build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Саат Кула - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Саат Кула - Скопје
    Posted: 12-Jan-2021 at 10:59
Може да се посети, малку е затурена меѓу згради и џамијата, но е достапна. Не знам за каква панорама прашуваш, одозгора има поглед кон Бит-Пазар, кон Центар и Гази Баба, но ќе ти пречат новоизградените згради кои со својата височина го попречуваат погледот и ја засенуваат самата кула.
За сè има вторпат
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 163
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jan-2021 at 19:41
дали е можно да се посети кулата? има ли панорама?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Aug-2020 at 11:09
Кои се тајните на СКОПСКАТА СААТ КУЛА





Значаен дел од историјата на Скопје се поврзува со Саат-кулата, особено од втората половина од 16 век кога таа била изградена. Звучи речиси неверојатно тврдењето на еден патописец кога ќе запише дека таа е „првата Саат-кула на територијата на османлиската држава“.

И не само тоа, туку дека тоа бил единствениот таков часовник во целото царство. Французинот Мишел Дипрен, во 1573 година вели: „Овде има еден јавен часовник, кој се слуша во целиот град и кој ги отчукува часовите на француски начин. Го донеле од Сигет во Унгарија, а заедно со него го донеле и неговиот мајстор, кој прима добра плата. И покрај тоа што Турците во голема мера ги сакаат часовниците и многу ги ценат, во цела Турција ова е единствен јавен часовник“.

Тајните поврзани со објектите што се граделе под и околу Саат-кулата и џамијата „Султан-Мурат“ биле откривани многу подоцна. Така, на пример, откриено е дека во турбето на Бикиј Хан, била погребана една од сестрите на султанот Сулејман Величествениот, бидејќи таа во еден период живеела во Скопје. Се смета, исто така, дека тука, на Виргинов Рид, се наоѓал манастирот „Св. Ѓорѓи Скоропостижник“, и дека на еден од неговите ѕвонци е подигната Саат-кулата.

На почетокот на 17 век, кога е правен планот за обновата на џамијата „Султан-Мурат“, подготвен е и нацрт за Саат-кулата, за која се вели дека била обновена и го имала обликот од пред пожарот од 1689 година. Денешниот изглед таа го добила во 1902/3 година. Дрвениот, горен дел бил урнат, а кулата била изѕидана од печена тула донесена од Солун. Од Швајцарија бил купен и монтиран нов, скапоцен часовник.

Оттогаш, почнуваат перипетиите и тајните со неговото исчезнување, кои личат на возбудлив криминалистички филм, бидејќи многу светски колекционери биле заинтересирани за него. Во сета таа мистерија околу подоцнежното исчезнување на часовникот, ќе придонесе и скопскиот земјотрес од 1963 година.

Пред повеќе години, скопјанецот Н.Б. со група истомисленици, беше најголемиот ентузијаст да се врати часовникот на Саат-кулата во Скопје, односно да се монтира негова нова, современа варијанта. Тој дури направи прецизен елаборат како сето тоа стручно да се изведе. Стариот часовник од пред земјотресот имал сложен механизам и бил скапоцен, затоа требаше да се избере достојна замена. Н.Б. отпатувал за Чешка. Близу градот Брно се наоѓа фабриката „Елтон“, која произведува часовници слични на скопскиот. Тие можеле да издржат температура од плус 70 степени во лето, и минус 40 степени во текот на зимата. Ѕвоното, со моќниот ударен чекан, можело да се слушне дури на 12 км оддалеченост.

Постоеја две, речиси криминалистички варијанти на приказната, која зборува за тоа како исчезнал часовникот во времето на скопскиот земјотрес од 1963 година. Според првата верзија, часовникот бил изваден од кулата уште пред земјотресот, за да биде однесен на поправка.

Оттогаш исчезнал, никогаш повеќе не бил вратен. Втората верзија зборува дека по земјотресот, часовникот бил демонтиран и однесен во непознат правец. Некои остатоци од конструкцијата на часовникот, верувале или не, можеле да се видат, фрлени како отпад, во шутот до Саат-кулата, во времето по земјотресот. Интересирајќи се за стариот часовник, Н.Б., по една препорака, заминал во Грац, кај еден од најпознатите светски колекционери на часовници.

Тој и денес тврди дека стариот скопски механизам се наоѓал таму. Идејата на Н.Б. да се постави нов чешки часовник, не се оствари. А и не можеше да се оствари, зашто една таква сизифовска, но благородна работа кај нас тешко се остварува. Сепак, добро е што пред десетина години се поставија нови, иако дигитални часовници, поставени од страна на општината Чаир. За жал, денес тие повторно – не функционираат. Навистина нема среќа нашата скопска убавица, Саат-кулата.

Сепак, малку е познато дека делови од конструкцијата на стариот часовник сѐ уште постојат во Саат-кулата. Тоа се навистина раритетни, патинирани предмети што треба да се видат. Станува збор за необични делови од старата конструкција, пред сѐ од надворешниот дел што го држел главниот механизам. На самиот врв се наоѓа и некогашното ѕвоно.

Ретко кој се има искачено на врвот од Саат-кулата. А тоа е навистина исклучително доживување, поради нејзината внатрешност и панорамата на Скопје што може оттаму да се види. Кога се искачувавме на кулата, чуварот на шега ни вели: „Внимавајте, полека, има точно 105 скали“. Тоа е голема височина. Скалите се направени од цврсто, дабово дрво.

Но исто така куриозитетен е начинот на кој се отклучува и се влегува во кулата. Низ малото вратиче ви се присторува дека наеднаш влегувате директно во историјата. Саат-кулата, тоа наше историско и културно богатство никако да го направиме пристапно за нашите домашни гости. Но и за сѐ повеќебројните странски туристи.

(Данило Коцевски, Нова Македонија)

https://vecer.mk/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Aug-2013 at 23:04


фотографија на Arbër Curri
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Aug-2013 at 22:59


фотографија на Constance Nebbula
За сè има вторпат
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Mar-2013 at 02:57
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Mar-2011 at 17:46
Мене лично таа локација ( тој виргинскиот манастир што се псоменува )повеќе ми е блиска со мустафа пашина џамија од колку со Саат Кулата,ја имам јас таа стара гравура кога ке видиш подетално ќе видиш дека кулата што е нацртана таму би било идентична на денешниот св спас.

Edited by mitatos - 13-Mar-2011 at 17:47
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2187
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Mar-2011 at 16:37
Previous
добро де осум сум згрешил при броенње, инаку земи предвид дека виргинскиот манастир имал иста улога како Хиландер, значи претпоставувам дека и граден бил во ист стил а можеби и поголем... другото нешто е шо во та форма нема ниту една османлијска кула на балканот. Не ми се верува дека била градена од дрво, бидејки и на сликата од старо скопје се гледа дека има голема кула.

Знае се дека секој манастир имал одбрамбени кули:
Виргински манастир

Манастир Хиландер

а еве ја и Кичевската  за секој случај, може да ја ставеме и Кочанската, Дојранската, Кратовските и ногу други - сите се четвороаголни.
http://i1046.photobucket.com/albums/b462/Makedonij/Nasledstvo/23.jpg

Би било убаво да споделиш некое инфо и за гостиварската...


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Mar-2011 at 15:21
Originally posted by Makedonij

се гледа дека е градена во шестоаголник

Осмоаголник е
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Mar-2011 at 15:16
Сигет е во Унгарија. Види повеќе на: http://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Szigetv%C3%A1r
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1319
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Mar-2011 at 14:24
@mitat,napisa deka majstorite bile doneseni od Siget,mozes li da kazis nesto poveke za toa mesto kade se naoga,bidejki skopskava saat-kula ne mi e tipicna za ovie prostori,me potsetuva na gradite od bliskiot istok,indija...
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Mar-2011 at 13:36
Не грешка си има во Гостивар слична како Скопската.
Еве фотки па ти спореди ги


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2187
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Mar-2011 at 13:27
Па тоа ми беше и поентата, шо се случува со обновата?
Останатото е дебата за стилот на градба, бидејки кула со таков облик нема никаде освен у приштина, се шо ќе повлече дебатата со себе требе да го држиме во граници на нормално?

Инаку митат, сите знаеме дека таму денес има џамија, но нее фер ако имало нешто пред неа таму за тоа да не се знае.


Edited by Makedonij - 13-Mar-2011 at 13:34
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Mar-2011 at 13:18
Ова според мене преставува Отомански Архитектонски Стил бидејќи ја споредувам со индискиот Таџ Махал ,и она има слични вакви кули.

Се надевам дека некој ке се нафати да го реконструира и се разбира и околината, иако сум влегол внатре и доста е издржлив објект,земјотресот не го ни мрдна иако беше катастрофален.

Сакав да кажам дека овој објект преставувал стратешко место во тогашно скопје.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Mar-2011 at 13:15
Мислам дека е укрепна кула,така пишува и на овој сајтот што ми го кажа,јас не ја исклучувам можноста ова да било дел од тврдината околу градот,уште ден денес се гледаат тие големи зидови.Тогашно време во внатрешноста на градовите стоеле импозантните и административните објекти,како што е Саат Кула Џамијата, Јахја Пашина Џамија, како едни од најголемите изградени во Скопје,
Саат Кулата сигурно немала само улога на Саат кула, сигурно била и Стражарска кула.

Не сакам да навлегувам дали тука постоела црква или пак камбањера,пошто немам јас такви податоци.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2187
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Mar-2011 at 13:06
Сепак, сводовите и џамовите не се карактеристични за османлискиот стил на градење, да нее тој кров, ќе видеш за шо зборувам...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2187
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Mar-2011 at 13:04
Previous

Митат, тоа веќе го знам....
http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=173%3A2010-12-16-08-59-20&catid=45%3A2010-09-30-15-36-45&Itemid=54&lang=mk

Инаку да не забегаме од саат кулата, на верски објекти.

имам линк каде шо пишуваше дека е градена на канбанеријата од манастирот или укрепената кула на тој, не се сеќавам точно но ќе дадам линк, моментално не го отвора сигурно нешто работат.

http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/istorijat-sreden-vek-3.html
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Mar-2011 at 12:43
Имам јас книга со мене сега ке ти кажам фактите:
Скопската Саат кула се наога покрај Муратовата Џамија,Лоцирана на возвишение,зазема доминантно место во стариот дел на градот.Ваквата нејзина местположба уште повеќе придонела да биде видлива од сите страни. Точното време на нејзината изградба не го знаеме но според податоците со кои располагаме, таа била подигната во перидот помегуа 1566 и 1573 год како прва СААТ КУЛА на Територијата на Османлиската држава. Часовникот за Саат Кулата како и мајсторот  биле донесени од заземениот Сигет.

Еве Евлија Челебија што рекол: На прво место се истакнува една Саат Кула,која се наога пред ГОрни град,во близина на Царевата Џамија,а личи на Минаре.Отчукувањето на нејзиниот саат се слуша од далечина од еден ден одење,а гласто му е многу страшен.И кулата на таа саат кула е многу интересна.

Доктор Браун: 1669 год, Во скопје има многу Џамии,Најубавата се наога на еден рид со широк трем кој стои на четири мраморни столба.Во нејзината близина се наога кула од дрво со саат и Ѕвоно,од каде што имав убав поглед на градот.


Edited by mitatos - 13-Mar-2011 at 12:44
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2187
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Mar-2011 at 12:26
Па има зпис за тоа, почекај само да го најдам, мислам пишуваше  дека кулата била изградена на таа од самостанот - манастирот.

Секако дека би требало да се побара по старите изводи на книги, највероватно во српски архиви, ако не се лажам и кај нас нешто се пишуваше за верзија од препишаниот Душанов законик, (да не забегам ногу - во кој пишеше дека е Македонски цар) мислам дека во книги од тој период сигурно ке има нешто...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Mar-2011 at 12:20
Скопската Саат Кула е слична на таа од Гостивар ,само што таа остана од камен и дрво, а нашата од црвени тули,пошто била запалена нели од Пиколомини, потоа била пак изградена се вели дека била од камен и дрво,исто после тоа била запалена некаде во 1900-та година била изградена со црвени тули купени од Солун.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.