build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Надземни и подземни пешачки премини
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надземни и подземни пешачки премини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надземни и подземни пешачки премини
    Posted: 26-May-2024 at 18:27
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-May-2024 at 18:36
Како пропадна концептот на самоодржливи премини за пешаци



„Може да поминам заедно со вас? Се плашам да одам долу сама“, ни рече една дваесетгодишна девојка додека се симнувавме по скалите на подземниот пешачки премин кај хотелот „Континентал“.

Овој премин е изграден пред повеќе од 50 години и е замислен да функционира самоодржливо, односно со изнајмувањето или со продажбата на локалите во него да се покриваат трошоците за неговото одржување, а сопствениците да се грижат за хигиената и за светлото внатре.

Неколку децении беше единствениот таков објект во Скопје, додека со истата замисла не се изградија преминот кај трговскиот центар „Скопјанка“ во Аеродром и надземниот премин „Влајко“ во Влае, кои се стари дваесетина години.

Она што е заедничко за сите нив денес е дека, не само што не си ја остварија својата самоодржлива функција, туку одвај имаат некоја функција – најголемиот број дуќани се празни и напуштени, пристапите се полни со ѓубре, а граѓаните избегнуваат да ги користат.

Освен што биле потрошени пари за изградба, низ годините, за овие премини се трошат илјадници евра за одржување и за поправки. Само „Влајко“ досега чинел над 700 илјади евра, според достапните податоци.

Додека во многу градови низ Европа и на Балканот, подземните премини се едни од најживите места и функционираат како мини трговски центри, во Скопје, по повеќедецениски обиди, тој концепт не успеа.

Надвозник што „одмора“ во викенди



Спуштените метални решетки беа првото нешто што го видовме на преминот „Влајко“, кога го посетивме едно саботно попладне. Беа опкружени со лименки, отпадоци од храна и со многу догорчиња од цигари. Се обидовме да влеземе од другата страна, но и оттаму беше затворено. Веќе на петтата скала се ширеше силна миризба на урина.

Ниту ескалаторот не работеше. Дел од неговата стаклена ограда беше искршена, а другиот дел беше исчкртан со графити.

Како што подоцна дознавме од Општина Карпош, преминот има работно време, бил отворен само во работни денови од 7 до 19 часот. Ниту тоа не се почитува секогаш, бидејќи кога вториот пат го посетивме преминот во работен ден, беше затворен веќе во 18 часот. Барем отпадоците беа собрани.

„Влајко“ е изграден во 2006 година над булеварот Партизански одреди, во населбата Влае, во близина на мостот Обединети нации. Покриениот и затворен премин има 16 дуќани, по осум од двете страни, и простор за минување меѓу нив.

На дваесетина метри од него има пешачки премин со семафори на самата улица, кој функционира постојано. Пешаците тука имаат избор дали да се качуваат по скалите на „Влајко“ или да го почекаат зеленото светло долу, на булеварот.

Своевремено неговата изградба на тоа место се објаснуваше со потребата да се олесни и да се направи побезбеден пристапот до основното училиште „Димо Хаџи Димов“ за учениците што живеат на спротивната страна од булеварот. Денес учениците ретко го користат.

Во 2006 година, општината потроши околу 600 илјади евра за неговата изградба. Во исто време, во Општина Чаир се изгради надземен премин без дуќани и дополнителни елементи, па Општина Карпош беше критикувана дека со парите за „Влајко“ можела да изгради 30 такви премини.



Тоа што требаше да ја оправда инвестицијата беше идејата за самоодржливост. Од продажбата на дуќаните требаше да се врати дел од инвестицијата и да се обезбедат пари за одржување. Во медиумските архиви има информации дека за време на изградбата во 2005 година се продале два дуќана, а уште еден во 2006 година. Сепак, катастарските податоци денес покажуваат дека сите локали се во сопственост на општината.

Работи само еден – канцеларија за помош и нега во домот. До неодамна имаше и пратеничка канцеларија за средби со граѓани, но се затвори. Има и канцеларија на шумарскиот инспекторат. Приватни бизниси што би остварувале приход и би го покривале одржувањето – нема.

Не само што инвестицијата не се врати, туку „Влајко“ продолжи да троши општински пари. Во 2010 година биле потрошени дополнителни 54 илјади евра за систем за комфорна климатизација, а следната година уште 43 илјади евра за градежно-занаетски работи, покажуваат податоците од јавните набавки. Инвестицијата за ескалаторот, пак, изнесуваше 83 илјади евра.

Единствената канцеларија што работи е таа за помош и нега во домот. Наменета е за лица со тешкотии, но до неа се стигнува само по скали. За ова општината доби препорака од Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, да ги поправи електричните скали. Тоа не се случи во зададениот рок, па од Комисијата поднесоа прекршочна пријава.

Побаравме средба со претставник на општината за тоа какви се плановите со „Влајко“, но тоа беше одбиено. Испративме седум прашања по имејл, на кои добивме краток одговор.

„Надвозникот се одржува како и останатиот дел од јавните површини во општината. Но, секоја вечер на ова место се собираат тинејџери што го користат за дружење, при што оставаат отпадок кој го чистат нашите служби“, рекоа од општината.

Подземен премин како ничија земја



Миризбата на фекалии, нечистотија и ѓубре се чувствува уште на влезот на подземниот премин „Скопјанка“, кој се наоѓа до истоимениот трговски центар во Аеродром, во близина на железничката станица. Светлото беше многу слабо, но доволно за да се видат расфрланите остатоци од храна и пијалаци, распаднатите ѕидови и празните дуќани.

Во тунелот има петнаесетина трговски објекти, повеќето во приватна сопственост, според катастарските податоци. Иако разни бизнис-регистри на интернет покажуваат дека во тунелот „Скопјанка“ се активни десетина фирми, со адреси и телефони, таму може да се видат само два отворени дуќани.

Вработените во едниот рекоа дека тунелот не се користи поради тоа што не им изгледа безбедно на граѓаните. Во минатото, кога работеле сите дуќани, не било така.

„Луѓето се жалат – слабо е осветлено, нема фреквенција и избегнуваат да го користат преминот. Немало иницијативи да се среди во овие две децении. Јас ги менував неонките, никој друг не го интересира. Само еднаш дојдоа да ги сменат, пред десетина години, и потоа оставија сѐ на нас. Ако ние не зачистиме, нема никој“, ни рече сопственикот на една менувачница лоцирана во преминот.

Колку долго трае оваа состојба со преминот, покажуваат и дел од коментарите на интернет-форумите, каде што се зборува за оваа тема.

„Наместо да градат нови, нека ги осветлат и исчистат старите подземни премини. Како пример ќе ги посочам подземниот премин кај „Скопјанка“ и кај „Континентал“. Да ти е страв да погледнеш, а не да поминеш, и плус трујат на измет. Срамота“, напишал еден скопјанец уште во 2011 година.

Малкуте дуќанџии велат дека повеќепати барале помош од надлежните институции да се вклучат во одржувањето на преминот за да ја подобрат неговата состојба, но без успех.

„Имаме хигиеничарка што сами ја плаќаме. Сме барале, сме пишувале дописи, било за чистење, било за осветлување – ништо. Битно од Општина Аеродром ни дојдоа да ни кажат дека треба да се тргнат рекламите од улицата“, рече еден од трговците.

Еден инцидент на почетокот на март годинава, кога во преминот беше забележано истекување фекалии, го вклучи алармот на жителите и ги потсети институциите дека подземниот тунел постои. Во решавањето на проблемот се вклучи и Општина Аеродром со нејзината комунална инспекција.

„На иницијатива на Општината, уште следниот ден проблемот беше саниран од страна на јавното претпријатие „Водовод и канализација““, изјавија од Општината.

Но, кога нема вонредна состојба и кога треба да се реши редовното одржување на преминот, тогаш никој не е надлежен. Град Скопје целосно се иззема од одговорност, општината го посочува како одговорно Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, а тие велат дека немаат надлежности. Истиот одговор стигна и од Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор.

Додека трае оваа ситуација, претрчувањето преку булеварот е опција што ја избираат сѐ повеќе пешаци што не сакаат ниту да поминат низ подземниот тунел, ниту да одат 150-200 метри до следниот пешачки премин. За среќа, и покрај густиот сообраќај, ретко има посериозни инциденти. Во архивата на Министерството за внатрешни работи е забележан случај од 2018 година, кога бил прегазен пешак на тоа место.

Заборавен премин по половина век



И минувачите и дуќанџиите паметат дека преминот имал подобри времиња. Но, во последно време, од десетина дуќани работат само три – бурекчилница и две копирници. И тие се со скратено работно време, најмногу до 15 часот, а потоа тунелот потонува во мрак. За хигиената и за светлото се грижат самите дуќанџии.

„Кога бараме некој да се погрижи за хигиената од Општина Гази Баба нѐ упатуваат кон Град Скопје, од таму кон Гази Баба. Никој не прави ништо, ние што сме тука, ако зачистиме, тоа ќе биде“, ни рече една од вработените во бурекчилницата.

Одговори за тоа дали и кога ќе има подобрување на ваквата состојба, побаравме во Општина Гази Баба, кои нѐ пренасочија кон Град Скопје, велејќи дека преминот е под нивни ингеренции.

Од Општината, како што рекоа, неколкупати им праќале дописи со фотографии, со цел да реагираат од Град Скопје и да преземат мерки за подобрување на состојбата, но оттаму до сега немало никаква реакција.

Од Град Скопје не одговорија ниту на новинарските прашања во врска со преминот.

https://prizma.mk/kako-propadna-kontseptot-na-samoodrzhlivi-premini-za-peshatsi/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Sep-2022 at 15:02
Originally posted by phenomenon

Зошто подземниот пешачки премин кај Континентал е полн со ѓубре?


Зашто никој не го чисти, кратко и јасно.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Sep-2022 at 14:50
Зошто подземниот пешачки премин кај Континентал е полн со ѓубре?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Jul-2022 at 16:59
Наместо со пешаци, надвозник полн со фекалии и со урина



Факт е дека сите треба да ја почитуваме сообраќајната сигнализација и строго да се придржуваме кон неа. Тоа, едноставно кажано, значи дека пешаците треба да се движат на места предвидени за нив, да ги преминуваат улиците онаму каде што им е дозволено тоа со пешачки премин, а истото тоа важи и за другите учесници во сообраќајот. За оваа категорија граѓани има и пешачки подвозници и надвозници, а еден од тие изградени со идеја пешаците безбедно да преминуваат улица, целосно ја загуби својата намена и доби погрешна намена.

„ЌЕ ПРЕТРЧУВАМ НА УЛИЦА, НО ТАМУ НЕ ОДАМ“

Човечки измет, дамки од урина, ужасна и брутална смрдеа што буквално ги распарува белите дробови е само мал дел од мојот обид на читателите да им го доловам чувството доколку се одлучат да преминат улица на пешачкиот мост лоциран на еден од најголемите и најпознати пазари во метрополата – Бит-пазар.
Доколку некој од пешаците одлучи да премине улица на безбеден начин, користејќи го надвозникот, можеби ќе се спаси да не биде прегазен од возило, но со сигурност нема да се спаси од бактериски инфекции, згрозување, па дури и нагони на повраќање доколку само се качи на пешачкиот мост.
Големата бројка граѓани што секојдневно се тука, а кои имаат потреба да го користат мостот, одамна ја прескокнуваат таа опција, бидејќи, како што велат, одвратно им е да гледаат, а камоли да се осудат да пешачат на него.
– Ова го нема ниту во штала, би рекла, навредливо е и за животните ова да се каже. И тие знаат каде треба да вршат нужда, се тргаат настрана, за да не седат во сопствениот измет. Ама затоа ние, луѓето, надоместуваме и за нив. Еден од најголемите пазари, тука е Старата скопска чаршија, најпознатите ресторанчиња, бурекчилници, продавнички, тезги…, тука доаѓаат цела Македонија и туристите. Дали е ова максимумот што можеме да го дадеме од себе? Немам зборови, згрозена сум, шокирана сум… – револтирано ни изјави Весна Димовска, редовна посетителка на пазарот.
Токму изметот и урината од кои нема место каде да се згазне се главната причина поради која веднаш под мостот, на оваа локација има наплив на пешаци, иако тој пешачки премин е див и нема никакво обележување наменето за возачите и за пешаците.
– Подобро автомобил да ме згази, отколку да газам во туѓ измет. Ќе претрчувам тука, ама на мостот никогаш нема да поминам. Се осудив еднаш со две малолетни деца и никогаш повеќе. На деца од четири и три години им велев да не дишат, за да не фатат некоја бактерија, да цупкаме како да играме оро за да ги избегнеме фекалиите…, грозно и одвратно. Нам само ригорозни казни ни требаат – вели Синиша Стоиловиќ, кој неодамна со своите деца ја видел реалната слика на мостот.

НАДВОЗНИКОТ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ЗАТВОРИ?!

Многумина револтирано бараат мостот целосно да се затвори, да не може никој да се качува, бидејќи реата што се шири оттука, на овие пеколни горештини, веќе се чувствува и кај тезгите во неговата близина.
– На овие високи температури, замислете како е да работите речиси осум часа со постојан мирис на фекалии. Ние знаеме и свесни сме дека кога некој ќе се качи на мостот оди за да се олесни, но немаме што да правиме. Ние ништо не можеме да преземеме. Можеме само да се надеваме дека некогаш, како сите светски метрополи, и ние ќе можеме да имаме мост што на никој начин нема да се користи како јавен тоалет, бидејќи знаеме дека овој мост не е единствениот што се користи како јавен тоалет. И другите мостови, односно просторот под нив, на големо се користат за извршување физиолошки потреби – вели човек што има тезга во непосредната близина на надвозникот.

ШТО ВЕЛАТ ОД ГРАДОТ

Една од главните причини поради кои надвозникот е полн со фекалии, наместо со пешаци, е фактот што веднаш под него има див необележен пешачки премин, кој се користи од страна на пешаците.
Градските власти информираат дека во согласност со сообраќајниот режим, на тоа место од булеварот кај Бит-пазар не е предвидено да постои пешачки премин од причина што другите пешачки премини се во негова непосредна близина.
– Град Скопје постапува во согласност со потребите и интересите на граѓаните, но за да може да се затвори тој пешачки премин, треба да се воспостави алтернативно преминување, кое ќе биде функционално за граѓаните, односно користење на натпатникот или пешачкиот мост – информираат од градот.
Оттаму додаваат дека натпатникот кај Бит-пазар е донација од Општина Чаир, за која своевремено, кога таа е поставена, не е донесена одлука од Советот на Град Скопје за примање во надлежност на Град Скопје, па, според тоа, самото одржување на објектот не е во нивна надлежност.
– Апелираме до граѓаните да не вршат дејства за кои по Законот за јавна чистота и други законски прописи се предвидени прекршочни глоби, како и доколку забележат такви дејствувања од поединци во насока на уништување на јавните површини да реагираат соодветно во службите на Град Скопје – апелираат оттаму.

ВИСОКОЗАРАЗНИ БАКТЕРИИ КАКО РЕАЛНА ОПАСНОСТ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ОНИЕ ШТО ГО ПРЕМИНУВААТ ПЕШАЧКИОТ НАДВОЗНИК

Голем број научни студии и анализи строго советуваат чевлите што се носат надвор, да бидат оставени надвор од домот, односно во ниту еден случај да не се внесуваат внатре.
Кога станува збор за пешачкиот надвозник на Бит-пазар, газењето по човечките фекалии, особено за малите деца, може да биде животозагрозувачко, бидејќи тие не внимаваат и воопшто не ни знаат зошто треба да внимаваат на хигиената, што нужно значи дека никако не треба да ги допираат своите чевли.
Доколку сепак некој одлучи да направи таква егзибиција и да помине преку пешачкиот мост, а потоа влезе во автомобил, по кој децата се качуваат со истите чевли, буквално она што се случува е директно загрозување на животот со застрашувачки бактерии.
Студиите покажуваат дека чевлите што се носат надвор или, во случајов, чевлите со кои некој пешачел на мостот, се повалкани од тоалетната школка.
За намената на едно американско истражување, десет лица носеле нови чевли, секој ден во период од две недели. По две недели, на чевлите кај сите нив биле пронајдени бактерии. Според анализата, кај чевлите биле пронајдени 421 илјада бактерии, а во дури 96 проценти од чевлите биле пронајдени фекалии.
Она што загрижува е фактот што тие бактерии се шират, па доколку ги внесете дома, шансите да ги пренесете на собните папучи или, пак, на чорапите се од 90 до 99 проценти.
Меѓу многубројните бактерии била пронајдена и ешерихија коли, која е причинител на инфекции во уринарниот тракт и дијареја, а исто така била пронајдена и бактерија што предизвикува пневмонија и инфекции на респираторниот тракт.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/namesto-so-peshaci-nadvoznik-poln-so-fekalii-i-so-urina/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-May-2021 at 11:54
Ова е неверојатно колку луѓево (конкретната етничка заедница) нема капацитет за организирање општество и водење институции. Решението е едноставно:

- Затворање на дивиот премин со ограда како по цела линија.
- Рассчистување на преминот, и да се тргнат сите реклами, огради, стреи, капаци. Да не биде тунел, туку минималистичка лента над булеварот
- Бетонски огради по должината на двата тротара по цела должина. Од клучка Бит-Пазар до Мавровка, да не постои веќе оној дифтарски McDrive кој што му прдне на памет да застанува. Мислам на истите огради што ги има по средина на улицата во чаир, е такви само по тротоарот. Како што порано имаше пред старата американска амбасада.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-May-2021 at 17:17
Надвозникот на Бит Пазар претворен во полски тоалет



Надвозникот на Бит Пазар треба да биде урнат и целосно отстранет. Ова е барање на Занаетчиската комора. Претседателот на Комората, Екрем Долек вели дека мостот, освен што не е функционален, го попречува и слободното движење на граѓаните. Велат дека наместо надвозникот што е претворен во депонија и „тоалет“, треба да се легализира преминот за пешаци во близина на мостот.

„Конечниот став на пазарџиите и граѓаните кои гравитираат кон скопската чаршија, и граѓаните што минуваат тука е дека овој премин не треба да се затвори, туку треба да биде легализиран и со сигнализација. Постојат 100 начини, има семафори има пешаќки премини. Мостот не е функционален, мостот мора да се затвори час понапред. Сега, да ја земеш камерата да снимите, тој се претворил во јавен тоалет што претставува потенцијален ризик за ширење на заразни болести. Ова е катастрофа“, рече Екрем Долек, Стопанска комора.

Градоначалникот на Чаир вели дека се работи за привремено затворање на надвозникот.

„Јас сум на мислење дека треба привремено да го затвориме мостот и преминот, или да ги легализираме зебрите на тој премин каде што поминуваат граѓаните за да постават зебри, или семафор заедно со зебри. Таму мора да излезат експерти за патен сообраќај, да одлучат кое е најдоброто решение ако мостот не функционира, но се гледа дека мостот не функционира“, вели Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Градоначалникот на Скопје вели дека се водат разговори со општина Чаир за изнаоѓање решение, бидејќи договорот со концесионерот на мостот е пред истекување.

Од Град Скопје и општина Чаир веќе долго време ветуваат решенија за надвозникот на Бит Пазар и за легализација на пешачкиот премин, но сепак нема конкретно решение.

https://alsat.mk/mk/nadvoznikot-na-bit-pazar-pretvoren-vo-polski-toalet/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Feb-2021 at 17:47
Originally posted by user8642

Дали сте приметиле некогаш колку е глупав распоредот на пешачките премини на булевар Филип Втори, или по старо Васил Аџиларски.

Сме приметиле

Убедливо најдоминантен и најјасно дефиниран пешачки коридор е токму тој што поминува покрај Јукан и пролазот во градски ѕид, па дури и натака природно се надоврзува на пешачкиот премин што постои на Кочо Рацин кај риболовната федерација. И баш на тој коридор фали пешачки премин, а околу него има три други што заедно не се толку корисни колку што би бил тој еден.

Единствено што треба е да се помести за 3-4 метри хоризонталната сигнализација на таа автобуската постојка што е токму на коридорот (автобуси бр 50 и 59?).

Од аспект на јавен превоз можеби е попаметно постојката и сосема да се премести карши соодветната постојка во спротивен правец, односно да биде на локацијата кадешто порано имаше бензинска станица Макпетрол. Но така ќе биде проблематично од аспект на решението што го предлагаш за модификација и семафоризација на крстосницата (ќе биде преблиску до неа). А таа крстосница, ако не сега, тогаш долгорочно ќе мора да се модифицира за сообраќај во сите правци, затоа што Мирче Ацев нема да биде обична уличка, туку булевар 2х2 што треба да се спои и со 3-та Македонска бригада.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Feb-2021 at 02:48
Дали сте приметиле некогаш колку е глупав распоредот на пешачките премини на булевар Филип Втори, или по старо Васил Аџиларски. Се работи за улицата што иде од старата градска болница до хотелот Холидеј Ин. Во само 200м има дури 5 пешачки премини кои се сосема несоодветно распоредени.

Затоа мислам дека овој број може да биде редуциран до 3 пешачки премини, со тоа што раскрницата кај влезот на ГТЦ пред Соравиа би била модифицирана и семафоризирана до потполна достапност во сите правци наместо сегашното ограничено решение кое многу често е прекршувано од возачите кои свртуваат полукружно преку дупла линија во недозволени правци, а реално имаат потреба и не би било пожелно да кружат пола град. Некои се малку посовесни па свртуваат полукружно на влезот за паркингот на ГТЦ иако и тоа е практично излегување во обратен смер на почеток на едносмерна улица (спуштањето во ГТЦ).

Дополнително има една глупост направена кај Жена Парк. Иако има 3 пешачки премини на 100-тина метри, сепак главниот пешачки коридор кај автобуската, најшироката пешачка патека континуирана од двете страни на булеварот, која иде од Јукан (Градски Ѕид) према Жена Парк е опструирана со тоа што баш тамо кај што најмногу треба, е тамо нема пешачки премин.

Во прилог скици како мислам дека треба да изгледа во иднина овој дел.

На оваа слика се гледа со сино каде се постоечките пешачки премини и со црвено каде фали пешачки премин.


На вторава слика се гледа опструираниот пешачки коридор без пешачки премин од двете страни на булеварот. Тука е најшироката пешачка патека и природен коридор на движење.


На третата слика се скицирани укинување на постоечките 5 пешачки премини со црвено и воведување на 3 нови со сино на сосема различни локации од претходните.


Модифицирана и семафоризирана раскрсница до ниво на потполна достапност на влезот на ГТЦ кај Соравиа.


Од 5 точки на сегашното спорадично застанување на возилата (кога ќе се појави пешак на пешачкиот), би се редуцирале до само 2 точки на застанување. Едниот природен коридор кај градска болница би бил единствениот на кој возилата би застанувале спорадично кога ќе се појави пешак. Другата точка се следните два пешачки премина кои би биле семафоризирани и дел од иста раскрница, и возилата и пешаците би имале свој такт и не би имало спорадични застанувања. Мислам дека ова драстично би ја подобрило безбедноста и на возилата и на пешаците како и тоа дека протокот на возила би се зголемил и би бил многу поефикасен отколку да изгледа улицава сега како некаква легализирана ЈајаПаша каде на секои десетина метри проаѓа пешак преку булеварот.

Edited by user8642 - 12-Feb-2021 at 03:04
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Jan-2021 at 16:55
Дивиот премин кај Бит Пазар може да му стави катанец на пешачкиот мост

За нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар и понатаму нема решение. По препирките меѓу меѓу Град Скопје и Општина Чаир за надлежноста кој треба да го реши овој проблем каде во минатото имаше и загинати, градоначалниците Петре Шилегов и Висар Ганиу, велат прават заеднички напори да најдат решение до пролет. Во меѓувреме, службите ќе утврдуваат дали ќе се користи само надвозникот или тој ќе биде затворен за да се легализира актуелниот див пешачки премин.

Во врска со киоскот кој се наоѓа во близина на преминот, кој исто така користи дел од мостот за складирање производи, Шилегов вели дека анализираат како бил поставен и дали добил дозвола од Град Скопје. И градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека случајот ќе биде разгледан бидејќи објектот имал дозвола за привремена употреба што ја издал поранешниот градоначалник.
Општина Чаир не издала никаков документ, но ниту претходниот градоначалник, тој има документ кој е потпишан многу порано, од поранешниот градоначалник, но како објект од привремен карактер, затоа ќе седнеме и ќе го видиме правниот статус на објектот, се разбира, ќе биде ревидиран и така натаму, а потоа ќе бидат донесени одлуки од страна на Град Скопје. Потоа ние како општина Чаир имаме право да ги спроведуваме и реализираме до крај.”

Нелегалниот премин со години претставува опасност за минувачите од двете страни на булеварот. Проблемот требаше да се реши со изградбата на пешачкиот мост, но тој не заживеа. Властите дури сакаа да постават ограда во тој дел на булеварот за граѓаните да почнат да го користат преминот, но се соочија со протести на трговците и дел од граѓаните.

https://alsat.mk/mk/diviot-premin-kaj-bit-pazar-mozhe-da-mu-stavi-katanets-na-peshachkiot-most/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15089
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Jan-2021 at 09:42


Мостот за пешаци кај Бит Пазар е моментално само еден огромен јавен нужник за тие препродавачите што се моткаат наоколу.

Edited by Џоле - 15-Jan-2021 at 09:42
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Jan-2021 at 08:15
Надвозникот кај Битпазар остана нерешен



Откако минатата година овде на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“ беа прегазени две девојчиња, на барање и инсистирање на граѓаните беа поставени семафори за поголема безбедност. Но, на само два километри подолу, опасноста за пешаците е уште поголема поради фактот што преминот во Битпазар со години не може да се затвори поради спор меѓу Град Скопје и Општина Чаир околу тоа кој треба да го одбележи печашкиот премин или пак кој треба да го поправи мостот за да биде функционален за пешаците.

Градот Скопје и општина Чаир продолжуваат да играат „пинг понг“ за надлежностите за решавање проблеми. Писмено, Град Скопје вели дека проблемот лежи во изградениот мост, кој е проект на општина Чаир и е изграден со приватно-јавно партнерство, а градот не може да инвестира таму.

Град Скопје

Побаравме да се поправи инсталацијата на мостот за да можат граѓаните да го користат или општина Чаир да ни даде согласност за да можеме таму да направиме премин. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме одговор од општина Чаир. Мостот за пешаци кај Битпазар е проект на општина Чаир и е изграден со приватно-јавно партнерство. Концесијата за мостот трае 15 години и е поврзана со рекламните билборди кои се дел од објектот. Преминувањето е нелегално и секој што поминува таму прави сообраќаен прекршок.

Општина Чаир се повикува на законот за Град Скопје

општина Чаир

Не држи образложението за постоењето на мостот истовремено таму, бидејќи можеме да направиме паралелизам и со мостот што се наоѓа во населба Влае, каде што иако има мост, надвозник, повторно имаме пешачки премин и семафори. Од таа причина, нагласувам дека сите законски надлежности во овој случај се достапни за Градот Скопје, засновани на законот за Град Скопје.

За да се реши проблемот со илегалниот премин во Битпазар, во текот на минатата година, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, постојано разменуваа обвинувања за одговорностите за затворање или легализирање на преминот. Но, се додека двете институции не најдат решенија, во овој дел од градот слободното движење на возилата продолжува да биде ограничено, додека од овој премин продолжуваат да страдаат граѓаните, кои секојдневно ги ризикуваат своите животи.

https://alsat.mk/mk/nadvoznikot-kaj-bitpazar-ostana-nereshen/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Nov-2020 at 12:04
Пешачките мостови не се уметничка инсталација за разубавување на сообраќајот



Два целосно неискористени пешачки мостови залудно стојат во Чаир и на Бит-пазар. Граѓаните ниту ги користат ниту пак ги забележуваат дека тие се тука. Наместо тоа, претрчуваат по улиците создавајќи хаос во сообраќајот, кој на овој потег е доста фреквентен. Во Чаир на улицата Цветан Димов и покрај тоа што надлежните поставија дури и бетонски ѕид помеѓу двете сообраќајни ленти за да го спречат хаосот од пешаци и возила, насочувајќи ги пешаците да преминуваат улица преку надвозникот, сепак, се чини дека на пешаците полесно им е да прескокнуваат речиси еднометарски бетонски ѕид, ризикувајќи си го сопствениот живот. Целосно неискористен, освен за реклами, овој надвозник скапува под милоста на временските услови.
Ништо поразлична не е ниту состојбата со надвозникот на Бит-пазар. Овој бидејќи е од позатворен тип, служи и за фрлање отпадоци, но и за вршење нужда во случаи кога граѓаните немаат каде да го сторат тоа. Па, така, доколку се обидете да преминете улица преку него, навистина ќе се згрозите од тамошната слика. Уште на скалилата ќе ве пречекаат отпадоци, но и граѓани што решиле тука да одморат, па се испружиле да починат.

Дополнително на Бит-пазар проблем прави и див пешачки премин, кој на граѓаните одлично им врши работа кога сакаат да претрчаат преку улицата, а возилата сметајќи дека станува збор за легален пешачки премин, застануваат и ги пропуштаат.
За некои од граѓаните ваквата состојба е недопустлива, особено затоа што двата надвозника се од клучна важност, како за возачите така и за пешаците.
– Јас сум жител на Чаир и единствено што можам да кажам е дека залудно е сѐ што се прави од надлежните. За овој народ само ригорозни санкции можат да помогнат. Пешачкиот мост во „Чаирчанка“ се користи само во период кога се поставуваат реклами. Никогаш, ама никогаш не сум видел пешаци да преминуваат улица преку него. Инцидентно се случува да застанат родители со деца за да им покажат колку е високо, значи исклучиво од забава го прават тоа, не од потреба. Единствено нешто што можам да кажам е дека понекогаш дечиња кога одат на училиште преминуваат преку него. Други не – вели Илија Стојановски.
Како што вели тој, наместо да се користи пешачкиот мост, пешаците најчесто претрчуваат преку улицата, прескокнувајќи го еднометарскиот ѕид.
– Во неколку наврати се случило пешак што прескокнува преку столбот да се препне и да падне на улицата. За среќа, што на оваа улица во голем дел од денот не е возможно да се вози брзо поради метежите, па не настрадал ниту еден пешак, но сепак, прашање на време е кога и тоа ќе се случи. За мене како возач навистина е непријатно додека возам да гледам како некој скока од ѕидот и ризикува да падне под тркалата на моето возило – вели тој.

Зоран Димовски, пак, вели дека на Бит-пазар постојано има наплив на пешаци.
– Значи не зборуваме за два-тројца пешаци. Зборуваме за 15-20 лица што на секои пет минути во огромна група стојат и постепено ја освојуваат улицата. Пуштаат нога по нога, за конечно некој да застане и да ги пропушти. А тука веднаш над дивиот пешачки премин има пешачки мост наменет токму за нив, за безбедно да можат да ја преминат улицата. Значи не е до надлежните, до народот е. Никогаш не сме имале сообраќајна култура, постојано сами си ги создаваме хаосите низ улиците – вели тој.
Според надлежните, надвозникот во Чаир е поставен од страна на приватен инвеститор и тие немаат никаква законска можност за интервенција.
– Станува збор за надземен пешачки премин (надвозник), кој е поставен од страна на приватен инвеститор, кој е изграден со јавно-приватно партнерство со Општина Чаир, а концесијата трае 15 години. Истата таа е врзана со рекламните билборди што се дел од објектот. Оттука, Градот нема ниту законска можност, ниту обврска да интервенира бидејќи не станува збор за наша инвестиција – информираат градските власти.
Во однос, пак, на состојбата на Бит-пазар и неискористеноста на надвозникот, но и дивиот пешачки премин, од Градот информираат дека постојат законски прописи што мора да се почитуваат во ситуации кога има надземни пешачки премини и пешачки премини.

– Постојат законски прописи за далечина на која смеете да обележите пешачки премин, а поради поставените надземни пешачки премини, тука нема пешачка патека и граѓаните прават прекршок. Град Скопје неколкупати побара од Општина Чаир или да инвестира во инсталации и инфраструктура во надземниот пешачки премин, за истиот тој да биде користен од страна на граѓаните или да го затвори за ние да можеме да направиме (обележиме) пешачки премин – информираат од градот.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/пешачките-мостови-не-се-уметничка-инс/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19862
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Sep-2020 at 12:09
Булеварите се претрчуваaт - џабе се подземни и надземен премини

Пензионери, пазарџии, студенти и сите останати кои се движат кај скопски Бит-пазар секојдневно го преминуваат булеварот кој како ќе се снајде, но ретко по пропис. И покрај тоа што ова е една од ретките сообраќајници која има надземен пешачки премин, се чини дека ретко кој го користи.

Возачите оваа сообраќајница ја лоцираат како една од најпроблематичните во градот, на која треба најмногу да се внимава на пешаци. Групи студенти кои се движат кон комплексот факултети, натоварени граѓани кои само што купиле продукти од пазарот или дистрибутери кои носат стока на пазарот, сите скоро секој ден набрзина сакаат да ја преминат улицата без да чекаат зелено светло за пешаци и не се двоумат дали да претрчаат на само некој метар од возилата кои се движат.

Како што раскажуваат возачите кои секојдневно се движат по оваа сообраќајница, таа е најпресекувана од пешаци во целиот град, а освен тоа што се претрчува редовно преку сообраќајните ленти и се прескокнува зеленилото, се случува и пешаците сами да се пуштат во група да ја преминат улицата како да е зелено за нив, а не е така.

- Тука покрај Бит-пазар секогаш возам полека и највнимателно што можам, затоа што на оваа улица како да не важат сообраќајните правила. Пешаците воопшто не се двоумат дали да ми се испречат пред возилото и да преминат улица, а неретко се пренесуваат и товари или пакети стока за пазарот, вели Сашо.Г, жител на населбата Бутел.

Додека на булеварот се случува хаос од пешаци, возила и автобуси, само неколку метри повисоко надземниот пешачки премин кај Бит-пазар зјае празен.

Слична е и сликата со подземниот премин на булеварот "Александар Македонски" во населбата Автокоманда, во близина на средното училиште АСУЦ "Боро Петрушевски". Жителите на оваа населба и средношколците се уште претрчуваат преку булеварот, одбегнувајќи да го користат подземниот премин.

-Имаме подземен премин, но претрчуваме преку булевар и животите секојдневно си ги ставаме во опасност. Исто така и средношколците го претрчуваат булеварот за да стигнат на училиште или, пак, за да си одат. Тука автомобилите возат многу побрзо бидејќи се на излез од Скопје, воопшто не е безбедно, а пред неколку години мој пријател загина тука обидувајќи се да го помине булеварот, вели Ана.Б.

Со претрчувањето на булевар на места каде што нема обележан пешачки премин, граѓаните кои прават прекршок ризикуваат да бидат казнети доколку на лице место се најде службено лице.Инаку, за преминување улица на црвено светло казната изнесува 35 евра, а за преминување надвор од пешачки премин 25 евра.

https://skopjeinfo.mk/dzhabe-se-podzemni-i-nadzemen-premini-bulevarite-se-pretrchuva-po-100-pati-dnevno
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2015 at 10:19
Од визуелен аспект, одвратно изгледа. За практичност нека кажат тие што ќе го користат.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 637
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Dec-2015 at 11:35
Можда и ке научат дека глазирана плочка за у ходник у амбуланта не се става на надворешни услови ( дожд мраз) а не па на надземен премин. Јака им душа со лизгање на луѓето што ке преминуваат.
Back to Top
skoz13 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote skoz13 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Dec-2015 at 08:53
http://tocka.com.mk/8/179560/ovoj-most-vo-venecija-deluva-preubavo-no-posle-ova-nema-da-go-preminete-duri-nitu-da-vi-platat
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Dec-2015 at 04:26
сакам да кажам, да има помалку кружење и одбивност кон качување по класични „пожарни“ скалила...

и онака, огромен простор е потрошен на рампите, зошто на пирмер да не се донело некое вакво решение? дури и на овој пример треба да му се додадат уште две рампи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Dec-2015 at 01:45


Лифтови и ескалатори треба редовно да се одржуваат, плус на ваква локација би биле многу ранливи на вандализам и кражби, па би се наметнала потреба од чуварска служба. Претпоставувам бројот на корисници на натпатников нема да е којзнае колкав, па да би оправдал таков концепт. Веројатно вака е подобро.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Dec-2015 at 01:33
Сите овие рампи и скалила ми се чини дека повеќе коштаат отколку 2 ескалатори или лифтови со кои што и изгледот би бил поубав.
Но добро, за арно нек е.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.211 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.