![]() |
![]() |
![]() |
Топлификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 5> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 20-Jan-2025 at 19:21 |
ПОРАДИ ДЕФЕКТ БЕЗ ПАРНО ОСТАНА РЕЧИСИ ЦЕЛО СКОПЈЕ
Речиси цело Скопје претпладнево остана без парно греење. Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ соопштија дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа има намален квалитет во испораката на топлинска енергија. „Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, велат од „ЕСМ Снабдување со топлина“. Од таму упатуваат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, за дополнителни информации. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poradi-defekt-bez-parno-ostana-rechisi-tselo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И оваа грејна сезона нема да потече топлина под мостот „Беласица“
Цевководот ќе биде поставен во наредните неколку месеци и ќе биде целосно подготвен за наредната грејна сезона. Дотогаш, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот и понатаму, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. На тој начин, и понатаму целосно ќе се задоволуваат потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, образложуваат од АД ЕСМ Топлинската енергија за потрошувачите нема да поминува под мостот „Беласица“. Од АД ЕСМ велат дека нема да бидат поставени цевките на топловодот за оваа грејна сезона. – Цевководот ќе биде поставен во наредните неколку месеци и ќе биде целосно подготвен за наредната грејна сезона. Дотогаш, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот и понатаму, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. На тој начин, и понатаму целосно ќе се задоволуваат потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури – образложуваат од АД ЕСМ. Притоа, објаснуваат дека вложуваат сериозни напори за претстојната грејна сезона, која започнува на 15 октомври, да обезбедат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. – Поради исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ, новите раководства на двете компании се судрија со огромен предизвик пред почетокот на годинашната грејна сезона, да преземат ургентни мерки за надминување на сите пречки што предизвикаа застој во поставувањето на цевководот – ги објаснија од АД ЕСМ причините за одолжувањето на поставувањето на цевките. Непречен почеток на новата грејна сезона беше една од темите и на неодамнешната средба помеѓу претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, и генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Притоа, во исто време стана збор и за топловодот под мостот „Беласица“. Тогаш беше нагласено дека треба да се стави тој во функција и дека во иднина соодветно ќе бидат обезбедени новиот топловод и просторот за да се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките. Мостот беше запален во мај минатата година. За пожарот, МВР поднесе кривична пријава против 37- годишен скопјанец, за предизвикување општа опасност, и тој веќе е во затвор за друго дело. https://www.vecer.press/i-ovaa-grejna-sezona-nema-da-potece-toplina/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Цевките за топловодот на мостот „Беласица“ се уште се во тревата
![]() На месец ипол пред стартот на грејната сезона под мостот „Беласица“ нема никакви активности за поставување на цевките за топловодот. Поради пожарот што настана лани на полноќ, меѓу 11 и 12 мај, беа извадени старите и опожарени цевки, а беа донесени нови кои сеуште лежат во тревата покрај мостот, иако мостот одамна целосно е пуштен во сообраќај. ЕСМ требаше да ги постави цевките уште пред стартот на минатата грејна сезона, но тоа не се случи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски стравува дека доколку имаме студена зима, можно е да има проблеми со снабдувањето со парно на дел од потрошувачите ако цевките од овој топловод не бидат поставени. Тој упати апел да се постави цевката пред почетокот на грејната сезона за да стане функционална. – Каква зима ќе имаме – никој не знае, дали ќе биде блага или со температури под нулата. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет и доколку има студена зима, ќе има проблеми во снабдувањето на најголемиот дел од потрошувачите во Скопје, ако навреме не биде поставен цевководот под „Беласица“ – потенцира Бислимоски. https://www.vecer.press/cevkite-za-toplovodot-na-mostot-belasica/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Новите згради мора да се приклучат на парно греење“: ЕСМ е исклучок од барањата за поскапување на парното
Во моментов кога повеќето компании бараат зголемување на цените за парно греење и до 50%, ЕСМ, која снабдува 90% од жителите на Скопје, останува исклучок, дознава ТВ21. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), изјави дека поволните цени на природниот гас би требало да влијаат на одржувањето на постоечките цени на парното греење. -Имаме поволно цени за приоден гас, очекувам дека тоа ќе влијае на цената на парното, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Новина од оваа година е што веќе ги нема субвенциите, но пак за разлика од лани просечната цена на гасот е значително пониска. РКЕ е во процес на приготвување за главната седница на која ќе се одлучува за цените, закажана за понеделник. Еден од предизвиците за системот на централно греење во Скопје е поставувањето на новата топловодна цевка на мостот „Беласица“. Кога ЕСМ ќе ја постави новата топловодна цевка под овој мост, не успеавме да добиеме информација од прес службата. Ниту директорот не одговори на нашите прашања. Таму се чека новата Влада да постави ново раководство. Во моментов се користат алтернативни начини за пренос на топлинската енергија, но таа е со намален капацитет. Па доколку се случи, зимата да биде со температури длабоко под нулата, тогаш граѓаните би останале со ладни радијатори За подобро да се искористат постоечките ресурси, РКЕ предложила измена на законот кој би обврзал секоја нова зграда во своето одобрение за градба да наведе начин на греење, со задолжително приклучување на централниот систем доколку е можно. -Не може да проаѓа цевка за парно на сто метри од некоја зграда, а таа зграда да не се приклучи. И да им вели на граѓаните на струја да се приклучи. Значи ако имаме инфраструктура за топлинска енергија, ќе се греат на топлинска енергија, ако има инфраструктура за гас, таму ќе се користи гасот повеќе. Ако има, ако нема во ред е да се користи електрична енергија, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Над 90 насто од корисниците во Скопје парно добиваат од ЕСМ која обединува три фирми со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска нергија. Во системот е и Топланата Скопје север и енергетика. https://mk.tv21.tv/novite-zgradi-mora-da-se-prikluchat-na-parno-greene-esm-e-iskluchok-od-baranata-za-poskapuvane-na-parnoto/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Без ТЕ-ТО ќе се случи ценовно цунами со парното во Скопје - Нова цена нема да има се до поставување на топловодите под Беласица
На скопјани им се закануваат жешки сметки за парно оваа зима. Се ќе зависи од тоа дали ЕСМ ќе успее да ги постави новите цевки на опожарениот мост Беласица. Додека Град Скопје и ЕСМ си ја префрлаат вината, се поизвесно станува дека новата грејна сезона ќе почне со големи проблеми кој ќе им се одразат на граѓаните. На разум повикува и првиот човек на регулаторна, кој предупредува на ценовен шок за парно. Битката за мостот Беласица трае речиси половина година. Од пожарот до денес, мостот беше затворен, потоа се чекаше Обвинителството за да можат експертите ангажирани од градот да направат проценка, а откако ја завршија се наложи ЕСМ да ги отстрани цевките и да постави нови. Во меѓувреме Град Скопје го пушти за сообраќај, но само со две ленти. Од АД ЕСМ скоро еден месец чекаат дозвола од градските власти и нејасно е до сега зошто не ја добиле. Велат се подготвени за монтажа и тврдат дека нема да има проблеми со парно греење. - Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023 и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. Од регулаторна веруваат дека нема да има поскапување на струјата оваа зима, но велат сепак зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ. https://sitel.com.mk/bez-te-kje-se-sluchi-cenovno-cunami-so-parnoto-vo-skopje-nova-cena-nema-da-ima-se-do-postavuvanje-na |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Вакви изјави би сакал да слушам секој ден од градоначалници, министри, директори, премиери... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО ПОЖАРОТ НА СКОПСКИОТ МОСТ „БЕЛАСИЦА“ ОШТЕТЕНА ТОПЛОВОДНА ЦЕВКА, БИСЛИМОСКИ ВЕЛИ ВЕДНАШ ДА СЕ САНИРА ОТИ НЕМА ДА ПРИЗНААТ ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ПАРНО НА ТОПЛАНАТА
Во пожарот на мостот „Беласица“ во Скопје оштетен е топловодот преку кој се пренесува топлинска енергија од ТЕ-ТО до топланата Запад. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, вели дека оваа цевка е многу важна за преносот на топлинска енергија во Скопје и веднаш треба да се санира. Ако не биде ставена во функција до почетокот на грејната сезона, тогаш ќе има проблем односно поголеми трошоци за парно греење, што според Бислимоски нема да бидат признаени односно ќе биде на товар на топланата. „Не сакам да слушам изговори. Сега сме почеток на јуни, до почетокот на грејната сезона има уште четири месеци и имаат време како знаат и умеат тој топловод да го вратат во нормала и да функционира. Ако има зголемени трошоци поради тоа што топловодот не е ставен во функција, тоа ќе биде на товар на компанијата. Нема да бидат на товар на граѓаните односно да им се зголемат сметките за парно“, вели Бислимоски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-pozharot-na-skopskiot-most-belasitsa-oshtetena-toplovodna-tsevka-bislimoski-veli-vednash-da-se-sanira-oti-nema-da-priznaat-zgolemeni-troshotsi-za-parno-na-toplanata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТОПЛОВОДОТ ОД РЕК ЗА ЕДНА ГОДИНА СТИГНА ВО БИТОЛА, ПАРНО ЌЕ ИМА ВО 2025
За една година цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Директорот на ДООЕЛ „Топловод“ Горан Козаров рече дека цевките влегуваат во Битола и дека топловодната гранка од РЕК е стигната на дванаесетиот километар од трасата, односно во близина на локацијата каде ќе биде кулата за дотоплување на водата на влезот од Битола. Ова е прва од трите фази за изградба на топловодот, во која се поставуваат главните цевки. Втората фаза ќе подразбира изградба на градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се градат одземач и култата за дотоплување на водата. „Во 2025 треба да бидат приклучени 37 објекти од градот и граѓаните да го почувствуваат бенефитот од топлификацијата. Топловодот ќе биде разграден на две гранки, едната по улица Иван Милутиновиќ, а другата по Партизанска. Предвидени за приклучување се 37 објекти, тоа се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои прават трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Бенефитот ќе го почуствуваат прво тие, а потоа е предвидено мрежата да се разгранува низ градот, да се пројави интерес за колективните затоплувања каде има постоечки котлари“, рече Козаров. Кога ќе се поставува мрежата низ градот ќе мора да се ископаат некои од улиците или тротоари, но потоа ќе бидат вратени во првобитна положба, за што се обезбедени финансиски средства. Во битолска „Топлификација“, која е новоформиран ДOOEЛ при ЕСМ, засега е ангажиран само управителот, но претпријатието како што ќе се реализира проектот така ќе се проширува, за на крај да биде самоодржливо и да не троши туѓи пари. Топлификацијата на Битола од РЕК е желба на битолчани стара 40 години, откако е изграден Комбинатот, а ова се смета за еден од најкрупните проекти во последните години. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/toplovodot-od-rek-za-edna-godina-ke-stigne-vo-bitola-porno-ke-ima-vo-2025/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Автокоманда се враќа во градската топловодна мрежа?!
ЕСМ – Енергетика планира промена на снабдувачот на топлина за цела Автокоманда и приклучување на корисниците на парно греење на мрежата на топланата „Исток“. Ова предизвикува револт кај корисниците, бидејќи, како што велат, АД ЕСМ, компанијата што управува со сите топлани во Градот Скопје, планира да го спроведе ова до Нова година, и тоа без нивно знаење. Со префрлањето на мрежата на топланата „Исток“, корисниците во Автокоманда повеќе нема да имаат нонстоп парно греење, туку како што налага Регулаторната комисија за енергетика, од 6 наутро до 22 часот навечер. Жители на Автокоманда велат дека на терен се забележани екипи и раздвиженост за префрлање на овие корисници од т.н. железарско парно на градската топловодна мрежа со која сега управува, исто така, новоформираната фирма на АД ЕСМ. Во времето кога К.Т. и Т.Т. беа градоначалници, на иницијатива од граѓаните, преку УЗ, делот од зградите во Автокоманда што беа снабдувани од Градот, поради неквалитетното греење, со техничко-градежни инвестиции беа префрлени на греењето од ЕСМ – Енергетика и проблемот беше решен. Зошто сега ќе се врши обратен процес – не е јасно, бидејќи Енергетика има капацитет за греење на половина град. Локалната и месната самоуправа, заедно со граѓаните, во недостиг на издржана причина, треба жестоко да се спротивстави на ваквата најава – нагласува Маријан Калиманоски. Александар Тодоровски, пензионер од ЕСМ – Енергетика, смирува и вели дека овој план за спојување на двата система е донесен откако се изгради ТЕ –ТО. – Тоа е добар план како основа за продолжување на топловодот од Енергетика кон населбата Бутел. Во иднина се планира оттаму да се поврзе топланата „Скопје-Север“, што е, исто така, добар план, со што би се добил еден голем систем. Капацитетите на ваквиот заеднички систем со ТЕ -ТО, топлана „Исток“, Енергетика и „Когел“ се големи и во целост ќе ги задоволуваат потребите за топлинска енергија. Впрочем, на ниво на Град Скопје, во времето на Шилегов е формирано претпријатие за управување со комплетниот топлификациски систем, кое, за жал, не проработи, а одреден број вработени, и покрај тоа, земаат плата. Доколку се обратите до раководството на Енергетика, сигурен сум во тоа дека во детали ќе ви ги објаснат плановите. Како снабдувач со топлинска енергија, Енергетика докажа дека може да биде рамо до рамо со останатите снабдувачи. Нема причина за загриженост – дециден е Тодоровски. Како и да е, корисниците од Автокоманда се во дилема: дали враќањето во градската мрежа ќе значи и израмнување на висината на сметките со останатиот дел од градот, бидејќи корисниците на ЕСМ – Енергетика плаќаат за 37 проценти повисока цена во споредба со приклучените на мрежата на досегашниот БЕГ. https://www.vecer.press/автокоманда-се-враќа-во-градската-топ/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чаир и Бутел мрзнат, нема решение за топланата Скопје-Север
Што се виновни овие деца што мрзнат во градинките? Ваквата состојба трае веќе 5 дена. Се случува не само во образовните институции, туку и во целиот регион на Чаир и Бутел, област која е под топланата Скопје-Север, која всушност не се очекува да функционира барем до крајот на оваа недела. Во екот на енергетската криза дел од училиштата и градинките се загреваат со инвертер климатизери бидејќи парното не работи. Дури и некои од родителите ги повлекоа своите деца бидејќи е многу студено и овие уреди што ги загреваат просторите не се доволни за правилно одвивање на образовниот процес. Една од воспитувачките во градинката „11 Ноември“ ни рече дека немаат услови да ги задржат децата подолго. „Во овие услови е речиси невозможно бидејќи климата што ја гледате не покрива толкав простор. Од вчера утрото беше многу студено бидејќи за време на викендот објектот не се загрева. Има многу реакции од родителите бидејќи овој период е полн со грип, а настинките се дополнителна причина за влошување на здравјето“, рече една воспитувачка. „Студено е, нема услови. Каде да ги оставам? Да се разболат? Ова нема смисла. Ова не е прв пат, пред две недели беше истиот проблем. Сега е уште полошо, нема што да правиме. Во моментов, во зима, нема греење. Се гледа по самите деца со два-три палта, дресови и капи внатре“, реагира еден родител. Од раководството на топланата велат дека сакаат да ја дадат под привремено управување на државата. Но, извршниот директор Куштрим Рамадани тврди дека одборот на доверители на „Скопје-Север“ не му дозволува на сопственикот Богољуб Макревски, да го потпише документот за давање под државно управување. Алсат го обезбеди документот. Еден од претставниците на Одборот е и компанија Макпетрол, која досега ги снабдувала со гас, исто како и другите топлани. Но, ЕСМ сега испорачува гас од друга фирма, што ја отежна процедурата за давање под државно управување, бидејќи во овој случај Макпетрол е исклучен од снабдувањето на топланите со гас. „РКЕ не ни ги прифаќа реалните цени на гасот за да не се зголеми цената на услугата за граѓаните. Јас се согласувам со ова, но некој мора да ни излезе на помош за да го надомести тоа, односно оваа разлика во цената на гасот. Досега Владата не ни дојде на помош под изговор дека не субвенционира приватни фирми, што никаде не го пишува во законот. Ако одборот на доверители даде дозвола за потпишување на техничко-деловна соработка со ЕСМ, проблемот веднаш ќе се реши, ние сме под притисок на времето“, изјави Куштрим Рамадани, директор на АД. „Топлана Скопје-Север“. За да не ги остави граѓаните без парно, Рамадани вели дека топланата не добива ни можност да користи мазут како план Б. Ова самата ЕСМ го остави како можност во случај на недостиг на јаглен за производство на струја или во недостиг на гас за производство на топлинска енергија. Од топлана велат дека имаат Б-интегрирана дозвола од Министерството за екологија, но инспекторатот на Град Скопје им забранил да горат мазут. Од Министерството за економија велат дека им оставиле на Регулаторната комисија за енергетика и на ЕСМ да најдат решение за топланата Скопје-Север. Од ЕСМ велат дека се во континуирани разговори за правно деблокирање на состојбите за државата да ја преземе топланата. https://alsat.mk/mk/chair-i-butel-mrznat-nema-reshenie-za-toplanata-skopje-sever/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чаир и Бутел без централно греење – несогласувањата меѓу топланата и ЕСМ ги оставија граѓаните на ладно
Жителите на општина Чаир, Бутел и околината, меѓу кои и некои училишта и здравствени установи, од вчера се без парно греење. Топланата „Север“ не може да снабдува со греење 500 објекти кои се под нејзин чадор. Директорот на топланата Куштрим Рамадани вели дека не може да обезбеди гас бидејќи во буџетот нема ни 1000 евра. „Вчера поради немање финансиски средства „ГАМА“ не исклучи од гасоводниот систем по налог на нашиот снабдувач „Промгаз“, па не можеме да произведуваме топлинска енергија и да ги снабдуваме граѓаните.“, вели Куштрим Рамадани. Рамадани побарал помош од ЕСМ и Владата, но не добил позитивен одговор. Вели дека се дискриминирани бидејќи ЕСМ одвојува средства само за двете други топлани. Изминативе денови со владина одлука повторно беа доделени средства за две други топлани, од каде што издвојуваат средства за набавка на топлинска енергија од „ТЕ-ТО“ за другите две топлани, а на 10-ти добивме негативен одговор со понудата што ја направивме до ЕСМ за договорот. Нашата понуда е каква што беше од почетокот, како што кажавме, цената што ја одобрува РКЕ, која е некаде околу 68 денари за метар кубен гас, и реалната цена што е на пазарот што ја купуваме, т.е. разликата да се компензира на начин да бидеме ликвидни и да плаќаме за гасот.“, рече Рамадани. Запрашан за проблемот, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски пред неколку дена му наложи на Рамадани да ги среди формално-правните работи, со РКЕ и други правни прашања и потоа да го потпише договорот за техничко-деловна соработка. За да и помогне на топланата со 1 милион евра, од ЕСМ бараат „Скопје Север“ да обезбеди имот, но Рамадани вели дека нема да потпише таков договор бидејќи е незаконски. https://mk.tv21.tv/chair-i-butel-bez-tsentralno-greene-nesoglasuvanata-megu-toplanata-i-esm-gi-ostavija-graganite-na-ladno/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Топланите „Исток“ и „Запад“ од 15 ноември ќе бидат на 10-дневен тест период на дизел гориво
Топланите „Исток“ и „Запад“ од 15 ноември ќе бидат ставени на десетдневен тест период за да се види како би можеле да работат на дизел гориво. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека планот на техничките кадри во компанијата е да се направи тест период од 15 ноември во промена на енергенсот. – Префрлањето ќе биде не повеќе од 24 часа, но тоа не значи дека граѓаните ќе останат без греење или со намалена испорака на топлинска енергија. Прво тест ќе се направи на едната, апотоа на другата топлана. Она што го планираат техничките лица е дека најмалку 10 дена треба да работи една од топланите на дизел гориво за да можат да се следат параметрите и да се испита комплетниот систем. За таа цел се поставени околу 10 најсовремени пумпи за дизел гориво, а во моментов се врши и чистење на системот кој претходно работеше на мазут. Очекувам техничките лица да дадат проценка за да се осигураме дека системот ќе функционира на дизел гориво – изјави Ковачевски. Вели дека добиле препорака да го подготват системот да биде функционален и со втора резерва варијанта, односно покрај на природен гас, да работи и на дизел гориво. Ковачевски вели дека топланите во минатото работеа на мазут кој е еколошки повеќекратно понеподобен од дизел горивото. – Поволните временски услови во овој период од годината, намалениот конзум на топлинска и на електрична енергија ни дозволува во овие услови да го направиме тој тест период за да можеме да бидеме сигурни во подоцниот период од грејната сезона, но и во следните грејни сезона, да бидеме сигурни како во целост ги задоволуваме потребите за топлинска енергија. Те-То работи и обезбедува 60% од потребната топлинска енергија, останува 40% да се обезбедуваат од топланите „Исток“ и „Запад“ – вели Ковачевски. АД ЕСМ ги има обезбедено потребните количини на природен гас за топланите „Исток“, „Запад“ и за „Енергетика“ за периодот од 1 до 15 ноември и, како што потенцира Ковачевски, со топлинската енергија што треба се преземеме од приватниот капацитет „Те-То“, во целост треба да се задоволат потребите за топлинска енергија на корисниците во Скопје. – Во случај да нема природен гас или цените рипнат, тогаш дизелот кој го имаме во државните резерви, ќе биде полесно достапен и полесно ќе може да се изменаџира евентуална криза што постои со природниот гас – дециден е Ковачевски. https://www.vecer.press/топланите-исток-и-запад-од-15-ноем/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОДИ НА БАРАБАН - кој ќе искешира еден милион евра
Топланата Скопје Север оди на барабан. Нејзините акции ќе бидат понудени на Берзата во среда следната недела, а понудувач ќе биде газдата на оваа топлана, односно Топлификација во стечај. За ова извести самата берза, објаснувајќи дека јавната аукција ќе се организира на барање на една од нејзините членки, Комерцијална банка. На аукцијата ќе бидат понудени речиси сите акции на топланата Скопје Север, а почетната цена која ќе се бара за компанијата е околу еден милион евра. Или, на барабан одат 77.414 обични акции на компанијата, по цена од 780 денари за акција, што е рамно на 60,4 милиони денари, или 982 илјади евра. „Ве известуваме дека на 02.11.2022 година (среда), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 780 денари по акција, преку моделот “се или ништо“, се вели во објавата од Берзата пласирана на нејзина веб страница. Инаку, топланата Скопје север снабдува со топлинска енергија околу 500 домаќинства, но и загрева училишта и други институции во регионот на Чаир и Бутел. Таа беше прва која пушти парно за своите потрошувачи. Пред околу десетина дена на владина седница е донесена одлука за деловно-техничка соработка меѓу топланата Скопје север АД Скопје и АД ЕСМ, но во меѓувреме настана спор дека Скопје север за минатата грејна сезона наплаќал сметки, но не ја вратил позајмицата за минатата грејна сезона што ја зел од ЕСМ. https://faktor.mk/toplanata-skopje-sever-slednata-nedela-odi-na-baraban---koj-kje-iskeshira-eden-milion-evra |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕСМ: Скопје ќе има парно – утре понуди за природен гас, ако не се склучат договори алтернатива е дизелот
АД ЕСМ очекува во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди за набавка на природен гас, меѓу кои треба да биде и понудата од компанијата „Пегео“ чии контакти ги достави опозицијата. Како што соопшти денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се побаруваат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за период од шест месеци при што се номинирани месечни количини. Толку е потребно, напомена, ако работат ТЕ-ТО и топланите „Исто-Запад“ и „Скопје Север“. Ковачевски смета дека ќе има прифатлива понуда, барем за топланите и дека веројатно од вторник наредната недела треба да се склучат договори. Ако тоа евентуално не се случи, алтернатива ќе биде дизелот. Граѓаните на Скопје, порача директорот, воопшто не треба да се грижат зашто парно ќе има. Ако е неопходно, во краен случај, ќе се активираат и државните резерви. АД ЕСМ Продажба, повтори Ковачевски, има обврска да го набави природниот гас и да го испорача кон консументите, топланите и евентуално ТЕ-ТО. -Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди. За утре е најавена и понудата од контактите на опозицијата, компанијата „Пегео“. Контактирано е и со „Макпетрол“, номинирани се количините за периодот од 1 ноември до 30 април 2023. Очекувам дека „Макпетрол“ ќе се појави со понуда и дека ќе има и други компании. Ќе ги разгледаме сите понуди, а основен критериум ќе биде најниската цена, но со гаранција дека количините ќе бидат испорачани и дека ќе бидат задоволени потребите на ЕСМ за испорака на природен гас, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања. Утре, потенцира, нема да се потпише договор, туку ќе се разгледуваат понудите. -Очекувам дека ќе има прифатлива понуда, барем за топланите зашто не се големи количини. Веќе е формирана Комисија, се водат процедурите на отворен повик и јавна набавка. Ќе се разгледаат сите понуди и во текот на наредната недела, веројатно од вторник, во тие неколку денови треба да се склучат договори зашто веќе наближуваа 1 ноември кога треба да се задоволат потребите на топланите и евентуално ТЕ-ТО да почне со работа. Ако нема прифатливи понуди (компанија што ќе понуди испорака на гас), односно доколку има нула количини, тогаш ЕСМ се подготвува за работа на топланите на алтерантивно гориво, тоа е дизелот. Граѓаните на Скопје не треба да се грижат, парно ќе има, само прашање е дали топланите ќе работат на природен гас или евентуално, како втора варијанта, на дизел. Обезбедени сме со опрема и со количини дизел гориво за да има непрекината испорака на топлинска енергија, изјави директорот. Сепак, посакуваното сценарио е работа на природен гас. -Ако нема можност за испорака на природен гас до државата, алтернатива е работата на дизел. Ги набавивме потребните дизел пумпи, системот што претходно работеше на мазут го санираме, го чистиме, пумпите ќе бидат поставени и до 1 ноември ќе бидеме подготвени ако нема испорака на природен гас, да се работи на дизел. За количините на дизел ќе распишеме јавна набавка. Ако и тоа не се случи, постојат државни резерви. За тоа има време, вработените ги прават сите напори, наредната недела ќе бидеме подготвени, пред 1 ноември ќе бидеме подготвени, рече Ковачевски. Тој информира дека во изминатиот период ЕСМ имала контакти со компании кои најавиле доставување понуди за набавка на природен гас за топланите, но се барале и дополнителни количини преку некој од добавувачите за работата на ТЕ-ТО. Како што нагласи Ковачевски, препорачливо е од почетокот на ноември и ТЕ-ТО да биде во функција заради испорака и на електрична и на топлинска енергија. https://www.vecer.press/есм-скопје-ќе-има-парно-утре-понуди-з/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје – Север повторно го вклучи алармот, гас има само за 3 дена
https://kanal5.com.mk/skopje-sever-povtorno-go-vkluchi-alarmot-gas-ima-samo-za-3-dena/a551748 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КОРИСНИЦИТЕ НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ДА ПОТПИШАТ НОВИ ДОГОВОРИ Во спротивно ќе останат со студени радијатори
Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите односи со потпишување договори за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга, рече Маројевиќ. ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години. https://plusinfo.mk/korisnicite-na-parno-gree-e-da-potpishat-novi-dogovori-vo-sprotivno-e-ostanat-so-studeni-radi-atori/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕСМ набави гас за две недели работа на топланите - Радијаторите ќе останат студени до 15-ти октомври
Грејната сезона во Скопје ќе започне на 15-ти октомври, без разлика колку ниски ќе бидат температурите дотогаш. ЕСМ обезбеди гас само за последните две недели од месецов. За таа цел набавени се околу 4 милиони кубни метри гас за топланите Исток и Запад. „За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ-ТО, која како нус-производ од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје. Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси“, велат од компанијата. Првиот човек на регулаторна вели дека е во ред греењето да започе од 15-ти, затоа што гасот треба да се штеди. Сепак во екстремни ситуции при ниски температури, ќе се направи напор топланите да профункционираат. Владата ќе треба да одлучи дали топланите ќе работат на гас во текот на цела сезона или ќе се префрлат на дизел или мазут. Тоа ќе зависи од цените на енергенсите на светските берзи. Доколку цената на гасот е превисока, топланите ќе користат енергенси од државните резерви. Во Собранието веќе влезе предлог за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви. Со него ќе се овозможи за краток период да се искористат дури половина од резервите кои ги поседува државата во складиштата за мазут, дизел и нафта за загревање, додека во сила е енергетската криза. Измените ќе се носат по скратена постапка, но од Собранието за Сител велат дека се уште не се знае кога и на која седница овој предлог ќе се најде пред пратениците. Дизел, бензин, мазут и нафта за загревање ќе им се дели на јавните претпријатија и другите државни институции како заем, а без надомест ќе им се отстапат на ЕСМ и ТЕЦ Неготино. Kому и по колку ќе се дели, ќе решава Владата. Во меѓувреме, опозицискиот лидер открива дека надлежните веќе почнале да ги користат контактите што тој им ги предаде за полесно и поевтино надминување на енергетската криза. „Позициите се предадени и од информациите коишто јас ги имам, официјални средби ќе има во следните ден или два. Кај ќе биде резултатот и како понатаму ќе се одвива процесот јас не можам да гарантирам бидејќи немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Има надлежни инситуции и одговорни лица коишто тој процес треба да го движат во таа насока.“ – Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски додава и дека е предаден предлогот за измени во Законот за енергетика со кој општинските и државните претпријатија, како и објектите од образованието и здравството, ќе преминат од слободниот во регулираниот пазар на електрична енергија. https://sitel.com.mk/esm-nabavi-gas-za-dve-nedeli-rabota-na-toplanite-radijatorite-kje-ostanat-studeni-do-15-ti-oktomvri |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ СЕВЕР УТРОВО ПУШТИ ПАРНО - не се знае до каде се преговорите со Србија за најголемиот број скопски домаќинства
Неколку стотини скопски домаќинства утрово се разбудија со топли радијатори. Станува збор за граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север, и тоа околу 500 семејства. Според сознанијата на Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од „Макпетрол“, компанија која го набавува овој енергенс од „Гаспром“. Како што е познато, и пред официјално да почне грејната сезона, односно 15 октомври, а откако ќе стартува овој месец, парно во скпопските домови се пушта доколку е исполнет климатскиот услов, а тој е средната температура за денот според прогнозите на УХМР да биде под 12 степени целзиусови. Односно, се прави просек од прогнозираните температури за 7 и 14 часот, и две вредности за 21 часот, што се дели со четири и се добива средната вредност на температура предвидена за наредниот ден. Дека топланата Скопје Север и утрово пушти парно, за Фактор потврди директорот на Топлана Скопје Север, Куштрим Рамадани. „Точно е дека набавивме гас за следните неколку дена, и ако прогнозите нагло не се сменат, во вторник наутро треба да има парно, а ќе пуштиме и во среда. Системот технички е во ред, денеска ги правиме потребните проверки“, изјави вчера Рамадани за Фактор. Топланата Скопје Север опслужува околу 500 скопски домаќинства во Чаир и Бутел, а нејзин сопственик е всушност Топлификација АД во стечај, па поради тоа што фирмата мајка е во стечај, за управувањето на овој капацитет е всушност надлежен стечајниот управник. „Сепак, мора да признаеме дека гас набавивме само за неколку дена, и во следните два дена за кога се предвидени пониски температури, ќе има топли радијатори. Но, доколку Владата не излезе во пресрет и државата не ја субвенционира цената, бидејќуи таа, односно РКЕ признава 65 милиони денари, а ние плаќаме 120 милиони денари по кубик гас, ние ќе мора да ставиме клуч на врата. Инаку, ние работиме и на гас, но можеме и на мазут и на дизел“, објаснува директорот Рамадани за Фактор. Тој повеќе информации очекува од денешниот состанок на крзиниот пшаб во Владата за снабдувањето со топлинска енергија. Енергетика, пак, која е во сопственост на ЕСМ и управува со железарското парно, исто така набавиле гас за следниот период. Но, според сознанија од граѓани во населбата Железара, таму утрово парно не било пуштено. Државата, односно компанијата ЕСМ која го презеде управувањето со БЕГ, се уште нема набавено гас за работењето на топланите Исток и Запад, кои покриваат најголем дел од потребите за парно во главниот град на државава, односно околу 60 илјади домаќинства. Од компанијата „Макпетрол“ гас се уште не е набавен, а Владата сеуште нема дадено информација дали се постигна договор со Србија, според кој нашата земја со Србија требаше да врши размена на гас за електрична енергија, односно Те-то да добива гас од Србија а во замена за тоа ние да и испорачуваме струја на таа држава. Информации на Фактор говорат дека денеска ќе има средба на кризниот штаб во Владата за снабдување со топлинска енергија, од кој треба да стане појасно до каде се преговорите со Србија во врска со ова прашање. Од Владата објаснија дека преговорите со Србија се неизвесни, а дека тие се водат со цел да се заштедат државните пари, бидејќи набавката на гас преку „Макпетрол“ би била многу поскапа. Она, пак, што загрижи многу екологисти, е најавата од властите во земјава, дека ако идејата со Србија не успее, за топланите Исток и Запад би се користел мазут, енергенс кој е многу штетен и кој е веќе напуштен во европските земји поради нзагадувањето на животната средина што го спроведува. https://faktor.mk/toplanite-skopje-sever-i-energetika-utrovo-pushtija-parno---ne-se-znae-do-kade-se-pregovorite-so-srbija-za-najgolemiot-broj-skopski-domakjinstva |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите
АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје. „Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ“, соопштија од државните електрани. Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период. https://faktor.mk/ad-esm-i-adora-postignaa-dogovor-za-zakup-na-toplanite |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 5> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |