Коридор 10 |
Post Reply | Page <1234 9> |
Author | |||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #21 Posted: 29-Jul-2011 at 06:14 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Тендер за поправка на Коридорот 10
Државната компанија „Македонски железници – Инфраструктура“ отвори тендер за обновување на пругите на секции што се дел од Коридорот 10, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Железничката компанија ќе искористи дел од кредитот на ЕБОР за финансирање на овој проект, пишува банката во објавата на поканата за учество на тендерот, која е публикувана на нејзината веб-страница. Работите за обновување на пругите ќе се вршат на делници со вкупна должина од над 24 километри или поточно на делниците Табановце - Карпош (5,7 километри), Карпош - Куманово (5,9 километри) и Миравци - Смоквица (12,5 километри). Краен рок за поднесување понуди е 26 септември. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=66B55C114A97B74DA913951547FB924B |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #22 Posted: 03-Aug-2011 at 18:31 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
http://edessa.topo.auth.gr/x/Rail_Maps_GIS.html (истите) http://www.invest-in-serbia.com/databits/corridor_x/Corridor_X_maps_rail.htm http://www.kx-plus.com/en/Downloads/index.jsp
Edited by Max - 03-Aug-2011 at 19:46 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #23 Posted: 05-Aug-2011 at 23:29 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #24 Posted: 06-Aug-2011 at 16:25 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1040&PID=75244#75244 компанијата не е особена предност и од рентање ќе бидеме во ќар, освен ако не им го препуштиме тоа на кинезите... ако се модернизира пругата а воедно се скастрат и царинските постапки, и те како ќе имаме ќар од каргото по К-10, тука фактор плус е и најавената приватизација на солунското пристаниште, што дополнително ќе влијае на онаа статистика за 700(к-10) vs 7000(к-4)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #25 Posted: 07-Aug-2011 at 17:21 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
покрај хрватска и србија, вардарска долина отвара можност и ние да добиеме брза железница, прашање е само дали грција ќе може дополнително да инвестира во к-10 доколку не ја приватизира железницата како би се комплетирал коридорот... еу-проекција е 160км/ч до 2020, прашање е колку ќе биде истата надмината и која носивост би ја имале тие пруги по к-10 EU-HSL 2010 http://www.uic.org/IMG/jpg/europe.jpg EU-HSL 2020 http://www.airport-on-rails.org/galeria/hs_net_2020en.jpg EU-HSL 2025 http://www.uic.org/IMG/jpg/europe_2025.jpg Up today, no accident with injured passenger at more than 200 km/h [1] ова веќе им е застаренo |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #26 Posted: 07-Aug-2011 at 19:06 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Сите коридидори се претежно за брз транспорт на карго а примерите што ги даваш се патнички нагибни возови, такви карго нема |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #27 Posted: 19-Sep-2011 at 15:32 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Пругите напролет на ремонт Сања НаумовскаИако во почетокот на годината беше најавено дека градежните работи за подновување на истрошените пруги ќе стартува во септември, сепак, моментно се' уште не е завршен тендерот за избор на изведувач. Стартот на реконструкцијата на три делници од железничкиот Коридор 10 ќе започне напролет. Ова е второ одложување на проектот вреден 17,6 милиони евра, кој ќе се финансира со кредит од Европската банка за обнова и развој. Како што информира Министерството за транспорт и врски, јавниот повик за избор на градежна фирма, која ќе го изведува ремонтот на делниците Табановце – Куманово и Миравци – Смоквица, е објавен во јули, а крајниот рок за доставување на понудите е 26 септември. По периодот за евалуација и процена на понудите, се очекува договорот со најповолниот понудувач да биде склучен дури во декември. „Предвидено е од март да започнат градежните работи на двете делници со вкупна должина од 26 километри што треба да завршат до март 2013 година“, информираат од Транспорт. Во Македонија од Коридорот 10, кој започнува во Салцбург и завршува во Солун, поминуваат 213 километри. Со финансиската поддршка од ЕБОР, ќе бидат обновени вкупно 54 километри истрошена железничка инфраструктура. На пругите целосно ќе бидат заменети дрвените прагови стари над четири децении со нови бетонски делови. Ќе се обновуваат и шините, особено најоштетените делови на свијоците. Во реконструкцијата на пругите ќе биде опфатен и толчникот, од кој ќе се отстранат нечистите делови и ќе се заменат со нови. Пругата по должина на Коридорот 10 има добри перформанси и со дополнителните вложувања ќе може да се постигне максималната брзина на движење на возовите од 120 километри на час. Моментно возовите по македонските пруги патуваат со максимална брзина од 50 до 60 километри, а само да одредени делници до 100 километри на час. Француската фирма „Систра“ е избрана на повикот за консултант во проектот што ќе треба да ја подготви документацијата за тендерите и да врши надзор над градежните работи. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB7DC64A5B82444CA77F554C577DBBCE |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #28 Posted: 19-Sep-2011 at 17:04 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Остаревме дури да се 'ремонтира' коридорот 10, а камоли да се изгради 1 метро нова пруга
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #29 Posted: 26-Sep-2011 at 17:53 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
ЕБРД именува супервизор за надградбата на Коридорот 10Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ја назначи италијанската компанија за консалтинг од областа на инжинерингот „Италфер С.п.А.“ за супервизија на 36-месечната програма за наградба на 150 километри од Коридорот 10 во Македонија и Србија. „Италфер С.п.А.“ е консултантска компанија основана од „Италијанските железници“ во 1984 година во Рим. Компанијата работи на полето на традиционалните и брзите железници, како и на градскиот железнички транстпорт (метроа), нудејќи целосен опфат на услуги од транспортни развојни планови, визибилити студии и детален дизајн, како и подготовка на тендерски документации, услуги од областа на набавката, управување со проекти, тестирање, инспекции, техничка помош, проектно финансирање и слично. Има работено на редица проекти на територијата на бивша Југославија, Источна Европа и Централна Азија. http://daily.mk/cluster3/fc26e3d7f01c73794b09ee3a7edbf31b/917711 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
mon
Senior Member Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 759 |
Quote Reply #30 Posted: 27-Sep-2011 at 00:14 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Znaci li ova deka posle tie 36 meseci ce imame sansi da vidime
nekoja od modernite evropski lokomotivi kako vlece i kaj nas? Toa bi bilo ubava gledka!
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #31 Posted: 27-Sep-2011 at 11:40 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Друже оваа вест значи дека ќе нема можност некој да си присвои дел од доделените финансиски средства, да врши коруптивни дејанија или пак фушерајски да ја обнови пругата за да не ни се случи по 2-3 месеци да имаме ограничување на брзината на возовите. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
mon
Senior Member Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 759 |
Quote Reply #32 Posted: 28-Sep-2011 at 01:34 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Ne se razbravme Bojan; mojata poenta bese dali posle obnovuvanjeto na tie "150 kilometri od Koridorot 10 vo Makedonija i Srbija" ce ima sansi nekoja od evropskite lokomotivi da protutni so nekoja kompozicija i niz Makedonija, kako sto toa go napravi Simensovata ES 64 F4-032 niz Srbija. Eventualnite "prisvojuvanja na dodelenite finanasii, koruptivni dejanija ili fuseraji" ne bi gi spomnuval tuka, mi ja rasipuvaat fantazijata na eventualna kompozicija kako na onaa od videoto od Belgrad, samo ovoj pat vo Skopje.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #33 Posted: 06-Oct-2011 at 15:59 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Ќе стане ли Коридорот 10 вистинска конкуренција за Коридорот 4?Мартин ПушевскиЌе успее ли идејата Коридорот 10 да стане здрава конкуренција на Коридорот 4? Доколку поранешните ЈУ – републики во скоро време не постигнат договор околу побрзиот транспорт на стоки, ова тешко може да се случи. Коридорот 4 поминува низ земји од Европската Унија, каде што не постојат царински формалности и пречки за побрз превоз на стока. Почнува од Германија. Минува низ Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија, па се до Турција. Преку Коридорот 10 се уште постојат разни формалности што го отежнуваат транспортот, па токму затоа многу компании и избегнуваат да го користат.„Функционирањето на Карго 10, односно на здружението кое сакаме да фунцкионира на коридорот 10, во кое Македонски железници – транспорт пристапи на определен начин, почнува да функционира. Се работи за голем зафат. Целта е да се намалат формалностите, непотребните задржувања, да се зголеми комерцијалната брзина на транспортот на стоки по коридорот 10, а со тоа да се направи и една конкуренција на коридорот 4”, изјави Кире Диманоски, македонски железници - транспорт Функционирањето на Коридорот 10 е од интерес и за Словенците. Тие се надеваат дека наскоро ќе влезат на пазарот во Македонија, бидејќи ги отстраниле неправилностите во врска со сертификат за сигурност. Конкуренцијата во железничкиот сообраќај е добредојдена, ќе го подигне квалитетот на услугите – велат од Македонски железници – транспорт. „Целта на алијансата „Карго 10”е да се скратат процедурите на границите меѓу екс-ју земјите, царинските и инспекциските процедури, се со цел да се забрза превозот преку овие граници со што ќе му бидеме поголема конкуренција на коридорот 4”, Марио Матиќ, претставник на Словенечки железници Но, уште една олеснителна околност за компаниите е и новиот карго-терминал на аеродромот „Александар Велики”. „Поради старите и ограничени услови за складирање на стока, порано не бевме во можност се да прифатиме, меѓутоа сега, со новата карго-терминална зграда се отвораат вистинските можности и се очекува во блиска иднина сите компании што ги користеле околните аеродроми да дојдат на нашиот. Спремаме и нова ценовна политика, со што ќе бидеме и многу поконкурентни”, изјави Орхан Сабит, постар надзорник на карго-терминалот Новиот карго –терминал ќе ги опслужува сите типови авиони и ќе биде отворен за секаква стока, со што значитечно се подобрува конекцијата за транзитот. http://daily.mk/cluster3/282a37ce5d808a19f6aa9fa5b0c0a278/933590 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #34 Posted: 30-Dec-2011 at 00:53 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Упознат е некој со ова?
За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија .Изработен е ремонт на железничка линија во должина од 6,2 километри, при што беа заменети дотраените дрвени прагови со бетонски и дел од шините.Со тоа се овозможи да на овој дел од пругата возовите се движат со брзина за која е проектирана пругата од 120 км/час . и патем слики да видиме. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #35 Posted: 30-Dec-2011 at 18:15 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Да, да, во текот на секоја година се реализираат вакви помали зафати, но се работи за многу мали делници. Не сакам да зборувам на памет, но на пример, ние менуваме само 6-7 километри секоја година а тоа е многу мал сегмент во однос на староста на нашите пруги. Наредната година треба да се опфати поголем ремонт долж Коридорот 10, но сепак она што треба да се промени од железничка инфраструктура е далеку поголемо. Edited by Cloverstack - 30-Dec-2011 at 19:48 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #36 Posted: 30-Dec-2011 at 19:59 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Сосема си во право дека треба далеку повеќе да реновираме. Но ме изненади што сепак се реновирале и 6 км оваа година, што секако не е за пофалба, но ми дава надеж дека штом се реновирале оваа година 6, догодина 50, би можеле да се надеваме дека за 10-тина години ќе иаме ако ништо друго барем реновирана постоечка железничка мрежа, барем коридор 10 и кракот 10д. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
krkilipa
Newbiе Joined: 11-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #37 Posted: 31-Dec-2011 at 07:25 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Последен ремонт на Коридор 10 извршен е пред 2 години баш на таа делница. Единствената македонска компанија која врши ремонт на пруги е пред распаѓање. Пруга со 120 км/ч во Македонија нема во последните 20-25 години. Инаку гледано од балканска перспектива, македонските пруги се во добра кондиција и слободно би ги оценил со 3 во скала од 1-5.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #38 Posted: 31-Dec-2011 at 12:39 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Хм, дали тоа значи дека извршениот ремонт од пред 2 години не е квалитетно направен? Реконструкција на една иста делница по два пати во толку краток период е навистина лудост, покрај големата дотраена инфраструктура. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #39 Posted: 10-Apr-2012 at 20:22 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #40 Posted: 07-Jun-2012 at 00:58 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Post Reply | Page <1234 9> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |