![]() |
![]() |
![]() |
Улица Васко Карангелески-Аеродром |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 28-Dec-2024 at 18:16 |
Собраќајното решение за крстосницата на „Васко Карангелевски“ во институционален ќорсокак
https://kanal5.com.mk/sobrakjajnoto-reshenie-za-krstosnicata-na-vasko-karangelevski-vo-institucionalen-kjorsokak/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Граѓаните загрижени дали улицата Васко Карангелески ќе добие семафори: Град Скопје вели да, ако одобри МВР
Град Скопје минатата есен ја заврши изградбата на оваа улица и оттогаш граѓаните предупредуваат дека во сериозна опасност се особено децата, кои секојдневно ја минуваат оваа крстосница движејќи се кон училиштето „Љубен Лапе“ и бараат Градот итно да преземе нешто додека не се случила некаква несреќа. За еден месец почнува новата учебна година, а крстосницата на улицата Васко Карангелески останува небезбедна за децата што учат во училиштето „Љубен Лапе“ и која секојдневно треба да ја поминуваат. За една година се поставени само лежечки полицајци и ништо повеќе, реагираат загрижени родители од Аеродром. Непрегледно е, пребрзо се вози, но нашите реакции и до Град Скопје и до Општина Аеродром, останаа залудни. Една година бараме на крстосницата да се стават семафори. Што треба да се случи за да реагираат, да настрада некој? Се ближи септември и јас уште сега стравувам како ќе одат секојдневно моите две деца на училиште – вели мајка на ученици во „Љубен Лапе“. Град Скопје минатата есен ја заврши изградбата на оваа улица, која овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општината – АСНОМ, Јане Сандански и Трета македонска бригада. На улицата има по две коловозни ленти во двете насоки во должина од 1100 метри, велосипедски и пешачки патеки, а изведена е и нова атмосферска канализација. Од Градот се пофалија дека со ваквото сообраќајно решение се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Веднаш потоа почнаа и реакциите на граѓаните што живеат во овој дел од градот и кои секојдневно минуваат по улицата. Според нив, сообраќајницата е проектирана за брз проток на возила, што значи дека по неа се вози со голема брзина. Поради тоа предупредуваа дека во сериозна опасност се особено децата што секојдневно ја минуваат оваа крстосница движејќи се кон училиштето „Љубен Лапе“ и бараа Градот итно да преземе нешто додека не се случи некаква несреќа и оваа улица да стане една од „црните точки“ во Скопје. Од Општина Аеродром потсетуваат дека улицата Васко Карангелески е во надлежност на Град Скопје од каде што се одговорни за безбедноста во сообраќајот на возачите и на пешаците, како и за поставување на целата потребна сигнализација. ООУ „Љубен Лапе“ со цел поголема безбедност на учениците има пратено барање до Градот, од каде што училиштето добило одговор од Секторот за сообраќај дека заедно со СВР Скопје работат на подобрено решение, но сè уште не се преземени конкретни активности. Поради тоа, ние како Општина под чија надлежност е ова основно училиште, пред две недели пративме уште еден официјален допис до Град Скопје за поставување соодветна сигнализација за безбедно движење на учениците пред почетокот на учебната година, од каде што се надеваме на позитивен одговор – велат од Општината. Од Град Скопје, пак, тврдат дека веќе се преземени мерки за поголема сообраќајна безбедност, но дека се планира и поставување семафори. На улицата Васко Карангелески во изминатиот период се имплементирани неколку мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како зона на школо, вибро ленти и други мерки што значително придонесуваат за намалување на брзината на возилата. Исто така сакаме да ве известиме дека изготвен е проект за воведување нови семафори на крстосницата помеѓу улицата Васко Карангелевски и улицата Ангел Димовски, кој во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е доставен до СВР Скопје и сѐ уште се чека добивање на потребната согласност за негова имплементација. Досега Град Скопје до Секторот за внатрешни работи имаше доставено ОСП за светлосни сигнали (семафори) за истата локација, но истото 3 пати е одбиено и од таа причина не можеше да се спроведе на терен – објаснуваат од Град Скопје. На потег е МВР од каде што се очекува да го прифатат барањето на Град Скопје, а со тоа и барањето на загрижените граѓани, пред сѐ за поголема безбедност на учениците, но и на сите други учесници во сообраќајот. https://www.slobodenpecat.mk/gragjanite-zagrizheni-dali-ulicata-vasko-karangeleski-kje-dobie-semafori-grad-skopje-veli-da-ako-odobri-mvr/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Сега нема огромна фрекфентност, но во иднина со отворањето на мостот кај СРЦ Јане Сандански, ќе се зголеми фрекфенцијата на улицата. А, особено во подалечната иднина ако се пробие планираната улица од Раде Кончар до Кисела Вода.
Таман е улицава што е 2+2, проблемот е конкретно кај раскрсницава и воопшто кај училиштето. Раскрсницава е прво непрегледна, лошо изведена и проектирана, а безбедноста на децата воопшто не е земена предвид. На пример, на истиов овој булевар кај училиштето Ѓорѓија Пулевски има ограда долж улицата, овде нема ни лежечки полицајци, ниту ограда. Не верувам дека семафори ќе помогнат на раскрсницава, допрва ќе гледаме сообраќајки тука ![]() Edited by anna75 - 22-Nov-2023 at 11:32 |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
А реално која е потребата оваа улица да има две ленти по правец? Се немам натаму движено, ама вака од око не се работи за некојси спектакуларно фреквентен крак во градот. Страничните ленти да се претворат во паркинг - со една пушка повеќе зајаци: ем еден куп паркинг, ем зголемена безбедност, намалена бучава итн.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Рушење на полициската, кружен тек и продолжување на улицата према Џевахир.
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Тука треба да има кружен тек, се друго е импровизација и опасно.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Добро бе стварно асфалтни лежечки сè уште не се стандард? Па пред се на улица која врви покрај училиште? Кај нас не треба да постојат 30 метри без лежечки, на секоја улица, а поготово на големи.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„ОВА НЕ Е БУЛЕВАР, ОВА Е КЛАНИЦА“- КОЛА ПРЕВРТЕНА НА ПОКРИВ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Втора сообраќајка за само неколку дена
На недовршениот булевар во населбата Аеродром во Скопје се случи уште една тешка сообраќајќа, при што едно од двете возила кои учествувале во несреќета е буквално превртено на покривот. Ова е посебно алармантно што двата автомобили се судриле точно пред основното училиште „Љубен Лапе“, за што Фактор и претходно пишуваше укажувајќи на фактот дека загрозена е безбедноста на децата токму поради недовршениот булевар, како и ултра брзото и несовесно возење на возачите. Еден од жителите на населбата Аеродром, кој објави и застрашувачки фотографии на неговиот профил на Фејсбук, апелираше булеварот да се избегнува. -Ова не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА, напиша тој. Во неговиот пост додава дека и ова е втора сообраќајќа за само неколку дена. -Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА! Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како побрзо да го средиме овој хорор. ![]() Инаку, Фактор пред само десеттина дена објави текст за недовршениот проект на Град Скопје, булеварот „Васко Карангелески“, во кој укажавме дека безбедноста на децата кои учат во основното училиште „Љубен Лапе“ е целосно загрозена. -Нема семафори, нема сообраќајни знаци, нема „лежечки полицајци“, а улицата е ултра брза. Со овие зборови загрижени родители на деца кои учат во тоа основно училиште во Општината Аеродром се обратија до редакцијата на Фактор, укажувајќи на опасностите на кои се изложени учениците кои секојдневно минуваат оттаму за да влезат во училиштето. Реагираат родителите, но реагира и општината Аеродром, која инситира Град Скопје што поското да го заврши булеварот. https://www.faktor.mk/ova-ne-e-bulevar-ova-e-klanica--kola-prevrtena-na-pokriv-pred-osnovno-uchilishte-srede-skopje-vtora-soobrakjajka-za-samo-nekolku-dena |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zlate676 ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Aug-2019 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Боровите немаат систем за наводнување, лупнати се со намера да се исушат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Аеродромци конечно нема да голтаат прашина: Асфалтирана раскрсницата на „Васко Карангелевски“ кај базенот
![]() Жителите на Аеродром и други граѓани конечно веќе нема да голтат прашина на што беа изложени поради незавршувањето на реконструкцијата на раскрсницата кај базенот на улицата „Васко Карангелевски“. Од вчера со прв слој на асфалт е прекриен макадам кој стоеше со месеци бидејќи беа запрени работите на продожувањето на оваа сообраќајница. Асфалтирана е делницата од околу стотина метри, а градежните екипи почнале и со градбата на продолжението на улицата кон булеварот „Трета македонска бригада“. Но, дали градбата ќе продолжи останува да се види. Во изминативе месеци жителите на оваа скопска општина многупати реагираа поради незавршувањето на оваа делница. Таа беше оставена, а возилата мораа да поминуваат по камења и дупки при што се креваа големи облаци прашина. Градските власти, коишто се надлежни за реконструкција на оваа сообраќајница, не даваа доволно информации од кои причини се запрени работите. Скопската градоначалничка Данела Арсовска во едно интервју само спомна дека има проблеми со трасата на улицата. Улицата почна да се прави во јуни 2021 година од претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов. https://skopskoeho.mk/aerodromci-vekje-nema-da-goltat-prashina-asfaltirana-raskrsnicata-na-ulicata-vasko-karangelevski-kaj-bazenot |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Мета факт: „Васко Карангелески“ – најкраткиот булевар со пробиени рокови и заборавени багери
Пред повеќе од две години, на 21 јули 2021 година, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, одржа прес-конференција на улицата „Васко Карангелески“, за да ги најави градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром. Вкупната вредност на проектот, како што рече Шилегов, е 71,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 18 месеци. Од она што може да се види на терен, е дека за изградбата на овој проект веќе поминаа 18-те месеци, односно поминати се повеќе од 24 месеци, но работите не се завршени. Она што е позагрижувачки е дека во близина се наоѓа основното училиште „Љубен Лапе“, па веќе од септември нивната безбедност ќе биде доведена во прашање, бидејќи секој ден преминуваат преку необележани и небезбедни премини, обидувајќи се да го најдат патот до школо помеѓу возилата кои се движат во сите насоки. Овој проект предвидуваше улицата, која почнува кај салата „Јане Сандански“, да добие четири коловозни ленти во делот пред воениот базен каде всушност се стреснува и има само две ленти. Потоа, требаше да се пробива покрај базенот за да се поврзе со булеварот Трета македонска бригада. Како што објаснија тогаш од Град Скопје, на трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“. Четири месеци по најавата на овој проект, Шилегов си замина од градоначалничката функција, а го наследи Данела Арсовска. Оттогаш, како што сведочат и жителите на населбата, повремено се вршела реконструкција на овој дел, но веќе извесен период работите се во застој. ![]() Мета.мк се обрати до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, за тоа каква е планираната динамика за реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром, од каде што не добивме одговор на поставените прашања. Во јули годинава, советничката во Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Милка Тримчевска, изјави дека булеварот „Васко Карангелевски” е инфраструктурен споменик на нереализирани ветувања и една од најважните сообраќајници која поминува низ општината Аеродром. „Ова е еден од најкратките булевари во градот, но и булевар со рекордно најдолго време на реконструкција досега. Две години, ние жителите на Аеродром, секојдневно поминуваме во дупки, ги кршиме и оштетуваме нашите автомобили, а возачите и граѓаните кои живеат во овој дел од општината се гушат во прашината“, посочи Тримчевска. Инаку, за овој булевар претходно, реагираа граѓаните, спротивставувајќи се на сечата на дрвата од двете страни на булеварот. Арсовска лани во април уверуваше дека дрворедот на улицата „Васко Карангелески“ ќе биде целосно зачуван. Со новиот проект, рече Арсовска, а пренесоа медиумите, ќе се зачува целото зеленило и ќе се посадат нови 30-тина дрвја. „Првичниот проект на улицата предвидуваше целосно отстранување на над 100-тина дрвја за да може да се изврши реконструкцијата. Се направи промена на планот како да се зачува дрворедот и да се зголеми бројот на дрвја и на овој потег. Дрворедот пред пензионерскиот дом ќе биде целосно зачуван, над 100-тина дрвја стари 100-тина години на овој потег ќе ги зачуваме, а веќе беа пресадени 16-тина здрави дрвја заедно во соработка со Општина Аеродром, истите се веќе пресадени на потегот кај основното училиште Љубен Лапе“, истакна таа додека вршеше увид на градежните работи. Но, проблемот се појавил во ноември кога работниците на ЈП „Паркови и зеленило“ почнале со интервенции и на другата страна од улицата. Медиумите пренесоа дека машини ги ваделе преостанатите дрвја од страната спроти ОУ„ Љубен Лапе“ за да се исчисти просторот за да може да се прошири улицата. Извадените дрвја биле пресадувани во паркови околу улицата. Поради сето ова погоренаведено, иако на овој проект се работи и за истиот се сменија двајца градоначалници кои излегоа со различни проценки, оценуваме дека реконструкцијата и изградбата на улицата Васко Карангелески на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром не е исполнета во предвидените рокови. https://meta.mk/meta-fakt-vasko-karangeleski-najkratkiot-bulevar-so-probieni-rokovi-i-zaboraveni-bageri/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
а добро, делот што е од базенот до ТМБ 1+1 ќе биде?
![]() |
|
![]() |
|
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
Се во ред дискусијава, само да не се навредувате меѓу себе. AnnA75 во право си, иначе се согласувам со така да се изразам загриженоста меѓутоа само 500 метри посеверно си има типичен пример како има лежечки успорувачи така да не гледам некој аргумент ова да не биде 2+2 решение, и според ГУП одамна е така, и логиката налага така, Ќерамидница (Гази Баба) да боде булеварски поврзана со Аеродром и Кисела Вода. Секој сака некој вид на мир тоа да, и баш заради тоа фокусот треба да биде кон зачувување и унапредување на парковите и просторите меѓу зградите, бидејќи зборуваме за најубавата населба во градот, а не кон спречување на проширување на тесни грла. Инаку, се се одвива бавно, се работи без елан, желба и визија и уште на почетокот кажав најголеми губитници ќе бидат Скопјани, партиите ќе си ја префрлаат топката, меѓутоа Скопје доби најнеспособна градска гарнитура која не е во состојба да ги продолжи проектите во тек од претходната и од таа пред тоа гарнитура.
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Аман со жалопојкиве ![]() Ако сакате селски сокачиња, останете си во селото. Овој дел од Аеродром одамна е предвидено да има булевар. И сосема логична врска е со мостот кај Керамидница и со идниот булевар/улица кај Раде Кончар кон Кисела Вода. Тие жители кои се бунат се локалци кои сакаат да живеат во урбана средина, а притоа да не ги напуштат навиките од селата ![]() Иначе, кај Ѓорѓија Пулевски одамна има булевар, па ете живи се децата уште ![]() |
|
![]() |
|
zlate676 ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Aug-2019 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
Улицата се прави на сила, и покрај негодувањата на граѓаните дека пред школо не треба да има булевар. Сега ќе се прекопува, ќе служу за паркинг пред КАМ, делот кај објекот кај што треба да е некој кружен тек / приклучок е застанат (најверојатно поради нерешени работи), ама важно дрвата се исекоа и на децата пред нос им донесоа булевар наместо мирна улица со 30 макс. брзина. И улицава има смисла ако е пуштен новиот мост.
|
|
![]() |
|
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
И кај Бриколаж нов асфалт прекопаа викендот. А имаше изјава "менаџерката" никогаш повеќе немало да се копа нов асфалт и реконструирана улица/булевар. Се што кажа до сега излажа, најнеспособен градоначалник во историјата на Скопје и најнеспособна градска администрација до сега.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поради дефект на цевка за вода мораа да ја копаат(од фб)
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |