![]() |
![]() |
![]() |
Аеродроми |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6566676869 124> |
Author | ||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Очигледно однадвор на објектот нема веќе што ново да се гледа, сега останува да видиме една убава фотка за сообраќајното решение, како и со добра надеж повеќе фотки одвнатре.
|
||
![]() |
||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
|
изглед на клучката:
![]() |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Taka e. Jas kje probam da go slikam aerodromot od blisku a i kje se potrudam da vlezam vnatre ili da molam nekoj od rabotnicite da slika nesto. Ne vetuvam nisto... |
||
![]() |
||
Balken Airways ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Feb-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
that's right more pictures inside the building, nice photos of airport.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Клучката изгледа одлично, драго ми е дека не е импровизација.
Аеродромов од ден на ден се развива како се подобра приказна. ![]() |
||
![]() |
||
Balken Airways ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Feb-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Thursday, July 14, 2011
|
||
![]() |
||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
|
А како ќе функционираат мостовите? Ќе бидат и за поаѓање и за пристигање (како во Белград нпр.) или за второво ќе има автобуси (како во Прага нпр.)?
Само не ми е јасно зошто е одвоена пасошката контрола, освен ако тоа не го бараат од ЕУ компаниите.. Дали тоа значи дека ќе има поделба во зоната за поаѓање (и доаѓање)? Не знам дали некој овде воопшто може да одговори на ова.. Не е најважно прашање, чисто онака ме заинтересира ![]() |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Незнам дали има некој посебен ред за мостовите. Во Љубљна на пример која има сличен терминал како новиов Скопски ми се десиле сите можни комбинации... Излегување преку мост, влегување со автобус итн итн. Веројатно е тоа работа на договор меѓу авиокомпаниите и аеродромот. А ова за ЕУ... претпоставувам дека е можно аеродромот да е проектиран на тој начин уште од сега да мислеле за безпасошка зона (ЕУ-Шенген) и пасошка зона (се друго). Еве Романците сега специјално го прилагодуваа терминалот во Букурешт на тој начин, иако ги откачија сега за сега за Шенген. Претпоставувам дека новиот терминал во Софија е веќе спремен за ваков мод на работа. |
||
![]() |
||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
|
Не туку ако е помал авион или лета во ноќни часови се оди на долните терминали и те збира бус ако е преку ден или се работи за поголем аирбас или боинг тогаш се иде на горните терминали преку мост и влагање и излагање.
|
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
![]() |
||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
istiot tekst od pogoreНовиот терминал на скопскиот аеродром е речиси готов
![]() За месец и половина, поточно на Денот на независноста, 8 Септември, новата зграда на терминалот на скопскиот аеродром ќе биде отворена и ќе содржи 23 деска за чекирање, 6 воздушни мостови и 15 шалтери за пасошка контрола, протегајќи се на 40 илјади метри квадратни. Околу 80 отсто од работата е завршена. Приземјето ќе служи за дескови за чекирање и шалтери за авио билети, додека пасошката контрола, обезбедувањето, рестораните и фришоповите, како и портите за влез и излез на патници ќе бидат лоцирани на вториот кат. Ќе има посебна пасошка контрола за оние што заминуваат во земјите на Шенген зоната и за оние што патуваат за другите земји. Цената на терминалот се проценува на 110 милиони евра. Градежни работи се вршеа и на слетно-полетната писта, која беше продолжена за 50 отсто. Неизбежната статуа на Александар Македонски во големина од 1,5 метри ќе биде поставена пред новата зграда на терминалот. Во првиот квартал скопскиот и охридскиот аеродром го искористиле 137,5 илјади патници што претставува раст од 10,8 отсто. Покрај тоа, македонските аеродроми се предмет на засилен авиосообрќај во текот на летната сезона од неодамна вклучувајќи ги авиокомпаниите какви што се: „Виз Ер“, „Ер Берлин“, „Икс-Ел Ерлајнс,“, а наскоро и „Пегазус Ерлајнс.“ http://www.time.mk/read/NONE/1d8995559c/index.html |
||
![]() |
||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
На неколку пати читам како пишуваат дека пистата е продолжена за 50%... пистата беше 2.5км, сега е 3км, тоа е точно 20%! 50% на 2.5 е 3.75км!
Не разбирам што е работата...дали се неуки или подмитени... Среќа имаме интернет, форуми и GoogleEarth па може да се "просветлиме" пошто новинарството ние чисто партиско или се власт или опозиција. Што е со сликава? Се надевам Виз ќе лета на новиот па ќе имам можност да го видам на 24ти септември ![]() |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Па исто се фаќа ваљда, бидејќи и они имаат едно 6 мостови колку што памтам. Значи штом се полни мостовите, превозот оди со автобуси. Инаку нашиот апрон исто така се ширеше на неколку пати, не е во 2 реда, но верувам дека заедно со позициите кај стариот терминал, капацитетот ќе биде повеќе од задоволителен. |
||
![]() |
||
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
|
Автобусите се користат и ако авионот е во позиција од каде не може да се влезе директно во терминал, од разни причини (може и за вечерни летови)...
На пример во Прага авионот од Скопје застанува на терминалот за Шенген летови па патниците мора да влезат во автобус, одат на терминалот за други земји, влегуваат таму, кружиш низ зградата, пасошка контрола и на крај завршуваш во истиот авион... Затоа прашував дали е поделен терминалот или само контролата на пасоши. Не знам дали планираат трансфер без влез во МК, ама тоа е малку амбициозно ![]() Edited by mladen_s - 14-Jul-2011 at 12:56 |
||
![]() |
||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
|
Љубљана е со 4 моста, а за стариот апрон во право си бидејки колку што знам има 16 места од кои 2 за авиони со широк труп Edited by vladegf - 14-Jul-2011 at 14:06 |
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Аеродромскиот оператор на меѓународните аеродроми е должен да преземе мерки, односно да постави соодветна инфраструктура и физички да го одвои протокот на патниците од внатрешните летови во Република Македонија, како и летовите од и кон земјите членки на Европската унија со протокот на патниците од другите летови. Член 25, Закон за гранична контрола (2010) |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
интервју со оперативниот директор на ТАВ Холдинг за Македонија24:
Скопскиот аеродром „Александар Велики“, наскоро ќе заличи на европските. Во интервју за Македонија 24, Мурат Орнекол оперативниот директор на ТАВ Холдингот кој управува со аеродромот, истакна дека официјалното пуштање во употреба на аеродромот е закажано за 8 Септември. Според него патниците на новиот аеродром ќе имаат висококвалитетна услуга на европско ниво, а од друга страна со продолжување на пистата се отвора можноста што поголеми воздухоплови да слетуваат на скопскиот аеродром. Со вкупната инвестиција од 110 милиони евра која ја издвои ТАВ Холдингот, Александар Велики ќе добе модерен и софистициран лик. 1.До каде е реконструкцијата на аеродромот, колку средства се издвоени до сега и колку ќе чини целосната реконструкција кој ќе му даде европски лик на Александар Велики? -Чест ми е што можам да изјавам дека сме на време со исполнувањето на нашата програма, всушност дури сме и пред време. Во согласност со концесискиот договор потпишан со Владата на РМ, изградбата требаше да заврши на 21 Октомври, меѓутоа поради нашата добра соработка со македонските власти, нашите подизведувачи и добрата координација со нашиот тим за изградба ќе завршиме со изградбата на 8 Септември како што беше ветено. Најголем дел од изградбата веќе е завршена. Имаме новоизградена административна зграда, центар за воздухопловна заштита и спасување, карго центар и 500 метри проширување на полетно-слетната патека. Терминалната зграда е изградена 87 проценти досега, остануваат за изградба уште 13 % до рокот.Се ќе заврши навреме и на 8. Септември ќе го имаме официјалното отворање на новиот аеродром, а за само ден по отворањето сета оперативе ќе биде пренесена од старата во новата терминална зграда. Вкупната инвестиција изнесува околу 120 милиони евра, односно 110 милиони евра за скопскиот и 10 милиони евра за охридскиот аеродром. 2.Дали за време на реконструкцијата соработувате со македонски компании и каква е Вашата соработка со Владата? -Како што беше ветено уште на првиот состанок со Владата, Ние ги користевме локалните ресурси колку што е можно повеќе, односно 95 проценти од вкупните изведувачи и набавувачи се македонски компании. Само некои високо-технички компоненти кои ни беа потребни за процесот како на пример осветлување на пистата мораше да бидат увезени од странство. 95 отсто од работната сила исто така е од Македонија. Со Владата на Македонија уште од самиот почеток имавме одлични и совршени односи, благодарение на напорите на премиерот Груевски, неговите заменици, министрите за транспорт и врски, за внатрешни работи, економија, како и директорот на Народна банка, царинските власти и полицијата. Досега сме 100 процентно задоволни од нашето присуство како странски инвеститор во Македонија. 3.Откако Александар Велики ќе прерасне во модерен аеродром според сите светски стандарди. Ваше мислење, како ќе влијае тоа на македонската економија? -Транспортот е првата и најважна работа, која што може најмногу да и влијае на економијата. Со нашето доаѓање значи дека вашите граѓани ќе може да патуваат и ќе имаат поголем избор да одберат од летовите на различните авиокомпании кои што ќе имаат летови од Македонија. Откако започнавме со работа на 1.Март 2010 година, сообраќајот се зголеми за 10 до 15 проценти, односно бројот на патници се зголеми. Со сите нови можности кои што ги нудиме значи дека се повеќе луѓе ќе патуваат, но тоа не значи се повеќе луѓе да заминуваат од Македонија, туку и да доаѓаат. Има една равенака во воздухопловството која што вели дека бројот на пристигнувања треба да биде еднаков на бројот на заминувања. Ние треба да се надеваме дека секој турист кој ќе дојде во дневно троши 200 до 250 евра, а тоа е одлично бидејќи остава пари во Македонија и придонесува за локалната економија. Туристите навистина придонесуваат за подобрувањето на економијата. Откога започнавме со работа во текот на изминатата година имаше зголемување од 10-15 проценти на бројот на патници и се надевам дека овој нагорен тренд ќе продолжи и понатаму, а ова за возврат ќе ја подобри економијата. Јас искрено се надевам дека позитивно ќе влијаеме на македонскта економија. 4. Кои компании пројавија интерес за соработка со скопскиот аеродром и дали ќе се воведат нови ниско-тарифни линии? -Има многу нови линии најавени од повеќе авиокомпании, некои што веќе летаат од Скопје, а некои кои доаѓаат за прв пат. Во текот на изминатат година, како и секоја година Ние бевме присутни на саеми насекаде низ светот како дел од нашите маркетиншки активности. ТАВ не работи само во Македонија, имаме и 4 аеродроми во Турција, 2 во Грузија, 2 во Тунис и еве двата во Македонија, така што нашиот оддел кој е одговорен за маркетинг на компанијата ги координира сите активности за сите аеродроми на кои што работиме и дури бевме присутни на тие светски саеми и со нашето членување во меѓународни организации за воздухопловство Ние насекаде ги промовираме локациите Скопје и Охрид. Сега и „Визер“ лета од Скопје, минатиот месец започна со летовите до Лондон, а пред 2 недели беа најавени и летовите за Венеција што ќе започнат од Септември. „Air Berlin“, германската компанија еднаш неделно лета до Цирих. Имаме одлични односи со „Turkish airlines “ и ги убедивме да ги зголемат бројот на нивните летови од 7 на 10 неделно. „Edelweiss air“ од Цирих ќе лета 5, наместо 3 пати. „XL Airways“ од Дизелдорф лета 1 неделно, „Bel-air Europe“ италијанската компанија ќе лета по 2 пати од Анкона и од Венеција неделно. Понатаму „Pegasus“ турската нискотарифна компанија наскоро ќе започне да лета од Истанбул 3 пати и од Измир 2 пати неделно. Сето ова е возможно од нашата целокупна работа до сега. За ова е потребна и добра кординација со Владата која ќе понуди уште попозитивни мотивации и субвенции за туристичките оператори, а на Нас ќе ни биде многу мило и во иднина да најавиме уште повеќе авиокомпании. Меѓутоа одговорност е на македонските граѓани да покажат интерес и да летаат колку што е можно повеќе, да купуваат авио билети, бидејќи на тој начин ќе добијат авио-компаниите, ТАВ, Владата и граѓаните, што значи дека сме креирале победничка ситуација за сите. 5.Која е и каква е вашата визија за скопскиот и за веќе изградениот охридски аеродром? -Мојата визија за скопскиот аеродром е тој да стане регионален центар, односно центар на Балканот. Преку добриот однос со „ Turkish airlines “ ќе се обидеме да го поврземе Скопје со сите главни градови. Таа е една од најдобрите авиокомпании и се надевам дека тој квалитет ќе може да го искористиме и за Скопје. Во минатото многу од патниците се насочија на други аеродроми во соседните земји, така што наша цел е да ги привлечеме назад, да летаат од скопскиот аеродром. Целта ни е да достигнеме број од 1 милион патници многу скоро и се надеваме дека во следните години таа бројка ќе порасне за 10 отсто и ќе продолжи да расте така што ќе стигнеме до бројка од 3,5 милиони патници кои што ќе патуваат на годишно ниво од новата терминална зграда, а Ве уверувам дека новата зграда има капацитет и простор да услужи толкав број на патници. Патниците ќе може да имаат висококвалитетна услуга од европско ниво, а од друга страна со продолжување на пистата ја отвораме можноста што поголеми воздухоплови да слетуваат на скопскиот аеродром. Што се однесува до охридскиот аеродром целта или визијата е Охрид да стане главна туристичка дестинација и многу добро ни оди во исполнувањето на оваа цел, благодарение на Владата, а особено на заменик премиерот Пешевски, кој ги концентрираше неговите напори за промовирање на туристичките понуди на Охрид заедно со охридските хотелиери. Во изминатата година имавме зголемување од 60 проценти на сообраќајот од аеродромот во Охрид. За воздухопловството дури и зголемување од 5 или 10 проценти значи многу, а 60 е навистина одлично достигнување. Се надевам дека следната година оваа бројка ќе порасне уште, а целта која веќе ја постигнавме е Охрид да стане навистина привлечна туристичка дестинација за целиот регион. |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Од моето искуство до сега во зависност од обемот на сообраќајот и од големината на аеродромот има различни решенија. На поголемите ародроми има повеќе терминали каде еден е за внатрешни/шенген зона летови каде нема пасошка контрола и друг или други за надвор од шенген. На помали аеродроми во шенген скоро секогаш патниците од авион се собираат патниците и се носат кон влезот за до пасошка контрола. А за мостовите, на попрометните аеродроми каде бројот на паркирани авиони секогаш поголем од бројот на мостови тогаш тие паркинг места со мостови се поскапи и обично се чуваат за поголеми авиони ради потешката логистика за пренос на толку патници со автобуси. Додека кај аеродроми каде неможет да се пополнат сите мостови евентуално е можно од помали авиони (до класа на боинг 737 и А320) да се собираат патници со автобус ради претходно наведените пасошки контроли. Кај нас до сега никогаш не сум бил сведок на повеќе од 4-5 авиони наеднаш на апрон така да ко за почеток се ќе иде преку мостовите. Исклучок се летови со АТR-72/42 кои секогаш ќе бидат сервисирани со автобуси ради или во најдобар случај со скали до мостот. Edited by mirakuliks - 14-Jul-2011 at 21:33 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6566676869 124> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |