Ски центар Кожуф |
Post Reply | Page <12345 33> |
Author | |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #41 Posted: 03-Nov-2007 at 20:46 |
се снајде а?
Edited by Cloverstack - 03-Nov-2007 at 20:47 |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #42 Posted: 03-Nov-2007 at 20:48 |
На хард диск ми се.
Нешто успеав да се снајдам, ама сликата е многу голема резолуција. ќе ми извините. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #43 Posted: 03-Nov-2007 at 20:53 |
За големата резолуција има 2 лека.
Пошто хостираш na imageshack, можеш едноставно да го штиклираш она resize image и најдобро да избереш 800x600. Така автоматски ќе се намалат кога ќе го ставиш линкот. Ама недостаток е што сепак мора да учита голема слика пред да ја намали, па ова иде поспоро и прави проблеми посебно ако имаш слаба конекција. Друга опција ти е да ги намалиш сликите со некој програм како ACDSee (верувам дека го имаш). Можеш да селектираш и повеќе слики одеднаш и сите да ги намалиш (со опцијата resize). Сними ги со Save As за да не ги изгубиш оргиналите и хостирај ги намалените слики. |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #44 Posted: 03-Nov-2007 at 21:06 |
Еве уште една слика колку да ги увери сите дека стварно горе се работи, дека не се зезаме.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #45 Posted: 03-Nov-2007 at 21:07 |
ekstra
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #46 Posted: 03-Nov-2007 at 21:15 |
Академик, мило ми е што успеа да го демантираш нашиот скептицизам за тоа колку брзо се одвиваат работите со Кожуф. Ски центаров е дефинитивно една од најсветлите развојни точки во Македонија моментално.
|
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #47 Posted: 03-Nov-2007 at 21:18 |
А еве како местеше хеликоптерот
Колку за информација, станува збор за пилот no.1 во светот. Ако сте ја гледале онаа германската серија Medikopter, тоа беше овој тип. Ненормална прецизност, или со наши зборови "прав ЛУДАК". Јеби га, швајцарци |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #48 Posted: 03-Nov-2007 at 21:21 |
Ако ви требаат повеќе информации, слободно прашајте, или ако сакате уште некоја слика, кажете.
Поздрав до сите. |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #49 Posted: 03-Nov-2007 at 22:30 |
Еве една слика од монтажата на почетната станица, поточно местото за качување.
Edited by pbanks - 16-Jan-2009 at 22:12 |
|
dejan
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
Quote Reply #50 Posted: 03-Nov-2007 at 23:48 |
Fala akademik, odlichni se.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #51 Posted: 04-Nov-2007 at 00:29 |
@Akademik
Едно прашање околу куќите на Кожуф. Дали ќе има предодредени модели на куќи кои ќе може да се градат или ќе постои простор за импровизации или недај боже шареноликост. На сајтот нивни има неколку модели на куќи. Оваа каменава знам дека е изградена, имам гледано слики од луѓе кои се сликале покрај неа но за другиве не сум сигурен. Дали се ова неколкуте модели на куќи кои ќе се градат или се чисто така рандом поставени како пример како од прилика сето тоа би требало да изгледа. На сајтот има слики и од ентериери но нив не ги постирав. |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #52 Posted: 04-Nov-2007 at 00:47 |
Таа првата што си ја постирал е од ресторанот "Ициц".
Абе горе до сега се изградени само 1 дупла викендица и една се гради. Едната е HOT HOT - таа готовата, а другата е од тврда градба. Јас колку што знам се следниве услови: 1. куќата не смее да е повисока од 6 метри над патот од каде што е влезот. 2. Не смее да излезе вон дозволената маркица за градба 3. Може да биде тврда градба, меѓутоа треба да биде фасадирана во облик на камен или дрво, или комбинација од двете 4. Не смее да се заградува плацот, поточно границата на имотот. 5. Во внатрешноста имаш право да правиш што сакаш Знаеш, не може сите да ги направиш јајце на јајце, но нема да се дозволи некој да забега во дизајн и да направи нешто што ќе се двои од визуелниот концепт што е замислен. Сепак, според мене идните градители доволно се ограничени во точките 1,2 и 3 за да се добие посакуваниот ефект. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #53 Posted: 04-Nov-2007 at 01:03 |
Тоа ми е битно да се следи некој концепт. Бидејќи во Маврово на пример во последно време некои новопечени капиталисти имаат тенденција на многу визуелно вулгарен начин да покажат колку се обогатиле и комплетно ја нагрдуваат идиличната слика каква што треба да има еден таков планински центар.
А и од порано има некои безвезе куќи што повеќе наликуваат на станбени згради него на викендички.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #54 Posted: 04-Nov-2007 at 01:06 |
Мене ми изгледа дека во Кожуф на тоа поле се ќе биде ОК. Критериумите се едноставни и недвосмислени. Плус тоа од сам почеток има кој да стави ред на тоа поле. |
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #55 Posted: 04-Nov-2007 at 01:10 |
А, заборавив да кажам и дека станува збор за 100 индивидуални различни сопственици кои можат да направат колку толку некаква измена, меѓутоа другите 600-700 куќи, хотели, мотели и што ти се не ќе ги гради самиот ски центар, па потоа ќе ги продава како готови комплекси. Значи ти како иден газда немаш баш и некој избор, треба само да кешираш пари и добиваш готова куќа.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #56 Posted: 04-Nov-2007 at 01:11 |
да тоа ми се свиѓа за овој проект уште од почетокот што не е крпеница него контурите се влечат на некое централно ниво.
ОК Маврово има друга еволуција и неможам да го споредувам. Но сепак повеќе би ми се свиѓало доколку барем за селото Маврово се направи некој план, се постават некои критериуми.... Вака како што е таму фали кохезија има некои расфрлани хотели, куќи, скијачки терени... Но не ми наликува на еден комплетен ски центар.
|
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #57 Posted: 04-Nov-2007 at 01:18 |
Тоа од денешен аспект е тешко. Маврово е наследен објект. Тој била државна сопственост а сега е даден на приватно лице и што може тој да направи во тој поглед, ништо. Овдека се гледа објектот глобално, затоа прво е направен детален урбанистички план кој како рамка ти дава некој правец на развој. Ти можеш да го менуваш ДУП но не така глобално, туку на мали потези. Не можеш сега да речеш дека цела населба од таму каде што е, ќе ја префрлам на другото брдо. Тоа е готово. Додека објект како Маврово сега и не верувам дека има шанса да измени нешто.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #58 Posted: 04-Nov-2007 at 01:27 |
абе комплетно ми е јасно тоа што го викаш, но општина како Маврово која и е туризмот веројатно приоритетна гранка треба да направи повеќе. Јасно ми е дека газдата на скијачкиот центар неможе да наметне некое негово решение но во соработка со општинските власти би требало малку барем да го подсуредат селото, да воспостават некои стандарди.
Сигурно никогаш нема да може да се направи некоја унификација како во случајот на Кожуф, но спрема мене некои работи се таму субстандардни, има страшни констрасти и дефинитивно има простор за некакво подобрување. Најбанален пример паркингот големиот не личи на ништо, распукан асфалт, нерамнини, секогаш натрупан со песок со улучни кучиња што хараат. Првичниот впечаток е многу лош. А на 2 метра имаш среден хотел како Бистра.
На Маврово комплетно му фали ноќен живот или некоја шопинг зона ете како онаа што ја планираат на Кожуф. Сигурен сум дека со малку добра волја тоа може да се вметне во некој план кој што ќе ги диктира условите (ете како на Кожуф) а понатаму зборот би го имале приватните инвеститори.
Се нервирам кога гледам такви недоправени работи, Маврово може да има многу повеќе додадена вредност него сега.
|
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #59 Posted: 04-Nov-2007 at 02:09 |
Wow, Академин благодарам многу за сликите. Ако имаш уште (може и од ски лифтите)те молам хостирај. Ме интересира уште и дали е возможно наредниот викенд да го посетиме центарот, и каде треба да се обатиме за такво нешто?
|
|
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #60 Posted: 04-Nov-2007 at 02:31 |
UrbanFerak само за тебе.
Ова се од Ски лифтот наречен Зелен Брег Инаку горе не можеш да се качиш бидејќи е градежна зона и многу е опасно ако не знаеш каде да се движиш. Во текот на идната недела ќе ја постават сајлата на жичарата и тоа ќе се одвива под јака безбедност. Почекај, официјалното отварање е на 8 ми Декември. Тој ден скијањето го најавија за безпари. Поздрав |
|
Post Reply | Page <12345 33> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |