Тресонечкиот кањон е долг 1,7 км. На овој пат низ реката има 12 каскади-водопади. Висинската разлика меѓу нив е 290 м. Најголемата каскада е 30м.[1][2]
Крчинските водопадви на река Битушница село Битуше
Водопадите на реката Ѓеновица село Галичник [1][2]
Дуфскиот водопад во близина на с. Ростуше се наоѓа на самиот крај на Дуфскиот кањон, висина 25м. [1] Напролет, кога се топат снеговите од планината Крчин, водопадот е многу поголем и глетката е поимпресивна. Жените од Ростушкиот регион на бистрите води од водопадот пред неколку децении ги переле алиштата и рувото, се подготвувале за празниците и свадбите. Исто така, водите се користеле за производство на струја во првата електрична централа што била изградена во регионот [2]
На само 2 минути од извориштето на Бабуна под врвот Солунска Глава е овој прекрасен водопад, висина 7м. [1]
Водопадот Црн камен е на пет километри јужно од Велес, после манастирот Св.Димитрија сместен во пазувите на ридовите кои го сокриваат од очите на минувачите. Висина над 30м., во непосредна близина на Црн Камен е и античкиот град Вила Зора
Во близина на Демир Капија
на падините на Кожув планина е Кањонот на реките Моминска и Копришничка е еден од најдолгите во земјава, оддалечен неколку километри од селата Дрен
и Копришница. Тука се десетината водопади по кои се лизга чиста вода што може да се пие. Највисокиот водопад е околу 35 метри, по него доаѓа оној од 30 метри, а останатите се високи околу 10 метри... водопадите имаат и многу интересни имиња, мештаните им давале имиња според изгледот, па еден од водопадите го нарекле Грне, оти таму е најдлабокото место на реката. Друг е наречен Ѓол, бидејќи е највисокиот водопад и Марин или Чупин Вир, бидејќи се наоѓа на Моминска Река [1][2]
во Скочивирската односно Мариовската Клисура(полна со брзаци и слапови) до село Брник 40 километри источно од Битола, сместен во источните ограноци на Селечка Планина, во непосредна близина на Црна Река
се наоѓа Брничкиот водопад 18м. директен пад [1]
2 Станечки водопади на Козја река во близина на Крива Паланка, висина 11 и 9 метри
Бабакарини водопади 800 метри јужно од Кратово, 5 слапови со заедничка висина од 30 метри, на истата Кратовска река има и десетина други помали водопади од 2 до 5 метри
На планината Плачковица се наоѓаат три кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи...До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор)
во кочанско на Зрновска Река на падините на Плачковица има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци [1][2]
на северните падини на Плачковица во виничко е Џуџевка река и Џуџевскиот водопад [1][2]
9 Спиковски водопади над Пехчево на реката Брегалница и нејзините притоки. Расфрлани на падините од Малешевските Планини, висина од 2 до 14 метри
по текот на реката Ломница во регионот на селото Смолари струмичко е Смоларскиот водопад, со вкупна височина на вертикалниот отсек на водопадот изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата по реката. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец
на 1км од село Колешино струмичко на реката Баба е Колешинскиот водопад со височина од 19м. и широчина на падот од 6м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри http://instrumica.com/koleshinski-vodopad/
Габровските водопади се наоѓаат веднаш над селото Габрово, во пазувите на планината Беласица. Станува збор за три помали водопади, високи од 4 до 8 метри, кои се наогат на растојание од 1.000 метри
поголемите како козјак, тиквешко или дебарско се интересни за истражување, останатите за по струја и риба... знам само дека со вештачките нагло се менува микроклимата на одреден регион, особено големите, заради големото испарување на водата...
познати се над 4400 извори со годишен капацитет од 6,6 милијарди m3 вода;• три големи тектонски езера (Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро);• околу 50 глацијални и планински природни езера;• околу 120 мали брани и акумулации и 22 големи повеќенаменски брани.http://www.mes.org.mk/PDFs/MAK%20NEN/EN%20&%20Water%20management.pdf
Требенишко Езеро се наоѓа на исток од с. Требеништа на околу 1 км. од центарот на селото. Езерото е природно, настанало пред околу 50 години кога од ридот Габер дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према с. Требеништа и се вливал во каналот на река Сатеска. Езерото се протега исток-запад. Должината изнесува околу 200 м а ширината околу 80 м. Максималната длабочина изнесува околу 5 м, акумулира околу 30.000 м3 вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 м во висина. Северниот и западниот брег се пострмни а јужниот и источниот се поблаги. Во езерото се влива поток кој доаѓа од Горно Поле од источната страна а од езерото истекува поток кој извира под самото лизгалиште каде што и порано пред создавањето на езерото течел потокот, а се влива во каналот на река Сатеска. Езерото е доста погодно и привлечно за рекреативен риболов. Водата во езерото е матна.
Крајбрежно-изворски езера Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот брег на Охридско Езеро во близина на манастирот Св. Наум. Создадено е со снижување на нивото на Охридско Езеро, при што некогашното заливче под дејство на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 м. Езерото е долго 220 м, широко 140 м, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 м. Помеѓу езерото Острово и Охридско Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 м (Стојадиновиќ, Шапкарев, 1962). Со вода се храни од поголемиот број силни извори и од врнежи. Месното население го смета за извор на р. Црни Дрим. Езерото Острово, во однос на Охридското Езеро, се однесува како “криптодепресија”. Неговото ниво е повисоко од нивото на Охридско Езеро во просек за 0,56 м, додека дното во просек му е пониско за 2,94 м од нивото на водата на Охридското Езеро (Василески, 1995). http://www.mzsv.gov.mk/ro/ohridsko-ezero.pdf
интересно е да се напомене дека охридско и преспанско лежат на три раседи
Огромниот резервоар што се полни со дождовница и вода од Преспанско се влева во Охридско ЕзероПод планината Галичица има езеро кое изобилува со речиси двојно повеќе вода од Преспанското. Во базенот кој се создал под Галичица не може да се плови со чамец, бидејќи станува збор за карст со големи и пространи шуплини кои се полнат со вода. Но, во горниот дел на планината, кој е исто ниво со Преспанско Езеро, природната создава неверојатна убавина и мали проточни езерца низ кои може и со чамец да се помине. Огромниот резервоар се полни со дождовница, но и со вода од Преспанско Езеро, која со години наназад на повеќе места понира низ варовничката планина и се влева во Охридско Езеро. Околу пет милијарди кубни метри вода се претпоставува дека има во резервоарот под Галичица, кој ги храни сите околни извори. Со толку вода располагало и Преспанско Езеро во своите најбујни денови во 1963 година, за време на големите поплави во земјава. Сега нивото на водата во езерото е преполовена речиси на половина и се претпоставува дека има околу 3,5 милијарди кубици вода. Оваа вода, која во одредени делови на карстот се задржува и по седум години, би значела спас за Охридско Езеро, на кое ниту долгите сушни години не би можеле да му наштетат.Ова се најновите сознанија на експертите кои се делот од тимот кој го спроведува проектот на НАТО „Одржливо управување со меѓународните води на Преспанско Езеро”, под раководство на Виктор Попов од Институтот за технологија Васекс од Саутемптон, чија цел е спроведување обемни истражувања за спас на Преспанското Езеро. Станува збор за проект кој е започнат во 2005 година, а веќе е влезен во завршната фаза. Резултатите од досегашните теренски истражувања кои беа спроведувани паралелно во Македонија, Албанија и Грција треба да финализираат до ноември годинава. Тие треба да дадат одговор колку вода понира од Преспанско Езеро преку Галичица, кои фактори најмногу влијаат за намалувањето на нивото на водата во езерото, која рапидно опаѓа во изминатите 15 години, но и да понуди решенија за спас на езерото. Координаторот на НАТО-проектот, професорот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје професор Тодор Ановски, вели дека според претпоставките и сознанијата до кои дошол тимот научници во изминатите три години, Галичица е буквално изрешетана со шуплини кои се полнат со вода, а сите тие заедно даваат еден резервоар кој по својот капацитет е поголем од езерото во Преспа.Заедно со неговите колеги од земјава кои учествуваат во проектот, тој успеал да влезе во некои од карстните шуплини во планината Галичица, кои изгледале пространи и големи како сали. „При самиот врв тие можат да бидат многу пространи и големи, а како што се оди во длабочината се смалуваат. Затоа не може да се весла во резервоарот кој е под Галичица. Но, во горниот дел, кој е на ниво на Преспанско Езеро, има мали проточни езерца низ кои може и со чамец да се весла. Станува збор за пространства кои се полнат со вода и може да се плови по нив. Ако има голем прилив на вода, тие се полнат, во спротивно – пресушуваат“, вели професор Ановски. Оваа вода, која во одредени делови на карстот, се задржува и по седум години, би значела спас за Охридско Езеро, на кое ниту долгите сушни години не би можеле да му наштетат, вели професор Тодор АновскиДосегашните истражувања покажале дека на одредени места водата во карстот се задржувала и по седум години. „Ако водата во резервоарот просечно се задржува по седум години, тоа би значело дека количеството на водата во карстот е седум пати поголема отколку што се околните извори. Ако се направи пресметка, тогаш може да се утврди дека има еден огромен резервоар под Галичица кој ги храни овие извори“, вели Ановски. Во рамките на НАТО-проектот во изминатите три години е следен приливот и одливот на вода во езерото, метеоролошките податоци од трите земји во текот на една година, направен е трасерски експеримент за утврдување на тоа колку брзо протекуваат водите низ варовничката Галичица од едното во другото езеро, а во план е и изготвување на препораки за одржливо искористување на водата. „Факт е дека Преспанско Езеро во последните 15-ина години бележи рапидно снижување на нивото на водата, во споредба со една референтна кота од 1962 година кога имаше големи врнежи во земјава. Споредувајќи ја тогашната кота со денешната, се донесува заклучок дека повеќе од осум метри е намалено нивото на водата во езерото. Се разбира дека хидролошките прилики имаат значење, но нашите напори и активности се токму во насока точно да се дефинираат причините за намалување на нивото на водата – дали се тоа само хидролошките прилики и врнежите или, пак, има и друг момент“, објаснува Ановски. НАТО-проектот кој е во тек, всушност, е продолжување на истражувањата кои беа спроведени од 1999 до 2002 година, потпомогнати од Меѓународната агенција за атомска енергија. Тогашните истражувања укажале на брзата „комуникација“ меѓу Преспанско и Охридско Езеро, односно дека на одредени места водата за помалку од еден ден го поминува патот од Преспанско кон Охридско Езеро, понирајќи низ Галичица. Овој огромен резервоар на вода за кој се претпоставува дека години наназад се полнел под планината, значи спас за снабдување со вода на Охридско Езеро. „Осцилациите на врнежите кои можат да се случат поради сушните години не би можеле многу да влијаат на Охридско Езеро. Поради присуството на овој голем резервоар со вода и доколку нема врнежи во наредните неколку години, на изворите кај Свети Наум, сепак, ќе можеме да уживаме во изобилство на вода“, се оптимистичките прогнози на професорот Ановски. Токму кај Свети Наум е и најбујното и највидливо понирањето на водата преку варовничката Галичица. Според професорот Ановски, има серија на извори кои почнуваат во албанскиот дел на крајниот југ од езерото во Поградец, а кои се видливи за голо око и сведочат за понирањето на водата од Преспанско Езеро. Станува збор за изворите кај Тушемиште во Албанија, на кои потоа се надоврзуваат изворите кај Свети Наум и кај Свети Заум, па се' до потегот на Билјанини Извори во Охрид. Станува збор за поголем број извори, но претпоставките се дека е уште поголем бројот на подземни извори кои воопшто не можат да се забележат и регистрираат, а кои се влеваат во Охридско Езеро. „На пример, кај Трпејица има еден извор кој е 15 метри под водата, така што такви извори има многу и не може со точност да се каже за колкав број станува збор“, укажува професорот Ановски. Jосиф Милевски, раководител на хидролошкиот сектор при УХМР, кој е дел од НАТО-проектот за заштита на Преспанско Езеро, вели дека за да се докаже оваа теза за постоењето на уште едно езеро под планината Галичица, потребно е прецизно да се утврди колку вода влегува или излегува од Преспанско Езеро, за што е неопходно да се направи биланс на водите во езерото, за да се утврдат хидролошките карактеристики за влезот на површинските води во езерото, врнежите и испарувањето. „Треба да се утврдат влезните води по целиот слив на Преспанско Езеро на површина од 1.360 квадратни километри, како и да се изготви изохитска карта за врнежите за период од најмалку 40 години, за кои има валидни податоци. За тоа се потребни да се направат мерења и на околните планини, како што се Галичица, Пелистер, Плаќенска Планина и Сува Гора. Поставивме дождомерни станици – тотализатори на Галичица, но треба да се постават и на Баба Планина каде што е главниот доток на вода во Преспанско Езеро, а неопходно е да се утврди и колку подземни води дотекуваат во езерото“, укажува Милевски. Кога ќе се направи билансот на водите, според нашиот соговорник, дури тогаш ќе може да се докаже тезата дали има резервоар со вода кој се задржува под Галичица. Според Милевски, врнежите имаат најголеми влијание на нивото на водата во езерото. „Има мерења кои покажуваат дека во јуни 1963 година е највисоката кота на езерото кога за време на поплавите е забележана кота од 851,83 метри надморска височина. Најниската кота, пак, е забележана во 2002 година, а се повтори и во февруари годинава. Сега сме блиску до котата од 843,14 метри надморска височина, со што разликата меѓу нив е 8.70 метри“, вели Милевски. Тоа значи дека нивото на Преспанско Езеро од 1963 година досега е намалено за речиси девет метри, иако споед научниците, постојат сознанија дека во минатото имало периоди кога езерото имало далеку помало ниво на вода од сегашното. „Меѓу Преспанско и Охридско Езеро има 150 метри висинска разлика, што значи дека секоја вода истекува кон Охридско Езеро. Резервоарот со вода за кој се претпоставува дека постои треба да биде подлабок од 150 метри или барем на ниво на Охридско Езеро и да функционира како систем на врзани садови. Но, тоа треба да се докаже, за што е неопходно истражувањата да продолжат“, вели Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи. Резултатите од овој проект ќе бидат дистрибуирани до сите заинтересирани, а пред се' до локалните самоуправи кои гравитираат кон езерото во Македонија, Грција и Албанија, за да се изградат одредени ставови за рационалната употреба на водите од Преспанско Езеро. „Најверојатно, ќе се сугерира рационална употреба и заштита на водите, по што ќе се знае дали трите земји се подготвени да преземат некои хидротехнички решенија за истекувањето на водата од езерото во Преспа“, заклучуваат експертите.
Голема количина вода од Преспанското езеро истекува во Јадранско мореГолеми количини на вода од Преспанското езеро преку реката Девол која се наоѓа во соседна Албанија се влеваат директно во Јадранското море наместо во Охридското езеро. До овие нови и засега необјавени податоци дојдоа група албански научници кои во соработка со нивните македонски и грчки колеги работеа на испитување на батиметријата и геоморфологијата на Преспанското езеро.
Реката Девол се наоѓа на албанско грчката граница кај градот Корча, а од таму водата која доаѓа преку малото Преспанско езеро низ подземни извори се влева во Јадранско море. Истражувањата меѓу другото покажале дека дури 75% од целокупната водена површина во соседното Охридско езеро доаѓа од Преспанското езеро изјави за Lihnid.com Аријан Мероли од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро. Истражувањата покажале дека длабочината на Преспанското езеро е намалена за цели 15 метри. Наместо досегашните максимални 54 сега таа изнесува само 39 метри што е повеќе од загрижувачки.
„Ние сега треба да видиме што може да направиме за да се подобри ситуацијата. Треба да ги земеме во предвид овие податоци односно колку е сега количеството на вода која од Преспанското езеро се влева во Охридското езеро, а исто така треба да се земе во предвид и количеството на вода која излегува надвор во сливот на Охридското езеро, за што ние до сега немавме податоци. Затоа мислам дека треба да се направи една мапа на сите подземни извори преку кои водата од Преспанското оди во Охридското езеро. Треба за ова да се заинтересира и македонската страна бидејќи со ова гледаме дека има голема разлика помеѓу поранешните податоци и оние кои сега ги добивме.“ изјави Аријан Мероли од Билатерален комитет за заштита на Охридско езеро.
Научниците пронашле нови 28 подземни извори преку кои водата од Преспанско езеро преку Галичица се прелева во Охридско езеро. Во соработка со еден институт од Атина, Албанија спроведе и проект за испитување на длабочината на Охридското езеро на албанска страна.
„Сега дојдовме до неколку нови податоци. Од земените 15 мостри од езерото по текот на целото крајбрежје сега знаеме како е структуирано дното на Охридското езеро до длабочина од 10 метри. Според податоците кои ги имавме досега длабочината на езерото на албанска страна изнесуваше 238 метри. Сега со новите испитувања стигнавме до длабочина од 279 метри, а на неколку места и до длабочина повеќе од 300 метри“ додаде Мероли
Во Албанија кај местото Пискупат на само 80 метри од крајбрежјето на езерото длабочината е дури 239 метри што е најголема и невообичаена за толку мало растојание од брегот. Тоа се смета и за едно од најризичните места за капење и рекреација во езерото. И покрај најавите од Министерството за животна средина дека слични истражувања ќе бидат спроведени и на македонска страна од Охридското езеро за сега од тоа нема ништо. Научниците велат дека тоа е неопходно за да се утврдат точните мерки кои треба да се преземат за да езерото се заштити.
...На Шар Планина има вкупно 39 глацијални езера од кои 25 се постојани, а 14 повремени. Од нив 27 се во Македонија (19 постојани и 8 повремени). Се наоѓаат на надморска висина од 1.939 до 2.330 метри... http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce465/Tekst22.htm
На македонска територија Кораб има 8 постојани и десетина повремени глацијални езера, додека нешто помал број има на албанската страна. Попознати од нив се:
...Во националниот парк Пелистер се констатирани и проучени 8 планински езера
- Големо Езеро (2218мнв) - Мало Езеро (2180мнв) - Мало Димитрово Езеро
- Езеро Осумка
- Езеро Болници - Езеро Баба(исчезнато) - Орлови Бари ...
Големото езеро како реликт на некогашната глацијација зафаќа површина од 4,20 хектари и има неправилен облик. Долго е 223, широко 162 и длабоко до 14,5 метри. Со вода се полни од топењето на снегот и од пролетните дождови. инаку, планинските езера во Националниот парк „Пелистер“ се наоѓаат во североисточниот високопланински дел од планината Баба, во изворишните делови на реките Сапунчица, езерска река и црвена река, на височина помеѓу 2039 и 2218 метри на која висина е токму големото Пелистерско езеро. тоа, според површината, длабочината и зафатнината на водата се вбројува во редот на поголемите езера нè само во Националниот парк, туку и во република Македонија. Бидејќи нема површински истекувања, се класифицира во редот на неистечни езера, а самото ниво се регулира преку подземното истекување на водата низ моренските седименти... http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2734&Itemid=75
...До Големо Езеро пеш се стигнува по осум патеки. Првиот патен правец што се смета за најлесен е со тргнување од Нижеполе, по Дебел Рид и преку него се стигнува за 3-4 часа пешачење. Втора варијанта е со тргнување од Нижеполе, па по течението на реката Сапунчица, а времето е исто. Доколку тргнете од Нижеполе, па поминете по Црвена Река ќе стигнете за 3-4 часа. но, она што ја разликува оваа патека од останатите е што прво преку него се стигнува до Водопадот, па до Малото, а потоа до Големото Езеро.
Ако наместо од Нижеполе тргнете од Копанки по широката шума, ќе пристигнете за 6-7 часа, а доколку наместо низ шумата тргнете по Камењарот, ќе ви требаат околу 5-6 часа пешачење. Но, Камењарот се препорачува за користење само во лето, додека наесен е опасно поради лизгањето на земјиштето и големите вдлабнатини.
Доколку се одлучите да тргнете од пелистерското село Маловишта(Ѓавато) преку преминот Кадро и Двата Гроба, до Големо Езеро се стигнува за 8-9 часа пешачење. Преку селото Лавци, планинарскиот дом „Неолица“, Стрково, Муза исто се потребни 8-9 часа.
со теренско возило до големото езеро се стигнува за 3 часа, а се оди преку месноста палиснопје под копанки, пат кој води до антена а од таму за големо езеро [1][2]
глацијални езера има и на останатите планини од динарската група
Поларните температури што изминативе недели ја зафатија земјава, замрзнаа четвртина од површината на Дојранското езеро, а наместа навлегува од 30-50 до 100 метри во внатрешноста на езерските води.
Сепак, ледот не претставува никаква опасност за рибниот фонд, бидејќи водата поседува доволно кислород за нивно одржување. Единствена закана се кормораните кои за време на изминатиот викенд уловиле над 30 тони риба во Дојранското езеро.
* првиот клип од Воденските Водопади најнапред го поставувам заради зимскиот амбиент, а за припадноста секој со својот памет, иако географски Македонија е една...
од попознатите водопади во Егејскиот дел од Македонија тоа е Воденскиот на Воденска река[1] и Негушкиот на реката Арапица[1]
Воденската река извира од Островското Езеро (дел) и дел од јужните падини на планината Ниџе (Кајмакчелан) кај селото Нисја.
Од изворите тече по плодните долини до селото Владово, каде ги образува големите Вледовски водопади, чија тешка бучава се слуша надалеку, а од ударот на водата во стените се создаваат и распрскуваат микроскопски невидливи капки кои достигнуваат на повеќе стотици метри во далечина и ги намокруваат лицата на љубопитните луѓе кои одат да ги посетат и да уживаат на таа ретка приредба н природа.
На тие две места, Воден и Владово, во близина на водопадите се изградени хидроцентрали
Колку езера има во Република Македонија? - 11.01.2012
Кога ќе прашате некого колку езера има во Република Македонија, може да очекувате најразлични одговори: некој ќе каже само 3 мислејќи на големите котлински езера, друг пак ќе спомене бројка од 10-тина заедно со познатите вештачки езера или може да чуете 50, 60 или 80 езера. Сепак, бројката е многу поголема, но точната можеби никогаш нема да биде прецизирана од едноставна причина што нема јасно разграничување меѓу езеро од една страна и локва, вир и слични мали водени басенчиња од друга страна. Во светотската литература како долна граница за тоа што треба да се смета за езеро се наведува водена површина од 1 па до дури над 40 хектари! Кај нас, во одредени случаи (пештерски, глацијални или други езера) како граница се земаат и многу помали вредности од околу 0,01 хектари што одговара на површина со димензии од 10х10 м. Дури и според овие ниски гранични вредности за езера, бројот на езерата во Република Македонија не е многу голем, но се застапени речиси сите видови на природни езера и околу 120 вештачки езера. Особено значење за нашата држава имаат трите тектонски природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum