build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ЗСФ КОМ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЗСФ КОМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 41>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ЗСФ КОМ
    Posted: 11-Jun-2024 at 18:18
ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ 17-КАТНИЦАТА КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА, ОД ОПШТИНА КАРПОШ ВЕЛАТ НА КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР ДОЦНА МУ ТЕКНА ДА ГО ПОНИШТИ ПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕ



Зградата со 17 ката кај Воена болница ќе се изгради, бидејќи Општина Карпош нема намера да ја стопира градбата и да ја поништи градежната дозвола. Иако Конзерваторскиот центар го поништи позитивното мислење издадено од ексдиректорот Костантин Димитровски и минатиот месец издадено ново, со кое не се дозволува да се гради околу болницата, сепак Општината не презема никакви мерки и му дозволува на инвеститорот „ЗСФ Ком“ да ја гради зградата.

Од Општината велат дека нема зошто да ја поништат градежната дозвола кога таа е издадена на 1 февруари по прибавување на сите позитивни мислења од надлежните институции.

„Во моментов се води судска постапка пред Управниот суд, со кој што незаконски е поништено веќе даденото позитивно мислење, од причина што согласно Законот за Општа и управна постапка, не постои поништување на мислење туку ништовност на актот, а за поништување веќе биле одминати сите законски рокови. Токму од тие причини постапката е пред Управниот Суд. Со добивање на негативното мислење не сметаме дека треба да се поништи одобрението за градење, од причина што веќе на ден 8.11.2023 година оваа установа веќе издала позитивно мислење, на кое што ниту Конзерваторскиот центар, ниту Министерството за култура, ниту било кој друг субјект немал забелешка, за да после три месеци од издавањето на позитивното мислење ѝ текне на самата установа да го поништи своето мислење“, велат од Општина Карпош.

Американскиот Стејт департмент на 18 март го стави на црна листа градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, бидејќи со неговите дејствија како градоначалник го поткопал владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Според Стејт департментот, Јакимовски „како градоначалник на Карпош бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

Димитровски на 13 декември беше приведен како осомничен за дивјачко уништување на културно наследство во Стара скопска чаршија. Димитровски доби домашен притвор за уривањето на хотелот „Шар ан“ кој со законот е прогласен за културно наследство, по што беше разрешен од директор на Конзерваторски центар, а беше поништено и позитивното мислење за 17-катницата.

На терен градежна механизација на големо работи за изградба на зградата односно во овој момент се копа јамата. Инвеститорот „ЗСФ Ком“ веќе почна со продавање на становите и на социјалните мрежи го рекламира објектот како луксузен комплекс за живеење во центарот на градот.

Блокот од 17 ката со 419 станови плус деловен простор, со 2.000 жители се гради меѓу пет здравствени установи. Зградата ќе никне меѓу поликлиниката Букурешт, седиштето на Брзата помош, болницата „8 Септември“, Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ центар) односно за дијагностика на болните со малигни заболувања и приватната болница „Жан Митрев“. Во непосредна близина е и теренот од каде со хеликоптер се носат болни и повредени во ГОБ „8 Септември“.

Парцелата каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-izgradi-17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-od-opshtina-karposh-velat-na-konzervatorski-tsentar-dotsna-mu-tekna-da-go-ponishti-pozitivnoto-mislene/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jun-2024 at 12:45
ВИДЕО) Злосторничко здружување или правна несигурност – зградата кај Воена болница непрекинато се гради







Конзерваторскиот центар – Скопје со нов директор, откако го поништи мислењето за зграда кај споменикот на културата – Воена болница, сега издаде ново негативно мислење. Моравме да постапиме така за да не станеме соучесници во кривично дело кое ги има сите обележја на злосторничко здружување, велат оттаму
Сепак, и покрај негативното мислење, Општина Карпош нема намера да ја поништи градежната дозвола. На терен продолжува градењето, а инвеститорот се жали на правна несигурност. Погледнете го видеото

Пет месеци подоцна во полн ек се градежните работи во скопски Карпош. Се гради висококатницата против која се протестираше, меѓу другото, и затоа што парцелата е во заштитено подрачје на зградата-споменик, Воената болница.

Погледот и од земја и од воздух покажува дека новата зграда не е единствениот, па и најблизок објект изграден околу Воената болница последниве години. Но, факт е и дека приватната клиника „Жан Митрев“, ПЕТ-центарот и уште еден објект на парцела во сопственост на семејството Kамчеви и Сергеј Самсоненко се значително пониски.

„Никој не нè консултирал, градат 17, 20-катници, бука огромна, не се спие овде. Навечер, мора да отвориш прозор, до 22 часот е огромна бука. Да го стопираме ова, да се собереме, да одиме кај градоначалникот да му кажеме ова веќе не оди вака“,вели Ристо Јакимовски, жител на Карпош.

Тоа што ја направи популарна новоградбата кај Воената болница, сега Градска болница „8 Септември“ е хронологијата која доведе до почеток на градбата и сегашниот статус.

Првиот чекор датира од 2013-тата кога Општина Карпош носи нов Детален урбанистички план во кој, за ова место, е предвидена маркичка за градба на станбена зграда од 26 ката плус приземје и поткровје. Тоа е во третиот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Но, во тој момент, во сила е регулациски план кој забранува градби над четири нивоа во квартот токму поради комплексот Воена болница. Така е сѐ до 2023-та кога Уставниот суд го укинува регулацискиот план и тоа по иницијатива на адвокатот Бојан Милошевски, кој е поранешен секретар на Општина Карпош.

Независната советничка во Карпош и активистка против изградба на висококатницата вели дека тогаш на виделина излегле разни игри.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, со кој практично е укината забраната за градби од најмногу четири нивоа околу Воена болница, се јавуваат и потенцијални инвеститори. Сопствениците на парцелата бараат Општината да им одобри урбанистички проект со кој бараат помала зграда, од 17 ката. Добиваат одобрување за урбанистичкиот проект од Општината, откако претходно Конзерваторскиот центар издава позитивно мислење дека зградата не ја нарушува околината на Воената болница. Интересно е да се напомене дека в.д. директор на Конзерваторскиот центар во тој момент е Константин Димитровски, кој е и член на општинската комисија за урбанизам. Тоа значи дека Димитровски истовремено, од две различни позиции, ја аминува градбата.

– Потоа, на 18 јануари, инвеститорите добиваат одобрение за градба од Општина Карпош.

– Откако станува јасно што следува, жители и активисти се креваат на протест.

– Резултат од граѓанскиот притисок е формирање работна група под капа на Министерството за култура, која го разгледува позитивното мислење на Конзерваторскиот центар и носи Извештај со препорака тоа да се укине.

– Кoнзерваторското мислење се укинува, но од новата директорка установата – Љиљана Китановска. Дотогашниот директор Константин Димитровски е уапсен и разрешен како осомничен во друг случај, како дел од група која замижала пред уривање на културно наследство од непроценлива вредност – хотелот „Шар“ во Старата скопска чаршија, кој потоа бил „избришан“ со цел чистата парцела да се продаде.

– Инвеститорот на висококатницата кај Воена болница се жали за поништеното мислење, но Конзерваторскиот центар ја одбива жалбата како неоснована.

– Инвеститорот, тогаш, поднесува тужба против Конзерваторскиот центар пред Управниот суд. Од Судот за „360 степени“ велат дека предметот се уште се работи.

– Минатата недела Конзерваторскиот центар носи ново, овојпат негативно мислење.

Овој сплет на околности, според Невена Георгиевска, е доволен за Општината да ја запре градбата.

Газди на парцелата на која се гради се фирмите ЗСФ КОМ и ДЕЛТА 2015 КОНСТРАКШН. ЗСФ КОМ е во сопственост на познатиот градежник Фатмир Етеми. Делта 2015 до пред шест месеци била во сопственост на Орка Холдинг на семејството Камчеви. Од тогаш, газда е докторот Александар Николиќ, инаку кардиохирург во болницата „Систина“, каде, пак, Орка Холдинг е еден од сопствениците.

Во разговор за „360 степени“, газдата на ЗСФ КОМ, Фатмир Етеми, вели дека нема никаква поврзаност со екс-директорот на Конзерваторскиот центар Константин Димитровски, кој паралелно членувал и во Комисијата за урбанизам во Карпош.

https://360stepeni.mk/video-zlostornichko-zdruzhuvane-ili-pravna-nesigurnost-zgradata-kaj-voena-bolnitsa-neprekinato-se-gradi/

Edited by stef4o - 09-Jun-2024 at 12:45
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Jun-2024 at 18:45
Зграда по секоја цена

Продолжува да се гради спорната 17-катница наречена „Рубик тауер“ близу Воената болница во Скопје, иако дел од надлежните и активистите се убедени дека пред повеќе од три месеци се создадоа нови услови поради кои треба да сопрат багерите и да стивнат дупчалките.

Конзерваторскиот центар го поништи своето првично позитивно решение врз кое се базира градежната дозвола, а минатата недела објави ново и негативно мислење.

Меѓутоа, Општина Карпош не ја сопира градбата, главниот инвеститор и понатаму работи врз темелите на зградата што наликува на рубикова коцка и се оглушува на новинарските прашања.

Конзерваторскиот центар се грижи за соодветна заштита на објектите од културно значење и неговиот збор „тежи“ зашто во близина на градилиштето се наоѓа објектот на Воената болница, кој има статус на споменик.

Под притисок на јавноста и по барање на Министерството за култура, Конзерваторскиот центар во февруари го поништи првичното позитивно решение, со образложение дека е незаконско.

Центарот, во изјава за БИРН, го објаснува актуелниот развој на настаните.

„Невозможно е за предложениот објект да се издаде позитивно конзерваторско мислење“, категорични се оттаму.

Конзерваторскиот центар сега предупредува дека присуството на висококатницата „Рубик тауер“ ќе ги намали културно-историските вредности на објектот Воена болница, зашто тој објект претставува зграда на модерната, архитектонски правец од минатиот век. Оттаму велат дека со впишувањето на градежната парцела не се почитувани границите на Споменикот – Воена болница и неговата контактна зона.

„Со предложениот габарит се нарушуваат визурите на Споменикот – Воена болница“, велат од центарот.

За граѓаните од околината, загрижувачки е тоа што ќе добијат меѓу 1.000 и 2.000 нови соседи, кои со себе ќе довезат околу 500 автомобили, колку што има паркинг-места во новиот објект, чие секојдневно присуство би влијаело врз квалитетот на животот во конкретното маало.

Се чека судската улога и ударнички се работи



Во меѓувреме стигнуваат апели за поништување на градежната дозвола или за мораториум на градбата.

Логиката на конзерваторскиот центар е – ако нивното мислење е еден од условите општината да издаде одобрение за градење, поништувањето на тоа решение и новото негативно решение треба да резултираат со поништување на дозволата за градба.

„За жал, оваа фактичка состојба се игнорира од страна на Општина Карпош и на парцелата и понатаму се гради“, велат оттаму за БИРН.

Советничката во Општина Карпош, Невена Георгиевска, која е поранешна активистка и дел од Независни за Карпош, нема сомнеж дека мора да се престане со градбата.

Требаше да има некој мораториум со цел помали финансиски загуби. Иако тоа би биле финансиски загуби на инвеститорот, од искуството што го имаме со нашето судство, излегува дека приватниот капитал е над јавниот и државниот, па на крај целиот трошок, сигурно и зголемен, ќе го платат граѓаните“, предупредува Георгиевска.

Инвеститорите на објектот веќе се во контраофанзива.

Тие го тужат Конзерваторскиот центар на Управен суд, а Општина Карпош го чека исходот од судската постапка и не презема ништо.

„Со добивање на негативното мислење, не сметаме дека треба да се поништи одобрението за градење, од причина што веќе на ден 8.11.2023 година, оваа Установа веќе издала позитивно мислење, на кое ниту Конзерваторскиот центар, ниту Министерството за култура, ниту кој било друг субјект немал забелешка, за по три месеци од издавањето на позитивното мислење да ѝ текне на самата установа да го поништи своето мислење, и тоа не од суштински аспект, само од формален, за кое, всушност, се води постапка пред Управниот суд“, објаснуваат од локалната самоуправа.

Конзерваторскиот центар ја потврди судската постапка, информирајќи дека таа сè уште е во тек. Оттаму коментираат дека инвеститорите ги користат сите правни средства, објектот да се изгради по секоја цена и, како што велат, секојдневно се создаваат финансиски обврски.

„За тоа исклучиво е одговорна Општина Карпош со своето незаконско постапување“, велат од оваа институција.

Во меѓувреме нема глас од инвеститорот, познатиот скопски градежник Фатмир Етеми. Етеми не e достапен за коментар, бил во странство – ни кажаа од неговата компанија ЗСФ-КОМ. Тој не одговори на прашањата што му ги пративме по имејл.

Инвеститорот со мали букви



На огласната табла пред градилиштето близу Воена болница, како што налагаат прописите, напишано е името на инвеститорот – фирмата ЗСФ-КОМ, во сопственост на Фатмир Етеми.

Етеми беше инвеститорот на зградата во скопски Аеродром близу Мајчин дом, за која имаше отпор од мештаните. Тој ја купи и парцелата на која има маркичка за објект спроти зградата на поранешна Нова Македонија, потег околу кој, исто така, се крена многу прав.

Со ситни букви под името на неговата фирма, на огласната табла стои називот на една друга компанија, која, исто така, се води како инвеститор – фирмата „Делта 2015 констракшн“.

Нејзиниот влог во бизнис-потфатот наречен „Рубик тауер“ е земјиштето.

Единствен сопственик на фирмата „Делта 2015 констракшн“, а со тоа и на парцелата од 3.500 квадрати, според Централниот регистар, е 59-годишниот кардиолог од „Систина“, Александар Николиќ.

Според документите од Централниот регистар, тој го купил земјиштето лани во ноември, за 3,5 милиони евра од „Орка холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев.

Николиќ, пак, во изјава за БИРН, вели дека тој се откажал од проектот и сега е во фаза на продажба на земјиштето.
„Сакав да инвестирам со некои пријатели, меѓутоа таа идеја пропадна.“

Тој не кажува кој ќе биде новиот сопственик на парцелата, само потенцира дека станува збор за „странци“.

Историјата на конкретната градежна парцела детално ги бележи бизнис-интересите што политичките елити, без разлика која од нив е на власт, ги тераа и ги тераат во последнава деценија.

Градежната маркичка е оформена во 2013 година, а од тој период до сега, парцелата сменила повеќе познати сопственици.

Вкупно 3.500-те квадрати беа во рацете на фирми блиски до главните актери од корупцискиот скандал „Империја“. Како сопственици на парцелата, покрај фирмата на бизнисменот Орце Камчев, се јавувала и семејната компанија на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.



Во структурите на фирмата зад парцелата, во еден момент, во време кога власта веќе ја презема СДСМ, се појави и Стојан Чифлигароски, човек што самиот се претставуваше како близок до семејството на Заеви. Чифлигароски, во моментов, е во бегство, бидејќи е осомничен во случајот со даночно затајување наречен „Синџир“.

Амбиции да гради на таа парцела имаше и поранешниот градежен инспектор од редовите на СДСМ, кој подоцна самиот стана инвеститор во градежниот бизнис, Кочо Стојчески.

Неделава, кога ја посетивме локацијата зад лимената ограда, работеа багерите, дупчалките и крановите. Камиони постојано влегуваа и излегуваа од заградениот простор.

„Одмораме само во недела“, ни рече еден од градежните работници.

https://prizma.mk/zgrada-po-sekoja-tsena/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-May-2024 at 17:48
Со месеци никој не ја запира изградбата на 17-катницата во Карпош, иако е некомплетна дозволата за градба







Поминаа три месеци откако е поништено конзерваторското мислење за 17-катницата зад поликлиника Букурешт, но зградата продолжува да се гради, а Општина Карпош сѐ уште нема никаква реакција, ниту решение за запирање на изградбата. Инвеститорите ЗСФ-КОМ и „Делта 2015 Констракшн“ во моментов поседуваат одобрение за градба што Општината го издаде во јануари годинава врз основа на претходното позитивно конзерваторско мислење издадено во ноември минатата година.

Од Општината повторно побаравме одговор дали конечно ќе се донесе решение за запирање на изградбата, односно за поништување на дозволата за градба или не и објаснување врз која законска основа Општината дозволува да продолжи градењето без документ којшто е неопходен за изградба во заштитено подрачје. И повторно оттаму стигна истиот одговор.

На теренот каде што треба да никне спорната 17-катница, од утро до вечер работи механизација, брмчи и бучи, а инвеститорите веќе почнаа и да ги нудат становите на продажба.

Зградата чудовиште се гради дење, ноќе, 20 часа дневно се чука, се загадува, се гради најбрзо што може за да се дојде до реализација за која при евентуално одземање на одобрението за градба, би барале огромен износ за надоместок на штета. И капак на сè, си поставиле кран надвор од заградената парцела, преку улица, па пренесуваат товари преку улица, од една парцела на друга, преку главите на луѓе и возила зошто улицата е слободна за сообраќај дури и кога товар ти виси над глава. Градежен инспектор, раководител на надлежен сектор, има или не, гледаат или замижуваат!? Колку е безвреден обичниот човек, се дозволува комодитет на градежникот по цена и на човечки животи – коментира жителка на Карпош.

Граѓани што живеат во близина на градилиштето се жалат дека од бучава и тропање немаат мир до доцните часови. Велат дека се недостапни и пешачките премини, кои од едната страна се заградени, а од другата страна се паркирани возила и камиони за потребите на градилиштето. Според нив, невидена е ваквата негрижа за безбедноста на граѓаните, а ниедна институција во државава не го спречува ова самоволие. Тие се сомневаат дека дозволата за градба никогаш нема да му се одземе на инвеститорот и дека Општина Карпош, како што велат, нема да ја спречи изградбата сѐ додека не биде предоцна и прескапо да ја спречи.

Интересно е дека по три месеци работа, лупање и врева на градежната парцела, на терен не може да се види некаков сериозен напредок во изградбата. Сѐ изгледа исто како и на фотографиите направени набрзо откако почна да се гради.

https://www.slobodenpecat.mk/so-meseci-nikoj-ne-ja-zapira-izgradbata-na-17-katnicata-vo-karposh-iako-e-nekompletna-dozvolata-za-gradba/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-May-2024 at 19:04
Originally posted by stef4o





https://propertyone.mk/


od fb/16.04.2024

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Apr-2024 at 19:10
Carpe diem
Back to Top
Agentot View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Agentot Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Apr-2024 at 10:49
Vekje se nudat za prodazba delovnite prostori taka da ovie vesti se samo za mackanje oci
Back to Top
zlatko_k View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 11-Mar-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote zlatko_k Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Apr-2024 at 07:14
Возот си врви... Никој ништо не им може... Шерифи на сите страни...

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-karposh-nema-da-ja-stopira-zgradata-kaj-voena-bolnitsa-velat-odluka-treba-da-donese-nadlezhen-sud-ili-drug-organ/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Apr-2024 at 18:21
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 996
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Mar-2024 at 21:42
Green Park all around
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Mar-2024 at 19:55
Инфо за RUBIK TOWER





About Rubik Tower
The mixed use building is located in the Municipality of Karposh, at ul. Nikola Rusinski 1A. The residential building connects the main boulevards of the city Blvd. “8th of September” and Blvd. Partizanski Odredi.

In the immediate vicinity of the residential building are: Clinic Jean Mitrev, City Hospital 8th of September, Polyclinic Bucharest, kindergartens, primary schools, secondary schools, universities, shopping centers, sport halls, parks etc. The location of the building gives you a direct connection to everything that is needed to live a modern life.
The building type belongs to mixed use building. It has 419 residential units located in three entrances and six large elevators. The ground and first floor of the building are commercial units for business purpose, while the rest of the floors are residential units. The building has apartments with different typology, orientation and position. We offer studio apartments, two room apartments, three room apartments and four room apartments that are designed in such a way to meet the needs of our customers, who have different requirements and different financial possibilities. The location of the building allows an open view on all sides.

The height of entrance 1 is P+16+Pk, entrance 2 P+17+Pk, entrance 3 P+10.

Линк до новиот веб-сајт на ЗСФ КОМ

https://zsf.com.mk/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Mar-2024 at 20:14
Дел од понудата на станови објавени на фб страната на Делта Констракшн-вториот инвеститор













https://www.facebook.com/profile.php?id=61556777382661
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Mar-2024 at 18:11
Не почнала да се гради, а инвеститорот продава станови во кулата „Рубик“



На прашањето дали се продаваат становите во оваа зграда на која тие веќе и дале ѝ име кулата „Рубик“, од инвеститорот „ЗСФ КОМ“ потврдија дека се на продажба, а за тоа како се движат цените на становите, оттаму рекоа дека им е забрането тоа да го кажат телефонски, па за повеќе информации заинтересираните би требало да дојдат во нивните канцеларии. Невена Георгиева, член на Советот на Општина Карпош од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ за весникот ВЕЧЕР изјави оти до неа допреле неофицијални информации дека веќе се продадени околу стотина станови во 17-катницата



Инвеститорот „ЗСФ КОМ“ почна со продавање на станови во сè уште непочнатата да се гради 17-катница зад поликлиниката „Букурешт“ за која Конзерваторскиот центар Скопје го поништи првично даденото позитивното конзерваторско мислење. Од инвеститорот телефонски потврдија дека становите во оваа зграда на која тие веќе и дале и име кулата „Рубик“, се ставени на продажба, а за тоа како се движат цените на становите, оттаму рекоа дека им е забрането тоа да го кажат телефонски, па за повеќе информации заинтересираните би требало да дојдат во нивните канцеларии.

– Да, на продажба се становите, веќе има неколку продадено – потенцираа од „ЗСФ КОМ“- но, за тоа колку до сега се продадени повторно не сакаа телефонски да информираат, упатувајќи за саканите податоци да се дојде во нивните канцеларии.

Невена Георгиева, советничка од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, кои се најголемите поборници да не дојде до изградба на оваа висококатница на Фејсбук напиша: „Инвеститорот нема гајле, ако се сопре ќе си наплати од општината. Таа, пак, сигурна е дека ќе им успее жалбата или ќе развлекуваат доволно за да се заборави, и така не плаќаат од свој џеб“.

При тоа смета дека во целата работа највиновни се сите оние, како што вели, „подмачкани шрафчиња“ и „големите завртки“ и тие на крај најлесно ќе бидат обвинети.

– Ама одговорност мора да има и за моменталниве главни играчи, а и за тие што претходно подготвиле терен – децидна е Георгиевска.

Таа за весникот ВЕЧЕР изјави оти до неа допреле неофицијални информации дека веќе се продадени околу стотина станови во неизградената 17-катница. Воедно, информираше дека за во понеделник е закажана Седница на Советот на Општина Карпош до кога ќе помине рокот за поднесување на жалбата од страна на Општина Карпош против решението за поништување на позитивното конзерваторско мислење на Конзерваторскиот центар Скопје.

– На седницата ќе прашаме дали е испратена жалбата и до кого, бидејќи досега општината молчи – децидна е Георгиевска.

На прашањето дали е поднесена жалба по решението со кое е поништено позитивното конзерваторско мислење дадено од Конзерваторскиот центар Скопје, од Општина Карпош кусо одговорија дека се уште течат роковите за жалба по решението, но повторно нема одговор за тоа дали ќе биде поништено одобрението за градење на спорната 17-катница.

https://www.vecer.press/ne-pocnala-da-se-gradi-a-investitorot-prodava-stanovi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Mar-2024 at 18:10
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 875
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Feb-2024 at 00:31
Originally posted by stef4o

... Управата за заштита на културно наследство требаше да изврши надзор во Градскиот конзерваторски центар, но тие не постапуваа“, рече Костадиновска-Стојчевска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-ne-smee-da-se-gradi-konzervatorskiot-tsentar-ke-go-ponishti-pozitivnoto-misleneto-koi-go-izdade-eksdirektorot-reche-ministerkata-za-kultura/
   

А Управата е дел од Мин за Култура. Оди најди и' нзс. На почетокот ко стана министерка неправедно се сомневав во новинарите дека не знаат да пренесат изјава. По некое време сфатив дека у ствари жената не е во состојба да склопи реченица со смисла.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Feb-2024 at 19:42
Општина Карпош ќе ја плати цената за незаконското градење кај Воена болница



Протестите на граѓаните и бурните реакции на екологистите конечно допреа до ушите на институциите. Огромното бетонско здание за кое веќе две недели се копаат темели во близина на болницата „8 Септември“ или Воената болница во скопската населба Карпош 3 не смее да се гради. Ова е одлуката на работната група во Министерството за култура, која побарала итно поништување на позитивното конзерваторско мислење издадено од Националната установа „Конзерваторски центар“ – Скопје врз основа на кое е издадена и градежната дозвола. Тоа е спротивно на правилникот и на Законот за заштита на културно наследство.

Багери, камиони и машинерија веќе две недели работат на изградбата на 17 – катницата, иако на почетокот на овој месец, жителите со поддршка на О2 Иницијативата“ и други загрижени граѓани и некои политички партии, излегоа на протест за да ги отрезнат властите дека ваквото насилно бетонизирање е противзаконско.

„О2 Иницијатива“ од првиот ден кога е издадена градежната дозволата за изградба на 17-катницата на 18 јануари, а стана правосилна на 1 февруари се бори со институциите, и локални и државни да докаже дека донесеното позитивно конзерваторско решение од Националната установа „Конзерваторски центар“ – Скопје е против сите прописи, правилници и закони.

Според Невена Георгиевска, од „Независни за Карпош“ и членка на „О2 Иницијатива“, една од спорните работи во ова мислење е тоа што сега разрешениот директор на „Конзерваторски центар“- Скопје Константин Димитров, бил воедно и член на Комисијата на урбанизам во Општина Карпош.

„На некој начин веќе од Општината прима пари за да даде едно одобрение, а потоа во функција на директор дава уште едно одобрение. Имаме информации дека самиот составил комисија која потоа добила позитивно конзерваторско решение кое е во согласност на неговите барања и на барањата на градоначалникот. Меѓутоа, не е во согласност со правилникот по кој се изработува едно такво конзерваторско решение“, вели таа.

Димитров во моментов е во притвор за случајот со уривањето на заштитениот објект „Шар ан“ во Старата скопска чаршија. Од „О2 Иницијативата“ бараа од сегашната директорка на „Конзерваторски центар – Скопје“, Љиљана Китановска да се заложи да се поништи ова позитивно, и да се врати во сила првичното издадено негативно конзерваторско мислење за овој објект, кое нејзиниот претходник, од нему познати причини, преку тричлената комисија, го преиначил.

Како друга спорна работа е и тоа што самата парцела е во две зони на заштита, едната во втора, другата во трета зона.

Така, северниот дел на градежната парцела со површина од околу 1.690 м² влегува во границите на споменикот - Воена болница и има режим на заштита од втор степен, што подразбира нови објекти со габарит и катност прилагодени на вредностите и значењето на доброто, изведување на сите интервенции според конзерваторски проекти каде треба да се почитува и доминанатната класа на намени В - Јавни институции, утврдена со ГУП-от на Град Скопје од 2012-2022. За овој дел потребно е обезбедување Конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство, како услов за издавање на одобрение за градење.





Јужниот дел на парцелата со површина од околу 2.880 м², пак, е во границите на контактната зона на Споменикот (Воена болница) и има режим на заштита од трет степен, што подразбира можност за доградба и надградба на постојните објекти и изградба на нови објекти, со габарит и катност што нема да ги нарушуваат визурите на Споменикот. За овој дел потребно е да се обезбеди конзерваторско мислење од „Конзерваторски центар“ - Скопје, како услов за издавање на одобрение за градење.

Врз основа на овие факти, „Конзерваторски Центар“-Скопје не смеел да издаде позитивно конзерваторско мислење, вели Георгиевска.Токму затоа од „О2 Иницијативата“ испратиле претставка и до „Конзерваторски центар“ – Скопје, и до Министерството за култура за запирање на издаденото позитивно мислење и негово поништување.

Следејќи ги барањата на „О2 Иницијативата“ Само прашај се обрати до „Конзерваторскиот центар“ – Скопје, од каде, пак, по долги преговори, кусо ни одговорија дека во моментов не се во состојба да дадат одговор.



Во Општина Карпош прашавме и дали се запазени сите законски прописи за изградба на планираниот објект и каков е ставот на Општина Карпош во врска со барањата на граѓаните од протестот на 3 февруари. Одговор на ова прашање не добивме, а во меѓувреме, Општината ги демантира информациите објавени во медиумите дека објектот всушност не ги има сите одобренијата од надлежните институции, преку соопштение со следнава содржина:

„За да се издаде градежна дозвола за каков било објект, прво, тој мора да биде предвиден со Генералниот урбанистички план кој го носи Градот Скопје. Во конкретниот случај, на оваа локација со истиот план уште од 2012 година, а кој е во важност до денес, е предвидено домување. По носењето на овој план кој е од повисок ранг, локалната самоуправа донесе Детален урбанистички план во 2013 година и на оваа локација е предвидено колективно домување за што дале согласност Градот Скопје, Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура, Министерство за одбрана. Овој Детален урбанистички план, токму од овие луѓе е обжален на Уставен суд на Република Македонија и нивната иницијатива највисокиот судски орган ја отфрли како неоснована“, се вели во писмената реакција од Општина Карпош.

Тие се повикуваат на четирите согласности од надлежното министерство, кои се однесуваат на урбанистичкиот план и на идејниот проект кој бил доставен до нив.

„На 21 ноември 2023 година Управата за заштита на културното наследство издала согласност, а потоа од Националната установа ‘Конзерваторски центар –Скопје’ тричлена комисија позитивно се изјаснила на 27 декември 2023 година. Потоа и Министерството за култура потврдува дека издадените согласности се согласно закон и пропишаниот образец“, стои во соопштението.

Општината ќе плаќа за виртуелно право на хартија

Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“ и членка на „О2 Иницијативата“, се обиде да долови што значи изградбата на бетонскиот џин на овој простор.

Невена Георгиевска посочува дека сите параметри што се по основа на Деталниот урбанистички план од 2013 година се веќе стари. Иницијатива за преиспитување на одлуките во врска со оваа парцела во моментов има и во Уставниот суд со која се оспорува Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 05 помеѓу булевар „Илинден“, булевар „8-ми Септември“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“. Како што ни одговорија од Уставен, оваа иницијатива ќе чека втора шанса, откако на седницата одржана пред една година, не го добила потребното мнозинство.

„Уставниот суд информира дека предметот У.бр.52/2022 беше разгледан на седница одржана на 11 јануари 2023 година. Предлогот во рефератот не го доби потребното мнозинство гласови, што значи повторно ќе биде ставен на седница, за што ќе бидете дополнително информирани“, велат оттаму.

Надежта и на Стојановска и на Георгиевска, но и на жителите дека на крајот ќе се покаже дека градбата е нелегална се остварија. Тоа значи дека градежните работи треба да се прекинат, но она што следи е и сите тие активности што ги презел инвеститорот во однос на трошоци да му бидат вратени, што, ќе се одрази врз буџетот на Општината.

„Ќе има тужби, како што има и многу пати до сега до Општина Карпош и сѐ се тоa тужби од големи инвеститори, од луѓе моќници, во однос на тоа што добиле виртуелно право исцртано на хартија, а ние со укинатиот ДУП сме им го одзеле на некој начин. И сега ние не носиме ДУП-ови и тие имаат изгубено право и ја тужат општината. И за чудо, во нашиот правен систем добиваат оштети, повторно влечат пари од општината за никакви активности, за некои работи што се изгласани на совет и тоа нелегално“, вели таа.

https://samoprasaj.mk/naacik/opstina-karpos-ke-ja-plati-cenata-za-nezakonskoto-gradenje-kaj-voena-bolnica

Edited by stef4o - 22-Feb-2024 at 19:43
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Feb-2024 at 18:00
17-КАТНИЦАТА КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ, КОНЗЕРВАТОРСКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ ГО ПОНИШТИ ПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕТО КОЕ ГО ИЗДАДЕ ЕКСДИРЕКТОРОТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Конзерваторскиот центар денеска ќе го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска кажа дека го добиле извештајот од работната група кој покажува дека позитивното мислење потпишано од ексдиректорот Константин Димитровски е спротивно на Законот за заштита на културно наследство.

„Во него стои дека тоа издадено конзерваторско решение не е согласно правилникот кој што е постоечки по Закон за заштита на културно наследство и сега го враќаме назад кај првостепениот орган од кој очекуваме уште денеска да го поништи. Не е точно дека процесот се одолговлекуваше. Управата за заштита на културно наследство требаше да изврши надзор во Градскиот конзерваторски центар, но тие не постапуваа“, рече Костадиновска-Стојчевска.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали сега градбата ќе биде стопирана министерката одговори дека тие нивната работа си ја завршиле, а за понатаму има други институции кои треба да преземат мерки.

Градежната дозволата за изградба на 17-катницата е издадена на 18 јануари, а станала правосилна на 1 февруари. Инвеститорот „ЗСФ Ком“ го огради проекторот и веќе се спрема за градба.

Парцелата каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ Ком ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-ne-smee-da-se-gradi-konzervatorskiot-tsentar-ke-go-ponishti-pozitivnoto-misleneto-koi-go-izdade-eksdirektorot-reche-ministerkata-za-kultura/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Feb-2024 at 18:14
17 катница во непосредна близина на Воената Болница

Периодов повторно во фокусот е Општина Карпош, поради давањето на одобрение за градба за 17 катен станбен објект во непосредна близина на старата Воена Болница или денес градската болница „8ми септември“.

Овој објект е еден од ретките заштитени објекти од постземјотресната обнова на Скопје, што значи и дополнителни услови и барања во однос на се што се изведува во негова близина.



Одобрението за градба, го издаде општината по давањето на позитивното мислење на Конзерваторскиот Центар, кој сеуште не образложи кој е контекстот и оправданоста на истото.

По ваквиот чекор, „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ организираа протест со кој се бараше да се запре оваа спорна инвестиција. Некои од причините за истото се: несоодветна типологија на објект во простор наменет за здравствени установи, преголема катна височина, голем број на нови жители ( 2000 ) кои ќе причинат дополнителен сообраќаен товар на уличната мрежа, безбедносен ризик поради локацијата веднаш до Бензиската Пумпа на Мак Петрол итн.



Во однос на овој поширок простор во повеќе наврати сме спомнале дека е пример за урбанистички несоодветни делувања низ изминатите декади. На ова место постоеше парк чие деградирање воедно претставува и државен срам, бидејќи тоа беше поинаков простор со име Парк на толеранцијата или Дипломатски парк. Неговото создавање започна со засадување различни видови дрвја, карактеристични за земјите од каде што доаѓаат амбасадорите и конзулите во нашата земја, кои лично ги засадуваа во присуство на македонскиот претседател.

Со промена на урбанистичките планови во 2013-14 година, паркот конечно беше избришан, а просторот предвиден за приватни здравствени установи северно од новопроектираната улица, додека кон југ се вметна и површина за станбен објект.



Што е со контекстот на површините за градба, нивната големина, габарит и сликата кои тие ја рефлектираат во идната архитектура на тој простор?! Предвидуваме во оваа зона, во овој блок, повисок објект од Воената Болница, која е јавен објект со нагласено значење, заштитен ориентиер кој треба да е визуелно достапен меѓудругото и за хеликоптерски сообраќај.

Тоа е секако за некои земји каде се бара додадена вредност, додека во нашиот случај постојано одземаме од постоечката и наследена вредност на просторот, кој скоро ќе се потроши. Што потоа?

https://marh.mk/17-katnica-vo-neposredna-blizina-na-voena-bolnica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Feb-2024 at 20:00
Во Карпош ќе се гради висококатница со 3 пати помала површина од маркицата во ДУП-от!

Градежната компанија „ЗСФ-КОМ“ на бизнисменот Фатмир Етеми доби одобрение за изградба на станбен објект покрај булеварот Партизанска во Карпош, поточно помеѓу бензинската „Макпетрол“ и поликлиниката „Букурешт“, кој ќе има површина од 31.958 квадрати, што е за околу 2 третини помалку во споредба со она што го дозволува Деталниот урбанистички план за Градска четврт 305, донесен уште во 2013 година.

Според изводот од ДУП-от со кој располагаме, на овој простор вцртана е градежна парцела со број 6.1 со површина од 4.569 квадрати, каде е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради (габарит од 3.543 квадрати), со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри. Притоа, со оваа маркица се предвидува максимална изградена површина од 99.204 квадрати.



Врз основа на овие параметри, инвеститорот изготвил урбанистички проект, неопходен за постапката за издавање на одобрение за градба. Имено, документацијата што ја обезбедивме покажува дека овој проект предвидува различен објект со поинакви карактеристики во споредба со планот. Односно, не се проектира објект во форма на квадрат со еднаква висина, туку скалест објект на повеќе нивоа, при што делови одат во висина до 10, 16 и 17 ката, а еден дел ќе биде само приземје и еден кат.

Во т.н. општи урбанистичко-архитектонски услови се наведува дека тој ќе биде со габарит од 3.198 квадрати или 345 квадрати помалку од она што го дозволува ДУП-от. Потоа, урбанистичкиот проект предвидува и максимално изградена површина од 39.219 квадрати, што, пак е за 59.985 квадрати помалку во споредба со она што го дозволува планот, додека со основниот проект со врши дополнително намалување на 31.958 квадрати. Освен домување, се предвидуваат и други компатибилни намени, кои може да опфаќаат максимум 40 отсто во однос на примарната намена.



Инаку, инвеститорот поднел барање за одобрение за градење на крајот на ланската година (22.11.2023), а Општина Карпош одговорила позитивно на почетокот на годинава (18.01.2024). Објектот може да почне да се гради откако издаденото одобрение ќе стане правосилно, што, според нашите информации од Општина Карпош, веќе се случило, бидејќи единствениот непосреден сосед немал никакви забелешки. Па така, веќе започнати се и градежни активности на терен, кои, според Законот за градење, мора да завршат во рок од 10 години.

„Фокус“ го обезбеди и одобрението кое му е издадено на „ЗСФ-КОМ“, но и на уште една компанија – „Делта 2015 Констракшн“, формирана во 2015 година. Порано, оваа компанија беше во сопственост на „Орка Холдинг“ на семејството на Орце Камчев, но во меѓувреме дошло до промени, така што денес како единствен сопственик се јавува Александар Николиќ, кардиохирург кој е дел од „Аџибадем Систина“. Управител, пак, е Дејан Каначковиќ, кој се јавува како управител и на „О.К. Сервис“ во сопственост на „Кара“, чиј сопственик пак е „Орка“ на Камчеви.

Всушност, „Делта 2015 Констракшн“ е сопственик на земјиштето каде треба да се гради новиот објект. Станува збор за локација, односно земјиште опфатено со катастарските парцели во рамки на катастарска општина Карпош со број 1801/3 и 1801/5. Практично, оваа компанија со „ЗСФ-КОМ“ склучила договор за заедничка градба со отстапување на право на градење, кој е составен дел од барањето за издавање на одобрението за градба, заедно со потребните проекти, елаборати, согласности од институции

На тој начин, „Делта 2015 Констракшн“ му го отстапува правото на „ЗСФ-КОМ“ да го изгради објектот, во замена за соодветен дел/број на станови, деловни простории и трговски единици. Како што велат од компанијата, нивната цел е да изградат модерен објект согласно сите урбанистички стандарди, кој ќе се вклопи во моделот за хумано живеење. Токму затоа, истакнуваат од таму, ќе градат објект со значително помала квадратура отколку што дозволува важечкиот план.

„Свесни сме дека имаше отпор и реакции во јавноста за овој проект, но за дел од забелешките имавме слух и затоа ќе градиме објект со далеку помала квадратура од она што го дозволува важечкиот план, кој ќе даде нов лик и нова димензија на тој дел од градот. Се работи за објект кој главно ќе биде за домување, со сите стандарди во делот на урбанизмот, со уредено сообраќајно решение“, стои во одговорот што го добивме од „ЗСФ-КОМ“.

https://fokus.mk/vo-karposh-ke-se-gradi-visokokatnitsa-so-3-pati-pomala-povrshina-od-markitsata-vo-dup-ot/?
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 875
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Feb-2024 at 01:43
Сеа.., убав филм е тоа "нато болница" за по медиуми ама во нато немаат ни слушнато за болницава...

Не треба да си моќен, доволно е да си прост, искомплексиран и насилен. Тоа е "моќта" кај нас денес, во комбинација со прости кукавици на министерски и директорски позиции.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.180 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.