Author |
Topic Search Topic Options
|
alexsend
Senior Member
Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
|
Quote Reply
#1321 Posted: 13-Sep-2011 at 08:21 |
Разликата е што на турбо кружен тек има семафори, така вели Трајановски.
И да кај Католичка ќе биде многу битно да влезеш на вистинската лента зошто само една оди во правеш Треска-Нова Македонија и нема време за менување лента во гужва.
Точно имало во Дебар Маало но не и на високо фрекфентно место како кај Католичка. Ќе видиме за месец дена колку писмени возачи имаме
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#1322 Posted: 13-Sep-2011 at 13:31 |
Не знам дали некаде е информирано за тоа, дека БРОИЛАТА се вратени кај Мавровка - овојпат со троцифрени бројачи. Претпоставувам и по други раскрсници кајшто беа тргнати.
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#1323 Posted: 13-Sep-2011 at 19:27 |
Originally posted by fichot
Бисеров за комуњарските семафори ми е прајслес.
А што е разликата меѓу обичен и турбо кружен тек? |
мислам дека појасно ќе ти стане од сликава
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
polval
Senior Member
Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
|
Quote Reply
#1324 Posted: 14-Sep-2011 at 12:29 |
Кај нас во Гостивар веќе некое време имаме кружни токови на 3 многу фрекфентни места и можам да кажам дека одлично функционираат. Вредноста на кружните токови одлично се забележува во време кога се враќаат гастарбајтерите и кога сообраќајот се зголемува неколкукратно.
|
 |
alexsend
Senior Member
Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
|
Quote Reply
#1325 Posted: 15-Sep-2011 at 16:42 |
Еве тоа што зборевме. Совет
Водич за неписмени возачи - Како се вози на кружен тек - Тестирај се ! "Вест" ви ги дава правилата кои треба да ги знаете за движење на кружен тек и неколку тестови за да се испитате колку навистина знаете да возите во круг. ТЕСТОТ СО КОЈ МОЖЕТЕ ДА ПРОВЕРИТЕ ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ НА КРУЖЕН ТЕК МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ НА ВЕСТ
Кружните текови, кои почнаа да се градат во Скопје и во другите градови низ Македонија, ги збунија граѓаните. На прсти можат да се избројат возачите што ги знаат правилата за движење на кружен тек. Голем број со чудење ги минуваат крстосниците, движејќи се од една лента во друга и вртејќи по неколку кругови, оти не знаат како да излезат од кружниот тек. Во отсуство на кампања на надлежните за едукација, "Вест" одлучи да ги објасни правилата кои треба да ги знаете за движење на кружен тек и неколку тестови за да се испитате колку навистина знаете како да возите во круг. (А. А.)
Правила
1. Дај предност За движење во кружен тек важи едно и единствено правило, а тоа е дека предност има возилото кое веќе е влезено во кругот. Сите останати возила кои се вклучуваат од улиците околу крстосницата треба да го причекаат возилото кое веќе е влезено во кружниот тек, па дури потоа тие да се вклучат во овој дел од сообраќајот.
2. Користете ја внатрешната лента за вртење лево Возилата кои целосно навлегуваат во кружниот тек, односно за вртење лево, треба да ја користат внатрешната лента. Надворешната лента треба да остане за возилата кои се исклучуваат од кружниот тек или продолжуваат да се движат право, односно не вртат цел круг за да ја минат крстосницата.
Вртат неколку круга оти не знаат како да излезат
Сообраќајните стручњаци тврдат дека ваквиот начин на регулирање на сообраќајот на крстосниците е многу корисен, меѓутоа потребна е кампања за едукација. "Точно е дека голем број граѓани не знаат да се снајдат на кружните текови кои сега ги има низ Скопје, како оној во населбата Ѓорче Петров и новиот кај Католичка црква. Вратат по неколку кругови оти не знаат како да излезат, а се случуваат и сообраќајни несреќи оти не им се дава предност на возилата кои се веќе влезени во кругот. Затоа е потребно да интервенираат надлежните и да подготват кампања која ќе вклучува рекламни спотови по телевизиите или, пак, делење флаери на самите крстосници", вели Миле Димитровски, претседател на Комисијата за следење и примена на научните достигнувања од областа на безбедноста на сообраќајот.
Возат по навика
Моментно во Скопје функционираат три поголеми кружни текови, а градските власти најавуваат уште неколку нови. Целта е да се овозможи поголем проток на сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајки. Иако возењето во кружен тек не е новина, возачите, и покрај поставената сигнализација, слабо се снаоѓаат. Но, сепак, мал е бројот на сообраќајки на овие места. Според податоците од СВР Скопје, од почетокот на годинава, заклучно со овој месец имало само пет сообраќајки со материјална штета кај кружниот тек кај хотелот "Континентал", додека за три месеци, откако е пуштен сообраќајот по кружниот тек во Ѓорче Петров, не е регистриран поголем сообраќаен прекршок. Но она што загрижува кај овој кружен тек е тоа што возачите не ги почитуваат сообраќајните правила кои важат за возење по кружен тек и возат по навика. Па така, возачите што се движат по улицата Ѓорче Петров низ кружниот тек се движат како по приоритетен пат, и директно влегуваат во кружниот тек, без да ги пропуштаат возилата кои веќе се наоѓаат и се движат во кружниот тек. Полицијата вели дека на овој потег, за да се дисциплинираат возачите, презема засилени контроли,а се поднесени и повеќе пријави. (П.А.Л.) http://vest.com.mk/?ItemID=AE4FE9689F9BBB45AC2BA30CB0C37D60
Edited by Cloverstack - 18-Sep-2011 at 15:08
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#1326 Posted: 15-Sep-2011 at 17:11 |
Се извинувам вака, малку дигресија, ама пред неколку дена имаше некаде на форумов слика од трубо/крушниот тек кај католичка, фатена најверојатно од камбанаријат ана католичка и се гледаше кружниот убаво. Може некој да ми каже каде беше оваа слика се утепав барајќи ја. Уште подобро ако знаете каде е има шема односно нацртен план на овој кружен тек.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#1327 Posted: 15-Sep-2011 at 17:18 |
Originally posted by mirakuliks
Се извинувам вака, малку дигресија, ама пред неколку дена имаше некаде на форумов слика од трубо/крушниот тек кај католичка, фатена најверојатно од камбанаријат ана католичка и се гледаше кружниот убаво. Може некој да ми каже каде беше оваа слика се утепав барајќи ја. Уште подобро ако знаете каде е има шема односно нацртен план на овој кружен тек.
|
Повелете....  

|
Македонија - Земја на чудата!
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#1328 Posted: 15-Sep-2011 at 17:50 |
од шемата се гледа дека таа уличката до католичка ќе биде еднонасочна и тоа во насока кон внатрешноста на населбата. Исто така ме интересира дали делот што е во црвениот круг е регулиран со знаци или важи правило на пердност на возила од десна страна. И конечно многу ме интересира колку често ќе се случува префрлањето во погрешна лента после минување на пола од крушниот тек. Од шемата со зелена линија обележав како возилата терба да се двишат а со црвено како не теба односно не смеат иако во тој дел нема да има полна лента која ќе ги наведе на тоа. Бидејќи воколку би преминале во правилната лента неможат да вртат кругови туку најмногу да се вратата по улицата во обратна насока од која влегле во кружниот што е и поентата на турбокружната раскрсница. Сепак познавајќи го нивото на сообраќајна логика и капацитетот за препознавање на логиката на една раскрсница “која лента во која преоѓа“ предвидувам многу прекршоци и конфликти.
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#1329 Posted: 26-Sep-2011 at 22:43 |
нешто за коцката во скопје-`враќање во неповрат`
Коцката полека заминува во историјата!
Старите улици калдрмисани со бетонски коцки полека заминуваат во историјата. Деновиве со асфалт ќе биде прекриена и улицата спроти хотелот "Холидеј ин", која е една од последните улици во метрополата што го имаше задржано некогашниот имиџ. Коцката беше отстранета со багер и веќе неколку денови на куп стои од страна на улицата.
|
 |
HugoGoulding
Senior Member
Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
|
Quote Reply
#1330 Posted: 26-Sep-2011 at 23:51 |
Каков имиџ какви глупости, коцката воопшто не беше убава, супер што се аслфалтира.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1331 Posted: 27-Sep-2011 at 00:57 |
Тоа најмалку беше имиџ. Ме радува што веќе реконструкцијата на улиците е редовна пракса и без многу галами проаѓаат.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1332 Posted: 27-Sep-2011 at 01:04 |
На кружниот тек во Тафталиџе не можат да се разминат две возила
Ротондата на Стефчо опасна по живот
Кружниот
тек на крстосницата кај средното училиште Георги Димитров" на
крстосницата меѓу улиците Париска" и Варшавска" е опасен по животот за
возачите. Сообраќајната лента е толку тесна што може да помине само едно
возило, па според сообраќајните правила за возење доколку има возило
кое веќе во кругот, тогаш она што се подготвува за влез треба да прикочи
и да причека. Мала невнимателност и влезот во ротондата може да биде
кобен, бидејќи коловозната лента е претесна за поминување на две возила.
Жителите се лути на градоначалникот Стефчо Јакимовски што потроши 1,3
милиони денари за крстостница која не само што не ја зголеми
безбедноста во тој дел на Карпош, каде што сообраќајот сега е особено
фреквентен поради близината на училиштето, туку ја направи опасна за
минување. - Наместо да се прошират улиците и да се намалат честите
сообраќајни незгоди и метежот што се создава во близина на гимназијата,
фрлени се пари за нешто за што ќе платиме со глава. Ова ти се вика
видела жабата дека коњот се потковува, па дигнала нога и таа, реагираат
жителите на Тавталиџе.
Ова е првата ротонда на подрачјето на Општината Карпош, а
градоначалникот Јакимовски ја најавуваше долго време. Следејќи го
примерот на градоначалникот на Општина Центар, Стефчо најави дека на
централното место на кружниот тек ќе постави и споменик.
http://vecer.com.mk/?ItemID=EE60AEACD8C9D94688A581A9EB893549
|
Јас незнам кружен тек во кој туку така се улетува без да се прикочи. Покрај целиот текст незнам што е спорно во овој потенцираниот дел. Така функционираат сите кружни текови и така треба да функционираат. Може да е погрешно што нема дополнителни ленти за вртење во десно и што не е барем уште малку пошироко зашто вака Париска која е со 4 ленти губи од капацитетот и целиот сообраќај се слева во една лента на кружниот тек, наместо да се искористи можноста тие што вртат во десно да идат како секаде без да бидат фактички дел од сообраќајот кој кружи. И така околу претежно е државно земјиште па лесно ќе беше да се земе по малку од школските дворови. Ај ќе видиме како ќе се покаже во пракса и како тоа ќе функционира.
Edited by lslcrew - 27-Sep-2011 at 01:06
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1333 Posted: 27-Sep-2011 at 01:04 |
За четири месеци булеварот "К.Ј.Питу'' трипати се реконструира!
Надлежните
ја префрлаат својата вина на непрописното работење на фирмата со која
соработуваат но не го кажуваат името на подизведувачот
Продолжуваат
турканиците на булеварот "Кузман Јосифовски Питу". Нервозните возачи
секој ден мака мачат да стигнат на работа, бидејќи редот на гужвите од
автомобилите е навистина голем. Па, наместо на три ленти, сообраќајот на
булеварот деновиве се одвива само на две. Новореконструираниот булевар,
во рок од четири месеци се оштети три пати, со што им создаде големи
проблеми на жителите на главниот град. Со оштетувањето на крајната
лента, се создаде поголема гужва, но и граѓаните кои ја користат
автобуската постојка кај Комплексот банки сега немата каде да слегуваат. -
Секој ден е иста песна. Се поголеми турканици. Доцнам на работа иако
излегувам порано од дома. Морам да поминам од тука. Токму што помисливме
дека конечно нема да има гужви, бидејќи е реконструиран булеварот, и
сообраќајот ќе биде порастоварен, повторно се нервираме, вели една
возачка.
Во моментов овој дел од улицата е повторно раскопан, а во оваа состојба ќе биде и во следните 3-4 дена.
Надлежните од јавното претпријатие Улици и патишта", кои ја вршеа
реконструкцијата на овој булевар, непрописното работење и го префрлаат
на фирмата-подизведувач. Но, не го кажуваат името на подизведувачот. -
На булеварот "Кузман Јосифовски - Питу" повторно се работи, поради тоа
што асфалтот кој го употребија подизведувачите на ЈП "Улици и патишта"
не ги задоволуваше бараните критериуми, не беше соодветен за употреба,
па токму затоа имаше и набирање на асфалтот. Сега истата
фирма-подизведувач ги менува целосно двата слоја на асфалт. Асфалтот кој
беше поставен на крајната лента е несоодветен, бидејќи на дело се
покажа дека тој за кратко време пропадна и се раскопа на неколку места.
Од нашето претпијатие заедно со надзорот, со кој неколку пати бевме на
терен, утврдивме дека не бил поставен асфалт со квалитет соодветен за
тежината што секојневно ја оптоварува оваа улица. На подизведувачот му
дадовме налог да ја поправи штетата, поточно улицата да ја направи
според европските стандарди, а за тоа сам ќе си ги сноси трошоците,
велат надлежните од јавното претпријатие Улици и патишта".http://vecer.com.mk/?ItemID=EE23610C86DF12458634645E8859BDFF |
|
 |
MGS
Senior Member
Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
|
Quote Reply
#1334 Posted: 27-Sep-2011 at 17:31 |
|
 |
HugoGoulding
Senior Member
Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
|
Quote Reply
#1335 Posted: 27-Sep-2011 at 18:20 |
Оваа коцка и нашата ...
|
 |
4skopje
Senior Member
Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
|
Quote Reply
#1336 Posted: 27-Sep-2011 at 18:32 |
Ednas(pred 100 godini  )spustajki se od Hotel Panorama ne da sum se liznal so kolata,kaj OU Koco Racin(togas bese so kocka,a ne vrnese).Kakva kocka,treba so zakon da se zabrani.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1337 Posted: 29-Sep-2011 at 14:14 |
  
ОБНОВЕН ПРВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА КОЗЛЕ
Градот Скопје ја заврши првата
фаза од реконструкцијата на улицата Козле, во општината Карпош, којашто
почна на 8 јули. Во оваа фаза од градежните работи обновени се 444 метри
од улицата, на потегот од последната станица на автобусот со број 57 до
крстосницата со улицата Јуриј Гагарин. Градоначалникот на Град Скопје,
Коце Трајановски, денеска /29.09.2011 година/ и официјално ја отвори
улицата за сообраќај.
- Градежните
работи на оваа сообраќајница ќе се одвиваат во три фази и ќе продолжат
во зависност од временските услови. Од улицата Козле вкупно ќе се
обноват 1.301 метар, се до крстосницата со улицата Нерешка. Во текот на
градежните работи на првиот дел од улицата Козле оштетениот коловоз беше
раскопан, беше обновена подлогата, а шахтите и сливниците беа
нивелирани. На улицата е нанесен нов асфалтен слој, при што е
асфалтирана површина од околу 3.150 квадратни метри. По должината на
коловозот се поставени нови рабници во должина од 900 метри. Од двете
страни на обновениот дел од
улицата Козле се формирани тротоари со променлива ширина од 80
сантиметри до 1,5 метри во зависност од постојните објекти и потпорни
ѕидови на сообраќајницата. Тротоарите се покриени со бекатон-плочки на
површина од 850 квадратни метри. На првиот дел од улицата Козле
поставена е и нова атмосферска канализација (Ф 315 мм и Ф 500 мм) во
должина од 380 метри, со сливници и ревизиони шахти, што ќе обезбеди
непречено одведување на атмосферските води – рече денеска
градоначалникот Трајановски.
На обнова на улицата Козле
работат екипите на градежната компанија „Пелагонија – Гостивар“. За
реализација на првата фаза од реконструкцијата на улицата Козле Градот
Скопје одвои околу 11,5 милиони денари. Целосната реконструкција на оваа
улица ќе чини околу 26 милиони денари.
- Обновата
на улицата Козле ќе придонесе за зголемување на безбедноста во
сообраќајот во овој дел на градот, ќе се зголеми проточноста на возила и
ќе се намали времето на патување. Со тоа Градот Скопје активно
придонесува за намалување на загадувањето на воздухот во градот – додаде
градоначалникот Трајановски. http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4530&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1338 Posted: 30-Sep-2011 at 16:48 |
  
ВТОРИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ВОЛКОВСКА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ Градот
Скопје успешно го заврши проектот за проширување и реконструкција на
вториот дел од улицата Волковска, на потегот од центарот на населеното
место Волково до последната станица на автобусот со број 22, во должина
од 1.300 метри. Обновената делница е продолжување на реконструираниот
дел од улицата Волковска, од пругата до центарот на населбата Волково,
што Градот Скопје го заврши минатата есен.
Обновениот
втор дел од улицата Волковска денеска /30.09.2011 година/ и официјално
го отворија за сообраќај градоначалникот на Град Скопје, Коце
Трајановски и градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол
Митровски.
- На
вториот дел од улицата Волковска деновиве беше саниран делот каде што се
поставуваше фекална канализација, коловозот беше проширен и сега е
широк 7 (седум) метри. Во должина од 1.300 метри на оваа улица е
комплетно обновен коловозот и е нанесен нов асфалтен слој на површина од
9.216 квадратни метри. Притоа се вградени околу 2.000 тони асфалт. На
проширување и реконструкција на вториот дел од улицата Волковска работеа
екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градот Скопје за реализација на овој
проект од Буџетот одвои околу 12 милионa денари. Проширувањето на
вториот дел од улицата Волковска директно влијае врз зголемувањето на
безбедноста во сообраќајот во ова населено место и ги решава
долгогодишните проблеми на околните жители –изјави градоначалникот
Трајановски.
Градоначалникот
Митровски, пак, нагласи дека реализацијата на овој проект претставува
пример за добрата соработка меѓу Градот Скопје и општината Ѓорче Петров.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4537&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1339 Posted: 04-Oct-2011 at 01:09 |
Асфалтирани уште три улици во Марино
Во
согласност со Програмата за санација и реконструкција на локалните
патишта и улици Општина Илинден изврши асфалтирање на уште три улици во
населеното место Марино. Како што информираат од општината, тие
претходно биле раскопани заради поставувањето на приклучоци за фекалната
канализација во ова населено место. - На овие три улици, како и на
претходно асфалтираните "503", "506", "507", "508", "509" и "510", кои,
исто така, беа раскопани по поставувањето на фекалната канализација,
покрај асфалтирањето поставени се и каналети за одведување на
атмосферската вода. Со реализацијата на овој капитален проект за
граѓаните од најгусто населениот дел од Општина Илинден, односно со
асфалтирањето на овие улици чија вкупна должина изнесува 2.300 метри,
значително се подобруваат условите за живот на жителите од ова населено
место, велат општинарите. http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=91C22C1C8EE6EC4491CD7D1B8444A9C9 |
Ја пренесувам веста само заради сликата. Колку може да е ова практично или не со сливниците на сред улица да се стаат.
Edited by lslcrew - 04-Oct-2011 at 01:10
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#1340 Posted: 04-Oct-2011 at 16:58 |
практично е ,вака немора да ја обележуваат улицата со бела боја.добро решение за Авганистан и Ирак
|
 |