектот. Сопственикот на објектот Мевљудин Алити, кој досега се криеше и на надлежните два месеца им требаше да го откријат, најави прес-конференција во 11.30 часот пред објектот. Претходно вчера, МВР соопшти дека СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) „заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело Бесправно градење по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул. Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-urivaneto-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Шапка има вредност како комплекс зашто ги немаше оваквите дивеења. Пополека Попова Шапка станува уште една Шипковица само со жичари, кои кај и да е ќе се испораспаднат, пошто све што се дало на менаџирање на локални тетовски власти се запустило. Ќе го направат уште една испостава на подшарпланинскиот мегалоселис, а не ски-центар.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На „Шапка“ гради кој каде стигне, општина Тетово допрва ќе ги бара „градителите“
![]() И покрај бројните инфраструктурни проблеми на Попова Шапка последните месеци, во оваа туристичка атракција, се градат викендички на диво. Иницијативата на „Да ја спасиме Попова Шапка“ беше доставена до општина Тетово и до обвинителството. Оваа иницијатива бара брзо одобрување на деталниот урбанистички план, со цел да се спречи понатамошната узурпација. „Од полицијата било евидентирано дека се градат околу 80 од нив, некои се градат иако не се завршени и повеќето чекаат за легализација од општина Тетово. Општина Тетово итно треба да преземе иницијатива да го состави тој план и да го достави до соодветните институции за оваа катастрофа да не се повтори“, вели Хамди Сулејмани, „Да ја спасиме Попова Шапка“. За дивоградбите реагираат и сопствениците на веќе постоечките викендички на Шапка. Според нив, ситуацијата сè повеќе се влошува, а од власта нема реакција. „Станува сè полошо и полошо. Постојат дивоградби во делот на викендичките, како и во делот што е имот на ЕЛЕМ Турс. Реагиравме неколку пати, но никој не нè слуша. Градоначалничката и советниците треба да реагираат бидејќи се избрани од народот, а не треба да седат и само да гледаат“, рече Хабил Беџети, Сопственик на викендичка. За овој проблем од општина Тетово ни одговорија дека работат на пронаоѓање на оние кои градат и на преземање на мерки против нив. https://alsat-m.tv/mk/на-шапка-гради-кој-каде-стигне-општ/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Владата го задолжи „Македонија пат“ да ја урне дивоградбата кај Мавровка
На првата одржана владина седница, донесена е одлука, дивоградбата кај Мавровка да биде срушена од страна на „Македонија пат“. „Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства. Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“. До ваква одлука дојде откако и на двата конкурси за уривање на дивоградбата не се пријави ниту една фирма. https://tv21.tv/mk/vladata-donese-odluka-za-urivane-na-objektot-pred-mavrovka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кривична за газдата: Чаир и Јавното претпријатие за патишта ќе го уриваат објектот во Мавровка
Конечно е поднесена кривична пријава за бесправно подигнатиот објект кај Мавровка поранешна Фонтана. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднела кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење". „Од страна на СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење" од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР. Премиерот Зоран Заев дополнително на фејсбук објави дека Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донела одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства. „Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката, напиша Заев. https://faktor.mk/vtor-den-vlada-krivichna-prijava-za-objektot-kaj-mavrovka |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА ОПШТИНА ЧАИР ДА ЈА УРНЕ ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“, НАЈАВИ ЗАЕВ
Премиерот Зоран Заев најави дека за кратко време ќе биде отстранета дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Одговарајќи на новинарско прашање како новата влада ќе се справи со нелегалниот објект кој никако да се урне, рече дека за тоа ќе се донесе одлука на денешната седница на Владата. „Многу брзо ќе почнат активности на терен за да се справиме со ова незаконско дејание што ни се случува дрско пред нашите очи, во центарот на градот. Денес ќе донесеме конкретни одлуки кои ќе ги соопштиме после седница на Владата. Во деталите на самите одлуки ќе бидат наведени правните постапки како би требало Владата да пристапи во испорачување на помош на Општина Чаир, која што има записник и решение дека објектот е дивоградба, но нема фирма изведувач да го спроведе решението за отстранување“, рече Заев на прес-конференција во Агенцијата за национална безбедност. Дивоградбата пред „Мавровка“ Општина Чаир не ја урива бидејќи никој не се јавува на тендерот за уривање. https://sdk.mk/index.php/naslovna/vladata-ke-pomogne-na-opshtina-chair-da-ja-urne-divogradbata-pred-mavrovka-najavi-zaev/ |
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Вакви градби не прават повеќе ни во Поградец.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во центарот на Скопје
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НА ПОПОВА ШАПКА СЕ ГРАДАТ 80 ДИВОГРАДБИ, СРЕДЕ КАМПАЊАТА ШАР ПЛАНИНА ДА СТАНЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК
Градежната мафија интензивно работи на бетонирање на Попова Шапка, така велат од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ и посочуваат дека во изминатиов период во викенд населбата се гради на секој чекор и без никаква дозвола. Тие бараат да се прекине градежната анархија за да се спаси овој наш најголем туристички зимски скијачки центар. „Врз база на податоците што ги имаме, моментално се градат околу 80 објекти во парцели каде што имотно-правните односи на инвеститорите се спорни, бидејки истите се градат во државно земјиште. Се бара од комуналните градежни инспекторати да постапат по законски регулативи и истите да почнуваат да ги разгледат сите предмети по редослед. Бараме да не се спроведува никаква постапка за легализација на бесправно изградените објекти кои се градени после 2011 година. Градежниот инспекторат да не дозволи продолжување на градбата за објектите за кои постои записник за прекин на градбата. Бараме од Јавното обвинителство – Основен суд Тетово, да постапи и да ги истражува овие случаи и во заедничка комуникација со СВР – Тетово и комуналниот градежен инспекторат, да се постапи по законска регулатива и истите градежни активности да се прекинат, а сопствениците да се казнат за узурпација. Ова се барања од многу жители, сопственици на викендички и хотели на Попова Шапка“, вели Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Овие барања биле испратени со Општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Министерството за транспорт и врски. Засега нема никаков одговор на нивните барања. За Попова Шапка, а со тоа и за викенд населбата, сѐ уште нема донесено деталан урбанистички план, но тоа не беше пречка покрај големиот број дивоградби изградени во изминативе неколку години, на Попова Шапка минатата година да се изгради и џамија висока 4 ката со минаре од дваесетина метри. Веднаш до џамијата во градба е еден поголем комплекс од објекти за кој исто така нема дозвола за градба. Минатата зима општинската градежна инспекција го сруши бачилото, кое беше инвестиција на еден Хрват, и кое се наоѓаше не во викенд населбата туку на неколку километри од Попова Шапка, додека од големиот број дивоградби на Попова Шапка сруши само неколку помали потпорни ѕидови во викенд населбата, но не сруши ниту една од 80 диво изградени викендички и други објекти. На 5 мај, Владата ја усвои иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на Шар Планина и прогласување за заштитено подрачје во категоријата Национален парк. „Со финализирањето на овој процес ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, посебно од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа. Истовремено, заштитата на овие подрачја значи и напредок во исполнувањето на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици“, рече тогаш Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Заштитата на Шар Планина како национален парк е дел и од програмата на новата Влада на чело со Зоран Заев која денеска треба да се изгласа во Собранито. На 26 август, Министерството ја почна јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. https://sdk.mk/index.php/makedonija/na-popova-shapka-se-gradat-80-divogradbi-srede-kampanata-shar-planina-da-stane-natsionalen-park/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |