Интернет и телекомуникации |
Post Reply | Page 123 28> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply
#1 Topic: Интернет и телекомуникации Posted: 09-Aug-2024 at 15:55 |
Нема одлука за соработка со унгарски „4iG“, условите за операторите се строги
Нема одлука дали и во која форма „4iG“ ќе соработува со Македонија – министерството за транспорт објаснува дека ако има оглас за трет мобилен оператор ќе има услов компанијата да биде од Европската унија и НАТО и да не користи спорна технологија. „Сакаме да информираме дека се уште нема одлука дали и во која форма телекомуникацискта компанија 4iG ќе соработува со Македонија. Ако се распише оглас за трет мобилен оператор, еден од условите ќе биде операторот да потекнува од земја членка на ЕУ и НАТО и истиот да не користи кинеска, руска или друга технологија туку одобрена технологија од НАТО“, велат за Сител од министерството за транспорт. „4iG“ е стратешки партнер со кинеската „Хуавеј“. Ова може да биде „камен за сопнување“ при евентуален влез на македонскиот пазар оти земјава пред 3 години донесе законски измени со кои се предвидува операторите да набавуваат опрема само од проверени и кредибилни добавувачи. Македонија, заедно со повеќе европски држави, е дел од иницијативата предводена од САД со која се забранува инсталирање опрема на гиганти како „Хуавеј“ поради сомнеж дека податоците на граѓаните, неовластено завршуваат кај кинеската власт. Став побаравме и од амерканската амбасада во земјава. „Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја споделуваат целта за заштита на комуникациските мрежи од прекини и манипулации и заеднички потпишаа Меморандум за разбирање за безбедноста на 5Г во 2020 година како дел од тие напори. Веруваме дека владата ќе продолжи да го штити интегритетот на мрежата, да избегнува недоверливи добавувачи на хардвер и софтвер и да обезбедува безбеден и етички 5Г екосистем во Северна Македонија“, ни одговорија оттаму. За ова, преку ФБ, се огласи и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. „Компанијата 4iG, со која нелегитимната Влада разговара за нов мобилен оператор, има блиска соработка со кинеската Huawei за нов cloud за собирање податоци. Ова е спротивно на интересите на нашите стратешки партнери, како и за критичната инфраструктура во земјата“, напиша тој. Веста за влез на трет мобилен оператор го разбранува и регионот. „Орбан и Унгарците навлегуваат сè подлабоко на Балканот: главната улога во се ја има неговата омилена компанија“ – пишуваат медиумите. Иако 4iG важи за приватна компанија, унгарските медиуми во неколку наврати пишуваа за поврзаноста на компанијата со Виктор Орбан, нарекувајќи ја негова омилена компанија. Директ36 вели дека „4iG“, добила затскриена државна помош за која се претпоставува дека тежи околу 190 милиони евра. „Има малку компании во Унгарија кои добија толку голема државна поддршка и директно внимание од премиерот во последните години. Резултатот е дека 4iG, која претходно беше просечна унгарска ИТ компанија, за кусо време стана една од најголемите корпорации во земјава со упориште во неколку балкански земји“ - Директ36.ху. „4iG“ влезе на телекомуникацискиот пазар на Западен Балкан во 2022 година, добивајќи силни позиции во Црна Гора и Албанија. Според официјалните податоци, има над 8 илјади вработени. https://sitel.com.mk/nema-odluka-za-sorabotka-so-ungarski-4ig-uslovite-za-operatorite-se-strogi |
|
Carpe diem
|
|
Galileo
Senior Member Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1461 |
Quote Reply #2 Posted: 16-Apr-2023 at 15:05 |
Plana Teleport VIVACOM
Телепорт „Плана“ е прва и најголема копнена станица за вселенски и сателитски комуникации во Бугарија, Балканот и Југоисточна Европа. Се наоѓа на 1100 мнв, јужно од Софија, кај село Плана, Панчарево, регион. Софија-град (42°28'57" N, 23°26'44" E. Изградена е во 70-те години на минатиот век за да го координира летот на првиот бугарски космонаут, како и лансирањето на првиот бугарски сателит ,,Интеркосмос - Бугарија 1300,,. Денес, телепортот е во сопственост на бугарската телекомуникациска компанија ЕАД (Виваком), која нуди услуги во емитување, прием и пренос на радио и телевизиски програми, колокација, мониторинг, VSAT конекции итн. Станицата има над 30 приемни антени со големина до 4,5 m и 10 предавателни антени со големина до 18,3 m. Во 2021 година, сателитската станица Плана го доби највисокото ниво 4 сертификат од Светската асоцијација за телепорт (WTA). Ниво 4 е највисокото можно ниво на сертификација во областа на вселенските и сателитски услуги и ја рангира станицата меѓу најнапредните капацитети од тој тип во светот. Ова значи дека копнената станица Плана ги исполнува стандардите за врвна локација, двојно обезбедена техничка опрема и високо професионална 24/7 поддршка - и со технички и со комерцијални експерти. До денес, само 19 такви објекти, вклучувајќи ја и земната станица Плана, имаат сертификација од Ниво 4 во светот. До 2022 година, копнената станица обезбедува висококвалитетни и сигурни услуги во Европа, Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка, емитува 4 DTH платформи со повеќе од 400 ТВ канали, обезбедува линии за пренос на податоци за корпоративни клиенти на неколку континенти, вклучувајќи го и Антарктикот-за бугарската истражувачка база на о. Ливингстон. Edited by Galileo - 16-Apr-2023 at 15:15 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #3 Posted: 10-Mar-2023 at 16:51 |
ФАКТОР ОТКРИВА: „МТЕЛ“ ГО КУПУВА МАКЕДОНСКИ „НЕОТЕЛ“ - преговорите успешно завршија, се чекаат одлуките на регулаторите
„МТЕЛ“, компанија ќерка на „Телеком Србија“, која од 2021 година е присутна на македонскиот пазар, го купува телекомуникацискиот оператор во земјава „Неотел“. За оваа информација Фактор доби потврда и од „МТЕЛ“, од каде на барање на нашата редакција наведуваат дека компанијата успешно ги завршила преговорите за аквизиција на „Неотел“. „Во оваа фаза можеме да потврдиме дека согласно нашата деловна определба да обезбедиме подобри услуги за нашите корисници и нашата политика и стратегија за ширење на деловното работење во регионот на Западен Балкан и Европа, успешно ги завршивме преговорите за аквизиција на телекомуникацискиот оператор ‘Неотел’. Но, како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции, и согласно законските норми, за комплетирање на целата постапка на преземање неопходно е да се изјаснат и надлежните регулаторни институции во државата. Во интерес на успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да ги почекаме нивните конечни одлуки, по што би можеле со целосна сигурност да кажеме дека оваа зделка е заклучена“, се вели во одговорот кој го добивме од „МТЕЛ“. Во ноември минатата година Фактор објави интервју со Марко Лопичиќ, директор на „МТЕЛ“, и тоа на годишнината од присуството на МТЕЛ на пазарот во Македонија. Тоа од компанијата го одбележаа со нови понуди за клиените кои нудат посеби бенефити, а се најави и проширување на продажната мрежа. „По една година работа во Македонија минатиот месец ја реализиравме нашата амбиција МТЕЛ да се наметне и како нов голем мобилен оператор во земјава. Македонските корисници може да бидат сигурни дека бенефитите кои што ги нудиме на пазарот ќе ги подигнат телекомуникациските услуги на едно ново ниво.Особено сме горди на понудата во делот на мобилната телефонија и интернет бидејќи услугите за македонските корисници внимателно ги осмисливме и внимававме да ги прилагодиме на желбите и потребите на локалните корисници, а притоа да им понудиме едно поинакво дигитално искуство по примерот на врвните светски телекомуникациски оператори“, изјави Лопчиќ, потенцирајќи дека МТЕЛ во својата понуда ги има mSTARTпри пејд и mCONNECT пост пејд тарифи како и mBOX комбинирани пакет кои што вклучуваат мобилна телефонија, интернет и секако веќе добро познатата сателитска телевизија mSAT TV. „Континуирано работиме на проширување на нашата продажна мрежа за сега услугите на МТЕЛ да бидат достапни на околу 500 локации ширум државата, преку нашите продажни салони и мрежата од овластени партнери“, ни изјави тогаш Лопичиќ во интервјуто.. А, пред да се случи оваа аквизиција, одобрување треба да даде и Комисијата за заштита на конкуренцијата во земјава. Тие веќе го добиле известувањето од компанијата. „Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на 09 февруари 2023 година, до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација која се однесува на стекнување на поединечна контрола од страна на МТЕЛ ДООЕЛ Скопје над друштвото НЕОТЕЛ ДОО Скопје“, се вели во објавата од Комисијата. Оттаму наведуваат дека МТЕЛ ДООЕЛ Скопје е нотифициран телекомуникациски оператор од страна на Агецијата за електронски комуникации во земјава, регистриран за дејност жичени телекомуникации, односно за давање сателитски услуги и реемитување телевизиски програмски сервиси. МТЕЛ ДООЕЛ Скопје нема поврзани правни лица на територија на РСМ. „НЕОТЕЛ ДОО Скопје е нотифициран телекомуникациски оператор од страна на АЕК во земјава, регистрирано за давање услуги на услуги за пренос на податоци - широкопојасен фиксен пристап до интернет, услуги поврзани со радиодифузија - малопродажен пазар за реемитување на телевизиски програмски сервиси и малопродажен пазар за давање на услуги на фискна телефонија.НЕОТЕЛ ДОО Скопје има поврзани правни лица на територија на земјава - Друштво за телекомуникации и услуги КОМБО 2003 ДОО извоз-увоз Куманово и регистрирана дејност - Други телекомуникациски дејности, како и Друштво за производство, трговија и услуги ФИКАБ ДОО увоз-извоз Тетово и регистрирана дејност - Други телекомуникациски дејности“, објасниле од Комисијата. Наведуваат дека по однос на релевантниот пазар на стоки за предметната концентрација, Подносителот предлага дека истиот би можел да се дефинира како малопродажен пазар за давање услуги на широкопојасен фиксен пристап до интернет, малопродажен пазар за давање на услуги за дистрибуција на медиска содржина и малопродажен пазар за давање на услуги на фискна телефонија. „Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата, во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, се вели во објавата од Комисијата. https://faktor.mk/faktor-otkriva-mtel-go-kupuva-makedonski-neotel---pregovorite-za-akvizicija-uspeshno-zavrshija-se-chekaat-odlukite-na-regulatorite |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #4 Posted: 17-Nov-2021 at 16:37 |
Телеком Србија почна со работа на македонскиот пазар, најавува влез и во мобилната телефонија
МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата од денеска почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси. Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лукиќ најави новини и пресврт на телекомуникацскиот пазар во државава. -По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија, рече Лукиќ на прес-конференција. Компанијата веќе обезбедуваат услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и Европа. -Македонија во однос на телекомуникациите е исклучително напредната и на отворањето на подружницата на Телеком Србија гледаме како предизвик во којшто ќе го вложиме искуството и знаењето стекнати преку нашите делови активности во Србија, БиХ и Црна Гора, посочи Лукиќ. Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ, потенцираше дека стартуваат со понуда за врвна сателитска телевизија, а на љубителите на добрата телевизиска програма, како што рече, им нудат најдобар избор на телевизиски канали и ексклузивна содржина. -Понудата е внимателно избрана и класифицирана во три исклучително поволни пакети кои вклучуваат повеќе од 150 канали. Уверени сме дека таквата понуда која што ги содржи најквалитетните спортски содржини на каналите Арена Спорт, потоа врвни филмски и сериски програми на Супер Стар каналите, понуда на сите македонски национални телевизии, Пинк каналите, како и одличен избор на документарни, музички и детски канали ќе прерасне во омилен телевизиски избор на граѓаните во Македонија, реќе Лопичиќ. МТЕЛ регистрираше фирма во државава во јули годинава. Во наредниот период се очекува да официјализираат како ќе ги реализираат плановите за влез во мобилната телефонија, каде сега нудат услуги пет субјекти: А1 Македонија Скопје, со 49,78 проценти од претплатниците, Македонски Телеком АД Скопје, со 47,25 проценти, Лајкамобајл – 1,76 проценти, Роби – Штип 1,19 проценти, како и Греен Мобиле – Прилеп 0,02 проценти https://telma.com.mk/2021/11/16/телеком-србија-почна-со-работа-на-маке/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #5 Posted: 10-Nov-2021 at 18:35 |
ТЕЛЕКОМ СРБИЈА ОТВОРА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ Пoчнува со сателитска телевизија, а потоа и со мобилни услуги
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, денеска најави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во СМакедонија и најави отварање на редакција на Блумберг Адрија за бизнис вести во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. – Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија во Северна Македонија – изјави Лучиќ гостувајќи на ТВ Прва. Тој додаде дека првата експозитура во земјава ќе биде отворена во центарот на Скопје. Во денешното интервју за Ало, директорот на Телеком Србија зборуваше и за неодамна официјално објавениот договор со Блумберг за отворање на регионална медиумска куќа која ќе се занимава со бизнис вести и за отворање на редакција на Блумберг Адриа во Северна Македонија. Направивме голем чекор напред со две медиумски партнерства, со Eуроњус и Блумберг. Проектот на Блумберг е уште поамбициозен од Eуроњус. Блумберг Адриа ќе има редакции во пет земји – Србија, БиХ, Словенија, Хрватска и Северна Македонија, а седиштето ќе биде во Белград. Блумберг е бренд за вистински економски информации. Тие дополнително ќе придонесат за унапредување на домашната економија, па преку Блумберг ќе можат да се промовираат насекаде во светот, а ќе имаат и сериозно и многу конкретно значење за соработката на економиите во регионот. Со врзување за такви брендови со неприкосновен меѓународен легитимитет, Телеком покажува дека сака што е можно повеќе квалитетни медиумски канали и, како во случајот со Водафон и Премиер лигата, покажува дека најголемите светски компании навистина сакаат да соработуваат со нас – изјави Лучиќ. Тој кажа дека Телеком е член на Форбсовиот совет и најави дека во првиот квартал од следната година е планирано отворање на филијали на Телеком и во Германија и Швајцарија. Во јули годинава, како што јави дописиникот на МИА од Белград, Лучиќ изјави дека во Скопје започнал основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел, со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет. -За нас, одлуките донесени на економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови за проширување на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени – изјави Лучиќ. Телеком Србија а.д. Белград е српски државен телекомуникациски оператор, основан како акционерско друштво во јуни 1997 година https://plusinfo.mk/telekom-srbi-a-otvora-ekspozitura-vo-skop-e-pochnuva-so-satelitska-televizi-a-a-potoa-i-so-mobilni-uslugi/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #6 Posted: 29-Oct-2021 at 17:36 |
Никола Љушев: 5Г е тука, Македонски телеком ја гради мрежата на иднината
Пандемијата наметна забрзано темпо на дигитализација и воведување на нови, супер-брзи дигитални комуникациски мрежи на иднината, базирани на оптички технологии и 5Г безжични мрежи. Македонски телеком инвестира над 45 милиони евра во модернизација на мрежата и овозможување на 5Г и досега една третина од територијата на Македонија e покриена со опрема од најнова генерација на Ериксон. 25 години после воведувањето на мобилните комуникации во Македонија, Телеком ја гради мрежата на петтата генерација, вели во интервјуто за МКД.мк Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком. Новите технологии донесоа и интензивни дебати и сомневања - дали е штетна 5Г-мрежата, какви сценарија нè чекаат по воведувањето на вештачката интелигенција, како да ја регулираме моќта на технологијата и како човештвото сепак да ја задржи контролата? За овие прашања и за конкретните чекори за дигитална трансформација во Македонија, разговаравме со Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком. Каде е Македонски телеком во 5Г-контекстот? - Ако 5Г e иднината на безжичните телекомуникации, ние во Телеком неа ја навестивме точно пред три години, на првата јавна демонстрација на 5Г, кога изјавивме - со 5Г иднината е сега! Тоа беше нашето кредо, со кое сакавме да укажеме дека 5Г е еден од неопходните предуслови за да се случи четвртата индустриска револуција. Со силна посветеност работевме кон приближување на придобивките од 5Г до сите општествени чинители – корисниците и бизнис-заедницата, државата, регулаторот и академската заедница. 25 години по воведувањето на првата мобилна мрежа во Македонија, Телеком е подготвен и за 5Г. Мислата водилка и поттик секогаш ни беше чувството на општествена одговорност да ја воведеме оваа модерна 5Г-комуникациска технологија за подобра иднина на сите нас – сега и овде во Македонија. Почнавме во 2018 година со демонстрација на 5Г во нашите простории, набрзо потоа инсталиравме тестни базни станици во центарот на Скопје и Охрид. Остваривме соработка со Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, каде што професори и студенти имаа можност да ја тестираат нашата 5Г-опрема. Во изминатите три години, Македонски телеком не само што ги заврши сите неопходни подготовки, тестирања и мерења, туку и влезе храбро во огромен инвестициски зафат вреден над 45 милиони евра за модернизација на радиопристапната мрежа и воведување на 5Г. Со нашиот партнер Ериксон интензивно работиме на терен и во моментов една третина од нашата мрежа е веќе подготвена за обезбедување на 5Г-услуги. Под претпоставка дека АЕК набрзо ќе распише тендер за користење на 5Г-фреквенции, ние сме подготвени да почнеме со нудење на 5Г-услуги уште во почетокот на следната година. Реално е да се очекува дека до средината на следната година, две третини од населението што живее во поголемите урбани средини ќе има можност да ги користи нашите 5Г-услуги. Тоа е цела година пред очекувањата запишани во националната броудбенд-стратегија. Сите тестирања ги правевме транспарентно и јавно пред медиумите, интензивно соработувавме со еминентни стручни институции, академската заедница и АЕК како регулатор на пазарот. Транспарентноста и заедничкиот пристап ќе играат голема улога во правилниот развој на новите технологии. И, штетна е или не е 5Г-мрежата? - Официјалниот став на Светската здравствена организација од истражувањата собрани до денес е дека нема убедливи научни докази дека слабите сигнали од базните станици и безжичните мрежи предизвикуваат негативни влијанија врз здравјето доколку се под одредената граница. Ова е прашање за регулаторите и науката, иако и во наш интерес е најпрво безбедноста. Каква ќе биде нашата иднина доколку работиме небезбедно, кога-тогаш тоа ќе се дознае и во истиот момент не само што операторите нема да можат да функционираат, туку нема да бидат одржливи. Јавно се достапни и мерењата за безбедноста од нејонизирачко зрачење спроведени од АЕК на нашата тестна мрежа во 2019, кои покажуваат дека вкупното зрачење е само 15% од максимално дозволената гранична вредност. Транспарентноста и едукацијата и тука е исклучително важна. Треба што повеќе да се зборува на темата за да разбереме што е 5Г, како функционира. Мрежата на петтата генерација, како и секоја пософистицирана опрема, зрачи помалку од 4Г, обичните мобилни телефони во моментов зрачат повеќе од 5Г. Доколку тоа е штетно по здравјето, а со оглед на тоа што мобилните телефони се неизоставен дел од нашиот живот со години, досега ќе имаше многу болни луѓе, што не е случај. Зошто толку дилеми околу 5Г-технологијата ако значи таков напредок? Се работи за бизнис-интереси на големите корпорации или страв од нешто ново? - Секоја нова технологија носи со себе доза недоверба, што е сосема нормално и не е за осудување. Истото се случувало и со струјата и со парната машина. Но минатата година, во екот на пандемијата, тој отпор доби сосема нова димензија. Зошто? Пандемијата се случи во време кога сè е поврзано, што од една страна е добро, но од друга страна создаде плодна почва за ширење гласини и теории на заговор. Додека светот беше затворен и се соочи со непознат, невидлив непријател, сите баравме одговори зошто и како? Овие предуслови го олеснија ширењето на лажните вести (главно преку социјалните медиуми) за поврзаноста на 5Г-технологијата со коронавирусот, без никакви научни факти. Така, освен со здравствената пандемија, се соочивме и со пандемија на дезинформации. Но стравот од прогрес и технологија е ирационален. Треба да се бориме против лажните вести и да консултираме проверени извори за да црпиме информации. Уште повеќе, треба да ја вратиме довербата во науката и прогресот. Не велам дека треба без размислување да прифатиме сè што е ново, но не треба ни без резерва да им веруваме на гласините. Треба ли да се плашиме од вештачката интелигенција и спојувањето на дигиталните можности во биолошките системи? - Секоја револуција, секој голем прогрес, носи во себе позитивен и негативен потенцијал. Вештачката интелигенција и биотехнологијата ќе го трансформираат светот, но во зависност од начинот на кој ќе ги користиме, нè очекуваат две можни сценарија: или ќе ја искористиме технологијата за да создадеме похумано инклузивно општество, или целосен тоталитаризам. Затоа не ја гледам заканата во самата вештачка интелигенција, која како во многу СФ-романи и филмови се врти против нас, го напаѓа човештвото. Најголемата закана е во човекот. Доколку дозволиме моќта на технологијата да биде во рацете на само малкумина привилегирани, ни се заканува негативното сценарио. Затоа не треба да се плашиме од прогресот, туку свесно и совесно да работиме на етика на прогресот. Нам како човештво таа технологија ни е неопходна за да излеземе на крај со големите предизвици на денешницата. Светската популација секоја година енормно се зголемува, еколошките катастрофи веќе ни се секојдневие. Само со помош на технологија можеме да произведеме доволно храна, да обезбедиме здравствена заштита, а истовремено да ги спречиме климатските промени. Вештачката интелигенција може да се искористи подеднакво и за рано детектирање болести и за автономни воени роботи, може да ни помогне да живееме подолго и поквалитетно, но може и целосно да нѐ лиши од приватност. Затоа ни треба етика, односно правила за одговорно користење на технологијата, сега повеќе од кога било. Како да се заштитиме од злоупотребата на ваквиот развој на технологијата, на што веќе сме и сведоци? - Како ќе ја регулираме моќта на технологијата е глобален проблем и еден од најголемите предизвици. Ова е прашање на колективна одговорност на: политичките лидери, корпорациите, научниците, невладините организации, економските лидери, консултираме во социјалниот живот, едукаторите... Од една страна треба да создадеме систем на вештачка интелигенција што ќе делува морално, ќе ја изразува нашата волја, а од друга страна тој систем треба да биде достапен што е можно пошироко, за голем број луѓе да може да имаат бенефит. Многу е важно овие рамки, принципи, да ги развиеме уште во зачетокот, во раниот развој. Голема улога ќе игра и транспарентноста. Тоа значи дека: патентите и истражувањата треба да бидат отворени, достапни за јавноста, треба да отвораме дискусии, однапред да ги направиме сите неопходни мерења, да бидеме отворени за дебати, да останеме будни, љубопитни и активни. Сосема е јасно по кај пат треба да одиме, но треба да делуваме заедно, сите чинители во општеството, и да почнеме со тоа што поскоро. Дигитализација на општеството. Што значи тоа? - Терминот дигитализација секојдневно го сретнуваме и се употребува на многу различни начини, различно се толкува и разбира. Дигиталната трансформација не е само интернет и веб-страници, туку сеопфатен процес на воведување на дигиталните технологии во сите сфери од животот и работењето со што општеството целосно се менува. Таа ќе ги опфати сите сектори: здравството, земјоделието, комуникациите, административните процеси... Во дигиталната трансформација голема улога ќе имаат новите технологии како што е Интернет на нештата/ИоТ, роботиката и вештачката интелигенција. Но дигитализацијата, освен технолошка, е и културолошка промена, во која ќе треба од корен да ги смениме процесите и навиките, да се менуваме и самите, да се приспособиме на промените и да се развиваме. И повторно се враќаме на констатацијата дека клучен фактор за да се случи оваа трансформација е човекот. Пандемијата уште повеќе ја забрза дигитализацијата и промените дојдоа преку ноќ. Треба да сме подготвени не само да ја спроведеме, туку и да ја прифатиме оваа промена. Ќе се менува едукацијата, пазарот на трудот, водењето на бизнисите, некои бизниси и работни позиции ќе исчезнат, ќе се појавуваат и сосема нови, затоа ќе мора да се приспособуваме, да учиме нови вештини, да се описмениме дигитално и постојано да се преобразуваме. Секако, да почнеме со мали чекори, да речеме кај нас минатата година едвај стигнавме до 30% електронски наплатни трансакции преку интернет или мобилна апликација и тоа поради кризата и препораките за социјална изолација. Во другите европски земји овие проценти се повеќе од двојно поголеми. Македонски телеком е дел од конзорциумот што го спроведува проектот Паметен град (Smart City Skopje). Што ќе му значи тоа на еден скопјанец? - Паметните градови се интегрален дел од дигиталната трансформација и се базираат на технологијата „Теснопојасен интернет на нештата“ (Narrowband Internet of Things), која го потврдува нашето лидерство на пазарот. Оваа технологија нуди огромен потенцијал, кој ќе станува уште поголем, особено со доаѓањето на новите технологии, како што е 5Г. Најмногу придобивки ќе имаат граѓаните: подобра градска инфраструктура, побезбедни улици, регулиран сообраќај и паркирање, поефикасно користење на ресурсите, намалување на емисиите на ЦO2 во воздухот, генерално поквалитетен живот и поздрава животна средина... На пример, наутро кога одите на работа наместо да барате паркинг, ќе можете на апликација да ги видите слободните паркинг-места на паркинзите и така да заштедите време, но и да влијаете на намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот. Преку интерактивната мобилна апликација „Мое Скопје“ граѓаните ќе имаат пристап до апликациите и сервисите на градските институции, а во иднина ќе може да пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми, но и активно со предлози да учествуваат во градскиот живот. Технолошката платформа е обезбедена, останува на градот соодветно да ја управува со вклученост на граѓаните. Се споменува дека овој проект ќе придонесе и за квалитетот на воздухот. Како? - Една од клучните придобивки од Паметен град е намалување на емисијата на ЦO2 во воздухот, што значи почист воздух и поздрава животна средина. На пример, преку системот за паметно осветлување во Скопје се поставени 10.000 паметни светилки. Овие светилки се еколошки, лесни за рециклирање и имаат висок животен век и висока светлосна ефикасност. Се следат преку софтверска апликација, што значи ќе се засилуваат, намалуваат, вклучуваат и исклучуваат согласно со временските услови и периодот од денот или ноќта. Да речеме доколку доцна во ноќта нема движење по улиците, светилките ќе се изгаснат, доколку сензорите детектираат движење, светилките се вклучуваат. Исто така, со мониторинг во реално време ќе се детектираат дефектите. Сето ова ќе придонесе за само една година да се намали потрошувачката на електрична енергија за над 60%, со што автоматски ќе се намали емисијата на ЦO2 во воздухот. Друг пример е подобро регулирање на сообраќајот, што е еден од најголемите проблеми во Скопје, преку системот за паметно паркирање, со што наместо да возите долго низ градот и да барате паркинг, ќе се упатите до најблискиот слободен паркинг, со што ќе емитувате помалку ЦO2 во воздухот... За целосно да се реши проблемот со загадениот воздух, треба многу повеќе, но оваа технологија ќе влијае позитивно на решавањето на овој горлив скопски проблем. Ваш партнер во овој проект е Версо алтима груп од Хрватска. Како дојдовте до соработката со оваа компанија? - Kако лидер на конзорциумот направивме детално истражување на пазарот според тендерските барања, но и според технолошките трендови во Дојче телеком групацијата. Притоа, анализата покажа кои компании ќе дадат компетитивно решение, кое во целост одговара на поставените барања од страна на Градот Скопје и кое ќе може успешно и во зададениот временски рок да се реализира. Така дојдовме до соработката со хрватската компанија „Версо“ и македонската „Винт“. Проектот е во успешна завршна реализација, и тоа пред рокот, и сите членови на конзорциумот целосно ги исполнија своите обврски. Стратегиски, дали се планира и поврзување на сите градови во Македонија? - Скопје е најголемиот, но не е единствен град во Македонија со паметни решенија. Паметен град е стратегиски проект на Телеком и веќе неколку години работиме и со други општини во Македонија. Во Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Василево и Крива Паланка имплементиравмe платформи за паметен град и системи за паметно осветлување, а придобивките веќе се чувствуваат. Во Македонска Каменица дневната заштеда е високи 85%, што значи не само финансиска заштеда и пренамена на средствата, туку и големо намалување на ЦO2. Но платформата за паметен град е многу повеќе од паметно осветлување. Кога еднаш е поставена, нуди огромен потенцијал да се додаваат нови елементи во зависност од локалните потреби на граѓаните и заедницата. Продолжуваме понатаму и во други општини, наша стратегија е да ја користиме технологијата за поквалитетен живот и одржлив развој. Кој е планот на Македонски телеком во дигитализацијата на Македонија? - Наша стратегиска определба е да бидеме партнер за дигитализација на општеството и работиме на тоа со години наназад, со милионски инвестиции во силна мрежна инфраструктура со напредни безбедносни решенија. Ова е клучно за усвојувањето на политиката „клауд фрст“, односно префрлање на целото работење на „клауд”. Оваа платформа нè однесе напред и направивме големи чекори кон дигитализација, како што се паметните градови. Друг, многу важен предуслов се услугите за дигитална идентификација, дигиталниот идентитет, без кои не може да ви биде испорачана бараната услуга по дигитален пат. Успешната примена на овие услуги придонесува и за раст на бруто-домашниот приход, што само за неколку години би направило огромна разлика за Македонија. Ние испорачуваме дигитални сертификати, но сѐ уште процентот на употреба е мал. Целосно сме подготвени да бидеме партнер за дигитализација на главните сегменти, столбовите на државата: здравството, образованието, земјоделството... Истовремено додека работиме на дигитализација, многу е важно да работиме на еднакво, одржливо, иновативно и компетитивно дигитално општество и на намалување на дигиталниот јаз, што е дел од нашата стратегија. Само едно напредно дигитално општество може да привлече инвеститори и да ја зајакне економијата, тоа е единствениот пат за да одиме напред, а ние сме подготвени. https://www.mkd.mk/makedonija/politika/nikola-ljushev-mobilnite-telefoni-zrachat-povekje-od-5g-ako-beshe-shtetna-dosega |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #7 Posted: 29-Sep-2021 at 23:00 |
Овакви институции по свет постојат, ама не се како кај нас инкубатгори за партиски вработувања, него се постојани работни тела во кои членуваат по автоматизам луѓе на други фиункции. На пример, директор ЦЕО и ЦТО на радиодифузија, сите оператори, кабелски телевизии, АЕК, министерства надлежни, електро факултет и слично. Утре ако се смени директор у некоја од комапниите, по автоматизам и тука челувањето на тој челн се менува. Функционира на некој начин како форуми.
Во Македонија едно време беше присутен Иво Ивановски, како ретко квалитетен кадар што се замешал во владини институции и мислам дека ова е наследено од негово време, ама после тоа партиските машинерии го имаат изџвакано и искористено за партиски цели, што врска немаат ниту со броадбанд, ниту со компетентност. |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #8 Posted: 29-Sep-2021 at 19:26 |
Национална канцеларија за бродбенд компетентност, што се нема да измислат за да има можности за повеќе вработувања.
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #9 Posted: 28-Sep-2021 at 20:39 |
Лице В би било по азбуката која ја користиш
Единствен плус од предизборната манипулација погоре е дека сега знам дека постои и Национална канцеларија за бродбенд компетентност, што и да е тоа. |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #10 Posted: 28-Sep-2021 at 19:29 |
Класична предизборна мини-глупоштарија што никогаш нема да се реализира. Во Македонија знаеме дека една клупа со Ви-Фи на плоштад не успеа да се оддржи, не па јавни простори, бла бла... Или па осветлување и канти за ѓубре стојат искршени. Сенешто што захтева оперативни таскови од кога ќе се постави, тоа во македонија заборавете дека ќе функционира.
Можда ќе се обидат да го решваат ова со притисок кон операторите на нивни трошок да постават, што нема да биде првпат да очекуваат од фирми контра нивната бизнис логика да работат. И ќе го направат и за некој месец ќе го снема. Едноставно таква е приказната и така завршува секој пат. И така и треба да заврши, кога Лице А се обидува да му дава бесплатно нешто на Б на трошок на некој трет Ц кој не ни прашан. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #11 Posted: 28-Sep-2021 at 17:06 |
Владата најави бесплатен безжичен интернет на сите јавни површини во државата
Прво треба да се изготви листа на локации каде оваа услуга ќе биде достапна Постапката за бесплатен државен интернет на сите јавни површини низ земјава започна денеска со усвојување на оваа информација на редовната владина седница. Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот да подготви листа на локации каде ќе има безжичен бесплатен интернет. „До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен „Ви-Фи“ на одобрените локации од интерес за туристите“, https://360stepeni.mk/vladata-najavi-besplaten-bezzhichen-internet-na-site-javni-povrshini-vo-drzhavata/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #12 Posted: 20-Sep-2021 at 17:24 |
Да не се плашат дека Бил Гејц ќе нè контролира на избориве преку чиповите од вакцините да гласаме за Грујо?
|
|
За сè има вторпат
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #13 Posted: 20-Sep-2021 at 17:22 |
Владата сака да дојде некој и да направи капитална инвестиција од неколку милиони евра, и тоа практично за ваздух (лиценци + фреквенции). Да ги добие наеднаш парите за да може да ги ужива во нивниот мандат одма, а не на рати како што практично ќе се користи одобрението. На Груевски ете му успеа. Им зема пари, тогаш мислам за 4G, а ги трошеше на кула на Водно што уште стои недоградена, како и тркало-мост кој исто така е недограден. Ај да видиме што ќе успее попаметно да направи оваа влада со парите од 5G, дали ќе ги врати во развој на дигитално општество, или ќе ги поебе пак на некоја глупост како претходната власт.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #14 Posted: 20-Sep-2021 at 17:18 |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #15 Posted: 20-Sep-2021 at 06:42 |
Влезот на 5Г мрежата стопиран од Владата, колку и како ќе се наплати еднократниот надоместок од операторот?
Владата ја стопира одлуката за еднократен надоместок што треба да го добие државата од операторот кој сака да ги купи двете фреквенции за 5Г мрежа. Според преговорите што се водат со четирите заинтереси страни, од кои два се постојаните мрежни оператори, Агенцијата за електронски комуникации за 700 мегахерци и З.х гигахерци бара вкупно девет милиони евра еднократно плаќање. Владата иако во јули првично го одобри предлогот на АЕК, во септември истиот го стопираше со одлука. Директорот на АЕК, Јетон Aкику, вели Владата треба да се праша зошто е тоа така одлучено. - Мое лично мислење е дека Владата не сака операторот кој ќе биде избран да го плати надоместекот на рати, туку целата сума одеднаш. Мислам дека сепак ќе постигнеме договор и на некоја од следните седници ќе биде донесена конечната одлука,бидејќи време е да ги отвориме понудите од операторите, а без тоа, не би можел процесот понатаму да продолжи. Ние ја имаме почетната цена, но конечната ќе се формира по наддавањето вели Акику. Освен во државната каса, дел од сумата ќе влезе и во буџетот на АЕК. Од Владата тврдат дека за 700 МНz и за З.х GНz плаќањето треба да биде еднократно, а не на рати. „Врз основа на барање за добивање согласност за најниска висина на еднократен надоместок за 5Г, доставено од Агенцијата за електронски комуникации, Владата на 101 седница донесе одлука за престанување на важење на одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на најниската висина на еднократниот надоместок и начинот на негово плаќање за добивање одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700MHz и 3.x GHz. На истата седница Владата му препорача на директорот на АЕК да донесе и до Владата да достави нова одлука за утврдување на најниската висина на еднократниот надоместок и начинот на плаќање за добивање на одобрение на радиофреквенциите од опсезите наведени погоре, без можност за плаќање на надоместокот на рати, како и нова предлог-одлука за давање согласност на истата од страна на Владата“, гласи објаснувањето од Владата. Интерес за тендерот за фреквенции за 5Г мрежа изразуваат четири компании. Тие бараат да платат помалку пари за користење на фреквенциите и подолг рок на користење за да им се исплати инвестицијата, според претходните коментари во отворената расправа за сумата. Постојните два мрежни оператори не би бил фер предлогот на АЕК нов трет оператор да може да плати двојно помалку од нив. Трет оператор пак би изградил нова мрежа како и би придонел за поголема либерализација на пазарот. Инаку претходно еднократниот надоместок што го платил секој оператор при доделување на одобренијата за користење на радиофреквенции за 3Г изнесувал 10 милиони евра, а за 4Г изнесувал 10.3 милиони евра. Со претходните владини одлуки од пред десетина години, еднократните прифатливи надоместоци за разни фреквенции bea од два, пет, десет и 15 милиони евра, а најголемата што се побара беше во 2012-та со сума од 25 милиони евра за опсегот 811-821/852-862MHz како едно одобрение за целата територија Со терминот 5Г се означува петтата генерација на мобилни телекомуникациски врски, која треба да овозможи побрз интернет и можност за поголемо поврзување на уреди. Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели. Од заинтересираните компании, три ѝ се познати на јавноста - тоа се Македонски телеком, А1 Македонија и Неотел. Неотел не нуди мобилна телефонија. Четвртата компанија е Битстрим Мобиле која сака да влезе на пазарот како нов мрежен оператор. Станува збор за фирма основана на крајот на јануари годинава. Според податоците од Централен регистар, компанијата е во сопственост на Телесмарт, фирма која има повеќе од десетгодишно искуство во полето на безжичните комуникации. https://faktor.mk/vlezot-na-5g-mrezata-stopiran-od-vladata-vo-prashanje-e-kolku-i-kako-kje-se-naplati-ednokratniot-nadomestok-od-operatorot |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #16 Posted: 14-Sep-2021 at 16:52 |
Македонија има најбавен пристап до интернет во Европа
Македонските домаќинства и фирми имаат реално најбавен пристап до интернет во Европа, покажуваат резултатите од глобално истражување на британскиот портал „Кејбл“. Просечната брзина на интернет во Северна Македонија, измерена при истражувањето, била 15,38 мегабити во секунда, што е побавно во споредба со другите две земји на дното на листата – Албанија (19,36 мегабити во секунда) и Косово (22,21 мегабити во секунда). Во глобални рамки, Македонија е на 107 место од вкупно 224 земји во кои било спроведено истражувањето. Овој резултат е нешто побрз од прагот од 10 мегабити во секунда, што се смета за минимална брзина што би ги покрила потребите за пристап до интернет на вообичаено семејство или мала компанија. Македонските домаќинства и фирми имаат реално најбавен пристап до интернет во Европа, покажуваат резултатите од глобално истражување на британскиот портал „Кејбл“. Просечната брзина на интернет во Северна Македонија, измерена при истражувањето, била 15,38 мегабити во секунда, што е побавно во споредба со другите две земји на дното на листата – Албанија (19,36 мегабити во секунда) и Косово (22,21 мегабити во секунда). Во глобални рамки, Македонија е на 107 место од вкупно 224 земји во кои било спроведено истражувањето. Овој резултат е нешто побрз од прагот од 10 мегабити во секунда, што се смета за минимална брзина што би ги покрила потребите за пристап до интернет на вообичаено семејство или мала компанија. Авторот „Кејбл“ (cable.co.uk) тврди дека со анализата биле опфатени повеќе од 1,1 милијарда тестови на широкопојасна брзина низ светот, во периодот од 12 месеци заклучно со јуни 2021 година. Податоците биле собрани во Ем-лаб, проект во кој учествуваат низа граѓански организации, образовни институции, како и приватни компании, вклучувајќи ги „Гугл“ и „Планетлаб“ на Универзитетот Принстон. Пристап до најбрз интернет во светот имаат жителите на малата британска независна територија Џерси – од за нас неверојатни 274,27 мегабити во секунда, пред Лихтенштајн (211,26) и Исланд (191,83). Сите 29 земји од Западна Европа се во првата четвртина на глобалната мапа, а при дното во регионот е Италија (36,69 мегабити во секунда). – Со просечен пристап од над 90 мегабити во секунда, Европа и годинава апсолутно доминира, благодарение на одличната инфраструктура – се заклучува при анализата. Покрај европските земји, при светскиот врв се Јапонија, со брзина на пристап од 96,35 мегабити во секунда, САД (92,42) и Канада (80). При средината се Австралија, со просечна брзина од 40,5 мегабити во секунда, Русија (35,73) и Бразил (33,3), додека Кина, со брзина на пристап од 2,06 мегабити во секунда е при светското дно, неколку позиции над Авганистан (1,41 мегабит во секунда). Во заклучоците од истражувањето се забележува дека првпат откако почнале мапирањата, бил намален јазот помеѓу земјите со најбрз и најбавен пристап до интернет. Оваа година петте земји на врвот од табелата имале 202 пати побрз пристап отколку петте последни земји. Како илустрација, за симнување филм во висока резолуција со големина од 5 гигабајти во Џерси се потребни 2 минути и 29 секунди, а во Туркменистан 22 часа и 34 минути. Во Македонија за таква операција би биле потребни 23 минути и 27 секунди, што укажува дека реалната просечна брзина измерена со истражувањето значително отстапува од онаа што е регистрирана од домашната надлежна канцеларија. Македонската Национална компетентна канцеларија за широкопојасен проток на информации (БКО), формирана по препорака од Европската Унија како експертско тело за поддршка на инвестициите во „бродбенд“ инфраструктурата, во својот најнов извештај од март годинава наведува податоци од мапирањето спроведено на крајот од минатата година. Податоците говорат дека 82,84 отсто од домаќинствата имаат можност за пристап до брзи бродбенд мрежи со брзина на преземање помеѓу 30 и 100 мегабити во секунда, а 63 отсто имаат пристап до мрежи со капацитет поголем од 100 мегабити во секунда. Притоа е истакнат планот до крајот на 2023 година процентот на домаќинства со пристап до брзи бродбенд мрежи да се зголеми на 87 отсто, а до ултрабрзи мрежи на 75 отсто. Во долгорочната стратегија на владата, пак, е предвидено до крајот на 2029 година сите домаќинства да имаат можност по прифатлива цена да имаат пристап до мрежа што овозможува брзина за симнување податоци од најмалку 100 мегабити во секунда, со можност за надградба на гигабитна брзина. – До крајот на 2029 година е предвидено сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни установи, здравствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела), да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1 гигабит во секунда – се наведува во стратегијата. Што се однесува до пристап до мрежата на мобилните апарати, во стратегијата е планирано до крајот на 2023 година барем еден град да биде покриен со 5Г сигнал, до крајот на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до 2030 година секој да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 мегабити во секунда. https://www.slobodenpecat.mk/makedonija-ima-najbaven-pristap-do-internet-vo-evropa/ Edited by stef4o - 14-Sep-2021 at 16:52 |
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #17 Posted: 31-Jul-2021 at 15:13 |
Пред 10-на години мислам имаше обид за еден етнички мобилен оператор, буквално Албафон се викаше, ама не се покажа како добар бизнис модел и набргу престана со работа. Не мислам дека и овој Мтел ќе тера слична политика, но ќе видиме што и како ќе биде.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #18 Posted: 31-Jul-2021 at 14:58 |
Супер! Едвај телеком индустријата беше некако унитарна во Македонија. Сега фали и некој ТуркСелл нека влезе на пазарот и да заличиме на Босна со три оператора по етничка линија: Еронет, М-телеком Српска и БХ Телеком. Секоја етничка заедница "природно припаѓа" на еден од операторите, конкуренција меѓусебна нема, договорен монопол у сопственото племе.
Ова е добро како економски модел за Македонија само и исклучиво во браншите каде Македонија е оштетена од малцинставата, како поштенски услуги, струја на пример. Во смисла, чим Арачиново не плаќа струја, да му се остави локален мафијаш, локален Крале-Марко, да биде "ЕВН" за Арачиново и да зголеми наплатата, а он да купува од државата whole-sale струја. Па кога ќе зголеми наплата пак да биде купен од западна компанија. А не да се остава на пазарот кај што веќе има присуство на светски групации како Дојче телеком и А1, баш тамо локални анти-западни компании да го рушат пазарот и тоа во телекомуникации кајшто може дури и проруски и кинески тајни служби да прислушуваат. Или можда ова е само инает према Бугарија покажување и према ЕУ?! Јас да сум Меркел и Макрон у ваков случај би поделил васпитни по Балканот и јасно до знаење ќе се даде дека банкарски, телеком, осигурителен и неколку други големи сензитивни сектори едноставно не смее анти-западни фирми да влагаат и крај. Од друга страна, ако во Македонија се градат малл-ови на секој чекор и власта вика дека се зголемувала куповната моќ и стандардот. Епа редно време е да добиеме и трет оператор од некоја светска групација како Vodafone, Telefonica, Orange, Hutchinson, Telenor. Edited by user8642 - 31-Jul-2021 at 14:59 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #19 Posted: 30-Jul-2021 at 13:41 |
Српскиот Телеком влегува во С Македонија
Генералниот директор на „Телеком Србија“ Владимир Лучиќ обелодени дека компанијата која ја предводи го шири својот бизнис во С Македониа. Во изјава за Танјуг, Лучиќ вели дека денеска почнало оснивањето на фирма на „Телеком Србија“ во С Македонија. На македонскиот пазар тие ќе настапуваат под името „Мтел“. Лучиќ нагласува дека „Мтел“ ќе стартува со работа за еден месец и на почетокот во понудата ќе биде вклучена само сателитиската телевизија, а до крајот на годината на потенцијалните корисници ќе им биде овозможена и мобилна телефонија и оптички интернет. За нас се многу важни одлуките кои беа донесени на Економскиот форум во Скопје. Ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот и имаме план освен во С Македонија да се прошириме и на пазарот во Албанија“.вели Лучиќ во изјавата за Танјуг. https://360stepeni.mk/srpskiot-telekom-vleguva-vo-s-makedonija/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #20 Posted: 30-Jun-2021 at 15:44 |
АЕК: Ќе бидеме први во Западен Балкан со воведувањето на 5Г мрежата, ќе има повеќе пари во буџетот
Агенцијата за електронски комуникации на почетокот од месецот ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтатата мобилна генерација 5Г. До 5 јули заинтересираните страни треба да достават намера за добивање радиофрекфенции. Од регулаторното тело велат дека интересот кај операторите ќе се знае по завшувањето на периодот за јавна расправа на објавената намера. „Во зависност од бројот на доставените писма на намери можни се две сценарија. Првото е да изјават намера за купување на радиофреквенции повеќе субјекти од предвидените одобренија за доделување во намерата и во тој случај се продолжува со објава на тендерска постапка. Второто е да изјават намера за купување на радиофреквенции помалку или онолку субјекти колку што се предвидени за доделување на одобренија во намерата и во тој случај се продолжува со постапка со поднесување на барање за користење на радиофреквенции“, велат од АЕК. Од таму додаваат дека, согласно динамиката, Македонија ќе биде првата земја во регионот со воведување на овие фреквенции, а економски бенефит ќе има стопанството, како и буџетот на земјата. „Бенефитот е повеќестран како развој на целокупната економија во сите области, внесување на свежи средства во буџетот на Македонија, можни нови вработувања во случај на влез на нов оператор на пазарот во Македонија, вработувања во вертикалната индустрија итн. Во регионот 5Г не е воведен во државите од Западен Балкан, така што со успешно спроведена постапка ние би биле права држава од оваа група на држави кои ќе воведат 5Г“, гласи одговорот од АЕК. Станува збор за повик за три фреквенциски опсези, односно Агенцијата планира да додели три одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 700 MHz, седум одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 3.x GHz и четири одобренија за користење на радиофреквенции во опсегот 26 GHz. Конкретно, планот е до крајот на 2023 година Скопје да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps. Со воведувањето на овие фреквенции, се очекува поставилни електронски комуникациски мрежи, користење на нови богати медиумски содржини, апликации, нови иновативни услуги прилагодливи за различни платформи. Се претпоставува дека овие мобилните мрежи и технологии овозможуваат реорганизација на процесите за производство и работа и кај деловниот сектор и кај администрацијата, или индиректоно побрз развој на економијата и на знаењето. https://faktor.mk/aek-kje-bideme-prvi-vo-zapaden-balkan-so-voveduvanjeto-na-5g-mrezata-kje-ima-povekje-pari-vo-budzetot |
|
Post Reply | Page 123 28> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |