build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија
    Posted: 21-Aug-2024 at 16:54
Работници утрово чистат во и околу досега празната барокна „палата на Зевс“ во центарот на Скопје. Зградата од Скопје 2014-та од 17,5 милиони евра требаше да биде седиште на државната ЕСМ, но со одлука на новата влада во неа ќе се смести ново министерство за енергетика. Сериозен проблем за нормално користење на зградата беше и тоа што нема пристап до паркингот на палатата. Првичната идеја била крајно непопуларна, влез во паркингот да биде направен со тоа што би се продолжила уличката што завршува во плочникот зад оваа нова зграда на ЕСМ.





https://www.facebook.com/photo?fbid=1062797215850546&set=pcb.1062796875850580
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Aug-2024 at 18:18
Се сменија закони, се занемари статиката - како енергетика ја презема барокната зграда на ЕСМ

Барокната зграда на ЕСМ, стана министерска. Поранешниот директор на ЕСМ Христијан Мицкоски, а сега премиер ја даде на новоформираното Министерство за енергетика. Наложил технички прием иако транспорт заклучи дека е со нарушена статика. За да се впише во катастар сегашната власт експресно го измени и законот.

Информацијата дека новиот состав на Собранието донесе измена на закон за катастар медиумите речиси не ја забележаа.

Истражувањето на РСЕ за навидум ситните законски промени ставени како последна точка на дневен ред на собраниската седница, и соединети со содржината на неколку одлуки на владата, откриваат каде државата ќе го вдоми новоформираното Министерство за енергетика. Во барокната зграда која ја следат низа контроверзии, од кои последната е начинот на кој една зграда која до неодамна беше невидлива во катастарот поради низа пропусти, сега стана видлива и доби „легалност“.

Образложение за итноста за носење на Закон за дополнување на законот за катастар со назнака „по скратена постапка“, нема. Но, за него гласала владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Првиот член, кој не е многу јасен, пропишал:

„Запишаните прибележувања на одобренија за градење кои не се предбележани, не претставуваат пречка за укнижувањето на правото на сопственост на градбата и истите се бришат по службена должност од страна на Агенцијата, со укнижувањето на правото на сопственост на градбата“, пишува во првиот дел од одлуката.

Ваквата одлука, се вели во вториот член, ќе важи само во случаите кога се укнижува правото на сопственост на објекти кои се во државна сопственост, но врз основа на одлука на Владата.

Според предлагачите, кои се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на овој начин се надминале проблемите кога Владата носи одлука за право на сопственост на недвижност за која било издадено одобрение за градење, а тоа не е предбележано во катастарот на недвижности.

Кој е објектот што го „намирисала “ државата ?

Една зграда во центарот на Скопје, поточно на улица Македонија веќе долго време зјае празна. Тоа е барокната која ја градеа Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) или поранешно ЕЛЕМ, а која никогаш не се стави во употреба.

Радио Слободна Европа веќе пишуваше дека зградата има проблем со впишување на правото на сопственост во корист на ЕСМ, но и дека уште претходната власт донела одлука државата да ја преземе.

Но, според одговорот кој минатиот месец го добивме од ЕСМ работата заглавила токму во Катастарот. Во октомври минатата година владата донела одлука со која требало да се запише правото на сопственост врз таа зграда, но не во корист на ЕСМ, туку на државата.

Одлуката објавена во Службениот весник ја потпишал тогашниот вицепремиер Артан Груби. Според одлуката, требало да се запише правото на сопственост на недвижен објект на булевар „Македонија“.

„Но, Агенцијата за Катастар на недвижности одби да ја спроведе одлуката од причина што одобрението за градба е во корист на АД ЕСМ,“ рекоа тогаш од државната компанија.

Сегашните измени на законот навестуваат дека токму новата власт со носење на Законот за катастар наменски додава член со кој ќе ја тргне пречката. Извори од Катастарот за РСЕ велат дека и покрај настојувањата и без закон да се овозможи впишување, никој од администрацијата на Катастарот не сакал да потпише незаконска одлука.

Така морало да се донесе наменскиот закон со само две точки, и да се отвори пат зградата која е „намирисана“ и од сегашната власт да се преземе.

Интересно е и тоа што меѓу првите кадровски решенија и само десетина дена по формирање на Владата променет е и директорот на Катастарот.

Разрешен е дотогашниот Борис Тунџев и е назначен нов вршител на должност Иван Живковски.

Сега од катастарот за РСЕ велат дека со носењето на законот се надминале проблемите.

За СДСМ зграда на стаклени нозе, за ВМРО ДПМНЕ стабилна

Во 2017 година Министерството за транспорт и врски донело заклучок дека настанале промени во носивоста и стабилноста објектот и тој не може да се употребува. РСЕ запраша во Министерството за транспорт и врски, како ќе се реализира технички прием на зграда за која истото тоа министерство претходно одлучило дека не може да биде пуштена во употреба.

Одговорот сега од Министерството за транспорт е кус, дека „не се вклучени во новата постапка која ја иницира Владата“.

Според она што го велат од ЕСМ за време на изградбата на зградата што почнало во 2011, токму во мандатот на сегашниот премиер Мицкоски како директор на Електрани, се правеле измени на проектот за кои не претходно не биле обезбедени дозволи .

Ова било причина објектот се уште да нема технички прием. Од ЕСМ велат дека таквата ситуација ја затекнале во 2017 година при промена на власта. Сега владата веќе наложи да се започне постапката за технички прием на истата зграда. Кој ќе одобри дека сега стабилноста е добра, одговор од Влада не добивме.

„Се задолжува Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија да започне постапка за технички прием, ставање во употреба и давање на трајно користење на објектот во КО Центар 1 на Имотен лист бр. 98657, парцела бр. 13526/6 во површина од 1425 м2 на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најдоцна во рок од три месеци“, се вели во една од одлуките на Владата.

Од оваа одлука се открива и намерата на власта, Министерството за енергетика да ја добие зграда со статуата на Перун на врвот и таму да се всели неговата администрација.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/esm-zgrada-energetika-/33070565.html?fbclid=IwY2xjawEwXTZleHRuA2FlbQIxMAABHUZT8FT94-YGxtxfRm-pG0oQH0fXeLZzhF60O-KXc_sl_-6OUUN-RJ-ZUg_aem_WAaZ_rEOlgZUn7sk5KsflA
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Aug-2024 at 15:57
Министерството за енергетика ќе се вдоми во заборавената Палата на Зевс

Владата планира да го смести новото Министерство за енергетика, кое го води министерката Сања Божиновска, во подзаборавената зграда од проектот „Скопје 2014“ што неофицијално се нарекува Палата на Зевс поради неговата статуа на кровот.

Барокниот објект во центарот на Скопје, подигнат спроти хотел „Бристол“, почна да се гради во 2013 и првичната идеја беше таму да се смести централата на државната фирма за производство на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), поранешно ЕЛЕМ.

Изведувачите неколку пати го пробиваа рокот за изградба, но иако завршена, зградата не се користи со години.

Минатиот месец на владина седница Службата за општи и заеднички работи, СОЗР добила задача да ја оспособи палатата за потребите на новото министерство. Според записникот од седницата одржана на 5 јули во рок од три месеци СОЗР треба да почне постапка за технички прием, да ја стави во употреба и да ја предаде на трајно користење на новоформираното министерство за енергетика.

Објектот до сега не се користеше, бидејќи важи за еден вид дивоградба зашто при конструкцијата се направиле бројни промени од одобрениот план. Пречката за вселување требаше да се надмине со несудениот закон за легализација на 50.000 дивоградби, што тогашниот претседател, Стево Пендаровски го стопираше во 2021.

Сериозен проблем за нормално користење на зградата беше и тоа што нема пристап до паркингот на палатата. Првичната идеја била крајно непопуларна, влез во паркингот да биде направен со тоа што би се продолжила уличката што завршува во плочникот зад оваа нова зграда на ЕСМ.

Со ваквото решение би се уништило уште едно катче во центарот на Скопје, каде што жители одмораат на клупите под дрвја и каде што нивните деца безбедно си играат.

Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, која ја изработи БИРН, зградата чинела речиси 17,5 милиони евра.

БИРН пред неколку години пишуваше за внатрешното уредување во палатата, повикувајќи се на сведоштва на луѓе, кои поради поради природата на нивната работа имале детален увид во ентериерот.

Тие раскажуваа дека во зградата постоел посебен лифт што водел до директорскиот кабинет. На катот каде што бил овој кабинет имало и релакс-соба со посебно ергономско легло за одморање. Исто така, за потребите за директорот во тоалетот имало туш-кабина. Во објектот се наоѓала и таканаречена „глува соба“, во која ѕидовите биле покриени со плута.

На местото на оваа зграда до 2013 година имаше парк. Целиот реон стана градилиште откако тогашната власт со полициски специјалци ги исфрли паркобраните што се противеа на идејата за нов блок барокни згради во тој дел од центарот на градот.

https://prizma.mk/ministerstvoto-za-energetika-ke-se-vdomi-vo-zaboravenata-palata-na-zevs/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Jan-2023 at 14:45
ЕДНАТА ЗГРАДА НА ЕСМ 7 ГОДИНИ СТОИ СО РАЗРУШЕНА ФАСАДА, ВТОРАТА КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОПАЃА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ



Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) има две деловни згради и двете се распаѓаат во најстрогиот центар на Скопје. Првата е зградата кај Порта Македонија на влезот на Плоштадот, која 10 години стои со разурната фасада. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, а сега повеќе личи на разурнат и напуштен објект отколку значајно архитектонско дело и седиште на државна компанија. Директорот на компанијата Васко Ковачевски и раководството секој ден кога доаѓаат на работа и го гледаат разурнатиот објект, но тоа не им пречи и не преземаат никакви активности зградата да добие фасада.

Уништувањето на зградата почна во 2013. На барање на тогашниот премиер Никола Груевски, за да се вклопи во неговиот контроверзен проект „Скопје 2014“ за кој неговата влада потроши 700 милиони евра, австриската компанија ЕВН почна со отстранување на модернистичката стаклената фасада за да прави барок од стиропор од 4,3 милиони евра. Проектот не успеа да се реализира во целост и беше стопирано обвивањето во барок со доаѓањето на власт на СДСМ. Но, само тоа и беше направено. Почнува седмата година од нивното владеење, а зградата зјае без фасада. Нема најави за обнова, ниту е избран проект, а камо ли наскоро да почнат градежни работи.

Вториот објект на ЕСМ е барокната зграда спроти Старата железничка станица што беше дел од проектот „Скопје 2014“. Таа стои празна оти нема технички прим и употребна дозвола. Додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ во текот на градбата се правеле низа измени, а за тоа не се поднесувале барања за да добијат одобрение од Министерството за транспорт и врски. Од компанијата се жалеа и дека се направени низа пропусти при градбата, инсталациите не се соодветно изведени, нема пристап до подземниот паркинг. Но, изминатгиве години ништо не е направено зградата која чини 15 милиони евра да се стави во функција, а не да пропаѓа.

Од ЕСМ кусо ни одговорија дека во моментов се фокусирани на енергетска криза и нека никакви нови активности околу фасадата на деловната зграда каде се сместени. За барокниот објект, пак, велат дека чекаат да се донесе новиот Закон за легализација на дивоградби за да може зградата да добие употребна дозвола.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ednata-zgrada-na-esm-7-godini-stoi-so-razrushena-fasada-vtorata-kaj-stara-zheleznichka-od-15-milioni-evra-propaga-bez-tehnichki-priem/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Dec-2022 at 09:11
(ВИДЕО) Зградата од 17 милиони евра на ЕСМ/ЕЛЕМ на пат да стане дивоизграден „споменик“





https://360stepeni.mk/video-zgradata-od-17-milioni-evra-na-esm-elem-na-pat-da-stane-divoizgraden-spomenik/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Nov-2022 at 18:39
(ВИДЕО) Нема мелем за зградата од 17 милиони евра на ЕЛЕМ



Пет и пол години по објавата дека се отвора, новата зграда на државните Електрани (некогаш ЕЛЕМ, денес ЕСМ) се уште не е во функција – зошто објектот за кој се потрошени 17 милиони евра фаќа пајажини



Во мај 2017 г. тогашниот премиер Никола Груевски при посета на објектот на тогашниот директор на „Елем“, Христијан Мицкоски му објаснуваше дека објекот има три подземни нивоа со што се решава проблемот со паркирањето.

Навистина, има три нивоа паркинг под земја заедно со лифтови за возила, но нема начин како од улица да се стигне до лифтовите. За да стигне до лифтовите, плановите во времето на Никола Груевски предвидуваа да се уништи просторот за одмор и плочикот меѓу блиските станбени згради и таму да поминува улица.

За такво нешто не се собра политичка храброст ниту тогаш, ниту сега. Особено што пристапот не е единствен проблем.

„Видете, таму при проектирање на зградата не се водело внимание дали се наоѓа на почва која можеби е потоплива и на којашто може да се случат одредени проблеми. Таму практично деноноќно работат пумпи коишто 24 часа ја исцрпуваат водата и тој простор дури и да биде употреблив не е соодветен и затоа претставува проблеми во целокупната постапка.Изнаоѓа ни се решение со пумпите кои до некаде го решаваат проблемот но тоа дефинитивно не е решение не гледам како би можело да се надмине целокупниот проблем“.
рече Душица Сеизовска Јовановиќ-директор за правни и општи работи -ЕСМ.
Одговорност што зградата е изградена така како што е изградена или затоа што готов објект полн со мебел веќе петта година скапува неискористен, засега нема.



https://360stepeni.mk/video-nema-melem-za-zgradata-od-17-milioni-evra-na-elem/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Jul-2021 at 10:03
Палатата на Зевс, како што неформално се нарекува поради неговата статуа на кровот, е еден вид дивоградба зашто при конструкцијата се направиле бројни промени од првичниот план. Затоа сега ЕСМ не може да ја користи палатата од 16,5 милиони евра, и покрај тоа што е завршена. За легализација на дивоградби не чекаат само поединци туку и вакви институции.

https://prizma.mk/i-skopje-2014-go-sonuva-zakonot-za-divogradbi/?fbclid=IwAR1Hjb1MY9MtrZGG6cM0IYbZR3k7Hs_MOXsA0riZ3uRaYclP8IMl8-caDPQ
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2025
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Mar-2021 at 16:10
Ова е една од попаметните работи кои ги имам прочитано во последно време. Скопје со години неможе да обезбеди градска куќа и Шилегов има шанса да биде првиот градоначалник кој на Скопје му обебедил саглам објект за градска администрација. Добро е што постоечки објект се искористува, јас и предлагав како подобра опција ми се чини сеуште дека е домот на АРМ да стане градска куќа, но и ЕВН не е лоша опција.

Таа неславна епизода со Офицерски и СК14 секако треба што побрзо да се затвори и тој простор да го добие градот на располагање за сопствени потреби. Дали и како после тоа ќе го користи или ќе го продава, тоа е накнадно прашање, битно е да се заврши.

Edited by user8642 - 06-Mar-2021 at 16:12
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Mar-2021 at 12:35
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО ЗГРАДАТА НА ЕСМ НА ПЛОШТАД, КОМПАНИЈАТА ОДИ ВО БАРОКНИОТ ОБЈЕКТ КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА

Град Скопје ќе се сели во поранешната зграда на ЕВН каде сега е сместена компанијата ЕСМ, на плоштадот Македонија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Директорот на државната компанија ЕСМ Васко Ковачевски вели дека пролетва компанијата ќе почне со преселба во барокната зграда на улица Македонија, спроти Музејот на Град Скопје, и потврдува дека потоа во зградата ќе се всели некоја држвана институција или администрацијата на Град Скопје, но за тоа ќе се одлучи откако ќе заврши преселбата.

„При крај сме со решавање на пропустите кои ги наследивме од претходната власт за да можеме да добиеме технички прием на зградата. Очекувам дека пролетва ќе почнеме со преселба во новиот објект. Зградата каде што сме сега е во сопственост на Владата и откако ќе се иселиме ќе биде предадена на Град Скопје или на некоја друга институција“, вели Ковачевски на прашањето кој ќе се всели во зградата по нивното заминување.

Директорот Ковачевски и градоначалникот Петре Шилегов во четвртокот имаа работна средба на која се договарал планот за обнова на фасадата на зградата. Ковачевски вели дека наскоро ќе биде распишан конкурс за избор на идејно решение со кои ќе се врати стариот изглед на објектот односно стаклената фасада по која зградата беше препознатлива.

„Бидејќи ние сè уште сме во објектот заеднички ја почнуваме постапката, откако ќе се иселиме изведбата на фасадата ќе ја финансира Градот“, додава Ковачевски.

Од зградата на ЕСМ пред неколку месеци беа извадени скелињата и платната со кои беше покриена 7 година откако во 2013 почнаа градежните работи за менување на фасадата во барок. Новото раководство на ЕСМ откако ЕВН замина од зградата го раскина договорот со изведувачот „Бетон“ и сега од почеток заедно со Градот ја почнуваат постапката за враќање на некогашниот изглед.

Зградата на ЕСМ е изградена 1962 и е еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура. Автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ. Фасада ја дизајнираше и реализираше покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски кон крајот на 1970-тите години и тој целосно го испочитувал делото на колегата кој е автор на првичниот проект. Втор пат фасадата е реконструирана во 2000 година. Тогаш е додадено стаклото и е полиран мермерот.

Град Скопје во ноември 2019 за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на ЕВН. Тогаш градоначалникот Шилегов кажа дека одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски е донесена бидејќи се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.

На местото на бараките во Градскиот парк каде сега е сместена градската администрација според новиот Детален урбанистички план кој сè уште е во фаза на изработка во Општина Центар се предвидува да се гради монтажен паркинг. Со стариот план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ на овој простор се предвидуваше да се гради 25-метарски деловен објект, но сега маркичката е избришана.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ke-se-seli-vo-zgradata-na-esm-na-ploshtad-kompanijata-odi-vo-barokniot-objekt-kaj-stara-zheleznichka/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2025
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Sep-2020 at 00:38
За паркингот кај Автомакедонија беше и најавена барокна катна гаража која требаше да ја гради НикоФон, и земјиштето беше доделено по слична шема како земјиштето на плоштад, па за тука не видов ме дека се потргаа нешто посебно инситуциите да го разрешат и овој случај и да го вратат во државна сопственост земјиштето. Во секој случај мора да се утврди за што се работи пред да се гради било што, дали има некој локалитет тука.





Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Aug-2020 at 22:33
Ова треба да е на самиот југоисточен крај на ЕЛЕМ и паркингот до него, каде што сакаа да прават катна гаража.

Имаше некои написи за тунел од Собрание до стара железничка, како и текст на скопјанец кој октрил тунел под неговата зграда на ул. Македонија пред земјотресот, ама за манастиров првпат слушам. Како нема истражување и конзервација???

Edited by Staro Skopje - 31-Aug-2020 at 22:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2025
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Aug-2020 at 22:23
Дали зградава е шљапната врз археолошки локалитет и тоа е сокриено од јавноста?!
Неможам целосно да ја триангулирам позицијата, ако може некој дека даде позиција од каде е сликано.



Или можеби во текстов има вистина дека власта во втора светска војна го срушила објектот и ја затрупала локацијата?!
http://srbi.org.mk/podsetnik-na-dan-bogorodice-trojerucice-skriveni-tragovi-srpskog-srednjevekovnog-nasledja-u-skoplju/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Jul-2020 at 12:43
Барокната зграда на ЕЛЕМ – ЕСМ зјае празна, од Транспорт не даваат технички прием







Иако зградата е готова и опремена со мебел од Транспорт не ѝ даваат употребна дозвола и е побарано од инвеститорот да поднесе ново барање за измени во текот на градбата, сè со цел продолжување на постапката. Од сегашното раководство на ЕСМ велат дека правните служби на компанијата и на министерството се во постојана комуникација да се реши затекнатата ситуација, со цел да може во иднина зградата, која чини 15 милиони евра, да се користи според сите правила и прописи на кои треба да подлежи

Барокната зграда на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) спроти Старата железничка станица, зјае празна. Раководството и вработените на оваа енергетска компанија не можат да се преселат во неа, иако истата е комплетно опремена со мебел, поради тоа што Министерството за транспорт и врски не дава да се направи технички прием.

Оваа зграда почна да се гради во 2013 година во рамки на проектот „Скопје 2014“, но во текот на градбата се правеле измени и истите не биле одобрени од ресорното министерство. Од Транспорт за весникот ВЕЧЕР изјавија дека за конкретниот објект на ЕСМ, Министерството за транспорт и врски има издадено одобрение за градење.

– Инвеститорот побара од Министерството за транспорт и врски да се изврши технички преглед на објектот, но поради измени во текот на градбата, истиот не може да се спроведе. Затоа Министерството за транспорт и врски го извести Инвеститорот дека е должен да поднесе ново барање за измени во текот на градбата, сè со цел продолжување на постапката – велат од Транспорт.

Зградата е комплетно изградена уште во 2015 година, но од Транспорт сега одбиваат да дадат употребна дозвола, бидејќи направените измени на објектот претходно не се поткрепени со соодветни барања за давање одобренија за нив. Тогашното раководство на Министерството за транспорт преќутно одобрувало да се прават измените, со образложение дека кога зградата ќе биде готова ќе ги издадат и потребните дозволи. Оваа зграда е градена за време на директорувањето на тројца директори на тогашниот ЕЛЕМ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и истите не успеале да ги добијат потребните дозволи, што говори дека проблемот, правно, не е едноставен за решавање.

Во 2016 година со промената на власта новото раководство на ЕСМ склучи дополнителен договор со изведувачот за дозавршување на некои позиции во објектот и поправање на грешките при градењето. Во зградата нема пристап за подземниот паркинг, а минатото раководство на ЕСМ планирало да пробива улица во паркот зад зградите од Градски ѕид.

Одговор побаравме од сегашното раководство на ЕСМ што се прави да се одглави процесот и оттаму велат дека правните служби на компанијата и на министерството се во постојана комуникација да се реши затекнатата ситуација, со цел да може во иднина зградата да се користи според сите правила и прописи на кои треба да подлежи.

Изградбата на барокната зграда чинеше 15 милиони евра, а за опремување на ентериерот (мебел) биле потрошени 470 илјади евра. Првичната проценка беше дека изградбата на овој објект во рамките на „Скопје 2014“ ќе чини околу 10 милиони евра, но во текот на градбата достигнува околу 15 милиони евра, што е поскапување за 50 проценти.

Барокната зграда е висока 29 метри и завршува со мала Триумфална порта на покривот. Идејното решение за овој објект е на архитектите Лазар Димов, Жарко Чаушевски, Стефан Смилевски и на архитектонското студио „Неимар инженеринг“.

Согласно естетиката на целиот проект „Скопје 2014“, фасадата на новата административна зграда на АД ЕСМ е во неокласицистички стил, што тогаш беше и услов на распишаниот конкурс за идејно решение.

За да се изгради оваа и уште две згради во просторот околу хотелот „Бристол“, мораше да се смени Деталниот урбанистички план со кој се овозможи сечење на дрвјата и уништување на целиот зелен појас во тој дел од градот, што предизвика револт кај жителите, но и кај јавноста.

https://www.vecer.press/барокната-зграда-на-елем-есм-зјае-пр/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Feb-2020 at 14:21
Има ли некој повеќе инфо што ќе биде со зградава...и оваа ли на крај ќе ја продадат?
Колку што знам имаше неколку тендери за мебел и останато ентериерно уредување но ЕЛЕМ не се вселија.
Долго време веќе не сум приметил било каква градежна активност,дел од тарабите од напред ги тргнаа од задната страна сеуште стои по некоја...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Sep-2019 at 13:43
Ги тргнале тарабите но мислам дека сеуште нема абер од вселување...



Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Nov-2018 at 18:09
А бе супер е да има фитнес сала, нема ништо лошо. Само оти на пример не се згрешило барем еднаш, ваква една фенси идеа да се реализира на пример во РЕК -Битола, или за вработените на браните во дебарско?

Се е убаво кога си се родил во Центар, си учел во Центар, и сега правиш планови за цела држава - од Центар.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Nov-2018 at 16:23
И јас го делам истото мислење. Чист популизам.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Nov-2018 at 13:56
А зошто да не постои фитнес сала? Зошто постоењето на фитнес сала се смета за нешто лошо или непотребно?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Nov-2018 at 09:51
ВО ЗГРАДАТА НА ЕЛЕМ ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДИРЕКТОРОТ Е НАПРАВЕНА СОБА ЗА ДОВЕРЛИВИ РАЗГОВОРИ И ЗА РЕЛАКСАЦИЈА



Новата деловна барокна зграда на АД ЕЛЕМ која почна да се гради во 2013 година не може да добие употребна дозвола оти минатото раководство во текот на градбата правеле низа измени во градбата, а за тоа не поднесувале барања за одобрување до Министерството за транспорт и врски. Но, ниту градежните работи целосно не се завршени оти не се вградени потребните инсталации кои досега не биле предвидени со дополнителните договори, а се поправаат и утките кои биле направени при градбата.



Денеска новото раководство на компанијата ЕЛЕМ ја презентираше зградата на новинарите. Трите подземни нивоа се паркинг простор, но тој не може да се користи оти нема пристап. Со првичниот проект било предвидено да се пробива улица која ќе минува меѓу зградите кај Градски ѕид, со што требаше да се уништи зеленилото и да се исечат дрвјата.

„Улицата нема да се гради оти не сакаме да го уништиме и она малку зеленило што остана во овој дел од градот. Сега размислуваме да направиле лифт, па на тој начин да се спуштаат возилата во гаражите и ќе можат да се паркираат само службените возила на компанијата. Имаме проблеми и со поплави, третото подземно ниво постојано се поплавува од подземни води. Еве во моментов вршиме дополнителна изолација“, велат од ЕЛЕМ.



На секој кат се правени поправки бидејќи просториите и инсталациите биле неплански изведени.

„Некои делови се изведени квалитетно, а некои субстандардно. Инсталациите во најголем број се адекватни, но недостасуваат елементи и токму затоа се распиша јавна набавка за комплетирање на изведбата. Се врши дополнително зацврстување на ѕидовите на четвртиот кат оти дата центарот иако требало да биде на приземје ставен е на 5-ти кат. Поради големата тежина и нестандардното оптоварување сега вршиме зајакнување со челични профили“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

На шестиот кат од зградата е канцеларијата наменета за генералниот директор. Во неа има канцеларија, сала за состаноци, тоалет со туш кабина, соба за релакција и соба со звучна изолација за доверливи разговори. Во зградата веќе се пристигнати мебелот за канцелариите, но стојат низ објектот оти речиси во сите канцеларии се вршат некакви градежни работи или ситни поправки.

На осмиот кат е предвидена и фитнес сала, но како што велат од ЕЛЕМ таа ќе се користи за друга намена, но за што уште не одлучиле.



АД Електрани на Македонија во 2013 година почна да гради нова деловна зграда на улица Македонија. Тој објект неколку пати го пробиваше рокот за завршување, како и сумата која беше потребна за негова изградба. Зградата првично требало да чини 9,8 милиони евра. Во текот на градбата цената се зголемува на 14,6 милиони евра, односно се зголемува за 48,4 отсто. Дополнително на ова се и трошоците за изработка на основен проект, 50-тина илјади евра, надзорот на градбата, кој го врши градежниот институт Македонија АД Скопје 30-тина илјади евра и мебел 470.000 евра.

Новото раководство распиша тендер за избор на фирма која треба да ги заврши преостанатите 1 отсто од работите и да се направат потребните испитувања на зградата, кои чинат околу 90 илјади евра.

„Во моментов чекаме испитување од ИЗИИС за да се покаже дека дополнителните работи и измените во градба на влијаат на статиката, по што ќе побараме од Министерство за транспорт и врски употребна дозвола“, додаваат од ЕЛЕМ.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vo-zgradata-na-elem-od-15-milioni-evra-za-direktorot-e-napravena-soba-za-doverlivi-razgovori-i-za-relaksatsija/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Jul-2018 at 15:45
Сметам дека кај нишкава сеуште треба да стои кранче а патем мислам дека би било посоодветно да се премести во Административни објекти......
-------------------------------------------------------------------------------
Тендер по тендер, нема крај за зградата на ЕЛЕМ

По пет години изградба, два тендери и еден анекс, барокната административна зграда на државната компанија „Електрани на Македонија“ и натаму не е готова, ниту на неа се изведуваат некакви градежни активности. Досега за овој проект се потрошени над 17 милиони евра, но ќе се трошат уште, бидејќи компанијата повторно распишува тендери за доградба на објектот.
Иако според јавните повици објавени претходно, избраните фирми требало целосно да ја завршат, односно да ја довршат зградата на ЕЛЕМ, тоа не се случило. Само се пробиле роковите и зградата е оставена како градилиште.
И покрај тоа, од ЕЛЕМ досега немало никаква информација за испитување на причините и на одговорноста за оваа состојба. Од компанијата за БИРН најавија дека деновиве ќе ги одговорат сите прашања поврзани со зградата на прес-конференција.

Кој не си ја завршил работата?
Првиот договор за изградба на деловна зграда на ЕЛЕМ беше склучен на 24 март 2013 година со австриската компанија „Страбаг“. Нејзиниот рок беше да го заврши објектот до октомври 2014 година и за тоа да наплати 11,6 милиони евра.
Во условите на тендерот на кој победила „Страбаг“ се наведени сите градежни и занаетчиски работи што избраната компанија требало да ги изврши. Во многу детали е опишано како да се направат ископите и другите земјени работи, каде и како да се бетонира, ѕида, како да се молерисаат ѕидовите, какви подови да има (епоксидни) итн.
Нарачката има и прецизни инструкции за спуштените плафони, осветлувањето, позициите и бојата на декоративните лајсни, дури и за бојата, материјалот и димензиите на буквите на натписот „ АД Електрани на Македонија“ на предната фасада (високи 25-30 сантиметри и дебели три сантиметри). Има и детали за тоа какви да бидат плочките внатре и со што да се исполнат фугите.
Во документот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки се вели и дека зградата треба да има хидрауличен лифт за автомобили. Опишани се и сите работи што треба да се извршат за спроведувањето на електричните, водоводните, канализациските, вентилациските и другите инсталации, како противпожарната заштита, ладењето и греењето, безбедносниот систем за влегување и за заштита од кражби итн.
Но, на крајот од рокот, ЕЛЕМ, не само што не доби готова зграда, туку потпиша анекс со „Страбаг“ за уште три милиони евра, со кој времето за изградба се продолжи уште една година, до ноември 2015. Не се објавени детали за тоа што се предвидува да се направи со овој договор, туку само стандардно образложение зошто се склучува анекс.
Според ова објаснување, кога е потребно проширување или замена на вообичаените стоки и инсталации, подобро е да се склучи договор со истиот понудувач наместо да се бара нов, за да се избегне ризикот тој да употребува материјали што не одговараат со она што веќе е вградено во објектот. Единствените услови се дека таквите дополнителни набавки не треба да надминат 30 отсто од вредноста на основниот договор. Анексот на „Страбаг“ изнесувал 26 отсто од сумата предвидена во првиот договор.

Договор од 2,6 милиони евра со фирма за вентилација

Поминал и тој рок, а зградата, не само што не била готова, туку државната компанија тогаш решила, сепак, да склучи договор со друг понудувач. На тендер била избрана компанијата „Озон“, која склучила договор за „довршување на изградбата на административната зграда на АД ЕЛЕМ, градежни и градежно-занаетчиски работи“. Договорот бил потпишан на 1 март 2016, половина година откако истекол рокот на тој со „Страбаг“. Според него, „Озон“ требало да ја доврши зградата за шест месеци, и за тоа да добие 2,6 милиони евра.
Таблата на „Озон“ сѐ уште стои зад тарабите на градилиштето, на неколку метри од таа на „Страбаг“. И двете се наведени како изведувачи на градежните работи. Но, „Озон“ не е градежна фирма, туку компанија што изработува и нуди системи за вентилација, греење и ладење. Овие услуги биле содржани и во тендерот на кој победи „Страбаг“. Сумата што ја добива „Озон“ е 22 отсто од онаа за која „Страбаг“ првично се договорил да ја изгради целата зграда.

Оваа скопска компанија има учествувано и на други тендери за помали занаетчиски работи, од кои има заработено вкупно 109 илјади евра од јавните институции, според пребарувањето на страната на Бирото за јавни набавки. Вредноста на нејзиниот договор со ЕЛЕМ е 24 пати поголема од целата таа заработка и е приближно еднаква на вкупниот обрт на фирмата во последните две години.
Од „Страбаг“ за БИРН најавија одговор на прашањата што требало да направат со зградата и дали целосно си го исполниле договорот, но до објавувањето не добивме нивни став. Од „Озон“ не беа во можност да одговорат поради годишните одмори.

Нови нарачки за исти услуги

Поминаа речиси две години од септември 2016 година, кога зградата требаше да биде довршена според договорот со „Озон“. И натаму стојат знаците „Градилиште“ и тарабите на кои се лепат плакати за концерти. На покривот стои триумфалната порта низ која на двоколка поминува маж што држи метална молња во раката, која веќе почнала да фаќа ’рѓа (коментарите на социјалните мрежи се дека станува збор или за старословенскиот бог на громот Перун или за Свети Илија Громовникот). Зад фасадата со многу орнаменти понекогаш се запалува некоја светилка, а на затворените врати стои натпис дека објектот е под напон. Градежни работи не се извршуваат.
Во февруари годинава, ЕЛЕМ распиша нов оглас, повторно за довршување на зградата со градежни и градежно-занаетчиски работи, со проценета вредност од околу 90 илјади евра, но го поништи во април поради, како што се вели, битни повреди на Законот за јавни набавки. Со овој тендер компанијата бараше фирма што ќе вгради машински, слабострујни и јакострујни инсталации во новиот објект. Таква набавка беше предвидена и во првиот тендер, но овојпат се бара различна опрема од таа наведена во 2012 година.

Еве и неколку фотки од истиот линк

Молњата на Зевс веќе почнала да фаќа рѓа во долниот дел





Влезот во подземната гаража каде се споменува некаков хидрауличен лифт но незнам колку тоа ќе функционира



http://prizma.mk/tender-po-tender-nema-kraj-za-zgradata-na-elem/

Edited by stef4o - 13-Jul-2018 at 15:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.847 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.