Author |
Topic Search Topic Options
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#161 Posted: 06-Sep-2008 at 18:11 |
Originally posted by pbanks
Веќе архивски материјали за проектов чисто да се зачуваат во нишкава15.02.2006, ТоталСоравиа го купува догашниот недограден светски трговски центар во Скопје
“Соравиа Баутрегег” го купи скопскиот Светскиот бизнис центар за 10,3 милиони евра
--------------------------------------------------------------------------------
Австриската фирма “Соравиа Баутрегег” ГМБХ ќе биде новиот сопственик на
објектот “Светски бизнис центар” Скопје, откако на денешното јавно
наддавање во Владата понуди највисока цена од 10,35 милиони евра.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
Почетната цена на наддавањето беше осум милиони 720 илјади и 180 евра,
а минималното наддавање 50 илјади евра. На наддавањето учествуваа и
австриската “Робул Бетеилигунс” и “Лбис” ДООЕЛ Скопје.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
“Соравиа Баутрегег” е австриска фирма за трговија со недвижности
присутна со инвестиции во Југоисточна Европа. Нејзиниот менаџер Хано
Соравиа изјави дека не е многу задоволен од цената што ја понуди, но
оти државата треба да биде задоволна бидејќи ќе земе многу пари.
Купувањето на “Светскиот бизнис центар”, рече тој, е само прв чекор,
бидејќи во него планираат да инвестираат од 22 до 25 милиони евра.
Соравиа најави дека во следните две до три години ќе работат за да
направат прекрасна зграда со најдобри канцеларии и шопинг простории. Ќе
основаат своја компанија што ќе ја водат луѓе од Македонија, а ќе се
финансира од Австрија и од локални фирми и банки. Објектот “Светски
бизнис центар” е изграден до фаза на затворена карабина на корисна
површина од 22.458 квадратни метри.
“Соравиа Баутрегег” ќе стане сопственик и на земјиштето на кое е
изграден објектот, за што треба да склучи посебен договор со
Министерството за транспорт, по потпишувањето на купопродажниот договор
за целиот објект. Дополнително за земјиштето со вкупна површина од
1.333 квадратни метри треба да се платат 66.500 евра или 50 евра по
квадратен метар.
| 21.02.2007, ВестДури година дена подоцна првите вести околу проектов
АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА "СОРАВИЈА" ЌЕ ГО ОТВОРИ СВЕТСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР В ГОДИНА
Нов шопинг центар до ГТЦ
Австриската компанија "Соравија" во април годинава ќе започне со
градежните работи за довршување на карабината лоцирана во центарот на
Скопје, а позната меѓу скопјани како Светски трговски центар. Менаџерот
на канцеларијата во Скопје Питер Рот очекува новиот деловно - трговски
центар да почне со работа во почетокот на 2008 година, и тоа, под името
"Соравија центар Скопје". "Соравија" се занимава со продажба и
изнајмување на недвижен имот, као и со маркетинг, а присутна е и во
Бугарија, Романија, Словачка и во Хрватска.
"Изминатиот период го искористивме за подготовки на проектите и
дизајнот за просторот, како и да обезбедиме и дополнителна
документација за потребните адаптирања на зградата. Според нашите
проценки, за 10 месеци ќе го завршиме објектот и ќе може да почне со
работа. Очекуваме довршувањето на зградата и опремувањето да не чини
околу 20 милиони евра", вели менаџерот Питер Рот.
Зоран Олумчев од "Соравија" објаснува дека адаптирањето на зградата се
однесува на поврзување на објектот со улицата Војвода Васил Аџиларски,
со што ќе се создаде можност за уште еден приоден влез до Центарот.
"Помеѓу зградата и улицата Војвода Васил Аџиларски се појавува една
празнина од околу 300 квадратни метри која е во државна сопственост.
Комунициравме со надлежните институции да го купиме ова земјиште, каде
планираме да изградиме приод до зградата, со што ќе се искористи
местото. Имаме и согласност од државата дека може да го купиме
земјиштето, поради што и побаравме тоа да се внесе и во Деталниот
урбанистички план, којшто Советот на Општина Центар допрва треба да го
одобри", објаснува Зоран Олумчев.
"Соравија" откако ќе ги реновира и опреми објектите некое време ги
изнајмува, а подоцна просторот го продава, но според Питер Рот,
зградата во Скопје главно ќе се издава под кирија.
"Околу 4000 квадратни метри се наменети за трговски простор и дуќаните
ќе се продаваат, а околу 9000 квадратни метри деловен простор главно ќе
се издаваат под наем. Центарот располага и со 100 подземни места за
паркирање", вели Питер Рот дополнувајќи дека според досегашната
комуникација со потенцијалните клиенти има интерес за издавање и
продавање на нивниот простор.
"Во Скопје има малку квалитетен и модерен деловен простор. Многу фирми
се сместени во приватни станови, кои не соодветствуваат на потребите на
компаниите", вели Рот.
Соравија лани преку јавна лицитација ја купи карабината и земјиштето за
околу 12,2 милиони евра, и тоа по неколкуте неуспешни обиди на Владата
да го продаде Светскиот трговски центар преку тендер.
Т.Јовановска
***
Австријците заинтересирани и за зградата-убиец
Менаџерот на "Соравија" во Скопје Питер Рот вчера најави дека
компанијата ќе се појави со понуда и на тендерот за доизградба на
зградата на поранешна Југобанка во Скопје.
Министерот за финансии Трајко Славески неодамна најави дека Владата ќе
ја доизгради зградата на поранешна Југобанка преку барање инвеститор за
приватно-јавно партнерство. Зградата одговара за деловен простор, а
моделот на стопанисување со објектот допрва ќе се дефинира. Зградата е
изградена до фаза на карабина и требаше да се заврши до 2001 година
кога беа одвоени 12 милиони германски марки во Буџетот, но поради
конфликтот тоа не се случи. Објектот е во сопственост на Владата. | Еве го и изгледот на зградата пред да почне реконструкцијата1 2
|
Лелее, стварно има разлика ПРЕД и ПО реконструкција...
значи, се исплатеше да се почека!
btw, во еден флаер на АМЦ и јас прочитав дека „наскоро ќе се отвори најголемиот салот за ит технологија во Соравија„
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#162 Posted: 21-Aug-2008 at 20:50 |
soravia.com.mk нема ставено нови вести којзнае од кога. последните новости т.е. исечоци од весници се од 22.05.2008. штета. а баш е добар сајтот
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#163 Posted: 21-Aug-2008 at 20:24 |
de be uste li ne ja zavrsija zgradava...zaglavija so toa sipkata gore...cccc aj valjda do 'juni' ke bide gotova hahahahhaha
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#164 Posted: 20-Aug-2008 at 21:53 |
Веќе архивски материјали за проектов чисто да се зачуваат во нишкава 15.02.2006, ТоталСоравиа го купува догашниот недограден светски трговски центар во Скопје
“Соравиа Баутрегег” го купи скопскиот Светскиот бизнис центар за 10,3 милиони евра
--------------------------------------------------------------------------------
Австриската фирма “Соравиа Баутрегег” ГМБХ ќе биде новиот сопственик на
објектот “Светски бизнис центар” Скопје, откако на денешното јавно
наддавање во Владата понуди највисока цена од 10,35 милиони евра.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
Почетната цена на наддавањето беше осум милиони 720 илјади и 180 евра,
а минималното наддавање 50 илјади евра. На наддавањето учествуваа и
австриската “Робул Бетеилигунс” и “Лбис” ДООЕЛ Скопје.
Денешното успешно наддавање е петти обид за продажба на “Светскиот
бизнис центар”. Во неговата изградба државата вложи 11 милиони евра.
“Соравиа Баутрегег” е австриска фирма за трговија со недвижности
присутна со инвестиции во Југоисточна Европа. Нејзиниот менаџер Хано
Соравиа изјави дека не е многу задоволен од цената што ја понуди, но
оти државата треба да биде задоволна бидејќи ќе земе многу пари.
Купувањето на “Светскиот бизнис центар”, рече тој, е само прв чекор,
бидејќи во него планираат да инвестираат од 22 до 25 милиони евра.
Соравиа најави дека во следните две до три години ќе работат за да
направат прекрасна зграда со најдобри канцеларии и шопинг простории. Ќе
основаат своја компанија што ќе ја водат луѓе од Македонија, а ќе се
финансира од Австрија и од локални фирми и банки. Објектот “Светски
бизнис центар” е изграден до фаза на затворена карабина на корисна
површина од 22.458 квадратни метри.
“Соравиа Баутрегег” ќе стане сопственик и на земјиштето на кое е
изграден објектот, за што треба да склучи посебен договор со
Министерството за транспорт, по потпишувањето на купопродажниот договор
за целиот објект. Дополнително за земјиштето со вкупна површина од
1.333 квадратни метри треба да се платат 66.500 евра или 50 евра по
квадратен метар.
|
21.02.2007, ВестДури година дена подоцна првите вести околу проектов
АВСТРИСКАТА КОМПАНИЈА "СОРАВИЈА" ЌЕ ГО ОТВОРИ СВЕТСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР В ГОДИНА
Нов шопинг центар до ГТЦ
Австриската компанија "Соравија" во април годинава ќе започне со
градежните работи за довршување на карабината лоцирана во центарот на
Скопје, а позната меѓу скопјани како Светски трговски центар. Менаџерот
на канцеларијата во Скопје Питер Рот очекува новиот деловно - трговски
центар да почне со работа во почетокот на 2008 година, и тоа, под името
"Соравија центар Скопје". "Соравија" се занимава со продажба и
изнајмување на недвижен имот, као и со маркетинг, а присутна е и во
Бугарија, Романија, Словачка и во Хрватска.
"Изминатиот период го искористивме за подготовки на проектите и
дизајнот за просторот, како и да обезбедиме и дополнителна
документација за потребните адаптирања на зградата. Според нашите
проценки, за 10 месеци ќе го завршиме објектот и ќе може да почне со
работа. Очекуваме довршувањето на зградата и опремувањето да не чини
околу 20 милиони евра", вели менаџерот Питер Рот.
Зоран Олумчев од "Соравија" објаснува дека адаптирањето на зградата се
однесува на поврзување на објектот со улицата Војвода Васил Аџиларски,
со што ќе се создаде можност за уште еден приоден влез до Центарот.
"Помеѓу зградата и улицата Војвода Васил Аџиларски се појавува една
празнина од околу 300 квадратни метри која е во државна сопственост.
Комунициравме со надлежните институции да го купиме ова земјиште, каде
планираме да изградиме приод до зградата, со што ќе се искористи
местото. Имаме и согласност од државата дека може да го купиме
земјиштето, поради што и побаравме тоа да се внесе и во Деталниот
урбанистички план, којшто Советот на Општина Центар допрва треба да го
одобри", објаснува Зоран Олумчев.
"Соравија" откако ќе ги реновира и опреми објектите некое време ги
изнајмува, а подоцна просторот го продава, но според Питер Рот,
зградата во Скопје главно ќе се издава под кирија.
"Околу 4000 квадратни метри се наменети за трговски простор и дуќаните
ќе се продаваат, а околу 9000 квадратни метри деловен простор главно ќе
се издаваат под наем. Центарот располага и со 100 подземни места за
паркирање", вели Питер Рот дополнувајќи дека според досегашната
комуникација со потенцијалните клиенти има интерес за издавање и
продавање на нивниот простор.
"Во Скопје има малку квалитетен и модерен деловен простор. Многу фирми
се сместени во приватни станови, кои не соодветствуваат на потребите на
компаниите", вели Рот.
Соравија лани преку јавна лицитација ја купи карабината и земјиштето за
околу 12,2 милиони евра, и тоа по неколкуте неуспешни обиди на Владата
да го продаде Светскиот трговски центар преку тендер.
Т.Јовановска
***
Австријците заинтересирани и за зградата-убиец
Менаџерот на "Соравија" во Скопје Питер Рот вчера најави дека
компанијата ќе се појави со понуда и на тендерот за доизградба на
зградата на поранешна Југобанка во Скопје.
Министерот за финансии Трајко Славески неодамна најави дека Владата ќе
ја доизгради зградата на поранешна Југобанка преку барање инвеститор за
приватно-јавно партнерство. Зградата одговара за деловен простор, а
моделот на стопанисување со објектот допрва ќе се дефинира. Зградата е
изградена до фаза на карабина и требаше да се заврши до 2001 година
кога беа одвоени 12 милиони германски марки во Буџетот, но поради
конфликтот тоа не се случи. Објектот е во сопственост на Владата. |
Еве го и изгледот на зградата пред да почне реконструкцијата 1  2
|
 |
twin
Newbie
Joined: 02-Aug-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#165 Posted: 19-Aug-2008 at 09:41 |
na dolniot kat ke go ima najgolemiot market zakompjuteri na AMC i ke bide najgolem vo makedonija
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#166 Posted: 18-Aug-2008 at 19:47 |
точно е дека прозорите беа на чистење и тоа беше веќе кажано тука, тоа се истите прозори мислам а долниот дел убаво ме изненади туку што толку се задржаа на дој деталот на врвот (кој и не беше потребен) ?
Edited by zabegan - 18-Aug-2008 at 19:48
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#167 Posted: 18-Aug-2008 at 17:50 |
Поминав пред некој ден покрај зградата беше речиси завршена.
Добро е што ги изгланцаа прозорците бидејќи вака сигурно е поубаво.
Значи, во претходните постови видов дека е напишано дека прозорците биле извадени за да се исчистат.
Јас во Време (лани) прочитав дека ги извадиле стаклата за да ги сменат зошто стварале премногу топлина (ако го најдам на нет ќе го постирам тука, иако сметам дека глупаво е да се враќаме во историјава на објектов).
Е сега, која од овие теории е точна??!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#168 Posted: 12-Aug-2008 at 15:42 |
Една сликичка во помин. Ѕирнав и во градилиште иако повторно не сликав и барем во делот кон улицата, во долниот дел од објектот каде беа оние пирамидести прозорчиња и црниот мермет имаат отворено големи прозорци за дуќаните. Долниот дел е дефинитивно изменет.
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#169 Posted: 07-Aug-2008 at 17:39 |
Ako ne ja zavrsi sin mu na Goko Radovanovik togas vnuk sigurno ke ja zavrsi zgradata 
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#170 Posted: 07-Aug-2008 at 16:54 |
Ете ова е извор, проверете во најновиот број на Теа модерна (ако вчера некој купил Дневник, Вест или Утрински), но бидејќи магазинот не е модернизиран, веб страница - нема
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#171 Posted: 07-Aug-2008 at 15:48 |
Се извинувам за многуте грешки, ама го куцав на брзина
Edited by maestro - 28-Jan-2009 at 16:58
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#172 Posted: 07-Aug-2008 at 15:46 |
Еве дел од интервјуто со архитектите Пако Радовановиќ и Маја Кириќ
ТЕА: Во моментот го привршувате проектот на бизнис-центарот Соравија - стаклениот објект веднаш до ГТЦ, кој конечно ќе го доживее своето одтварање. За почеток, да направиме една мала скица за неговата биоградија, како почна изградбата и на што се работи сега.
Пако: Проектот почна пред 15 години и проектанти беа Слободан Живковски - Цобе, Златко Хаџипецов - Сара и Ѓоко Радовановиќ (татко на архитектов од интервјуто), па се стопира, па неколку пати се менуваа влади и на крај дојде една која реши да го продаде на странска фирма. Таква сериозна фирма беше Соравија, која не ангажира нас, РАДО инг, да подготвиме проект за негова надградба и реконструкција. Објектот ќе биде готов во септември, па вие проценете што сме направиле.
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#173 Posted: 07-Aug-2008 at 15:30 |
Еве извор:
во последниот број на Теа Модерна (вчера) имаше интервју со некои архитекти кои нешто работеле на Соравија и кажаа дека ќе била готова до септември.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#174 Posted: 07-Aug-2008 at 13:01 |
Originally posted by maestro13
Нешто слушнав дека зградава ќе била завршена во септември? |
Па прво требаше до минатиот септември... после тоа до пролет, па до јуни мислам... Многу рокови се најавија и пробија, не сум сигурен дали добро сум ги запамтил  А за ова со годинешниов септември прв пат слушам. Од каде ти е информацијава? Те молам не кажувај „наслушнати“ информации без да кажеш извор или барем од каде си слушнал, па да процениме колку може да е веродостојно.
Edited by Cloverstack - 07-Aug-2008 at 13:02
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#175 Posted: 07-Aug-2008 at 12:58 |
Маестро 13 најпрвин добредојде,зградава е почната со изградба 1993 година.Првиот претседател на Р.М. Киро Глигоров ја запозна изградбата на оваа зграда,со намена таа да стане светски бизнис центар,започна со забрзано темпо да се гради но немаше интерес за закупување на простор и таа остана како затворена карабина долги години.Имаше неколку неуспешни тендери за продажба на оваа зграда бидејќи и покрај одличната локација која што ја има немаше интерес за нејзино откупување.Австриската компанија Соравиа ја купи на јавно надавање,најверојатно таа ќе биде завршена до крајот на оваа година.
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#176 Posted: 07-Aug-2008 at 09:26 |
Нешто слушнав дека зградава ќе била завршена во септември?
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#177 Posted: 03-Aug-2008 at 09:33 |
фала фала
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#178 Posted: 03-Aug-2008 at 00:13 |
Добредојде Маестро13
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#179 Posted: 02-Aug-2008 at 20:18 |
хаха така е ја памтам уште од мал кога се градеше
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#180 Posted: 02-Aug-2008 at 20:12 |
 Добредојде Иначе во право си, зградава е отприлика стара колку и ти, а еве дури сега се довршува
|
 |