...
Во случај кога деловите за пакување имаат единствени димензии - според можните димензии на модулот 400 х 600 mm тие можат лесно да се сместуваат на палети со димензии 800 х 1200 mm, а со тоа се обезбедуваат неопходните предуслови за рационално користење на постројките и уредите за претовар, комисионирање и складирање.
Единствените димензии на деловите за пакување и можностите за нивна
палетизација го олеснуваат и забрзуваат претоварот помеѓу поединечните членови на транспортниот ланец и обезбедуваат оптимално искористување на товарниот простор.
Точните и прегледните податоци на поединечните делови за пакување го олеснуваат споредувањето со податоците на пропратните документи, како кај превземањето така и кај предавањето на стоката
...
Значењето на шпедицијата во рационализација на транспортот на стоката произлегува од нејзината задача како дејност. Според сваќањата во повеќето земји, основни задачи на шпедитерската дејност (на едно шпедитерско претпријатие), се:
а) обезбедување и организирање на превозните услуги и услугите за манипулација со товарот (утовар, претовар и истовар на стоката). Овде, пред се, се подразбира заклучување на договор со превозниците или со специјализирани претпријатија за утовар, истовар и претовар на стоката - од поморски бродови на превозни средства на копнениот, водниот или воздушниот сообраќај, да се изработат соодветни документи во врска со вршењето на овие услуги, како и обезбедување претовар на стоката помеѓу исти или различни носители на транспортот.
б) извршување на транспортни услуги и услуги за манипулација со товарот (утовар, претовар и истовар на стоката). Се работи за извршување на дејноста на превозникот, посебно оние во специјализираниот товарен сообраќај на други релации кој се врши со моторни возила од повеќе видови (отпрема и допрема на стоката). Во ова подрачје на работата спаѓаат и услугите на товарење со помош на сопствени или туѓи средства и опрема, како и извршување на прекуморски превози во чартер - бродскиот простор.
в) собирање на стоката. Шпедитерот ги составува и распределува собраните пратки, а во врска со тоа и ги пресметува трошоците на соодветните носители на транспортот (на пример отпремање на стоката во собирните коли на железничкиот сообраќај).
г) складирање и чување на стоката. Ова работно подрачје опфаќа складирање на стоката во сопствени или туѓи складишта, а особено попатното складирање, кое е условено со реализација на транспортниот ланец.
д) споредни и посебни услуги. Овој делокруг на работата на шпедитерот опфаќа многу голем број задачи, а нивното набројување треба да ни овозможи барем во основа да ги согледаме многубројните и разновидните активности на шпедитерот врзани за извршување на неговите основни дејности. Во такви споредни услуги спаѓаат:
- манипулација со стоката, која помеѓу другото ги опфаќа следните активности: отстранување на извозните ознаки, пакување, препакување, преобележување, вадење мостри, утврдување на квалитетот и квантитетот на стоката, контрола на стоката, чистење и сушење, како и оплеменување на житариците;
- испорачување и посредување во врска со испораката на контенери, цистерни и транспортни средства;
- набавка, односно изработување на транспортни документи и пропратници како на пример товарни листови, коносмани, конзуларни фактури, уверенија за потеклото на стоката, уверенија за здраствената состојба, царински декларации, царински пропратни документи, статистички документи, пропратница за стоката и многу други документи во врска со превозот на стоката;
- активности во врска со обавувањето на царинските формалности;
- издавање на шпедитерски потврди за превземањето на стоката - Forwarding Agents Certificate of Receipt - FCR, како и шпедитерски коносмани или, како што во пракса се нарекуваат, куќни колосмани;
- заклучување на договор за транспортно осигурување на стоката, или посредување во тоа, и издавање полиси за осигурување; и
- вршење на останати услуги и формалности поврзани со транспортот на стоката и слично.
Шпедицијата денес е многу хетерогена дејност, па може да се дели според различни аспекти, а во врска со тоа и според различното работно подрачје, во поединечните групи.
Според просторниот обем на работа и ширината на работното подрачје, шпедицијата се дели на:
- внатрешна и
- меѓународна
Според местото на разместување, како и според работното подрачје, се дели на:
- шпедиција во поморските пристаништа;
- шпедиција за претовар во внатрешниот сообраќај; и
- погранична шпедиција.
Во овој случај разместувањето на претпријатијата за шпедиција многу често го одредува само работното подрачје, и обратно. Поради тоа може да се зборува за повратно влијание на овие два фактори.
Според обемот на работите во однос на поединечните носители на транспортот, шпедициите се делат на:
- шпедиции во железничкиот сообраќај;
- шпедиции во патниот сообраќај; и
- шпедиции во воздушниот сообраќај.
Понатамошната диференцијација на шпедицијата се врши, според видот и
карактерот на активностите, на:
- шпедиции за собирен транспорт на стоката;
- шпедиции за транспорт на масовна стока; и
- шпедиции за транспорт на експресна стока.
Паралелно со развојот на специјализацијата, во шпедитерската дејност се
развивале и помошни дејности, како на пример организација за претовар на стоката, биро за рекламација во товарниот сообраќај, организација за контрола на стоката, и.т.н.
...
Шпедитерската потврда за превозот е документ со кој шпедитерот потврдува дека специфицираната наведена стока ја превзел во добра состојба со цел да ја утовари на (наведено во документот) определеното место со одредено сообраќајно средство поради испорака (наведено во документот) на примачот или овластеното лице, како и дека предавањето на пратката ќе ја изврши врз основа на уредно наведениот FCT (Forwrding - Agents Certificate of Transport) т.е. шпедитерска потврда за превоз. Според тоа, овој шпедитерски документ треба да ја исполни задачата која во поморскиот превоз е исполнета во коносманот. Меѓутоа, тој е од посебно значење кај мешовитиот превоз или кај превозот на собирни пратки со оглед на тоа дека има преносен карактер (може да се пренесува на трети лица), со што во потполност ја исполнува функцијата на работен документ.
Дејноста на современата шпедиција се темели, пред се, на примена на палети, контенери и други товарни единици во најразлични облици. Всушност, се посложените задачи на шпедитерот во голема мерка се олеснети со примената на контенерите, посебно големите, што значително го олеснува превозот на стоката “од врата до врата”, особено поради тоа што овие товарни единици го овозможуваат превозот на пратките со присуство на различни носители на превозот на транспортот и упростување на сите пропратни манипулации.
На подрачјето за дистрибуција на стоката во новите услови денес на шпедитерот може на економичен и рационален начин да му се принесе решение на голем број различни функции. Наспроти тоа, кај многу претпријатија на корисниците и понатаму постои желба во сопствена режија, т.е. со сопствени средства и сопствена работна снага, да се извршуваат работите за дистрибуција на стоката па дури и на другите релации на превозот. Оправданоста на ваквата постапка не може економично да се објасни ниту логистички да се докаже.
...
Во давањето на услуга во подрачјето на меѓународната и внатрешната
шпедиција присутен е тренд на испраќачот и примачот на стоката да му се
понуди комплетен пакет на услуги којшто го покрива целокупното подрачје на маркетинг логистиката. Главни носители на овие активности се системите од стоковно-дистрибутивни центри, лоцирани на периферијата од урбаните средини и во непосредна близина на самите индустриски зони. Привлекувањето на поголем број корисници, често со ист вид на стока, овозможува собирање на стоковните токови во просторот и времето, и на тој начин шпедитерите, преку стоковно-дистрибутивните центри. им обезбедуваат на корисниците подобар квалитет и пониска цена на услугите.
http://www.tfb.edu.mk/files/rezultati/integralentransport.pdf
Струката за Техничар за транспорт и шпедиција опфаќа четиригодишно образование. Во текот на тие четири години, учениците кои ја следат таа настава ќе имаат можност да изучуваат за поплнување на сите видови собраќајни документи,царински декларации и средување на документите за TIR,CMR,RID и ECD.
Во нашето училиште има можност да сe образуваат 34 ученици,1 паралелка, за да бидат тие примени треба да имаат 60 поени минимум.
http://gvko.edu.mk/sobrakajna.php
05.10.2011 - Почнува првиот Меѓународен саем за транспорт и логистика
На Скопски саем денеска почнува првиот Меѓународен саем за транспорт и логистика, кој ќе трае до 8-ми овој месец.
Над 40 компании од авиосообраќајот, железничкиот и поморскиот транспорт и од шпедитерските и логистичките центри ќе се претстават во првите две саемски хали, во Метрополис арената и Хала 2, на затворен изложбен простор од 5.000 метри квадратни и надворешен од 8.000 метри квадратни.
Во текот на четири саемски дена посетителите ќе можат да се запознаат со состојбите, новините и можностите во авиосообраќајот преку концесионерот на македонските аеродроми „ТАВ Македонија“. Тој на саемот ќе промовира нов логистички центар.
Железничкиот транспорт ќе биде претставен од Македонски и Словенечки железници. Промоција на можностите на поморскиот транспорт ќе има преку штандови на Солунското пристаниште, албанското „Драч“ и црногорските „Бар“ и „Контејнерски терминал и генерални товари“.
Товарните и возилата за утовар и истовар и транспортните системи треба да ги промовираат локалните импортери на светските брендови Сцхмитз, Ивецо, Мерцедес Бенз, Волво, Ман, Пеугеот. Свое претставување ќе имаат и голем број шпедитерски и логистички центри, домашни и странски, како „Фершпед“, „Дени Интернационал“, „Сцхенкер“, „Куехне+Нагел“, „Гебрудер Њеисс“, како и осигурителни компании и банки, софтверски компании, ГПС и навигациски системи.
На саемот ќе учествуваат компании и асоцијации покрај од Македонија и од Шведска, Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора и од соседните Србија, Грција и Албанија.
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2012 24.09.2012 - 28.09.2012
Поаѓајќи од фактот дека транспортот и логистиката претставуваат еден од клучните фактори заразвој на трговската размена на една земја, а со тоа и поттикнување на економскиот развој и поврзување со светските економски текови, се наметна потребата од организирање на една специјализирана саемска манифестација каде фирмите од овој сектор имаат единствена можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност.
Саемот Транспорт и логистика 2012 нуди единствена можност за:
- согледување на состојбите во транспортно-логистичкиот сектор
- кои се предизвиците со кои се соочува оваа индустрија
- во која насока се движат пазарните трендови
- местото на македонската логистика во меѓународни рамки
Во рамките на Саемот, покрај комерцијално-изложбениот дел, ќе се одржи и трибина на којаексперти ќе дебатираат за современите трендови и развојните насоки во транспортнологистичкиот сектор.
ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2012
- Промовирајте ги своите услуги пред пошироката деловна публика
- Направете директен контакт на едно место со компании заинтересирани за вашите услуги
- Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба
- Откријте нови можности во транспортно-логистичкиот сектор
- Сретнете се и соберете искуства од водечките логистички компании
http://www.eragrupa.mk/exhibitions.aspx?exh=1&sub=Transport_Logistika&menu=6&tip=3&id=Saemi
ICS - IMPORT CONTROL SYSTEM
ICS (Import Control System) is the electronic security declaration management system for the importation of goods into the European Union customs territory.
...
The new regulation requires that a certain number of data elements be sent to the EU customs office of first entry before the merchandise enters the territory and in most cases, even before leaving the country of export.
Upon receipt of the ENS (Entry Summary Declaration) message, the customs office of first entry performs the security-related risk analysis.
...
Shipping goods via... You must submit the ENS...
- maritime containerised cargo............................at least 24 hours before loading at the port of departure
- maritime bulk/break bulk cargo.........................at least four hours before arrival
- maritime sea voyages of less than 24 hours..........at least two hours before arrival
- short-haul flights-less than 4h duration.................at the time of actual take-off
- long-haul flights..............................................at least four hours before arrival
- rail and inland waterways..................................at least two hours before arrival
- road traffic.....................................................at least one hour before arrival
автоматизацијата [1][2][3] е посекако исплатлива, но магационери секогаш ќе бидат неопходни бар за одржување на системите, иако полуавтоматски процес засега е најисплатливо решение http://ndc8.com/pick-n-go/
Вентилација - пожелно е истата да се спроведува преку филтрирани воздушни коридори [1][2] иако подостапна а корисна опција е и природно вентилирање! досега дополнително загревање на просторот имаше и од осветлувањето, кое со индукционите живини сијалици воопшто не одава топлина бидејќи истите немаат волфрамово влакно
Veći ventilatori mogu prenijeti više zraka od onih manjih. Ventilatori sa po jedan metar u dijametru mogu ohladiti sobu veličine dvadeset metara kvadratnih. Višestruki ventilatori najbolje rade u sobama dužim od pet metara po dužini. Veće lopatice će pružiti isto hlađenje od onih manjih pri manjoj brzini. To može biti važno u prostorijama sa mnogo papira ili drugih objekata na koje može utjecati snažniji tok zraka. http://www.gradimo.hr/clanak/najbolja-ventilacija/5628
This is a great alternative to steel safety barriers that bend on impact - well worth the additional cost. The problem with steel barriers is that the concrete fixing bolts are difficult to remove and once the barrier is damaged it often needs the concrete floor to be repaired before a new barrier can be fitted. Go for plastic barriers for the best long term solution.
The JCB Teletruk is the world’s most versatile small counterbalanced industrial forklift truck. Simply put, to design the worlds’ most famous forklift, JCB have taken the small footprint of an industrial counterbalanced lift truck and added the telescopic boom of a telescopic handler designed in a fully enclosed hydrostatic drive system and to finish, the addition of a hydraulic quick-disconnect carriage for a fork or shovel.
JCB Teletruks are true industrial counterbalanced forklift machines, because there’s no vertical mast in front of the cab, when the job calls for container loading you won’t have to suffer the expense of a special container mast. With a JCB Teletruk full ‘Free Lift’ is exactly that; it comes free as standard.
http://www.tchjcb.com/forklifts/
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum