build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мостови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 28>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мостови (општо)
    Posted: 07-Sep-2024 at 18:28
Изградени, но нефункционални – милионски мостови кои не водат никаде



https://mk.tv21.tv/izgradeni-no-nefunktsionalni-milionski-mostovi-koi-ne-vodat-nikade/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-May-2024 at 08:11
МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ЦЕЛОСНО ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

По една година утврдено дека нема структурни оштетувања опасни по безбедноста

Мостот „Беласица“ речиси една година по пожарот, конечно е целосно отворен за сообраќај.

На 12 мај минатата година, на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти.

Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

https://plusinfo.mk/mostot-belasica-celosno-otvoren-za-soobr-a-po-edna-godina-utvrdeno-deka-nema-strukturni-oshtetuva-a-opasni-po-bezbednosta/
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Apr-2024 at 12:19
Значи ќе има свечено пуштање во оупотреба пред избори на стар мост.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Apr-2024 at 15:17
Мостот Беласица го мина и последниот тест пред да се пушти во функција



https://kanal5.com.mk/mostot-belasica-go-mina-i-posledniot-test-pred-da-se-pushti-vo-funkcija/a636393
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Apr-2024 at 17:54
В сабота ќе се прави ново товарење на мостот „Беласица“?

Мостот „Беласица“ наскоро би можел да биде пуштен за сообраќај и за тешки возила. Според информации на весникот ВЕЧЕР, оваа сабота треба да се направи второ товарење со шест полни камиони, распоредени еднакво од двете страни, за да се види во каква состојба е и дали е целосно функционален за сообраќај.

Тежината од 205 тони товар е приближно она оптоварување што го има мостот доколку е целосно исполнет со возила. Потоа ќе се врши мерење за да се утврди дали поместувањата од една точка до друга се во дозволените граници.

По една крајна лента во двата правца на овој фреквентен мост пред осум месеци (во септември 2023) беше пуштена за движење на лесни возила откако експертизата, на барање од Град Скопје, ја правеше Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, по големиот пожар што се случи лани во мај и покажа дека нема сериозни структурни оштетувања на конструкцијата и на преднапрегнатите кабли што ја нарушуваат безбедноста на мостот.

Тогаш професорот Михаил Гаревски од ИСОГКП рече дека му е потребна лесна санација на мостот, со оглед на површинското напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, а таквите оштетувања се прифатливи според квалификациите прифатени во светот.

Потоа беше направено првото товарење, по кое поместувањата од таквото оптоварување беа во рамките на дозволените граници.

АД ЕСМ тогаш ги извади изгорените цевки од топловодот, требаше до почетокот на грејната сезона да постави нови за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија. Но, грејната сезона заврши, а цевките не се поставени.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, тогаш истакна дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот за да може со сигурност да се каже дека може целосно да се пушти за сообраќај.

https://www.vecer.press/most-belasica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Apr-2024 at 13:48
ЕДНА ГОДИНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗБЕРЕ ФИРМА ЗА ДА НАПРАВИ ПРОЕКТ ЗА НОВИОТ МОСТ КАЈ БАШИНО СЕЛО



Иако уште пред една година во април министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека ќе се гради нов мост на Вардар кај Башино Село, работите не се поместени од тоа. Според Бочварски, причина било што досега распишаните два повика за проект за нов мост не биле успешни.

„Проектната програма е направена од страна на ЈП ‘Државни патишта‘ и Градежен факултет. Беа распишани два тендера за проект за нов мост, но, за жал, беа неуспешни. Сега сме пред распишување на третата јавна набавка за избор на проектант. Согласно градежните норми и стандарди, потребно е да имаме техничка документација, па потоа да се распише тендер за избор на изведувач кој ќе го гради мостот“, кажа Бочварски.

Според проценките на професорите од Градежен факултет, изградбата на новиот мост ќе биде со мало изместување на трасата на постојниот патен правец Велес-Башино Село, со цел да се избеге остриот свијок пред постоечкиот мост.

Стручњаците уште во септември 2018 по извршените испитувања констатирале дека столбовите на мостот се напукнати, носечката арматура е сериозно оштетена од корозија со годините и има одводнување на мостовската конструкција.

Постојниот мост на Вардар кај Башино Село е стар 53 години, изграден од ЈНА во 1971 како времен, во должина од 101 метар. Тој е армирано-бетонски, од полумонтажен тип. Преку него се одвива сообраќајот на тешки возила и камиони до индустриската зона на Велес, но и за регионот на Азот, од каде што се носат сечена дрвена маса и камен од бројните каменоломи. Доколку се случи некакво ошетување на овој мост и тој стане неупотреблив, истите овие тешки возила ќе мора да минуваат низ центарот на Велес.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/edna-godina-ne-mozhe-da-se-izbere-firma-za-da-napravi-proekt-za-noviot-most-kaj-bashino-selo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Jan-2024 at 18:50
На мостот „Беласица“ петти месец се вози по две ленти, новите цевки сè уште не се поставени

После осум месеци откако избувна пожарот на мостот „Беласица“, по мостот и натаму се вози само по две ленти, а поставувањето на топловодните цевки не е стигнато до никаде.

Градоначалничката Данела Арсовска неколкупати во изминатиот период изјави дека причината зошто мостот не се пушта во целост во сообраќај е поради безбедноста на работниците кои ги поставуваат цевките. Но, она што и денеска можеше да се види на терен е дека работници нема, а монтирањето на топловодните цевки, кои лежат на тревникот покрај мостот, не е ниту започнато.

На прашањето до ЕСМ до каде е монтирањето и кога во целост ќе завршат работите, оттаму нема прецизен одговор ниту објаснување зошто толку бавно се одвиваат активностите со оглед на фактот дека демонтажата на опожарениот топловод заврши уште кон крајот на август.

-Во текот на изминатиот период, ЕСМ Дистрибуција активно работи на санација на цевководот кај мостот Беласица. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и се вложуваат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите – одговараат од ЕСМ.

Одговорот не се разликува од оној што го добивме уште во октомври, ниту пак укажува за каква комплексна активност станува збор што пет месеци по демонтажата на оштетените цевки уште не се започнува со поставувањето на новите.

Од почетокот на септември по мостот се вози само по две ленти, двете средишни не се пуштаат во употреба додека ЕСМ не ги постави цевките. Од Град Скопје тогаш потенцираа дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот, утврдено е дека на него нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста.

Од извештајот е констатирано дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.

Споменатиот извештај никогаш не беше презентиран во јавноста, а при крајот на годината, на мостот беше извршено тестирање со оптоварување од над 200 тона, за да се увиди дали неговата состојба е стабилна и дали е безбеден за сообраќај, со поставување на неколку натоварени камиони од двете страни по должината на мостот.

Според анализите, утврдено е дека мостот е во одлична состојба и е сигурен и безбеден за сообраќај и движење на граѓаните. Дополнително беше извршена прва фаза на пробно товарење, а во моментов се чека завршување на поставувањето на цевководот за топлинска енергија по што мостот ќе биде пуштен во целосна употреба – одговарија од Град Скопје за „Слободен печат“.

Од Градот очекуваме и одговор на прашањата дали тестирањето го изведувала лиценцирана фирма за испитување на мостовски конструкции која може да потврди дека мостот е безбеден или тоа го утврдиле вработени во ЈП „Улици и патишта“, но и на прашањето каква е поврзаноста на поставувањето на топловодните цевки со тоа што мостот не се пушта во употреба, односно зошто работниците би биле небезбедни доколку се одвива сообраќај на сите ленти на мостот, кога Град Скопје тврди дека мостот е во одлична состојба.

Во јавноста останаа неразјаснети многу дилеми околу мостот и нејасно е зошто доколку стануваше збор само за „козметичка“ санација, таа не завршува ниту осум месеци по пожарот.

Деканот на Градежен факултет Горан Марковски, непосредно по опожарувањето на мостот посочи дека доколку станува збор за мало оштетување на „Беласица“, санацијата ќе трае неколку месеци, ако е поголемо и цела година.

Безмалку девет месеци поминаа, а мостот не е целосно пуштен во употреба. Не знам што се работи сега таму, но предолго трае доколку навистина станува збор само за козметичка санација. Јас и понатаму сметам дека мостот не се испита како што треба – вели професорот Марковски.

https://gradska.mk/na-mostot-belasicza-petti-mesecz-se-vozi-po-dve-lenti-novite-czevki-se-ushte-ne-se-postaveni
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Dec-2023 at 18:51
Со 200 тона товар се тестираше издржливоста на мостот „Беласица“



https://sitel.com.mk/so-200-tona-tovar-se-testirashe-izdrzhlivosta-na-mostot-belasica
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Dec-2023 at 18:58
К.Паланка

Градечки мост" и "Соларски мост" добиваат модерен и урбан лик со нова инвестиција - 14.000.000 денари, обезбедени од Владата на РСМ, преку ТАВ програмата.
Општина Крива Паланка со инвестицијата за реконструкција на овие два моста и дополнително, инвестицијата за изградба и проширување на централната градска улица, добива комплетно разубавен и променет лик на централното градско подрачје.







https://www.facebook.com/o.krivapalanka
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Oct-2023 at 08:14
Мост „Беласица“: Кога и експертите ќе стивнат



https://360stepeni.mk/video-most-belasitsa-koga-i-ekspertite-ke-stivnat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Sep-2023 at 10:23
ГРАД СКОПЈЕ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ ГИ РАСКОПА ТРОТОАРИТЕ НА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ“ И ГИ ОСТАВИ ТАКА



Еден месец тротоарите на мостот „Обединети нации“ стојат раскопани и не се градат. Град Скопје на 15 август го откорна асфалтот од патеките за пешаци и велосипедисти од едната страна на мостот, во правец на движење од Влае кон Карпош. Поставени се прегради со кои е забрането движење и знак на Град Скопје дека се изведуваат градежни работи.

Но, иако е поминат цел месец, работите за поставување нов асфалт не се ни почнати, па мостот е небезбеден за движење на пешаци. Пешаците, велосипедистите, родителите со колички за бебиња и деца мора да се движат по коловозот на мостот кој е доста фреквентен и низ него се вози со голема брзина.

Од Град Скопје, како и во цел досегашен мандат на градоначалничката Данела Арсовска, не добивме одговор на нашето прашање зошто оваа фреквентна сообраќајница е раскопана и оставена така, со што е небезбедна за граѓаните.

Мостот „Обединети нации“ со години е во очајна состојба. Полн е со дупки и прокопи, а тротоарите се изрешетани па кога се минува низ нив се гледа реката Вардар. Деканот и професор на Градежен факултет Горан Марковски уште пред неколку години предупреди дека на мостот „Обединети нации“ му е потреба санација поради дотраеноста на некои делови.

Ексградоначалникот Петре Шилегов кон крајот на неговиот мандат најави дека мостот ќе се урива и ќе се гради нов со по три коловозни летни во двата правци, како дел од проектот за воведување на Брз автобуски превоз (БРТ). Но, со доаѓањето на функција на Арсовска овој проект беше стопиран, иако државата зема кредит од од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и сега плаќа камати од 350.000 евра годишно.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pred-eden-mesets-gi-raskopa-trotoarite-na-mostot-obedineti-natsii-i-gi-ostavi-taka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Sep-2023 at 13:40
ОД ДЕНЕСКА СЕ ВОЗИ ПО МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ Град Скопје тврди експертите не виделе структурни нарушувања

Град Скопје објави дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булевар Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот.

Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија“, соопштија од Град Скопје.

Од денеска, мостот на булеварот Беласица ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

https://plusinfo.mk/od-deneska-se-vozi-po-mostot-belasica-grad-skop-e-tvrdi-ekspertite-ne-videle-strukturni-narushuva-a/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Aug-2023 at 17:54
Дупки на тротоарот на мостот „Обединети нации“ – Телма дознава утре затворен еден дел за негова санација



https://telma.com.mk/2023/08/30/dupki-na-trotoarot-na-mostot-obedineti-nacii-telma-doznava-utre-zatvoren-eden-del-za-negova-sanacija/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Aug-2023 at 16:25
Мостот Беласица чека санација, кога ќе биде вратен во функција останува непознато



https://kanal5.com.mk/mostot-belasica-cheka-sanacija-koga-kje-bide-vraten-vo-funkcija-ostanuva-nepoznato/a597851
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Aug-2023 at 17:20
ЕСМ не е надлежно за санација на мостот ,,Беласица‘‘, туку само за повторно поставување на топловодните цевки

Затворениот мост Беласица не се знае кога ќе се санира за да биде пуштен за сообраќај. Од Град Скопје кратко ни одговорија дека во текот на наредните денови ќе ни дадат информација, што преземаат во врска со мостот. Засега единствено ЕСМ работи на терен. Отстранети се опожарените цевки од топловодната мрежа и почнуваат со инсталација на нови. Уверуваат дека нема да има прекини во снадбувањето со топлинска енергија оваа зима.

„Во моментов се вложуваат максимални напори инсталацијата да заврши во најкраток можен рок, со цел да се обезбеди сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа за следната грејна сезона. Санацијата на мостот, од друга страна, е во надлежност на Град Скопје. “

Директорот на институтот кој ги правеше проценките на штетите од пожарот, вчера информираше дека завршиле со инспекциски контроли и потребна ќе биде само лесна санација на мостот.

Мостот кој е една од главните артерии во градот, се поизвесно е дека нема да биде завршен до септември кога завршуваат летните одмори и почнува учебната година. Граѓаните ќе мора да патуваат и по еден час низ скопските улици, кружејќи за да стигнат до работа, на училиште, болница. Во неколку јавни настапи, уште пред месеци, градоначалничката на Скопје уверуваше на многу скоро пуштање на мостот. Мостот беше опожарен на 12 мај, по што веднаш беше затворен за сообраќај.

https://sitel.com.mk/esm-ne-e-nadlezhno-za-sanacija-na-mostot-belasica-tuku-samo-za-povtorno-postavuvanje-na-toplovodnite
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Aug-2023 at 17:57
За 10 дена Скопје се враќа во вообичаениот ,,сообраќаен хаос‘‘ - кога ќе се стави во функција мостот ,,Беласица‘‘



Мостот Беласица не претрпел многу штета во пожарот и ќе се прави само површинска санација. Директорот на институтот кој е задолжен за анализа на штетите, вели завршиле со детална инспекција со што ја потврдиле првичната проценка. ЕСМ ги отстрани цевките за парно од мостот и теренот е подготвен за работа.

Санацијата на мостот според Гаревски ќе ја прават од ЕСМ. Потребно е да се нанесе нов слој на бетон за да се зацврсти арматурата. Според деталните инспекциски контроли кои ги направиле, оценува дека е позитивно што внатрешноста на мостот не е оштетена.

Метежот во главниот град не стивна ниту летово. За десет дена почнува учебната година со што дополнително ќе се зголеми фреквенцијата во сообраќајот. Од Град Скопје нема одговор кога ќе почнат со санација и за колку време ќе биде пуштен мостот. Во неколку наврати градоначалничката Арсовска најавуваше дека мостот ќе го пуштат за неколку дена, но оттогаш поминаа месеци.

https://sitel.com.mk/za-10-dena-skopje-se-vrakja-vo-voobichaeniot-soobrakjaen-haos-koga-kje-se-stavi-vo-funkcija-mostot
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Aug-2023 at 00:25
Очигледно ништо

Само зијан прават овие "медиуми" кои имаат наслови кои содржат прашалници, капс лок, извичници..
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Aug-2023 at 16:53
ФОТОВЕСТ: Што се работи на мостот „Обединети нации“?







https://www.vecer.press/фотовест-што-се-работи-на-мостот-обе/
Carpe diem
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Aug-2023 at 23:21
Originally posted by stef4o

Нереализиран проект

Пешачки мост на река Вардар кај “Црква Пресвета Богородица”


Скроз непотребен, 300метра е од еден до друг постоечки мост.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Aug-2023 at 15:54
Почна санацијата под мостот „Беласица“: Кога ќе може да се вози по него?



Санацијата на мостот „Беласица“ по пожарот е почната. Камион, градежна механизација, работници работат под мостот. Таму се донесени и нови цевки, кои треба да се заменат со опожарените.

Работите ги изведува ЕСМ. Новите цевки, во согласност со одредени процени, треба да бидат поставени до крајот на месецот. Потоа ќе следува проверка и доколку е сѐ во ред – мостот ќе биде пуштен во употреба.

На мостот „Беласица“ нема посериозни оштетувања и затоа нема да биде потребно негово зајакнување, вели во интервју за „Макфакс“ професорот Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Најоптимистички е дека мостот може да се пушти во употреба во септември.

Мостот е затворен за сообраќај веќе четврти месец. На почетокот имаше забрана и за пешаци за потоа да биде дозволено тие да поминуваат, но не и автомобили и тешки товарни возила.

https://skopjeinfo.mk/pochna-sanacijata-pod-mostot-belasica-koga-kje-mozhe-da-se-vozi-po-nego
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.367 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.