![]() |
![]() |
![]() |
Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5657585960 90> |
Author | |||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Јутонг ја поседува најголемата компанија за производство на автобуси во Азија и според бројот на продадени автобуси се наоѓа на светската топ 5 листа.
|
|||
![]() |
|||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
Единствено големината на компанијата им е некоја можност за фалење.Другите работи ,како копираниот дизајн од германските автобуси (т.е. ова е заедничко за сите кинески производители) и квалитетот не им створиле некој си бренд во индустријата. |
|||
![]() |
|||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
||
Во прашање е копија или лиценциран производ (изглед) како на пример ФАС како што имаше изглед на Мерцедес??? |
|||
![]() |
|||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
||
Најверојатно се груби копии на пр.предница и страничниот дизајн од МАН,а задниот дел на пр.Неоплан.Ако се со договор сигурно би им било чест да истакнат дека ете имаме соработка со МАН.Некаде сретнав една компанија од тие нивните Динг Донг или не знам како соработувале со Сетра.Ама други не. Еве еден пример,не е градски автобус ама огромни се сличностите (да не ставам многу слики ,видете на Гугл).Споредете го автобусот на KING LONG моделот XMQ 6127 со SCANIA IRIZAR PB,дизајнот напред и назад. Истиот кинески модел странично со SETRA S417 HDH. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
и не знам како можеш да кажеш дека пред да се купат автобуси не се проучува каков превоз е најдобар за градот, фактот што претходно возниот парк бил скапан, не менува ништо, едноставно не може туку така да се купат било какви автобуси бидејќи превозот ќе си има многу проблеми со нив ако не се адекватни на условите при кои се користат... и Лондон сакаше да купи Мерцедес Цитаро зглобни автобуси, па наиде на проблеми со нив, додека истите автобуси се докажале како доста адекватни за многу градови, мора кога се купува да се знае што се купува и дали сме во можност да го користиме, а не само да се купи и да се рече „па нема веќе да се возиме со страите крнтии“ плус, мислам дека бев јасен за ризикот што го превземавме со кинеска фирма, многу недостатоци кај автобусиве потекнуваат од тоа така да, те молам јас тебе, да не ги правдаш автобусиве со старите автобуси ![]() |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
и ти земи купи кола од Америка и пробај да ја возиш по европоски улици, не е така едноставно, исто како што Американците мразат европски возила и машини поради тоа што се работи за сосема различни навики и начин на живот, со кои доаѓаат сите други економски и општествени фактори кои ги засегаат |
|||
![]() |
|||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
||
Сега кој меша автомобилска идустрија и индустрија за автобуси? Што е битно дизајнот на моделот и докажаноста кога најважните делови (мотор и менувач ) не се од кинеско производство туку како што сум запознат се германски,голема работа дали ке има округли фарови или квадратни, целокупниот дизајн може да се смени со две линии или решетки и да има сосем друг изглед, сакам да кажам шасијата и конструкцијата е иста гарант и со останатите модели на Јутонг
а да ги прашам сите скептици? По дома сите иматеМ ерцедеси или имате нешто за просечен Македонец? |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
и не знам каква врска има што вози народов со јавниот превоз, како прво, има и македонци со Југо, има и со Мерцедес, но како е тоа поврзано со дискусијава? плус, ако некој вози мерцедес, сигурно нема да се замара со јавен превоз... али не знам зошто ти реплицирам, прочитај ми го пак коментарот и види дека нема врска со тоа што јас сум го напишал претходно ![]() |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
И панорамските двокатни ќе дојдат од Kинa
![]() Планирано е 15 отворени даблдекери на „Јутонг“ да стасаат в година пo летните одмори Деспина Трајковска И новите 15 отворени двокатни автобуси што планира да ги купи Владата за туристичко разгледување на Скопје ќе бидат со кинеско потекло, од истата фирма со која е склучен договорот за „обичните“ даблдекери. Во Министерството за транспорт и врски одлучиле да ја прифатат понудата на кинески „Јутонг“, која беше единствена на јавниот повик за набавка на кабрио двокатни автобуси, кој заврши непосредно пред изборите. „Комисијата за спроведување на јавната набавка изврши евалуација на понудата доставена од страна на компанијата ‘Јутонг‘, при што беше констатирано дека таа ги исполнува критериумите предвидени со тендерската документација, по што е донесена одлука за избор на најповолен понудувач. Моментално во тек е рокот за жалба“, информираа вчера од Министерството. Жалбениот рок и завршувањето на целата постапка до официјализирање на зделката се очекува да заврши најдоцна до крајот на летото. Веќе в година ова време автобусите би требало да стасаат во Скопје и да почнат да се користат за туристичко разгледување на градот. Тоа беше и главната причина Владата да одлучи да купи 15 отворени автобуси по иницијатива на ЈСП. И овие автобуси ќе бидат од „Јутонг“, за Транспорт и врски проверена компанија со која е договорена зделката од речиси 40 милиони евра за набавка на 202 двокатни „обични“ автобуса. За отворените 15 автобуси Владата ќе треба да плати околу 2,5 милиони евра, сума што ја побараа од „Јутонг“ на неодамна завршениот јавен повик. Поточно, еден панорамски автобус ќе не' чини приближно 150.000 евра без пресметан ДДВ. По техничките карактеристики тие во основа ќе бидат речиси идентични со примерокот на даблдекерот, кој веќе неколку месеци вози низ Скопје. И овие ќе бидат со ретродизајн. Главното обележје и разликата на типските туристички возила од обичните ќе биде горниот кат, кој ќе има отворен покрив. Ќе ги исполнува условите за туристичка погодност на патниците, како што се чадори за сонце, пепелници, слушалки, микрофони, 24-часовен видеонадзор... Како што објаснија од „ИЕВ ДОО Скопје“, кои ја застапуваат „Јутонг“ во Македонија, речиси и да нема разлика во овие автобуси со сончев покрив и „обичните“ двокатни возила, перформансите на возилото се исти при што отворените имаат дополнителна опрема. Токму тоа е причина за разликата во цената на „обичните“ и на панорамските автобуси. Гледано генерално, таа и е незначителна, односно двата отворени даблдекера што се дел од зделката за 202 двокатни автобуса, во споредба со овие 15, се поевтини за нецели 20.000 евра. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=47F36E541BE5AA4FBC7BA8D8217683F2 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
се ќе прифатам, што се однесува до двокатниве, ама не можам да разберам што мајка бараат панорамски автобуси во скопскиот туризам
![]() едноставно немаме туристичка понуда која одговара на користењето на панорамски автобус, ниту пак е возможно автобус во Скопје да се користи без патниците да се симнат од него |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Неоспорен факт е дека главните знаменитости на градот не се наоѓаат покрај сообраќајници. Со твојот став се согласуваат и професор на Факултетот за туризам како и претседателот на собранието на Туристичката комора на Македонија.
Сепак овде се работи за туристички автобуси кои по правило се панорамски (отворени или затворени). Кога не би биле панорамски прашањето ќе беше кој воопшто би ги користел. Скопје е зелен град кој се наоѓа во котлина опкружена од 4 планини. Претпоставувам дека дел од рутата ќе бидат и Водно и Матка. Тоа се природни знаменитости на градот во кои вистински се ужива само од панорамско возило. Покрај природни и културни знаменитости, во еден град е важно и како тој „дише“ односно луѓето и случувањата во него. И тоа исто така добро се забележува од повисоко. Се нарачаа 15 автобуси кои доколку се движат континуирано по туристичката рута ќе овзоможат да се примени „hop-on, hop-off“ системот. Со купување на еден билет туристот или било кој граѓанин ќе може да се симнува на одредени станици кои ќе бидат близу до знаменитости. Откако ќе ја посети знаменитоста се враќа на станицата на која ќе пристигнува нов автобус на секој половина час. На тој начин им се нуди на туристите и на граѓаните целодневна понуда исполнета со посета на културни и природни знаменитости како и можност да го набљудуваат градот од една поинаква перспектива. |
|||
![]() |
|||
Ma ![]() Groupie ![]() Joined: 04-Mar-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
а дури и hop on - hop of не одговара на наши услови, а дури и да е нешто такво изводливо, туристите ќе си имаат проблеми со користење на истиот исто така, панорамскиот автобус си има една намена, патниците во него да разгледуваат знаменитости без воопшто да се симнат од него, затоа се вика панорамски автобус и е отворен за поубав поглед... сите останати услуги со превоз на туристи може да користат ама баш било каков автобус, воопшто не е битно дали е двокатен или панорамски |
|||
![]() |
|||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
||
Да не се факаме за сламка ама на Јутонгот му е скршен предниот десен фар. Што се случило незнам ама на лошо тргна со новиве автобуси,2-3 Лаз-а имаа судар, Јутонгов се поткачил за нешто, до кога ке се оштетуваат возилава незнам
![]() |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Единствениот проблем кај новите градски автобуси и од украински ЛАЗ и од кинески Јутонг е фактот дека и едните и другите се дизајнирани и произведени за градови со организиран и здрав сообраќај, а не за град како Скопје, исполнет со дупки, несовесни учесници во сообраќајот, а во тоа спаѓаат и возачи и пешаци и патниците во такси возилата и во градските автобуси и така натаму, или со други зборови кажано, град со дезорганизиран и нездрав сообраќај. А кога сме кај двокатните градски автобуси од кинески Јутонг, првата пратка со автобуси веќе е тргната кон Македонија: 67 двокатни автобуси тргнаа од Кина кон Македонија http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/67-dvokatni-avtobusi-trgnaa-od-kina-kon-makedonija Edited by Dexter26 - 29-Jun-2011 at 17:56 |
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
ТРГНУВА ПРВАТА ПРАТКА НА ДВОКАТНИ АВТОБУСИ
Овој викенд се очекува да тргне првата пратка од 67 автобуси од зделката со кинеската компанија „Јутонг“ за 202 двокатни автобуса наменети за јавниот превоз во Скопје. Автобусите ќе патуваат со брод од пристаништето во Хонг Конг до Солун, од каде што ќе возат до Скопје. Се очекува во државава, конечно, да стасаат кон средината на август, а веќе до почетокот на учебната година да почнат и да возат по скопските улици. Од фабриката Јутонг во Женгжоу на 26, 27 и на 28 јуни се испорачани 67 новопроизведени двокатни автобуси што ќе се користат во јавниот градски превоз во Скопје. Од нив, еден е од отворен тип и ќе биде наменет за панорамско разгледување на градот. Автобусите што треба да стасаат ќе бидат идентични со оној што веќе трет месец вози по скопските улици. Со ретродизајн, емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно климатизирани. Автобусите имаат капацитет за 80 патници, по 20 за седење и стоење на долниот кат и 40 само за седење на горниот кат. Отворените два од зделката за 202 даблдекери и дополнително договорените 15 ќе се разликуваат од „обичните“ двокатни единствено по отворениот покрив и дополнителната опрема, како што се слушалки, микрофони, чадори и пепелници на отворениот покрив. Според договорената зделка, целосна испорака на 202 автобуса треба да заврши до крајот на 2013 година. Односно, првата пратка од 67 автобуси да се реализира до крајот на годинава, до крајот на идната година да се испорачаат уште најмалку 68, а во 2013 да се произведат преостанатите автобуси. Отворените 15, пак, предвидено е да бидат готови и испорачани во Скопје најдоцна до декември в година. |
|||
![]() |
|||
Граѓанин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 233 |
![]() ![]() |
||
Дали некој има податоци за техничките карактеристики на возилата? Исто така, пишувајќи на Википедија, не ми е јасно ни како се нарекува моделот. На нивната страница нема наведено карактеристики (за разлика од редовните модели), а нема ни посебна страница за овие автобуси. Само статии за новости со написи исто како нашиве.
|
|||
![]() |
|||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||
67 двокатни автобуси тргнаа од Кина кон Македонија
29.06.2011 - 17:46 | Бизнис ![]() Двокатните автобуси тргнаа на пат за Скопје. Од вчера 67 нови автобуси од фабриката Јутонг се на пат кон пристаништето во Хонг Конг. Со брод од таму ќе тргнат кон Солун, а низ скопските улици треба да почнат да возат кон крајот на август. Од пратката што е на пат кон земјава 66 се затворени, а еден автобус е од отворен панорамски тип. Скопските автобуси не се произведуваат сериски и нема да се возат никаде на друго место, дизајнирани се само за Скопје во ретро стил, како автобусите што се возеле пред педесетина години. Ги исполнуваат сите потребни стандарди, еколошки се, имаат автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани. Досега во земјава пристигна еден двокатен автобус. До 2013 вкупно ќе има 202 вакви автобуси, 15 отворени двокатни и 80 нископодни автобуси. Освен тоа ќе има и 16 минибуси, со што целосно ќе се обнови возниот парк на ЈСП. Наташа Хациспиркоска Стефанова ima i video http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/67-dvokatni-avtobusi-trgnaa-od-kina-kon-makedonija |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
За техничките карактеристики, досега едвај и со тешки маки го склопивме ова: (плус податокот дека се работи за 6,7 литарски мотор со моќност од 220 коњски сили.) ![]() Името на моделот официјално се води како ZK6116HGS Но потполно идентична е ознаката и за другиот двокатен модел на ЈУТОНГ, оној што го произведуваат масовно. Претпоставувам шасијата е иста (едит... всушност ни шасијата не може да биде потполно иста, затоа што тој модел е долг 11,3 метри), како и голем број од деловите, но сепак не ми е јасно како може да бидат означени како потполно ист модел: ![]() Edited by Cloverstack - 30-Jun-2011 at 23:28 |
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
![]() Еден двокатен е за 6к евра поскап од нископоден, а ние зиаме само 4. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5657585960 90> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |