![]() |
![]() |
![]() |
Привремени и напуштени објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 14> |
Author | |
CenterCityKid ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
Ми се плаче од МНТ во позадината - завесите на прозорите, рамките на прозорите, дограденото, настрешницата на дограденото, разните сјалици, тревникот запуштен ... гето у пм.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
На кои други локации ги има овие освен кај МОБ и на крај на Партизанска?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Слушнав дека сендвичите ќе биле од стиропор, така што мислам дека нема да има скари, мијалници, фрижидери и слично.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Neznam samo kako ke smestat na tolkav prostor, skari, frizderi, mesto za podgotovka, mesto za mienje.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Центар ли ги прави сендвичариве?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ако поставуваат друг вид на реклами, нека тргнат барем пола од билбордите во Центар
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ПОДНИ РЕКЛАМИ И ПОВИСОКИ КИОСЦИ
„Подниот маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби Градскиот Совет утврди нови прописи за поставување привремени објекти и урбана опрема како клупи, канти, сплавови, билборди, автобуски постојки, монтажни и демонтажни објекти. Скопските киосци ќе станат повисоки и пошироки, а донесени се новитети и за светлечки видео екрани и за подни реклами. Ваквиот „поден маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби. Рекламите не смеат бидат трајно прицврстени за партерот ниту, пак, да ја оштетат подлогата, туку да се дизајнирани за полесно „стави-вади“. Во иднина храна ќе се продава и на површините каде досега се продаваа единствено билети, сувенири, весници и сладолед и тоа на површина од најмногу 16 квадратни метри, додека весници и сувенири во киоск не поголем од 10 квадрати. Со измените, привремените објекти добиваат поголема висина. „Пораснаа“ од 3,5 на 4,5 метри. Сплавовите се дефинирани како површини поставени на вода поврзани со копно со максимално дозволена површина до 100 квадрати. За сплавови на речни корита, површината може да се уреди со посебна програма, проект или елаборат. Сплавовите можат да се поставуваат и користат на подолги временски период или краткотрајно сезонски, за одредени манифестации или дејност. Се менува и проодниот простор пред автобуските стојалишта т.е. растојанието меѓу постојката и рабникот на коловозот. Минималното растојание од 1,5 метри се намалува на половина метар, а максимумот останува ист - 2,5 метри. (Б.Ш.) http://www.utrinski.mk/?ItemID=EB2E0B48EA27E14180B8BE633EB73B1D Edited by Џоле - 30-Sep-2014 at 12:57 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Баш се убави , ми се допаѓаат ,не се воопшто нападни и изгледаат доста едноставно.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Избрано идејното решение за типски трафики во Штип
Општина Штип избра типско решение за тоа како ќе изгледаат киосците кои приватни лица ќе ги поставуваат низ градот. Оваа идејно решение е на штипската фирма „Алмонт“, избрана согласно условите од конкурсот кои беа објавени од општина Штип. Тоа значи, дека во иднина, по претходно одобрена локација за поставување на ваква урбана опрема, сите сопственици на киосци ќе треба да ги набават овие типски траифики од фирмата „Алмонт“, со што ќе се унифицира изгледот на објектите во кои ќе се врши продажба на весници и друга стока. Унифицирањето на продажните траифики е дел од заложбите на градоначалникот и локалната самоуправа за уредување на локациите каде се поставени и ќе се поставуваат вакви објекти. ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Третата продавница за сувенири ќе биде отворена во ноември
На улицата „Македонски просветители“ во тек е поставувањето на третата продавница за сувенири. Како што информира директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска, монтирањето на продавницата се очекува наскоро да заврши и да започне со работа во текот на месец ноември. ![]() Останатите две продавници за сувенири во Охрид, кај чинарот и на градското пристаниште, свечено беа отворени во средината на септември. Како што тогаш истакна министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска, одбраните локации за поставување на објектите се одлични ,и тие ќе имаат големо значење за гостите кои во нив ќе можат да купат автентични сувенири кои го отсликуваат нашето богато културно наследство и она што го поседуваме како држава. ![]() Во продавниците може да се најдат копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Охрид и Македонија . Меѓу нив се охридскиот бисер, копии од икони, фрески. http://www.ohridnews.com/vesti/61834 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Квадрат за трафика во Скопје- 6350 евра!
Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во Министерството за транпорт. 17.06.2013 19:47:27 Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во министерството за транпорт. Освен рекордната, од понудините шест, продадени се уште две парцели за оваа намена. Истиот понудувач, Селим Муше, победил со 5 400 евра за квадрат за парцела на кејот до хотелот Холидеј Ин. За околу 110 евра од квадрат пак фирмата Супрема ДОО се избори да ја откупи парцела за киоск на аголот на Жена паркот, спорти трговскиот центар Соравија. - „ Во однос на градежните парцели кои не беа отуѓени на денешното јавно наддавање, Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ќе објави повторна објава во најкраток временски период.“ - одговорија меѓу другото од Министерството за транспорт и врски Откако ќе бидат известени, победниците на аукциите имаат 15 дена да ги уплатат парите во Министерството за транспорт. Доколку го направат тоа, добиваат право на купените парцели да изградат сендвичари, но со изглед кој го избра Градот Скопје. Рекордните суми постигнати денеска доаѓаат по силна конкуренција од неколку заинтресирани фирми за сендвичарите но и отстранувањето на досегашните вакви или слични привремени објекти низ центарот на Скопје. Почетната цена на аукциите беше нешто помаку од 100 евра од метар квадратен или околу 780 евра по парцела. Александар Димитриевски http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=58432#.Ub9N0j5K1EY |
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Слабо некако инспирација имаат.
|
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
Копенхаген стилизирани сендвичарници со антички столбови 2013
![]() Скопје стилизирани сендвичарници со антички столбови 2014 ![]() ![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ипак се работи за задоволителни 8 м2
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НУДИ ШЕСТ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТАР Хамбургери ќе се продаваат од тајландски сендвичарници Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата ![]() На шест локации во централното градско подрачје ќе се постават сендвичарници со специфичен изглед, којшто по малку потсетува на објектите карактеристични за азиските земји. Министерството за транспорт и врски вчера објави јавен повик за продажба на атрактивните локации на кои ќе бидат поставени сендвичарниците. Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата на текстот. Една од сендвичарниците ќе се постави кај хотелот "Холидеј ин", втората локација ќе биде до Жена-парк кај ресторанот "Национал", третиот објект е планирано да се постави на улицата "Македонија" кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Останатите три сендвичарници ќе се постават една спроти Градски ѕид, другата малку подолу кај зградата на Т-мобиле на автобуската станица, а последната ќе се наоѓа кај Собранието на РМ. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13 февруари 2013 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. Истовремено Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на катна гаража. Станува збор за една градежна парцела со површина од 2.455 квадратни метри, со намена за изградба на комунална инфраструктура - катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на јавно наддавање изнесува 1.850 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13 февруари. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје, поточно на паркингот веднаш зад Собранието. Од Министерството велат дека со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје. Висината на катната гаража ќе биде 9 метри. Под оваа катна гаража веќе е планирана изградба на подземна катна гаража. Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. (С.М.) вечер |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |