Затнати цевки на тоалетите, неисправни ПП-апарати и аларм кој се вклучува без причина, се само дел од проблемите кои се појавија во новоотворената барокна зграда на Кривичниот суд, која пред само два месеци официјално беше пуштена во употреба. Па, поради низата проблеми, наместо судиите да се преселат во новите канцеларии и судници, тие сѐ уште судат во старите, а во новата зграда засега се употребуваат само две судници.
Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека од Министерството за правда чекаат решавање на проблемот, бидејќи зградата беше под нивна надлежност.
-Се утврди дека цевките во тоалетот се полнети со бетон, поради што почна да се рушат дел од зидовите околу цевките. ПП-апаратите не функционираат, а сѐ уште не можеме да ја пронајдеме компанијата задолжена за нивниот сервис, истакна претседатлот Џолев.
Инаку, додека јавноста ги следи судењата во новата зграда, цело време ги иритира еден звук, кој доаѓа од намалениот аларм, кој без причина се вклучува, па само се намалува звукот, бидејќи и да се исклучи, повторно во секој момент може да изненади.
Исто така, проблем се и недоволниот број на штекери, или нивната лоша поставеност, поради што обвинителите од СЈО, за да го вклучат лаптопот, од дома си носат продолжен кабел.
Неодамна беше објавена и фотографија од која се гледа дека на еден од катовите е направен и балкон, но за да се излезе на него нема врата, па доколку некој сака тоа да го стори, ќе мора да скокне од прозорецот.
Новиот барокен објект, за кој беа потрошени 11 милиони евра, пред да биде пуштен во употреба цели пет години зјаеше празен.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Судот е проектиран на 10 нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни.
Главен изведувач на објектот беше градежната компанија „Гранит“ од Скопје.
Се расипа озвучувањето во новиот суд, „Титаник“ се пресели во старата зграда
Откако судот даде пауза за да се одлучи за барањето за изземање на обвинителите, судењето за предметот „Титаник“ не можеше да продолжи како и до сега во најголемата судница во новиот Кривичен суд.
Се расипа озвучување, па по речиси 30 минути безуспешни обиди да се поправи, судиите одлучија рочиштето да продолжи во старата зграда на Кривичен.
Вкупно 21 обвинетит, судиите, адвокатите и новинарите се префрлија во старата зграда.
Изгледа конечно дојде денот да се пушти во употреба кривичниот суд, а го отвора ни помалку ни повеќе екс премиерот
Груевски в понеделник ќе му направи сефте на новиот кривичен суд
Експремиерот Никола Груевски заедно со 21 останат обвинет во случајот на СЈО „Титаник“ ќе ѝ направат сефте на новата зграда на кривичниот суд. Првото судско рочиште за овој предмет е закажано за понеделник и е предвидено да се одржи во една од големите судници во новиот објект, кој утре ќе биде пуштен во употреба со свеченост. Камен-темелникот на новата зграда на кривичниот суд беше поставен во 2010 година, а меѓу присутните беше и тогашниот премиер Груевски, кој заедно со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ги фрлија првите лопати.
Барокната зграда која почна да се гради во 2010 година има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на објектот беше поддржана со приближно 8,3 милиони евра заем од Светска банка. Новиот објект има 74 судиски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер-сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, судиски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 квадратни метри.
Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март- Денот на правосудството. На денешната средба со новинарите, Џолев рече дека се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.
Новиот барокен објект во кој требаше да се пресели Кривичниот суд, веќе пет години зјае празен. За него се потрошија 11 милиони евра, но судењата се уште се оддржуваат во старата зграда, во претесни судници, во кои најчесто нема место за сите странки, па дел од нив рочиштата ги следат стоејќи на нозе.
Поголемите судења, особено оние за кои има медиумски интерес, пак, се оддржуваат во судница на Врховниот суд, како на пример за случајот „Диво Насеље“, бидејќи судниците во Кривичниот суд, освен една, се премали за да во нив се сместат повеќето обвинети, нивните адвокати, роднини и јавноста. Токму и затоа беше неопходна изградба на нов објект, бидејќи се губи драгоцено време во чекање на слободна судница.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. Тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, пак, се пофали дека до тогаш никој не вложил повеќе средства и напори за подобрување на работните услови на судиите. Но, од неговите фалби се сменија уште неколку министри за правда, а судот уште не е сефтосан. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Но, и по пет години и потрошени милиони, објектот се уште е празен. Лани во март, тогашниот министер за правда Аднан Јашари истакна дека од нивна страна се завршени сите постапки и формалности и дека од претседателот на Судот зависело кога ќе се преселеле. Од Основниот суд Скопје 1, пак, тогаш ни одговорија дека се уште не можат да влезат во новите простории, бидејќи во тек биле набавките на компјутерската опрема.
Новата зграда на Кривичниот суд е лоцирана кај новата катна гаража и комплексот судови. И оваа зграда, како и останатите од проектот „Скопје 2014“ е преплатена, бидејќи лично од Груевски беше најавено дека ќе се изгради за 8,3 милиони евра, пари обезбедени од Светска банка и државниот буџет, но цената се зголеми за дополнителни 2,7 милиони евра. Цената се билдаше на добро познатиот начин, со склучување на анекс договори.
Судот е проектиран на 10 нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје.
Предвидени се 74 судски кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни од кои една за 200 лица за случаите на организиран криминал и една за 100 лица. Обезбеден е простор за архиви, шалтер сала со 60 работни места за сите оддели и простории за судската полиција, репрезентативна судница и канцеларии, судски кабинети за кривичниот оддел за организиран криминал, оддел за прекршоци, и оддел за извршување санкции, кабинети и канцеларии за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал, канцеларии за судската управа и судската служба, како и паркинг простор за 60 возила. Објектот има вкупна корисна површина од 8.826 метри квадратни.
Главен изведувач на објектот беше градежната компанија „Гранит“ од Скопје.
Не е многу познато дека голем број на наши министри се членови на литературниот кружок „Кафка фан клуб - Скопје„, па ете, суптилно му оддале чест не големиот писател.
Речиси како и сите објекти од Ск2014, за да се запазат некоја квази
архитектура ала барок и рококо (воглавно за надворешноста) трпи
внатрешноста на објектот. Влезовите на таквите објекти (читај судови) во
странство се пространи, а овој е целосно спротивно на тоа. Нема многу
голема внатрешна површина со оглед на големината на објектот, има тесни
соби/канцеларии/судници. Има премногу(би можел слободно да кажам
ненормално) тесни ходници. Но за утката да биде најголема, таваните на
објектот се многу ниски. Слушнав дека во некои делови на објектот има и
тавани високи околу 2 метра. Варираат, но се ужасно ниски. Ми се чини
дека се збореше за некакви проблеми со вентилационите систем, па токму
поради тоа морало да се намали висината на таваните и да се стеснеле
пред се ходниците. Ќе цитирам човек кој што работеше на една фаза на
објектов што мисли за истиот - Пљукни залепи.
чекај ова озбилно е вака испроектирано, изведено и пуштено у промет <<<<
можеби тоа се некакви депоа на фотката погоре, до толку ли нема новинар да побара одговор од проектантот, изведувачот, па и власта, бивша ил сегашна ..
можеби ова е соба за притвореници, онака да ги дрма клаустрофобија пред распит, мислам не ме чуди да е ова на мвр и обвинителство досетка, скопско кривично и се ет можно ..
КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА ШТО Е САМО ЗА СЛАБИ И НИСКИ ЛУЃЕ
Зградата чини 10 милиони евра, но е промашена во проектот и изведбата – Канцелариите на судиите и целиот службен дел во зградата се со низок плафон, кој може да се допре со рака (лево), а проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот оти низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми (десно) (Фото: СДК.МК)
Основниот суд Скопје 1 ги почнува подготовките за селење од старата во новата барокна зграда, која е готова уште пред три години, но е промашена во проектот и изведбата иако чини над 10 милиони евра. Oстана проблемот со прениските тавани во ходниците и во кабинетите на судиите и стручните соработници, кои ако сте со висина од 170 сантиметри не само што можете да ги допрете со рака, туку може и да извадите табла или светилка од плафонот.
Најголемата судница e предвидена за 200 лица. Во неа ќе се суди за предмети од организиран крминал, а преку стакло јавноста ќе биде одделена од учесниците во постапката. Специјална камера со сензори ќе се врти кон странката која ќе зборува, а тоа новинатите, во посебна просторија зад судницата, ќе го следат на големи екрани (Фото: СДК.МК)
Освен главната судница, која е по европски стандарди, повеќето судници се помали (иако сепак малку поголеми од овие во старата зграда на Кривичниот суд), но проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот. Низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми.
И во делот со ходници и судници за странки не се многу повисоки таваните. Секој кат на осумкатницата потсетува на стан на поткровје. Се простира на површина од 8.862 квадратни метри.
Едно од најголемите промашувања во изградбата, како немањето безбеден и посебен влез за полициските комбиња кои ќе спроведуваат притвореници и осудени лица во Основниот суд Скопје 1 за тероризам, насилство, за убиства и организиран криминал, делумно се надминати со доградба на нов пристап од задната страна.
Барокниот суд почна да се гради уште во времето на министерот Михајло Маневски во 2010. За овој промашен џиновски проект, потрошени се над 10 милиони евра, заем од Светска банка. Проектот го нацртале македонска и италијанска компанија, кажа во февруари, 2010 Маневски.
Условите за работа, а особено хигиената во старата зграда кај што е сместен најголемиот суд во Македонија се во делови грозни, па судиите и вработените едвај чекаат да се преселат во новата зграда, и покрај тоа што има промашувања во изведбата и што токму кај нивните канцеларии е клаустрофобично.
В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека иако има недостиг на средства, зашто селењето на институција е навистина скапо, сепак, тоа овојпат ќе се случи, според планот, до Нова Година. Најсложениот дел е селењето на ИТ опремата, а за чистењето ќе побара помош од затворите, да испратат осудени лица кои ќе може да помогнат во овој дел, вели Рибарев.
По седум години градба и опремување, многу шпекулации околу доцнењето, конечно ќе биде пуштена во употреба новата зграда на Кривичниот суд во античка градба. Како што дознава „Утрински весник“ од судски извори, преселбата во новиот објект кој се наоѓа веднаш до сегашните простории на Основниот суд – Скопје 1 се планира за март. Во испразнетите простории на сегашниот Кривичен суд треба да се преселат нивните колеги од Одделението за прекршоци од бараките во Градскиот парк, како и Управниот суд, кој неколку години е потстанар во простории на „Македонски пошти“.
Од Министерството за правда не можеа да ни ги потврдат овие сознанија, бидејќи и покрај неколкуте телефонски разговори и испратениот мејл со барање за повеќе информации, добивме само ветување, но не и повратен одговор од кабинетот на министерот Валдет Џафери. Останавме покуси за информации не само околу точниот датум на преселбата, туку и околу тоа дали се отстранети недостатоците во градбата, кои го забавија техничкиот прием и колку тоа ќе влијае на вкупниот износ во затворањето на финансиската конструкција.
Во писмениот одговор, пак, добиен од прес-службата на Кривичниот суд ни беше кажано дека новата зграда на Основен суд Скопје 1 - Скопје е направена по сите параметри и стандарди и ги задоволува потребите за ефикасно функционирање, според препораките на Европската комисија за ефикасност во правосудството ЦЕПЕШ.
Од таму појаснуваат дека како дел од судската зграда е опремениот прес- центар за претставниците на медиуми што се наоѓа спроти најголемата судница од каде ќе може да се следат судските рочишта преку ЛЦД-монитори. На тој начин, како што велат од Кривичниот суд, нема да се нарушува мирот во судницата, а новинарите истовремено ќе можат да ја следат работата во судницата и непречено да ја вршат својата работа.
Новата судска зграда опфаќа посебен коридор за доведување обвинети и осомничени лица, со посебен лифт и влез до сите судници што е одвоен од останатите влезови. Како што се наведува во дописот, на тој начин ќе се избегне откривањето на идентитетот на осомничените и обвинетите лица што неретко досега поради условите во старата зграда се случуваше овие лицата да бидат снимени или фотографирани при влезот и излезот на зградата. Покрај ова, предвидени се и простории за прифаќање и приведување лица пред судии на претходна постапка, како и посебни простории за адвокати и обвинители опремени со ви-фи. Од Кривичниот суд информираат и дека архивата е направена според најмодерни стандарди. Во составот на зградата се предвидени и простории за „корпора деликти“, како и за сослушување заштитени сведоци од каде што преку видеоконференција ќе може да се сослушува лицето и за надворешни потреби, односно за судски постапки во други земји. Ќе има и посебни лифтови за вработени, за обвинети и за посетители, како и посебни влезови и тоалети за да можат инвалидизираните лица да имаат непречен пристап до зградата.
Од Кривичниот суд информираат дека во објектот е поставен и безбедносен систем со современа опрема со над 116 камери што следат надвор и внатре со посебни контролни соби контролирани од судската полиција. Системот е направен така што доколку има дефект преку СМС стигнува сигнал до определено службено лице.
Она што е особено значајно е што судот ќе располага со 25 судници, од кои најголемата има капацитет до 150 лица и е одвоена со галерија.
Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд беше најавена уште во февруари 2010 година од страна на тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, кој на посебна прес-конференција го објасни целиот проект. Тој тогаш рече дека „секаде судските згради се изградени во монумалентален стил“. Изградбата почна во мај истата година, кога беше речено дека ќе биде готова за 18 месеци.
Зградата е со вкупна корисна површина од 9.000 квадрати, има 10 нивоа - две подрумски нивоа, приземје, шест ката и потпокрив. Проектната документација за скопскиот Кривичен суд ја изработија македонска и италијанска фирма. Како што беше тогаш најавено, целиот проект за реновирање на судовите требаше да чини 10 милиони евра, позајмени од Светска банка, а државата учествува со 16 отсто.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum