![]() |
![]() |
![]() |
Македонско (етно) село во Нерези |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 17> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 08-Apr-2025 at 13:42 |
„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија
Потпишан договорот со концесионерот кој ќе го обнови и ќе раководи со комплексот „Македонско село“, соопштуваат од Службата за општи и заеднички работи. - Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија - ова го укажа директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски кој денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии. Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година. - После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра. Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата - се истакнува во соопштението испратено до медиумите. Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел. Според надлежните, со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава. https://www.faktor.mk/makedonsko-selo-od-juni-povtorno-kje-bide-otvoreno-za-posetiteli---potpishan-dogovor-za-koncesija |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Репортажа од „Македонско село“ – комплексот од 6,5 милиони евра кој Владата сака да го оживее
Вратите на објектот платен со буџетски пари последен пат беа отворени за посетители во 2018-тата, годината кога се откажа единствениот концесионер кој се нафати да стопанисува со „Македонско село“ Видливи се знаци на пропаѓање, различни во 12-те различни куќи. Па, сепак, шефот на владината СОЗР, Ивица Томовски, е оптимист дека објектот ќе се врати во живот. Вели дека седум компании пројавиле интерес по неодамна објавениот повик за изнајмување на „Македонско село“ https://360stepeni.mk/video-reportazha-od-makedonsko-selo-kompleksot-od-6-5-milioni-evra-koj-vladata-saka-da-go-ozhivee/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од јуни на кафе и прошетка во „Македонско село“
Службата за општи и заеднички работи при Владата го објави јавниот повик за избор на концесионер за комплексот. Оттаму велат дека целта е комплексот повторно да почне да работи и да се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски информираше дека огласот ќе трае седум дена и оти уште седум дена ќе трае евалуацијата на понудите. – Не очекувам целата постапка да трае повеќе од 15 до 20 дена. Секако, тоа ќе зависи и од бројот на пријавени – истакна Томовски Комплексот „Македонско село“ од јуни повторно ќе заживее. Скопјани, но и посетители од другите градови на државата и странските туристи, ќе може да уживаат под падините на Водно, близу Нерези и да испијат кафе во еден од рестораните. Воедно, ќе се запознаат со старата архитектура, односно со автентичниот изглед на куќите од различни делови на државата, но и со македонските занаети. Службата за општи и заеднички работи веќе го објави јавниот повик за избор на концесионер за комплексот, со услов идниот концесионер да го оспособи комплексот и тој да почне да работи од први јуни. – Целта е комплексот повторно да почне да работи и да се врати на туристичката и културната мапа на Македонија – информира Службата за општи и заеднички работи при Владата. Оттаму прецизираат дека е поделен огласот на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари. Комплексот ќе им биде издаден на идните закупци на 15 години, а јавното наддавање ќе се одржи на 14 февруари. – На законски и на транспарентен начин ќе биде одлучено кој ќе стопанисува со „Македонско село“ во иднина. Изборот ќе се изврши преку електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии – Управата за имотноправни работи. Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1.6.2025 година. Веруваме дека со избор на новиот концесионер ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување – велат од СОЗР. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, информираше дека огласот ќе трае седум дена и оти уште седум дена ќе трае евалуацијата на понудите. – Не очекувам целата постапка да трае повеќе од 15 до 20 дена. Секако, тоа ќе зависи и од бројот на пријавени – истакна Томовски. Според Службата за општи и заеднички работи, со обновата на комплексот ќе се создадат и услови за посети на туристи и на домашни гости, со што ќе се зајакнат туристичките инфраструктура и понуда во регионот, а истовремено ќе се придонесе и за презентирање на традиционалните македонски занаети, културното наследство и на автентичната архитектура. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде што се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел. Не функционира веќе шест години откако претходните концесионери, „Тинекс“ и хотелот „Квинс“ на ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, се откажаа оти не им било исплатливо. Во меѓувреме, СОЗР редовно ги намируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично, како што посочуваат оттаму, досегашните финансиски загуби достигнале околу 350.000 евра. https://www.vecer.press/od-juni-na-kafe-i-proshetka-vo-makedonsko-selo/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ај, да видиме...
„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ЌЕ ОЖИВЕЕ НАПРОЛЕТ
https://plusinfo.mk/makedonsko-selo-e-ozhivee-naprolet-e-ima-restorani-ama-i-sobi-za-prespiva-e/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА НЕМА ДА ГО ЗАЖИВЕЕ КОМПЛЕКСОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО НА ВОДНО КОЈ ПЕТТА ГОДИНА Е ЗАТВОРЕН, А ЧИНИ 6.5 МИЛИОНИ ЕВРА
Владата остави да пропаѓа комплексот Македонско село во Горно Нерези, Скопско, на падините на Водно, за кој се потрошени 6,5 милиони евра. Петта година комплекстот е затворен откако концесионерот, фирмите „Тинекс“ и хотел „Квинс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, престана да работи оти му било неисплатиливо. Во мај 2020, тогашниот технички премиер Оливер Спасовски презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со коронакризата кажа дека комплексот ќе прерасне во стартап село, ќе се постави брз Интернет, а етно куќите ќе се пренаменат во простор за заедничка работа. Но, оттогаш поминаа речиси три години, а Македонско село и натаму зјае празно и затворено за посетители. Владата ниту го споменува ниту работи на негово заживување. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали Владата има намера да го отвори и заживее комплекстот за кој се потрошени 6,5 милиони евра пари на граѓаните или ќе го остави да пропаѓа, кусо ни беше одговорено дека за ова прашање ќе се разговара во наредниот период. „Ве информираме дека во наредниот период, Владата ќе расправа за комплексот Македонско село. За заклучоците, јавноста ќе биде информирана“, велат од Владата. Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел. Хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години за месечна кирија од 3.500 евра. Во октомври 2018, престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и дека таква опција имале во договорот. Инвестицијата на Владата во Македонско село во Нерези ќе се исплати по нешто повеќе од 155 години. Толку време треба закупецот да ѝ плаќа на Владата по 3.500 евра месечно, колку што беше кирија која ја плаќаа фирмите на Тодоровиќ, за да се стигне до приближно 6,5 милиони евра колку што државата вложи во селото. Според официјалните податоци, Владата во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра. Дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување. Трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото чинеа 24.000 евра, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, а 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци. https://sdk.mk/index.php/naslovna/vladata-nema-da-go-zazhivee-kompleksot-makedonsko-selo-na-vodno-koj-petta-godina-e-zatvoren-a-chini-6-5-milioni-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Раскинат договорот за стопанисување со комплексот „Македонско село“ во Нерези
Владата конечно го раскина договорот со концесионерот на комплексот „Македонско село“ над село Нерези. Во вчерашниот допис до Бирото за јавни набавки, Службата за општи и заеднички работи на Владата информира за раскинатиот договор со приватниот партнер „Квинс Хотел“ кој преку јавно-приватно партнерство требаше да стопанисува од 2016 година и во наредните 20 години со комплексот на Водно со исплата на месечна кирија од 3.500 евра. Во објавата на системот за јавни набавки е набележано дека последната вредност на договорот со „Квинс Хотел“, изнесува 6.840.016 денари, што значи дека државата од партнерството заработила само 112.000 евра. Владата во овој проект инвестираше 5,2 милиони евра, од кои 1,3 милион евра беа потрошени за внатрешното уредување и плус 30.900 евра за набавка на клупи, патокази и за три електромобили со кои се пренесуваа куферите на гостите во селото. По речиси тригодишно работење, концесионерот одлучи да престане со работа поради загуби во работењето и на 18 октомври 2018 година беше ставен клуч на овој комплекс кој требаше да привлекува туристи во главниот град. Не профункционира и обидот на Владата од пред две години, таму да се одржуваат стар-ап настани за млади бизнисмени. https://www.vecer.press/раскинат-договорот-за-стопанисување/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фото и видео од дрон: Заборавено и напуштено пропаѓа „Македонско село“ кај Нерези
Тажна слика стои од десна страна на патот од Нерези кон Средно Водно. Заборавено од државни институции, а полека избледува и од спомените на граѓаните. Пропаѓа еден од најубавите туристички проекти во државата. На само десетина километри од центарот на Скопје во подножјето на Водно, спроти убавиот манастир „Св. Пантелејмон“ се наоѓа комплексот кој според многумина, до пред неколку години беше најрепрезентативната локација за прошетка на туристи во Скопје. Денес ова парче убавина може да се види само однадвор. Катанец на портите и чуварот од агенцијата за обезбедување ги чуваaт новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат дел од здивот на Македонија. Тажно висат обесени македонските знамиња на високите јарболи. Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Клучот за затворање на „Македонското село“ се стави две години подоцна, во октомври 2018 година кога тогашниот концесионер „Тинекс“ поради големи трошоци го раскина договорот со владата. Изградбата на комплексот „Македонско село“, почна во 2011 година, со инвестиција на Владата, а чинеше 6,5 милиони евра. Односно, за самата изградба се дадоа 5,2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1,3 милион евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци. Целта на проектот беше унапредување на туризмот во главниот град и Македонија. Тој се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора. Приказната за овој комплекс заврши во октомври 2018 година кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби. Граѓаните се уште сметаат дека затворањето на комплексот значеше сериозен удар за туристичката понуда во Скопје. Минатата година, министерот за економија Крешник Бектеши, кога ги претставуваше плановите за неговиот следен четиригодишен мандат како еден од преоктите го наброја и тој, „Македонско село“ да стане „Стартап село“. Бектеши тогаш рече дека „Македонско село“ е еден од приоритетите и веќе се работи на преоктот како да се претвори во стартап-село, каде што младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци. Но, и овој проект остана само на хартија. https://skopjeinfo.mk/foto-i-video-od-dron-zaboraveno-i-napushteno-propagja-makedonsko-selo-kaj-nerezi |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МАКЕДОНСКО СЕЛО НЕ СТАНА СТАРТАП СЕЛО, ОД ВЛАДАТА ВЕЛАТ ПРАВАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ДА БИДЕ ОДРЖЛИВО
Македонско село во Горно Нерези на падините на Водно, кое го измисли владата на Никола Груевски, уште не е станато стартап село. Лани во мај, тогашниот технички премиер Оливер Спасовски презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со коронакризата кажа дека комплексот ќе прерасне во старап село, ќе се постави брз интернет, а етно куќите ќе се пренаменат во простор за заедничка работа. Но, оттогаш помина речиси цела година, а Македонско село кое чини 6,5 милиони евра и натаму зјае празно и затворено за посетители. Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат велат дека не се откажуваат од идејата овој комплекс да прерасне стартап село, но потребни се дополнителни консултации за да се најде вистински модел тоа да биде одржливо. „Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со SWISS EP Macedonia и Starт-Up Chile, изработи физибилити студија во која се презентирани неколку модели за функционирање на стартап селото. Од истата, произлезе дека се потребни дополнителни истражувања и консултации, со цел дефинирање на вистински одржлив модел. Фондот за иновации и технолошки развој во моментов работи интензивно со сите засегнати чинители за креирање на целосно функционално стартап село, што ќе обезбеди квалитетен простор за работа, живеење и вмрежување на младите луѓе кои започнале или ќе започнат нов бизнис. Пред неколку месеци беше основан и стартап совет чијшто фокус ќе биде државата да се позиционира како регионален стартап и иновативен хаб, како и трансформација на Македонското село во стартап село“, велат од Владата. Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел. Хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години за месечна кирија од 3.500 евра. Во октомври 2018, престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и дека таква опција имале во договорот. Оттогаш, комплексот Македонско село во Нерези е заторен. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/makedonsko-selo-ne-stana-startap-selo-od-vladata-velat-pravat-dopolnitelni-istrazhuvana-za-da-bide-odrzhlivo/ |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Spored gradbite sto gi gledam, ova ne treba da se vika "etno" tuku "corbadjisko selo".
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Според патната инфраструктура која води до комплексов и околниот амбиент, местово плаче за еден добар ресторан и музеј, повеќе од тоа е преоптимистички чекор. |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Предлогот на Гитардемон е најдобар. Зашто не го дадат на Музеј на Град Скопје или да основаат друга установа, ем нов директор ќе може да постават
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Претходно не функционираше така, него Тинекс имаше концесија и го стопанисуваше. Јас мислам дека уште малку ако се позаебаваме, ќе се уселат бездомници, ќе довлечкаат картони и ѓубре кое еден ден ќе се потпали и цело село ќе отиде во неповрат пошто е изградено од даски.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
А зошто не продолжи да функционира како државна институција со име етно-село? Заливот на коските така функционира, неолитска населба/музеј. Така и ова. Не сфаќам што е толку комплицирано?
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
А зошто едноставно не биде комплекс-музеј на Македонија? Нели секоја од куќиве е градена по одреден архитектонски стил карактеристичен за еден регион/крај? Зошто така да не се поделат куќичкиве? На пример влегуваш во една и ја имаш целата истотија за тој дел на Македонија? Аман веќе, се неспособно без идеја и визија.
Или нека сместат некое министерство тука, барем да не се распадне и да не се претвои во змијарник со трева. |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Абе какво дипломатско претставништво, Македонија ако е несериозна држава, не се другите побудали од нас. Несериозно е кој би сместил сопствена амбасада во потемкиново село, фејкерски колиби од шпер плочи што се обложени со гипс картон да изгледаат поцврство.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една идеја што ми текна е дека комплексов може да се пренамени во некакво дипломатско претставништво или претставништва на повеќе дипломати во земјава, што знам.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Во Скопје има толку многу празен деловен простор, па една Соравија зјае полупразна, мезанините од градски ѕид никогаш не се исполнија стојат така зјајат по некои полупропадната претпријатија. Има доста стамбена изградба и доста фирми ;10 вработени функционираат во станови. Сега плус со работењево од дома за сите позиции за кои тоа е возможно, па никогаш нема да стане тоа старт-ап село. Единствено може да функционира за тоа и што е наменето, како угостителски објекти. Може евентуално хотелски комлекс. Најдобро е државата да не се обидува на ниеден начин да го стопанисува и да издава концесии, туку едноставно да го продаде. Лицитација јавна меѓународна, бујрум кој даде најголема цена. Кога може со макпетрол и евн да се купува-продава енергетски и деловни објекти, што па да неможе да се оттараси државата од едно етно-село. Ако им е страв дека може да заврши во погрешни раце, нека стават во огласот дека ќе треба да е хотелски бренд/франшиза со незнам колку обрт годишен, нека договорат под маса некој западен бренд и готово.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Online Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Се надевам дека оваа идиотска идеја никогаш нема да се реализира. Место да направат некој модерен комплекс со цела потребна инфраструктура и содржини накај Бардовци или Илинден, они етно куќи ќе конвертираат во канцеларии. Па кој нормален вработен или клиент ќе оди по тој пат до селово? На ниво на бродови во Вардар е идејава, неверојатно.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Македонско село“ никако да стане „Стартап село“
Владата планира да го трансформира „Македонско село“ во Нерези во „стартап село“, но досега ова не се случи. Проектот е најавен како дел од долгорочната стратегија на Владата за трансформација на вакви објекти во стартап села. Тоа значи дека новите компании кои ќе работат во селото нема да плаќаат кирии во првите неколку години. Засега само граѓани, кои избегале од градскиот смог за викенд и се упатиле на падините на Водно кај Нерези, го посетуваат „Македонско село“. Но, однадвор, затоа што тоа е затворено со катанец уште од 2018 година. – Во врска со развој на Старт ап селото на местото на кое што беше „Македонскo село“, Фондот за иновации на Северна Македонија веќе има изработено физибилити студија за развој на овој најавен проект и во моментов се разгледуваат моделите по кои би се развивало „Старт ап селото“ – велат за Независен весник од Министерството за економија. Кон крајот на септември, министерот за економија Крешник Бектеши, кога ги претставуваше плановите за неговиот следен четиригодишен мандат како еден од преоктите го наброја и тој, „Македонско село“ да стане „Стартап село“. Бектеши тогаш рече дека „Македонско село“ е еден од приоритетите и веќе се работи на преоктот како да се претвори во стартап-село, каде што младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци. Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со SWISS EP Macedonia и Start-Up Chile, изработи физибилити студија во која се презентирани неколку модели за функционирање на „Стартап селото“. Од истата, произлезе дека се потребни дополнителни истражувања и консултации, со цел дефинирање на вистински одржлив модел- велат од ФИТР за Независен весник. Додаваат дека ФИТР во моментов работи интензивно со сите засегнати чинители за креирање на целосно функционално „Стартап село“, што ќе обезбеди квалитетен простор за работа, живеење и вмрежување на младите луѓе кои започнале или ќе започнат нов бизнис. – Минатиот месец беше основан и Стартап совет чијшто фокус ќе биде државата да се позиционира како регионален стартап и иновативен хаб, како и трансофрмација на „Македонското село“ во „Стартап село“ – додаваат од ФИТР за Независен весник. Инаку, проектот „Македонско село“, престана да функционира во октомври 2018 година, кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби. Изградбата на комплексот „Македонско село“, почна во 2011 година, со инвестиција на Владата, а чинеше 6,5 милиони евра. Ни куче не лае во „Македонско село“ https://nezavisen.mk/ne-pushtaj-makedonsko-selo-nikako-da-stane-startap-selo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/Cesovent |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 17> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |