![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 69> |
Author | |
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() Posted: 05-Jan-2025 at 02:07 |
1986
|
|
![]() |
|
toma.bacic ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 22-May-2022 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Здраво! Кога се електрифицираше линијата Скопје - Гевгелија? Ви благодариме! toma
|
|
www.zeljeznice.net/forum
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВОЗОВИТЕ КОН КОЧАНИ И КИЧЕВО НЕ СООБРАЌААТ ОТИ НЕМА ЕКОНОМСКА ИСПЛАТЛИВОСТ, А ДИЗЕЛ ЛОКОМОТИВИТЕ СЕ СКАПИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ
Пругите кон Кочани и Кичево ќе причекаат додека повторно по нив возат возови, а ќе чекаат и патниците кои ги користеа услугите на Македонски железници да патуваат за овие правци. Пругите кон Кичево и Кочани се без воз од мај 2021. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во Велес кажа дека причината за прекинот не е малиот број патнички возови и локомотиви, туку малиот број патници. „Пругата кон Кочани и Кичево нема железнички сообраќај бидејќи не е електрифицирана, а дизел локомотивите се скапа работа за одржување. Тоа е една од работите кои ги работиме со Македонски железници, целосна електрификација на овие пруги. Во моментов нема економска исплатиливост, каква таква има само за Коридор 10, кој е целосно електрифициран“, рече Николоски. Железничарите подолго време објаснуваат дека сите расположливи патнички возови на електричен погон се користат за сообраќај на линијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес и обратно, дури поради тоа што еден од кинеските електрични возови се расипа, укината е една од трите линии кои сообраќаа кон Гевгелија. Кон Битола сообраќаат моторно-патнички возови од кинеско производство или локомотива со патнички вагони, дневно три на број. Пругата кон Куманово и Бељаковце е исто така електрифицрана како гевгелиската и има голем број патници, работници и студенти кои патуваат кон Скопја и назад, но и таа не функционира, од почетокот на 2022. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozovite-kon-kochani-i-kichevo-ne-soobrakaat-oti-nema-ekonomska-isplatlivost-a-dizel-lokomotivite-se-skapi-reche-ministerot-nikoloski/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
marfimk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
Слики од ФБ група “Zeljeznica zauvek” што мислам дека се интересни. На сликата се работници одбрани за обука во САД во 1972 година, за работа на новите локомотиви. Има и листа со нивните имиња, можеби некој ќе се препознае.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Патници од Велес останаа без превоз откако се расипал возот што требало да ги однесе за Скопје
Неколку десетици велешани кои со воз патуваат на работа во Скопје, утрово задоцнија, оти возот во 6:27 не се појави на велешката станица. Се расипал синоќа, на тргнување од Скопје кон Гевгелија. И покрај ова, од Македонски железници не известиле за тоа, за да можат оние кои планираат патување со воз, да бараат алтернатива. Од државната компанија која управува со возовите велат дека има промена на килимата, па возовите реагирале на тоа. Патник кој секојдневно патува со овој воз, но не сакаше да зборува пред камера, за Телевизија 24 револтирано вели дека морал да се изложува на дополнителни трошоци. Тој бара одговорност од Македонски железници транспорт, оти ваквите настани освен пари, можеле да го чинат и губење на работното место. Директорот Терзиевски не чувствува лична одговорност. Железничкиот сообраќај во земјава е во лоша состојба. Возовите доцнат и по неколку часови, а некогаш и со денови, а пругите и мостовите се дотрајани и попуштаат. Поради ова, патниците ретко го избираат возот како превозно средство. Во последните пет години железничкиот мост кај Стоби, на вливот на Црна Река во Вардар два пати попушта, при што и првиот и вториот пат сообраќајот беше во прекин повеќе од еден месец, а железницата изгуби неколку милиони евра. И додека возови има се помалку, во двете компании на Македонски железници има директори на претек - вкупно 14, од кои двајца генерални. И покрај тоа што во последните 10 години се сменети10 директори, подобрување на состојбата нема. https://24.mk/details/patnici-od-veles-ostanaa-bez-prevoz-otkako-se-rasipal-vozot-shto-trebalo-da-gi-odnese-za-skopje |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
САНИРАН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ НА РЕКАТА ЦРНА, ПАК ВОЗИ ВОЗОТ ОД ВЕЛЕС ДО ГЕВГЕЛИЈА, ЖЕЛЕЗНИЦАТА ЗАГУБИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА
![]() Вчера беше извршено пробно товарење на мостот кое се покажа успешно, по што (МЖ)-Инфраструктура одлучи дека може да се одвива железнички сообраќај. (Фото: СДК.МК) Патничкиот воз кој вчера од 16,55 часот тргна од Скопје е првиот кој по пауза од 52 дена стигна до Гевгелија, без притоа патниците да преседнуваат во автобус и така да се премости оштетениот мост на реката Црна кај локалитетот Стоби. Ова откако заврши санацијата на Железничкиот мост, кој беше оштетен на 14 ноември лани. Вчера беше извршено тестирање, пробно товарење на мостот кое се покажа успешно, по што Македонски Железници (МЖ) – Инфраструктура одлучи дека преку санираниот мост може да се одвива железнички сообраќај. „Се работеше за пропаѓање на вториот столб, што е последица на пуштање енормна количина на вода, испуштена од ХЕЦ Тиквеш. Извршените испитувања покажаа дека една третина од темелот на мостот е поткопана, дојдено е до ротирање на целиот столб и мостот беше спуштен за 24 сантиметри. Ние, како Железница, не можеме да влијаеме на промената на режимот на реката Црна. Ако некој од блоковите на РЕК Битола не работи се пушта поголема количина вода, која резултира со поткопување на дното на реката. Тоа е идентична ситуација како и пред пет години кога беше оштетен првиот носечки столб“, кажа Владимир Трајковски, координатор за санација на Железничкиот мост. Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија е во прекин од 14 ноември. Поради тоа, товарниот сообраќај не функционираше и превозот на стоката од пристаништето во Солун кон Средна Европа се превезуваше преку Бугарија. Патничкиот железнички сообраќај се изведуваше комбинирано, од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваа со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија со воз. „Овој Коридор 10 е од витално значење на МЖ, тој ја обезбедува нашата работа. Најголемите приходи во компанијата стигаат преку него. Клиентите кои ги користат нашите услуги се во исчекување на нормализација на товарниот сообраќај. Со затворањето на оваа делница, претрпевме големи штети, кои уште ги пресметуваме“, рече Тоше Силјановски, директор на товарен сообраќај во МЖ – Транспорт. Според претставникот на МЖ-Инфраструктура, секојдневно поради несообраќање на товарните возови, тие губеле по 30 илјади евра или за сите 52 дена вкупно претрпеле загуба од 1,5 милиони евра. Оваа деленица е најкратка железничка врска на солунското пристаниште со Средна Европа. „За да се испита детално оштетувањето на мостот се користеа и нуркачи. Тој има проблеми уште при неговата изградба, со квалитетот на неговите материјали, со неговата местоположба која се наоѓа на влив од една во друга река. Ние школски велиме дека тука, на таква локација не се гради мост, има вртлози, зголемено ниво. И при санацијата на првиот столб и сега нагласуваме дека санацијата е времена за да може да се одвива железничкиот сообраќај. Од МЖ потврдија дека ќе се започне со проектирање на нов мост, во непосредна близина на постојниот, за да овој проблем трајно се реши“, рече Дарко Наков, професор на Градежен факултет. Изведувачот „Синтек инженеринг“ од Скопје ги заврши градежните работи пред време од рокот од 45 дена кој му бил даден, а започнаа на 29 ноември. Оваа фирма ја изведуваше санацијата и на првиот оштетен столб на истиот мост пред пет години, која се случи есента 2018. Тогаш железничкиот сообраќај беше во прекин 40 дена, а штетата беше проценета на 1,2 милиони евра. П. ПЕЧКОВ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/saniran-zheleznichkiot-most-na-rekata-tsrna-pak-vozi-vozot-od-veles-do-gevgelija-zheleznitsata-zagubi-1-5-milioni-evra/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Конечно една нормална капиталистичка вест. Нека влезат сега на пазарот Костцо, ДБ-шенкер, Маерск и останати логистицс компаниес, нека го повлечат ионака малку останатиот кадар во МЖ како машиновозачи и слично со нормални плати, и конечно нека пропадне тоа партиско дувло МЖ Транспорт. Мислам дека и некои домашни комапнии имаат интерес за инвестирање, како ДЕНИ интернационал. Во Дојран железарата сама сакаше да гради пруга до Грција и да управува со товарен сообрачај и не и дозволија заради глупите закони кои спречуваа либерализација.
Истото треба да и се случи и на пошта, како и на здравстен фонд. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Приватни оператори по македонските пруги
Од 1 јануари, според новиот Закон за либерализација на железничкиот сообраќај, и други компании од регионот ќе можат да оперираат по македонските железнички пруги. Јавното претпријатие Железници инфраструктура од оваа новина очекува приход од 98 милиони денари или 1,6 милиони евра. Се работи за можност и други компании од регионот да учествуваат во товарниот превоз. Македонија беше една од последните земји во регионот која сè уште немаше либерализација. „Либерализацијата не значи продажба, либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави неодамна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Железници транспорт ќе остане доминантен оператор во товарниот превоз за компаниите. Според проекциите приходите на Железници инфраструктура ќе се зголемат од 4 на 7 милиони евра. https://mkd.mk/privatni-operatori-po-makedonskite-prugi/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
marfimk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
Да, точно карши Витаминка беа, тука е и железничката станица.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
На вагоните пишува "за меласа" што е полупроизвод на шеќерна трска. Освен за Витаминка, друга фабрика не ни има каде би можеле да одат вагониве.
|
|
![]() |
|
marfimk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
Една убава слика во близина на железничката станица во Прилеп, oдамна не сум видел цистерни. Во позадина и “загубарот” - Жито Прилеп.
Edited by marfimk - 26-Mar-2023 at 23:30 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БРЗИНАТА НА ВОЗОВИТЕ СКОПЈЕ – ВЕЛЕС ОГРАНИЧЕНА НА МАКСИМАЛНИ 20 КМ НА ЧАС, ПАТНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ КОГА ЌЕ СТАСААТ
Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата. „Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура. Оттаму не кажаа што е причината за ваквата одлука. Патниците стравуваат дека ова ограничување на брзината ќе придонесе за сериозно доцнење на патничките возови. „Ние, редовните патници сме крајно револтирани. До Скопје или до Велес да патуваме два часа, ако не и повеќе. Нека кажат јавно дали оваа одлука е привремена или долгорочна. Вчера возот од Скопје во 14:20 часот стигна во Велес во 14.55, а назад за Скопје тргна во 15 часот и стасавме во 16:20, место во 15:20. Патници раскажуваат дека со вечерниот воз тргнале во 22:40 часот, а стасале во 12:35“, вели револтиран патник. Нивното искуство е дека во летниот период возовите знаат да возат со намалена брзина на одредени делници поради високите температури и можноста од ширење на шините, но не помнат толку рано, уште во март, да се започне со ограничувања. Утринскиот воз Скопје-Гевгелија, кој по ред на возење од Велес поаѓа во 7:25 часот за Гевгелија, денеска замина по час и половина, во девет часот. https://sdk.mk/index.php/naslovna/brzinata-na-vozovite-skopje-veles-ogranichena-na-maksimalni-20-km-na-chas-patnitsite-ne-znaat-koga-ke-stasaat/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
marfimk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
Сликано утрово во Прилеп ![]() ![]() |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Па добро, и со пругата кон Софија мал дел од причините се исто така политички (зашто најголемиот дел се безскрупулозна партиска кражба на државата). И да не би постоел геополитичкиот елемент, не мислам дека нешто многу подобро би изгледала ситуацијата Ск-Приштина. Па види ги 2.5 нови возови кои ги имаме во која состојба се (зборувам за кинеските кои сообраќаат внатре во државата). Па еднаш месечно со бришка да би врвел еден од стотиците вработени во Железници би личеле на нешто. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Мапата покажува уште една друга работа, геополитичка. Дека коридорот Скопје-Приштина-Белград како контратежа на Скопје-Ниш-Белград е целосно запозтавен заради политичките односи на Косово.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Јака карта. Ама се надевам дека си грешка со годината
![]() Edited by hcitrS - 21-Nov-2022 at 19:02 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Карта од 1945 година.
![]() Edited by Џоле - 20-Nov-2022 at 15:59 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Половина железнички линии запрени, расипани локомотиви, нема возачи
Во целава земја само три железнички линии се активни за превоз на патници. Линиите кон Табановце, Кичево и Кочани воопшто не функционираат. Линиите за Кичево и Кочани се неактивни поради недостиг на возови, а линијата кон Табановце поради недостиг на машиновозачи, велат властите. Линиите од Скопје кон Битола, Велес и Гевгелија се активни, но возовите се ретки. Ако ви избегал возот треба да чекате најмалку 2-6 часа за да пристигне другиот. Ова е една од причините зошто граѓаните го избегнуваат железничкиот превоз, поради долгите чекања. Нивниот повик е да има почести линии од овој вид на превоз. Во време на поскапување на горивата, граѓаните почнаа да им се враќаат на возовите. Но, оние кои патуваат подалеку велат дека за мала работа во Скопје, цел ден им поминува во чекање по станици. Од јавното претпријатие „Македонски железници – Транспорт“ велат дека имаат проблеми со резервни делови за возовите. Според нив, периодот за доставување од произведувачот е доста долг, бидејќи употребувале стари возови за кои често пати нема делови. Од претпријатието вината ја префрлаат врз компаниите кои го добиле тендерот за снабдување со резервни делови, а проблем има и со недостиг на пари. https://alsat.mk/mk/polovina-zheleznichki-linii-zapreni-rasipani-lokomotivi-nema-vozachi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВОЗОВИТЕ ДОЦНАТ СО ЧАСОВИ, ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ВЕЛАТ ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ МОРА ДА ВОЗАТ ПОСПОРО
Поголемиот дел од патничките возови на Македонски железници последните десетина дена возат со големо задоцнување. Патниците реагираат дека доцнењето е со часови, а не со минути како досега. Минатиот вторник, патничкиот воз од Скопје до Велес задоцнил за 2,5 часа односно наместо во 17.40 во Велес пристигнал во 20.15 часот. Саботниот вечерен воз од Битола во Велес пристигнал околу 23.30, иако по возен ред треба да е на станицата во 21 часот. Во неделата попладне патничкиот воз од Гевгелија кој во Велес пристигнува во 18,40 допатувал во 20 часот. „Патувањето со воз стана како авантура, не знаеш кога ќе тргнеш, ниту кога ќе стигнеш. Не е ни малку пријатно на пусти станици да се чека со саати на жешкото сонце“, велат патниците. Тие сведочат дека има случаи кога возовите се расипуваат, како што било со патничкиот воз од Скопје минатиот вторник, кој се расипал на железничка станица Зелениково и се чекало да дојде друг да го замени. Велешанка која од Австралија дошла дома по 15 години, во сабота сакала со воз да патува до Скопје. „По редот на возење воз има на пладне кога стигнав на железничка. Но воз немаше, а ми рекоа дека нема ни да дојде па се вратив назад“, вели велешанката и додева дека во минатото вакво нешто не ѝ се случило. И додека патниците посочуваат примери дека дел од возовите се расипуваат, од МЖ Транспорт велат дека причина за доцнењето се високите температури. „Доцнењата се директно и индиректно поврзани со ограничувањата на брзината на возовите на пругите на македонските железници од страна на ЈП Инфраструктура, поради високите летни температури. Тоа значи дека од 12 до 19 часот сите возови сообраќаат со максимална брзина од 50 километри на час, а од 19 часот до следниот ден до 12 часот со 70 километри на час. Продолжените возни времиња го зголемуваат времето на патување, ги крати технолошки предвидените времиња во обртни станици и го нарушува возниот ред на возовите, што само по себе доведува помали или поголеми задоцнувања на овие возови“, соопштија од АД МЖ Транспорт. Од година во година се намалува бројот на патници кои ги користат услугите на Македонски железници поради помалиот број на железнички линии, но и доцнењето и лошите услови за патување. На прашањето кога ќе продолжат со сообраќај патничките возови до Кочани и Кичево, кои една година не сообраќаат, од МЖ Транспорт не одговорија. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozovite-dotsnat-so-chasovi-od-makedonski-zheleznitsi-velat-poradi-toploto-vreme-mora-da-vozat-posporo/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |